build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Аеродроми
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродроми

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 107>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Аеродроми
    Posted: 14-Sep-2007 at 22:33

ЗОРАН КРСТЕВСКИ, ДИРЕКТОР НА ЈАВНОТО АЕРОДРОМСКО ПРЕТПРИЈАТИЕ


Ја пропуштивме шансата Охридскиот аеродром да стане карго центар


Бугарската карго компанија "Вега", која беше заинтересирана за овој проект, својот интерес го насочи кон Србија бидејќи предолго тактизиравме, а сето тоа поради непознавање на европската регулатива


Директорот на Јавното претпријатие за аеродромски услуги "Македонија", Зоран Крстевски, е задоволен што годинава е зголемен бројот на превезени патници од аеродромот "Александар Велики", но сепак смета дека треба да се направи многу за да се подигне квалитетот на аеродромската инфраструктура со цел тој да стане атрактивен за транзитни патници.

Годинава ги намаливте цените на аеродромските услуги за 20 проценти. Има(ше) ли тоа ефект во привлекувањето на странски авиокомпании и во превезувањето на патници?
- Да. Аеродромите "Александар Велики" и "Свети Апостол Павле" годинава имаат одличен скор на летови. Скопскиот аеродром има за осум проценти зголемување на комерцијалните летови и околу 15,5 насто пораст на бројот на патници или тоа е 60.000 патници повеќе од истиот период лани. Зголемена е и пополнетоста на авионите што зборува за успешност на авиокомпаниите што летаат кон Македонија. Ова посебно се однесува на домашниот авиопревозник МАТ, кој учествува со околу 30 проценти од вкупниот авиосообраќај во земјава.

Отворени се нови авиодестинации како што се Париз, Амстердам и Келн, а се најавуваат и други со зимскиот ред на летање. Очекуваме да се отвори линијата за Франкфурт, а има најави и за дестинација кон Италија и за Сараево. Задоволен сум од обемот на авиосообраќај бидејќи европскиот просек е шест проценти, а за 11 насто расте сообраќајот на приштинскиот аеродром, кој е наш најголем конкурент во регионот.

Холандската компанија НАКО беше избрана за консултант за аеродромите. Кога ќе почне со изработка на студијата за давање на аеродромите под концесија?
- "Александар Велики" има лоша инфраструктура бидејќи е правен во некои други времиња, кога требал да биде само домашен аеродром за врска со Белград. Тоа треба да го промениме. Претставници на НАКО доаѓаат во земјава на 24 септември. Тие треба за шест месеци да изработат сообраќајна и техничка студија од која ќе се оцени дали на постоечката локација на аеродромот ќе се доградува терминалната зграда, или ќе се гради нова, што е многу подобро решение. Треба да ја подигнеме и категоријата на пистата од сегашната прва на втора, односно трета, со што "Александар Велики" би станал атрактивен за таканаречените технички слетувања и за транзит на патници. Ова е значајно бидејќи во регионот нема некој од посериозните аеродроми, како што се франкфуртскиот или виенскиот.

Што направивте во привлекувањето на нискобуџетни авиокомпании?
- Засега се само две - "Ер Берлин" која оперира на дестинацијата Скопје-Дизелдорф-Скопје, а втората е "Герман Вингс" која деновиве имаше неколку летови за Келн, а со зимскиот ред на летање ќе има редовна авиолинија. Со сите нискобуџетни авиокомпании што летаат во овој регион стапивме во контакт, но се уште нашиот пазар не е доволно атрактивен во економска и туристичка смисла. Очекуваме уште некоја да се одлучи да лета за Македонија, бидејќи трендот во светот е авиокомпаниите да летаат според патниците, што значи дека и помалите аеродроми имаат големи шанси и не е како порано патниците да летаат само од големите аеродроми.

