build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Индустриски објекти и зони (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 35>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 08-May-2010 at 06:49

Секое ќоше во Пелагонија со индустриска зона

Општините понудиле локации, но без инфраструктура и расчистена сопственост за земјиште

БИТОЛА - Владата планира да гради индустриски зони на секое ќоше во Пелагонискиот регион. Ќе има девет зони во осум општини. Битола, Крушево, Ресен, Кривогаштани, Демир Хисар, Могила и Новаци ќе имаат по една индустриска зона, а дури две во Прилеп, едната за локален, а другата за регионален развој. Локациите на зоните и цените по квадратен метар во секоја од нив вчера беа промовирани во Битола од Регионалната развојна агенција на Пелагонија „Преда“.

Но, ниту една од пелагониските општини не се пофали со инвестиции во зоните. Остана впечатокот дека повеќе силум отколку милум локалните самоуправи понудиле локации за индустриски зони и дека тоа го направиле под сугестии на Владата.

Во Македонија не е едноставно да се инвестира, бидејќи земјиштето се' уште е на државата, а не на општините, предупредија странски експерти, кои присуствуваа на вчерашната презентација.

Најголемата индустриска зона во Пелагонија е онаа што ја гради Општина Битола во „Жабени“ од 85 хектари, а најмалата е во Крушево од без малку два хектара. Крушевчани бараат најмногу пари по квадрат, близу 29 евра наспроти понудата на Општина Могила, која земјиштето во зоната на потенцијалните инвеститорите им го нуди за нецели три евра од квадратен метар.

Дел од општините понудиле неподготвени локации за зони, без инфраструктура и урбанистички планови, а најлошо е тоа што некои се' уште не ја расчистиле сопственоста на земјиштето.

Така, на пример, Ресен на површина од пет хектари ќе гради индустриска зона исклучиво за изградба на дистрибутивен центар за преспанското јаболко. Но, нема урбанистички план. Слична е состојбата и со Општина Новаци, која нуди локација покрај Црна Река без инфраструктура, а згора на тоа ги предупредува потенцијалните инвеститори дека се можни проблеми со поплавување на земјиштето.

„Од Владата одобрија да почнеме со изработка на проектната документација за зоната во близина на манастирот „Пресвета Богородица“, по текот на Црна Река. Земјиштето е дадено под концесија на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, а моментално е засадено со житни култури. Допрва ќе се решава сопственоста.

Инфраструктурата е оддалечена 300 метри од зоната. Таму може да се градат само некои фабрики за преработка на зеленчук и овошје“, вели градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски.

Могила, пак, ќе гради индустриска зона на само два километра од Битола, на стариот пат кон Прилеп. Се' уште чекаат помош од Владата за доработка на урбанистички план. „Имаме идеална локација за изградба на зоната, но немаме финансии за доработка на урбанистичкиот план. Доколку обезбедиме пари, за шест месеци ќе го комплетираме целиот проект“, нагласи Славко Велевски, градоначалник на Могила.

Робер Шпендел, експерт од Словенија, кој учествувал во изработка на проектот „Индустриски зони во Пелагонискиот регион“, го апострофираше проблемот со сопственоста на земјиштето. „Предуслов за изградба е технички обезбеденото градежно земјиште или документацијата за инвеститорите. Но, во Македонија тоа не е едноставна работа. Затоа што со државното земјиште не располагаат општините, односно не се сопственици и формално не можат да го продаваат“, објасни Шпендел.

Европретставниците, гости на средбата, и' сугерираа на Владата да го стимулира развојот на малите и на средни претпријатија, бидејќи тоа е предуслов за развој на регионалната економија.

„Ова е земја со голема стапка на невработеност, особено меѓу младата популација. Развојот на малите и на средните претпријатија може да ја намали невработеноста. Затоа ја охрабруваме Владата, но и банкарскиот сектор да помогне околу ова прашање“, истакна евроамбасадорот, Ерван Фуере. (А.Б.)


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=A48ABBA7C283AA4682F0D32821A49A9F


Edited by pbanks - 08-May-2010 at 10:24
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 11-May-2010 at 23:44

Девет зони во Пелагонија, каде се инвеститорите?

Одговорните во речиси сите општини јасно потврдуваат дека привлекувањето инвеститори ќе биде многу тежок бизнис

БИТОЛА - „Кој ќе преживее ќе раскажува“. Вака еден од пелагониските градоначалници во неформален разговор се обиде да ја опише замислата за изградба на девет индустриски зони во Пелагонија и за бизнисот во иднина. Проектот инициран од Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, а во најголем дел финансиран од швајцарската влада уште на почетокот предизвика незадоволство и револт кај дел од локалните власти.

