build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Индустриски објекти и зони (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 33>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 22-Nov-2011 at 16:37

Австриската фирма Текспорт ќе гради фабрика за текстил во Виница

Австриската%20фирма%20Текспорт%20ќе%20гради%20фабрика%20за%20текстил%20во%20Виница

Австриската фирма Текспорт ќе ја гради својата трета фабрика за производство на работна облека за заштита од вода и од пожар во Македонија, овој пат во Виница. Оваа компанија од Салцбург веќе има две фабрики, во Скопје и во Кочани, во кои вработува околу 400 луѓе. Во Македонија работи од 1999 година.

„Во Скопје имаме фабрика, која во 1999 година имаше 60 вработени, а сега 200. Втората фабрика во Кочани има 200 луѓе. И во Виница ќе има околу 200 вработени. Во Виница ќе инвестираме 800.000 до еден милион евра. Земјиштето веќе го купивме и ќе почнеме да градиме. Очекувам фабриката да почне со производство кон крајот на 2012 година“, изјави Отмар, Шнајдер, сопственик на Текспорт.
Тој е задоволен од потенцијалот и техничкото знаење на работниците за да произведуваат вискоквалитена и високотехнолошка опрема и тоа бил клучниот фактор поради кој решил да инвестира во уште една фабрика во Македонија.

„Многу сум задоволен со човечките ресурси во производство. Треба луѓето да се квалификуваат за натамошниот развој на бизнисот. Во мојата компанија во Македонија спроведуваме тренинг програма за апсолвентите од текстилните факултети. Две години трае обуката на луѓето, кои потоа заземаат клучни позиции во компанијата и може да ги тренираат другите луѓе“, изјави Шнајдер.

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/76599/avstriskata_firma_teksport_kje_gradi_fabrika_za_tekstil_vo_vinica.aspx
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 23-Nov-2011 at 23:09
BASF Mulling Bulgaria for Major Industrial Investment - Report

German chemical corporation BASF is surveying five countries as the potential location of a major new industrial plant, reports say.

The new BASF factory in question is supposed to produce catalysts for cars and trucks, the Bulgarian paper Capital Daily reported Wednesday night.

The paper points out that BASF Bulgaria, the local subsidiary of the German giant, is only dealing with commercial activities for the time being.

The report whose sources have not been mentioned reveals that Bulgaria is in competition with Romania, Slovakia, the Czech Republic, and the Former Yugoslav Republic of Macedonia for the potential BASF investment.

BASF is expected to pick one of the five states by the end of the first quarter of 2012.

Valentina Dikanska, head of the Finance and Administration department of BASF Bulgaria, is quoted saying that Bulgaria is on the BASF list for potential smaller-scale manufacturing investments of EUR 5 M to EUR 50 M.

However, she has refused to confirm or deny the report that Bulgaria is shortlisted for the new BASF factory.

Dikanska has pointed out that macroeconomic stability and qualified labor as Bulgaria's main advantages in attracting foreign investments.

BASF has been on the Bulgarian market since 1968 when it opened a commercial representation in Sofia. BASF sells in Bulgaria high-tech chemical products for industry and agriculture.


http://novinite.com/view_news.php?id=134222
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 24-Nov-2011 at 00:34

Македонија во конкуренција со 4 земји за голема инвестиција на БАСФ


http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/11/23/basf1.jpg

Германската хемиска корпорација БАСФ врши проценка на пет земји, меѓу кои и Македонија, како потенцијална локација за нов голем индустриски погон.


Новата фабрика на БАСФ би требало да произведува катализатори за автомобили и камиони, јави бугарскиот дневник „Капитал.“ Како што е познато, британската компанија „Џонсон Мети,“ во технолошката и индустриска зона Бунарџик во близина на Скопје, произведува слични катализатори, исто така, за автомобили.


Информацијата, чии извори не се наведени, открива дека во конкуренција, како локации за потенцијалната инвестиција, се Македонија, Романија, Словачка, Чешката Република и Бугарија, .


БАСФ се очекува да избере една од овие пет држави во првиот квартал од 2012 година.


Валентина Диканска, шеф на одделот за финансии и администрација на БАСФ Бугарија, изјави дека земјата е на листата на БАСФ за помала потенцијална инвестиција во износ од 5-50 милиони евра. Диканска, сепак, одби да ги потврди или да негира информациите дека Бугарија и другите земји се на скратената листа на локации за нова и далеку поголема фабрика.