До каде е со најавите за влез на бугарската карго компанија "Вега" на македонскиот пазар?
- Требаше да го искористиме тој момент со кој ќе можевме да го промовираме Охридскиот аеродром во карго центар. Тие сега својот интерес го насочија кон Србија. Ја пропуштивме шансата бидејќи предолго тактизиравме, а сето тоа поради непознавање на европската регулатива и постојаното барање некој друг да одлучува во наше име, што не е добро. Некогаш е добро и да се ризикува.

Инвестиравте ли во инфраструктурата на аеродромите?
- На Охридскиот аеродром го модернизиравме ВИП салонот за да ги исполнува сите услови за прием на претседатели и други комерцијални активности. Инвестиравме 30.000 евра во нов фри-шоп. И на двата аеродроми подобрена е информатичката технологија за повикување на патници, ставени се нови LCD монитори. На Охридскиот аеродром за еден месец очекуваме да биде поставен електронски систем за чекирање, а на Скопскиот се купуваат два елеватори и едно јуришно возило, како и посебно комбе за ВИП патници. Вршиме и техничко доопремување на гејтовите и во каргото.

Светлана БЛАЖЕВСКА

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Sep-2007 at 15:38
trgnuva rabotava
 
Јанакиевски со експерти од компанијата “NACO“ ги рагледувале можностите за изградба на аеродром во Штип

Тим од експерти од консултантската компанија „NACo, B.V. Netherlands Airoport Consultants“ од денес престојуваат во земјава, каде се ангажирани заради изработка на Студија со концесиски модел за развој на Аеродромот „Александар Велики“ – Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, соопшти Министерството за транспорт и врски. Тие денеска се сретнале со министерот Миле Јанакиевски со кого разговарале и за можностите за изградба на помал, карго аеродром во Штип, на местото или во околината на постоечкиот спортски аеродром, кое консултантскиот тим треба да го спроведе.

Согласно тендерските критериуми, во период од четири месеци, консултантскиот тим „NACO“ треба да изработи Студија со концесиски модел за развој на двата аеродрома.

Студијата за аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе опфати подготовка на проект за проширување и обновување на постоечкиот терминал или изградба на нов терминал за 1.5 милиони патници, како и проширување, обновување или изградба на нова административна зграда, проширување и подобрување на категоријата на полетно слетната патека или изградба на нова, реконструкција и доградба на карго терминалот или изградба на нов карго терминал со капацитет до 50.000 тони стока годишно и техничко доопремување на аеродромот според меѓународните стандарди за соодветните категории.

Исто така, избраниот консултантски тим треба да изработи студија за аеродромот “Св. Апостол Павле” во Охрид со цел подобрување на категоријата на полетно слетната патека или изградба на нова, реконструкција на карго терминалот, изградба на воздухопловно - школски центар и техничко доопремување на аеродромот според меѓународните стандарди за соодветните категории.

 „NACO“ е водечка, високо реномирана компанија за аеродромски консултанти, дел од ДХВ Гроуп и е една од најголемите консултански групи во Холандија.
Оваа компанија во својот тим вклучува градежни, машински, електро и електронски инженери, архитекти и економисти чија задача е да обезбедување на специјалистичко знаење и услуги во развојот на аеродромите и сите придружни објекти.
Делокругот на работа на „NACO“ ги опфаќа сите аспекти на развојот на аеродромите, а нивна специјалност се планирање и дизајн на аеродромските помошни објекти. Според информациите во портфолиото на оваа компанија, „NACO“ досега била ангажирана да работи на повеќе од 500 аеродроми ширум светот.

Со изборот на консултантскиот тим „NACO“, од Министерството за транспорт и врски очекуваат двата аеродома во земјаав да добијат подобрување според светски стандарди на аеродромската инфраструктура, зголемување на капацитетите и авиосообраќајот, а со тоа и на нивната конкурентност во регионот.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 25-Sep-2007 at 18:29
Добро барем не ги слушам веќе глупостите за преместување на скопскиот аеродром... Исто се надевам дека ќе се оди на изградба на нов терминал, а не крпење на стариот. Би било добро да се размислува долгорочно и да се гради нов терминал од другата страна на пистата (нормално и главниот пристап до аеродромот да биде од север, од М4 и конечно да се направи и таа мала железничка спојка...)

