build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зоолошки градини во Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 07-Mar-2009 at 03:23

прилично оскудни адреси! најверојатно инспирацијата за покретивен пристап останала во некој од кафезите Smile

www.zooskopje.com.mk/en/karta.html

zoo.com.mk/rabotnovreme.htm

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 16-Mar-2009 at 13:03
Вчера ја посетив зоолошката во Скопје и работите стојат многу полошо отколку што мислев.

Не знам зошто во последниве години постојано се вртат муабети дека се работи, се донира, се посветува внимание. За толку години реално зоолошкава можеше да блеска... Но да го оставиме тоа, јас мислам дека дури и најскромните очекувања се изневерени. Интервенциите што ги видов се тотално занемарливи, а повеќето и оставени недовршени. Можам да заклучам дека убедливо и неспоредливо најголема инвестиција и трансформација за последниве години е оградата што се направи веќе прилично одамна.

Исто така со животни се стои крајно оскудно, а и тие што ги има повеќето изгледаат како да се во длабока депресија Unhappy

Жално


Патем, да спомнам дека имаше навистина многу посетители. Не знам дали е некаков бран поради разубавување на времево, ама тоа би го оквалификувал буквално како ГУЖВА.
Па штета е на таков интерес и на таков потенцијален профит, толку неодговорно да се стопанисува со зоолошката.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 05-Apr-2009 at 18:29

...

Деца каменуваа лавови

Неколку младинци на возраст од 15 до 18 години вчера се забавуваа каменувајќи ги лавовите во градината. Не се плашат од никого, иако на неколку метри од нив имаше и посетители и работници со багер. Агресивните тинејџери на оградата имаа наредено дваесетина камења. Во тој дел немаше чувари, па со нив се расправаа посетителите. Откога беа опоменати, се разбегаа.

Директорот на Зоолошката, Анастас Петров, вели дека вистински проблем им се несовесните посетители што ги мачат животните, но дека немаат решение за нив, бидејќи чуварите физички не можат да постигнат да бидат на секоја педа од градината. Тој најави дека по обновата на градината ќе постават видеонадзор и верува дека камерите ќе ги одвраќаат агресивните посетители од насилство врз недолжните животни.

Дневник - Јорданка Ивановска - 28.02.2008

знае некој до каде се работите околу видео надзорот? не само што треба видео надзор туку треба и казни, но ова треба да биде истакнато и на самиот влез и во самата програма или флаер што претпоставувам ги делат на посетителите!?

туку кога го испраќаа Коко деновиве на ресоцијализација во Амстердам, директорот најави дека е во фаза на реализација ново живејалиште по сите европски стандарди на ЕАZА за примати со површина од 5000 м2 и тропска куќа, каде со коко ќе бидат донесени назад уште неколку шимпанза од центарот Алмера...

„На сите во градината ни е жал што заминува, но знаеме дека таму ќе му биде подобро. Инаку, на големо се подготвуваме за правење на живеалиште за мајмуни по светски стандарди и се надеваме дека во скоро време ќе донесеме цело семејство на шимпанза“, додаде Петров. [1]

- ЕАЗА, ААП и скопската Зоолошка градина се договорија да работат на создавање услови за вдомување на големи примати во скопската ЗОО градина. Идното живеалиште на шимпанзата треба да биде изградено така да ги задоволува постоечките стандарди за одговорно зоо чување на овој вид животни. За овие шимпанза ќе биде поставен протокол за животинска грижа. Во зависност од тоа колку ќе биде успешна ресоцијализацијата на Коко, постои можност тој да се врати и да се вклопи во новиот проект на скопската зоолошка градина задно со група шимпанза – истакна Баарс.  

...

Тој додаде дека идните планови на скопската Зоолошка градина се изградба на карантин и тропска куќа во која ќе има посебен дел за шимпанза, внатрешен и надворешен. Баарс нагласи дека скопската ЗОО градина има три цели: подобрување на Зоолошката, подобрување на услугите за посетителите и подобрување на квалитетот на вработените. Во моментов се врши обука на кадарот за новите стандардизирани начини на исхрана, вакцинирање, безбедност, прочистување на животните од паразити итн. Главната цел е скопската Зоолошка градина да се направи финансиски независна и преку целосната реконструкција на живеалиштата, збогатувањето на содржините и на животинските видови да се зголеми и бројот на посетители од 100.000 оваа година, на 150.000 идната година.

