build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Индустриски објекти и зони (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 33>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 21-Jan-2012 at 13:43
Десет странски компании ќе инвестираат во Македонија

Во изминатите два месеци, десет нови меѓународни компании неофицијално испратиле известување дека донеле интерни одлуки за отпочнување инвестициски проекти во Република Македонија во текот на 2012 година

Ова му го соопштиле соработниците на премиерот Никола Груевски на вчерашната седница на владиниот комитет за странски инвестиции.
Во Владата велат дека вообичаено, објавата на имињата на компаниите од деловни причини се случува тогаш кога самите за тоа ќе одлучат, што најчесто е пред почетокот на официјалната градба или при потпишувањето договори со Владата.
Оттаму додаваат дека се очекува поголем дел од овие компании тоа да го сторат најдоцна до средината на оваа година.
- Покрај овие десет компании, комитетот беше информиран дека приближно уште толкав број се блиску до носење таква одлука, а континуирано се водат разговори и со поголем број други компании кои бараат нови локации со добри услови за водење бизнис - велат во Владата.


http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=2578
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 23-Jan-2012 at 12:10

Производители на автобуси и на автомобилски делови меѓу десетте нови странски инвестиции во Македонија

Александра Спасевска

Десет странски компании донеле одлука да инвестираат во Македонија, а со уште десетина преговорите се во финална фаза, тврди премиерот Никола Груевски.

Конкретни имиња на компаниите сè уште не се соопштуваат, на барање на инвеститорот, но според изворот, се работи за звучни имиња коишто имаат свои фабрики низ Европа, а сега планираат отворање нови во земјите од Југоисточна Европа.

„Капитал“ од свои извори од Владата дознава дека се работи за компании од Европа, Азија и од САД од автомобилската, хемиската, текстилната индустрија и од електрониката коишто подолго време го скенирале македонскиот пазар.

Министерот за странски инвестиции, Веле Самак, за „Капитал“ открива дека меѓу компаниите коишто донеле одлука да инвестираат во Македонија е производител на автобуси кој ќе извезува на американскиот пазар и гринфилд-инвестиција во централниот дел на државата, која ќе биде најголем проект досега.

„Во последниот месец затворив два проекти. Едниот е најголема досега гринфилд-инвестиција во Македонија и ќе обезбеди 4.000 нови вработувања. Тој ќе биде лоциран во централниот дел на Македонија, каде што два града конкурираат агресивно. Финалниот град треба да се избере во текот на следните две недели. Другиот проект, кој фирмата ни го потврди во петок, е од автомобилската индустрија. Македонија повторно ќе произведува и ќе извезува автобуси, и тоа на американскиот пазар“, потврди Самак за „Капитал“.

Како што се дискутирало на Комитетот за странски инвестиции во петокот, реализацијата на овие инвестиции се очекува во наредните шест месеци, а начелни контакти се остваруваат со дополнителни 50 до 100 инвеститори.

Премиерот Никола Груевски со овие инвестиции најави нов циклус на странски инвестиции, од коишто очекува дека ќе ја намалат невработеноста.

„Секое отворање на нова фабрика е отворање на нови работни места, а секое отворање на нови работни места е решавање на проблемите на многу луѓе и многу граѓани, на многу семејства. Тоа е нашата главна цел“, изјави Груевски.

На крајот на минатата година владиниот економски тим беше на неколку „роуд шоуа“ во Австрија, Германија, Холандија, Велика Британија, Сингапур, Јапонија. Како што тогаш објави „Капитал“, германски, американски и јапонски компании од автомобилската индустрија веќе биле пред донесување одлука за инвестирање во Македонија, односно за изградба на фабрики за производство на електрична опрема, воздушни перничиња и на други видови делови за автомобили, а како потенцијални локации беа истакнати Тетово, Струга и Охрид.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/79078/proizvoditeli_na_avtobusi_i_na_avtomobilski_delovi_megju_desette_novi_stranski_investicii_vo___.aspx?iId=2557

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 24-Jan-2012 at 19:47
поради интересната содржина,овој текст го ставив овде како таргет како би требало да се ориентираме да работиме пред се во индустриските зони ако сакаме напредок во економијата


Еве како Стив Џобс му објасни на Обама зошто се` се произведува во Кина!

