build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Индустриски објекти и зони (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 333435
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15132
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #681 Posted: 08-May-2022 at 12:43
На ул. Јадранска магистрала веќе подолго време се гради нешто големо.

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #682 Posted: 18-Jun-2022 at 09:32
„КАМ“ ги отвори вратите на најголемиот логистички центар во државата





На вкупна површина од 60.000м2, КАМ го претстави најголемиот логистички центар досега во Македонија, изграден по најсовремени стандарди. Објектот се наоѓа на само неколку километри од центарoт на Скопје, а се протега на простор од 16.000м2 и располага со капацитет од 6.800 палети за суви продукти, како и 2.500 палети за замрзнати производи, овошје, зеленчук и свежо месо.

Оваа инвестиција вредна 12.000.000 евра овозможува брзина и ефикасност во работењето кои, придонесуваат за огромна заштеда во цената на производите која се пренесува на крајните потрошувачи.
Логистичкиот центар поседува сопствен оддел за Контрола на квалитетот кој врши дневни редовни контроли на артиклите на самиот влез со што гарантира свежина и квалитет на сите производи.

Процесот на прием и чување на производите на посебни температурни режими, во соодветни комори како на пр. овошјето, зеленчукот, месото, чоколадите, млечните и длабоко замрзнатите производи подлежи на строги контроли.

За КАМ, свежината, безбедноста и квалитетот на сите производи има врвен приоритет!

Редовното снабдување на сите КАМ маркети ширум земјата на дневно ниво КАМ го реализира и контролира самостојно. Современата опрема и модерните електро-виљушкари кои се користат, не само што овозможуваат максимална ефикасност, туку со нив значително се минимизира и физичката работа во целиот објект. Логистичкиот центар нуди современи услови за работа, адекватен надомест и пријатна атмосфера за повеќе од 150 вработени.

https://alsat.mk/mk/kam-gi-otvori-vratite-na-najgolemiot-logistichki-tsentar-vo-drzhavata/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15132
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #683 Posted: 17-Aug-2022 at 00:19
Originally posted by Џоле

На ул. Јадранска магистрала веќе подолго време се гради нешто големо.



За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #684 Posted: 16-Oct-2022 at 14:15
Investitors:Uka Factory
Location:Lubinje Saraj Skopje North Makedonia







https://www.facebook.com/profile.php?id=100063616489268
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15132
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #685 Posted: 07-Jan-2023 at 10:49


ТИР зоните конечно профункционираа, тројно се враќаат вложените државни пари

Пишува: Дејан Азески

После цела една деценија шпекулации државниот Завод за ревизија конечно направи детална контрола и изготви ревизорски извештај за работата на Технолошко-индустриските развојни зони. Резултатите недвосмислено покажуваат дека околу сто милиони евра вложени во инфраструктурата на зоните досега и околу 75 милиони евра државни субвенции (за последните пет години) носат назад повеќе од 25 милиони евра годишно, што значи дека според некоја груба математика – тројно се враќаат средствата вложени на годишно ниво.

Кога зборуваме за поврат се мисли пред се на повратот кој го имаат вработените по основ на плати и придонеси но и државата во вид на даноци со што се руши стереотипот дека компаниите од зоните не плаќаат ништо во државната каса.

ПРОМЕНАТА НА ДРЖАВНАТА СТРАТЕГИЈА ЈА ПРАВИ ГОЛЕМАТА РАЗЛИКА

Кога ќе го споменеме поимот развојни зони- прва асоцијација на нашите читатели секако се ниските плати. И веројатно ова е точна асоцијација бидејќи почетната просечна плата пред само десетина години таму беше околу 12.000 денари или 200 евра што е навистина поразително.

Ваквата статистика одеше рамо до рамо со убедувањето дека нашата држава е само суровинска база на евтина работна сила или дека некој се обедува од Македонија да направи Бангладеш среде Европа. Но, да бидеме докрај реални зборуваме за време кога текстилниот, па и градежниот сектор исплаќаше плати кои беа помали и од 6.000 денари така да зоните и во такви услови беа подобро платена дестинација за ниско или средно квалификуваната работна сила.