Во општините Битола, Новаци, Могила, Кривогаштани, Крушево, Демир Хисар, Ресен ќе се гради по една зона, а две во Прилеп. Сите самоуправи каде што се предвидени индустриски зони се на иста позиција во трката за привлекување инвестиции. Разликата е само во Алинци која е слободна економска зона.

Нелојалната конкуренција разочара дел од општинските власти, бидејќи на потенцијалните странски инвеститори сигурно повеќе ќе им одговараат слободните економски зони отколку индустриските. Од друга страна, зоните се толку блиску распоредени, што меѓу некои оддалеченоста е само дваесет километри. А двете најголеми зони, битолската во Жабени и прилепската во Алинци ги делат 40 километри.

Фактите потврдуваат дека во големиот проект општините влегоа речиси неподготвени, без расчистена сопственост на земјиштето, без инфраструктура, без урбанистички планови... Но, тоа не е најлошото во овој проект. Многу посериозно е тоа што речиси сите општини јасно потврдуваат дека досега не примамиле ниту еден инвеститор. Доволно е да се спомене што индустриската зона „Жабени“ во се обидува веќе неколку години, но не успева. А токму од работата на општините ќе зависи која зона ќе заживее, а која ќе пропадне.

Градоначалниците се скептици дека промоцијата на сите девет зони одеднаш ќе донесе резултати. „Интерес за новата зона не пројави ниту еден инвеститор, иако локацијата е најдобра од сите други. Имаме одлични предуслови. Но, не е тоа проблемот. Направени се грешки во чекори. Требаше на одредена зона во еден период да е' се даде одредена предност, а другите да се одложат за подоцна. Вака со сите одеднаш нема ништо да биде, однапред се осудени на пропаст“, реагира Гоце Дуртановски, градоначалник на Општина Кривогаштани. Зоната во Кривогаштани е најмала, од само 2,5 хектари, но со цена од близу 25 евра по квадратен метар.

Дуртановски вели дека зоната во Кривогаштани би била идеална за прехранбена индустрија. Но, никако за фабрики поврзани со друга индустрија, бидејќи регионот е земјоделски. Меѓутоа, на истите карти игра и Општина Новаци, која нуди зона за изградба на преработувачки капацитети за зеленчук и овошје. Плановите на Новаци се да формира јавно претпријатие по теркот на Општина Битола, која веќе две години има назначено директор на зоната. Тој е на платен список на Општината, а се' уште нема заинтересирани инвеститори.

„На почеток сме со зоната, но планираме да формираме јавно претпријатие и да вработиме неколкумина. Градиме стратегија да привлечеме инвеститори, кои ќе се вклопат во амбиентот на најголемата житница во државата. Проектот девет индустриски зони значи дека ќе имаме полни раце работа, а секоја да се избори за повеќе инвеститори“, вели Лазар Котевски, градоначалник на Новаци. Зоната во оваа општина опфаќа 17 хектари, а е лоцирана во близина на манастирот „Пресвета Богородица“ по текот на Црна Река. Но, Општината Новаци предупредува дека се можни поплавувања на земјиштето каде што ќе се гради зоната.

Проектот девет индустриски зони во Пелагонија за демирхисарци е веќе пропуштена шанса. „Ова е задоцнета работа за Демир Хисар. Уште во 1996 година е донесен урбанистичкиот план за индустриска зона, а ништо не е направено. Се' уште немаме улици, а и најголемиот дел од земјиштето е приватно, па инвеститорите си фатиле други локации и други објекти. Сега интересот за инвестирање е многу мал. Во последно време нема никакви инвестиции“, оценува Тони Ангелевски, градоначалник на Демир Хисар. За зоната што на 11 хектари ја нуди Демир Хисар, Ангелевски вели дека најпогодна би била за сервисни услуги. Демирхисарци сметаат дека е неразумна работа формирање јавно претпријатие за зоната.

Во Могила се нуди локација за индустриска зона покрај стариот пат Битола - Прилеп,и тоа по најниска цена, од нецели три евра за квадрат. Жителите сметаат дека зоните значат планирање на економскиот развој на општините и како такви ќе ја спречат миграцијата село-град.

„Развојот на индустријата не треба да се концентрира само во еден регион. И сега ги трпиме грешките и последиците. Индустријализацијата на Битола ги испразни нашите села, а развојот на општините треба се гледа токму во тие инвестиции“, нагласува Славко Велевски, градоначалник на Могила, општината која не успеа да ја задржи единствената голема инвестиција за изградба на дистрибутивен центар за откуп на тутун во регионот.