БАСФ на бугарскиот пазар е од 1968 година кога отвори претставништво во земјата. Компанијата продава висококвалитетни хемикалии за индустријата и земјоделството.

http://www.plusinfo.mk/vest/23828/Makedonija-vo-konkurencija-so-4-zemji-za-golema-investicija-na-BASF

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 30-Nov-2011 at 12:17

Продадени пет локации за винарници во Неготино

Од вкупно 41 локација кои Владата ги продава по едно евро за метар квадратен за изградба на винарници во Кавадарци, Неготино, Росоман, за кои имаше јавни наддавања, продадени се пет локации во Неготино.

Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, купувач на една од локациите е фирмата Балкан тим, една локација купило лицето Војислав Младеновиќ, две Далибор Лазов и две локации Русинот Зибрак Игор Генрихович.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/76978/prodadeni_pet_lokacii_za_vinarnici_vo_negotino.aspx?iId=2483
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 30-Nov-2011 at 18:55

Турска компанија ќе инвестира во Охрид

Среда, 30 Ноември 2011 17:13

Холдинг компанијата „ Абит Јапи“ од Турција е заинтересирана за инвестирање во Охрид во повеќе сектори , а првата инвестиција би била , оторање на  фабрика за ПВЦ- столарија. Ова беше најавено на денешната средба со градоначалникот Александар Петрески на која претставниците на турската компанија Рефик Санле и Рамазан Ѓоксу рекоа дека фабриката можат да ја отворат со купување на дел од фабриките во Охрид или да изградат сосема нов објект.

Градоначалникот Александар Петрески рече дека возможно е да се најде постојан објект од фабриките , кој  можат да го откупат и да го адаптираат за ново производство. На средбата , градоначалникот Петрески им  понуди и слободни локации за инвестирање и во други сектори.

Турските бизнисмени пројавија првичен интерес за изградба на голем затворен трговски центар , за кој веќе е определена локација и инвестицијата може брзо да се реализира.

http://bukvar.mk/news/turska-kompanija-kje-investira-vo-ohrid?newsid=fW_m

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 01-Dec-2011 at 11:58
Нова странска директна инвестиција од 2 милиона евра во oпштина Илинден

Скопје, 1 декември 2011 (МИА) - Холандската компанија „Хавеп Импех“ ќе инвестира два милиони евра во производство  на професионална, индустриска и заштитна облека во општината Илинден, кај Скопје. 

Земјиштето, со површина од 7.239 метри квадратни, на кое ќе се гради фабриката компанијата го купи на електронско јавно наддавање за градежно земјиште сопственост на Република Македонија. Договорот денеска ќе биде потпишан со градоначалникот на општината Жика Стојановски.

Фирмата „Хавеп Импех“ се занимава со производство на професионална, индустриска и заштитна облека изработена од високо квалитетни текстилни ткаенини. Оваа компанија наредниот период во општина Илинден ќе реализира инвестиција од 2 милиона евра, во првата фаза, при што ќе бидат отворени сто нови вработувања, со перспектива за двојно зголемување на капацитетите.

Од општина Илинден информираат дека следејќи ја определбата на Владата на Република Македонија за зголемен економски раст, продолжуваат со заложбата за привлекување на нови странски директни инвестиции, како и поддршка на постоечките стопански капацитети се со цел овозможување на услови за отворање на нови работни места и подобрување на квалитетот на живеење во оваа локална самоуправа.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=89111151&lId=1&pmId=504

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 02-Dec-2011 at 00:55

СПОРНА ЛОKАЦИЈА ЗА НОВ KАПАЦИТЕТ

Велешани не сакаат фабрика за преработка на опасни материи

Најавата за отворање фабрика за производство на биодизел-гориво наиде на отпор во Велес, но и кај стопанствениците со кои таа ќе се граничи. Најавено е дека треба да се гради на просторот меѓу некогашните економски гиганти „Порцеланка“ и „Нокатекс“ во близина на селото Горно Оризари, во кое има околу 3.000 жители.

- Странците мислат дека државава е сиромашна и дека можат да прават што сакаат, да купуваат добар простор, да градат фабрики што загадуваат. Самото име на фабриката за преработка на опасни материи боде очи. Ќе ги користиме сите правни средства за фабриката да не се изгради на 500 метри од населбата - велат од Месната заедница на Горно Оризари.

Осетливоста на моментот кога германскиот инвеститор сака да почне со постапката, во време кога велешани жестоко се спротивставуваат на започнувањето со работа на големиот загадувач - топилницата, не му оди во прилог.

