build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Индустриски објекти и зони (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Индустриски објекти и зони (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829 32>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #521 Posted: 09-Feb-2016 at 15:01
Originally posted by pbanks

@navigatorво економскиве нишки генерално се согласувам со тебе, но воопшто не е произволна проценка дека во овие 10 години јавниот сектор е напумпан без преседан. Немам време да барам конкретни податоци но таквите ги има. Всушност, човек треба да биде фер пред себе бидејќи ова е очигледно. Во коалиција со рамковна македонија, имаме еден голем дел од популацијата која паразитски живее на грбот на нас, плаќачите на данок. Најголемиот минус, особено што се работи за десничарска влада која номинално прокламира пазарна економија, во однос на економските прашања е токму тој барем за мене. Овој народ е научен некој друг да се грижи за него а ваквите мерки само го охрабруваат да бара уште, се додека не ни се случи Грција. Растот на просечните плати дефинитивно беше воден од растот на платите во јавната администрација. За жал многу луѓе се наградија за нивната неработа. Продуктивноста на јавната администрација е комплетно непропорционална со платите кои таму се зимаат.
Еве да се дообјаснам: Се сложувам дека јавниот сектор е преголем и непродуктивен. Се сложувам и свесен сум дека се случуваат партиски и етнички вработувања, што не смее да е така. Мојот коментар се однесуваше на од ракав фрлените 50k нови работни места во администрацијата. Немам официјален податок, но сум уверен дека точната бројка не е ни блиску до таа. Ова го темелам на изјавата на МИОА од пред половина година дека под државна капа се 130k лица. Ако некој верува дека пред 10 години сме имале 80k буџетари, а сега 130k, мене тоа ми изгледа нереално.

Со твојот коментар единствено не се согласувам дека растот на просечната плата во Македонија е воден од администрацијата. Зголемување на платите во администрацијата е направено само во последните 3-4 години и тоа за 4-5% годишно. Тоа не може да биде генератор за раст на просекот. Па само во преработувачката индустрија (каде припаѓаат компаниите од зоните), зголемувањето на просекот е поголем од тие 4-5% во администрацијата во последните 5 години. Освен тоа, постојат други сектори кои значително напредуваат во однос на платите, пред се ИТ и финасискиот сектор. На ова додај го и регулирањето на односите во земјоделието, каде заради субвенциите неопходно е регистрирање, а со тоа и регулирање на плата и придонеси. Платите во администрацијата придонесуваат, ама не го креираат растот на просекот.
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #522 Posted: 09-Feb-2016 at 15:05

Добро кога ќе падне диктаторот што ќе и правите на администрацијата што ја силувате да гласа јас стварно не знам.
На страна индустриски капацитети, се менуваат генерациите 80% од новите 18 годишници со право на глас што се се повеќе секој месец не ве сакаат.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #523 Posted: 09-Feb-2016 at 15:16
Originally posted by Navigator

Еве да се дообјаснам: Се сложувам дека јавниот сектор е преголем и непродуктивен. Се сложувам и свесен сум дека се случуваат партиски и етнички вработувања, што не смее да е така. Мојот коментар се однесуваше на од ракав фрлените 50k нови работни места во администрацијата. Немам официјален податок, но сум уверен дека точната бројка не е ни блиску до таа. Ова го темелам на изјавата на МИОА од пред половина година дека под државна капа се 130k лица. Ако некој верува дека пред 10 години сме имале 80k буџетари, а сега 130k, мене тоа ми изгледа нереално.


Воопшто не е битно колкaва била бројката пред 10 години. Тоа е дискурсот кој ме одвраќа поакитвно да дискутирам. И не само на форумот.

Зборуваме што е добро а што не е добро. Не е добро да има толкава јавна администраицја. И 80, 90, 100, 120, 130к..... сите тие бројки се фрапантни. Редно е овој народ на научи дека нема загарантиран па уште и бесплатен ручек.


