build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Индустриски објекти и зони (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Индустриски објекти и зони (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11707
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 26-Apr-2016 at 15:36
Oфицијално пуштен во употреба „Центарот за контрола на квалитет“ на Алкалоид АД Скопје



фото: нивната фејсбук страница
За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 26-Jul-2016 at 14:12
ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА ФАБРИКА НА „КРАНФИЛД ФАУНДРИ“ ВО ПРОБИШТИП, ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 15 МИЛИОНИ ЕВРА

Во индустриската зона Неокази во Пробиштип денеска е поставен камен-темелникот на новата фабрика за производство на делови за монтажна, железничка и автомобилска индустрија на фирмата „Кранфилд Фаундри“.



Инвестицијата вредна 15 милиони евра ќе се простира на површина од 8.000 метри квадратни, ќе зафаќа простор од 80.000 метри квадратни, а предвидува вработување на околу 280 лица. Финализацијата се очекува напролет во 2017 година.

На поставувањето на камен-темелникот на новата фабрика присуствуваа премиерот Емил Димитриев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, државниот секретар за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, како и градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски.

- Во новата индустриска зона Неокази во Пробиштип инвестираме два милиони евра од кои 1,5 милиони за донесување електрична енергија до самата зона, а 300 илјади евра за изградба на комплетна инфраструктура, бидејќи во оваа зона планираме да донесеме и други инвеститори кои ќе градат нови фабрики, рече премиерот Димитриев.

Фабриката на „Кранфилд Фаундри“ е првата инвестиција во новата индустриска зона во Неокази. Слободни се уште 14 хектари за кои треба да се најдат нови инвеститори.

Во интерес на граѓаните на општина Пробиштип во која е развиена базичната индустрија на нивно барање, се поставени, како што посочи градоначалникот, инструменти за мерење на квалитетот на воздухот кои 24 часа он-лајн ќе ги покажуваат резултатите.

Цел текст
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 15-Aug-2016 at 10:48
Vladata ne podrzuvala domasni firmi tvrdenje na politickata lesinarija vo Makedonija. A sto e ako ne podrska vo dvorot da ti donesat eden kup stranski firmi a so toa da ti ovozmozat direkten kontakt i moznost za sorabotka. NO problemot e sto za da se dojde do toj stepen treba da se RABOTI, treba da se bide konkurenten namesto da se zivee na grbot na subvenciite i politickite odluki. Zatoa ogromno bravo za firmi kako AKTIVA koi ja iskoristija moznosta da se bide dobavuvac na firmi za koi vo bliskoto minato mozevme samo da sonuvame.

„Актива“ ќе отвори втора фабрика од септември нови 120 вработувања


После одлуката на „Ван Хул“ за изградба на уште еден објект и зголемување на производството на автобуси на годишно ниво за повеќе од двојно, од 400-500 автобуси на 1000 до 1200 автобуси, се јавува и потребата за проширување на капацитетите на „Актива Аутомотив“.

Компанијата „Актива Аутомотив“ пред две години започна производство на шасии за потребите на белгиската компанија „Ван Хул“ за производството на автобусите што оваа компанија ги произведува во Република Македонија. За таа цел, „Актива Аутомотив“ изминатиов период ангажира 120 до 140 лица.
Во моментов, после одлуката на „Ван Хул“ за изградба на уште еден објект и зголемување на производството на автобуси на годишно ниво за повеќе од двојно, од 400-500 автобуси на 1000 до 1200 автобуси, се јавува и потребата за проширување на капацитетите на „Актива Аутомотив“. За таа цел, компанијата од септември го стартува и својот втор објект за кој ќе бидат инвестирани 5-6 милиони евра и со кој ќе се отворат 100 до 120 нови работни места во Штип.

Инвестицијата ја најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој рече дека фабриката од септември ќе почне со градба на втора фабрика. „Актива“, според неговите информации, добила уште една линија за преработка на лим, која што досега „Ван Хул“ ја увезувал од Белгија, така што тоа е можност за дополнително проширување и отворање нови работни места во Македонија.




