Индустриски објекти и зони (општо) |
Post Reply | Page <1 2425262728 35> |
Author | |||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #501 Posted: 08-Feb-2016 at 13:25 | ||
Видете, привлекувањето на т.н. странски инвестиции и индустриски зони во градовите е дел вмровскиот проект за поробување на Македонија. Се работи за изградба на еден недемократски систем на владеење, кој има потпора во акумулирање на целокупниот капитал во економијата. Ставање на капиталот под прангите на власта. Јас ВМРО инвестициите ги гледам на следниов начин, хиерархиска пирамида поделена на три дела:
1. Врвот на пирамидата - Архитектот на Скопје, а наскоро и на Охрид, заедно со своите најблиски членови и една серија на големи компании што ги контролираат сите бизниси во земјата. Купување на сите поголеми и надежни компании, милом или силом (процесот се одвива, во тек е!) и ставање под директна контрола и поседување на власта. Плати на вработени - натпросечно високи; Домен на активности - привидно легален; Годишна заработувачка - боли глава! 2. Државна администрација - втората полуга на контрола на вмровскиот систем. Државен систем сочинет од превработени, партиски кадри, заслужни за лепење плакати и вршење на криминогени работи на оние што се наоѓаат на врвот на пирамидата. Професионални кадри во администрацијата - робови што треба да ги извршуваат секојдневните активности на власта. Плата - средна, работа - загарантирана, финансирање - странски кредити! 3. Дното на пирамидата - најголем дел од вмровскиот систем. Странски инвестиции во индустриски зони, обилно финансиран од државниот буџет. Во овие индустриски објекти може да се вработи секој, бидејќи се бараат робови по примерот на Бангладеш, Виетнам и слични земји што егзотично ни звучат. Платата во зони ниска, на самата граница на просекот, а често и под неа. Паралелно со овие објекти од зоните, во долната група на вмровскиот хиерархиски систем влегуваат сите мали и микро домашни претпријатија, и сите креативни занимања, општествените-политичките професии кои со својата критика можат да ја загрозат власта. |
|||
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4190 |
Quote Reply #502 Posted: 08-Feb-2016 at 13:57 | ||
Navigator трк до трафика да си го купиш најновиот број на Капитал и да ја прочиташ насловната страна само.
"Домашните бизнисмени инвестираат ДВА пати повеќе од странците" Или да ти преведам во бројки: 486,8мил. евра бруто странски директни инвестиции во 2014 965,2мил. евра домашни инвестиции, нели кога ќе се одземат од вкупната сума на приватни инвестиции во основни средства за 2014-та година. |
|||
Navigator
Senior Member Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
Quote Reply #503 Posted: 08-Feb-2016 at 14:18 | ||
|
|||
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #504 Posted: 08-Feb-2016 at 16:25 | ||
И овде како и секаде гледаме и читаме постови на очајници кои по секоја цена се обидуваат и најпозитивната работа да ја оцрнат. Не поминува тоа момци. Особено ова важи за партиски активисти или платеници. Луѓето кои работат во зоните, работат по свој избор и тоа веројатно било најдоброто што во моментот им се нуди. Оние кои не им чини или не се нафаќаат или си заминуваат. Битно е да има поголема понуда на пазарот на трудот само така ќе се подобрат и условите за работниците. Баграта која пред оваа власт владееше и која не само што ги уништи скоро сите фирми и што остави 40% невработеност , туку и бараше лична провизија од потенцијалните странски инвеститори па така во тоа време немаше ни И од инвеститори со исклучок на оние со кои се направи добра зделка за продавање на државни компании. Е сега истата таа багра критикува зошто платите се 12 илјади денари а во нивно време имавме плати со по 6 илјади денари и тоа луѓето работеа и викенди по 12 саати а ако не ти чини веднаш надвор затоа што имаше огромен број на луѓе кои се молеа и за тие 6 илјади денари да работат. Сега малку работите се поинакви работник не е толку лесно да се најде а и самите работници малку си ги отворија очите. Па така ако во времето на владеење на БАГРАТА луѓето не ни знаеја што е тоа да бидеш осигурен, што е тоа да имаш платен одмор, што е тоа К15 денес малку подруго гледаат на овие работи. Секако дека треба уште многу работа за да се оправи ПУСТОШОТ оставен од БАГРАТА но ФАКТ е дека сме на добар пат.
