build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Индустриски објекти и зони (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Индустриски објекти и зони (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 293031
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11500
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #601 Posted: 28-Mar-2017 at 17:28
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11500
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #602 Posted: 14-Apr-2017 at 19:38
Прилепска пиварница (фотографијата е преземена од нивната фејсбук страница)

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11500
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #603 Posted: 11-May-2017 at 09:23
Индустриска зона Бунарџик и скопскиот аеродром



Рафинерија Окта



фото: https://500px.com/martin_dimitrievski
За сè има вторпат
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 469
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #604 Posted: 18-Aug-2017 at 16:57
Български инвестиции за милиони в Скопие – стартират нови мегапроекти, участие има и хазартният бизнес

Няколко седмици след договора за добросъседство между Македония България, огромни български инвестиции се насочват към Скопие.

Българи купиха панаирния град в Скопие и започва строеж на голям български мол на околовръстен път. Компания от хазартния сектор пък придоби един от корабите в центъра на Скопие, монтиран на р. Вардар, за да го превърне в модерна европейска игрална зала.

http://www.bitelevision.com/balgarski-investitsii-za-milioni-v-skopie-startirat-novi-megaproekti-uchastie-ima-i-hazartniyat-biznes/



Антички хазартен кораб ,,Бугарски Брод ,,
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #605 Posted: 20-Aug-2017 at 16:25
Пирински Брод, за да биде поприфатливо за двете страни
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8871
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #606 Posted: 20-Aug-2017 at 17:44
Originally posted by Galileo


Българи купиха панаирния град в Скопие и започва строеж на голям български мол на околовръстен път. Компания от хазартния сектор пък придоби един от корабите в центъра на Скопие, монтиран на р. Вардар, за да го превърне в модерна европейска игрална зала.


мене ме интересира овој дел. Мислам дека пред едно 1-2 години проструи ваква информација, сега втор пат налетувам на нејзе.

Ако налетате на повеќе детали, споделете.

Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 458
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #607 Posted: 21-Aug-2017 at 11:33


Република

Бугарите знаат како се прави добар мол. Се надевам ќе излезе нешто од најавиве.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8871
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #608 Posted: 21-Aug-2017 at 12:57


Да таа е веста, но ете, 2015 па сега прв пат се спомнува. Затоа ме интересира повеќе...

Се слагам со тебе, Бугарите имаат добро искуство веќе со молови, може да очекуваме нешто добро.
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #609 Posted: 21-Aug-2017 at 14:06
Дали воопшто почна да се гради тој мол?Мислам се гледа дека линкот е од пред 2 години од тогаш ништо се нема спомнато за тоа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11500
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #610 Posted: 23-Oct-2017 at 21:58
На автопатот Скопје-Тетово, кај патарината Желино

За сè има вторпат
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #611 Posted: 11-Dec-2017 at 10:39
http://www.porta3.mk/arhitektura-vo-dopir-so-prirodata/
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #612 Posted: 20-Mar-2018 at 15:00

Тинекс чекор пред другите и со логистиката

19 март 2018 - 21:19

Нестор Печевски својата професионална биографија ја гради низ различни работни искуства сè до 2004 година, која се покажува како клучна година за неговата кариера. Имено, во 2004 година тој се вработува во компанијата „Тинекс". По девет години работа станува директор за логистика на „Тинекс" и е одговорен за тим од вработени што постојано се менува и расте, пропорционално со зголемувањето на обемот на работа и порастот на компанијата. Моментално, неговиот тим брои околу 40 луѓе, но овој број во периодот што доаѓа значително ќе порасне со оглед на тоа што пред него е уникатен предизвик – поставување на работата на првиот логистички центар на еден трговски синџир во Македонија. Токму најавата на новиот логистички центар на „Тинекс" ја искористивме за да поразговараме со Печевски за неговите размислувања околу промените што ќе ги донесе тој.

Во изминативе неколку години, откога сте на позицијата директор за логистика на „Тинекс", кои беа најголемите предизвици со кои се соочувавте?

Земајќи го предвид периодот во кој се наоѓам на позицијата директор за логистика, заедно со моите колеги и членови на тимот, се имам соочено со многу предизвици од различен карактер. Видот и тежината на овие предизвици зависеле од надворешни и од внатрешни фактори, кои биле актуелни во даден момент. Но, сепак, постојат предизвици кои имаат подолгорочен карактер и на кои постојано сме посветени, а тука, секако, би ја издвоил континуираната потреба да се одговори на потребите на пазарот, кои постојано се менуваат, и да се адаптира начинот на работење според актуелните трендови, а, сепак, да се задржат традиционалните принципи во работењето, на кои се темели нашата компанија.