Со твојот коментар единствено не се согласувам дека растот на просечната плата во Македонија е воден од администрацијата. Зголемување на платите во администрацијата е направено само во последните 3-4 години и тоа за 4-5% годишно. Тоа не може да биде генератор за раст на просекот. Па само во преработувачката индустрија (каде припаѓаат компаниите од зоните), зголемувањето на просекот е поголем од тие 4-5% во администрацијата во последните 5 години. Освен тоа, постојат други сектори кои значително напредуваат во однос на платите, пред се ИТ и финасискиот сектор. На ова додај го и регулирањето на односите во земјоделието, каде заради субвенциите неопходно е регистрирање, а со тоа и регулирање на плата и придонеси. Платите во администрацијата придонесуваат, ама не го креираат растот на просекот.


Прилично ревносно ги следам податоците како што се просечна плата барем 15-20 години наназад. Точно знам кога просечната плата рипна и тоа е во директна корелација со растот на платите кај државната администрација. Тоа не значи дека платите не рипнале во сите сектори кои ти ги наброја, но нивниот удел во вкупната работна сила е незначителен во однос на јавната администрација. А тоа повторно не враќа на проблемот од почетокот на постот


Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #524 Posted: 09-Feb-2016 at 15:53
Сега ќе говорам на едно макро ниво. Низ сите овие мои години на студирање по општествени науки, главната поента што ја научив од неолиберализмот е дека нееднаквост во светот постои, и ќе продолжи да постои, но и дека треба да се воведе нова класифицикација на нееднаквоста (финансиска, економска, образовна, информативна, итн.), која дотогаш се гледаше како единствено мерило за севкупниот развој на регионите и на континентите, а подоцна и на погледите кон градовите и кон државите.

Неолиберализмот ја потенцираше, ако не ја направи самата поделба, на стриктно одвојување на нееднаквоста од сиромаштијата. Овие два мега поими, се влечеа одвоени до пред некое време бидејќи приказната донекаде „возеше“ првенствено во земјите од развиениот свет.

Приказната на неолиберализмот беше дека богатите (луѓе, компании, држави и итн.) не се добри луѓе, но барем се субјекти кои можат да инвестираат во проекти, да отворат нови работни места од различен профил, да генерираат развој во економијата (што отвора можност капиталот да го поттикне развојот и во секој друг сектор на општеството), и НАЈВАЖНОТО, да ја намалат сиромаштијата и во најоддалечените региони во светот. На тој начин, неолиберализмот успеа да ја продаде идејата дека имаме помалку гладни во светот, помалку луѓе умираат поради недостиг на храна, и покрај тоа што податоците за растечката нееднаквост во континуитет се зголемуваат. Процентот на најбогати во светот е ист, нивниот капитал расте, а процентот на дното од социјалната стратификација расте и нивното севкупно богатство опаѓа, со тренд да го делат се повеќе усти.

И каде стигнавме после толку години? До МИГРАЦИЈАТА! Неолиберализмот преку инвестицискиот циклус да нахрани повеќе усти од сите оние претходни програми за помош на неразвиените земји или на маргинализираните групи во едно општество. Но, актуелната идеологија заборави дека кога ќе му дадеш можност да преживее еден сиромашен во Нигерија, без струја, питка вода и без елементарни услови за живот, првата работа што тој ќе ја направи е ќе си го земе својот мобилен и ќе тргне на север.

И тука стигнуваме до постоечкиот проблем со кој се соочува неолиберализмот. Нахранети усни, но без ништо друго во својот живот, пенетрираат од сите страни кон развиениот свет. Со Гугл апликации во себе, и без никаква опција зад себе во своите земји. Зошто? Затоа што нееднаквоста во меѓународни и во локални рамки ја преџвакала, ја смелела секоја опција за личен развој во земјата што ја остава зад себе.

И што правиме сега со неолибералната идеологија? Читајќи ги весниците на англиски јазик, и најголемите поседувачи на капитал се обидуваат да инвестираат дел од сопствениот капитал во програми за развој на неразвиените земји, па европските земји планираат да доделат милијарди на земјите зафатени од конфликт, на нивните соседи, и на земјите-бедеми од глобалната миграција на население.