Стив Џобс, Барак Обама и Марк Закерберг

Кога претседателот на САД, Барак Обама, ги повика на вечера најголемите умови од Силиконската долина во февруари минатата година, од секој гостин било побарано да му постави на претседателот едно прашање. Кога дошол на ред шефот на ’Епл’, Стив Џобс, среде излагањето, Обама го прекинал со прашањето: „Што е потребно за да произведуваме ’Ајфон’ во САД?“, пишува „Њујорк тајмс“.

Не толку одамна, ’Епл’ се фалеше дека сите свои производи ги прави во САД. Денес, речи сите 70 милиони ’Ајфони’, 39 милиони ’Ајпади’ и 50 милиони останати уреди продадени изминатите години се произведени надвор од САД, од што огромен дел во Кина.

„Што е потребно да ги вратиме тие работи во Америка?“, го прашал Обама, Џобс.

Одговорот на Џобс беше недвосмислен: „Тие работни места не се враќаат дома“, пишува Њујорк Тајмс.



Овој исечок од текстот објавен во Њујорк тајмс за производството на најпродаваниот гаџет на денешницата, ’Ајфон’, илустрира како и најмоќниот човек на планетата, претседателот на САД, е фасциниран и истовремено загрижен од селидбата на илјада или дури и милиони работни места во Кина.

Како главна причина за се’ почестите производи произведени во Кина се наведува евтината работна сила. Но, тоа е само дел од вистината. ’Ајфон’ не е петарда. Можеби за производство на толку софистициран уред е потребно повеќе од евтина работна сила?



„Не сакам ’Ајфон’ со гребнатини“

Приказната почнува во 2007 година, пишува Њујорк тајмс, кога Епл беше далеку од титулата највредна светска компанија. Нешто повеќе од еден месец пред закажувањето на појавувањето на првиот Ајфон во продавниците, Стив Џобс ги собрал најдобрите од Епл, оти извесно време го тестирал пробниот модел и не бил задоволен.

Лутиот Џобс го држел својот модел Ајфон за сите да можат да ги видат гребнатините на пластичниот екран. Потоа извадил клуч од џебот на своите фармерки.

„Луѓето ќе го носат овој телефон в џеб заедно со своите клучеви. Не можам да продадам производ кој ќе се гребе! Сакам стаклен екран и сакам да биде совршен за шест недели“, наредил Џобс.

Во тоа време, стаклените екрани за мобилни телефони не беа вообичаени како денес. Тие беа избегнувани оти беше тешко да се оствари неопходниот висок степен на прецизност во обработката на стакло.

’Епл’ веќе ја избрал американската фирма ’Корнинг’ за производство на големи панели од стакло, но сечењето на тие панели во милиони екрани за ’Ајфон’ барало празна фабрика, стотици парчиња стакла за експериментирање и армија инженери.

И сето тоа за само шест недели?

А, тогаш стигнала понуда од една фабрика во Кина, земјата со евтина работна сила.

Како Кинезите го хипнотизираа ’Епл’

Кога делегацијата на ’Епл’ стигнала во посета на фабриката во градот Шенжен, сопствениците веќе изградиле ново производно крило.

„Тоа е за секој случај, ако ни ја дадете работата“, се присетува еден од поранешните директори на ’Епл’ на објаснувањето што му го дал кинескиот менаџер.

Магацинот веќе бил полн со стаклени примероци за експерименти, се’ гратис. Армија кинески инженери чекале спремни. Била изградена и спална за работниците, за да бидат достапни 24 часа.

Секако, кинеската фабрика ја добила работата.

„Цел синџир фабрики сега се во Кина. Ви требаат илјадници гумени делчиња? Тоа го прави соседната фабрика. Милион завртки? Тоа е фабриката во соседниот блок. Но, завртките треба да бидат малку поинакви? Ќе бидат готови за три часа“, раскажа за ’Њујорк тајмс’ висок претставник на “Епл“.