– Деновиве бев информиран дека компанијата „Актива“ од Штип, која меѓу другото работи за „Ван Хул“ и е негов партнер во изработката на делови за автобуси Скопје веќе добива нова нарачка од „Ван Хул“. Од неодамна „Ван Хул“ почна да гради втора фабрика во Скопје, така што и „Актива“ од септември ќе почне да гради втора фабрика, веројатно во близина на Штип, каде што е нивната прва фабрика. Тоа е одлична вест, рече Груевски вчера во интервју за ТВ Сител.

Директорот на „Актива“ Иле Николов денеска изјави дека благодарение на оваа странска инвестиција која пред три години дојде во Македонија и на економската политика на Владата за привлекување на странски инвестиции, имаше голема доверба во нашата компанија Актива и го додели изградбата на нивната фабрика во Скопје.




-Благодарение на такват добрата соработка со белгиската компанија Ван Хул се јави идејата за понатамошна соработка, а тоа е дел од производството да се работи во Актива. За кратко време успеавме да ја изградиме нашата фабрика и успешно да ги произведуваме овие делови коишто се пласираат во нивната фабрика во Скопје и Белгија, а како комплетни склопови се произведуваат комплетни автобуси коишто заминуваат за европскиот и американскиот пазар. Во текот на оваа година белгиската компанија Ван Хул најави нивно проширување за да се дуплираат капацитетите, а во тек е изградба на нов производен капацитет од 32.000 квадрати, каде капацитетот на автобусите ќе се зголеми од 450 до 500 на годишно ниво, на 1000-1200 автобуси. Сето тоа проширување се побара да исто и нашата компанија Актива Штип ги зголеми капацитетите и нашиот капацитет кој е околу 9-10.000 квадрати со 120-140 вработени и произведуваме за потребите на 400-500 автобуси, а наредната година мораме нашиот капацитет да го дуплираме за да одговориме на нивните барања, па во фаза сме на подготовка и во септември ја најавуваме нашата нова фабрика која ќе биде околу 12.000 квадрати, за производство на шасиските делови на автобусите, а ќе инсталираме и нова линија за анодизација и галванизација на алуминиумски лимови, кои се потребни за изработка на автобусите, рече Николов.

Тој додаде дека благодарение на новите проширувања може да најават и нови вработувања од 100 до 120 вработени, кои го крајот на оваа година и наредната година ќе бидат реализирани за да можеме да го заокружат и нивниот капацитет за да се одговори на ова барање што е од страна на белгиската компанија како нивен стратешки партнер во овој момент.

-Инвестицијата ќе биде 5-6 милиони евра и финансиски затворена со дел од кредитните линии од Комерцијална банка која е исто така наш стратешки партнер во делот на финансирањето, дел од Европската банка за обнова и развој којшто перманентно се присутни во нашиот развој. Дел ќе биде од наши сопствени средства, рече Николов.

Градоначалникот Илчо Захариев изјави дека Штип последните години доживува неверојатен економски бум, бројот на невработени драстично се намалува.




-Актива е типичен пример за виталноста на штипското стопанство и македонската економија во целост. Кога креативниот дух, стручноста, компетентноста и способноста, но и фамилијарноста ќе тргне да се развива во еден правец, тоа покажува какви фабрики и какви гиганти можат да никнат во Штип и Македонија. Актива е пример како со својот квалитет и производство се наметна на европскиот пазар. Стандардите се големи, критериумите се силни, конкуренцијата е многу јака и вие да се наметнете со својот квалитет значи дека навистина сте на европско ниво. Тоа е предноста на Актива и затоа странскиот партнер е задоволен и инвестира во нови погони во Македонија, па и во Штип. Морам да кажам дека Актива е пример за вработување во нашиот град, со својата развојна компонента во наредните години ќе ја намали невработеноста во нашиот град за 20%. Една компанија колку многу може да вложи во нашиот град е примерот на Актива и кога стручната компонента, грижата за вработените и хуманите услови на вработените, заработките се многу битни, ги мотивираат луѓето да доаѓаат да работат во оваа фабрика. Јас се надевам дека од септември ако во прашање е стандардот на Актива, тие за 6 месеци градат фабрика од 20.000 метри квадратни, јас верувам дека за 6 месеци фабриката ќе биде готова и над 120 лица ќе најдат вработување во новите погони, рече Захариев.