[1] - 28.11.2007

     

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 26-May-2009 at 15:51
Зоолошката се обновува, треба да се обнови и свеста на посетителите
Скопје
Валкањето на кафезите и тортурите што животните секојдневно ги доживуваат од посетителите на Зоолошката градина ќе завршат со нејзиното реновирање, најавуваат од управата. Во сегашните стари живеалишта жителите на градината постојано се гаѓани со пластични шишиња или со капачиња, со ќесиња од грицки и со друг отпад. Со реновирањето на градината, односно со изградбата на новите кафези и живеалишта, посетителите ќе немаат никаков пристап до животните.

Планирано е градината да биде направена како и зоолошките во големите европски градови, но за да опстои на тој начин, ќе треба и посетителите да се научат да живеат и да се однесуваат според европските правила. Тие нема да смеат да им се доближуваат на животните, да им тропаат во кафезите, а уште помалку да влегуваат во нивните живеалишта.

СЕ ПРЕКРШУВААТ СИТЕ ПРАВИЛА

Во изминатиов месец градината има сè повеќе посетители. Всушност, овој период од годината таа е најатрактивна за скопјани и за гостите од други градови. Поради тоа чести беа сликите кога деца, но и возрасни, влегуваат во езерцата за да ги бркаат патките и гуските, се протнуваат низ оградата кај срните и кај коњите, тропаат на стаклата кај мајмуните, ја прескокнуваат оградата каде што стои знак дека е забрането да се премине и фрлаат грицки во кафезите и покрај предупредувањата дека животните не смее да се хранат. Од градината велат дека нивното обезбедување не може да направи ништо во овие случаи, бидејќи има многу посетители, а премалку чувари за да може да внимаваат на секој кафез или на секој човек.

- За да се заштитат сите животни, потребна е цела армија. Негувателите на животните не можат да постигнат да бидат секаде присутни. Свесни сме за ситуацијата, но засега немаме начин да ја подобриме. Сето тоа ќе се смени со новите живеалишта. Тогаш сè ќе биде поинаку, бидејќи кафезите ќе бидат непристапни за луѓето и нема да се повторуваат овие случувања. Работиме најбрзо што можеме за да ги подобриме условите за живот на животните. Фрлањето отпад во кафезите навистина би можело да биде опасно - вели Анастас Петров, директорот на градината.

ДАЛИ СКОПЈЕ ЈА ЗАСЛУЖУВА ГРАДИНАТА?

Однесувањето на дел посетители предизвикува реакции кај другите, што дошле само да ги гледаат животните и да поминат еден убав ден подобро запознавајќи го живиот свет. Некои велат дека Скопје не треба да има зоолошка градина, барем додека скопјани не научат како да се однесуваат во неа.

- Градот не заслужува да има ваква градина. Не поради условите за живот на животните, кои сепак не се најдобри, туку поради несовесните посетители, кои им го прават престојот уште понеподнослив. Не е страшно кога ќе видите како мали деца се прекачуваат зад заштитната ограда од кафезите на лавовите и тигрите за да ги видат одблизу. Не е лошо ниту тоа што на мали деца прво нешто што им доаѓа на памет кога ќе дојдат до кафезите на мајмуните е да почнат да им тропаат по стаклата или пак да фрлаат смоки кон нив. Најлошо во целата таа ситуација е тоа што родителите наместо да ги искараат и да им кажат дека така не треба да се прави, тие од зад нив аплаудираат на таквото однесување - кажа Драган Гоцевски, посетител на Зоолошката градина.

Некои од луѓето во градот, пак, велат дека се откажале од одењето во Зоолошката градина затоа што не можеле да ги поднесуваат лошите услови за живот на животните и однесувањето на некои посетители.

- Зоолошката градина личи на губилиште. Посетителите јадат, пијат, вршат нужда каде ќе стигнат, како тие да се од планина симнати, а не животните. Јас последен пат бев пред три години кога бев сведок како родител со дете во рацете ги мава волците со камења чисто заради забава, луѓе како пикникуваат на трева со јадење и пиење, сите да може да ги видат, и дечишта што буквално ја полеваа мечката со сок и се кикотеа, а таа, пак, како прегладнета скокаше по секоја грицка што ќе и ја фрлеа. Едноставно некои од посетителите немаат никаква култура и не заслужуваат да влезат во градината. Решение е само редарска служба и огромни парични казни за несовесните луѓе - истакна скопјанецот Петар Стојановски.