И покрај незадоволството и критиките, Советот за развој на Пелагонискиот плански регион ја означи трката по инвеститори на деветте општини. „Сигурно дека се многу зони за овој регион. Но, кој ќе успее, ќе успее. Сите имаат подеднакви шанси во натпревар за инвеститор. Од општините зависи колку ќе бидат успешни“, оценува Марјана Милевска од ПРЕДА. (А.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=00A598B4DF87854A8BB69D91784E4FD3
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 28-May-2010 at 18:02
Во гостиварско Зубовце почна изградбата на уште две мини фабрики
 
mane-jakovleski-zubovce

Во  поставување камен-темелник во гостиварско Зубовце  почна изградбата на уште еден објект во кој ќе бидат сместени два производствени погони.

Своите  бизниси од есен во новите протории ќе ги изведуваат фирмите „Елком“ и „Дамјан стил“ кои произведуваат автоматика за системи за соларна енергија, односно железни конструкции и браварија.

- Градежните работи  треба да завршат  до крајот на  септември и набрзо  потоа ќе почнеме со работа. Имаме идеи и за проширување, а тоа е заради интересот кој владее за нашите производи, истакна Влатко Ангеловски, сопственик на фирмата „Елком“.

Мини  индустриската зона со стопански комплекс од пет мали фабрики  и преработувачки капацитети на површина од околу 18.000 квадратни метри почна да се гради лани во септември. Во меѓувреме привршуваат градежните работи на два објекти. Според најавите, во петте производствени капацитети ќе се вработуваат околу 100 лица.

http://www.mn.mk/aktuelno/1935-Vo--gostivarsko-Zubovce--pocna-izgradbata-na-uste-dve-mini-fabriki
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 07-Jun-2010 at 13:16

Бесими: Размислуваме да ги дадеме под закуп слободните економски зони

Владата размислува да ги даде под закуп слободните економски зони, најави министерот за економија Фатмир Бесими.

- Владата во континуитет работи на привлекување нови инвестиции. Планираме во делот на слободните економски зони да примениме нов пристап за концесионирање, односно давање под закуп на некој што има искуство за да ги развие зоните и да привлече инвестиции. Тоа би бил нов модалитет за она што сега  го прави само Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, изјави министерот Бесими, одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на Извештајот за Индексот на инвестициски реформи (ИРИ) 2010 изработен од ОЕЦД.

Тој посочи дека станува збор за согледување и оти до конечната одлука за реализација треба да се направат дополнителни анализи. 

Министерот за економија очекува во наредниот период да се зголеми бројот на странски и на домашни инвестиции.

- Треба уште да работиме во делот на привлекување инвестиции и подобрување на деловната клима. Годинава и претходната имаше многу екстерни фактори кои влиаеjа на тој елемент, но во иднина со подобрување на одредени политики ќе може да се подобри квалитетот на инвестиции, рече Бесими.

Тој прецизира дека постојат најави оти до крајот на годинaва или на почетокот на идната ќе почнат да се реализираат проектите кои беа одложени заради глобалната економска криза.

- Тоа е еден од сигналите кој покажува дека во наредниот период Македонија ќе има подобра слика во однос на странските инвестиции, рече Бесими.

http://www.time.mk/read/11ddb0bb09/fb78769e95/index.html
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 10-Jun-2010 at 01:58
Кавадарчани или било кој што има сознание, какви се овие огромни хали што се градат во на излезот од Кавадарци према Росоман?
Локацијата би требало да е овде:
41°26'52.62"N  22° 0'18.92"E

1


2

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 10-Jun-2010 at 02:01
Баш вчера слушнав за овие некои си хали, ама незнам што било финтата. На канал5 кај Миленко во Фактор 5 беше градоначалникот на Кавадарци, па после тоа некој директор на водостаопанство од Кавадарци. На интернет има архива на канал5 ако не те мрзи прегледај ја емисијата, ќе кажат сигурно.

EDIT: На 11min 20sec.


Edited by lslcrew - 10-Jun-2010 at 02:09
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 10-Jun-2010 at 02:08
Треба да е фабрика некоја за метални профили, цефки, такви работи.
http://www.igmtrade.com/
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 24-Jun-2010 at 14:52
УБИЛЕЈ НА ОПШТИНАТА
Две мали индустриски зони во Бутел

Општина Бутел, ќе добие нова општинска зграда, но и две нови мали индустриски зони околу обиколницата, најави портпаролката на Општината, Снежана Клинчарова, по повод пет години од основањето на Општина Бутел. Градоначалникот Петре Латиновски, пак, информира дека со Град Скопје, имаат во план од улицата Христијан Тодоровски - Карпош да направат сообраќајница што ќе биде поврзана со обиколницата и која би била од голема корист за граѓаните. Надлежните ја промовираа новата општинска карта, во која се одредени границите на општината, но и сите досега реализирани проекти. Беа промовирани и издадените книги во кои се зачувани сите новинарски написи за општината, кои, како што велат, претставуваат богато историско наследство за идните генерации. Вчера се промовираше и двојазична стихозбирка „Спомени за Борис Трајковски“, пишувана од македонски и од албански ученици од основните училишта во општината, по повод педесет и четвртиот роденден на трагични починатиот претседател Борис Трајковски

