build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Индустриски објекти и зони (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Индустриски објекти и зони (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2425262728 34>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #501 Posted: 08-Feb-2016 at 13:25
Видете, привлекувањето на т.н. странски инвестиции и индустриски зони во градовите е дел вмровскиот проект за поробување на Македонија. Се работи за изградба на еден недемократски систем на владеење, кој има потпора во акумулирање на целокупниот капитал во економијата. Ставање на капиталот под прангите на власта. Јас ВМРО инвестициите ги гледам на следниов начин, хиерархиска пирамида поделена на три дела:

1. Врвот на пирамидата - Архитектот на Скопје, а наскоро и на Охрид, заедно со своите најблиски членови и една серија на големи компании што ги контролираат сите бизниси во земјата. Купување на сите поголеми и надежни компании, милом или силом (процесот се одвива, во тек е!) и ставање под директна контрола и поседување на власта. Плати на вработени - натпросечно високи; Домен на активности - привидно легален; Годишна заработувачка - боли глава!

2. Државна администрација - втората полуга на контрола на вмровскиот систем. Државен систем сочинет од превработени, партиски кадри, заслужни за лепење плакати и вршење на криминогени работи на оние што се наоѓаат на врвот на пирамидата. Професионални кадри во администрацијата - робови што треба да ги извршуваат секојдневните активности на власта. Плата - средна, работа - загарантирана, финансирање - странски кредити!

3. Дното на пирамидата - најголем дел од вмровскиот систем. Странски инвестиции во индустриски зони, обилно финансиран од државниот буџет. Во овие индустриски објекти може да се вработи секој, бидејќи се бараат робови по примерот на Бангладеш, Виетнам и слични земји што егзотично ни звучат. Платата во зони ниска, на самата граница на просекот, а често и под неа. Паралелно со овие објекти од зоните, во долната група на вмровскиот хиерархиски систем влегуваат сите мали и микро домашни претпријатија, и сите креативни занимања, општествените-политичките професии кои со својата критика можат да ја загрозат власта.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #502 Posted: 08-Feb-2016 at 13:57
Navigator трк до трафика да си го купиш најновиот број на Капитал и да ја прочиташ насловната страна само.

"Домашните бизнисмени инвестираат ДВА пати повеќе од странците"

Или да ти преведам во бројки:

486,8мил. евра бруто странски директни инвестиции во 2014
965,2мил. евра домашни инвестиции, нели кога ќе се одземат од вкупната сума на приватни инвестиции во основни средства за 2014-та година.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #503 Posted: 08-Feb-2016 at 14:18
Originally posted by jyvation

Navigator трк до трафика да си го купиш најновиот број на Капитал и да ја прочиташ насловната страна само.

"Домашните бизнисмени инвестираат ДВА пати повеќе од странците"

Или да ти преведам во бројки:

486,8мил. евра бруто странски директни инвестиции во 2014
965,2мил. евра домашни инвестиции, нели кога ќе се одземат од вкупната сума на приватни инвестиции во основни средства за 2014-та година.
Што ти е поентата? Нормално дека домашните компании ќе инвестираат повеќе од странските. Не постои земја каде странците се поголеми инвеститори од домашните бизниси. Ако ти е идејата пак да ја отвориш темата со дискриминацијата, сум пишувал многупати на таа тема. Извини, немам намера одново да објаснувам.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #504 Posted: 08-Feb-2016 at 16:25
И овде како и секаде гледаме и читаме постови на очајници кои по секоја цена се обидуваат и најпозитивната работа да ја оцрнат. Не поминува тоа момци. Особено ова важи за партиски активисти или платеници. Луѓето кои работат во зоните, работат по свој избор и тоа веројатно било најдоброто што во моментот им се нуди. Оние кои не им чини или не се нафаќаат или си заминуваат. Битно е да има поголема понуда на пазарот на трудот само така ќе се подобрат и условите за работниците. Баграта која пред оваа власт владееше и која не само што ги уништи скоро сите фирми и што остави 40% невработеност , туку и бараше лична провизија од потенцијалните странски инвеститори па така во тоа време немаше ни И од инвеститори со исклучок на оние со кои се направи добра зделка за продавање на државни компании. Е сега истата таа багра критикува зошто платите се 12 илјади денари а во нивно време имавме плати со по 6 илјади денари и тоа луѓето работеа и викенди по 12 саати а ако не ти чини веднаш надвор затоа што имаше огромен број на луѓе кои се молеа и за тие 6 илјади денари да работат. Сега малку работите се поинакви работник не е толку лесно да се најде а и самите работници малку си ги отворија очите. Па така ако во времето на владеење на БАГРАТА луѓето не ни знаеја што е тоа да бидеш осигурен, што е тоа да имаш платен одмор, што е тоа К15 денес малку подруго гледаат на овие работи. Секако дека треба уште многу работа за да се оправи ПУСТОШОТ оставен од БАГРАТА но ФАКТ е дека сме на добар пат.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #505 Posted: 08-Feb-2016 at 16:46
Originally posted by Navigator