Така размислуваат некои посовесни граѓани. Но тие чии деца ги прекршуваа сите правила во градината не се согласуваат со овие ставови. Нивното најчесто објаснување е дека животните биле донесени во Зоолошката градина за да ги забавуваат луѓето, па затоа немало ништо лошо во тоа што децата си играле со нив или тропале по нивните кафези.




Се подготвува проектот за кафезот на Коко

Директорот на Зоолошката градина, Анастас Петров, вели дека Коко е моментално во карантин во резерватот во Холандија, но дека наскоро треба да почне неговата ресоцијализација.

- Често се слушаме со луѓето што внимаваат на Коко. Тие велат дека тој добро се аклиматизирал. Ние сега треба да го исполниме нашиот дел од договорот, односно да почнеме со изградба на живеалиште за шимпанза, каде што би живееле некои од шимпанзата што ќе бидат испратени од центарот за рехабилитација. Проектот се подготвува и наскоро би требало да почне изградбата - најавува Петров.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=402&ArticleID=25360
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 26-May-2009 at 15:57
Од каде тој фашистичко-дилетантско-варварски порив да се изживљава "човек" врз животни кои се затворени во кафез. Затнување на пукнатините од минатото исплонети со искомплексираност не се право во зоолошка врз животните! Стварно неможам да сконтам што им се врти низ глава на "луѓето" што го прават тоа?! Им се дига ли (и таквото и адреналинот),Dunno што е работава?!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 26-May-2009 at 16:04
не дека има врска со нишкава ама овие простаци се кладам дека се истите што го користат поимот „провинцијалци“ за сите оние што не се прости како нив навистина е тажно што има вакви искомплексирани малограѓани што си мислат дека животните биле таму за да ги забавуваат... дај најдете некое смајли со човече што се крсти мислам дека ќе го користиме доволно
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 26-May-2009 at 16:06
бесот насобран низ годините луѓе го канализираат со истурање врз се што е беспомошно, односно доколку се во позиција на недопирливи а можат да стегаат чивии, тоа го прават од се срце, можеби и некој од љубопитност да проба такво нешто но мислам дека таквите случаи се ретки во однос на исфрустрираните насилници...
 
инаку пуштиго во природа т.е. во четири очи некој ваков недораснат да и крши клечки пример на мечка, па и на мајмун, сигурно дека десет пати ќе размисли пред нешто да стори. има можеби нешто и причина во преголемата доверба на стопанот кон редарите и гостите, но тоа може да се среди исклучиво преку превенција дали со камери или специјализирани живеалишта за експонатите Smile  
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 26-May-2009 at 17:10
мислам дека е смешно во секој случај што „со новите кафези нема да може да им се приближуваат на животните“. тажно е што воопшто ќе има кафези, животните треба да си живеат во нешто налик на нивниот хабитат (пример ограден простор 20x20) , а лавот во кафез 3х3 дефинитивно не е нешто паметно. џабе реновација, џабе сè. 
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 26-May-2009 at 18:16
Нема потреба од никакви софистицирани системи за набљудување, кои и да се постават нема да се користат. Има потреба од доследна редарска служба која прво ќе млати и после ќе казнува несовесни и исфрустрирани граѓани! И Гитар, значи нема прилика да не ги нападнеш скопјаните како викале на сите Провинцијалци итн., а всушност самите биле најдиви. Те молам воздржи се од такви дегутантни и сосема непотребни изјави...Нема провинцијалци и главно-градци, има културни и некултурни луѓе.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 20-Jun-2009 at 09:18

Зоолошката во Битола плаче за реконструкција

n Кафезите се стари и руинирани, а хигиената на ниско ниво зашто градината нема ни канализациска ни водоводна мрежа

Битолската зоолошка градина стара половина век ќе се најде под клуч ако наскоро не се преземат посериозни зафати за нејзино осовременување. Таа не ги задоволува европските стандарди, бидејќи условите во неа одговараат само за одгледување домашни животни.

- Кафезите се стари повеќе од 50 години. Лани делегација од Асоцијацијата на европски зоолошки градини ги разгледа кафезите и оцени дека не одговараат на потребните стандарди и дека треба да се изградат нови. Просторот треба да биде многу поголем - објаснува Марика Димитриевска, вработена во установата. Најголем проблем е неповрзаноста на зоолошката со градска канализациска мрежа. Поради ова постои потенцијална опасност од ширење зарази.  Канализација воопшто немаме. Имаше канали, кои се стари и искршени. Отпадните води течат пред кафезите и смрди секаде. Зоолошката градина не е влезена во урбанистичкиот план на градот. Имавме поставено водоводна мрежа ама цевките се оштетија од ниските температури. Сега наводнуваме со црева - додава Димитриевска.