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2052&ArticleID=143261
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 25-Jun-2010 at 05:17

Руинираниот „Битолатекс“ станува индустриска зона

На локацијата на поранешен „Битолатекс“ никнува индустриски дел во кој засега инвестирале 17 домашни и странски стопанственици

Наместо да заживее новата индустриска зона Жабени во близина на грчката граница, каде што битолската општина и државата инвестираат многу пари, спонтано, речиси од урнатини, почна да се обновува поранешниот индустриски дел на периферијата на Битола. Додека Жабени уште чека инвеститори, повеќе од дваесет фирми инвестираа во стариот индустриски дел на Битола. Од неодамна одново заживеа просторот каде што години наназад се наоѓаат демолирани хали и руинирани објекти на фабрики пропаднати во транзицијата.

Пресврт предизвика продажбата на недвижниот имот на поранешниот текстилен гигант „Битолатекс“, кој десетина години беше во стечај. Старите објекти на оваа текстилна компанија се простира на површина од 100.000 квадратни метри. Но и покрај руинираноста на објектите, атрактивноста на локацијата успеа да намами дури 17 инвеститори. Новите сопственици веќе ги реновираат старите празни и руинирани фабрички хали. Грчки бизнисмен подготвува фабрика за текстил, а отворени се и повеќе магацини за прехранбени и други производи. Инвеститорите коментираат дека оваа локација е примамлива поради пониските продажни цени, постојната патна, водоводна, канализациска и струјна инфраструктура, изградените објекти и близината на градот.

- Објектите се руинирани и треба да се вложат пари за да се реновираат. Но, позитивно е тоа што квадратен метар се продава од 20 до 40 евра. Другите локации на иста оддалеченост од центарот се продаваат по дури 80 евра за квадратен метар. Овде има инфраструктура, а зачувани се и делови од постојните објекти. Најавено е дека нема да се плаќаат комуналии или тие ќе бидат минимални - вели Драган Стаменковиќ од фирмата „Тенико трејд“.

Првите инвеститори што вложиле во старите објекти се жалат на дотраеноста на постојната инфраструктура. Напонот на струјата е проблематичен, а мака им создава и тесниот пат, направен во социјализмот, на кој десетици години не е ставен нов асфалтен слој. Сепак, позитивна околност е што оваа сообраќајница ја заобиколува Битола, па транспортните возила може да го избегнат градскиот метеж.

- Тука инвестиравме минатото лето, а струјата дојде пред еден месец, претходно користевме агрегати и беше многу мачно. Жиците за струја беа искинати или извадени, поставивме и нов трансформатор. Вложивме многу пари. Патот е раскопан и тесен, а во есен и во зима, кога има врнежи, целиот е под вода. Мора итно да се санира за да се привлечат и други инвеститори во овој дел - вели Борче Стојановски од компанијата „Бадо“.

На 13 километри оддалеченост од овој стар индустриски дел на Битола, се' уште се подготвува новата зона Жабени. Работите почнаа од поодамна, но засега нема инвеститори. Поминаа две наддавања без заинтересирани купувачи.

- Во инфраструктурниот дел на зоната веќе се работи подолг период, се поставува водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација. Летово ќе биде донесена електрична енергија. Со ова ќе ги имаме сите предуслови да се дефинираат цените на земјиштето. Тоа е државно земјиште и Владата ќе донесе одлука по која цена ќе се продава на тендери - изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E11E56F24E79A04C8E68B1E9E0C75809
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 27-Jun-2010 at 17:27
Денеска имаше премиерот изјава, неможам да ја најдам на нет, побарајте ја веста. Се работи за информација во врска со Шишеџам дека се бара локација зашто близината на аеродромот до Бунарџик не дозволува толку високи оџаци како што нив им треба. Најва за нова фабрика за експлоатација на мермер во Прилеп, најава за нова уште една цементара само незнам за која локација се работи и уште нешто имаше најавено. Ако може некој нека ја најде веста.

Edited by lslcrew - 27-Jun-2010 at 17:28
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 28-Jun-2010 at 00:57
За шишеџам можеби има логика да се разгледа локацијата на старата стакларница (која толку елегантно ја уништивме)
41°57'53.29"N  21°28'17.74"E

Не знам дали нешто егзистира сега на нејзино место... Ако не, ваљда има доволно инфраструктура останато колку за офсет на оние делови што треба да се рушат.
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 28-Jun-2010 at 08:52

I ja se soglasuvam Clover, samo prasanje e koga ke pocnat da ja izgradat. Posto nemame staklara pa mora da uvezuvame od stranstvo, mislam deka gazdata na Sisedzam e Turcin so poteklo od Makedonija.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 28-Jun-2010 at 13:42

Индустриските зони се градат, инвеститорите чекаат!