Логистички центар на „Тинекс"
I фаза
- површина: 12.000 м2
- инвестиција: 8 милиони евра
II фаза
- површина: 10.000 м2
- инвестиција: 6 милиони евра

На 15 февруари, со конференција на која беа присутни голем број од вашите снабдувачи, беше најавен и презентиран новиот логистички центар на „Тинекс". Кога беше донесена одлуката за негова изградба и на што се базираше таа?

За компанија како „Тинекс", каде што логистиката и дистрибуцијата се едни од аспектите кои имаат суштинска улога во работењето, одлуката да се направи посебен логистички центар, кој во иднина треба да го претставува „мозокот" за логистика во компанијата, не е чекор што може да се донесе за еден месец или година. Оваа одлука е плод на долгогодишно планирање, креирање стратегии за развој и изнаоѓање начини за нивно остварување, како и соработка со надворешни консултанти и експерти. Официјалното започнување на изградбата на објектот беше во 2015 година, но самите почетоци на проектот датираат од поодамна.

Со оглед на тоа што вашата примарна дејност е трговијата, односно малопродажбата, претпоставувам дека сте ангажирале консултанти при реализирањето на новиот проект. Кои луѓе и/или компании Ви помогнаа и на кој начин?

Да се биде во тек со актуелните трендови и промени во бизнисот и економијата претставува важна цел на која треба да се фокусира секоја компанија за да остане конкурентна и успешна. „Тинекс" континуирано ја негува традицијата за професионална соработка со различни поединци или компании кои се спремни да го споделат своето експертско знаење со компании што се желни за напредок. Иако имаме повеќе долгогодишни соработници, како соработник кој имаше позначајна улога за проектот ќе го споменам господинот Пиетер Вос од Холандија. Пиетер инаку работел како логистички менаџер и консултант на водечки компании во многу земји, како што се „Метро", „Шпар", „Теско", „Ахолд", „Фози груп", „Плус Дисконт", „Проктер & Гембл" итн., па затоа неговата експертиза во малопродажбата и во логистиката најде примена и кај нас.

Можете ли да ни кажете повеќе детали за самиот логистички центар?

Центарот се наоѓа во индустриската зона Чојлија, во општината Петровец, и претставува инвестиција вредна 8 милиони евра. Засега е завршена првата фаза од проектот на 12.000 квадратни метри магацински простор и галерија. Во втората фаза од проектот е планирано да се изградат уште 10.000 квадратни метри, со што се очекува да бидат вложени уште 6 милиони евра. Со овој капитален објект „Тинекс" стана првиот синџир на супермаркети во Македонија што располага со современ логистичко-дистрибутивен центар. За да ја обезбедиме најдобрата можна услуга, во центарот го имплементиравме еден од најсофистицираните компјутерски и логистички софтвери во моментот, т.н. G.O.L.D софтвер.

На конференцијата кажавте дека планот е 90% од целокупната достава во вашите маркети да се остварува преку вашиот дистрибутивен центар. До каде сте со подготовките и со комплетирањето на тимот? Кога се очекува центарот да почне со работа?

Логистичкиот центар од неодамна почна со работа. Секако, активностите сè уште се на почеток и центарот не работи со сиот свој капацитет и можности. Со цел да се задржи континуитетот во работењето и да се извршуваат сите тековни активности без поголем застој или прекини, процесот на започнување на работа на логистичкиот центар го поделивме во неколку фази. На тој начин постепено ќе се изврши преминот кон новиот начин на функционирање. Засега, логистичкиот центар работи со околу 20% од својот капацитет, но се очекува овој процент за неколку месеци двојно да се зголеми. Пропорционално со зголемувањето на обемот на работа ќе се зголемува и бројот на вработени во логистичкиот центар.

Логистичкиот центар од неодамна почна со работа. Секако, активностите сè уште се на почеток и центарот работи со околу 20% од својот капацитет, но се очекува овој процент за неколку месеци двојно да се зголеми.
Какви се првичните реакции на вашите снабдувачи, кои досега сами доставуваа до секој од вашите маркети?