За аеродромот во Штип не знам што да мислам. Би сакал да чујам многу повеќе информации за него, пред да можам да оформам мислење.
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 26-Sep-2007 at 01:34
Jas veke otvoriv topik za aerodromot vo Shtip, ama sega go primetiv ovoj topik pa go izbrishav, eve go tuka

Холандската консултантска куќа „Нако“, која победи на меѓународниот тендер што го распиша Владата, ќе ги испитува просторно-урбанистичките и воздухопловно-сообраќајните можности за изградба на помал карго аеродром во Штип, на местото или во околината на постојниот спортски аеродром. За оваа вчера разговараа претставниците на „Нако“,кои се сретнаа со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Холандската консултантска куќа, согласно со тендерските услови, има обврска за четири месеци да изработи студија со концесиски модел за развој на скопскиот аеродром „Александар Велики“ и охридскиот„Св. апостол Павле“.

За скопскиот аеродром студијата ќе опфати подготовка на проект за проширување и обновување на постојниот терминал или изградба на нов терминал за 1,5 милиони патници, како и проширување, обновување или изградба на нова административна зграда, проширување и подобрување на категоријата на полетно-слетната писта или изградба на нова, реконструкција и доградба на карго-терминалот или изградба на нов карго-терминал со капацитет до 50 илјади тони стока годишно и техничко доопремување на аеродромот според меѓународните стандарди за соодветните категории.

Избраниот консултантски тим треба да изработи студија и за охридскиот аеродром со цел подобрување на категоријата на полетно-слетната писта или изградба на нова, реконструкција на карго-терминалот, изградба на воздухопловно - школски центар и техничко доопремување на аеродромот според меѓународните стандарди за соодветните категории.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FCBAC59E05801E42A8247257EA9BFD7D


Sto mislite za ova? Zvuci interesno ama nema nekoj drugi informacii za taa idea kargo-aerodrom vo Shtip...prodolzhuva so Skopskiot aerodrom kako ke se obnovuva.
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 26-Sep-2007 at 08:20
Јас сум за. Нема зошто да не се гради карго-аеродром во Штип. Уствари сеа ќе каже консултантсата куќа дали има или нема причина. А за Скопје, значи стварно не дупат у здрав разум. Па нели требаше до крајов на годинава да биде даден под концесија, а испаѓа сеа дека треба да биде извештајот изработен до тогаш. 
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 26-Sep-2007 at 10:10
Toa so kargo aerodrom e interesna idea poshto stvara drugi mozhnosti, na primer, Makedonija da bide vazna destinacija za kargo avioni vo balkanot, kako sto e singapore.

Mnogu go tupat toa so Skopskiot aerodrom inace
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 26-Sep-2007 at 10:51
Originally posted by gotsomekicks

Јас сум за. Нема зошто да не се гради карго-аеродром во Штип. Уствари сеа ќе каже консултантсата куќа дали има или нема причина. А за Скопје, значи стварно не дупат у здрав разум. Па нели требаше до крајов на годинава да биде даден под концесија, а испаѓа сеа дека треба да биде извештајот изработен до тогаш. 
 
ova se glease deka kje bide vaka od poodamna no mora da priznaeme deka sepak tempoto na rabotite e vo red. Site prethodni garnituri pocnuvaa studii pri krajot na nivnite mandati za da nivnite naslednici ja vrakjaat rabotata od pocetok. Ovdeka realno postojat sansi i studijata i realizacijata da se zavrsi za vreme na vladeenjeto na ovaa vlada.
 