Тој додаде дека до Актива расте нов погон, тоа е компанијата Семак фешн, присутна долги години во Штип.

-Се надевам дека за месец дена ќе почне да работи и тој погон. Во близина на Актива, благодарение на креативноста и заложбите на Актива правиме нова индустриска зона од 350 хектари, каде ќе дадеме шанса на патот за Радовиш и Струмица да никнат нови фабрики по многу поволни услови. Интензивно се работи деталниот урбанистички план и се надевам дека сите оние кои се заинтересирани ќе можат по 1 евро за метар квадратен да си купат своја парцела, а ние како општина мораме да им помагаме, да биеме креативни и во функција на самото стопанство. Не смееме да имаме бирократски процедури кои ќе не кочат, да ги кочиме со донесувањето на ДУП-овите, не смееме да ги кочиме со изградбата на комуналната инфраструктура и издавањето на одобренијата за градба. За мене, кога ќе дојде некој инвеститор да гради, да вработи макар и еден човек мора да биде максимално испочитуван и Штип се покажа дека може да го направи тоа навистина брзо. Така да, сите оние процедури се завршуваат за релативно кратко време, на крај никнуваат фабрики, Штип се гради. Од 12.000 невработени сега бројот е околу 2000. Се надевам дека до крајот на мојот мандат ние во Штип ќе немаме невработен, туку сите ќе можат да бидат вработени во стопанските капацитети кои се градат, заклучи Захариев.
http://tocka.com.mk/1/204606/aktiva-ke-otvori-vtora-fabrika-od-septemvri-novi-120-vrabotuvanja
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11707
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 26-Aug-2016 at 08:39
ОТВОРЕНА СУШИЛНИЦА ЗА СЛИВИ НА „АГРОМАКС“

Компанијата „Агромакс“ пушти во пробна работа нова сушилница за овошје во своите погони во Берово. Инвестицијата е вредна 10 милиони денари, а половина од средствата се обезбедени преку програмата ИПАРД и Агенцијата за рурален развој. Новиот капацитет ќе се користи за сушење на модри сливи и е прв од таков вид во овој регион. Компанијата „Агромакс“ на годишно ниво преработува 500 тони свежа слива.

Според Габриела Арсова-Милошевска, сопственичка на компанијата, со инвестицијата започнува процесот на создавање прва македонска брендирана сушена слива, финално обработена со нова современа технологија, по теркот на европските произведувачи на сушено овошје. Дневниот капацитет на сушилницата е 2,5 тони сушена слива.

„Ова е голема можност за регионот, да се создаде македонски бренд и да се овозможи откуп на големи количини сливи. Со тоа ќе се избегне досегашната практика да извезуваме суровина која ќе се враќа како готов производ“, рече Арсова-Милошевска.

http://utrinski.mk/?ItemID=04F41DAD2CA30940AAC88222D1F0B99C
За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 06-Sep-2016 at 08:59
„Грозд“ од Струмица гради нов производствен погон



Нов погон за производство на негазирана вода и ледени чаеви е идниот проект на струмичката фабрика за производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци „Грозд“. Во Струмица денеска беше поставен камен-темелникот на новиот индустриски објект, кој треба целосно да се заврши до декември годинава. Во него ќе бидат инсталирани две производствени линии, а асортиманот на производи ќе се пласира на странските пазари. Со инвестицијата од близу три милиони евра ќе се отворат околу 100 нови работни места.