Министерството за култура годишно испраќа по 7 милиони денари за плати, трошоци и тековно одржување на Зоолошката. Општина Битола лани помогнала само со 100.000 денари. Овие пари не се доволни за поголеми реконструкциски зафати. Но, и покрај ваквите проблеми, директорот Пеце Калаповски со својата креативност и посветеност кон работата успева да ја разубави градината. Го зголеми животинскиот фонд, направи нови кафези за птиците, ги отстрани отпадоците од животинско потекло, спроведе дератизација. Почна и реконструкција на старата управна зграда, зашто сегашната во која се вработените, порано била кафез. Негова нова идеја е тука да ја направи единствената гробница на Балканот за домашни миленичиња. За спас на Зоолошката градина гласот го кренаа и битолските средношколци, кои вчера продефилираа низ Широк сокак облечени во костими на животни. Проектот на Локалната младинска иницијатива се одвиваше под мотото „Посети ме, спаси ме“ .  Младите апелираат до надлежните, до граѓаните и до бизнис-заедницата да ја искажат својата хуманост, купувајќи влезници или донирајќи пари за да ги подобрат условите во Зоолошката - вели Катерина Калешковска, координаторка на проектот.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0BA158F010A8AB46B349B4368A71D1D7
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 20-Jun-2009 at 14:26
Баш се совпадна со ова:

За подобра зоолошка градина
Петок, 19 Јуни 2009 17:38
ZOO%20003Посети ме, спаси ме. Вака битолските средношколци се обудуваат да ја анимираат јавноста и одговорните инститцуии да направат нешто повеќе за зоолошката градина во Битола на која неопходен му е спас од состојбата во која се наоѓа.


„ Е национален проект кој се реализира во четиринаесет градови низ Македонија во соработка на Младинскиот културен центар со Младинскиот образовен форум, поддржан од фондацијата Институт отворено општество Македонија. Се реализира реков во четиринаесет градови, имплементатор во Битола е МКЦ, значи правиме, реализираме настан практично во врска со проблемите кои што се од локално значење кај нас во нашиот град. Овој пат тоа го правиме за зоолошката градина, значи ова е трет настан што го прават самите средношколци, тоа се членови од сите средни училишта" вели Катерина Калешковска одговорна за овој проект во МКЦ.ZOO%20001

Младината вели дека зоолошката градина била во лоша состојба, животните биле запоставени и недоволно нахранети, живеат во дотраени кафези во кои хигиената е на ниско ниво.

„ Овој пат решивме да му помогнеме на зоолошката градина. Ние младите сметаме дека зоолошката градина е во многу очајна состојба, така што Битола заслужува подобра зоолошка градина и ние покренавме една иницијатива до граѓаните да ја посетуваат повеќе зоолошката, со тоа ќе ја помогнат и финансиски и таа ќе биде побогата оти така ќе можат да набавуваат многу поегзотични животни" вели Марија Мерковска средношколка од Битола.


Младите сакат да апелираат до сите релевантни фактори, но и до граѓаните и бизнис заедницата да ја искажат својата хуманост, купувајќи влезници или донирајќи средства, во извесна мера да придонесат за подобрување на условите во зоолошката градина.ZOO%20004


„ Најинтересно е тоа што можам да му помогнам, да дадам свој придонес во развивањето на зоолошката градина значи затоа би партил апел до сите кои се во можност финансиски или како и да е да помогнат бидејќи сегашната состојба на зоолошката градина е многу лоша. Нормално нема ниту едно интересно егзитично животинче, мислам тоа не е нормално но во Македонија е така. Треба да му се помогне и јас сум за враќање на возот Мечо до зоолошката" вели Иво Ивановски средношколец од Битола.