Така, системот на кој седиме во моментов се клати ко луд, бидејќи не е обрнато внимание на една „мала“ работа - игнорирање на нееднаквоста, наспроти потенцирање на придобивките од економски развој со намалување на сиромаштијата.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #525 Posted: 09-Feb-2016 at 16:51
Сепак најинтересно од се е што најголеми критичари на странските инвестиции се луѓе кои студирале од оние факултети што јас без навреда но ги нарекувам млатачи на празна слама, односно факултети кои не произведуваат кадар кој може да се вработи во индустријата туку се луѓе кои чекаат парче леб или од државата или од невладините организации. Кадар од кој имаме хипер продукција, а таа хипер продукција всушност и ни ја труе државата. Ако некој е повикан да зборува за странските инвестиции, дали тие се добри или не, какви биле условите пред да дојдат, а какви се сега тогаш најповикани се луѓето кои студирале технички науки, луѓе кои студирале факултети кои се бараат во овие зони. Нормално дека некој филозоф, политичар, учители, дежурни критичари и слично нема ќар од овие фирми. Но одете прашајте ги машинските, електро и други инжинери. Прашајте ги информатичарите и другите. Како е сега а како било пред тоа? Истите тие погоре споменати филозофи, политиколози и други солат памет и за тутунарите, и за земјоделците, и за сточарите, за сите теми за кои се најмалку повикани. Една од најдобрите работи кои според мене се менуваат со доаѓањето на овие фирми е тоа што веројатно во иднина самата побарувачка ќе ги направи оние ВИСТИНСКИТЕ и општествено корисни факултети и науки поатрактивни, подобро платени и поценети.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #526 Posted: 09-Feb-2016 at 17:24
Originally posted by pbanks


Originally posted by Navigator

Еве да се дообјаснам: Се сложувам дека јавниот сектор е преголем и непродуктивен. Се сложувам и свесен сум дека се случуваат партиски и етнички вработувања, што не смее да е така. Мојот коментар се однесуваше на од ракав фрлените 50k нови работни места во администрацијата. Немам официјален податок, но сум уверен дека точната бројка не е ни блиску до таа. Ова го темелам на изјавата на МИОА од пред половина година дека под државна капа се 130k лица. Ако некој верува дека пред 10 години сме имале 80k буџетари, а сега 130k, мене тоа ми изгледа нереално.

Воопшто не е битно колкaва била бројката пред 10 години. Тоа е дискурсот кој ме одвраќа поакитвно да дискутирам. И не само на форумот. Зборуваме што е добро а што не е добро. Не е добро да има толкава јавна администраицја. И 80, 90, 100, 120, 130к..... сите тие бројки се фрапантни. Редно е овој народ на научи дека нема загарантиран па уште и бесплатен ручек.
Пак ќе речам, неспорно е дека администрацијата е преобемна, ама полемиката со fichot беше околу тоа колку е точен неговиот исказ за "новите 50000 административци".

Originally posted by pbanks


Со твојот коментар единствено не се согласувам дека растот на просечната плата во Македонија е воден од администрацијата. Зголемување на платите во администрацијата е направено само во последните 3-4 години и тоа за 4-5% годишно. Тоа не може да биде генератор за раст на просекот. Па само во преработувачката индустрија (каде припаѓаат компаниите од зоните), зголемувањето на просекот е поголем од тие 4-5% во администрацијата во последните 5 години. Освен тоа, постојат други сектори кои значително напредуваат во однос на платите, пред се ИТ и финасискиот сектор. На ова додај го и регулирањето на односите во земјоделието, каде заради субвенциите неопходно е регистрирање, а со тоа и регулирање на плата и придонеси. Платите во администрацијата придонесуваат, ама не го креираат растот на просекот.
Прилично ревносно ги следам податоците како што се просечна плата барем 15-20 години наназад. Точно знам кога просечната плата рипна и тоа е во директна корелација со растот на платите кај државната администрација. Тоа не значи дека платите не рипнале во сите сектори кои ти ги наброја, но нивниот удел во вкупната работна сила е незначителен во однос на јавната администрација. А тоа повторно не враќа на проблемот од почетокот на постот
За да се убедиме меѓусебно на оваа тема, ќе мора да зборуваме со податоци и факти. И јас ги следам овие податоци за нето/бруто плата како дел од работата и искрено не можам да ја препознаам директната корелација меѓу растот на платата во администрацијата во последните неколку години со порастот на општото ниво на платите. Ќе пробам да ги ископам точните податоци кога ќе имам малку слободно време.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #527 Posted: 09-Feb-2016 at 17:28
Patem prosecna plata Januari 2006 bila 13328 denari (so zborovi trinaeset iljadi trista dvaeset i osum. Vo Noemvri prosecnata plata vo Makedonija e 21.976 denari ili nekoj si 65% poveke vo odnos na pred 10 godini.
Ako na toa se dodade i faktot deka brojot na vraboteni bil za nad 150 iljadi pomal ili so drugi zborovi ovaa prosecna plata denes ja zimaat 150 iljadi vraboteni poveke za razlika od pred 10 godini jasno e kolku pari se vrtele togas a kolku denes.