Големата промена настанува после 2017, а особено 2019 година кога дирекцијта за ТИРЗ од пасивна презема активна улога во преговорите со новите, но и стари инвеститори. Па така и покрај скептицизмот во јавноста и политичките кругови се изнаоѓаат начини да се мотивираат компаниите да исплаќаат што поголеми плати.

Така да денес, статистички просечната плата внатре во ТИРЗ е сериозно повисока од просечната плата на ниво на целата држава. И тоа зборуваме во сегментот на ниско и средно кваликфикувана работна сила. Што се однесува до инженерските и менаџерските позиции платите се многу повисоки од истите позиции надвор од зоните.

Втората голема промена е селекцијата на компании кои се мотивираат и стимулираат да дојдат во зоните. Ако во минатото 99% од нив беа од автомобилската индустрија и тоа од трудоинтензивните сегменти- сега во зоните имаме многу поширок спектар на компании и тоа со многу поголема додадена вредност на нивните производи. Ова само по себе создава одлични предуслови за поголеми плати.

И најважно од се не само што не е заминатата ниту една странска компанија (како што се претпоставуваше и најавуваше) туку напротив интересот е зголемен за инвестирање и реинвестирање како меѓу странските така и помеѓу домашните компании.

ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНИТЕ ФАКТОРИ МОМЕНТАЛНО НИ ОДАТ ВО ПРИЛОГ

Без разлика што се наоѓаме среде најголемата светска (економско-политичка) криза во последните осум децении и што објективно ни се заканува привремено затварање на дел од производството поради реален недостаток на електрична енергија- можеме да издвоиме и неколку фактори кои ни одат во прилог како држава која сака да привлече нови инвестиции.

Прв ваков фактор секако е географската положба која од ден на ден станува се позначајна во време кога и физички се загрозени буквално сите линии на трговија со светот, а особено со Азија. За мултинационалните компании конечно стана јасно дека близината и безбедносната стабилност ќе се многу поважни во нареднава деценија од евтината работна сила. Така да ако се суди по оваа ставка реално е да очекуваме уште многу инвестиции по зоните- нормално ако се потрудиме да ги привлечеме соодветно.

Вториот фактор е мобилноста на работната сила која овозможува оние работници кои заминале од државава привремено, а не се снашле или не се најзадоволни во Западна Европа да можат лесно да се вратат и својата кариера да ја продолжат тука каде што имаат други предности, како обезбедено станбено прашање и потенцијални дополнителни приходи од неформална економија (особено по руралните средини).

Третиот фактор е членството во НАТО кое безбедносно ни дава подобра стартна позиција пред БиХ и Србија како најголеми конкурентни во регионот за привлекување големи странски компании. Ако анализираме подетално ќе видиме дека после првичните наши успеси со првите странски инвеститори (2008-2014), Србија се консолидира и ќе успее да ни земе голем дел од заинтересираните странски компании. Сега, конечно тој тренд повторно може да се менува во наша корист.

https://fokus.mk/tir-zonite-konechno-profunktsioniraa-trojno-se-vrakaat-vlozhenite-drzhavni-pari/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15132
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #686 Posted: 11-Jan-2023 at 12:16
Некоја нова винарија од Гевгелија – Gevgelian Distillery:











Ракијата што ја произведуваат:



https://www.facebook.com/gedistill
За сè има вторпат
Back to Top
UROS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 28-Mar-2023
Online Status: Offline
Posts: 122
  Quote UROS Quote  Post ReplyReply #687 Posted: 14-Apr-2023 at 20:31
Zosto mi ja trgnavte objavata za toa deka IGM KAVADARCI gradi industrijski park vo Negotino?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #688 Posted: 14-Apr-2023 at 21:09
Originally posted by UROS

Zosto mi ja trgnavte objavata za toa deka IGM KAVADARCI gradi industrijski park vo Negotino?


Не е тргната објавата само е префрлена во соодветна нишка која ја имав отворено од поодамна за Индустриски Парк Неготино но изгледа не си ја приметил.

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3779

Edited by stef4o - 14-Apr-2023 at 21:11
Carpe diem
Back to Top
UROS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 28-Mar-2023
Online Status: Offline
Posts: 122
  Quote UROS Quote  Post ReplyReply #689 Posted: 18-May-2023 at 16:36
Kade se proveruvaat ( znam deka vo centralen registar, ama neznam tocno kade da baram. treba li da bidam registriran? ) prihodite, profitite na Makedonskite kompanii?