„Ова е нов почеток за нас. Многумина не прашуваа зошто инвестираме токму сега. Ние тоа го правиме зошто инвестицијата во било која фирма или поединец е единствен начин како да се опстане. Развојот е единствен начин да опстои некоја фирма“ изјави извршниот директор на „Грозд“ Васе Митев. Со пуштањето во употреба на погонот е предвидено да се започне со производство на негазирана вода за пиење, додека втората производствена линија ќе биде за газираниот пијалок „Струмка“, ледени чаеви и други производи.

АД „Грозд“ од Струмица опстојува веќе седум децении на македонскиот пазар. Најпознатите брендови на компанијата „Струмка“ и „Струмичка мастика“, заедно со останатите производи, се извезуваат на пазарите во Европа, Австралија и во Северна Америка.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11707
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 06-Sep-2016 at 17:13
Објектот на Пекабеско, изграден пред некоја година во населба Ѓорче Петров (во близина на паркингот на ЈСП)



фотографијата е преземена од нивната фејсбук страница
За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 19-Sep-2016 at 17:00
Отворена фабриката за вода во Гари, инвестиција од 14 милиони евра

Во близина на дебарското село Гари денеска е отворена фабриката за производство на флаширана вода за пиење „Maya“ на хрватската компанија Мали Лошињ. Почетната инвестиција изнесуваше 300.000 евра, а проценетите 7,7 милиони достигнаа 14 милиони евра за 3,5 години, колку што траеше процесот на реализација.



Фабриката е лоцирана покрај регионалниот пат Бошков Мост – Извор, пет километри пред еколошки чистото село Гари, каде што се наоѓа концесијата.

Моментниот број од 25 вработени, според најавите на инвеститорот, треба да се зголеми за многу кратко време, а дневното производство на флаширана вода може да достигне и до 200.000 литри за осумчасовна смена.



Цела вест
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 537
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #588 Posted: 27-Sep-2016 at 10:59
Како слаткар и адвокат од Хрватска ќе флашираат вода во Македонија

Како Македонија им додели концесија за извор за вода од 30 години во селото Гари, дебарско, на хрватски инвеститори и колку се тие навистина хрватски, ова е приказната која денеска осамна на хрватскиот медиум „Тпортал“ кој ја истражува оваа инвестиција. Нивното истражување открива дека хрватсските инвеститори постојат само на хартија во централниот регистар на Македонија, додека вистинските пари се руска инвестиција.

Во 2013 тогашниот минстер за економија од ДУИ, Ваљон Сарачини, објави дека на хрватската компанија „Мали Лошињ“ ќе и додели концесија за експлоатација на вода во изворот во близина на селото Гари, дебарско, на самата граница со националниот парк „Маврово“. Инвеститорот од Хрватска 30 години ќе може да ја експлоатира водата, да ја флашира и да ја продава под брендот „Маја“.

Минатиот месец фабриката беше и свечено отворена и пуштена да работи, а македонските власти рекоа дека вкупната инвестиција изнесува 14 милиони евра. Произведената вода во оваа фабрика е првенствено наменета за извоз, кој е веќе дефиниран, главно во соседните земји, Арапските земји, Хрватска и Русија.

Порталот „Тпортал“ открива дека сопственици на фабриката не се Хрватите чии имиња стојат во официјалните документи, туку Руси.

На отворањето на инвестицијата во Гари дојде цел врв на ДУИ, а институциите не споменуваа дека парите се руски, а не хрватски.

Целата статија прочитајте ја овде.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 537
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #589 Posted: 27-Sep-2016 at 11:01
Пак ќе го повторам своето, русково влијание веќе преминува во отворена агресија на верско, културно, образовно, спортско, економско и секакво друго поле. Факт, кој воопшто не ме радува.
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 406
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #590 Posted: 27-Sep-2016 at 14:00
Originally posted by hcitrS

Пак ќе го повторам своето, русково влијание веќе преминува во отворена агресија на верско, културно, образовно, спортско, економско и секакво друго поле. Факт, кој воопшто не ме радува.


