build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зоолошки градини во Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 26>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 30-Aug-2011 at 18:47
и од мене една серија слики од зоолошката во Скопје










Edited by gjoko - 05-Aug-2012 at 12:52
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 30-Aug-2011 at 21:46
Според мене Зоолошката е ОК. Единствена поголема забелешка е според мене недостатокот на вегетација особено дрва, потоа би било убаво да има повеќе езерца и секако „БЕКАТОНОТ„ неверојатно е како уште во Македонија не е измислена друга плоча, камен , гума, дрво , било што само ве молам не бекатон, алергичен сум веќе. Тоа е што се однесува до критиките но верувам дека се ќе се среди освен бекатонот, кој полека но сигурно станува дел од нас. За се останато голема подршка до золошката , навистина може да им бидат пример на многу други институции.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 05-Sep-2011 at 11:03

ЗООЛОШКА ГРАДИНА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВИ ЖИТЕЛИ

Фламинго во ЗОО

Со фламингото ќе пристигнат и морски лавови, а според првичните проценки на Зоолошка Ќе бидат во градината на почетокот на наредната година

Зоолошка градина ќе добие уште неколку нови жители. Плановите се да се донесат морски лавови и едно фламинго.
Ваква птица градината ќе добие за прв пат. Засега се подготвуваат само нивните живеалишта, кои наскоро ќе почнат да се градат во близина на живеалиштето на крокодилите. Кога точно ќе пристигнат новите жители во градината и од каде ќе бидат донесени, од Зоолошка сеуште не кажуваат. Според нивни првични проценки, тие ќе бидат донесени на почетокот на наредната година.
"Не можам да прецизирам ништо околу носењето на фалмингото и морските лавови.Работиме интензивно за да може да почне изградбата на живеалиштата, па се надеваме дека ќе ги имаме во нашата градина во брзо време. Тогаш ќе ги кажеме сите детали ", изјави Татјана Стаменов, директор на Зоолошка градина.
Во меѓувреме ЗОО се подготвува за промоција на уште неколку живеалиШта, чија изградба е при крај. Во таа насока терариумот треба да биде готов до крајот на месецот, а се довршуваат и живеалиштата на жирафата и слонот.
Тие се најавени од претгодно, па по изградба на нивните живеалишта во наредните месеци се очекува и тие да бидат во ЗоолоШка.
Во тек е и поставување на беактон плочки на патеките во градината, а за најмалите посетители ЗОО најавува интензивна едукација за животни и птици наесен.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=E8DC4D944D92694D94364BB0AF9492FE
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 692
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 07-Sep-2011 at 16:26

Утврден проект за реконструкција на зоолошката градина во Битола

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (ЦРППР) во наредните шесет месеци ќе биде имплементатор на проектот за целосна реконструкција на Зоолошката градина во Битола.

Во проектот е предвидена изработка на техничка документација за комплетна реконструкција и изработка на едукативна програма за битолската Зоолошката градина, но и да се исполнат критериумите од Европската директива за чување на животни во зоолошки градини и аквариуми, посочуваат од ЦРППР-Битола.

- За реализација на овој проект, формирана е работна група во која се експерти од Битола, од Зоолошката градина од Скопје и претставник делегиран од страна на Европската асоцијација ЕАЗА. Работната група оствари посета на Зоолошката градина во Љубљана каде со тамошното раководство беа разменети мислења, информации и предлози како да се подобри сосотојбата во битолската Зоолошката градина, истакна Рубин Николоски, претставник на ЦРППР-Битола.

Во рамки на проектот ќе се изработи едукативна програма за маркетинг и промоција на Зоолошката градина, брендирање, но и ќе се воспостават механизми за соработка и перманентна комуникација со релевантни институции, организации и Зоолошки градини во регионот, размена на релевантни информации и учество во заеднички проекти за што е потпишан и Меморандум за соработка со Зоолошката градина во Скопје, потврдуваат од ЦРППР-Битола.

извор: МТВ
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 09-Sep-2011 at 14:50
Зоолошката градина доби нов паркинг за 93 возила

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска официјално го пушти во употреба паркиралиштето за 93 возила, од десната страна на булеварот Илинден, пред објектот на Зоолошката градина. Новиот паркинг-простор е широк 18 метри, а долг 152 метри, а неговата изградба чини околу 10 милиони денари.