Оперативна и целосно подготвена за прифаќање на инвеститорите е зоната Скопје 1. Изградбата на зоните е долготраен процес, чии придобивки од нив би се почувствувале во годините што доаѓаат. Во Турција, изградбата на зоните почнала во осумдесеттите години на минатиот век, а дури денес се чувствуваат ефектите од нивната изградба. ТИР-зоните не се инстант-проекти што служат за дневнополитички потреби, вели Марјан Јованов, директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони

 
 
%20  
Доаѓањето на само две странски фирми во Бунарџик не ја поколеба Владата да продолжи со проектот за покривање на цела Македонија со технолошко-индустриски развојни зони. Доколку биде реализиран целиот проект, ТИРЗ-мрежата ќе се состои од 11 маркери рамномерно распоредени на територијалната карта на нашата држава. Покрај веќе почнатата зона Бунарџик во Скопје, се градат зоните Скопје 2 и оние во Три Чешми во Штип и во Тетово, во близината на селото Сараќино. Останатите зони ќе се градат во Прилеп, Радовиш, Гевгелија, Струмица, Кичево, Крива Паланка и во струшко-охридскиот регион.

Намерата на Владата е со отворањето на ТИР-зоните да се создадат еднакви услови за економски развој на сите региони во земјата, преку привлекување странски и домашни инвеститори, кои со нови производни капацитети ќе овозможат да се отворат работни места. Прогнозите на Владата се дека по завршувањето на економската криза ќе дојде до реализација на веќе почнатите проекти за инвестирање во зоната Бунарџик од повеќе странски компании.

- Кај некои критичари постои извртување на тезите, кога велат дека не треба да се градат зоните кога нема странски инвеститори. Во исто време, самите се демантираат кога велат дека секој инвеститор бара исполнување на инфраструктурните услови во слободните зони. Моментално, оперативна и целосно подготвена за прифаќање на инвеститорите е Скопје 1. Изградбата на зоните е долготраен процес, чии придобивки од нив би се почуствувале во годините што доаѓаат. Во Турција, изградбата на зоните почнала во осумдесеттите години на минатиот век, а дури денес се чувствуваат ефектите од нивната изградба. ТИР-зоните не се инстант-проекти што служат за дневнополитички потреби - вели Марјан Јованов, директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони.

Тврдењата на „независни“ експерти што велат дека индустриските зони Скопје 2, во Штип и во Тетово се празни, се без основа, вели тој. Од моментот на почнувањето на работите и на донесувањето на сета потребна инфраструктура, потребни се најмалку од три до четири години. За овој период треба да се завршат сите постапки околу регулирање на сопственоста на земјиштето, носењето на урбанистичките планови и други административно-технички подготовки.


%20


- Од 2006 година наследивме виртуелна зона во Бунарџик, која не ги исполнуваше ни основните законски предуслови да се нарече слободна зона. Тоа беше полуоградена површина, со куп сопственици и незавршена експропријација. Не сакавме да бидеме несериозни како нашите претходници од СДСМ, кога повикуваа инвеститори на ливада. Денешните инвеститори се соочуваат со голем број понуди од разни земји во светот и во регионот. Нивните желби се детални и јасно дефинирани и се однесуваат на разни прашања од квалитетот на снабдувањето со енергија, до исполнувањето високи стандарди од противпожарна заштита во зоната - објаснува Јованов.

За можноста за издавање на индустриските зони под концесија, надлежните нагласуваат дека постојат различни модели на отворање и на „стопанисување“ со нив.

- Искуствата во светот покажуваат дека владите ја задржуваат регулаторната и контролната функција во работењето на слободните зони, а инвестициите и оперативата во зоните ги препуштаат на приватна компанија. Не станува збор дека некоја идна компанија ќе бара инвеститори. Тоа останува во надлежност на нашите државните институции, но ако се одлучи зоната да се предаде на приватен оператор, може да се случи тој покрај бројните услуги што ќе ги нуди, да побара и некоја странска фирма да изгради капацитет во зоната. Досега има бројни контакти со многу фирми што сакаат да инвестираат и да бидат оператори со зоните. Секоја понуда се разгледува со сериозно внимание - вели Јованов.
 