Проектот Локална младинска иницијатива е партнерски проект на МКЦ Битола со Младинскиот образовен форум од Скопје. Претходно беа реализирани две слични акции на младите од градот за спортската сала во долната гимназија и еколошката акција Корпа во акција.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=9184:2009-06-19-21-39-47&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 20-Jun-2009 at 14:31
И сега морам да искоментирам: не исполнува европски услови. Прво во државата ништо не исполнува европски услови, ни знамињата на ЕУ што ги вееме не се по евро-стандарди Stern%20Smile Ама сериозно, зоолошкава не исполнува ни зулу стандарди. А најинтересно од сè, има една карабина на сред зоолошка, значи на најнелогичната локација, и таму се гради нова канцеларија за директорот (веќе 10 години, ама ај). Е сега кога бев во зоолошката, мислам го имам постирано и погоре, ја прашав тетката таму, и ми рече дека директорот доаѓал еднаш месецот за некакви папири да потпишат за да си ја земел платата (заедно со вработените). И после? Единствена светла страна е што фирмата Монтинг (или ФОД, не ми текнува) изгради/донира нов кафез за орлите. 5х5 и ~8m висок, ама подобро од кафезите 2x2 и високи 2 метра... Инаку, имало на времето белоглав орел (уште го памтам), имало бели мечки и други чудни работи.


Edited by гитардемон - 20-Jun-2009 at 14:32
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 25-Jun-2009 at 17:44
Битолската ЗОО не ги исполнува европските стандарди
Четврток, 25 Јуни 2009 17:51
MAJA%20zoo%201Битолската зоолошка градина во моментот не ги исполнува европските стандарди што треба да ги има една зоолошка градина. Но затоа директорот и вработените последните години вложуваат напори да им овозможат добри услови за живот на животните, да се надминат сите проблеми и пречки за битолската зоолошка да стане дел од Европската асоцијација на зоолошки и аквариуми. Пред година и половина ги посети претставник од оваа асоцијација.

-Пред четири години кога дојдов како директор стекнав писма каде ЗОО требаше да се затвори и за репродукцијата и за стандардите. Се надевам дека сите овие години направивме нешто да не се затвори и конечно да дојдат и да не примат во ЕАЗА. Се уште некои проекти треба да се завршат, во иднина треба да се променат статутарно работите, вели директорот на битолската зоолошка градина, Пеце Калаповски.

Но не е само битолската зоолошка која не ги исполнува стандардите.MAJA%20zoo%20kalap

-Туку и скопската. Минатите 3-4 години над 2 милиони евра се вложија во скопската и се уште нема стандарди. Битолската е помала во простор, 2,2 хектари и многу побрзо би може да дојде до тие стандарди. Ние се трудиме да ги промениме стандардите, во иднина тежнееме кон тоа. Се надевам дека влегувањето во Европската асоцијација значи стандард, не можеме да ги исполниме зашто не можеме да конкурираме на проекти, а тоа би го сториле наскоро со велгување во катастарската парцела. Постојат различни фондови кои можат да се добијат, Министерството за култура е спремно да помогне, но тие проекти треба да бидат издржани на ниво на Европската асоцијација. За да бидат, треба ЗОО повеќе да не е објект на диво, вели Калаповски.

Членките на Европската асоцијација на зоолошки и аквариуми мора да почитуваат одредени политики кои се однесуваат на заштита на животните и обезбедување на услови за живеење. Мора да ја почитуваат и Директивата на Европската Унија за зоолошките градини која беше донесна во 1999 MAJA%20zoo%203година, а требаше да се имплементира од земјите членки на Европската Унија. Целта на директивата е да го заштити дивиот животински свет и да го зачува биодиверзитетот, го спречува и правење профит со вршење тортура на животните. Зоолочките мора да обезбедат живеалишта на животните кои ги задоволуваат нивните биолошки потреби каде мора да се запазат и најмалите детали, едуцирање на посетителите за видовите, попис на животните во зоолошките и учество во истражувања и проекти за зачувување на видовите, репродукција и запознавање со новите видови. Согласно Директивата се врши и мониторинг колку од ова е имплементирано во националното законодавство. Во Македонија има закон во 2007 година за заштита и благосостојба кој се однесува на сите животни, домашни и диви, меѓу кои и животните во зоолошките градини.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9443&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 20-Jul-2009 at 02:25

Дали битолската Зоолошка ќе стане европски парк?

Повеќе европски асоцијации апелираа да се стави клуч на Зоолошката

БИТОЛА - Ќе стане ли Зоолошката градина во Битола европски зоо парк. Оваа установа која со децентрализацијата стана чедо на општината не располага со финансии за обновување. Сепак Министерството за култура отвори можност раководството на паркот со проект да аплицира за обновување на најмалата зоолошка во Европа.