Далеку подобро руско влијание отколку турско/албанско

http://m.tportal.hr/biznis/445922/Kako-su-slasticar-i-odvjetnik-iz-Malog-Losinja-izgradili-punionicu-vode-u-Makedoniji.html

Русите имаа шанса да бидат бог и батина во славјанските земји и во земјите од азискиот дел на бившата СССР, но сеуште чекорат со многу ситни кораци. Западот убедливо им ги презема сите тие економски територии.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11707
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #591 Posted: 11-Oct-2016 at 18:31
Нова германска фабрика Костал во Охрид. Фото: Миа.мк

За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #592 Posted: 12-Oct-2016 at 10:44


Германската „Костал“ официјално стартуваше со производство во Охрид

Германската компанија „Костал“ и официјално стартуваше со производствени активности за технолошко напредни и иновативни производи во областа на автомобилската индустрија. Станува збор за „браун-филд“ инвестиција со производствена линија што ќе функционира во рамки на поранешните производствени капацитети на „ЕМО“ кај Охрид.



Претседателот на „Костал групацијата“ Андреас Костал на денешната свеченост со која беше означен стартот на производствената инвестиција, истакна дека прагматичноста и интелигенцијата кои ја детерминираат економската политика на Република Македонија била една од причините за нивната одлука да отворат своја филијала во Охрид.

– Навистина имавме одлична поддршка од Владата и државните институции во реализирањето на овој проект. Единствено преку таква поддршка беше можно за помалку од една година да дојдеме до степен на почеток на производство. „Костал“ во македонските филијали за наредните десет години планира да известира 30 милиони евра, и на подолг рок, независно автоматизацијата на производствениот процес, да креира 800 работни места, рече тој притоа поздравувајќи ги поволностите што преку реформските политики Република Македонија им ги нуди на странските инивеститори.







Back to Top
Robbi-MKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Oct-2008
Location: GER, Dortmund
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote Robbi-MKD Quote  Post ReplyReply #593 Posted: 12-Oct-2016 at 14:25
Аирлија работата...да ни се множат!!! Applause
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11707
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #594 Posted: 26-Oct-2016 at 21:46
Веројатно оваа вест е за тука:

Нов магацински комплекс на Нептун



На 21 октомври 2016 година започна со работа новиот магацински комплекс на Нептун Македонија, лоциран во општина „Илинден“. Изградбата на објектот започна во јануари годинава. Се работи за модерен објект за складирање на бела техника и електроника проектиран по актуелните светски архитектонски стандарди. Објектот е изграден на површина од 7700 м2 и опфаќа - 6 500 м2 магацински склад и галерија од 1200 м2. Целосната инвестиција изнесуваше 3 милиони евра, а беше комплетирана за 10 месеци.

Магацинот има еко дизајн –кој ги поврзува аспектите на животната средина во дизајнот. Во градбата се инкорпорирани голем број странични прозори и лантерни на кровот, кои овозможуваат целосно осветлување на магацинот само со дневна светлина, со што се заштедува електрична енергија и се штити животната средина. Објектот ги запазува и сите стандарди за енергетска ефикасност.

При надворешното и внатрешното градење на објектот се користени единствено високо квалитетни материјали. При планирањето на проектот се запазени сите регулативи за магацинско работење, преземени се сите противпожарни мерки, но и мерки за безбедност при работа. Во таа насока поставени се роло-врати со тунели, воздушни завеси, кров со лантерни кои автоматски се отвораат во случај на пожар. Објектот е пристапен и за инвалидизирани лица.