Edited by kultuzin - 09-Feb-2016 at 17:32
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12538
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #528 Posted: 09-Feb-2016 at 18:27
А инфлацијата никој не ја зема предвид? Колку производи можеле да се купат тогаш со таа плата од 13.328 ден. и колку сега со плата од 21.976 денари? Горивото колку е поскапено (да, сега е поевтинето, но сепак е поскапо во однос на периодот од пред 10-15 години)? Другите услуги колку се поскапени? Се вртиме во круг со платите, посебно со просечната плата во Македонија, кога знаеме сите за колку пари работат во кожарската, текстилната и занаетчиската индустрија. А овие индустрии вработуваат голем процент луѓе. Да не ги споменувам продавач(к)ите по бутици, келнер(к)ите, касиер(к)ите по супермаркети, земјоделците итн. итн. Тоа се голем број луѓе. Треба прецизно да се знае бројот на луѓето вработени во индустриските зони, во домашните фабрики, во администрацијата, во ИТ секторот и во другите високоплатени работни места, и потоа да се види уделот на нивниот процент во вкупниот процент вработени, како и уделот на нивната просечна плата во уделот на просечната плата во Македонија.

Патем, еве од една друга тема, за работниците во автомобилската индустрија во Бугарија, и нивните просечни плати.

Originally posted by Galileo

@Џоле
За всички не мога да ти дам отговор.Предполагам в различните компании заплащането е различно. Знам че в Джонсън Контролс Електроникс заплатите са добри , в Монтюпе в Русе също ,но не мога да кажа цифри.
Мога да ти дам пример с две компании от моя край, тъй като имам познати работещи там .
Grammer в село Трудовец ,производство на седалки и тапицерия - неквалифициран работник започва с 500 лева , специализирани работници -около 800 лева ,и инженерен и руководен кадър -1000-1100 лева.

Sensata в Ботевград -работниците около 700 лева ,инженери и ръководен кадър -около 1500 лева.


Неквалификуван работник почнува со 500 лева или со 250 евра. А ние тука имавме оглас за машински инженер од 12.000 ден. или 200 евра.

Поздрав.
За сè има вторпат
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #529 Posted: 09-Feb-2016 at 21:44
@bojan

дискусијата која ја зачнуваш е на едно сосема друго ниво и не е апликабилна овдека.

Едно е да зборуваме за неолиберализмот, за капитализмот за изгледите на тој систем, за алтернативите и решенијата, за одржливоста...

Тука верувам дека во многу тоа ќе се сложиме.

Сосема различно животно е како Македонија да се однесува во склад со правилата на игра на тој неолиберализам (кои никако не зависат од нас) и како најдобро да ги застапи своите интереси. А мислам дека дискусиите во нишкава се однесуваат токму на тоа.

