build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Индустриски објекти и зони (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Индустриски објекти и зони (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 32>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 21-Oct-2008 at 00:40
Бунарџик се гради, Тетово и Штип ќе почекаат на економските зони

Со ребалансот на буџетот се намалени средствата за изградба на зоните од 660 милиони денари, на 200 милиони денари - вели Марјанчо Николов, пратеник од СДСМ.

Во функција на градење на развојни зони во другите градови се разгледуваат сите формалноправни аспекти за прифатливи локации. За разлика од Бунарџик, која е целосно инфраструктурно поврзана со сите потребни приклучоци во зоните во Штип и Тетово, се водат постапки за експропријација на земјиштето и за избор на изработувач на главните проекти за инфраструктурно поврзување.

- Целокупната тендерска постапка за зоните во Штип и во Тетово треба да заврши до 30 март идната година. На Бунарџик се обезбедени сите услови за инфраструктурно поврзување со вода, струја, гас на сегашните корисници. Во тек е изградбата на трафостаница која трајно ќе се реши снабдувањето со електрична енергија на сите идни корисници. ГП „Гранит“ работи на изградба на резервоар со вода за потребите на новите фирми, а се градат и нова административна зграда и царински терминал - ни изјави Марјан Јованов, директор на Дирекцијата на технолошко-индустриски развојни зони.

Намалувањето на буџетските средства, според Јованов, е направено со рационализација на трошоците што се пониски поради поповолните тендерски понуди од изведувачите. Тој вели дека овие средства нема да останат неискористени и тие ќе бидат пренесени во наредната буџетска година, кога ќе поминат сите тендерски постапки околу изградбата на новите индустриски зони. 

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=212&ArticleID=9565

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 05-Nov-2008 at 23:16
ВО ИНДУСТРИСКА ЗОНА КРАЈ СТРУМИЦА
Дваесетина компании чекаат да купат земјиште

Во индустриската зона кај Борисово во општина Ново Село, според најавите, ќе се изградат дваесетина стопански објекти за обработка на дрво, за откуп, складирање и за калибрирање земјоделски производи и други мини-фабрики во кои својата егзистенција ќе ја најдат стотици работници. - Ние како Општина ги завршивме сите наши обврски за отворање на индустриската зона. Изработен е детален урбанистички план и сите други потребни документи ги доставивме до Министерството за транспорт и врски, кое треба да распише лицитација за продажба на државното неизградено земјиште, односно за откуп на градежните парцели. Постои заинтересираност кај повеќе домашни и странски инвеститори, кои подолго време чекаат да завршат административните процедури за да можат да си ги откупат локациите и да почнат со изградба на стопанските објекти кои ќе бидат значаен поттик за развој на целиот регион - вели Никола Андонов, градоначалник на општина Ново Село. Во локалната самоуправа се надеваат дека наскоро ќе добијат позитивен одговор од Министерството за транспорт и врски и дека нема да се повтори случајот со обидот за отворање нова индустриска зона во близината на Струмица во која за почеток требаше да бидат изградени четири фабрики со најава за вработување на околу 3.000 лица. Оваа намера пропадна поради недоразбирањето меѓу странскиот инвеститор и Министерството за транспорт и врски околу понудените цени за закуп на државното земјиште.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1543&ArticleID=101646
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 10-Nov-2008 at 14:37
 
Поттик за економски развој
ImageПразникот на Општината беше одбележан со промовирањето на еден од најзначајните инфраструктурни објекти - Индустриската зона „Речани 2“. Зоната ја предадоа во употреба Амбасадорот ерван Фуере, шеф на Мисијата на ЕУ, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Маскедонија и Градоначалникот Аце Коцевски. Индустриската зона „Речани 2“ е изградена со средства што Општина Велес ги доби како награда од Европската Унија по аплицирањето на проектот „Општински награди 2006“. „Речани2“е лоцирана на стариот пат Скопје-Велес-Штип, близу до Скопски пат и зафаќа површина од 8,9 ха.