Sto se odnesuva za aerodromot vo Stip... Ne sum siguren kolku sum za. Podobro e da se napravi avtopat Stip-Veles, Skopskiot aerodrom bi bil mnogu blisku. Porano se zboruvase za kargo aerodrom vo Strumica. Licno mene toa mi pravi povekje logika.
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 26-Sep-2007 at 11:23
Neznaev za Strumica, ama vo pravo si za toa, poveke logika ima tamu...ama moze sakat da go razviat toj del na Makedonija, okulu Shtip...neli nov univerzitet ima tamu? Goce Delchev, kako se vikashe.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 26-Sep-2007 at 18:42
Originally posted by pbanks

 Sto se odnesuva za aerodromot vo Stip... Ne sum siguren kolku sum za. Podobro e da se napravi avtopat Stip-Veles, Skopskiot aerodrom bi bil mnogu blisku. Porano se zboruvase za kargo aerodrom vo Strumica. Licno mene toa mi pravi povekje logika.


Точно тоа и мене ме буни околу потенцијалниот аеродром во Штип. Скопскиот аеродром е преблиску за една сиромашна држава како Македонија да се луксузира со нов аеродром толку блиску, па макар бил и само карго. На крајот на краиштата, за какво „карго“ има  реална потреба? Ако е пак за струмички земјоделски производи, тогаш нека се гради во Струмица... Ама многу ми е чудна потребата за авио-превоз на земјоделски производи од еден толку мал регион. Јас попрво би размислувал за промовирање на железница (мораме да ја шириме мрежата), која со осовременувањето на коридорот 10 кај нас и во Србија ќе има бројни предности (барем јас така мислам). Железницата во секој случај е многу посеопфатно решение за многу други потреби. Кога тогаш ќе треба да се изгради, а подобро што побрзо. Исто така мораме да размислуваме и како најмалку да узурпираме од плодната струмичка почва - аеродром таму е... Confused
Ама искрено не знам, можда и стварно да има голема специфична потреба од „Струмички Аеродром“. Само како во приказнава се уфрли Штип тоа не ми е јасно. Затоа реков дека не сакам премногу да шпекулирам за работи кои ми се малку познати.

Се надевам дека во целава приказна некој го зема во предвид и безбедносниот фактор. Немаме никаква гаранција дека браќата Албанци нема утре или понатака да влезат во нови радикални сценарија, па за жал треба и со ова да се калкулира кога се размислува за изградба на аеродром во источниот дел од земјата (земајќи ги во предвид релативно неповолните местоположби за одредени дејствија од постоечките два)


Edited by Cloverstack - 26-Sep-2007 at 18:47
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 27-Sep-2007 at 08:37
^^ Што се однесува до Албанците: константно ми виси тоа прашање над глава. Колку и да се правиме дека се ни е розово во земјата, полицијата неможе да влезе у пола западна Македонија. Аеродром во источниот дел мора да има. Аеродром за пренесување на земјоделски производи ми звучи премногу непотребно. Доволна е модернизација на железницата- ем ќе се растеретат патиштата од камионите, ем верувам дека ќе биде по исплатливо. Еве и денеска со два аеродрома да не се пренесува зеленчук???

Да не се разбереме погрешно, мислам дека ако физибилити студијата покаже дека би било исплатливо карго-аеродром во Штип, тогаш зошто да не го направиме? Или пак, уште подобро, зошто да не најдеме концесионери со тоа што они го градат и го користат некои 10-15 години да речеме? Ако се потепаат компании за понудава, тогаш сигурно е исплатливо. Ако не, јебига  :).

За аеродромот во Струмица, би сакал да е патнички а не само карго. Со тоа би им овозможиле на луѓето од источна Македонија да не се акаат до Скопје а можеби и Грците и Бугарите би ги анимирале со поефтини такси за нив или што знам што. Знае некој кај им е на Грците најблискиот аеродром?



Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 27-Sep-2007 at 08:58
lugje batalete politika. ozbilen sum
 
verojatno postjat dobri pricni (od ekonomski aspekt) za koi bi trebalo dopolnitelno da se informirame pred da zborime bilo sto so sigurnost, zosto dolgi godini nanazad se zagovara toj kargo aerodrom vo Istocna Makedonija.
 