Новиот магацински комплекс, располага со 4 целосно автоматизирани товарни рампи и дополнителни 3 платформи за влез и излез на роба; шалтер за документациска работа, административни канцеларии и чуварска куќа со комплетен мониторинг на објектот. Обезбеден е паркинг за лесни и тешки возила. Работното време на магацинот е од понеделник до петок од 07.00– 20.00 часот.

Во магацинот работат вкупно 78 лица. Магацинскиот комплекс на Нептун обезбедува пријатни услови за работа на вработените, кои на располагање имаат кујна, соблекувални, тоалети со туш кабини и современо уредени канцеларии.

Внатрешниот простор е опремен со современи сталажи организирани по продуктни категории, а движењето е целосно автоматизирано. Доставата, растоварањето и товарањето се максимално автоматизирани.

Во однос на надворешното уредување, планирано е хортикултурно уредување на околината и садење на 60 елки. Во план е овој објект да стане комплекс кој ќе ја обедини работата на Магацинот, Шпедицијата и Јавниот царински склад.


https://www.neptun.mk/index.php?route=news%2Fnews&news_id=240
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #595 Posted: 26-Oct-2016 at 21:49
Pa ne bas. Bi trebalo da ima niska "logisticki centri".
Back to Top
Robbi-MKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Oct-2008
Location: GER, Dortmund
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote Robbi-MKD Quote  Post ReplyReply #596 Posted: 09-Nov-2016 at 16:14
Информации за новата инвестиција во жел. индустрија во Македонија!  Cheers

Чешки „Локо Транс“ ќе инвестира 20 милиони евра во Македонија и ќе отвори 600 работни места

Чешкиот железнички гигант „Локо Транс“ планира да отвори регионален логистички центар во Македонија. Компанијата со седиште во Брно, Чешка, донесе стратешка одлука за инвестирање во земјава. Во овој момент, компанијата е во фаза на разгледување на опции за купување на земјиште за изградба на регионален логистички центар, кој треба да ги опслужува сите соседни држави.

Дејан Трпевски
, менаџер на Локо Транс- Скопје, за „Лидер“ објаснува дека логистичкиот центар ќе опфаќа пред сѐ работилница за одржување на железнички возила и контејнерски терминал во првата фаза, додека во втората фаза логистичкиот центар ќе биде надграден со фабрика за производство на вагони, односно шински возила, нешто што досега во Република Македонија не постоело.

„Во првата фаза од инвестицијата планираме да вработиме околу 200 лица, а вкупно планираме да вработиме околу 600 работници. Железничката индустрија нема граници. Во Македонија се одлучивме да инвестираме најмногу поради местоположбата на земјата, како и Коридорите 8 и 10, но и поврзаноста со соседните земји. Исто така, во Македонија наидовме на квалификувана работна сила во секторот на железничкиот инженеринг, па затоа и очекуваме час поскоро да почнеме со нашата инвестиција тука“, изјави сопственикот на „Локо Транс“, Карел Јалови.

http://lider.mk/2016/11/09/loko-trans-ke-investira-vo-makedonija/


Edited by Robbi-MKD - 09-Nov-2016 at 16:18
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 362
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #597 Posted: 15-Nov-2016 at 12:46
Видео од новата фабрика во С.Гари која се вика Maya

https://www.youtube.com/watch?v=Zrv9sI9fJJ8
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #598 Posted: 15-Nov-2016 at 13:50
Originally posted by avijacijamk

Видео од новата фабрика во С.Гари која се вика Maya

https://www.youtube.com/watch?v=Zrv9sI9fJJ8


Убаво штета што нема ресторан во објектот.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #599 Posted: 01-Dec-2016 at 10:31
„Амфенол“ почна со градба на трета фабрика во Кочани- 400 нови директни вработувања

Американската компанија за производство на автомобилски делови „Амфенол“ која веќе има две фабрики и три производствени погони, почна со градба на трета фабрика во Кочани.



