build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродроми

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 9293949596 121>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1637
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1861 Posted: 13-Nov-2013 at 23:07
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1637
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1862 Posted: 13-Dec-2013 at 10:57
Условот исполнет: Над милион патници на аеродромите на ТАВ годинава
ТАВ ЌЕ ПЛАТИ ТРИ ПАТИ ПОМАЛА КОНЦЕСИЈА НА ДРЖАВАТА?!

Александар Јанев
ТАВ ќе плати три пати помала концесија на државата?!
Според договорот на ТАВ со македонската Влада, во годината кога бројот на патници на аеродромите ќе надмине еден милион, концесијата од 15% од бруто-приходите треба да се намали на 2% до 4% од обртот. Тоа значи дека приходите во државниот буџет од концесијата на ТАВ, од 2,67 милиони евра лани, годинава ќе се намалат најмалку три пати, односно турската компанија ќе треба да плати меѓу 350.000 и 700.000 евра

Само до ноември годинава, на двата аеродроми во земјава транзитирале над еден милион патници, што е прв пат во последните 13 години, покажуваат податоците што ги објави компанијата ТАВ. Тоа значи дека бројот на патници за 11 месеци се зголемил за 19% споредено со истиот период лани. Од осамостојувањето оваа бројка била надмината само за време на косовската криза во 2000 година. Во исто време, пораснал и бројот на летови од аеродромите во Скопје и Охрид, и тоа за 11%.
Меѓутоа, колку што овие податоци изгледаат охрабрувачки за нас, веројатно уште повеќе го радуваат менаџментот на турскиот концесионер, бидејќи со тоа ТАВ всушност го исполни условот да добие намалување на концесијата што ја плаќа на државата. Според договорот на ТАВ со македонската Влада, во годината кога бројот на патници на аеродромите ќе надмине еден милион, концесијата од 15% од бруто-приходите треба да се намали на 2% до 4% од обртот. Тоа значи дека приходите во државниот буџет од концесијата на ТАВ, од 2,67 милиони евра лани, годинава ќе се намалат најмалку три пати, односно турската компанија ќе треба да плати меѓу 350.000 и 700.000 евра, под претпоставка дека бруто-приходите на компанијата би биле слични како и лани.
Да се зголеми бројот на патници за 19% годинава најмногу придонесе и воведувањето на евтините авио линии на нискобуџетната компанија Wizz air, кои всушност Владата ги субвенционираше со пет милиони евра за три години. Тоа значи дека владините субвенции се всушност поголеми отколку приходите од концесија што ќе ги добива државата ако бројот на патници на годишно ниво и понатаму надминува еден милион. Авиокомпанијата Wizz Air и официјално превезе најголем број патници во периодот од јануари до октомври, па следуваат Turkish Airlines, Austrian Airlines, Pegasus Airlines и Adria Airways, сите со зголемен број патници во споредба со лани. Истанбул останува најчестата дестинација за периодот од јануари до октомври, по што следуваат Виена, Цирих, Лондон, Љубљана и Малме.
Турската компанија ТАВ доби концесија да управува со скопскиот аеродрoм 20 години. Целата инвестиција, вклучувајќи и модернизирање на охридскиот аеродром достигна околу 120 милиони евра. Според податоците од Централниот регистар за 2012 година, ТАВ остварил вкупно приходи од 18,4 милиони евра, но годината ја завршил со загуба од 10,3 милиони евра. Во компанијата работат 800 луѓе, но бројот на вработени за една година се намалил за педесетина, иако според договорот, турскиот инвеститор се обврза дека нема да го намалува бројот на вработени во првите седум години.

http://kapital.mk/MK/makedonija/97424/tav_kje_plati_tri_pati_pomala_koncesija_na_drzhavata_!.aspx#.UqrYyxmwBuc.facebook
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 609
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #1863 Posted: 18-Dec-2013 at 19:46
маглата си го направи своето.....

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12967
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1864 Posted: 19-Dec-2013 at 14:43
За сè има вторпат
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1637
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1865 Posted: 20-Dec-2013 at 01:15
Растерувач на магла чека пари да ја отвори пистата и скопските улици


Маглата во декември и јануари често прави проблеми во авиосообраќајот. Решение на проблемот со маглата можен е и со систем за растерување што се применува во РЕК-Битола, но досега немал поголема примена поради финансиски средства


Густата магла којашто во средата напладне падна во скопската котлина предизвика 24-часовен застој во авионскиот сообраќај. До вчера напладне, кога се очекуваше расчистување на маглата, беа одложени или откажани 19 авиооперации (9 слетувања и 10 полетувања).
- Состојбата со маглата постојано се менуваше, те се креваше те паѓаше. Затоа оставивме на авиокомпаниите да одлучат дали ќе слетаат нивните авиони, или пак, летовите ќе ги пренасочат кон Софија и Охрид како алтернативни аеродроми на скопскиот - велат од "ТАВ Македонија".