Originally posted by jyvation

Navigator трк до трафика да си го купиш најновиот број на Капитал и да ја прочиташ насловната страна само.

"Домашните бизнисмени инвестираат ДВА пати повеќе од странците"

Или да ти преведам во бројки:

486,8мил. евра бруто странски директни инвестиции во 2014
965,2мил. евра домашни инвестиции, нели кога ќе се одземат од вкупната сума на приватни инвестиции во основни средства за 2014-та година.
Што ти е поентата? Нормално дека домашните компании ќе инвестираат повеќе од странските. Не постои земја каде странците се поголеми инвеститори од домашните бизниси. Ако ти е идејата пак да ја отвориш темата со дискриминацијата, сум пишувал многупати на таа тема. Извини, немам намера одново да објаснувам.


Какви идеи бе?Ти посочувам факти да видиш кој колку инвестира а кој колку добива.
Иди види ги зонине Пинтија или Визбегово.Немаат водовод,канализација и ред други работи.
Пред некој ден ја прошетав цела зона Визбегово.Па нема по мизерни услови од таму.Самите си направиле пристапен пат, си поплочиле со бекатон самите сопственици.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #506 Posted: 08-Feb-2016 at 16:59
Kultuzin,

мене не ми е гајле за твоите хвалопојки за власта. Јас само два индикатори ќе ти дадам. Платата во времето на владеење на твојата партија во овие 10 години е зголемена во просек за 759 денари, или што ќе рече во една година истата е поголема за 75,9 денари. Вториот индикатор е дека нееднаквоста помеѓу оние кои имаат многу, а рапидно нивното богатство и понатаму се зголемува, и оние кои немаат ништо, а рапидно нивното севкупно богатство се намалува, се ЗГОЛЕМУВА и воедно претставува најголема нееднаквост на европско ниво. За сето ова можам да ти изнесам податоци.

Во сите овие околности, неспособната власт би била подобро да им каже на луѓето дека можат да си заминат од земјата, и да си го бараат лебот во странство отколку што продава скапа пропаганда на нив. Не за друго, скапо нив ќе ги чини порано или подоцна.

А дека денеска можеш да преживееш ако си невработен, тоа можеш. Можеш да си го издаваш својот стан преку интернет, можеш да работиш преку интернет, а официјално да се водиш како невработен. И пази уште нешто, така би земал и поголема плата од она што го нудат во зоните.

И за на крај, тие стотици милиони евра што се истураат по наводни странски инвестиции што ќе ја препородат земјава требаше да се инвестираат во нешто корисно. Нешто како туризам, ИТ сектор, развој на органско производство на земјоделци, развој на сектор енергетска ефикасност, развој на сектор зелена енергија. Со малку писменост, ќе се сфати дека во светот во моментов се влече кон развој токму кон овие сектори.

Тоа екс-социјалистичко мантрање за отворање на фабрики, и тоа грото од нив за полупреработени производи, во моментов води кон хиерархиската пирамида за која веќе пишав погоре. Целта е јасна: да се создаде земја на робови!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #507 Posted: 08-Feb-2016 at 17:18
Previous
 
Ова последново за создавање на земја на робови можеби функционирало пред 100 години ова време.
 
Но денес, планираните робови станувааат непланирани мигранти кои си ги пакуваат парталите и фаќаат џаде во еден правец - надвор од државата.
 
Трагично е тоа што испразнетите градови и села допрва ќе бидат населени со странци кои со тек на време ќе станат мнозинство, а овие големиве привлекувачи на странски инвестиции ќе си ги прчат меѓуножјата и ќе се расфрлуваат со украдените пари од македонскиот народ таму некаде - Чешка, Белизе, Бразил, Кариби, Панама и бројни други држави кои често се спомнуваат како прибежиште за криминалците од Балканот.