Во тој контекст, и во недостаток на капацитет за нешто поголемо од наша страна како народ, ова што се случува со зоните е добра работа.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12538
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #530 Posted: 10-Feb-2016 at 08:02
Да не биде дека објавуваме само лоши вести:

„Конти Хидропласт“ од Гевгелија прерасна во значаен регионален производител на пластични црева и цевки

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ПРОИЗВОДСТВОТО ЗА ИЗВОЗ

Со две и пол деценискиот континуиран раст и развој на производството и извозот, „Конти Хидропласт“ од Гевгелија денес претставува значаен регионален производител на пластични црева и цевки. „Конти Хидропласт“ е лоцирана на југот на Македонија, во Општина Гевгелија, а нејзината главна дејност е производство на ПЕ (полиетиленски) и ПП (полипропиленски) системи за транспорт на вода, гас, канализација, нафтени деривати и др.

„Конти Хидропласт“ е основана во 1990 година кога започнува со производство и првата екструзиона линија за ПЕ-цевки. По успешниот почеток, потпомогнати од искуството добиено со успешно реализираните проекти на територијата на Република Македонија, денес компанијата е извозно ориентирана и 90% од вкупното производство се пласира на меѓународните пазари.

Најпрво, во 2001 година, започнува со извоз во соседните земји, а денес производите

на „Конти Хидропласт“ се извезуваат во: Италија, Австрија, Германија, Романија, Холандија, Грција, Бугарија, Албанија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и др.

Покрај искуството, за освојување на меѓународните пазари најмногу придонесоа големиот број разновидни производи и капацитети со кои компанијата е подготвена да одговори во секое време.

Компанијата денес располага со 3 производствени погони во кои се сместени 13 производствени линии и 12 производствени одделенија. Вкупниот број на вработени е 143.

Производствената програма се состои од сите потребни елементи за проектирање на стандардни и специфични цевководни системи за транспорт на флуиди. Високиот квалитет на производите е предуслов за остварување успех и доверба кај клиентите. Компанијата традиционално инвестира 10% од годишната добивка во развој и проширување на производствените капацитети.

Во 1998 година компанијата за прв пат се стекнува со сертификатот за квалитет ИСО:9001, подоцна се стекнува со ИСО:14001 и ОХСАС:18001.

Компанијата и нејзините производи се сертифицирани по сите релевантни национални и интернационални стандарди за квалитет и одржлив развој.

Со претставништва во сите соседни земји и успешна завршница на сите предизвици што ги носи работата, „Конти Хидропласт“ има мисија да развива производи за инфраструктурни објекти, во рамките на еколошки безбеден систем со максимално исполнување на барањата на сите заинтересирани страни.

Целта на „Конти Хидропласт“ е да биде најголем и најквалитетен производител на системи за транспорт на флуиди во Македонија и пошироко, притоа преземајќи ги сите мерки за заштита на животната средина и постојана грижа за здравјето и безбедноста на вработените и околината.

„Конти Хидропласт“ од Гевгелија е активна членка во Здружението на хемиската индустрија, а нејзин претставник е вклучен во работата на Собранието на Стопанската комора на Македонија.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=2593019C3609544EBB09F8571F2DB893
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #531 Posted: 11-Feb-2016 at 01:57
Originally posted by pbanks

Во тој контекст, и во недостаток на капацитет за нешто поголемо од наша страна како народ, ова што се случува со зоните е добра работа.

како член на младата популација што е некаде на почеток на работно искуство, ќе морам да се сложам со ова...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12538
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #532 Posted: 26-Feb-2016 at 08:46
ЗА ПЕТ ГОДИНИ ПОТРОШЕНИ НАД 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ

Вкупните трошоци за привлекување на инвестиции од странство во периодот од 2009 до 2014 година изнесуваат 109,8 милиони евра, покажало истражувањето на Здружението на млади аналитичари и истражувачи. Според нивната анализа, странските компании кои работат во слободните економски зони минатата година извезле производи во вредност од 1,5 милијарди евра. Истовремено, увозот достигнал 1,37 милијарди евра што според истражувачите е и потенцијал за домашните компании кои можат да станат нивни доставувачи. Овие податоци вчера беа презентирани на конференцијата: „Ефектот на субвенционираните странски директни инвестиции врз македонската економија“, што го организира Здружението на млади аналитичари и истражувачи (ЗМАИ).