"Туркиш ерлајнс" вчера го откажа сабајлешниот лет од Истанбул во 8:15 часот, но затоа пак, слета на пладне во 11:39 часот. Беа реализирани летовите и за Дортмунд и Дизелдорф, а летот од Виена бше пренасочен кон Софија, а од Дубаи кон Белград. Од скопскиот аеродром полета авионите на компаниите Виз ерр за Дортмунд и на Германија флугг за Дизелдорф.

Во скопската котлина почесто има затворања на авиосообраќајот во текот на зимските месеци. Зоран Крстевски, директор на аеродромот "Александар Велики", вели дека среќа е што во последниве 10 години се случувало не повеќе од 3 дена да има застои во авиосообраќајот поради магла.
- Минатата година немавме ниту еден ден застој на авиосообраќајот поради магла. Очекувам временските прилики да се подобрат и состојбата да се нормализира - изјавува Крстевски за ВЕЧЕР.

Инаку, поради затворањето на аеродромот се трпат големи финансиски загуби, кои во зависност од бројот на откажани летови, дневно може да изнесуваат и до 25.000 евра.

СИСТЕМ ЗА РАСТЕРУВАЊЕ
За полетување и слетување во магливо време или друга временска непогода е потребно не само аеродромот да биде класифициран во повисока категорија, туку и авионите да бидат опремени и со нив да управуваат обучени лиценцирани пилоти.

Потенцијално решение за полетување и слетување при неповолни временски услови е глобалниот систем за позиционирање "Галилео", кој се планира да се предаде во употреба во 2015 година на сите европски аеродроми.

Решение на проблемот со маглата можен е и со систем за растерување што се применува во индустриските капацитети, како РЕК-Битола. Со помош на овој систем, маглата се прочистува само за петнаесетина минути.
- Системот може да растера магла само во временски услови кога температурата паѓа под нулата - појаснуваат експерти.
Крстевски е скептик за ваков начин на растерување на магла.
- Постојат многу обиди од научници да најдат решенија за растерување магла или за бркање на птици. Но, тоа се само обиди - вели Крстевски.

ЕКСПЕРИМЕНТ
Маглата, освен што го блокира сообраќајот, не само воздушниот, го парализира и нормалниот живот на луѓето, го загадува воздухот, влијае на здравјето на луѓето, а освен тоа и носи големи финансиски загуби за компаниите, аеродромите... Оттаму, решавањето на проблемот со маглата е од големо значење. Систем за растерување на магла е патентиран во 2000 година од страна на тројца македонски истражувачи и иноватори. Применет е на 23 јануари 2002 година во утринските часови при ниска видливост во Скопје, предизвикана од густа магла. Со три возила, од кои едното се движи по левата страна на Вардар, друго по десната страна на реката и едно возило кое вози по улица "Партизанска", низ центарот на градот и кон населба Аеродром и назад, се растерувала маглата. Ако видливоста изнесувала од 30-50 метри, 10-ина минути по примената на системот видливоста почнала да се зголемува, за по еден час да достигне 500 до 600 метри. Веќе по 2 часа небото се расчистило и се пробиле сончевите зраци. Тогаш експериментот се покажал како ефикасен со никакви негативни влијанија по луѓето.

Една година порано, овој систем бил применет на растерување на магла на скопскиот аеродром кога тогашната 3-километарска писта била отворена и видлива од небо, додека се околу неа тонело во магла. Во наредните неколку години со системот била растерувана маглата којашто во текот на декември и јануари се појавувала во коповите на рудникот "Суводол" што се експлоатира за потребите на РЕК-Битола.