Фокскон сити – ’касарна’ за составување на ’Ајфони’

На осум часа од фабриката на фирмата ’Фоксон’, која ја доби работата од ’Епл’ се наоѓа комплекс, познат под името Фокскон сити. Тука се составува ’Ајфонот’.

Кога го виделе првпат, на челниците на ’Епл’ веднаш им било јасно зошто производството на ’Ајфон’ никогаш нема да го вратат дома. Оти, дома не постои нешто како Фокскон сити.

Комплексот има 230.000 работници. Многу од нив работат шест дена во неделата, честопати до 12 часа дневно. Речиси четвртина од вкупниот број на вработени живеат во спалните во фабриките, а повеќето обични работници заработуваат помалку од 17 долари на ден.

Дури 300 работници од обезбедувањето се задолжени само да го регулираат „пешачкиот сообраќај“ во комплексот, за работниците да не се ’прегазат’ едни со други. Централната кујна секој ден подготвува три тони свинско месо и 13 тони ориз.

„Може да вработат три илјади нови работници додека кажете кекс. Која американска фабрика може да вработи три илјади луѓе преку ноќ и да ги убеди да живеат во спалните во фабриките?“, вели Џенифер Ригони, поранешен менаџер на “Епл“.

Уште една од предностите на Кина била тоа што може да обезбеди инженерска поддршка каква што дури ни САД не можат. Директорите на ’Епл’ процениле дека им требаат 8.700 индустриски инженери за управување со производната лента од 200.000 работници при составување на ’Ајфон’.

Аналитичарите на ’Епл’ пресметале дека би им требале девет месеци да соберат толкав број квалификувани луѓе во САД.

Во Кина, им требале само 15 дена.



Станувај војско! Време е да составуваме ’Ајфон’!

Кога инженерите на ’Епл’ во 2007 година конечно го усовршиле методот за сечење на стаклата за екраните, првиот камион со исечени стакла стигнале во Фокскон сити среде ноќ. Менаџерите на комплексот ги рабудиле илјадниците работници, кои скокнале од креветите, ги облекле униформите и почнале рачно да составуваат ’Ајфони’.

Во следните три месеци, ’Епл’ продаде милион ’Ајфони’. Оттогаш, ’Фокскон’ составил уште 200 милиони.

Американски аналитичари пресметаа дека производството на “Епл“ во САД би ја зголемила цената на Ајфонот, а Епл би останала една од компаниите со најголем профит во светот. Но, калкулациите се беспредметни оти производството на Ајфон во САД не е можно, не заради цената на работната сила, туку заради други предности на кинеското масовно производство на кои САД никогаш нема да имаат одговор, пишува Њујорк Тајмс.

http://www.taratur.com/node/29902
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 25-Jan-2012 at 12:26

Нова индустриска зона кај Струмица

Општина Струмица отвора нова индустриска зона со површина од 26,7 хекатри, на влезот во градот покрај меѓународниот пат од Бугарија.

Советот на општина Струмица, на првата седница во оваа година донесе Одлука за отварање на нова индустријска зона во урбаниот блок 19.

- Станува збор за површина од 26,7 хектари на која во иднина ќе се подигнат нови мали производни погони и сервиси. На овј начин општина Струмица дава придонес  за нови вработувања и побрз економски развој на регионо - вели градоначалникот Зоран Заев.

На седницата, Советот ја прифати Програмата за уредување на градежно неизградено земјиште за 2012 година, како и Одлуката за именување на булевари, улици и паркови, која доби потврда од Владата на Република Македонија.

http://www.plusinfo.mk/vest/30990/Nova-industriska-zona-kaj-Strumica

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 27-Jan-2012 at 12:53
Белгиски автобуси за Америка од Скопје
27
ЈАН 2012
11:38
Белгиската фабрика за производство на автобуси во близина Скопје гради нова производствена линија.„Ван Хол“ кај нас ќе произведува автобуси за американскиот пазар.



