build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зоолошки градини во Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 22232425>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11317
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 27-Nov-2014 at 09:06
Originally posted by Filipche

СО ГОЛЕМА ГОРДОСТ
МАЈМУНАРА

РИС

МЕЧКА


Одлични фотки! Фала за сликите, Филипче.

Edited by Џоле - 27-Nov-2014 at 09:07
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 01-Dec-2014 at 23:10
Не е во Македонија,но заслужува да се види

НЕВЕРОЈАТНО
Пријде до кафезот на лавот и се случи нешто неочекувано!

1 декември 2014 - 12:38
Една жена од Колумбија, која можете да ја видите во видеото, овој лав го нашла во шумата кога бил бебе, и тоа повреден и на границата меѓу животот и смртта. Одлучила да го поведе со себе и да се грижи за него додека не се оправи. Кога комплетно се опоравил го дала во Зоолошката градина каде ќе има соодветна нега и ќе биде среќен со останатите животни. Видеото кое ќе го видите е нивната прва средба во ЗОО градината. Реакцијата на лавот кога ќе ја види жената е нешто што никој не го очекувал. Едноставно неверојатно!




вечер

Edited by gjoko - 01-Dec-2014 at 23:11
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 02-Dec-2014 at 13:59
Нов лик на Зоолошката градина во Битола

По неколкумесечната обнова на битолската Зоолошка градина, оваа сабота, 6 декември, со почеток во 11.00 часот, ќе бидат промовирани реконструираните живеалишта за животните: мечка, рис, лав, тигар, лисица, ракун, мајмуни, фарма за домашни животни, како и двата комплементарни објекта – влезот и билетарницата во Зоолошката градина Битола.

Реконструкцијата на живеалиштата во Зоолошката градина во Битола се одвиваше во рамките на проектот „Иновативни едукативни програми за засилување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин – ЗОО иноватива“, финансиски поддржан од страна на делегацијата на Европска унија и Министерството за локална самоуправа, во рамките на Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција.

Во официјалниот дел на Промотивниот настан поздравни обраќања ќе имаат: д-р Ѓорге Иванов (претседател на Р. Македонија), Робин Лидл (министер советник – делегација на Европската унија), заменикот на министерот за локална самоуправа , Љупчо Пренџов, д-р Владимир Талески, градоначалникот на општина Битола, и директорката на Центарот за развој на пелагонискиот регион, Емилиа Ѓероска.

Во музичкиот дел од промотивниот наста ќе учествуваат музичките ѕвезди Ламбе Алабаковски со детскиот хор Ѕвончиња, „Паркети“, Бојан Стојоков, детските ѕвезди од музичкиот фестивал „Тра- ла- ла“ , детската транцова група „Степ ап“. Промотивниот настан ќе биде збогатен со анимациски содржини наменети за најмладата попоулација, а ќе бидат доделени и голем број промотивни материјали за сите посетители на настанот.

Центарот за развој на пелагонискиот регион го реализира овој проект во партнерство со Општина Битола и Зоолошката градина во Битола, како и со Општината Лерин и Регионалната развојна агенција од Лерин, Република Грција.

http://republika.mk/?p=353325
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 04-Dec-2014 at 13:59
Отворен ЗОО парк во Штип
Македонија | четврток, 4 декември 2014, 13:16 Исклучени коментари
zoo
Последни вести
zooОтворен ЗОО парк во Штип
Adolf-Hitler-hotelТајкуните на Хитлер: Нацистички брендови кои преживеале до денес!
hovitt_sechenaХовит: Бојкотот во Собранието е погрешен чекор
Голем број на граѓани, вклучително и деца, денеска присуствуваа на отворањето на ЗОО паркот „Бриони“ во Општина Штип.

Станува збор за проект на ЈП „Исар“ и локалната самоуправа, со што се отвори можност Штип да добие зоолошка градина, а запустениот дел од месноста Суитлак да биде урбанизиран и претворен во корисна површина.Изминатите месеци, вработените во ЈП „Исар“ упорно работеа за да ја трансформираат локацијата во убав ЗОО парк согласно сите стандарди.