Sepak spored moe subjektivno mislenje aerodromot (koj e predviden pred se za potrebite na zemjodelskiot sektor) e dzabe dodeka ne se zgolemat produktivnosta i standardite na zemjodelieto. Nie go nemame dovolno iskoristeno potencijalot na pazarot vo okruzuvanjeto a vednas sakame da prodavame vo porazvienite zemji kade e prasanje dali nasiot zelencuk/ovosje (iako se kvalitetni) kje pominat zaradi ispolnuvanje na standardi.
Duri ovaa godina pocnaa da se gradat ladilnici i eve verojatno kje se izgradat i otkupni centri. Bez takvo struktuiranje, sto kje izvezuvame preku toj aerodrom, sekoj zemjodelec kje natovari po 2 vrekji patlidzani?
Za da kupuva Carrefour na primer nasi produkti garant nema da odi od selo do selo da se dogovara so cekoj covek posebno tuku kje kupuva na golemo preku nekoj otkupen centar. Koga tie raboti kje se sredat, avionite sami kje letnat.
 
Moze e ova malku oftopik no sepak e povrzano.
 
Kako i da e, se slozuvam so Cloverstack, zeleznickata/patna mreza treba da bide prioritet, siguren sum deka vo prvo vreme dokolku stvarno ima potreba za toa, Skopskiot aerodrom moze da gi zadovoluva potrebite na makedonskoto zemjodelstvo.


Edited by pbanks - 27-Sep-2007 at 16:49
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 04-Nov-2007 at 13:56
хм


Каталонската компанија “Апорт“ заинтересирана за спортскиот аеродром во Штип

Апорт, една од најголемите компании од  Каталонија, најразвиениот регион во Шпанија  е заинтересиран за спортскиот аеродром кај Штип. Поволната географска  положба во регионот и близината со скопскиот аеродром, ова
воздушно пристаниште, за Џорди Кандела Гарига првиот човек
на Апорт е идеална можност преку кој би се оствариле
инвестиционите планови за Балканот.

Како што јави дописникот на Нетпрес од Штип, годишен обрт од 800 милиони евра, 10 илјади вработени, и менаџирање со 15 карго аеродроми во Европа е
дел од  портофолиото на Апорт.

Од аероклубот Штип кој над половина век стопанисува со спортскиот аеродром поинаку глдаат на зделката. За нив влезот на шпанскиот капитал е можност за дополнителна едукација на летачкиот кадар за комерцијални летови.

Штипските локални власти по втората рунда разговори со менаџерите на шпанскиот гигант, се повеке се убедени дека на третата средба, деталите за преземање на аеродромот ќе бидат познати.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 04.11.2007 13:07:07

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 18-Nov-2007 at 23:38
извадок од интервју со Миле Јанакиески

До каде е консултантската куќа НАКО со анализата за скопскиот и за охридскиот аеродром. Може ли да ни откриете, што тие Ви предлагаат како решение за воздушните пристаништа? Ќе градите ли карго аеродром во Штип?
- Некаде кон крајот на годинава или почетокот на идната ќе се распише тендер за концесија на скопскиот аеродром. Консултантот се уште работи на анализата, но она што е извесно е дека ќе се гради нова терминална зграда, ќе се подобрува пистата за да може поголем број на авиони да слетуваат и да има поголема фреквенција на патници. Воедно, ќе се прави еден мал терминал за карго превоз и ќе се подобри инфраструктурата околу самиот аеродром. Треба да се направи и административна зграда, во која ќе бидат сместени и полицијата и Царината. За охридскиот аеродром, консултантите засега препорачуваат дека е потребно претходно да се направи подобра презентација на градот Охрид, па потоа да се размислува за доградба на аеродромот. Доколку се зголеми транспортот размислуваме и за отворање на карго аеродром во Штип за да заживее слободната економска зона.
Сепак, Владата, ќе го има последниот збор за начинот и постапката за издавање на аеродромите под концесија. Тие што ќе ја добијат концесијата ќе го менаџираат и аеродромот, а Владата ќе имам свои претставници. Во 2008 година треба да се завршат сите постапки за избор на концесионерот, а некаде во 2009 да почне неговата доизградба.