 

Зоната опфаќа 33 парцели со просек на површина од 1000м². Досега се купени 12 парцели ( 5 од Здружение на возачи, 4 од ДПТ „Павора ДООЕЛ-Велес и 3 од фирма од Скопје), а Здружението на возачи веќе изгради нов објект. Во рамките на проектот изградена е патна инфраструктура врз основа на сообраќајно решение кое ги поврзува сите парцели помеѓу себе и со споменатиот пат, хидротехничка инфраструктура и основно решение за електрична мрежа. Покрај 150.000 евра од наградата од Европската Унија, ЕУ инвестираше дополнителни 47.000 евра во реализацијата на проектот. Општината обезбеди и средства од буџетот за изградба на инфраструктурата со што вкупната инвестиција изнесува 222.000 евра. „Ова е пример на локален економски развој што укажува какви активности треба да се преземат во иднина. Потребата од интензивирање на економскиот развој е посочена и во последниот извештај на Европската Комисија“, рече Амбасадорот Фуере во изјава за медиумите.

Градоначалникот Аце Коцевски упати јавна благодарност до Европската Унија, Европската Агенција за рекунструкција, изведувачите и сите поединци вклучени во проектот. „Со изградбата на оваа зона сакаме да помогнеме во решавањето на најгорливиот проблем во велес-невработеноста. Очекуваме во скоро време Министерството за транспорт и врски да распише конкурс за јавно надавање и за останатите парцели" рече Коцевски. Според претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азевски отварањето на индустриската зона „ Речани 2" го  потврдува  административниот капацитет на Општина Велес како и   претприемачката  зрелост на стопанствениците и граѓаните  со сопствена иницијатива  да преземат чекор  за јакнење  на стопанската состојба на Општината. На свеченото предавање во употреба на индустриската зона „Речани 2“ присуствуваа претставници од Советот на општината,  бизнис заедницата во Велес, институции и здруженија на граѓани.

 
 
veles.gov.mk
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 06-Dec-2008 at 18:14
Ова не знаев каде да го ставам, а не за во останати....
Македонија има шанса да произведува оклопен транспортер



Автор:  Александар Божиновски
Македонија
Македонија се наоѓа пред голема шанса за производство на сопствен оклопен транспортер. Предлог-проектот веќе е доставен до Владата и доаѓа директно од украинската влада и се однесува на изградба на фабрика за производство на оклопен транспортер во Македонија. БТР-4 „Букефал“ официјално е регистриран како македонско-украински транспортер, бидејќи во неговиот развој учествувале и група македонски инженери. Во почетокот транспортерот само би се склопувал во државава, а подоцна дел по дел би се преземало и производството на одредени делови. За „Букефал“ интерес веќе пројавиле армиите од регионот - Србија, Босна и Херцеговина, Албанија... Дали ова ќе се оствари ќе зависи од Министерството за одбрана и неговата одлука за кој транспортер ќе пресече. Во конкуренција покрај украинско-македонскиот транспортер ќе бидат и финскиот „Патриа“, австрискиот „Пандур“ и швајцарскиот транспортер „Пирана“.

Од канцеларијата на вицепремиерот Зоран Ставревски не добивме мислење за овој проект, додека Зоран Коњановски, министерот за одбрана, вели дека проектот се анализира.

- Ова е првокласен транспортер, двојно поевтин од другите и ќе отвори нови работни места во двете исклучително пријателски земји - вели Витали Москаленко, амбасадорот на Украина во Македонија.

­Се предвидува во почетокот да се отворат стотина работни места. Фабриката за склопување би можела да се изгради за 9 месеци.

Министерството за одбрана, во согласност со барањата на НАТО до крајот на 2009-та, треба да набави 30 нови транспортери, а до крајот на 2015 македонската армија треба да има 80 нови транспортери.

