build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Радовиш

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: ТИРЗ Радовиш
    Posted: 22-Feb-2013 at 00:07
Се изработува проектна документација за ТИРЗ Радовиш

#

Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони потпиша договор со „Прима инженеринг“ од Скопје за изработка на проектната документација за технолошко индустриската развојна зона во Радовиш. Планирано е во наредните осум месеци да се завршат неопходните проектантски услуги, а склучениот договор е во вредност од 3.436.359 денари или околу 56 илјади евра. Државното земјиште за привлекување на нови странски инвеститори во Радовиш е лоцирано во месноста „Долна Рудина“ и се простира на површина од околу 10 хектари. Покрај зоната минува постоечкиот магистрален пат А4 (М-6), во нејзина непосредна близина е зацртан идниот автопат и магистралниот гасовод кон Струмица. За индустриската зона во Радовиш е изработена државната урбанистичка планска документација, а завршени се и потребните геомеханички и хидролошки истражни работи.

На ниво на Македонија, досега е започната изградбата на технолошко индустриските развојни зони во Скопје, Штип, Гевгелија, Кичево и Прилеп. Во најнапредна фаза на реализација е ТИРЗ Скопје 1, во која целосно е завршена неопходната инфраструктура за идните производствени погони на странските инвеститори.  Пред неколку недели беше донесена одлуката за давање под концесија на ТИРЗ Тетово на норвешката компанија „Нормак инвестмент груп“, која ќе управува со просторот во наредните 96 години, а за индустриските зони во Струга, Ранковце и Струмица е предвидено да започне постапката за изградба во претстојниот период.



#
Објавено на 21.02.2013 во категорија Вести.

Тагови: Индустриски, Индустриски зони, Прима Инженеринг, Радовиш, Тендери и лицитации, ТИРЗ Радовиш


http://www.build.mk/?p=23066
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1901
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Feb-2013 at 00:26
Супер одлична новост ,но што е со инфраструктура кон сите зони ? Автопати, железнички пристап ?
И дали Македонија навистина има толкав потенцијал да привлече толку инвестиции за да се наполнат овие зони што ги градиме ?
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 01-Aug-2014 at 12:57
Почнува изградбата на технолошка индустриска зона во Радовиш



Во Радовиш денеска ќе почне изградба на нова технолошка индустриска развојна зона.
Во Радовиш денеска ќе започне изградбата на нова технолошка индустриска развојна зона. Според планот предвидено е таа да се гради на површина од 10 хектари.

Во текот на месецов треба да биде поставен камен темелник и за изградба на ТИРЗ Струга, а во тек е тендер за избор на компанија која ќе ги изврши градежните активности за изградба на ТИРЗ Ранковце.

Владата донесе одлука и за основање технолошко индустриски развојни зони во Берово и во Виница. Со тоа се заокружуваат 14 од 15-те предвидени ТИРЗ во Програмата за работа на Владата. Според најавите, Владата, треба да донесе одлука за основање на ТИРЗ и во Делчево.

http://vesti.mk/read/news/2707501/919436/zapochnuva-izgradbata-na-tirz-radovish

Edited by jyvation - 23-Oct-2014 at 11:59
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 01-Aug-2014 at 12:59
Еве најдов и неколку слики..





Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 29-Aug-2014 at 15:11
Нека стојат и овие..











Edited by jyvation - 29-Aug-2014 at 15:11
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 17-Sep-2014 at 12:01








Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 04-Nov-2014 at 19:53




Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.