Edited by Dexter26 - 08-Feb-2016 at 17:20
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #508 Posted: 08-Feb-2016 at 17:24
Originally posted by jyvation

Originally posted by Navigator

Originally posted by jyvation

Navigator трк до трафика да си го купиш најновиот број на Капитал и да ја прочиташ насловната страна само.

"Домашните бизнисмени инвестираат ДВА пати повеќе од странците"

Или да ти преведам во бројки:

486,8мил. евра бруто странски директни инвестиции во 2014
965,2мил. евра домашни инвестиции, нели кога ќе се одземат од вкупната сума на приватни инвестиции во основни средства за 2014-та година.
Што ти е поентата? Нормално дека домашните компании ќе инвестираат повеќе од странските. Не постои земја каде странците се поголеми инвеститори од домашните бизниси. Ако ти е идејата пак да ја отвориш темата со дискриминацијата, сум пишувал многупати на таа тема. Извини, немам намера одново да објаснувам.


Какви идеи бе?Ти посочувам факти да видиш кој колку инвестира а кој колку добива.
Иди види ги зонине Пинтија или Визбегово.Немаат водовод,канализација и ред други работи.
Пред некој ден ја прошетав цела зона Визбегово.Па нема по мизерни услови од таму.Самите си направиле пристапен пат, си поплочиле со бекатон самите сопственици.
Повторно не ја гледам поентата. Се зел два негативни примера. Ок, се сложувам дека Визбегово има лоша инфраструктура. Од друга страна, имаш индустриски зони (не ТИРЗови) со одлична инфраструктура (Ќојлија, Караслари - Велес, Прилеп 1 и 2, Жабени - Битола, Штип запад итн). Не заборавај дека овие индустриски зони се под надлежност на општините. И не ти е ваљда зборот дека заради некои неспособни градоначалници, не треба да се развиваат ТИРЗовите каде што главно доаѓаат странски фирми.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #509 Posted: 08-Feb-2016 at 17:44
Originally posted by BOJAN

Kultuzin,

мене не ми е гајле за твоите хвалопојки за власта. Јас само два индикатори ќе ти дадам. Платата во времето на владеење на твојата партија во овие 10 години е зголемена во просек за 759 денари, или што ќе рече во една година истата е поголема за 75,9 денари. Вториот индикатор е дека нееднаквоста помеѓу оние кои имаат многу, а рапидно нивното богатство и понатаму се зголемува, и оние кои немаат ништо, а рапидно нивното севкупно богатство се намалува, се ЗГОЛЕМУВА и воедно претставува најголема нееднаквост на европско ниво. За сето ова можам да ти изнесам податоци.

Во сите овие околности, неспособната власт би била подобро да им каже на луѓето дека можат да си заминат од земјата, и да си го бараат лебот во странство отколку што продава скапа пропаганда на нив. Не за друго, скапо нив ќе ги чини порано или подоцна.

А дека денеска можеш да преживееш ако си невработен, тоа можеш. Можеш да си го издаваш својот стан преку интернет, можеш да работиш преку интернет, а официјално да се водиш како невработен. И пази уште нешто, така би земал и поголема плата од она што го нудат во зоните.

И за на крај, тие стотици милиони евра што се истураат по наводни странски инвестиции што ќе ја препородат земјава требаше да се инвестираат во нешто корисно. Нешто како туризам, ИТ сектор, развој на органско производство на земјоделци, развој на сектор енергетска ефикасност, развој на сектор зелена енергија. Со малку писменост, ќе се сфати дека во светот во моментов се влече кон развој токму кон овие сектори.

Тоа екс-социјалистичко мантрање за отворање на фабрики, и тоа грото од нив за полупреработени производи, во моментов води кон хиерархиската пирамида за која веќе пишав погоре. Целта е јасна: да се создаде земја на робови!
Извини што ти се мешам во апокалипсата, сакав само да те замолам да ставиш тоа податокот за просечната плата од 2006 до 2015. Освен ако изворот на податоците ти е некоја невладина под капа на ИООМ, тогаш не мораш, поштеди не. Пошто тоа што јас го гледам како официјална статистика вели: Ноември 2006 - 13600, а Ноември 2015 - 22000.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #510 Posted: 08-Feb-2016 at 18:15
04.01.2016, 17:33
ЗА ШЕСТ ГОДИНИ ПЛАТИТЕ ПОГОЛЕМИ ЗА САМО 759 ДЕНАРИ

Во октомври лани просечната плата изнесуваше 22.213 денари, или 361 евро, а на крајот на 2010 година била 21.454 денари



Маја ТомиЌ



Просечните плати тапкаат во место - додека од една страна секојдневните трошоци се зголемуваат, граѓаните со примањата се' помалку можат да врзат крај со крај во месецот, бидејќи нивниот раст ни оддалеку не го следи порастот на трошоците.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС, просечната плата лани во октомври изнесувала 22.123 денари или 361 евро, што било повеќе за 2,3 отсто во однос на истиот месец една година претходно.