БТР-4 „Букефал“ е транспортер правен врз основа на легендарниот руски транспортер БТР-80, кој веќе десетина години го користат АРМ и МВР. Проектот го образложува Димитриј Александровиќ Перегудов, директор на фабриката „Укрспецекспорт–Укринмаш“.

- На проектот работеа околу 70 луѓе. Се решивме да работиме со Македонија затоа што таа е една братска и пријателска земја, со која речиси сме соседи. Ни одговара и тоа што менталитетот, но и ситуацијата во двете земји се слични. Нам стара Европа не ни помага. Мораме сами да си помогнеме. Направивме одличен транспортер и сакаме со помош на Македонија да ги освоиме балканскиот и светскиот пазар - објаснува Перегудов.

Јовица Ѓуричиќ е еден од македонските инженери што учествувале во развојот на „Букефал“, воедно, сопственик на скопската фирма „Специјална опрема Скопје“ (СОС).

- БТР–4 „Букефал“ е модерен оклопен транспортер, кој е направен да ги задоволи сите потреби на современите армии по НАТО-стандардите, истовремено зачувувајќи ги сите добри карактеристики на семејството транспортери од типот БТР. Украинските конструктори од фабриката „Морозов“се познати како конструктори на легендарниот советски тенк „Т–34“ од Втората светска војна. Таа школа на конструктори и денес работи на конструирање, модернизација и производство на оклопна техника од најразлични профили, не само за потребите на украинската армија туку и на многу други армии низ светот. Во таа смисла уште одамна се зафатија со нови разработки на БТР–80, кој сè уште е еден од најдобрите и се наоѓа во состав на многу светски армии. Од таа разработка произлезе одличниот БТР–3, кој е продаден и успешно се користи во неколку земји во светот. Стремежот на Украина за влегување во НАТО, поставените задачи за компатибилност со НАТО и имплементирање на важечките стандарди на НАТО во оваа област доведоа до производство на нов транспортер БТР–4. Во таа фаза пред неколку години се приклучи и стручниот тим на македонската фирма СОС, со задача на целосно вклопување на транспортерот во барањата на НАТО-земјите и понатамошна комерцијализација на пазарите што порано не беа својствени на „источната“ техника. СОС преку договор за заедничка работа и комерцијализација е поврзан со своите украински партнери „Морозов“ и државната компанија „Укрспецекспорт–Укринмаш“ од Киев и заедно со нив ќе го нуди овој производ. Ќе настапиме на најголемиот светски саем на вооружување и воена опрема идната година во Абу Даби - вели Ѓуришиќ.

Покрај Македонија, според официјалните податоци од министерствата за одбрана на балканските земји, набавки на транспортери планираат и Србија, Албанија, Црна Гора, Бугарија и Романија.




„Букефал“ рамо до рамо со најдобрите

Перформансите на БТР-4 веќе биле тестирани на полигоните во Украина. Според Перегудов, „Букефал“ е рамо до рамо со најсилната конкуренција, како финската „Патриа“, австрискиот „Пандур“ и швајцарската „Пирана“.

- Нашата најголема предност е цената. „Букефал“ ќе чини приближно еден милион евра, додека другите не се поевтини од два милиони евра - вели Перегудов.