Edited by UROS - 18-May-2023 at 16:37
Back to Top
UROS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 28-Mar-2023
Online Status: Offline
Posts: 122
  Quote UROS Quote  Post ReplyReply #690 Posted: 23-May-2023 at 12:13
Kavadarci grad so najsilno razviena industrija

Kavadarci = Makedonski Manchester

https://faktor.mk/koi-se-kavadarechkite-milioneri-uzivaat-vo-vino-i-serenadi-i-znaat-da-pravat-mnogu-pari
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #691 Posted: 06-Jun-2023 at 22:15
Originally posted by Џоле



ТИР зоните конечно профункционираа, тројно се враќаат вложените државни пари

Пишува: Дејан Азески

После цела една деценија шпекулации државниот Завод за ревизија конечно направи детална контрола и изготви ревизорски извештај за работата на Технолошко-индустриските развојни зони. Резултатите недвосмислено покажуваат дека околу сто милиони евра вложени во инфраструктурата на зоните досега и околу 75 милиони евра државни субвенции (за последните пет години) носат назад повеќе од 25 милиони евра годишно, што значи дека според некоја груба математика – тројно се враќаат средствата вложени на годишно ниво.

Кога зборуваме за поврат се мисли пред се на повратот кој го имаат вработените по основ на плати и придонеси но и државата во вид на даноци со што се руши стереотипот дека компаниите од зоните не плаќаат ништо во државната каса.

ПРОМЕНАТА НА ДРЖАВНАТА СТРАТЕГИЈА ЈА ПРАВИ ГОЛЕМАТА РАЗЛИКА

Кога ќе го споменеме поимот развојни зони- прва асоцијација на нашите читатели секако се ниските плати. И веројатно ова е точна асоцијација бидејќи почетната просечна плата пред само десетина години таму беше околу 12.000 денари или 200 евра што е навистина поразително.

Ваквата статистика одеше рамо до рамо со убедувањето дека нашата држава е само суровинска база на евтина работна сила или дека некој се обедува од Македонија да направи Бангладеш среде Европа. Но, да бидеме докрај реални зборуваме за време кога текстилниот, па и градежниот сектор исплаќаше плати кои беа помали и од 6.000 денари така да зоните и во такви услови беа подобро платена дестинација за ниско или средно квалификуваната работна сила.

Големата промена настанува после 2017, а особено 2019 година кога дирекцијта за ТИРЗ од пасивна презема активна улога во преговорите со новите, но и стари инвеститори. Па така и покрај скептицизмот во јавноста и политичките кругови се изнаоѓаат начини да се мотивираат компаниите да исплаќаат што поголеми плати.

Така да денес, статистички просечната плата внатре во ТИРЗ е сериозно повисока од просечната плата на ниво на целата држава. И тоа зборуваме во сегментот на ниско и средно кваликфикувана работна сила. Што се однесува до инженерските и менаџерските позиции платите се многу повисоки од истите позиции надвор од зоните.

Втората голема промена е селекцијата на компании кои се мотивираат и стимулираат да дојдат во зоните. Ако во минатото 99% од нив беа од автомобилската индустрија и тоа од трудоинтензивните сегменти- сега во зоните имаме многу поширок спектар на компании и тоа со многу поголема додадена вредност на нивните производи......

https://fokus.mk/tir-zonite-konechno-profunktsioniraa-trojno-se-vrakaat-vlozhenite-drzhavni-pari/


Интересно. Авторот (некокси Азески) можеби му е роднина на шефот на Стопанска комора. Од перспектива на газди не се сомневам дека истите се доста задоволни во зоните. Но, некој подолго вработен во зона да се произнесе ме интересира?

Edited by hcitrS - 06-Jun-2023 at 22:18
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15132
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #692 Posted: 12-Jun-2023 at 08:40

ПОЗИТИВНИ ДВИЖЕЊА ВО ТИРЗ: ЗА ПЕТ МЕСЕЦИ 700 ВРАБОТУВАЊА И ИЗВОЗ ОД 1,6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА


Во ТИРЗ засега опстојуваат 16.900 работни места, а бројката, како податок за мај, е дел од редовната месечна анализа што ја подготвува Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони. Споредбата со состојбата од ланскиот мај покажува зголемување за 15 насто. Додека, пак во однос на истиот месец од 2021 и 2020 година, се работи за раст од 21 и 25 проценти. Притоа, се посочува дека само од почетокот на годинава во ТИРЗ се реализирани речиси 700 вработувања.