“Новото паркиралиште за 93 возила ќе го олесни паркирањето пред Зоолошката градина и се надеваме дека ќе привлече поголем број посетители. На неговата изградба работеа екипите на градежната компанија “Жикол“ од Скопје, а Градот Скопје за овој проект од Буџетот одвои околу 10 милиони денари. Меѓу тротоарот на булеварот Илинден и паркиралиштето е оформен зелен појас со ширина од 10 метри. Просторот околу паркингот ќе биде дополнително облагороден со два дрвореда од јапонски цреши коишто формираат крошни од 4 до 5 метри“, изјави Трајановски.

Во текот на градежните работи на новото паркиралиште на површина од 2.671 квадратен метар беше направен ископ, просторот беше тампониран и асфалтиран. На паркиралиштето беше поставена и атмосферска канализација долга 180 метри, којашто овозможува одведување на атмосферските води.

На паркингот се поставени седум двокраки конзоли за осветлување од страната на булеварот Илинден и четири нови еднокраки столба за осветлување од страната на објектот на Зоолошката градина.

Како дел од проектот за уредување на просторот околу проширениот булевар Илинден екипи на Градот Скопје урнаа два објекта за индивидуално домување по трасата на булеварот.

Објектите се наоѓаа меѓу зградата на Зоолошката градина и последната барака на Град Скопје.

Во согласност со спроведеното вештачење објектите беа експроприрани, а Градот Скопје за четирите семејства обезбеди станови.

Вредноста на обесштетувањето изнесува околу 100.000 евра
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=91563&kategorija=1
Back to Top
Superman View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote Superman Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 09-Sep-2011 at 16:53
Многу мал капацитет има паркингов. Можеле да го прошират кон улицата и тревата и да се добие уште простор или барем за 3 метри па во средина да има простор за паралелено паркирање.

Во секој случај браво, повеќе од потребно!
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 10-Sep-2011 at 14:55
Originally posted by Superman

Многу мал капацитет има паркингов. Можеле да го прошират кон улицата и тревата и да се добие уште простор или барем за 3 метри па во средина да има простор за паралелено паркирање.

Во секој случај браво, повеќе од потребно!


Не е мал воопшто. 93 возила не се случило да има никогаш пред зоолошка. Досегашниот паркинг со испод 50 во капацитет, па горе доле функционираше.
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 692
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 16-Sep-2011 at 09:00
Петок, 16 Септември 2011 09:12

zoo-skopje-240
Во Зоолошката градина во Скопје денеска ќе биде официјално пуштен во употреба новиот терариум за кој средства донираа општина Аеродром и јавното претпријатие „Македонски шуми“.

На свеченоста ќе присуствуваат градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски и директорката на Зоолошката градина Татјана Стаменов, а деца и ученици од градинките и основните училишта во општина Аеродром ќе цртаат животни, птици и инсекти од Зоолошката градина.

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 16-Sep-2011 at 14:01

Зоолошката градина во Скопје се збогати со ново живеалиште за влекачи.

zoo500

Долгонајавуваниот терариум кој денеска беше пуштен во употреба е изграден со помош на општина Аеродром и ЈП Македонски шуми.

Терариумот има капацитет за 15 видови на рептили. Засега има изложено одредени видови, но следната задача на Зоолошката ќе биде замена на овие со нови –поинтересни видови на влекачи.

Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски изрази задоволство што општината учествува во обновата на Зоолошката градина.

-Задоволство ни е што учествуваме во реновирањето, бидејќи Град Скопје има една зоолошка градина. Сите ние кои припаѓаме на градот Скопје треба да се вклучиме во нејзината обнова со цел нашите дечиња да можат да уживаат во нејзината убавина. Ние ќе продолжиме да помагаме во обновувањето и се надева дека во наредниот период ќе имаме најубава зоолошка на Балканот, рече Коневски.

-На овој начин ќе им се помогне на животните и ќе им се обезбедат нормални услови за опстанок, а кај најмладите ќе се поттикне љубов и свест за грижа на животните, додава градоначалникот.

Според директорката Татјана Стаменов, оваа е најинтересниот објект во Зоолошката градина.