Паркот под Тумбе кафе што се простира на скромни 2,21 хектари е грда слика за посетителите наместо бисер и гордост за битолчани. Таму и по педесет години од отворањето на паркот сликата не се менува. Единствено се намалува бројот на животните, а речиси и да нема од оние егзотичните. Животните се сместени во кафези со ниски стандарди. Тоа беше причина за строгите реакции на европски асоцијации кои апелираа да се стави клуч на зоолошката.

„За 2009 од Министерството за култура се одобрени седум милиони денари за зоолошката во Битола, како за плати, така за материјални трошоци и за тековно одржување на објектите. Но не се доволни за поголеми зафати“, вели Марика Димитриевска од раководството на Зоолошката градина во Битола.

Таа додава дека кафезите се многу стари и дека воопшто не одговараат на европските стандарди. Димитровска потсети дека лани била дојдена делегација од Европска асоцијација за Зоолошки градини и паркови. „Ги видоа кафезите и кажаа дека не одговараат на стандардите на Европа и дека треба да се градат нови. Не да се обновуваат постојните, туку се' она што е испустено да се замени со ново“, нагласи Димитриевска.

Најгорливиот проблем на Зоолошката е нерешената инфраструктура. Со тоа се зголемува опасноста од ширење на заразни болести и зиинози, не само меѓу вработените, туку и меѓу посетителите и населението од околните населби. Водата што се користи за чистење на кафезите наместо во канали се впива во земјата, а реата што се шири во жешките денови станува неподнослива.

„Канализација нема од формирањето на зоолошката пред пет децении. Имаше само некои канали направени со плочи. Сето тоа сега е старо, искршено и затнато. Водовод имавме, но цевките испукаа кога ги монтиравме бидејќи подолго време беа изложени на атмосферски влијанија. И пак немаме вода, се служиме со црева“, се жалат вработените.

Напластените проблеми единствено можат да се надминат со обнова на зоолошката за што треба да инвестира општината или државата. „На пример, проектот за канализација што го достави ЈП ‘Нискоградба‘ уште пред 10 години чинеше 100.000 евра. Тој зафат може да го покрие само општината. Ние сме културна установа, под ингеренции на општината“, нагласува Димитриевска.

Менаџерскиот тим на битолската зоолошка градина, со повеќе мерки и активности, одлучи да ја ребрендира оваа јавна установа и да ја направи атрактивна и попривлечна за посетителите, но и за донатори. Раководството на градината има куп проекти. Се планира научно образовен центар за заштита на флората и фауната, живеалиште за егзотични птици, воведување на туристички зоо автобус за транспорт на посетителите. А еден од најамбициозните проекти е да се направат гробишта за домашни миленичиња токму во паркот што би биле можеби единствени на Балканот.

„Нашата амбициозна програма, прифатена од Советот на општина Битола, предвидува ставање во функција на забавниот парк чија платформа од 500 квадратни метри е веќе изработена за да може непречено да се изведува куклен театар“, вели директорот Пецо Калаповски.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1329881A9709E248819BA78547767C04
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 13-Oct-2009 at 15:53
ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГРАДИНАТА
Скопјани сакаат зоолошка по светски терк