Анализата упатува и на фактот дека кај извозот има раст од 13 насто во однос на истиот петмесечен период од 2022 година. Што значи дека во овој сегмент се нотира континуиран напредок, бидејќи споредбата со 2021 покажува натфрлање од 22 проценти. Оттука и достигнато ниво од 1,601 милијарда евра. Месечната статистика вели дека во мај компаниите кои работат во рамките на ТИРЗ оствариле извоз од 373 милиони евра. Во анализата се нагласува дека тоа не само што е највисока реализација од почетокот на годинава, туку и во од и највисоко ниво на нос на петтиот месец во изминатите четири години.

Увозот во петте месеци од годинава достигнал над 1,300 милијарди евра. Тоа е за два насто повеќе од истиот период лани, а како што е наведено во анализта, на исто рамниште со 2021 година. Инаку, во во мај е направен увоз од 285 милиони евра, што е речиси идентично со податокот од истиот месец лани. Сепак, за 14 проценти е повеќе споредено со мај 2021 година.

Поради ваквите економски движења продолжува и позитивниот тренд на раст кај нето-извозот, кој заклучно со мај е 31,5 проценти, наведено е во анализата.

Во тој контекст и очекувањата трендот на раст да продолжи и понатаму, бидејќи последниве две и пол години се постигнати договори во вкупен обем од над 850 милиони евра. Воедно, тие треба да креираат повеќе од осум илјади нови работни места.

Во технолошко-индустриските развојни зони дејствуваат повеќе од 30 компании. За привлекување на странските инвеститори Владата обезбедува сет од бенефиции, меѓу кои финансиска поддршка, ослободување од данок на добивка, стопроцентно намалување на данокот на личен доход во период од една деценија, долгорочен закуп на земјиште…

https://pari.com.mk/pozitivni-dvizenja-vo-tirz-za-pet-meseci-700-vrabotuvanana-i-izvoz-od-16-milijardi-evra/
За сè има вторпат
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #693 Posted: 29-Aug-2023 at 13:50
Originally posted by гитар


Многу ми е фасцинантно што пругата е буквално преку патот, а никогаш немало план за изградба на железнички транспортен терминал.


ова е навистина моуст фабулоус фејлур!, особено во однос волјата за ЛРТ т.е. сега БРТ Систем кој наместо да е пред се' фокусиран на ТИРЗот и како брзо да ги однесеш донесеш Скопјани до тамошните фабрики но и Аеродоромот [1] воа нашве урбанисти саде полтронски угодуваат на партиските хирои за димензионирање таков брз транспортен мод сред град по најзакрчениот коридор Сандански-Партизанска каде би поминале смут и со рфид Жолта Лента [1] но нали им се може!, бидејќи одговорност кај нас важи само за пред свои избирачи!, а неретко ни тогаш!

сигурно ќе се вадат абе Автобуси си се тамам, но до кога, плус со каква брзина врват, тамам малку ако пркне економија наместо да се мотивира Народ за фабрички бројлерлук в ТИРЗот просто да си брка работа в Градо или во недостаток понадвор!, логично тоа ќе бидне случај ко и сегде [2] иако кај нас фактор плус се намење алтернативни рути нели наместо мостои накај Маџари накај Злокуќани се приоритет, апансаз неретко асфалтот е гајрет кој заради редовно освежуење квалитет запушуе булеварски ленти, та и сега не е најсмут вожња до Скопскио ТИРЗ, а што потака кога обемот и на фабрики и на работници би се зголемил, нали ќе муја мислат тогаш по обичај со адхок решенија можеби аир'такси'дронои [3]

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #694 Posted: 29-Sep-2023 at 18:05
Даути-Комерц“ го постави камен-темелникот на Извозниот центар
Компанијата „Даути-Комерц“ го постави камен-темелникот на Извозниот Центар во Сарај, Скопје. Просторот на Извозниот Центар ќе биде со површина од 30 илади метри квадратни и ќе има капацитет од 50 илјади тони стока и ќе биде според современите трендови. Компанијата континуирано реализира капитални инвестиции во зголемување на логистичките капацитети.