Проширувањето на инвестицијата на „Амфенол“ ја најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при обраќањето на собирот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на почетокот од месец ноември. Груевски најави дека „Амфенол“ почнува со градба на нов погон за автомобилски делови во Кочани.

-Амфенол веќе има две фабрики и три погони во Кочани. Градбата на третата фабрика и четврт погон треба да заврши во средината на 2017-та и да отвори нови директни 400 работни места. Со сите нивни фабрики постоечки и новата Амфенол ќе достигне 2.500 нови вработувања, рече Груевски.

На својот трети роденден, „Амфенол“ денеска започна со градба на новата трета фабрика и притоа им врачи благодарници на дел од своите вработени.

-Би сакал да ви се заблагодарам за целото залагање. Се надевам дека во иднина ќе можеме да славиме и поголеми јубилеји, изјави претставник на раководниот тим.

Амфенол е светски бренд кој произведува автомобилски и комуникациски делови, железничка опрема и производи за авиоиндустријата. Инвестицијата во Македонија се фокусира само во делот на автоиндустријата.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 537
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #600 Posted: 09-Dec-2016 at 13:26
Во периодот од 2007 до 2015 година земјава потрошила вкупно 159 милиони евра буџетски пари за привлекување или поддршка на странските директни инвестиции. Вкупниот износ на исплатени плати во овие странски компании е 92,1 милион евра. За целиот период фирмите оствариле нето-добивка од вкупно 235 милиони евра. Просечната плата во компаниите во зоните е 261 евро, пониска од државниот просек. Ова се резултатите од истражувањето што го направи Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје, околу трошоците и ефектите што ги донесоа СДИ, но и висината на платите и работничките права во тие фирми. Тие се сублимирани во Студијата „Политики за привлекување на СДИ во Македонија 2007-2015 година“, која вчера ја презентираше истражувачот Бранимир Јовановиќ.

Анализирани се 25 фирми кои имаат добиено државна помош. Бројот на вработени во овие 25 фирми во 2015 изнесува 12.600 лица. Околу три четвртини од нив се вработени во три фирми и тоа „Дрекслмајер“ со 5.730 вработени, „Кромберг и Шуберт“ со 2.265 и „Џонсон Контролс“ со 1.773. Следуваат „Ван Хоол“ со 668 работници и „Џонсон Мети“ со 613. „Кога средствата кои државата ги исплатила за поддршка на странските фирми, 159 милиони евра, ќе се подели со вкупниот број на вработени, 12.600, се добива дека државата издвојува околу 12.580 евра за едно работно место“, се вели во студијата.

Ова истражување открива дека просечната плата во фирмите во 2015 била 261 евро, што е значајно пониско од државниот просек од 360 евра. Платата е највисока во „Џонсон Мети“ и изнесува 517 евра. Потоа, следуваат „Ки сејфти системс“, „Ендава“, „Маркарт“ и „Кемет електроникс“ со просечна плата во распонот 440-473 евра. Натпросечни плати имаат уште „Ван Хоол“, 409 евра и „Вистеон Електроникс“ со 373 евра. Најниски се платите токму во трите фирми кои вработуваат најмногу. „Кромберг и Шуберт“ има просечна плата од 239 евра, во „Дрекслмајер“ е 235 евра, а во „Џонсон Контролс“ е 200 евра.

Работните услови и работничките права, пак, биле анализирани преку интервјуа со вработени во петте најзначајни странски фирми, односно „Дрекселмајер“, „Кромберг и Шуберт“, „Џонсон Контролс“, „Џонсон Мети“ и „Ван Хоол“. „Сите анализирани фирми вработуваат со договори на определено време, што генерира страв од губење на работата кај работниците, што има дисциплинирачки ефект. Работниците сметаат дека работата е тешка, нормите се високи и дека платата не е сразмерна на трудот. Во ниедна од фирмите нема синдикат“, се вели во студијата.

Цел текст во Утрински
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.