- Паркот има површина од 5.000 м/2 и морам да им честитам прво на врбаотнеите што за кратко време успеаја да го направат ова. Не беше лесно, но од друга страна сосема сум сигурен дека ова место и сега, а посебно на пролет и лето ќе биде едно од најпосетуваните. Засега имаме диви кози, пони, дива свиња, срна, пауни, гуски, и други птици, но полека ќе се збогатува ЗОО паркот. Нема да форсираме, и ќе одиме постепено, полека за да ја заокружиме целината со нови животни. Голема благодарност до штипските бизнисмени кои го поддржаа формирањето на ЗОО паркот и овозможија да се донесат животни - изјави Ангел Бојаџиев, в.д. директот на ЈП „Исар“.

zoo1

Според Бојаџиев, паркот до нова година ќе работи без наплата на влезници, а по нова година ќе се одлучи дали ќе се продолжи така или не.

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев е задоволен од она што го виде. Според него, Штип со своето знаење и големина заслужува да има ЗОО парк:

zoo2

- Ако поголемите градови се гордеат со тоа што имаат зоолошки градини, не гледам причина зошто меѓу нив да не биде и Штип. Овој проект е одличен и ги охрабрувам вработените во ЈП „Исар“ да продолжат и понатаму да го средуваат паркот, да има нови животни. Гледам дека децата денес беа пресреќни. Заедно со нивните родители, со бабите и дедовците добија одлично можност каде можат да се прошетат но и да уживаат, бидејќи тие тоа го заслужуваат. Ова е само еден сегмент од сето она што го правиме во штип, со цел тој да си го добие вистинското значење и место во Македонија.

zoo3

На отворањето на ЗОО паркот најсреќни беа најмалите. Некои од нив не виделе дури и кокошка и петел, а најпосетувана беше малата срна и малото пони. Местото е отворено а временските прилики се одлични за прошетка и за посета на новиот ЗОО парк „Бриони“ во Штип.

http://netpress.com.mk/otvoren-zoo-park-vo-shtip/

Има и слики на линкот ако некој сака нека ги стави.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11317
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 04-Dec-2014 at 14:43










netpress.com.mk
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 05-Dec-2014 at 00:23
Отворена зоолошката градина во Штип

По Скопје и Битола, Штип е првата општина од источниот дел на Македонија што доби зоолошка градинка. Општина Штип, во соработка со јавното претпријатие „Исар“, денеска го отворија ЗОО паркот „Бриони“ во рамките на постоечкиот парк во градот. На површина од 5.000 метри квадратни, поставени се десетици боксови, во кои се сместени диви кози, пони коњчиња, дива свиња, срна, пауни, гуски и неколку други видови на птици. Во натамошниот период е предвидено да се реализира втората фаза од овој проект, со која зоолошката градина ќе добие нови животни, меѓу кои и мајмуни. Поставувањето на боксовите за животни и изведувањето на градежните работи се одвиваа во изминативе три месеци.













http://www.build.mk/?p=41412
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 05-Dec-2014 at 13:58
Нови живеалишта за животните од битолската Зоолошка градина



Утре во битолската Зоолошка градина ќе бидат промовирани реконструираните живеалишта на мечката, рисот, лавот, тигарот, лисицата, ракунот, мајмуните, фармата за домашни животни, како и двата комплементари објекта, влезот и билетарницата.