https://www.facebook.com/dautikomerc1990
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15132
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #695 Posted: 11-Jan-2024 at 12:24
Пуштен во употреба нов инвестициски проект на „Алкалоид“ вреден 3,8 милиони евра



Следењето на светските трендови во фармацијата и во производството на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни лекови, кај кои заштитниот знак на „Алкалоид“ е синоним за квалитет и за сигурност, се принципите кои се цврсто втемелени во корпоративната политика на компанијата. Во согласност со тековниот план за капитални вложувања (CAPEX 2017-2037), „Алкалоид“ од 2017 година наваму има пуштено во употреба неколку нови фармацевтски капацитети, кои вклучуваат: погон за производство на полуцврсти фармацевтски форми (масти, кремови и гелови), погон за пакување лекови, вагална за мерење суровини и магацински простор за складирање суровини.

Во присуство на претставници на менаџментот на компанијата, предаден е во употреба уште еден успешно реализиран инвестициски потфат во рамките на профитниот центар Фармација. Станува збор за нов објект кој обезбедува централизирано решение за подготовка и за движење на вработените низ производствените погони во Производство –

Фармација, со повеќе од 900 гардеробни места наменети за вработените. Комплексноста на оваа инвестициска фаза произлегува од потребата за функционална поврзаност со сите производствени целини на локалитетот – производство и пакување цврсти, полуцврсти и течни фармацевтски форми – кај кои се практикува различен пристап во процесите, при што вработените добиваат уште подобри услови за безбедна работа. Вкупната површина на новиот објект изнесува 4.100 m2, за чија изградба и опремување се вложени 3,8 милиони евра. Покрај сервисните простории, овој нов објект ќе вклучува и изложбени поставки од 88-годишниот историјат на компанијата.

Со ова „Алкалоид“ ја заокружи првата четвртина од 20-годишниот инвестициски план, со предадени во употреба 10.720 m2 фармацевтски капацитети и со вложени 18,6 милиони евра.



Наскоро „Алкалоид“ планира заокружување на уште еден нов крупен инвестициски потфат – Таблетно одделение 2.0 – чија цел ќе биде диверзификација и значително зголемување на производствените волумени за цврсти фармацевтски форми.





https://alkaloid.com.mk/mk/pushten-vo-upotreba-nov-investicziski-proekt-na-alkaloid-vreden-3-8-milioni-evra

Edited by Џоле - 11-Jan-2024 at 12:42
За сè има вторпат
Back to Top
UROS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 28-Mar-2023
Online Status: Offline
Posts: 122
  Quote UROS Quote  Post ReplyReply #696 Posted: 29-Mar-2024 at 10:21
Моќната турска компанија, Јилдирим Груп го купи заспаниот кавадаречки гигант ФЕ-НИ.

https://www.faktor.mk/komercijalna-banka-go-prodade-imotot-na-feni-za-40-milioni-evra---mozniot-turski-jildirim-vleguiva-vo-kombinatot-preku-holandski-holding

https://www.youtube.com/watch?v=hO7rG2yTrGU&ab_channel=Y%C4%B1ld%C4%B1r%C4%B1mGroupOfCompanies
Back to Top
UROS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 28-Mar-2023
Online Status: Offline
Posts: 122
  Quote UROS Quote  Post ReplyReply #697 Posted: 29-Mar-2024 at 11:10
Нашиот Кавадарчанец Живко Мукаетов отвори нов погон во Алкалоид, таблетно одделение во кое инвестирал 19,4 милиони евра.

https://mkd.mk/nov-kapitalen-proekt-na-alkaloid-vreden-194-milioni-evra/
Back to Top
UROS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 28-Mar-2023
Online Status: Offline
Posts: 122
  Quote UROS Quote  Post ReplyReply #698 Posted: 09-Apr-2024 at 08:24
Kavadarecki FE-NI bese prodaden za 40 milioni evra od strana na Komercijalna banka na Turski Yildirim Group. Pa da ve prasam, dali nekoj znae kolku pari ( % ) sleduva za drzavata a kolku za Opstina Kavadarci od danok?


Edited by UROS - 09-Apr-2024 at 08:26
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 333435

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.221 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.