- Сите што имаат приговор за локацијата на фабриката може во писмена форма да го сторат тоа и ќе биде земено предвид. Имате право да ги кажете своето мислење и став, а надлежните тоа ќе го ценат - велат од „Декон Ема“, консалтинг-компанија што ја работи еколошката дозвола за фабриката.

Инвеститорот, германска фирма, објаснува дека се работи за фабрика од затворен тип, која не ја загадува околината. Тие ќе користат индустриско масло, комунален отпад и пластика. Објаснуваат дека ова е трета локација што е избрана и доколку наидат на отпор, ќе бараат нова, четврта. Планираат да вложат 800 илјади евра и да вработат 50 лица. Загриженост од работата на новата фабрика искажаа и соседните фирми што работат во комплексот на „Нокатекс“.

- Дали пластиката што ќе се преработува е веќе претходно користена и за каков вид ПВЦ-пластика станува збор. Ова се прашања што треба да ги одговори инвеститорот. Се плашиме дека со почнување на процесот на производство ќе се наруши нашиот систем, бидејќи со европската регулатива не смее да има таков објект во простор од 5 км. Ако таа проработи, тоа значи дека ние ќе престанеме да работиме – велат од фабриката за медицински материјал ,,Вемед“.

За други бизнисмени што имаат фабрики во соседството причината за реакциите е лошиот пристап на домашниот консултант за избор на локацијата.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4EB2DD53FF709A4999812DB1A491F090

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 19-Dec-2011 at 01:05

Голем интерес за индустриската зона Василево

Расте интерест за инвестирање во индустриските зони во општина Василево. Владините мерки за продажба на низградено градежно земјиште за 1 евро од метар квадратен, намалените комуналии за 30%  од страна на општината и поволната местоположба на парцелите направија Василево да стане една од најатрактивните локации за нови инвестиции во регионот.

Сите 60 парцели со вкупна површина од 88 хектари веке се продадени и во најголемиот дел од нив интензивно се гради. Ќе бидат застапени повеке дејности, а најголемиот дел од новоизградените објекти се наменети за откуп и преработка на земјоделски производи.

,,Оваа зона која неодамна е продадена е наменета за изградба на индустриски капацитети за откуп и преработка на земјоделски производи. Со самото тоа сакаме да привлечеме повеке инвеститори овде во општината,а од друга страна сакаме д аим помогнеме и на самите земјоделси знаејки дека претежно нашиот крај е земјоделски крај и со тоа ке им овозможиме подобри услови на самите земјоделци да ги пласираат своите производи.,, вели Ване Стојанов - градоначалник на општина Василево

Со цел да се одговори на што поголем број заинтересирани инвеститори Василево веке  подготвува нови   урбанистички планови за индустриски  зони. Еден со површина од 10 хектари  повторно ке биде наменет за изградба на откупно дистрибутивни центри,а другиот од 50 хектари ке биде за изградба на мали винарии кои треба да придонесат за подобар  пласманот на грозјето кое токму во ова општина го има  засадено на големи површини.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/golem-interes-za-industriskata-zona-vasilevo

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 20-Dec-2011 at 18:19

Инвестициски бум во општина Петровец!

Голем одзив на инвеститорите за секој достапен квадрат во општината Петровец. 17 парцели или вкупно 55 хектари државно земјиште се продадоа на оглас на кој се јавија преку дваесет компании. 

Погони од лесна незагадувачка индустрија ќе градат неколку странски и осум македонски фирми  во кои ќе се отворат над 500 работни места.

Градоначалникот Борче Митевски вели дека оваа до пред неколку години заборавена општина денес станува најатрактивна инвестициска локација во Македонија.

Заради огромниот интерес на компаниите во следниве неколку месеци на продажба ќе се дадат  уште сто и дваесет хектари со кои во близината на аеродромот ќе никне нов индустриски град, вели градоначалникот.

Станува збор за локацијата на кое своевремено странска компанија сакаше да гради голф терени. Но, по долгото време без реализиција, општината решила да го измени урбанистичкиот план и да го подели земјиштето на помали парцели. 

Најголемиот дел од парите од продажбата одат во општинската каса со што општината наместо долгови сега има четири пати поголем буџет.

Парцели на огласот купија хрватска, грчка, а уште неколку инвестиции планира италијанската компанија Еуро Италија која таму веќе гради трговски центар. Некои од домашните фирми што ќе инвестираат се Тинекс, Жикол, Југоекспорт, Унион, Дис Монтажа, Бета Шпед, Универзал Комерц. 