Во последните шест години речиси се незначајни зголемувањата на платите во државата. Односно, последната статистички пресметана просечна плата за октомври минатата година е за само 759 денари или околу 12 евра повеќе од онаа исплатена во декември 2010 година. Платите на крајот на 2010 изнесувале 21.454 денари. Една година подоцна, во декември 2011, исплатената просечна плата во државава била малку пониска, 21.415 денари, во истиот месец 2012 симболично поголема, или 21.469 денари, во декември 2013 стасала до 21.500 денари, а на крајот на 2014 изнесувала 22.407 денари или 364 евра.



Како и досега, највисоките плати во државава се исплаќаат во енергетскиот сектор, финансиските дејности, телекомуникациите, здравството и рударството, каде што просекот на платите се движи меѓу 25 илјади денари и 40 илјади, а кои во последните три години се зголемиле за повеќе од 30 отсто.

И во годината што заврши, според ДЗС, повторно највисоки просечни плати биле исплатени во рударството, во снабдувањето со електрика и гас, во информатичката дејност, телекомуникациите, финансиите, компјутерското програмирање, каде што платите се движеле меѓу 28.000 и 50.000 денари месечно.

Во споредба со октомври 2014 година, или за една година, зголемени плати се регистрирани во рударството, за 6,6 отсто, во финансиските дејности, за 2,8 отсто и во преработувачката индустрија за 2,3 отсто. Но, значително за овој период од една година скокнале просечните плати во филмската дејност, продукција и видео и ТВ-програми. Дури за 24,5 отсто, како и во спортските, забавните и рекреативните дејности чии плати за една година скокнале за цели 158,1 отсто.

Според анализите на Сојузот на синдикатите на Македонија, 9 отсто од сите вработени во државава, кои ги има околу 700.000, земаат плата меѓу 20 и 30 илјади денари, а само 2,3 отсто над 30.000 денари. Најголемиот дел, или повеќе од 70 отсто работат за помали плати од државниот просек. Откако се донесе Законот за минимална плата пред четири години, најголем дел од компаниите се придржуваат до законскиот минимум и на вработените им исплаќаат околу 200 евра минималец, сума со која ни оддалеку не може да се намират месечните давачки.

Според минималната синдикална кошничка за најосновните потреби, на едно четиричлено семејство му се потребни најмалку 32.000 денари, или околу 500 евра месечно, при што дури 74 отсто од нив одат за сметки и за минимални потреби за храна. Во кошничката се внесени основните потреби за храна, пијалаци, облека, домување, лекување, превоз, култура и забава на едно домаќинство кое живее во стан од 60 квадратни метри и нема автомобил.

На граѓаните не им значат многу статистичките пресметки и анализи и поголемиот дел од нив кои земаат просечни плати коментираат дека живеат полошо од пред неколку години.

„Бројките се едно, реалноста нешто сосема друго. Работам во приватна фирма и платата ми е истата како и пред десет години кога се вработив. Се сеќавам како живеев тогаш, а знам како живеам денес. Порано со мојата плата и со приходот од сопругот, кој исто така работи во приватна компанија, ги плаќавме редовно сметките, купувавме доволно храна, одевме на годишен одмор..., сега парите не ни стасуваат ни до 10-ти во месецот и редовно доцниме со плаќањето на сметките“, вели А.Т. од Скопје.

Извор: Утрински весник, http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=D0FAB6AC50EE54449CEDA5DE4762C0A8&commentID=673719&pLikeVote=1
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #511 Posted: 08-Feb-2016 at 18:19
И да не им оставам простор на пропагандистите, новата методологија на статистика, разлики помеѓу бруто и нето-плата е воспоставена во 2010 година:

Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година ја примени новата Национална класификацијана дејностите (НКД Рев.2) за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатената бруто и нето - плата.
    Месечните индекси на просечната исплатена бруто и нето-плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).