Одлуката на фабриката да гради погони во Скопје била објавена во вторникот од страна на извршниот директор Филип ван Хол, јавува Дестандард.
„Во Македонија наидовме на поволни услови. Таму има сè што ни е потребно за да ја покриеме нарачката од 300 автобуси за САД. Оваа инвестиција ќе ни помогне да се зацврстиме на американскиот пазар и дополнително да се шириме“, ја пренесува неговата изјава белгискиот портал.
Ван Хол е белгиски произведувач на автобуси и индустриски возила. Целото нивно производство се пласира во Европа и САД. Компанијата има 4.000 вработени во своите две фабрики во Белгија.

http://www.time.mk/read/NONE/6e8208e4e5/index.html

Скоро сите слики што ги праќав за тролебуси и градски двозглобни автобуси случајно или не беа токму од ова фабрика.

На нивната страна е објавена веста за овие 300 автобуси но не пишува дека ќе се инвестира во Македонија туку во странство. Веројатно во меѓувреме паднала и одлуката за Македонија.


     
Van Hool wins 2 American orders for a total of 510 vehicles
Van Hool is investing abroad to reinforce its position in America and is setting up a foreign manufacturing plant for 300 “low-cost” vehicles.
Van Hool is building 210 coaches in Belgium for the American market.


Koningshooikt - Van Hool NV has won two orders from ABC, its American distributor, for the production and delivery of a total of 510 vehicles. Specifically, the two orders are for 300 “low-cost” vehicles and 210 coaches. In order to manufacture these 300 “low-cost” vehicles the company has approved a large investment project involving the establishment of a foreign manufacturing plant. As a result of this investment project abroad Van Hool has also won a second American order, this time for the manufacture of 210 coaches in Belgium.

In order to retain and expand its current important position on the American market, it was necessary for Van Hool, at the request of ABC, its American distributor (in which Van Hool has a 35% participating interest), to also be present in the growing “low-cost” vehicle segment. This market segment is becoming increasingly successful due to local production and imports from China and Mexico, among others. Manufacture of this type of product in Belgium is impossible due to the much higher labour costs.

By the end of this month Van Hool will reach a decision on the final location of the manufacturing plant abroad. During the initial stage Van Hool plans to build 300 “low-cost” vehicles in the new foreign plant over a period of three years.

The negotiations with ABC have, in addition, led to VAN HOOL successfully obtaining another important order from its American distributor. Over the next few years 210 coaches will be built in Belgium for the American market. Without the investments in a new manufacturing plant abroad Van Hool would never have won this order.

Following this announcement Filip Van Hool, Van Hool’s Executive Director, said the following: “Thanks to the efforts of our experienced and flexible employees and the fact that we custom-build vehicles to suit our customers’ needs, we have acquired a unique position on the world market. Our products are recognized as being highly innovative. We sell vehicles that have more to offer than others and, as a result, are very labour-intensive. In America the “low-cost” vehicle segment is growing very quickly. Our very healthy ambition is to play a significant role in this and thus retain and even expand our position on the global American market. Without this important foreign investment Van Hool’s position on the American market was under threat.

Van Hool is a Belgian independent bus, coach and industrial vehicle manufacturer. The company, established in 1947, is based in Koningshooikt. The vast majority of the vehicles produced are destined for Europe and America. Van Hool employs more than 4,000 people worldwide, most of whom work in the manufacturing plants in Koningshooikt and Bree.

Edited by kultuzin - 27-Jan-2012 at 14:52
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 27-Jan-2012 at 13:23

Сигурен си дека Van Hool произведуваат трамваи? Се обидувам да најдам таков податок, ама изгледа како никогаш да не влеге во тој пазар, освен тролејбуси (кои во дизајнот личат на трамваи)..

Edited by mladen_s - 27-Jan-2012 at 13:26
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 27-Jan-2012 at 14:24
Не ми е јасен муабетот со 300 автобуси. Што кога ќе ги произведат тие автобуси и ја исполнат нарачката? Што ќе се случи со погонот, каде било и да инвестираат?

Edited by Мартин - 27-Jan-2012 at 14:24
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 27-Jan-2012 at 14:51
Originally posted by mladen_s


Сигурен си дека Van Hool произведуваат трамваи? Се обидувам да најдам таков податок, ама изгледа како никогаш да не влеге во тој пазар, освен тролејбуси (кои во дизајнот личат на трамваи)..


Моја грешка, мислев на тролејбуси кои личат на трамваи и се двозглобни.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 28-Jan-2012 at 12:41
Датум: 28.01.2012, 11:45
Белгиска компанија за автобуси најави инвестиција во Македонија


Најголемата белгиска компанија за производство на автобуси ВАНХОЛ-Белгија ќе инвестира во Македонија, ексклузивно за МИА потврди советник министерот во македонската Амбасада во Кралството Белгија Даим Иљази.

Одлуката на ВАНХОЛ за изградба на фабрика за автобуси во Македонија во близината на Скопје е резултат на целогодишната активноста на македонската амбасадата насочена кон привлекување на странски инвестиции, а утврдена со посетата на премиерот Никола Груевски на почетокот на декември минатата година, кога Брисел беше дел од турнејата во рамките на програмската определба на Владата на Република Македонија за економски развој.

Од Амбасадата не прецизираат колкав е износот на инвестицијата, но потврдуваат дека компанијата ќе започне со изградба на фабрика во рок од два до три месеци, јави дописникот на МИА од Брисел. Капацитетот на фабриката ќе изнесува околку 300 автобуси наменети за американски пазар.

- Ова е голем економски успех за Македонија, изјави Даим Иљази, дополнувајќи дека ваквата инвестиција дава слика за нашата држава како земја со одлични можности за инвестирање - како и за отворање на голем број работни места.

Инаку во портфолиото на ВАНХОЛ е наведено дека компанијата е основана во 1947 година и има над 4.000 вработени.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=25EDD1F6F3530B499C95AE9C21236BD6
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 28-Jan-2012 at 20:09
повеке детали

Белгија преку Македонија ќе извезува автобуси во САД

28 јан 2012 17:30

Одлуката на Ван Хоол, фирма со која јас и мојот кабинет работиме од 2009 година, претставува особена гордост за нас бидејќи е проект за производство на финални продукти, изјави министерот Веле Самак.

Со инвестицијата на белгиската компанија Ван Хоол во индустриската зона Скопје 2 ќе се изгради нов производствен погон за автобуси, со што ќе се реализира важната американска нарачка од 300 автобуси, која оваа компанија ја доби во почетокот на овој месец. По направената детална студија за економска оправданост (физибилити), раководството на компанијата е убедено дека локацијата во Македонија ги исполнува сите потребни услови за реализирање на оваа голема нарачка.
Во почетокот на овој месец „Ван Хоол“ доби две американски нарачки од АБЦ, нивниот американски дистрибутер, за производство на вкупно 510 автобуси. Веднаш потоа „Ван Хоол“ објави дека првите 300 автобуси планира да ги произведе надвор од Белгија, инвестирајќи во поевтина производствена локација, токму поради фактот што трошоците за работна сила се превисоки во Белгија. Како резултат на таа објава, „Ван Хоол“ ја доби и втората нарачка за производство на дополнителни 210 автобуси, кои компанијата одлучи дека ќе бидат произведени во домашните производствени капацитети.
„Во Македонија ги најдовме вистинските услови што ни се потребни за да изградиме нова фабрика, во која за период од 3 години ќе ги произведеме бараните 300 автобуси за американскиот пазар, што ќе ни овозможи зацврстување, а воедно и зголемување на нашата позиција на тој пазар. Без инвестирање во нов производствен погон надвор од Белгија, Ван Хоол немаше да ја добие нарачката за дополнителните 210 автобуси, кои ќе бидат произведени во Белгија. Овој проект со сигурност ја зацврстува интернационалната димензија на компанијата”, изјави Филип Ван Хоол, извршниот директор на компанијата.
„Со оваа инвестиција од Македонија повторно ќе се извезуваат автобуси, особено на американскиот пазар. Одлуката на Ван Хоол, фирма со која јас и мојот кабинет работиме од 2009 година, претставува особена гордост за нас бидејќи е проект за производство на финални продукти што секој граѓанин може да ги види. Фирмата планира да инвестира околу 20 милиони евра и да вработи 400 луѓе, а ќе ангажира и многубројни домашни партнери за различните делови на автобусите, кои ќе се извезуваат. Нивниот план е фабриката да почне да се гради околу април-мај годинава бидејќи имаат договор за испорака на автобуси во 2013 година“, изјави за МКД.МК Веле Самак, министерот задолжен за привлекување странски инвестиции.
Ван Хоол е белгиски независен производител на градски, меѓуградски автобуси и индустриски возила. Компанијата е формирана во Белгија во 1947 година. Повеќето произведени возила се наменети за големите пазари во Европа и во Америка. Ван Хоол денес има повеќе од 4.000 вработени низ светот.

http://www.time.mk/read/e092ea0a99/0aea050c6d/index.html


Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 29-Jan-2012 at 13:47
Originally posted by axel


Белгија преку Македонија ќе извезува автобуси во САД


Просто неверојатно, ама дајбоже навистина да се оствари инвестицијава...


Edited by tomi_z - 29-Jan-2012 at 13:47
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 29-Jan-2012 at 14:23
Автобусиве се бомбона. Во Лондон ги има многу возат на приградски или меѓуградски линии, најчесто до Oxford - London Tube bus и изгледаат перфектно. Еден од најубавите автобуси што некогаш сум ги видел, а и најголемите.



Edited by nylon - 29-Jan-2012 at 14:24
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 29-Jan-2012 at 17:58
Ептен чудни инвестициони политики имаат странскиве инвеститори.
 
Веле Самак во 2011 во интервју за една дневна емисија на една македонска национална и сателитска телевизија, спомна дека Мерцедес Бенз сакале да инвестираат во Македонија, но бидејќи Македонија била на повеќе од 1000 километри оддалечена од нивното седиште во Германија (или од нивната фабрика најблиску до границата, не помнам точно), одлучиле да не инвестираат во Македонија.
 
Сега оваа белгискава Ван Хоол ќе инвестира во производство на автобуси во Македонија, а ќе ги извезува на американскиот пазар, малку нелогично ми е тоа, Белгија излегува на море и побрзо и полесно ќе може да врши испорака на автобуси во Канада и САД, а Македонија ем не излегува на море, ем е за уште поголема далечина оддалечена од Канада и САД во споредба со Белгија, не ми делува логично само поради даночните олеснувања и евтината работна сила да произведуваат автобуси на далечина од над 1500 километри југоисточно од Белгија.
 
Па сега и германска фирма ќе произведувала делови за Мерцедес Бенз, иако Мерцедес Бенз се откажале од инвестирање во Македонија.
 
Мило ми е бидејќи странски инвеститори сакаат да инвестираат во Македонија, сакам да инвестираат и се надевам дека ќе инвестираат, но нивните инвестициони политики ми се тотално чудни и неразбирливи.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4919
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 29-Jan-2012 at 19:08
Originally posted by Dexter26

Сега оваа белгискава Ван Хоол ќе инвестира во производство на автобуси во Македонија, а ќе ги извезува на американскиот пазар, малку нелогично ми е тоа, Белгија излегува на море и побрзо и полесно ќе може да врши испорака на автобуси во Канада и САД, а Македонија ем не излегува на море, ем е за уште поголема далечина оддалечена од Канада и САД во споредба со Белгија, не ми делува логично само поради даночните олеснувања и евтината работна сила да произведуваат автобуси на далечина од над 1500 километри југоисточно од Белгија.


Бунарџик не е на море, ама градот 200 km јужно од Бунарџик е огромно пристаниште А за подвлеченото, размисли зошто Apple на пример произведува во Кина а продава во САД, како еден најпознат актуелен пример. Од Калифорнија до Кина има многу повеќе од 1500 km.

Тоа со 1500 km не е никакво мерило, може да е стратешка одлука на Мерцедес која тие си знаат зошто ја донеле, и не мора да значи дека е апликативна за било која друга компанија. Сепак те сфаќам дека си скептик за изјавиве, и јас не сум нешто најуверен во инвестицискиов бум кој се најавува толку години.


Edited by гитардемон - 29-Jan-2012 at 21:05
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 29-Jan-2012 at 19:34
Previous
 
Токму во тоа и ми беше поентата.
 
Се изнаслушавме најразни најави, се изнавидовме најразни фрлања лопати, отварања на индустриски зони, а никако да видиме фабрики кои веќе работат или кои се во фаза на изградба, со ретките исклучоци како Технохозе, Кемет Електроникс и ако не грешам, Мадерсон.
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 29-Jan-2012 at 22:25
Да се намалуваше невработеноста од потпишани писма на намери и пред-договри, до сега ќе бевме на 5% невработеност.

Како и да е, нека работи Самак и понатаму, дај боже да се остварат плановиве..!
Back to Top
anti-modernista1 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 01-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote anti-modernista1 Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 30-Jan-2012 at 00:22
Originally posted by Dexter26

Previous  Токму во тоа и ми беше поентата.  Се изнаслушавме најразни најави, се изнавидовме најразни фрлања лопати, отварања на индустриски зони, а никако да видиме фабрики кои веќе работат или кои се во фаза на изградба, со ретките исклучоци како Технохозе, Кемет Електроникс и ако не грешам, Мадерсон.

Kazi edna fabrika ili investicija od tie najavi sto ne e vo izgradba ili sto ne pocna da raboti?

Edited by anti-modernista1 - 30-Jan-2012 at 00:23
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 30-Jan-2012 at 00:29
anti modernista ima mnogu primeri ne e eden.takvata sostojba trae veke 20 godini bez razlika koj e na vlast i iskreno ne se nadevam deka brzo ke se smeni nesto iako posakuvam i bi bil sreken da se sluci toa..
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 30-Jan-2012 at 00:31
Originally posted by anti-modernista1

  Kazi edna fabrika ili investicija od tie najavi sto ne e vo izgradba ili sto ne pocna da raboti?


- Монтипе
- Искра
- Тривју
- Шишеџам
...

Се е убаво евидентирано во нишкава само треба да се разгледа поназад.

Не ја гледам работава дека е ниту за претеран песимизам ниту за претеран оптимизам.

Факт 1: За прв пат во овие 20 години независност, во последниве неколку години посериозно се разговара и се работи на влез на поквалитетни грин филд инвестиции во Македонија што дава и резултати
Факт 2: Во споредба со Србија и Бугарија, инвестициите во Македонија ниту по квантитет ниту по квалитет за сега не се споредливи.

Ниту еден од овие два факта не е за занемарување.


Edited by pbanks - 30-Jan-2012 at 00:33
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 30-Jan-2012 at 00:58
Originally posted by pbanks

Originally posted by anti-modernista1

  Kazi edna fabrika ili investicija od tie najavi sto ne e vo izgradba ili sto ne pocna da raboti?

- Монтипе
- Искра
- Тривју
- Шишеџам
...

- Орланди
- Боротехник Отомотив
- Хаиер
- Еурохормонес

Originally posted by pbanks


Факт 1: За прв пат во овие 20 години независност, во последниве неколку години посериозно се разговара и се работи на влез на поквалитетни грин филд инвестиции во Македонија што дава и резултати
Факт 2: Во споредба со Србија и Бугарија, инвестициите во Македонија ниту по квантитет ниту по квалитет за сега не се споредливи. Ниту еден од овие два факта не е за занемарување.

Факт 3: За неостварувањето на овие „најавени“ инвестиции улога играше и светската криза, но откако таа заврши дел од горенаведените инвеститори својот капитал го инвестираа во соседните држави.
Факт 4: Потпишување на Меморандум за соработка/разбирање/намера не е исто што и најава за инвестиција.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 33>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.