Мана на овој систем е што разладувачкиот реагенс што се распрскува во воздухот дејствува на ниски температури, односно, колку е поладно, расчистувањето на маглата е поефектно.
Системот досега немал поголема примена поради финансиски средства.

http://vecer.com.mk/?ItemID=6ECDECF7BB66794AB97D389F3BF3C7F6
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #1866 Posted: 20-Dec-2013 at 01:30
Нема да има милион оваа година. Има и некои проблеми околу тој милион о врска со договорот со ТАВ. Не си правете бајрам, битно е што растот е сепак голем. Земете предвид што 2008 офцијалната бројка се движеше околу 650.000. За годините поназад да не правиме муабет.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1867 Posted: 20-Dec-2013 at 03:50
ТАВ договорот им е за двата аеродрома кои заедно имаат веќе постигнато 1 милион... и без разлика дали СКП ќе достигне до 1 милион патници или не... ТАВ за концесијата наместо 15% ќе си плаќа 2% како што си е договорено... бидејќи договорот е за двата аеродроми...

Барем јас така разбрав...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1637
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1868 Posted: 21-Dec-2013 at 11:26
Свежа слика од вчера направена над Скопската котлина од воздухопловот на Wizz Air.

Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3873
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1869 Posted: 21-Dec-2013 at 12:14
Eden million patnici ima sigurno. Odkako postoi WIZZ AIR se povekje lugje letaat nekolku pati godisno, barem tie sto gi poznavam letale minimalno 3 pati kon Makedonija
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #1870 Posted: 23-Dec-2013 at 15:55
И flyDubai денес во Охрид ќе слетува
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1637
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1871 Posted: 26-Dec-2013 at 01:57
SKP

Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1872 Posted: 27-Dec-2013 at 14:57
Од скопскиов аеродром, аеродром не бива.

Ова е веќе смешно колку дена неможе да се користи. Еве и денеска е хаос со летовите.
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #1873 Posted: 27-Dec-2013 at 17:44
Дај некој од вас поупатените нека ја расчисти таа дилема дали навистина не може поради теренот да се инсталира понапред систем од ИЛС или пак се работи за инвестиција која треба ТАВ да ја потегне па сеуште нема абер од тоа?
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1874 Posted: 27-Dec-2013 at 19:15
Добро, освен Охрид, каде на друго место слетуваат авиониве. Особено ме интересира за Адриа бидејќи за три дена летам со нив од Љубљана.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1637
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1875 Posted: 17-Jan-2014 at 13:25
Еве ви една ексклузивка од мене...... SKP Runway 34

Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1876 Posted: 17-Jan-2014 at 20:32

Нова писта на скопскиот аеродром може да го спаси авиобизнисот од маглата

Уште во 1980 година бил изработен елаборат според кој за тогашните експерти единственото решение за проблемите на скопскиот аеродром во однос на маглата и категоризацијата било изградба на една нова писта во правец на селото Мралино, или со отклон од околу 30 степени од постојната. Овој проект во сегашниве услови и натаму е можеби единственото решение за повисока категоризација на аеродромот и за маглата.

Скопскиот аеродром во категоризацијата на аеродромите сè уште е во најлошата, прва категорија (опременост со радионавигациски уреди и конфигурацијата на теренот за слетување и полетување на авионите). Сите околни аеродроми, Софија, Приштина, Белград, Солун... се втора или трета категорија.

Оваа категоризација е многу битна за аеродромите што во есен и во зима имаат проблеми со маглата. А токму таков е аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Првата категорија всушност значи немање техничка можност за слетување на авионите во услови на магла со видливост од 120 до 350 метри, како што е за аеродромите од втора и трета категорија. Категоризацијата на скопскиот аеродром бара минимум видливост од 1,2 километри.

Лани аеродромот „Александар Велики“ беше затворен повеќе од половина месец поради магла. Тоа им предизвика сериозни финансиски проблеми на сите учесници во сообраќајот – патници, авиокомпании, аеродромот... Од аеродромот „Александар Велики“ велат дека до 14 јануари вкупно 61 лет биле пренасочени кон други аеродроми.

Кој е хендикепот на скопскиот аеродром?

Проблемот со скопскиот аеродром е поставеноста на пистата и конфигурацијата на теренот во околината. Ридовите околу скопскиот аеродром претставуваат сериозен проблем при полетувањето на авионите, особено на поголемите авиони и оние што изведуваат интерконтинентални летови. Ваквата категоризација на скопскиот аеродром, и покрај големата инвестиција што е направена од турската компанија ТАВ, сè уште е сериозен ограничувачки фактор за интерконтинентални летови, и воопшто за едно потемелно планирање на бизнисот на компанијата „ТАВ Македонија“.