Извор: Стопанска комора на Македонија, http://www.mchamber.org.mk/(S(yujabeqg5cmrob55423tns45))/default.aspx?mId=55&evt=1&lId=1&ContentContainer5$ctl00_page=1&evId=10524
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #512 Posted: 08-Feb-2016 at 18:28
Батали методологија и концепт на бруто плата. Тоа е релевантно само за износот на бруто платата, не за нето платата. Колку исплаќала фирмата е небитно за овој муабет, туку колку земал вработениот. Фактот останува: работниците во 2006 земале просечна плата од 13,600 а во 2015 земале 22,000.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2517
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #513 Posted: 08-Feb-2016 at 19:40
Originally posted by Navigator

Батали методологија и концепт на бруто плата. Тоа е релевантно само за износот на бруто платата, не за нето платата. Колку исплаќала фирмата е небитно за овој муабет, туку колку земал вработениот. Фактот останува: работниците во 2006 земале просечна плата од 13,600 а во 2015 земале 22,000.


Да, затоа што имаш 50к+ во администрација и покачени плати во истата. Каква е статистиката во приватниот сектор ако може инфо?

Еве ја првпат ко се вработував земав 200е. Денес после 11.5 години гледам дека во струката (графички дизајн и сл.) се нема мрднато ни чекор. Истата плата се нуди.

----------

А основна плата чинам се однесува на нето, а не на почетна плата. Колку и би можела да му се покачи за 3 месеци колку што вели времетраењето на договорот. Еве и да му продолжат р.о., што на 500 да не ќе му ја качат?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7635
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #514 Posted: 09-Feb-2016 at 02:32
а што точно се има сменето на пазарот за труд?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #515 Posted: 09-Feb-2016 at 09:49
Originally posted by fichot

Originally posted by Navigator

Батали методологија и концепт на бруто плата. Тоа е релевантно само за износот на бруто платата, не за нето платата. Колку исплаќала фирмата е небитно за овој муабет, туку колку земал вработениот. Фактот останува: работниците во 2006 земале просечна плата од 13,600 а во 2015 земале 22,000.


Да, затоа што имаш 50к+ во администрација и покачени плати во истата. Каква е статистиката во приватниот сектор ако може инфо?

Еве ја првпат ко се вработував земав 200е. Денес после 11.5 години гледам дека во струката (графички дизајн и сл.) се нема мрднато ни чекор. Истата плата се нуди.

----------

А основна плата чинам се однесува на нето, а не на почетна плата. Колку и би можела да му се покачи за 3 месеци колку што вели времетраењето на договорот. Еве и да му продолжат р.о., што на 500 да не ќе му ја качат?
Секоја моја реплика е поддржана со податоци. Јас не пишувам на памет и не се служам со поединечни примери. Така да, воопшто не ме интересира колку си земал кога си се вработил и каква ти е перцепцијата за тоа колку се нуди на пазарот. Да не правам муабет за произволните проценки за тоа колку била зголемена администрацијата. Поткрепи ги аргументите за да ти има тежина коментарот.

Во однос на статистиката, ваква е ситуацијата во 2015: Просечна нето плата за 2015 во сектор ЈАВНА УПРАВА И ОДБРАНА; ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ - 25929. Во исто време, ФИНАНСИСКИ ДЕЈНОСТИ И ДЕЈНОСТИ НА ОСИГУРУВАЊЕ - 39647, ИНФОРМАЦИИ И КОМУНИКАЦИИ - 34854, СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ГАС, ПАРЕА И КЛИМАТИЗАЦИЈА - 36866. Има уште 15-16 други дејности. За жал немам податок за платата во 2006 по дејности. Како и да е, едноставната пресметка вели дека од 13600 до 22000 има пораст од 61,8%, му се допаѓало тоа некому или не.

Околу договорот и основната плата. Секако дека нема да му ја покачат платата од 200 на 500 евра за 3 месеци. Убаво напишав погоре, пракса на западните фирми е да применуваат концепт на почетна плата. На тој начин фирмата си дозволува порелаксиран процес на селекција на кандидати бидејќи обезбедува период од 3, 6, 12 месеци за "докажување" на нововработениот. И тоа е фер според мене. Особено за странски фирми кои сеуште не знаат на што ќе налетаат на пазарот на труд овде. Се покаже ли кандидатот, добива подолг договор и повисока плата со можност за покачување. Наспроти тоа, во најголем дел од домашните фирми платата останува иста по 10-15 и повеќе години.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #516 Posted: 09-Feb-2016 at 10:45
Платата од 2010 до 2015 година е зголемена за само 759 денари во просек според податоците на Државниот завод за статистика, кој и онака е орган на власта за фалење и воспевање на нејзините успеси.