- Во терариумот има мало царство на рептили и други видови животни. Тој е интересно внатрешно уреден и ги поканувам сите утре за „Белата ноќ“ кога влезот е бесплатен. Има 15 видови рептили, а се размислува подоцна и дел од нив да бидат заменети со поинтересни, рече директорката на Зоолошката градина Татјана Стаменов.

На свеченоста присуствуваа и деца и ученици од градинките и основните училишта во општина Аеродром, цртаа животни, птици и инсекти од Зоолошката градина.

Проектот за изградба траеше околу 6 месеци, а општина Аеродром донираше 1.200.000 денари.


http://www.kurir.mk/republika/skopje/42510-Video-Mini-tropska-kuka-za-vlekaci-vo-Zoo

Ima i video,nekako go zamisluvav pogolemo.


Edited by mitatos - 16-Sep-2011 at 14:02
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 16-Nov-2011 at 13:40

Ботаничка градина од 230.000 евра ќе се гради во Зоолошка


http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/11/16/Botanical_Garden_Berlin_-_Cacti_House.jpg

Скопската Зоолошка градина, следната година ќе добие ботаничка градина, каде што ќе се изложуваат домашни ендемични растенија, но и растенија од други краишта кои што ќе можат да се адаптираат на живот во стакленици.
Целта на проектот е да се подигне свеста за ботаничкиот свет кај најмладите, да се докомплетираат содржините на Зоолошката и да се унапреди еколошката свест кај граѓаните.
- Ботаничаката градина е проект предвиден во изборната програма на градоначалникот Коце Трајановски. Се планира да се изгради во рамките на Зоолошката градина, а ќе отвори можност и за едукација на ученици и студенти. Деталите поврзани со реализацијата ќе бидат познати по усвојувањето на буџетот и изработката на изведбените проекти - велат од градската власт.
Изградбата на ботаничката градина ќе се реализира фазно. Од градскиот буџет за оваа намена следната година ќе се одвојат 10 милиони денари, а во 2013 и 2014 година по 2 милиони денари.

http://www.plusinfo.mk/vest/22908/-Botanichka-gradina-od-230000-evra-kje-se-gradi-vo-Zooloshka
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 05-Dec-2011 at 12:07

Доаѓаат морските лавови од Нирнберг

Од Зоолошката градина планираат наскоро да воведат и едукативна програма за посетителите

 

 
%20  
За две-три недели ќе почне реконструкцијата на живеалиштето на морските лавови, како и изградбата на новото живеалиште на розовите фламинга. Преговорите за морските лавови течат и најверојатно тоа ќе дојде како донација од Нирнберг, соопштија од Зоолошката градина.

- Во Зоолошката во Нирнберг, која е голема и успешно работи веќе педесетина години, двапати неделно се организираат претстави со морски лавови. Тие се издресирани и привлекуваат многу публика. Ние соработуваме со нив и ги следиме нивните трендови. Најверојатно тие ќе ни донираат морски лавови откако ќе биде готово живеалиштето. Но ќе ни треба многу време за да ги издресираме, бидејќи ние немаме искуство во тоа. Во иднина со нив ќе имаме и размена на влечуги – изјави биологот Јордан Милошевски.

Во меѓувреме се привршува живеалиштето на слонот и на жирафата. Иако беше најавено дека ќе биде готово до септември, надлежните не брзаат, бидејки животните треба да стигнат дури напролет.

- Не е безбедно слонот и жирафата да се транспортираат во зимски услови, па затоа одложивме напролет да ги донесеме. За жирафата веќе правиме преговори и кон крајот на март треба да стигне, додека за слонот сé уште не сме одлучиле од каде ќе го земеме - објаснуваат нашите соговорници.

Зоолошката градина сé уште нема распоред за неделни случувања. Сепак вработените велат дека со текот на времето и тие ќе имаат едукативна програма за посетителите, како и подобар менаџмент. Најавија дека се во план да организираат двапати во неделата јавно хранење на белоглавите орли. Зимските температури, како што велат, го намалиле бројот на посетители, но кога има сонце, за време на викендите, се јавува заинтересираност да се видат животните.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=125111020204&id=14&prilog=0&setIzdanie=22448
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 05-Dec-2011 at 19:21
uste nekoja slika od mene od posetata na zooloskata vo maj2011









Edited by gjoko - 05-Aug-2012 at 12:54
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 692
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 01-Jan-2012 at 15:16
Конечно нешто добро и сериозно за Зоолошката Градина во Битола


Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 05-Jan-2012 at 19:54
Се роди лама во Зоолошката градина во Скопје

5.01.12 / 16:54
Скопската Зоолошка градина соопшти дека првороденото животно во оваа година е лама.