Маглата на скопскиот аеродром не е нов проблем. Уште за време на СФРЈ експертите се обидувале да го решат овој проблем. Едно од понудените решенија во тоа време беше изградба на нов аеродром во Овче Поле и автопат од 50 километри од Скопје до таму. Тогашната пресметка била дека една таква инвестиција би чинела околу 100 милиони долари. Федерацијата тогаш не била баш расположена за една таква сериозна инвестиција. Тогаш со аеродромот стопанисуваше авиокомпанијата ЈАТ, која немала ама баш никаков интерес за вакво унапредување на авиосообраќајот во Македонија затоа што и онака сите летови оделе преку Белград.

Тогаш ЈАТ во Скопје слетал и еден авион од Австралија за да докаже дека и од скопскиот аеродром можело да се изведуваат интерконтиненталните летови и целосно да го блокира планот за изградба на нов аеродром во Овчеполието. Меѓутоа и тогаш и сега еден од главните проблеми на скопскиот аеродром е полетувањето, односно должината не само на пистата за постепено кревање на авионот на потребната висина.

Нова писта е можното решение против маглата на скопскиот аеродром

Во текот на осумдесеттите години направена е уште една студија што дала едно многу поевтино и прифатливо решение – изградба на нова писта, поставена кон селото Мралино, или со околу 30 степени отклон од постојната и инвестиција од околу 30 милиони евра.

За таа студија зборувавме со тогашниот директор на скопскиот аеродром Трајче Таневски.

„Да, тоа беше едно од можните решенија што беа понудени во елаборатот подготвен од тогашните југословенски експерти. Таа студија треба сè уште да е некаде во архивата на скопскиот аеродром и во денешното Министерството за транспорт и врски. Меѓутоа и тогаш тоа решение изгледаше прескапо, па се прифати само предлогот за продолжување на пистата за 300 метри и ново осветлување на пистата“, се сеќава денес Таневски.

На ред се денешните наши експерти да го пронајдат тој елаборат и да видат дали изградбата на нова писта на скопскиот аеродром може да ја смени лошата категоризација за аеродромот. А тоа се разбира ќе придонесе за порелаксирано деловно работење и на ТАВ Македонија и на авиокомпаниите, а се разбира и за посигурно планирање на патниците.

http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/nova-pista-na-skopskiot-aerodrom-mozhe-da-go-spasi-aviobiznisot-od-maglata

Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1637
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1877 Posted: 17-Jan-2014 at 22:22
Нова писта може во 2030 година........ милион посто сум сигурен дека тав нити во еден случај нема да се одлучи такво нешто да направи, за кои впрочем и самите рекоа дека во печетокот не се баш задоволни од работата односно стопанисувањето на аеродромите во МК - од финансиски аспек!!
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1637
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1878 Posted: 17-Jan-2014 at 22:32
Со ласер сакал да заслепи пилот – за малку избегната трагедија на Александар Велики

Неодговорен скопјанец за малку ќе предизвикал трагедија на аеродромот „Александар Велики“, кога со ласер го заслепил пилотот на авионот кој слетувал на пистата.



Како што објави Пресс24, попладнево околу 17 часот, кога пилотот на авиокомпанијата Визер се обидувал да го спушти авионот на пистата во Скопје, непознато лице од правец на Петровец почнало да му свети со ласер во очите.

Пилотот успеал да остане присебен и да го спушти авионот без поголеми проблеми, но веднаш по слетувањето случајот го пријавил во котролата за летање. Известена била и полицијата, а МВР веќе презема мерки за да го открие сторителот.

Инаку, по подолг период денеска за првпат на аеродромот Александар Велики немаше магла, временските услови за полетување и слетување беа подобри и беа реализирани речиси сите летови. Откажани беа единствено летовите од и кон Истанбул утрово.

http://faktor.mk/archives/92807?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=so-laser-sakal-da-zaslepi-pilot-za-malku-izbegnata-tragedija-na-aleksandar-veliki
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1742
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1879 Posted: 18-Jan-2014 at 00:48
ccccc... sto li se nema na ovoj svet!?

PS: Nemozam a da ne go primetam biserot na novinarot. Toj vo tekstot veli, deka MVR prezema merki da go otkrie storitelot. Znaci storitelot se uste ne e poznat, a toj znae deka e skopjanec?! breeeee....
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #1880 Posted: 18-Jan-2014 at 01:53
Проста Македонија.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 9293949596 121>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.387 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.