„Букефал“ има погон 8 х 8. Тежината му се движи од 17,5 до 23 тони во зависност од нивото на оклопна и противминска заштита. Посадата ја сочинуваат возачот, командирот и операторот–нишанџијата и има можност да превезе десантно одделение од 6 до 8 војници. Покрај заштитениот транспорт, одделението може и да дејствува од внатрешноста со личното вооружување. Возилото, покрај греење и климатизација, е опремено и со уред за заштита на посадата и војниците во случај на хемиска или нуклеарно-биолошка опасност. „Букефал“ има можност и за активно учество во боеви дејства. За таа цел е опремен со боев модул „штурм“ (купола со вооружување, која се наоѓа монтирана на горната страна). Модулот е без посада со телевизионо дистанционо управување од страна на операторот, кој седи во внатрешноста на возилото и командирот. Вооружувањето се состои од топ со калибар од 30 милиметри, спрегнат митралез со калибар 7,62 мм, автоматски фрлач на гранати со калибар од 30 мм (опција 40 мм) и против оклопни ласерско водни ракети „Бариер“. За заштита и маскирање е предвиден фрлач на чадни кутии. Модулот е опремен и со модерна оптоелектроника од француската компанија „Сажем“. Модулот содржи дневно–ноќни камери, термокамера, ласерски мерач на далечината, ГПС-уред и многу други софистицирани „ситници“. Возилото е опремено и со современ систем за комуникација од американската фирма „Харис“, што овозможува комуникација и содејство со другите единици од разни земји-членки на НАТО. На уреден пат може да се движи со брзина од 110 км/час. Конструкцијата овозможува и совладување водни пречки со пливање без никаква претходна подготовка со брзина до 12 км/час.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&EditionID=258&top=1&ArticleID=13158

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 08-Dec-2008 at 16:58
Бев голем фан на Патриа, ама сега ова со Букефал ја менува целата ситуација Big%20smile
Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 08-Dec-2008 at 18:05
Одлична е идејата, само ајде да видиме дали Букефалот ќе се реализира во Македонија. Дај Боже, дај Боже Big%20smile



Edited by pbanks - 08-Dec-2008 at 20:49
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 08-Dec-2008 at 19:30
Originally posted by dacito

Одлична е идејата, само ајде да видиме дали Букефалот ќе се реализира во Македонија. Дај Боже, дај Боже Big%20smile
....

Не верувам, како и сите војни проекти кој Македонија ги имаше во завидна големина и квалитет, така и овој ќе го изеде мрак.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 08-Dec-2008 at 22:11

Не верувам, како и сите војни проекти кој Македонија ги имаше во завидна големина и квалитет, така и овој ќе го изеде мрак.


Незнам како и зошто пропаднале, веројатно и тука имало дебели интереси па затоа пропаднале. Ама ајде, ваљда времињата се менуваат, да видиме што ќе испадне...


Edited by dacito - 08-Dec-2008 at 22:14
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 09-Dec-2008 at 14:46
И јас се надевам дека ќе го изберат Букафелот, и си мислам дека тоа ќе го сторат. Cheers

п.с. Моделот Патриа изгледа добро, но сепак сум са Букафелот, читав низ Вики дека Македонија требало да го набави овај модел (Патриа) заедно со Хрватска во 2006, но немам идеја дали то Македонија го исполни.
http://en.wikipedia.org/wiki/Patria_AMV




Edited by shyes - 09-Dec-2008 at 16:08
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 09-Dec-2008 at 19:22

Стартува проектот за изградба на 50 фабрики

aleksandar-momirovski.jpg Александар Момировски Коментари (0)   
09.12.2008 18:22
Досега само во Бунарџик инвестираa две странски компании

 

Стартува мега проектот изградба на 50 нови фабрики во слободните економски зони. Бизнисмените и Владата формираа работна група. Детално ќе анализираат каде, кога и во кои гранки ќе се интервенира за да се отворат капацитети кои ќе донесат 3.000 нови вработувања и ќе го скусат трговскиот дефицит.

„Голем интерес имаат и конкретни компании, наши членки во Комората коишто се заинтересирани за таков тип на инвестирање“, изјави Љубен Митревски, Сојуз на Стопански комори.

„Владата на чело со Груевски, дека многу брз слух има за една ваква, дневен би рекол. Бизнисот бара прецизно согледување и веднаш што треба да направиш. Мислам, не е тоа сега Груевски дека брзо го свати бизнисот, туку сметам дека почеток на еден политичар кој многу малку искуство има политичко, па можеби затоа и така се однесува, да брзо може да пренесе доверба и надежта што ние ја даваме тој да ја прифати и да почне реализација на една таква надеж“, рече Велија Рамковски, бизнисмен.