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62810105098&id=10&prilog=0&setIzdanie=22019
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 28-Jun-2010 at 14:16
Луѓе јас сум голем скептик за ШИШЕЏАМ заради следниов факт: непосредно по најсилните шпекулации дека оваа компанија ќе влезе во Македонија, започнаа изградба на огромни 4 фабрики (реализирани 2005-2007) во Трговиште, Бугарија. Во него работат 1500 луѓе и се инвестирани 380 милиони евра. До 2010 година ќе отворат уште 4 фабрики на истото место при што ќе нидат инвестирани уште 415 милиони евра. Се сомневам дека на толку мал простор може да се наоѓаат два гиганта на иста компанија (дај Боже да грешам). Еве една статија поврзана со ова:


"Шишеджам" официално откри стъкларския комплекс на компанията в Търговище
от: 27.03.2008Турският стъкларски гигант "Шишеджам" завърши най-големият инвестиционен проект "на зелено" в България с официалното откриване на пълната производствена мощност на стъкларския комплекс на компанията в Търговище - "Тракия Глас България" ЕАД. С това приключи и първата фаза от инвестиционната програма на компанията.
На официалната церемония присъстваха турският премиер Реджеп Таийп Ердоган, министърът на икономиката и енергетиката Петър Димитров, борда на директорите на "Шишеджам", представители на финансовите институции, депутати.

В четирите завода в Търговище - за производство на плоско стъкло, стъклени домакински изделия, обработено стъкло и огледала работят 1500 души. Настоящата стойност на вложенията, инвестирани от "Шишеджам" в изграждането на комплекса, се изчислява на 380 млн. долара.

През 2008 година годишният оборот на комплекса ще достигне 175 млн. долара, а приходите за българската икономика от износ на продукцията в 45 страни ще бъдат около 150 млн. долара.

Първият завод на "Тракия Глас България" ЕАД, в който функционира най -голямата пещ за домакинско стъкло в Европа, започна производство на домакински стъклени изделия през юли 2005 г. По-малко от година по -късно, през март 2006 г., в експлоатация беше пуснат и заводът за плоско стъкло. Това е първият стъкларски завод с модерната "флоат" технология на Балканите и е един от най-големите заводи за плоско стъкло в Европа.

Продукцията от завода е предназначена за сектори като строителството, автомобилостроенето, производството на бяла домакинска техника и мебели, както и за селското стопанство и енергийния сектор. През април 2007 г. заработи и третият завод на "Шишеджам" - за обработено стъкло, чиято продукция се използва за производството на бяла домакинска техника.

Четвъртият завод от стъкларския комплекс беше пуснат в експлоатация през май 2007 г. и произвежда огледала за строителния сектор и мебелната индустрия. Турският гигант "Шишеджам" планира да удвои инвестициите си в България чрез разширяване на производствените мощности на компанията в Търговище.

До 2010 година ще бъдат инвестирани още 415 млн. долара в изграждането на нови четири завода в рамките на съществуващия стъкларски комплекс - втори завод за плоско стъкло с разширен асортимент на продукцията, завод за автомобилни стъкла, предназначени за автомобилостроителния сектор в Централна и Източна Европа, завод за ламирани стъкла с високо ниво на сигурност и защита, и завод за изолационни стъкла от ново поколение, осигуряващи значителна икономия на електроенергия.

В новите мощности на компанията ще бъдат осигурени още 500 нови работни места, а годишния оборот се очаква да достигне 185 млн. долара. След финализирането на втората фаза от инвестиционната програма на турския гигант "Шишеджам" в България ще бъдат инвестирани общо 800 млн. долара, като в осемте заводите на дружеството ще работят 2000 души, а общия годишен оборот на "Тракия Глас България" ЕАД ще достигне 360 млн. долара.

Мащабният инвестиционен проект "Тракия глас България" превърна Търговище в център на стъкларското производство, както в България, така и в целия Балкански полуостров. Реализирането на мащабната инвестиция в район с висока безработица допринесе за стимулирането на икономиката в региона, създаде условия за развитие на съществуващи и възникване на нови свързани с дейността на комплекса производства и доведе до повишаване жизнения стандарт на населението.

Разширяване на производствените мощности на "Шишеджам" в България ще доведе до значително повишаване на конкурентноспособността на турския стъкларски гигант на развиващите се пазари в Централна и Източна Европа.

В групата "Шишеджам", към която принадлежи „Тракия Глас България" ЕАД, работят над 17 000 души и генерира продажби от над 2,5 млрд. долара годишно. В "Тракия Глас България" ЕАД акционери са "Тракия Джам Санайи А.Ш.", основната компания в Групата за производство на плоско стъкло "Шишеджам" и "Пашабахче Джам Санайи ве Тиджарет А.Ш." - основната компания в Групата за производство на стъклени домакински съдове.

"Шишеджам Холдинг" е петият по големина в Европа производител на плоско стъкло и заема второ място по производство на стъкларски изделия в Европа и трето в света. Продукцията на холдинга се изнася в над 130 държави в света. Основните производствени мощности на стъкларския гигант са съсредоточени в Турция, Русия и Югоизточна Европа.