Реконструкцијата на живеалиштата се одвиваше во рамките на проектот „Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин – ЗОО-иноватива“, финансиски поддржан од делегацијата на Европска Унија и Министерството за локална самоуправа во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Центарот за развој на пелагонискиот регион го реализира овој проект во партнерство со општина Битола и Зоолошката градина, како и со општината Лерин и Регионалната развојна агенција од Лерин, Република Грција.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=4F7391E9FE719147A803C81E99532BD0
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 05-Dec-2014 at 16:40
Applauseза Штип! Не верувам дека локалната администрација е идеална, сигурен сум дека има притисоци врз неистомислениците, дека има сиромаштија и сл, али дефинитивно Захариев си го сака градот, или ако ништо друго сака по добро да го памтат за неговиот мандат. Едини двајца градоначалници заедно со прилепскиот кои се трудат во градовите да реализираат неопходни проекти кои се должност на секоја локална самоуправа. Наместо Струмица да ја имаше првата зоолошка на истокот, или Охрид да ја имаше најголемата у Македонија (рално у Охрид активно 6 месеци има туристи), Велес да направеше најголемата за централна, тамошните градоначалници ипак се решија да кркаат од медот, а за жителите да нема ни трошки. Типувам дека еден од малкуте градови кои ќе имаат позитивен тренд на зголемен број жители, ако некад има попис, ќе биде токму Штип. Форсиран од власта, ама има и локални проекти кои се вредни за пофалба.
23ka.wordpress.com
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 05-Dec-2014 at 16:51
Мене најмногу ми се допаѓа кај Захариев што повеќето проекти ги реализира со многу мали трошоци со тоа што повеќето проекти му ги реализират јавните претпријатија. Отиња ја среди за ај да речеме 500 илјади евра а претходните договори што ги раскина беа милионски суми. За Струмица сум кажувал. На местото каде што беше золошката сега место животински имаме живеалишта за хомосапиенси.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11317
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 06-Dec-2014 at 16:17
Битола

живеалиште за лав и за тигар



фарма за домашни животни



фото: motika.com.mk
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 07-Dec-2014 at 11:39
Заврши реконструкцијата на битолската Зоолошка градина

Двегодишната реконструкција заврши, зоолошката градина во Битола денеска беше свечено отворена за посетителите, со нови живеалишта за нилски коњ, лавови, леопарди, мајмуни, мечки и на други диви животни. Во рамките на реконструкцијата на зоолошка градина, завршени се вкупно 26 живеалишта за животните, а Општина Битола во претстојниот период хортикултурно ќе го уреди целиот простор, ќе изведе нови пешачки патеки и друга инфраструктура. За остварување на овој проект беа вложени 1,2 милиони евра, обезбедени од финансиските фондови на ЕУ, и тоа со прекуграничниот проект на Битола со грчката општина Лерин.

На денешната свеченост присуствуваа претседателот Ѓорѓе Иванов, претставник на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија Робин Лидл, заменик – министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов и битолскиот градоначалник Владимир Талески. „Владата на Република Македонија преку Министерството за локална самоуправа како имплементатор за ИПА програмата за прекугранична соработка за овој проект обезбеди 650 илјади евра“ изјави заменик – министерот Љупчо Пренџов. Изградбата на домовите за животни во зоолошката градина во Битола е во согласност со стандардите на Европската асоцијација на зоолошките градини.

Градежните работи на живеалиштата започнаа пред околу две години, а ги реализираше компанијата „Стентон градба“ од Битола. Претходно, во текот на пролетта 2012 година беше претставен идејниот проект за просторот со површина од два хектари, изработен од „Есперанца дизајн“.













http://www.build.mk/?p=41512
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7055
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 07-Dec-2014 at 23:24
можеби е помала од Скопската, ама барем има многу пријатен рурален амбиент од кој може многу да извади

Edited by zabegan - 08-Dec-2014 at 00:26
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 08-Dec-2014 at 00:01
Originally posted by zabegan

можеби е помала од Скопската, ама барем има многу пријатен урален амбиент од кој може многу да извади


урален амбиент Превод ако може.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7055
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 08-Dec-2014 at 00:27
Originally posted by kultuzin

Originally posted by zabegan

можеби е помала од Скопската, ама барем има многу пријатен урален амбиент од кој може многу да извади


урален амбиент Превод ако може.
сум лапнал буква, стандард во моиве постови   
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 04-Jan-2015 at 15:21
Скопската зоолошка градина.













skopjeinfo.mk
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 19-Feb-2015 at 19:46
Back to Top
Filipche View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Jun-2014
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote Filipche Quote  Post ReplyReply #477 Posted: 22-Feb-2015 at 18:16
http://zoobitola.mk/Pano_zoo_tour/Pano_zoo_tour_final.html
Еве сите можите виртуелно да ја погледните зоолошката во битола и моменталната состојба
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #478 Posted: 04-Mar-2015 at 21:52
Не е во Македонија,ама е јако


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11317
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #479 Posted: 05-Mar-2015 at 09:24
ВО ЗОО ЌЕ ДОЈДАТ МОРСКИ ЛАВОВИ, ФЛАМИНГА И ПИНГВИНИ



Лавови, мечки, рисови, волци, птици, мајмуни, камила, жирафи и лами, речиси сите жители на скопската Зоолошка градина деновиве се излезени од живеалиштата и уживаат на првото сонце. Градината изминатиот викенд беше претесна да ги прими сите посетители. Шетање покрај кафезите, кафе и сладолед во рестораните, пикник во летниковците, роденден или посета на едукативниот центар, во ЗОО има забава и за децата и за родителите.