Во недемократски режим официјалните податоци се поим за кој може да дебатираме, па да намалуваме или зголемуваме бројки. Јас така ги доживувам оние што ти ги воспеваш дека ќе им овозможат подобро утре на граѓаните.

А за тоа колку е добро во Македонија има една студија на левичарското движење „Солидарност“ (кој не е меродавен извор, против власта е, а ти и Сител сте меродавни нели). Еве ја студијата: Богатството и сиромаштијата во Македонија 2008-2012 година, http://www.solidarnost.mk/wp-content/uploads/2014/09/studija_2008_2011.pdf
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #517 Posted: 09-Feb-2016 at 11:44
Колку беше просечната платата 2005?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9117
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #518 Posted: 09-Feb-2016 at 11:47
@navigator

во економскиве нишки генерално се согласувам со тебе, но воопшто не е произволна проценка дека во овие 10 години јавниот сектор е напумпан без преседан. Немам време да барам конкретни податоци но таквите ги има. Всушност, човек треба да биде фер пред себе бидејќи ова е очигледно.

Во коалиција со рамковна македонија, имаме еден голем дел од популацијата која паразитски живее на грбот на нас, плаќачите на данок. Најголемиот минус, особено што се работи за десничарска влада која номинално прокламира пазарна економија, во однос на економските прашања е токму тој барем за мене. Овој народ е научен некој друг да се грижи за него а ваквите мерки само го охрабруваат да бара уште, се додека не ни се случи Грција.

Растот на просечните плати дефинитивно беше воден од растот на платите во јавната администрација. За жал многу луѓе се наградија за нивната неработа. Продуктивноста на јавната администрација е комплетно непропорционална со платите кои таму се зимаат.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9117
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #519 Posted: 09-Feb-2016 at 11:49
За сите „падавичари“... еве ви една приказна од Америка

Inside Nevada’s $1.3 billion gamble on Tesla

The muddy math that’s turning the state into a manufacturing destination

(Tesla Motors)

In June of 2014, Texas Governor Rick Perry pulled into Sacramento behind the wheel of a Tesla Model S. Unseasonably dressed in a black jacket, Perry was in California for fundraising, but nonetheless took time to address reporters in front of a local hotel. He told them that he enjoyed driving a Tesla, theLos Angeles Timeswrote, and would happily make one addition: “a made-in-Texas bumper sticker."

Tesla had been shopping for a site to place its Gigafactory, promising to create thousands of jobs wherever the massive battery plant landed. But the company, and CEO Elon Musk, wouldn’t go just anywhere. Tesla bargained its way through lucrative deals, asking local governments for millions in tax incentives to grease the company’s wheels.

Four states — Arizona, Texas, New Mexico, and Nevada — became finalists for the factory, and were more than willing to accommodate Tesla by competing with other states’ bids. (California, after being dropped, was also later put into the running again.) The company asked for $500 million, up front, in cash, to move to Nevada, but was rebuffed by officials in the state. “Really, Nevada wasn’t in a position to directly respond to that, either functionally or financially,” says Steve Hill, executive director of the governor’s office of economic development in the state. It seemed like the deal was lost.

tesla%20gigafactory%20ground

Until, without warning, Tesla came back to the table. Nevada ultimately won the factory deal, but at a cost that has proven controversial: the state offered an incentives package that was the largest in Nevada history, and became one of the 15 largest nationally. Over the next 20 years, Tesla could take in nearly $1.3 billion in tax benefits for building its Gigafactory in Nevada, according to projections from the state, as hires are made for the factory locally and from around the country. Assuming Tesla meets its obligations under the deal, it will spend 20 years free from sales tax, and 10 years free from property tax, while it receives millions of dollars more in tax credits.

TESLA COULD TAKE IN NEARLY $1.3 BILLION IN TAX INCENTIVES

Tesla has been reporting on its progress since the Gigafactory first broke ground, but as construction tails off and manufacturing kicks up, the long-term future of the project still remains uncertain. Some economists have questioned the incentives, while the state and Tesla have issued apparently conflicting numbers on the company’s immediate prospects. Should the factory fail to live up to its promises, the question that has surfaced about the project will likely continue to plague the deal for years: was it worth it?