С изпълнението на проекта на компанията в България, страната ни се превърна в център на стъкларската индустрия не само на Балканите, но и в Югоизточна Европа.

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 29-Jun-2010 at 16:39

Велес: Се продаваат седум плаца во индустриска зона Комплекс Узус

29 јуни 2010, 17:12
Извор: Макфакс
Велес

Министерството за транспорт и врски во Индустриската зона Комплекс Узус во Велес, продава уште седум плаца. Тие ќе бидат наменети единствено за изградба на објекти од малото стопанство.

Вкупната површина на плацовите изнесува над 55 илјади метри квадратни од кои најголемиот е 867 а најмалиот 679 метри квадратни. Почетната цена изнесува 700 денари за метар квадратен.

Право на учество имаат сите физички лица, државјани на Р.Македонија и правни лица домашни, правни лица со мешовита сопственост и правно лице основано од странска фирма.

Според огласот, заинтересираните купувачи треба да уплатат 10 проценти од почетната цена.

Потребните документи за купување на државното земјиште можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 9 јули годинава. Јавното наддавање ќе се одржи на 5 август во просториите на Министерството во Скопје.

Во индустриската зона Комплекс Узус, која е целосно урбанизирана, досега се продадени педесетина плацови и се изградени повеќе од 35 објекти од малото стопанство во кое се вработени повеќе од 200 работници.

Наспроти оваа индустриска зона, онаа во Речани 2 за која беа вложени 220 илјади евра, се уште има триесетина плаца за продавање. Стојат непродадени поради нерасчистените имотно-правни односи.

Од општина Велес истакнуваат дека со решавањето на овој проблем и оваа индустриска зона која се наоѓа во близина на автопатот, наскоро ќе профункционира и во неа ќе најдат егзистенција неколку стотини невработени лица. /крај/лисица/ач

http://www.makfax.com.mk/_home/home#111097
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 01-Jul-2010 at 14:46
Штефан Месер ќе ја посети локацијата на „Месер Вардар техногас“

среда, 30 јуни 2010
 
Сопственикот на германската компанија „Месер“ Штефан Месер денеска во битолското село Меџитлија ќе го посети местото каде што се гради нова фабрика на „Месер Вардар техногас“ за производство на јаглероден диоксид, која се очекува да биде отворена во септември
 

 
 

Погонот за производство на јаглероден диоксид што го купи минатата година е најголема инвестиција на групацијата „Месер“ во регионот. Неговиот сегашен производствен капацитет на течен јаглероден диоксид е два тона на час, а оваа година тој ќе се реновира и ќе го зголеми производството на околу четири тони на час, со што ќе се зголеми и извозот кон Грција, Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Турција.

„Месер Вардар техногас“ е формирана во 1997 година и е целосно германски капитал. Располага со полнилници за кислород, јаглероден диоксид, за аргон и гасни смеши лоцирани во Скопје, а свои продажни места има низ цела Македонија.

„Месер“ (Messer) е семејна компанија со 112-годишна традиција во бизнисот со индустриски гасови и е присутна во земјите на Европа, Азија, Африка и Јужна Америка. Произведува јагленороден диоксид, кислород, аргон, азот, водород, хелиум, специјални гасови, гасови за медицинска употреба и широк спектар на гасни смеши.


http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=51542
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 01-Jul-2010 at 17:27
Нов погон на фабриката Рото-М во Виница

Скопје, 26 јуни 2010 (МИА) - Во Виница денеска ќе биде отворена нова фабрика на словенечката компанија Рото-М која се занимава со преработка на пластични маси при употреба на модерна технологија. На отворањето на новиот погон на оваа компанија, која во  Македонија прозиведува пет години, ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и амбасадорот на Словенија  Алан Бергант.

Со инвестицијата од еден милион евра производниот капацитет на Рото-М се зголемува за  50 отсто. Погонот зафаќа 750 метри квадратни  покриена и 9.000 метри квадратни отворена површина и е опремен со современа технологија за обработка на пластични маси.

Фабриката има шест оддели, од кои најголемиот е оддел за подготовка за рециклирање на материјалот и простор за складирање на алатот, суровините и крајните продукти. Покрај производството, предвиден е и индустриски продажен дел и изложбен простор. Опремена е со осум машини, од кои две се наменети за сериско производство на фигури, а останатите за садови за земјоделство, градежништво и градинарство. Во новите простории има и  машина за рециклирање отпадоци при производство, односно подготовка на материјалите.