Инвестицијата е тешка 100 милиони евра, а Владата треба да се вклучи со стимулации од буџетот во висина од 30 милиони евра.

 

 

„За мене, пресвртот од изедначувањето на условите за инвестирање на странските и домашните правни субјекти и физички лица, е многу сериозно поместување на работите коишто треба да доведат до определен напредок во економскиот развој“, вели Бранко Азески, Стопанска комора на Македонија.

Со насочувањето кон домашните инвеститори, ќе се разбие праксата на сите досегашни владини гарнитури кои го игнорираат бизнисот, а со парите од буџетот финансираат тешка администрација и неразвојни проекти.

„Во Македонија не е многу едноставно да се работи, не е едноставно да се води бизнис и затоа е добро да се направи оваа иницијатива, да се поддржи“, вели Љубен Митревски.

„Државата се покажува дека е слаб инвеститор. Доаѓа бизнисменот да биде квалитетен инвеститор, затоа што му е 30 насто субвенции, но со 70 насто ја става главата на трупец“, изјави Велија Рамковски.

Во Македонија има четири слободни економски зони. Досега, само во Бунарџик инвестирале две странски компании. Домашните инвеститори досега не добија простор од државата да развијат сопствен бизнис во зоните.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=101373


Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 09-Dec-2008 at 21:34
Речениците на Рамко му се опасни, нити се знае што е подмет, нити што е предмет, нити ништо. И CIA ќе се намачи додека да го дешифрира човеков Big%20smile Незнам дали е смешно или трагично, искрено!?!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 28-Dec-2008 at 15:49
За ова имав слушано подолго време и знам дека словенечка фирма е одговорна за изградбата преку некоја скопска фирма, но ете се најде и на сајтот на општината, што значи е започнато да се гради. Се очекува колку што знам до 2013 да биде готово. Нештото ќе биде огромно, мислам најголем објект во Битола, па и пошироко. Еве еден рендер што го најдов, колку за претстава.


Во тек е изградба на нова фабрика за преработка на тутун СОКОМАК, дирекна странска гринфилд инвестиција, во вредност од 34 милиони евра.





Преземено од: http://www.bitola.gov.mk/
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 28-Dec-2008 at 17:55
Originally posted by гитардемон

За ова имав слушано подолго време и знам дека словенечка фирма е одговорна за изградбата преку некоја скопска фирма, но ете се најде и на сајтот на општината, што значи е започнато да се гради. Се очекува колку што знам до 2013 да биде готово. Нештото ќе биде огромно, мислам најголем објект во Битола, па и пошироко. Еве еден рендер што го најдов, колку за претстава.

Преземено од: http://www.bitola.gov.mk/


Ова е откупен центар за тутун колку што знам... Супер што се гради а и објектов е навистина солиден Cheers
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 28-Dec-2008 at 20:41

„Сокотаб“ најавува изградба на погони и откупен центар во Пелагонија - А1 - 19.05.2006

па не е само откупен центар, досега СОКОМАК - SOCOTAB имаа откупни центри низ цела МКД ова ќе бидат магацини за складирање и ферментација на тутун, значи полу-тутунски комбинат Smile од летово веќе на големо се работи на локацијата која се наоѓа од десната страна по патот помеѓу с.Секирани и с.Црнеец т.е. патот за до браната на акумулацијата Стрежево, значи да нема забуна ова не е во зоната во с.Жабени... 

инаку словенци се на раководните функции кај нас најверојатно бидејќи НЛБ Тутунска се врзани и акционерски и доверителски со СОКОМАК, а фирмата ќерка на америчкиот SOCOTAB која го тера кај нас муабетот со последниов проект е швајцарска, ова го извлекувам како заклучок од портфолиото на консултантската куќа ДАВОС која им го тера проектот за сушалната во Битола каде под референци имаат наведено работа за Sokotab Tutun Vo List, Bitola - FRANA, Switzerland...