Нови живеалишта за тигарот и за гибонот, нова водоводна и канализациска мрежа, изградени нови тоалети и ветеринарна амбуланта за лекување на животните, се само дел од реализираните активности од проектот за целосна реконструкција на Скопската зоолошка градина. Надлежните велат дека затоа што обновата на зоолошката градина е посебен и сложен процес, и затоа што треба да се изградат специфични живеалишта што се изведуваат во согласност со посебни стандарди определени од европската асоцијација за зоолошки градини и за аквариуми, целата постапка оди етапно. Откако целиот проектот комплетно ќе се заврши, како што велат, Скопје ќе добие зоолошка градина по сите светски стандарди, а животните што ќе бидат сместени во неа ќе имаат многу подобри услови за живеење од сегашните. - Како дел од активностите за реконструкција на зоолошката градина, деновиве ќе се распише јавна набавка за изработка на проект за африканската савана. Покрај тоа, се изработува и техничката документација за конкретизирање јавни набавки за повеќе живеалишта во зоолошката градина. Дополнителна активност е и изработката на идејни решенија за тропската куќа, а во следната фаза од реализацијата на овој проект ќе бидат распишани и тендери за изработка на изведбени проекти - најавуваат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Во моментов се работи и на проекти за заокружување на комплетната инфраструктура, како што се електроинсталациите, видеонадзорот, а се преиспитува можноста и за искористување на соларната енергија. За активностите што се предвидени за оваа година, од градскиот буџет има издвоено три милиони денари за проектирање и осум милиони денари за изградба на живеалишта и на инфраструктура во градината. Со реновирањето на зоолошката градина, кое почна минатата година, е предвидено тигрите, мајмуните, рисот и лавовите, како и белоглавите орли, да добијат комплетно нови живеалишта. Белоглавите орли ќе бидат сместени во волиера, која ќе биде висока 16 метри, широка 25 метри и долга некаде околу 20 метри. Моментно во Скопската зоолошка градина има осумнаесет белоглави орли, кои во природата се загрозен вид и нивниот број секојдневно драстично се намалува. Во австралискиот оддел, пак, се планира да живеат животните што се карактеристични за тој континент. Живеалиштето ќе се простира на површина од 1.500 квадратни метри, а во него ќе живеат кенгури, ему птици, црн лебед и птици лорикид. Во самото живеалиште ќе има и базен, ќе се засадат дрвја и ќе се монтираат две куќички, од кои во едната ќе живеат кенгурите а во другара ќе живеат птиците. Живеалиштето на гибонот ќе биде во вид на куќарка што ќе биде сместена веднаш до езерцето. Во водната површина, пак, ќе бидат поставени вештачки дрвца поврзани со јажиња, за гибонот од куќарката да може полесно да дојде до островчето во самото езерце. Според процените, целосната реконструкција на зоолошката градина би чинела некаде околу три милиони евра. Градината се простира на површина од 97.000 квадратни метри и располага со 503 животни, од кои 261 птица од 36 вида, 42 различни видови цицачи или вкупно 226 животни, како и 16 влечуги од осум вида.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1837&ArticleID=123831
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 10-Dec-2009 at 03:15
Возот ,,Мечо“ наскоро повторно низ Битола
СРЕДА, 09 ДЕКЕМВРИ 2009 18:32



Со донесувањето на деталниот урбанистички план за зоолошката градина, се елиминира идејата за нејзина дислокација. Наместо тоа, расположливиот простор максимално ќе се искористува и збогатува во согласност со акциониот план на зоолошката за периодот од 2009 до 2014 година. Сега и општинскиот буџет ќе ги поддржува проектите:



,, Ќе се оди прво на дотерување на зоолошката и тоа партерно, ќе има нови два детски паркови и мал дизниленд, вели Пеце Калаповски, директор на ЗОО

Зоолошката градина во следните 5 години треба да доживее преродба која ја немала од нејзиното основање во 50 тите години. Покрај заштитата на животните, зоолошката градина ќе добие мултифункционална улога: ќе има забавен парк, терариуми, аквариуми, а ќе се гради и кафез за егзотични птици. Зимата веќе не е опасност за постоечките животни кои ги има во се поголем број:



,,Можам да се пофалам дека имавме поволна година во однос на репродукцијата, а имаме и доста храна за зимскиот период, вели Пеце Калаповски, директор на ЗОО

Повеќе од една година се работи на проект за повторно враќање на возот Мечо во Битола, која атракција исчезна пред повеќе од 10 години. Се разгледуваа повеќе опции:

,,Пеце Калаповски, директор на ЗОО



Последното решение е да се набави нов воз кој нема да биде само на зоолошката градина туку на целиот град, а со тоа и битолчани, но и гостите да можат на еден несекојдневен начин да уживаат во убавините на нашиот град.


Тера Телевизија
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 23-Dec-2009 at 21:14
Неколку многу убави најави... да стегаме палци:

Стакло и струја ги штитат животните во Зоолошката градина

Најдоцна за еден месец градината ќе добие триесетина нови станари, кенгури, антилопи, којоти...

Деспина Трајковска


Заштитни двојни огради, од кои едниот дел е струен, нови триесетина животни, ветеринарна амбуланта и едукативен центар за ученици и разгледување со вовче, се само дел од приоритетите на чија интензивна реализација неодамна работи именуваниот директор на Зоолошката градина, Дане Кузмановски. Иако е свесен дека во градината допрва треба да се преземаат големи чекори за да достигне достојно ниво, убеден е дека ентузијазмот и контактите кои веќе ги остварил со градините од регионот, во голема мера ќе му помогнат во реализација на идеите.