|
|||
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4190 |
Quote Reply #505 Posted: 08-Feb-2016 at 16:46 | ||
Какви идеи бе?Ти посочувам факти да видиш кој колку инвестира а кој колку добива. Иди види ги зонине Пинтија или Визбегово.Немаат водовод,канализација и ред други работи. Пред некој ден ја прошетав цела зона Визбегово.Па нема по мизерни услови од таму.Самите си направиле пристапен пат, си поплочиле со бекатон самите сопственици. |
|||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #506 Posted: 08-Feb-2016 at 16:59 | ||
Kultuzin,
мене не ми е гајле за твоите хвалопојки за власта. Јас само два индикатори ќе ти дадам. Платата во времето на владеење на твојата партија во овие 10 години е зголемена во просек за 759 денари, или што ќе рече во една година истата е поголема за 75,9 денари. Вториот индикатор е дека нееднаквоста помеѓу оние кои имаат многу, а рапидно нивното богатство и понатаму се зголемува, и оние кои немаат ништо, а рапидно нивното севкупно богатство се намалува, се ЗГОЛЕМУВА и воедно претставува најголема нееднаквост на европско ниво. За сето ова можам да ти изнесам податоци. Во сите овие околности, неспособната власт би била подобро да им каже на луѓето дека можат да си заминат од земјата, и да си го бараат лебот во странство отколку што продава скапа пропаганда на нив. Не за друго, скапо нив ќе ги чини порано или подоцна. А дека денеска можеш да преживееш ако си невработен, тоа можеш. Можеш да си го издаваш својот стан преку интернет, можеш да работиш преку интернет, а официјално да се водиш како невработен. И пази уште нешто, така би земал и поголема плата од она што го нудат во зоните. И за на крај, тие стотици милиони евра што се истураат по наводни странски инвестиции што ќе ја препородат земјава требаше да се инвестираат во нешто корисно. Нешто како туризам, ИТ сектор, развој на органско производство на земјоделци, развој на сектор енергетска ефикасност, развој на сектор зелена енергија. Со малку писменост, ќе се сфати дека во светот во моментов се влече кон развој токму кон овие сектори. Тоа екс-социјалистичко мантрање за отворање на фабрики, и тоа грото од нив за полупреработени производи, во моментов води кон хиерархиската пирамида за која веќе пишав погоре. Целта е јасна: да се создаде земја на робови! |
|||
Dexter26
Senior Member Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
Quote Reply #507 Posted: 08-Feb-2016 at 17:18 | ||
Ова последново за создавање на земја на робови можеби функционирало пред 100 години ова време. Но денес, планираните робови станувааат непланирани мигранти кои си ги пакуваат парталите и фаќаат џаде во еден правец - надвор од државата. Трагично е тоа што испразнетите градови и села допрва ќе бидат населени со странци кои со тек на време ќе станат мнозинство, а овие големиве привлекувачи на странски инвестиции ќе си ги прчат меѓуножјата и ќе се расфрлуваат со украдените пари од македонскиот народ таму некаде - Чешка, Белизе, Бразил, Кариби, Панама и бројни други држави кои често се спомнуваат како прибежиште за криминалците од Балканот. Edited by Dexter26 - 08-Feb-2016 at 17:20 |
|||
Navigator
Senior Member Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
Quote Reply #508 Posted: 08-Feb-2016 at 17:24 | ||
|
|||
Navigator
Senior Member Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
Quote Reply #509 Posted: 08-Feb-2016 at 17:44 | ||
|
|||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #510 Posted: 08-Feb-2016 at 18:15 | ||
04.01.2016, 17:33
ЗА ШЕСТ ГОДИНИ ПЛАТИТЕ ПОГОЛЕМИ ЗА САМО 759 ДЕНАРИ Во октомври лани просечната плата изнесуваше 22.213 денари, или 361 евро, а на крајот на 2010 година била 21.454 денари Маја ТомиЌ Просечните плати тапкаат во место - додека од една страна секојдневните трошоци се зголемуваат, граѓаните со примањата се' помалку можат да врзат крај со крај во месецот, бидејќи нивниот раст ни оддалеку не го следи порастот на трошоците. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС, просечната плата лани во октомври изнесувала 22.123 денари или 361 евро, што било повеќе за 2,3 отсто во однос на истиот месец една година претходно. Во последните шест години речиси се незначајни зголемувањата на платите во државата. Односно, последната статистички пресметана просечна плата за октомври минатата година е за само 759 денари или околу 12 евра повеќе од онаа исплатена во декември 2010 година. Платите на крајот на 2010 изнесувале 21.454 денари. Една година подоцна, во декември 2011, исплатената просечна плата во државава била малку пониска, 21.415 денари, во истиот месец 2012 симболично поголема, или 21.469 денари, во декември 2013 стасала до 21.500 денари, а на крајот на 2014 изнесувала 22.407 денари или 364 евра. Како и досега, највисоките плати