***

On one level, it’s hardly surprising that Tesla would be the beneficiary of such a deal. States have long seen manufacturing as the perfect place to bet tax dollars, viewing the incentive as a down payment — a lure that will first draw a business, then an industry, then a new population built around the industry. Often, that money goes to transportation companies. Although there is no federal database for tax incentives, and it’s therefore difficult to account for where money is being spent, car manufacturers have outpaced many other businesses. A 2012New York Timesinvestigationfound that GM earned $1.7 billion in incentives over five years, with Ford and Chrysler close behind. Data from Good Jobs First, a watchdog organization that follows major subsidy deals, has found that the largest subsidy ever offered went to Boeing in 2013 — a deal from the state of Washington that could eventually be worth as much as $8.7 billion.

The potential windfall for a state is alluring. A manufacturer requires suppliers. Entice the company to come to you instead of someplace else, and maybe an entire industry will crop up to work near the first business. Suddenly, you have many more jobs than what you first paid for, and a revitalized service industry may grow to attend to the larger population. Those people pay their taxes, and in the end, the benefits could outweigh the bargain given out. This idea has guided the thinking behind tax incentives, and helped build the deals into the behemoth they are today. The Tesla deal is just the latest example: Nevada estimates that the factory will bring 6,500 "direct" jobs but 22,700 "total" jobs to the state.

Those jobs were enough to persuade the legislature to approve the deal in a special session, despite some outcry over the cost. Bob Fulkerson, state director of the Progressive Leadership Alliance of Nevada, which has opposed the deal, summed up some of the backlash in the state when he told me the ones paying for the deal "will not have names like Musk."

"THE WAY [MUSK] PLAYED THIS TAX BREAK GAME WAS SUPER OLD SCHOOL."

"The way he played this tax break game was super old school," says Greg LeRoy, executive director of Good Jobs First. Without federal data on tax incentives, the group has become the preeminent collector of tax incentive deals, maintaining a list of so-called "megadeals" that exceed more than $50 million in incentives. The group has been critical of the Tesla deal, arguing that the company effectively gamed the states into a bad bargain, playing them off each other to raise incentives beyond reason.

elon-musk

But the Tesla deal is also in some ways very new. Unlike its automotive counterparts, the factory isn’t for cars, but for batteries, which Tesla is making in partnership with Panasonic. Nevada is suddenly taking on industries more closely associated with Asia than with the Southwest, and it’s unclear if the state will see the domino effects it’s predicted. "It’s a really big risk to try to build a brand new industry," says Kenneth Thomas, a professor of political science at the University of Missouri–St. Louis.

Certainly Nevada hasn’t previously seen anything like the Gigafactory in scope. Prior to the Tesla deal, the largest tax package ever offered to a company was Apple, which received an $89 million incentive deal, just a fraction of the benefits Tesla could receive. That giant leap has given pause to some observers. "Nevada not only hasn’t done this before — it doesn’t even have the experience in negotiating incentives this large," Thomas says. After studying the Tesla deal, he estimated that the state will lose about $183,000 per job — on the high side, he says, but some states have lost far more.

SOME ECONOMISTS HAVE BEEN CRITICAL OF THE DEAL

Other economists have been more critical of Nevada. "Most people who are, like me, unbiased outsiders, would say they’re getting taken to the cleaners," says Martin Kenney, a professor of the community and regional development program at the University of California–Davis. The state, he says, "gave away the store."

It’s far too early to cast complete judgment on the deal — the consequences of it will be too far-reaching and are too far out to calculate. But the state releases quarterly audits of the Gigafactory as a condition of the deal.

NUMBERS SEEM SHORT OF STATE'S PREDICTIONS

Numbers for the fourth quarter of 2015 were released at the start of this month — and they seemed well short of what the state had originally projected. (Previous quarters have been reported onby theReno Gazette-Journal.) The report, which legislators used to approve the tax abatements before the Gigafactory could be built, suggested that Tesla would reach 700 jobs at the facility by 2015, but Tesla reported having just 232 full-time employees at the factory, along with 40 Panasonic employees. The ramp-up happened quickly; the previous quarter’s audit counted 50 Tesla employees and 32 Panasonic employees.

The state’s projection number, Hill told me, was due to an error: the government failed to account for the time between when it published the report and when Tesla started work on the factory. He says the report is months "out in front" of where Tesla is, as it was pegged to a January timeline while the project did not get underway until October 2014. The state, he says, "just didn’t think of that time lag."

"What we should have done is update that employment number," Hill says. He pointed to Tesla’s official application, filed in October 2014, that placed its one-year job projection number at 300 permanent employees.