Извор: Вечер
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 19-Nov-2007 at 19:34


Е ај да видиме како ќе ги испочитуваат овие рокови...

Инаку во очи ми упадна што Јанакиевски го поврза поенцијалниот карго аеродром во Штип со слободната економска зона. Прв пат слушам некакво објаснување зошто баш Штип како локација за карго аеродром, но сепак мислам недоволно силно објаснување... Дали веќе имаат испланирано што би се произведувало во таа зона и дали тие производи ќе бидат од таков тип и во толкава количина за да оправдаат изградба на нов аеродром? Особено ако се земе во предвид близината на скопскиот аеродром и планираното автопатско поврзување на Штип.


Edited by Cloverstack - 19-Nov-2007 at 23:38
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 19-Nov-2007 at 20:06


IMO во најдобра варијанта нешто ќе се случи со Скопскиот аеродром. Штипскиот (па и Охридскиот) не верувам дека ќе се чачкаат до крајот на мандатот на оваа влада. До тогаш се е можно па и промена на плановите за Штипскиот аеродром посебно ако се смени власта. Но многу е битно реконструкцијата на Скопскиот да иде по план, возот е веќе испуштен во однос на конкурентските регионални аеродроми но сепак има уште време нешто да се спаси.
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 19-Nov-2007 at 23:39
za aerodromive ke cekame uste edno 10 godini doeka im tekne deka konecno treba da se sredat i posle pak ke zborat deka e veke kasno i ke baraat drugi krivci.veke dzabe ti e da se nadevas deka neso ke im tekne da go napraat a ne samo da go zborat 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 20-Nov-2007 at 00:16


да почекаме до година. Мислам дека има реални шанси нешто да се случи со Скопскиот аеродром овој пат. Само да биде како што треба.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 08-Dec-2007 at 00:05
Не ми се свиѓа моментот дека проценуваат дека сообраќајот нема да падне под 500.000 патници (за Скопски аеродром секако). Па тоа треба да се подразбира ние треба сериозно да размислуваме како да имаме одржлив сообраќај од околу 1.000.000 за почеток. Тирана оваа година имаше милион патници (за првпат во историјата) и тоа веќе во Ноември. Приштина е меѓу 800.000-1.000.000 редовно. За другите во регионот не сакам ни да зборувам, подобри сме само од Сараево и тоа се работи за нијанси.

Аеродромите да се дадат под концесија, предлага консултантот

Холандската фирма "Нако" ја оценува состојбата со пистата на скопскиот аеродром како критична

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА

Скопскиот и охридскиот аеродром можат да бидат предмет на интерес на странски концесионери кои би ги развиле авиопристаништата и би го зголемиле бројот на патници. Ова стои во студијата што ја изготвува холандскиот консултант "Нако" за развој и унапредување на двата аеродрома во државава. Во студијата, која се очекува да се комплетира до крајот на месецот, "Нако" согледал дека бројот на патници на скопскиот аеродром во наредните години нема да падне под 500.000 на годишно ниво. Како еден од предусловите кои Холанѓаните ги посочуваат во прилог на развојот на "Александар Велики" е близината на слободната економска зона, потоа растот на бруто-домашниот производ од 5,28 отсто со тенденција за зголемување, како и либерализацијата на визниот режим. Сите овие фактори, според холандскиот консултант, ќе придонесат за зголемување на авиосообраќајот, а дополнително ситуацијата ќе се подобри и со појавата на нискобуџетните авиокомпании. Но, како што посочува консултантот, за да дојдат евтините авиокомпании, една од клучните работи кои Македонија треба да ги направи е да се укинат привилегиите кои МАТ ги има како редовен национален авиопревозник.

Во студијата на "Нако" најлошо се оценува состојбата со пистата на скопскиот аеродром "Александар Велики". Токму таа треба да биде приоритет на идниот концесионер, кој треба да ја прошири и подобри категоријата на патеката за летнување и слетување или, пак, да изгради нова. Според нашите сознанија, консултантот предлага, меѓу другото, пистата да се продолжи од двете страни по околу 200 метри за да се олесни летнувањето и слетувањето и да се овозможи да слетуваат поголеми авиони, што досега беше хендикеп.