најава: на пролет треба да е готов - Тера - 03.11.2008

ЕУРОИНГ - Објект: Изработка на постелка/планум долен строј - Инвеститор: СОКОМАК Битола АД Битола



Edited by beTon - 28-Dec-2008 at 20:45
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 29-Dec-2008 at 00:57
Јас затоа го имав ставено во вести бидејќи не е во зоната, туку е баш на другата страна. А инаку сум чул за газдата кој е Американец и е често во Македонија, само имав заборавено што сум чул, ете тоа што го рече бетон и јас така го паметам. Како и да е, ќе биде граден со многу модерни материјали и напредна технологија, бидејќи имав чест да бидам со главниот менаџер за изградбата на иста маса. Не би сакал да коментирам повеќе но она што го покажа на неговиот лаптоп беше навистина импресивно-како граделе во странство и како ќе изгледа ова кај нас, навистина супремно.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 11-Mar-2009 at 22:28

Нов Институт за развој и контрола на квалитетот на лековите


Коментари (0)   
11.03.2009 18:40
 

 

Отворен е новиот Институт за развој и контрола на квалитетот на лековите. Во него фармацевтската компанија „Алкалоид“ ќе инвестира во производство на нови генерички лекови.

Исто така ќе биде на располагање на државните институции за контрола на квалитетот на останатите лекови во земјава.

Институтот се простира на површина од 1.540 квадратни метри и е опремен со најсовремена лабораторија.

„Во рамките на генералната стратегија на посветеност на перманентен развој секако еден од најважните параметри е зголеменото ниво на инвестирање во истражувачки и развојни проекти на кои компанијата интензивно работи во последните две години“, изјава Живко Мукаетов, генерален директор на АД Алкалоид.

Премиерот Никола Груевски се пофали дека немал главоболки и затоа нема потреба ниту од овие, ниту од други лекарства.

„Немам главоболки од таков тип за да пијам апчиња. Инаку, главоболки со вака секојдневни проблеми колку сакате, но не до таа мера за да пиеме апчиња“, изјави Груевски.

Инвестицијата чини околу 8 милиони евра. Во институтот ќе работат 80 лица, од кои 50 ќе бидат нови вработувања.

Министерот за здравство на Алкалоид му го врачи ГМП-сертификатот за новиот институт, со кој се докажува дека објектот е во согласност со највисоките стандарди во фармацевтскиот сектор.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=105600
Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 12-Mar-2009 at 00:15
Секоја пофалба за Алкалоид. Пример за успешност и добро работење во Македонија!!! Само напред
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 19-Mar-2009 at 17:57
Пред точно една година имаме најава за изградба на фабрика "Форнетти Соле". Еве денеска беше поставен камен темелникот. Во продолжение има една слика од МИА ФОТО каде у позадина се гледа рендерот...


Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 19-Mar-2009 at 19:20
Vo moeto mest brvenica ima industriska zona kade moze da se izgradat najmnogu 6-7 fabriki ama zemjisteto e pod zakup na drzavata vo rok na cuvanje do 30 godini.
pa posle 30 godini moze nekoj da izgradi nekoja fabrika QuestionQuestionQuestionNaughtyNaughty
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 04-May-2009 at 16:28
Детоил инвестира 2,5 милиони евра во нов објект

Денеска свечено ќе биде поставен камен темелникот на станицата за снабдување со течни и плински горива и деловниот објект на компанијата Детоил.

На церемонијата кратко обраќање ќе има градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски и еден од сопствениците на Детоил, Тони Каранфиловски. Во Скопје, ќе биде изградена деловната зграда и четвртата бензинска пумпа со знакот на оваа компанијата. Инвестицијата е во вредност од 2,5 милиони евра, а објектот во целост ќе биде готов за една година и шест месеци.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=55077&kategorija=2



mia-foto
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 32>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.