Освен земјиште за индустриски објекти, на следните огласи ќе се понудат и парцели непосредно до автопатот за изградба на хотел, рекреативни објекти и бензински станици.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/investiciski-bum-vo-opshtina-petrovec

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 22-Dec-2011 at 00:21

СТАТИСТИKАТА KОНТРА ИНВЕСТИЦИСKИОТ БУМ

Странските инвестиции останаа на темелите

Ниту една од компаниите што влегоа во земјава годинава не почна со производство иако, според првичните најави, дел од нив веќе требаше да извезуваат од Македонија

Седум камен-темелници на фабрики, едно официјално почнување со работа и многу помал прилив на пари од очекуваното, е резултатот од владините напори за привлекување странски инвестиции годинава.

Ниту една од странските компании што влегоа во земјава годинава не почна со производство иако, според првичните најави, дел од нив веќе требаше да извезуваат од Македонија. Некои од странските компании во моментов ги градат погоните, а дел с` уште стојат само на темелите што ги удрија заедно со властите. Единствена целосно реализирана инвестиција е таа на турската компанија ТАВ, која ги модернизира аеродромите во Скопје и во Охрид. Иако Турците почнаа да вложуваат во земјава уште лани, нивната инвестиција се официјализира во септември годинава, кога проработе новата терминална зграда на скопскиот аеродром.

Многу лопати и најави

Годинава ја „отвори“ швајцарската компанија ЕНФЛО, која во Желино почна да ја гради првата од најавените четири хали за производство на ветерни турбини. Иако првичните најави беа дека компанијата ќе почне со производство пред два месеца, погонот с` уште не проработел. Не се остварија ни најавите на италијанската компанија „Текнохозе“ дека до крајот на годинава ќе почне со производство на делови за автомобилската индустрија. Објектот на оваа компанија во индустриската зона Бунарџик е готов, а последните најави на раководството на „Текнохозе“ се дека пробното производство ќе почне во февруари.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=54F832DDF95DFA459EBAF98F47F8F301

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 30-Dec-2011 at 14:43
нели ја пуштија фабриката за лужење уште во август ???

Нов погон за лужење и катоден бакар во Бучим, инвестиција од 11 милиони евра

Радовиш, 30 декември 2011 (МИА) - Во рудникот „Бучим“ во Радовиш денеска ќе биде  пуштен во производство нов погон за лужење и производство на катоден бакар, инвестиција на руски „Солвеј“ во износ од 11 милиони евра. На пуштањето во употреба на новиот погон  ќе присуствува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Новиот погон, со чија работа се отвораат 70 работни места, годишно треба да продуцира над 2.500 тони катоден бакар за првпат како финален производ наменет за извоз.  За работа ќе се користи оксидна бакарна руда, како и постојната јаловина. 

Освен економски бенефиции, со отворањето на погонот се вложува многу и во заштита на животната средина бидејќи се решава проблемот со отпадните води.

Во Македонија постојат околу 100 рудници во кои се вработени над 8.000 лица. Рударството зафаќа скоро третина од индустриското производство во земјава.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=89999443&lId=1&pmId=504


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 30-Dec-2011 at 15:42
„Бучим“ го произведе првиот македонски катоден бакар, инвестицијата 11 милиони евра

Штип, 30 декември 2011 (МИА) - Во Фабриката за лужење и производство на катоден бакар во рудникот Бучим - Радовиш денеска беше произведен првиот македонски катоден бакар. Инвестицијата од 11 милиони евра е на руската компанија „Солвеј“, која стопанисува со рудникот. На почетокот на производството присуствуваше вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

- Оваа нова фабрика за производство на катоден бакар ќе придонесе за подобрување на македонското производство, потоа за индустријата, но и за извозот. Околу 17 милиони долари ќе биде вкупниот годишен ефект од производството на овој погон. Отворени се 65 нови работни места, а сето тоа зборува за квалитетот и развојот на рудникот Бучим, рече Ставрески.

Според него нема друг начин да се намали невработеноста освен преку инвестиции и очекува и други домашни компании да продолжат со инвестициите.  Намалувањето на стапката на невработеноста за 0,5 отсто, што го објави Државниот завод за статистика, смета министерот е умерено, но сепак значајно бидејќи се случува во време кога во светот има сериозна економска криза.

Тој забележа дека рудникот Бучим е водечки во инвестирањето во секторот рударство, а позитивно ја оцени и веста за новата инвестиција на рудникот Бучим во општина Пехчево, каде што ќе се отвори нов рудник за Бакар. Инвестицијата во новиот рудник ќе изнесува околу 100 милиони евра.