Според анализите, презентациите што се прават за време на роуд-шоуата се едни од начините за привлекување СДИ во зоните во изминатите пет години. Во тој период била посетена 31 земја, а се оствариле 58 посети на држави. Според статистички показатели, секоја дополнителна посета во просек донела 3,25 милиони евра во Македонија, во форма на инвестиции.

„За еден милион евра зголемување на трговскиот биланс со земјите опфатени во анализата, на Македонија, во просек, и' донеле речиси 102 илјади евра помалку СДИ“, истакна Горан Мојаноски од ЗМАИ.

Според професорот Сашо Арсов, има значајни подобрувања во однос на поддршката на СДИ во фискалните ослободувања и во директните субвенции во платите на вработените.

„Секоја земја што има голема потреба од СДИ мора да понуди некој вид поддршка. Прашањето е до кој степен да биде таа и дали се добиваат очекуваните ефекти. Не сум сигурен дека инвестициите ги даваат екстерните, очекувани ефекти“, рече Арсов, кој сугерира да се направи квалитативна анализа на субвенциите и да се постапува селективно.

Игор Велевски од Агенцијата за странски инвестиции појасни дека за да се донесе некоја инвестиција, мора да се даваат субвенции. „Колку си помал, толку е потешко да ја донесеш компанијата, односно толку се поголеми барањата од компаниите заинтересирани да дојдат во Македонија“, истакна Велевски. Тој нагласи дека се' што се дава како државна помош на СДИ е во согласност со важечките домашни закони.

Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов направи споредба со слична ситуација како Македонија со Србија. Според него Србија е политички и економски многу слична со случувањата во Македонија. Во Србија СДИ се привлекуваат на многу сличен начин.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=B02E3B86B59E144FA74AD4461D1C303A
За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #533 Posted: 29-Feb-2016 at 19:33
Германската „СТС Текстајл“ најави инвестиција за 1000 вработувања во Демир Хисар



Нова инвестиција во Демир Хисар. Германската „СТС Текстајл“ ќе инвестира 4 милиони евра во некогашнот погон на Застава и ќе отвори 150 работни места во права фаза, а во наредниот период бројката ќе надмине 1000 вработувања. Ова е втора голема странска инвестиција во овој регион.

„СТС Текстајл“ е семејна, високо технолошка компанија која лани била прогласена за најиновативна во текстилниот сектор во Германија од страна на магазинот Менаџер.

Фабриката во Демир Хисар е доказ дека владата работи на привлекување инветиции во сите региони, а целта е обезбдување работни места и подобар стандард за сите граѓани.

Оваа инвестиција пред еден месец ја најави Груевски во обраќањето на Конференцијата на Унијата жени на ВМРО ДПМНЕ.

Она што претходно го најавив, денес се остварува, напиша Груевски утрово на ФБ. Компанијата ќе произведува специјализиран текстил и Република Македонија ќе биде првата земја во којашто отвораат нов производствен капацитет надвор од границите на Германија, објави Груевски на социјалната мрежа.

Извор
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 795
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #534 Posted: 29-Feb-2016 at 23:55
Мислам навистина е за поздравување вакви инвестиции во помалите места во Македонија, ама дека ќе се вработат тука 1000 лица е малку повеќе од предизборното ветување (да не речам лажење без усул). Мислам, статистички самиот градот (и тоа официјални бројки од попис) има 3000, а целата општина 9000. Нешто не ми е јасно кај ќе ги најдат тие 1000
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #535 Posted: 29-Feb-2016 at 23:58
Originally posted by ehrlich

Мислам навистина е за поздравување вакви инвестиции во помалите места во Македонија, ама дека ќе се вработат тука 1000 лица е малку повеќе од предизборното ветување (да не речам лажење без усул). Мислам, статистички самиот градот (и тоа официјални бројки од попис) има 3000, а целата општина 9000. Нешто не ми е јасно кај ќе ги најдат тие 1000