Во производствениот процес има 14 вработени, а зголемените производствени капацитети ќе овозможат вработување на уште 10 работници. Новото производство се одликува и по рационалното користење на енергијата и одговара на највисоките еколошки стандарди. сс/хс/ 9:27


Нова фабрика на словенечката компанија „Рото М“ во Виница

Новата фабрика на Словенечката компанија „Рото М“ во Виница, која  се протега на површина од 10 илјади метри квадратни од кои 750 се покриен дел, ќе преработува пластична маса преку модерна технологија.

Инвестицијата за фабриката е 1 милион евра, а ќе има шест одделенија во кои се инсталирани 8 машини од кои најголем дел се за  рациклирање на  материјали  и сериско производство на фигури. Останатите се за садови за земјоделството, градежништвото и градинарството. За почеток ќе  бидарт вработени 15 работници, а до крајот на годината уште десетмина.

На свеченото предавање во употреба на фабриката „Рото М“ во Виница присуствуваа  вицепремерот за економски прашања Владимир Пешевски,амбасадорот на Словенија во Македонија Алан Бергант, како и сопственикот на Компанијата „Рото“ од Мурска Собота, Стефан Павлинек, кој е и претседател на Словенечката стопанска комора.

За вицепремиерот Пешевски ова е уште еден убав пример за инвестирање на словенски капитал во Македонија,кој се остварува преку успешната соработка на Словенечко-Македонскиот бизнис клуб.

На новинарско прашање дали во Македонија може да се очекува повторна рецесија во стопанството, Пешевски дециден дека до рецесија нема да дојде, затоа што, потенцира, македонското стопанство заздравува.Во вториот квартал од годинава, посочи, очекуваме зголемување на индустриското производство,каматните стапки се намалуваат и што е најбитно немаме намера да ги корегираме планираните проекции.

Павлинек,сопственик на компанијата „Рото“ од Мурска Собота истакна дека од шест години присуство на компанијата  во Виница има само позитивни искуства.

Новото производтво во фабриката на компанијата„Рото М“ во Виница се одликува по рационалното користење на енергијата, што одговара на најновите еколошки стандарди што ги бара Европската унија

Edited by Makedonij - 01-Jul-2010 at 17:37
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 13-Aug-2010 at 05:29

Струга ќе гради нова индустриска зона

Локалната самоуправа на Струга доставила предлог-локација до Владата за новата индустриска зона за привлекување инвеститори и сега преговарала за тоа со надлежните институции, соопшти градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Тој деновиве во Советот на Општината одговараше на повеќе прашања од општинските советници.

- Со Министерството за економија сме во преговори исто како и со Дирекцијата за стопанисување со индустриските зони. Првобитно сакавме да биде искористено местото што се наоѓа кај сегашната индустриска зона, но бидејќи тука има многу канали и локацијата беше со помала квадратура од потребната, предложивме локацијата да биде северно од коридорот - рече Мерко.

Советниците прашаа и дали општинската администрација има доставено проекти до Министерството за транспорт и врски од областа на комуналната инфраструктура, односно за населените места Враништа, Радожда, Дрслајца и Мороишта, кои се смета дека се директни загадувачи на Охридското Езеро и кои не се поврзани со колекторскиот систем.

На прашањето кога ќе завршат работите околу асфалтирањето на патот Струга - Мислешево - „Евро хотел“, бидејќи Владата уште пред неколку месеци обезбедила пари за оваа намена, одговорот локалните власти го најавија за наредната седница на 10 септември, односно кога завршува годишниот одмор на советниците.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=77E6D8AB01FFE6459C795D702FB7DE6F
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 15-Aug-2010 at 12:41
Некаде кај Илинден...


Кај Градско...

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 21-Aug-2010 at 22:41

Камен темелник за изградба на погон за лесна индустрија

Градоначалникот на Општина Сопиште, Г-нот Јован Ѓорѓијоски, зедно со раководителите на одделенијата од Општината, присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на погон за лесна индустрија во селото Варвара - на територија на Општина Сопиште. Со ова Градоначалникот, посветува големо внимание во оваа сфера што има големо значење за иднината на Општината.

Овој настан е доказ за реализацијата на реформите за подобра деловна клима во Македонија и претставување на земјата како поволна бизнис дестинација.

Градоначалникот, ги превзема сите потребни активности, за да се зголемат инвестициите во нашата Општина, со што ќе се зголеми и вработеноста, а тоа го покажува и фактот, кој со помош на Владата на Република Македонија ќе се гради новата пристапна улица од селото Усје до Општина Сопиште во должина од 5,5 километри, на чиј потег се предвидува индустриска зона.
http://opstinasopiste.gov.mk/opstinasopiste/images/stories/pogon_1.jpg
http://opstinasopiste.gov.mk/opstinasopiste/images/stories/pogon.jpg
http://opstinasopiste.gov.mk

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 35>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.331 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.