Софтверот за работа WMS, кој ќе се применува во логистичкиот центар, е преземен од страна на нашата компанија со цел да им ја олесни работата на сите учесници во дистрибуцијата. Тој носи предности и за двете страни – и за нас како компанија, но и за нашите партнери, снабдувачи. Затоа, беше сосема очекувано што првичните реакции на нашите соработници и колеги беа позитивни и прифатени со голема поддршка. Оставам времето да покаже бидејќи е сè уште рано да донесеме генерални заклучоци за импресиите и ефектите од целиот проект.

Што очекувате, кои би биле најголемите придобивки за вас од централниот логистички центар?

Сегашниот модел за дистрибуција и логистика носи низа недостатоци, како помала контрола на текот на стоката, помала контрола на трошоци и загуба на пари, слаба контрола на квалитет и квантитет на испорака, слабости при комуникација со снабдувачите, поради големиот број конекции и, најважно од сè, големо количество на залиха на производи, што директно значи загуба на пари.

Со централизираниот логистички пристап во дистрибуцијата се решаваат или барем се намалуваат овие и други проблеми и се отвораат нови решенија кои нудат промени во стереотипите за малопродажбата. Дополнително се зголемува продажниот простор во маркетите, се подобрува ликвидноста во дистрибуцијата и работењето и се овозможува подобро следење на резултатите и перформансите. Сите овие предности придонесуваат да се зголемат ефикасноста и ефективноста во работењето на системот на снабдување, логистика и дистрибуција.

http://vecer.mk/ekonomija/tineks-chekor-pred-drugite-i-so-logistikata
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11500
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #613 Posted: 23-May-2018 at 15:34
Отворена прва фабрика за фотоволтаици во Македонија

Отворена е првата фабрика во Македонија за производство на фотоволтаични соларни и термални панели, домашна инвестиција на компанијата Пиксел груп во партнерство со Солар пауер.

Во новиот капацитет на површина од 1.500 метри квадратни, лоциран во кругот на поранешната фабрика „Раде Кончар“ во Скопје, ќе се произведуваат 20 мегавати годишно фотоволтаични панели.

– Ако во Македонија досега се инсталирани 18 мегавати за последните 10 години, ние во Пиксел сме во можност без проблем да произведеме 20 мегавати за една година. Доколку пазарот побара повеќе со мала интервенција за максимум три месеци можеме да го удвоиме капацитетот на 40 мегавати годишно, рече денеска на отворањето на фабриката Горан Паунов, генерален директор на Пиксел Груп.

Тој најави дека до крајот на годината ќе инвестираат пет милиони евра, и оти бројот на веќе ангажираните 20 вработени ќе се зголемува зависно од потребите за воведување двосменско и трисменско работење.

https://plusinfo.mk/%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%B1%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D1%82%D0%B0%D0%B8%D1%86/
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1572
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #614 Posted: 24-May-2018 at 08:56
Едвај чекам да ги видам техничките карактеристики на панелите и продажни цени.
Нешто повеќе за сопствениците, претходни фирми?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1823
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #615 Posted: 24-May-2018 at 09:30
За мене е интересно што нема да произведуваат само фото волтажни панели туку и електротермален панел односно PVT , иако имаат помала ефикасност од обичниот термален панел овие имаат друга одлика која ја зголемува ефикасноста на фото волтаикот притоа произведувајќи топла вода како нус производ. 
И јас би сакал да ги знам цените за KW/H инсталирана моќност.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1018
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #616 Posted: 09-Jul-2018 at 07:40
Во Петровец-Алуформ Брути(превземено од фб)









Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #617 Posted: 10-Jul-2018 at 20:22
Фабриката за флаширање вода Maya во финалистите Architizer Awards. Може да се гласа

https://vote.architizer.com/PublicVoting#/2018/architecture/commercial/factories-warehouses
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11500
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #618 Posted: 13-Jul-2018 at 11:54
Telamon to invest €4m in Macedonia plant

Telamon is planning to invest €4m to open a plant in Macedonia. The new plant will create 300 jobs in first five years of operation. Telamon Europe Macedonia DOOEL Skopje will produce coupling machines, automatic cable cutting machines, tapes and machines for cutting and closing. The US company has international facilities in China and Mexico. This new location in Macedonia will be its European headquarters.


http://cijeurope.com/en/encompassme-europe/31830/story/telamon-to-invest-4m-in-macedonia-plant
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 293031

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.