Градината има 12 хектари на кои живеат речиси 500 животни од 96 видови. Наскоро на тигрите, нилските коњи, деветте вида мајмуни, рисовите и другите жители на ЗОО, ќе им се придружат и морски лавови и фламинга, а во иднина и пингвини. Се гради и нов, поголем едукативен центар, на три нивоа, каде што ќе можат да се организираат работилници и родендени.



Во план е и приспособување на неколку нови живеалишта за мајмуни, каде што ќе можат да уживаат во природа, а не во кафези. По лемурите и патасите, како и гибоните кои живеат во средината на првото езерце, секој вид мајмуни ќе си добијат своја животна околина, а во сегашните живеалишта ќе останат само два вида, кои ќе имаат поголем простор.



„Во моментов во тек се градежни работи на живеалиштето за морските лавови, кое го финансира Државна лотарија. Посетителите ќе можат да ги гледаат од повеќе страни и нивоа, а најинтересно е што еден дел од живеалиштето е застаклен и од тука ќе може да се набљудуваат како пливаат. Живеалиштето треба да се заврши и да се тестира пречистителната станица, па ќе дојдат морските лавови. За нив преговараме со зоолошката од Загреб“, вели Дане Кузмановски.



Живеалиштето на пингвините ќе биде на местото каде што сега се дивокозите. На површина од околу 900 квадратни метри, ќе има мало езерце и платформа, за да можат посетителите од горе да ги гледаат животните. Кузмановски вели дека за два месеца ќе биде готов проектот, а се бара и финансиер. Пингвините веројатно ќе дојдат од зоолошката во Виена.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=9F8B9A61365BAD49A16BC472F3A39385
За сè има вторпат
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 687
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #480 Posted: 03-Apr-2015 at 18:02

Битолската зоолошка градина доби нови животни


Лами, пони и срни се новите жители на битолската зоолошка градина во кои ќе можат да уживаат сите посетители, а кои се донација од скопската зоолошка градина. За наредниот месец планирано е зоолошката да се збогати со уште два нови видови на животни.

„Битолската зоолошка е збогатено со нови животни благодарение на скопската зоолошка. Тие ни донираа две лами, две пони коњчиња и срни. Мислам дека се движиме во правичен правец. Вчера бев информиран дека во скопската ЗОО има принова на лемурчиња при што ни ветија дека за месец или два кога ќе закрепнат ќе ги префрлат во нашата зоолошка, а се планира да дадат и волчица. Исто така сме во план заедно со претставници од скопската ЗОО да ја посетиме Белградската зоолошка со цел соработката да ја подигнеме на повисоко ниво“ – изјави Ѓоко Дамевски, директор на ЗОО – Битола

Освен новите животни, во моментов во зоолошката се изведуваат повеќе активности кои ќе допринесат и нашата зоолошка да биде во тренд со европските зоолошки.

„Во фаза сме на комплетно осветлување на ЗОО, видео надзорот е во тендерска постапка, а сите овие обврски се задолжителни кои ни се зададени од Агенцијата за храна и ветернарство со цел и битолската ЗОО да биде во тренд со европските зоолошки. Исто така имаме и бесплатен интернет, а и тоалетите се подигнати на повисоко ниво“ – пренесе Ѓоко Дамевски, директор на ЗОО – Битола

Со реконструкцијата на повеќе живеалишта на животните кои пред неколку месеци беа пуштени во употреба, како и со новите животни од битолската зоолошка градина очекуваат наредниот период посетеноста значително да се зголеми, а директорот Дамевски планира со приходите добиени од картите за влез зоолошката да ја подигне на уште повисоко ниво.


http://tvorbis.com.mk/?p=2999


Edited by Danielbtmk - 03-Apr-2015 at 18:04
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 22232425>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.140 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.