Студијата за развој на скопскиот аеродром опфаќа подготовка на проект за проширување и обновување на постојниот или за изградба на нов терминал за 1,5 милион патници со можност и за 2,5 милиони. "Нако" предлага, наместо проширување, изградба на нова терминална зграда веднаш до постојната, во правец на хангарите кои се во функција на армијата.

Холанѓаните предлагаат авиопристаништата да се дадат под концесија, потоа државата да стане нивни целосен сопственик или, пак, предлага лабава државна сопственост. Ако Владата се реши за концесија, тогаш ќе дојде предвид моделот БОТ (вложи, управувај и остави), што меѓу другото го предложи и консултантот "Скот и Вилсон", ангажиран од претходната Влада.

Целосната студија "Нако" ќе ја изготви до крајот на годинава, бидејќи Владата планира да распише тендер за концесионер во јануари или во февруари доколку државата се реши авиопристаништата да се дадат под концесија. Во тој случај, извесно би било дека во мај или јуни 2008 година ќе се знае кој ќе вложува и управува со скопскиот и со охридскиот аеродром.

Од моментот на распишување на тендерот за избор на консултант за изработка на студија како да се развијат аеродромите, нема никакви инвестициони активности за подобрување на состојбата со авиопристаништата, бидејќи се чека анализата на "Нако". Сепак, директорот на јавното аеродромско претпријатие "Македонија", Зоран Крстевски, вели дека за идната година се предвидени околу 5 милиони евра за инвестиции, кои треба да се завршат до почетокот на летната сезона во авиосообраќајот, односно пред доаѓањето на новиот концесионер. Крстевски истакнува дека дел од парите ќе се потрошат за опрема за аеродромите. Но, дел од парите ќе се наменат за изградба поголем број излези на скопскиот аеродром и повеќе места за пасошки контроли.

"Авиосообраќајот годинава е зголемен за 16,5 отсто и до крајот на 2007 ќе се превезат околу 630.00 патници, што е за 100.000 повеќе од лани. Има и пораст на операциите за 8,9 отсто. Овие бројки се резултат на намалување на цените за аеродромските услуги", вели Крстевски.



Извор: Утрински весник
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 08-Dec-2007 at 01:13
Многу ми е криво што поради начиот јавашук и немање визија ја пропуштивме шансата да бидеме еден од водечките авио центри во регионов. Во деведесетите сите околности беа на наша страна Ohno Можевме да имаме и транс-атлански летови...

Сега веќе многу доцниме... За да станеме некаков центар веќе немаме таква шанса. Барем да нема дополнителни одлагања и да добиеме аеродроми што добро ќе го сервисираат македонскиот пазар.


Edited by Cloverstack - 08-Dec-2007 at 02:55
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 14-Dec-2007 at 16:05
Cheers
 
Владата идната недела ќе ја соопшти финалната стратегија за аеродромите

Холандската фирма Нако Консултантс идната недела ќе пристигне во Македонија за да ја презентираат финалната стратегија за аеродромите, по што Владата ќе соопшти како ќе продолжи модернизацијата на двата аеродроми.

“Стратегијата за аеродромите е во финална фаза. Најважно е што побрзо да започне изградбата на скопскиот аеродром, што ќе значи нова терминална зграда, прошурување и зголемување на полетната патека што ќе овозможи подобрување и слетување на поголем број типови на авиони на скопскиот аеродром. Ќе се адаптира мал карго терминал со изградба на административната зграда“, изјави Министерот Миле Јанакиевски, по денешното вопспоставување на редовниот лет Скопје- Софија.

Според Јанакиески, се очекува наредната недела пристигнување на  “Нако“ со што со финалниот извештај за аеродромите.

 
Извор: Нетпрес
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 107>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.