Заменик менаџерот на рудникот Николајчо Николов истакна дека годишниот капацитет за производство на новата фабрика, во која по пат на електролиза ќе се произведува катодниот бакар, е над 2.500 тони. Во фабриката ќе се обработува јеловината, но и сортискиот отпад од сиромашната бакарна руда.

- Новата фабрика за производство на катоден бакар е еколошки проект, еколошка инвестиција,  а токму со оваа инвестиција веќе ја нема сино зелената боја по Меденеска Река, вели Николов.

Фабриката за лужење и производство на катоден бакар во моментов работи со една третина од сопствениот капацитет со што раководството најави дека наредната година ќе се реализира производство на 2.500 тони катоден бакар кое е наменет исклучиво за извоз. вд/скс/14:48

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=90005262&lId=1&pmId=501

Back to Top
oTeget View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote oTeget Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 30-Dec-2011 at 22:23
Originally posted by axel

нели ја пуштија фабриката за лужење уште во август ???





Тогаш ја пуштија во пробно производство и тоа е во ред, ама ова што се научија да сечат ленти и да се сликаат на секое пуштање, тоа не чини ЛОЛ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 03-Jan-2012 at 17:54

Во Велес ќе се градат две нови индустриски зони

Во Велес ќе се градат две нови индустриски зони. Локалната власт ја подготвува документацијата за урбанизација на просторот.

Кај селото караслари на автопатот градско Велес и кај реката Бабуна ќе се градат индустриските зони. Во нив ќе нема парцели помали од две илјади метри квадратни.

Моментално, најинтересна за стопанствениците е индустриската зона во населбата речани.
Но иако продадени, парцелите стојат празни.

Новите индустриски зони ќе бидат готови до почетокот на летото.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/vo-veles-ke-se-gradat-dve-novi-industriski-zoni

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 03-Jan-2012 at 18:46
Previous
 
Индустрискиве зони изникнуваат како печурки, ама никако да видиме индустриски капацитети во нив.
 
Работава, сите со нетрпение чекаат да инвестираат, но некој ги држи врзани, даваат гас во прва брзина, но никако да тргнат ногата од квачилото за конечно да тргнат. Big%20smile


Edited by Dexter26 - 03-Jan-2012 at 18:47
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 03-Jan-2012 at 21:19
највероватно тие што имаат пари настрана си ги инвестираат вп плацеви кои `ќе се најдат за подобри денови`.јас лично има дадено согласности( за ППЗ) за неколку индустриски објекти во зоните во Кичево(Кичево и Другово) ама ги гледам `газдите` си шетаат низ град со луксузни џипови,а на плацевите растат капини и коров.

треба поозбилно да се зафати државата со едземање на парцелите ако не се почитуваат роковите.сега само ги заплашува како децата со бабарога
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 11-Jan-2012 at 21:36
нешто се гради веќе на индустриската зона во Кичево кај новата спосртска сала.два објекти се изградени а третиот е во столбови

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3897
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 11-Jan-2012 at 22:51
Da gjoko, vekje 32 Objekti ili mali fabriki se gradat, golemiot del vo ivani dol
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 11-Jan-2012 at 23:16
знам дека сакаат да градат,но во Македонија од најава па до градба има голема разлика.на еден од инвеститорите му помогнав околу проектот(проектантите му бараа многу пари) ама дали ќе почни со градба е прашање.лично јас спаѓам во оние кои веруваат во дела на лице место а не во најави.за ногу од најавите за инвестиции по разни медиуми ги читам само првите 2-3 реченици колку да знам што е.кога има нешто поозбилно на терен,тогаш е друга приказна.сме се наслушале за долини,брда и палати ама...
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 20-Jan-2012 at 17:06


Денеска во Штип се одржа електронска лицитација за индустриската зона "Македонка"

Петок, 20 Јануари 2012 16:48

Во индустриската зона 'Македонка" во Штип електроснки лицитираа Четири штипски фирми за трите понудени градежни парцели за изградба на стопански објекти.

На електронската лицитација се продаде и првата градежната парцела од 3.289 метри квадратни се продаде по цена од 201 денар по метар квадратен, односно сопственик треба да плати 661.089 денари.

Од Одделението за градежно земјиште при Општина Штип велат дека оваа парцела покрај тоа што е погодна за стопански објект, или пак може да се изгради и агро берза.

Надлежните се задоволни од денешната лицитација и резултатите од електронско наддавање.

http://daily.mk/cluster3/6c0382b6681ccd532f798bd11392a85a/1103604/

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 33>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.249 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.