Do Kavadarci patuvaat od Lozovo i Veles. Taka da ne e Problem za rabotnici samo neka ima rabotni mesta i daj bize da ima nedostatok na rabotna sila. Toa po avtomatizam ke im gi pokaci i platite na lugeto.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #536 Posted: 01-Mar-2016 at 10:13
Originally posted by ehrlich

Мислам навистина е за поздравување вакви инвестиции во помалите места во Македонија, ама дека ќе се вработат тука 1000 лица е малку повеќе од предизборното ветување (да не речам лажење без усул). Мислам, статистички самиот градот (и тоа официјални бројки од попис) има 3000, а целата општина 9000. Нешто не ми е јасно кај ќе ги најдат тие 1000
И мене ми изгледа како многу за Демир Хисар, ама пак самата компанија го кажува тоа. Изводливо е, иако нема многу логика.

Edited by Navigator - 01-Mar-2016 at 10:13
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3642
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #537 Posted: 06-Mar-2016 at 18:57

Два месеца по отворањето на фабриката за чипс во Кравари, отпуштени дел од работниците

6 March, 2016 - 16:51

Два месеца по свеченото отворање и сечењето црвена лента,  фабриката за чипс во битолско Кравари, го намали производтсвото и отпушти дел од вработените. Објектот  нема  приклучок на електрична енергија, а додека инвеститорот Горданчо Мирчевски,  наш  повратник од Австралија, очекува  ЕВН да го приклучи на  мрежата,  струја  позајмува од соседното стовариште. Но, за да не дојде до преоптоварување на мрежата,  со соседот се договориле,  чипсите да се произведуваат само ноќе. 

-Ние немаме доволно струја и користиме струја од  нашите комшии, но прва смена не можиме да работиме двајцата и затоа работиме втора и трета смена. Нашиот план и на почеток беше таков, до оној момент додека ЕВН не ни пушти струја така да работиме, рече Мирчевски.
Мирчевски вели не се точни гласините дека производтсвото запрело, иако при нашата посета машините беа исклучени, а погонот празен.  Тврди  дека производствениот процес се одвива, но со прекини. На отворањето тој најави 40 вработени, а сега има  27. Не му пречи што сложената  процедура на  ЕВН за приклучување на електрична енергија  оди бавно, затоа што вели,  има доволно чипси на залиха, за кој се уште не обезбедил пласман.
-Ние правиме одредени прекини во производството, две-три недели работиме, една паузираме, тоа е со цел она што ќе го произведиме, одма да го пласираме.

Како што ќе ни оди продажбата, така ќе го зголемуваме производството. Наша цел е ние да работиме и со три смени, а не со една  или  нецела смена, рече Мирчевски.
Фабриката за  чипс во битолско Кравари беше отворена во јануари годинава, а црвената лента  ја пресече тогашниот премиер Никола Груевски, заедно со бројна  делегација владини и општински претставници.

Најавена беше како браунд филд инвестиција од 3 милион евра, каде во наредните години ќе има стотина вработени.
Инвеститорот Горданчо Мирчевски, вели проблемите не го обесхрабруваат и очекува дека единствениот македонски чипс наскоро ќе се пробие не само на македoнскиот пазар,  туку и надвор од државата
http://telma.com.mk/vesti/dva-meseca-po-otvoranjeto-na-fabrikata-za-chips-vo-kravari-otpushteni-del-od-rabotnicite
Back to Top
Antonov View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 10-Jan-2016
Online Status: Offline
Posts: 72
  Quote Antonov Quote  Post ReplyReply #538 Posted: 08-Mar-2016 at 20:37
Нели во Жабени беше фабриката? Во слободната зона...?
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #539 Posted: 09-Mar-2016 at 10:02
Originally posted by Antonov

Нели во Жабени беше фабриката? Во слободната зона...?
Не беше во Жабени. Се работи за реновиран постоечки објект во село Кравари. Инаку Жабени не е слободна зона, туку индустриска (општинска) зона.
Back to Top
Antonov View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 10-Jan-2016
Online Status: Offline
Posts: 72
  Quote Antonov Quote  Post ReplyReply #540 Posted: 09-Mar-2016 at 11:04
Кој кого прави будала?

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829 32>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.