во државава се исплаќаат во енергетскиот сектор, финансиските дејности, телекомуникациите, здравството и рударството, каде што просекот на платите се движи меѓу 25 илјади денари и 40 илјади, а кои во последните три години се зголемиле за повеќе од 30 отсто. И во годината што заврши, според ДЗС, повторно највисоки просечни плати биле исплатени во рударството, во снабдувањето со електрика и гас, во информатичката дејност, телекомуникациите, финансиите, компјутерското програмирање, каде што платите се движеле меѓу 28.000 и 50.000 денари месечно. Во споредба со октомври 2014 година, или за една година, зголемени плати се регистрирани во рударството, за 6,6 отсто, во финансиските дејности, за 2,8 отсто и во преработувачката индустрија за 2,3 отсто. Но, значително за овој период од една година скокнале просечните плати во филмската дејност, продукција и видео и ТВ-програми. Дури за 24,5 отсто, како и во спортските, забавните и рекреативните дејности чии плати за една година скокнале за цели 158,1 отсто. Според анализите на Сојузот на синдикатите на Македонија, 9 отсто од сите вработени во државава, кои ги има околу 700.000, земаат плата меѓу 20 и 30 илјади денари, а само 2,3 отсто над 30.000 денари. Најголемиот дел, или повеќе од 70 отсто работат за помали плати од државниот просек. Откако се донесе Законот за минимална плата пред четири години, најголем дел од компаниите се придржуваат до законскиот минимум и на вработените им исплаќаат околу 200 евра минималец, сума со која ни оддалеку не може да се намират месечните давачки. Според минималната синдикална кошничка за најосновните потреби, на едно четиричлено семејство му се потребни најмалку 32.000 денари, или околу 500 евра месечно, при што дури 74 отсто од нив одат за сметки и за минимални потреби за храна. Во кошничката се внесени основните потреби за храна, пијалаци, облека, домување, лекување, превоз, култура и забава на едно домаќинство кое живее во стан од 60 квадратни метри и нема автомобил. На граѓаните не им значат многу статистичките пресметки и анализи и поголемиот дел од нив кои земаат просечни плати коментираат дека живеат полошо од пред неколку години. „Бројките се едно, реалноста нешто сосема друго. Работам во приватна фирма и платата ми е истата како и пред десет години кога се вработив. Се сеќавам како живеев тогаш, а знам како живеам денес. Порано со мојата плата и со приходот од сопругот, кој исто така работи во приватна компанија, ги плаќавме редовно сметките, купувавме доволно храна, одевме на годишен одмор..., сега парите не ни стасуваат ни до 10-ти во месецот и редовно доцниме со плаќањето на сметките“, вели А.Т. од Скопје. Извор: Утрински весник, http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=D0FAB6AC50EE54449CEDA5DE4762C0A8&commentID=673719&pLikeVote=1 |
|||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #511 Posted: 08-Feb-2016 at 18:19 | ||
И да не им оставам простор на пропагандистите, новата методологија на статистика, разлики помеѓу бруто и нето-плата е воспоставена во 2010 година:
Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година ја примени новата Национална класификацијана дејностите (НКД Рев.2) за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатената бруто и нето - плата. Месечните индекси на просечната исплатена бруто и нето-плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2). Извор: Стопанска комора на Македонија, http://www.mchamber.org.mk/(S(yujabeqg5cmrob55423tns45))/default.aspx?mId=55&evt=1&lId=1&ContentContainer5$ctl00_page=1&evId=10524 |
|||
Navigator
Senior Member Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
Quote Reply #512 Posted: 08-Feb-2016 at 18:28 | ||
Батали методологија и концепт на бруто плата. Тоа е релевантно само за износот на бруто платата, не за нето платата. Колку исплаќала фирмата е небитно за овој муабет, туку колку земал вработениот. Фактот останува: работниците во 2006 земале просечна плата од 13,600 а во 2015 земале 22,000.
|
|||
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2601 |
Quote Reply #513 Posted: 08-Feb-2016 at 19:40 | ||
Да, затоа што имаш 50к+ во администрација и покачени плати во истата. Каква е статистиката во приватниот сектор ако може инфо? Еве ја првпат ко се вработував земав 200е. Денес после 11.5 години гледам дека во струката (графички дизајн и сл.) се нема мрднато ни чекор. Истата плата се нуди. ---------- А основна плата чинам се однесува на нето, а не на почетна плата. Колку и би можела да му се покачи за 3 месеци колку што вели времетраењето на договорот. Еве и да му продолжат р.о., што на 500 да не ќе му ја качат? |
|||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #514 Posted: 09-Feb-2016 at 02:32 | ||
а што точно се има сменето на пазарот за труд?