Животно чие природно живеалиште се Андите е родено вчера.
http://www.ereporter.com.mk/mk-mk/Details.aspx?Title=18939
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 29-Feb-2012 at 22:11
Ќе се гради втор влез за Зоолошката градина

За да се избегне метежот од с` поголемиот број посетители, раководството на Зоолошката градина напролет ќе почне со градежни активности за отворање на уште една влезна партија. Постојната и единствена е на улицата Илинденска. Паралелно со изградбата на нов влез, надлежните ќе вложат средства и во автоматизирање на постојната капија - наместо сегашните железни врати ќе се постават автоматски.

Портпаролот на оваа институција, Дане Kузмановски, објасни дека размислуваат втората партија да биде отворена од страната на Градското собрание, имајќи предвид дека таму веќе има инфраструктура за такво нешто. Втората опција им е таа да биде од страната на старото ракометно игралиште кое гледа кон влезот на „Луна-парк“. Надлежните биле поттикнати од бројката од 3.000 посетители, регистрирани во минатата сабота, кога беше прв потопол ден по долгата зима. 

- Реално би било инвеститор за новата влезна партија да бараме во мај. Ќе настојуваме вториот влез да биде дури пофункционален и поубав од постојниот, кој е обновувен лани со донација во износ од 70.000 евра - изјави тој, потенцирајќи дека напролет и в лето очекуваат значително поголем број посетители. 

Со ланската реконструкција постојниот влез беше поплочен, натписот сменет, а беа обновени и чуварницата и билетарницата.

Напролет ново вовче, старото ќе се паркира како експонат

Сегашното вовче во рамките на Зоолошката градина, кое служи за забава на најмладите, е амортизирано и расипано, па набрзо ќе биде набавена нова шинска композиција, најавија надлежните од оваа јавна градска установа. Нема да се набави ново вовче, туку половно, односно локомотива и два вагона, како поевтина варијанта. 

- Доколку с` биде во ред со потпишувањето на договорот, наскоро тоа ќе пристигне од Умаг, Хрватска - информира Дане Kузмановски, портпарол на Зоолошката градина.

Старото ќе остане како експонат. Досега, рече тој, неколкупати било поправано, но неуспешно, па не може да продолжи да ја извршува својата досегашна функција. 

Вовчето ќе се купи со донација во висина од 70.00 евра, од еден мобилен оператор. 

Раководството на Зоолошката градина допрва ќе одлучи дали користењето на овој реквизит ќе се наплаќа во рамките на влезницата или, пак, за него ќе се одреди единечна симболична цена.

Анела Петрова

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F0A78EA79D15324FB85A529BAD26B191
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 02-Apr-2012 at 01:21
Што направија со слонот и жирафата? Ај за слонот не кажаа многу информации ама нели жирафата требаше да стигне до крајот на март или мислеле на месецот март ама која година не се знае...Ohno
Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 177
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 03-Apr-2012 at 20:51
Живеалиштето за жирафата како што видов е скоро готово.

Исто така имаше многу нови живеалишта за мајмуни, ама изгледа сеуште не беа пуштени во употреба.


Еве мала репортажа од зоолошката градина во Скопје направена на 31.03.2012. Прекрасно е!

1.


2.


3.


4.


5.


6.


7.


8.


9.


10.


11.


12.


13.


14.


15.


16.


17.


18.


19.


20.


21.


22.


23.


24.


25.


26.


27.


28.



Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 03-Apr-2012 at 21:19
Прекрасни фотографии, си ги фатил во интересни пози животните...
Како што гледам станува се поубаво, јас не сум бил од крајот на мај 2011г.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2451
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 04-Apr-2012 at 00:07
In-motion, браво за фоткиве, супер се.
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 04-Apr-2012 at 01:53
super fotki .. neam odeno do zooloskata a pred porti mi e so se veli ...slikite me primamija da odam da posetam denovive
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 26>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.215 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.