"WHAT WE SHOULD HAVE DONE IS UPDATE THAT EMPLOYMENT NUMBER."

Hill says his office "probably could have" informed the legislature about the miscalculation before the Tesla deal was approved in September of 2014, but adds that it ultimately won’t matter: the factory job numbers will soon catch up to the projections from the state. How long exactly that will take, though, isn’t quite clear. The state projected Tesla to be at 4,700 jobs in 2017, and at full capacity — 6,500 permanent jobs — by 2018. Tesla’s application says it will be at only 4,000 jobs in five years, around October 2019.

A Tesla spokesperson toldThe Vergethat the company has adjusted its business and construction plans, but that the factory will now open earlier, and more full-time employees will be there sooner than expected. "The rise in employment in Q4 reflects the personnel required to begin production of Tesla Energy products (which we previously announced went into production late last year)," the spokesperson said in a statement.

Tesla says the factory will open sooner than expected

Assuming the project doesn’t reach future jobs goals, or fails to put down the expected level of investment in the project, Nevada has failsafes installed. The state included so-called clawbacks in its deal, which means, should Tesla fail to reach its obligations for investment spending and employment, the state can demand money equal to incentives it gave. In theory, the state could recoup millions of what it gave up through a clawback that kicks in after 10 years, although in practice such provisions don’t always work.

"The clawbacks will never let you recover what you sunk into it," Kenney says. A company may put up a legal fight, or have gone bankrupt by the time the bill comes due. In the latter case, Hill is blunt about what would happen to Nevada: "we don’t get the money."

***

As Timothy Bartik, a senior economist at the W.E. Upjohn Institute for Employment Research, told me, tax incentive deals certainly have some effect on a local economy over time, even if that effect is modest. But he’s argued that there are more effective ways for local governments to focus their energies. Customized job training for businesses already in a state, or simply assisting with zoning laws, could be a more valuable exercise than a giant deal, if less impressive to a politician’s constituents.

"Providing a variety of information and training services is relatively cheap and seems to have a fairly high bang for the buck," he says. Although many states, including Nevada, argue that tax incentives bring a business that otherwise wouldn’t have been there at all, Bartik rejects that argument. "If you didn’t have any incentive program, you would’ve collected more tax revenue," he says.

A DEAL MAY BRING MORE JOBS, BUT MIGHT HAVE OTHER CONSEQUENCES

A deal may bring more jobs, but it might also create other financial consequences, like a need for stronger infrastructure to service a town increasingly populated by factory workers. Ultimately, the deals "aren’t a huge money-maker" for a state, Bartik says, even if jobs are created. It’s not yet clear what those secondary changes will look like for the Gigafactory, but the state’s report mentions that more jobs will be needed to support "significant construction related to transportation and utility infrastructure as well as employee housing." The people filling those jobs, the report points out, "would generate sales and property taxes at the full unabated rate."

"IT'S REALLY HARD TO GIVE OUT JUST ONE OF THESE."

The deals, then, certainly can make economic sense, Bartik says, but another problem is what happens next. "It’s really hard to give out just one of these," he says. Many tax incentive deals are ad hoc, given to one major company and tailored to that company during a national bidding war. After giving the deal to one company, how can you argue against giving a proportional deal to another, if the job numbers line up in the same way? Nevada isn't ready to stop betting on the electric car industry. Soon after inking the giant Tesla deal, the state offered another — a package equivalent to more than $330 million awarded to Faraday Future, a startup aiming to compete with Tesla. (This month, it was revealed that a four-day special legislative session for the Faraday deal would end up costing the state nearly a quarter of a million dollars.)

The job, Hill tells me, is to offer the best chance of success to a company, while minimizing the pitfalls so the state does not "suffer unduly."

"We don't pretend to be able to predict how these companies will do moving forward," he says.



http://www.theverge.com/2016/2/8/10937076/tesla-gigafactory-battery-factory-nevada-tax-deal-elon-musk


Edited by pbanks - 09-Feb-2016 at 11:50
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9117
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #520 Posted: 09-Feb-2016 at 11:53


Една работа се идеолошки уверувања (не во баналната смисла ВМРО или СДСМ туку вистински идеолошки уверувања врз база на систем на вредности) и да сметате дека ова што се прави не е фер, платите не се фер итн...

Животот не е фер. Правилата на игра се тие и човек треба да извлече максимум од тоа што може.


Edited by pbanks - 09-Feb-2016 at 11:54
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2425262728 34>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.