|
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
Navigator
Senior Member Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
Quote Reply #515 Posted: 09-Feb-2016 at 09:49 | ||
Во однос на статистиката, ваква е ситуацијата во 2015: Просечна нето плата за 2015 во сектор ЈАВНА УПРАВА И ОДБРАНА; ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ - 25929. Во исто време, ФИНАНСИСКИ ДЕЈНОСТИ И ДЕЈНОСТИ НА ОСИГУРУВАЊЕ - 39647, ИНФОРМАЦИИ И КОМУНИКАЦИИ - 34854, СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ГАС, ПАРЕА И КЛИМАТИЗАЦИЈА - 36866. Има уште 15-16 други дејности. За жал немам податок за платата во 2006 по дејности. Како и да е, едноставната пресметка вели дека од 13600 до 22000 има пораст од 61,8%, му се допаѓало тоа некому или не. Околу договорот и основната плата. Секако дека нема да му ја покачат платата од 200 на 500 евра за 3 месеци. Убаво напишав погоре, пракса на западните фирми е да применуваат концепт на почетна плата. На тој начин фирмата си дозволува порелаксиран процес на селекција на кандидати бидејќи обезбедува период од 3, 6, 12 месеци за "докажување" на нововработениот. И тоа е фер според мене. Особено за странски фирми кои сеуште не знаат на што ќе налетаат на пазарот на труд овде. Се покаже ли кандидатот, добива подолг договор и повисока плата со можност за покачување. Наспроти тоа, во најголем дел од домашните фирми платата останува иста по 10-15 и повеќе години. |
|||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #516 Posted: 09-Feb-2016 at 10:45 | ||
Платата од 2010 до 2015 година е зголемена за само 759 денари во просек според податоците на Државниот завод за статистика, кој и онака е орган на власта за фалење и воспевање на нејзините успеси.
Во недемократски режим официјалните податоци се поим за кој може да дебатираме, па да намалуваме или зголемуваме бројки. Јас така ги доживувам оние што ти ги воспеваш дека ќе им овозможат подобро утре на граѓаните. А за тоа колку е добро во Македонија има една студија на левичарското движење „Солидарност“ (кој не е меродавен извор, против власта е, а ти и Сител сте меродавни нели). Еве ја студијата: Богатството и сиромаштијата во Македонија 2008-2012 година, http://www.solidarnost.mk/wp-content/uploads/2014/09/studija_2008_2011.pdf |
|||
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #517 Posted: 09-Feb-2016 at 11:44 | ||
Колку беше просечната платата 2005?
|
|||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #518 Posted: 09-Feb-2016 at 11:47 | ||
@navigator
во економскиве нишки генерално се согласувам со тебе, но воопшто не е произволна проценка дека во овие 10 години јавниот сектор е напумпан без преседан. Немам време да барам конкретни податоци но таквите ги има. Всушност, човек треба да биде фер пред себе бидејќи ова е очигледно. Во коалиција со рамковна македонија, имаме еден голем дел од популацијата која паразитски живее на грбот на нас, плаќачите на данок. Најголемиот минус, особено што се работи за десничарска влада која номинално прокламира пазарна економија, во однос на економските прашања е токму тој барем за мене. Овој народ е научен некој друг да се грижи за него а ваквите мерки само го охрабруваат да бара уште, се додека не ни се случи Грција. Растот на просечните плати дефинитивно беше воден од растот на платите во јавната администрација. За жал многу луѓе се наградија за нивната неработа. Продуктивноста на јавната администрација е комплетно непропорционална со платите кои таму се зимаат. |
|||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #519 Posted: 09-Feb-2016 at 11:49 | ||
За сите „падавичари“... еве ви една приказна од Америка
http://www.theverge.com/2016/2/8/10937076/tesla-gigafactory-battery-factory-nevada-tax-deal-elon-musk Edited by pbanks - 09-Feb-2016 at 11:50 |
|||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #520 Posted: 09-Feb-2016 at 11:53 | ||
Една работа се идеолошки уверувања (не во баналната смисла ВМРО или СДСМ туку вистински идеолошки уверувања врз база на систем на вредности) и да сметате дека ова што се прави не е фер, платите не се фер итн... Животот не е фер. Правилата на игра се тие и човек треба да извлече максимум од тоа што може. Edited by pbanks - 09-Feb-2016 at 11:54 |
|||
Post Reply | Page <1 2425262728 35> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |