build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Индустриски објекти и зони (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Индустриски објекти и зони (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 32>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 28-Mar-2008 at 00:50
Originally posted by ProMKD

Кога 80% од карго-превозот се врши со камиони, така треба да биде..


Транспорт со камиони треба да се избегнува ако се може. Ние немаме пловни патишта, ама барем може да ја ојачаме железницата. А Северна Америка е премногу орјентирана кон камиони, тоа го признаваат и нивните транспортни планери.
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 28-Mar-2008 at 01:30
Голема трагедија е што се случува во С. Америка со камионите. Јас сум секој ден 70КМ на автопат за да стигнат до факултет и назад.. секој ден имам проблеми со закрчени патишта, камионите некогаш ги полнат и трите ленти во еден правец.. катастрофа. А со цената на нафтата да не збориме.

А и кај нас купуваат вагони и неколку локомотиви ги промовираа вчера во митал стил. Карго превозот кај нас бележи значаен раст годиниве кај аеродромскиот и железничкиот превоз, додека лани имаше намалување на превозот на стока со камиони. Се разбудиле фирмите !
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 30-Mar-2008 at 14:29


1 Ова би требало да биде погонот за Кока кола на Скопска Пивара колку што знам. Спрема мене еден од погрдите индустриски објекти

2

3 Во позадина се гледаат некои кранови колку што јас знам тоа е истражувачкиот институт на Алалоид во изградба


Еве го рендерот за истражувачкиот институт колку за потсетување



4 Слики од терен (ваљда е тоа тоа)

5

6 Железара Скопје... Сосема друга лига

7




Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 30-Mar-2008 at 14:58
Мислам дека сето ова спаѓа во рамките на Општина Илинден но не сум сигурен. Како и да е делницата на автопатот накај рафинеријата заличува како што треба.

За почеток ова е купче мали индустриски објекти кај Хотел Белви. Генерално тежок кичерај. И кај индустриски објекти постои одредена естетика спрема мене а посебно овие што се наоѓаат на автопатот на влезот во Скопје треба да личат.

1 Од десната страна на автопатот (во правец накај Куманово). Рио Кафе

2

3 Deni international. Шпедиција. Културно изгледа и културно е уредено.

4

5

6

7 Цезаркомерц. Мислам дека оваа е врвот на невкусот

8 Три нови погони во изградба веднаш во продолжение

9

10

11 И веднаш потоа фабриката за биодизел на Макпетрол

12

13 Од другата страна (во правец накај Скопје) уште еден објект во изградба

14 Овие веќе ги знаете постари се. Ролопласт, ДХЛ, Никас и уште некои други

15

16

17

18



Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 30-Mar-2008 at 15:09
Идеме понатаму по автопатот

1

2 Покрај овие стари силоси се наоѓа фабриката за биодизел на Макпетрол од претходниот пост. Значи одма на следниот надвозник се врти за Swedmilk. Но ќе го видите и од автопат прилично му се упадливи боите.


3 Еден откачен надвозник над пругата


4 Swedmilk. Еве за каква естетика зборувам, ова е спрема мене убав индустриски објект

5 Околината уште се средува

6

7




Edited by pbanks - 30-Mar-2008 at 15:10
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 30-Mar-2008 at 15:28
Bravo pbanks ....TOP se slikive ,,,Thumbs%20Up
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 30-Mar-2008 at 19:39

Супер надополна пбанкс. Одамна не сум возел накај Куманово. Дефинитивно подзаличува на нешто.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 30-Mar-2008 at 19:48
Охрабрувачки. Капитализмот почиња тврдо да запоседнува што говори за посветла иднина!!!
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 30-Mar-2008 at 22:36
Не сум многу информиран околу што прави Општина Илинден за привлекување инвестиции и како им идат бирократските процедури, ама очигледно работат нешто како што треба штом се прибираат фирми на нивна територија! Не е битно само да има атрактивна локација, битно е да има локална поддршка! Одлични слики пбанкс! 
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 31-Mar-2008 at 00:09
А за индустриските објекти нема да се сложиме.... лично објектот на рио кафе највеќе ми се свиѓа, напред репрезентативен деловен простор со убави материјали а позади фабриката (шољата на кровот е кичерај) сведмилк ми делува некако просто Dunno 
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 31-Mar-2008 at 00:51
(шољата на кровот е кичерај) @Vardar
Pa dobro sto ocekuvas da ima na fabrika za kafe a?
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 31-Mar-2008 at 00:55
Па добро според мене доволно е што има голема реклама со рио кафе на кровот
(ова со шољата ми делува како да е theme park.... не дизниленд туку кафеленд LOL  )
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 31-Mar-2008 at 01:08
mene mi izgleda ok ,,,,ali nema vrska tvoe mislenje.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 31-Mar-2008 at 01:28
Originally posted by ProMKD

Не сум многу информиран околу што прави Општина Илинден за привлекување инвестиции и како им идат бирократските процедури, ама очигледно работат нешто како што треба штом се прибираат фирми на нивна територија!


Да, општина Илинден е прилично активна на ова поле (иако Бунарџик не е во нивна надлежност, се гради и се најавува доста за градба и надвор од Бунарџик)

Би спомнал уште два локалитети во Скопје кои веќе се прилично пополнети со мали индустриски капацитети:
1. М-3 помеѓу пругата за Тетово и скопската обиколница. Овде веќе е многу изградено, многу се гради, а има уште и доста простор за во иднина... Веројатно оваа зона и дополнително ќе се шири спрема Момин Поток и долж Бул. Словенија. Инаку е во надлежност на општина Бутел.
2. Драчевски пат. Активноста не е баш на ниво на претходната зона, но не е ни за потценување. Во надлежност е на општина Кисела Вода.

Но сепак „најквалитетната“ индустрија се развива во општина Илинден. БДП по жител на оваа општина веројатно наскоро ќе се трка со моментално индустриски најјаката општина во Македонија , а тоа е Гази Баба.

Исто така во блиска иднина може да се очекува развој на вакви зони долж северната обиколница.

Cheers


Само мислам треба да се обрати големо внимание на тоа какво земјиште се планира за развој на вакви зони. Нормално тука се во игра и бројни други фактори, но убеден сум дека квалитетно земјоделско земјиште треба да се штеди до максимум.


Edited by Cloverstack - 31-Mar-2008 at 01:30
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 30-Apr-2008 at 10:43
Eве нешто попозитивно во врска сo првомајска.....
@кловер.... цел форум го проверив го нема ова нигде, а дали е на право место е друга работа Big%20smile LOL

На скопска „Првомајска“ процвета приватниот бизнис

Стопанствениците чии фирми се лоцирани на оваа улица тврдат дека добро им оди и дека имаат муштерии

Александар Пешев

Улицата „Првомајска“ полека, но сигурно се претвора во една од поголемите индустриски зони во околината на Скопје. Слободно може да се каже дека таму веќе цути приватниот бизнис. Пред десетина години, оваа улица, која ги поврзува населбите Кисела Вода и Драчево беше позната само по ОХИС, кој беше единствениот индустриски објект на таа локација. На другите плацови од овој реон имаше само куќи и ниви. Денес, спроти ОХИС се изградени повеќе фабрики, магацини, продажни салони и продавници. Од неодамна дури и неколку големи компании лоцираа дел од своите бизниси на тој простор.

Стопанствениците кои работат на оваа улица тврдат дека им оди добро и дека имаат купувачи, и покрај фактот што оваа индустриска зона се наоѓа далеку од центарот на Скопје.

„Успеавме да привлечеме муштерии со успешна маркетинг-кампања и со високиот углед што го стекнавме преку другите претставништва кои нашата компанија ги има во градот“, објаснува Лидија Анческа, вработена во „Карат“, компанија која тргува со мебел и репроматеријали, како што се шпреплочи и иверки. „Мое лично видување е дека во овој реон полека, но сигурно се отвораат нови компании и фабрики, односно дека тој се претвора во една активна индустриска зона“, додава Анческа.

Улицата „Првомајска“ е дел од територијата на Општина Кисела Вода. Станува збор за една од трите индустриски зони кои се изградени во оваа скопска општина. Оттаму тврдат дека за поддршка на бизнисите кои се развиваат на територијата на општината е оформена стопанска комора. „Целта на тоа тело е да ги поддржува сите бизниси кои се развиваат на територијата на општината. Наша цел е да понудиме секаква поддршка за развој на нови бизниси, бидејќи тоа наедно отвора нови работни места“, објаснува Тони Чуповски, портпарол на општината.

Сепак, стопанствениците тврдат дека, и покрај големиот потенцијал, во оваа новооформена индустриска зона се' уште има простор за подобрување. „Меѓу нашите основни забелешки се што не добиваме комунални услуги и што немаме канализација. Значи, сите одводи се' уште се поврзани со септички јами. Отпадоците и ѓубрето никој не ги собира и сето тоа е оставено на нас“, вели Анческа.

Плацовите на улицата со денационализацијата се вратени во приватна сопственост. Во овој реон полесно е да се најмува плац. Засега речиси ниту еден од сопствениците на приватни плацови не е заинтересиран за продавање.

 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 30-Apr-2008 at 12:22
Секое идење накај драчево е како по друга улица да проаѓам. Стварно секогаш може да се налета на некој нов објект.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 08-Aug-2008 at 11:30

ВЕЛЕС СЕ ОТВОРА ЗА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ


Никна нова индустриска зона


Општината Велес со пари од ЕУ и од Светската банка ја уреди индустриската зона Речани 2, и сега бара од Министерството за транспорт земјиштето да го подели на парцели и да го продава


Општината Велес ја уреди индустриската зона Речани 2, која се наоѓа до поранешната управна зграда на некогашниот агрокомбинат Лозар. Локалната самоуправа урбано го среди просторот и сега очекува Министерството за транспорт плацевите да ги понуди на лицитација.Според надлежните во општината, во изминатите неколку месеци во индустриската зона Речани 2 се асфалтирани осум километри пат, а поставена е целокупната електрична, водоводна и канализациона мрежа. Општината за уредувањето на зоната инвестираше 197.000 евра, за да го поттикне индустрискиот развој на Велес.

- Целта е со поволностите што ќе ги понуди Министерството за транспорт да се привлечат домашни и странски компании да вложуваат во изградба на нови капацитети, во кои ќе се отворат работни места и ќе се вработат млади кадри.Ако се остварат нашите предвидувања тогаш од овој проект жителите на Велес ќе имаат голема корист, пред се на економски план - вели градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.
Од општината соопштуваат дека поголем дел од вложените пари, околу 150.000 евра се финансиски средства кои Велес ги доби како награда од Европската унија, а другите 47.000 евра се од фондовите преку Светска банка.

-Сега индустриската зона во Велес треба да се подели на плацеви, а надлежните во Министерството за транспорт во најкус рок да ги понудат на јавно наддавање - велат од општината.
Во непосредна близина на индустриската зона досега се изградени дваесетина индустриски објекти во кои се ангажирани повеќе од 400 работници, повеќето во конфекциски погони.

-Очекуваме бизнисмените да покажат интерес за изградба на индустриски објекти во зоната која се наоѓа во непосредна близина на автопатот Скопје - Велес. На потег е министерството - порачуваат од локалната самоуправа.
Во Велес, пред повеќе од десет години беше направена првата индустриска зона,но, таа засега не ги даде очекуваните резултати.

Стоилко АНДРЕЕВСКИ

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 16-Sep-2008 at 01:14
lslcrew@ hauauhau , ti rekov deka ostajv nesto i za tebe hehehehe
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 02-Oct-2008 at 23:04
Cheers

„Витаминка“ наскоро отвора нов погон

Прехранбената индустрија „Витаминка“ од Прилеп наскоро треба да пушти во употреба нов погон за производство на кекси, во кој се инвестирани 5,5 милиони евра. Поголем дел од средствата, четири милиони евра, се кредит од Европската банка за обнова и развој, а остатокот се сопствени средства. Новиот погон за кекси, кој е на површина на 8.700 квадратни метри, ќе отвори нови 50 работни места и ќе го зголеми годишното производство на фабрика за околу 25 проценти. Околу 70 отсто од кексите ќе се извезуваат.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B8A11B7B43342F4690E8C332B9CCE4FA




Edited by lslcrew - 02-Oct-2008 at 23:05
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 18-Oct-2008 at 13:12
Mногу ме радуваат успесите на македонските компании и затоа ја постирам оваа вест

 

Прилепска „Витаминка“ го отвори новиот погон за кекси


„Витаминка“ отвори нов погон за кекси, вреден пет милиони евра. Инвестиција која според планот треба да го зголеми пласманот на домашниот и на странскиот пазар.
“Со изградбата на новиот погон за кекси, досега најголемата инвестиција на прилепска „Витаминка“, вредна пет и пол милиони евра, оваа прехранбена индустрија се определи за доопремување и модернизација на производството за наредните десетина години. Тоа значи дека фабриката ќе го стесни асортиманот на производи кои се најмногу барани на пазарот”, изјави директорот на „Витаминка“ Симон Наумоски.
Во новиот погон годишно ќе се произведуваат над 2.000 тони кекси од кои 40% на странските, а 60% на домашниот пазар со што се очекува да се покрие увозот на вакви производи кај нас. Фабриката гарантира висок квалитет и пониски цени, а со оваа линија ќе го зголеми девизниот прилив, па така планот е на годишно ниво да остварува 10 милионни евра од извоз.
“Се е поврзано со движењата на странските пазари за што постои надеж дека нема  да се влошат на подолг период. За да се заштитиме од турбуленциите на пазарот,  презедовме соодветни мерки. Сите досегашни обврски за кредити се исплатени, останува најновата инвестиција која во дел е обезбедена со четиригодишен кредит од Европската банка за обнова и развој од каде добивме грејс период од две години”, рече Симон Наумоски.
(Toтал)




Edited by La Linea - 18-Oct-2008 at 13:15
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 32>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.