Заштитните огради веќе почнале да се монтираат на новоизградените живеалишта, како и на оние што се во финална фаза на изработка. Целта на оградите првенствено е да се загарантира безбедноста на животните, но и на посетителите, а бенефитите, како што вели Кузмановски, веќе се видливи.

„Едниот дел од двојната ограда е приклучен на струјно коло, така што сега е неизводливо некој несовесен посетител, на пример, да протнува шипки и да ги малтретира животните. Истовремено, некои од оградите се изведени и во комбинација со стакло, со што е оневозможено фрлање храна во живеалиштата, така што сега животните се речиси 100 отсто обезбедени од несовесни посетители кои во неколку наврати изминативе години предизвикаа несакани последици“, вели Кузмановски.

Среќен е што за кусо време откако е на функцијата обезбедил контакти со неколку ЗОО од регионов и пошироко, со кои веќе договорил збогатување на животинскиот фонд за нашата градина. Имено, најдоцна до јануари по дваесетина години Зоолошката ќе добие два кенгура, три антилопи, четири којоти, три ракуни, две зебри, пар црни лебеди, бел питон, пирани...Дел од животните ќе бидат донација од загрепската и од белградската ЗОО, од градината од Љубљана, како и од зоолошките градини од Белгија и од Холандија. Сите тие животни ќе се вселат во комплетно нови или адаптирани живеалишта. Во тој период Кузмановски очекува да завршат и постапките за избор на изведувач за изградба на живеалишта за лисици и ракуни, за мечки, за жирафа и слон, мал алигатор и пирани, кои иако се' уште ги нема во градината, директорот е во преговори за нивно обезбедување.

Паралелно со овие активности, новата „постава“ на ЗОО работи и на реализација на проектот за изградба на ветеринарна амбуланта за интерна употреба на градината како и изградба на едукативен центар. Се очекува и двата објекта да бидат комплетно изградени и функционални за помалку од половина година. Инаку, веќе завршено е живеалиштето за волците, во кое животните се веќе преселени, а привршува адаптацијата на живеалиштето за пауните и кокошките, како и на тоа за белоглавите орли.

„Практично, со овие живеалишта десниот дел од градината, гледано од влезот, ќе добие речиси 70 отсто ново руво, по што ќе се префрлиме на обнова на останатиот дел од градината“, додава Кузмановски и тврди дека само навидум животните во овие зимски услови се прегладнети и незатоплени. Вели дека веќе се применува зимскиот режим за живот и исхрана на сите станари во ЗОО и дека неодамна направените здравствени проверки потврдуваат дека животните се во добра здравствена кондиција.

Инаку, засега нема најави дека шимпанзото Коко, кој е на рехабилитација во Холандија, наскоро ќе се дружи со скопјани. Тој е одлично приспособен во новиот дом, иако се' уште не му е најдена партнерка и потребен му е уште извесен период на рехабилитација.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6031FA79322F254693D1115CF55E302C
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 24-Dec-2009 at 00:29
ХОЛАНДСКИТЕ ЗООЛОЗИ ОДЛУЧИЈА

Коко не ви го враќаме оти зоолошката ви е мизерија

Директорот на ЗОО Дане Кузмановски призна дека по препорака на стручњаците,Коко не се враќа во скопската градина, но затоа на негово место ќе се донесат два нови мајмуна-ѓибона

Шимпанзото Коко не се враќа во Скопје,оти во нашата зоолошка градина нема услови да преживее. За мајмунот кој во април годинава беше однесен во Холандија да се лекува од депресија, тамошните стручњаци препорачале дека е најдобро да остане кај нив,оти тука нема партнер за него.Освен тоа, холандските зоолози процениле и дека во Скопје Коко ќе нема основни услови за опстанок.
Првичните планови беа Коко да престојува во престижната Институција за ресоцијализација на шимпанза Алмере само една година, и потоа да се врати во Македонија.
Директорот на ЗОО Дане Кузмановски призна дека холандските зоолози нема да ни го вратат мајмунот.
"За жал Коко веќе нема да го видиме во Скопје. Тој е психички депримиран и во Холандија се ресоцијализира. Тој требаше по третманот да се врати и да се социјализира со другите мамуни но, холандските експерти заклучили дека тоа во скопската зоолошка е невозможно бидејќи условите биле мизерни", вели Кузмановски.
Живеалиштето на Коко кое требаше да се обнови додека тој се лекува во странство сега ќе се пополни со два нови ѓибона. Директорот се пофали дека во јануари догодина мајмунарата во која сега живеат шест мајмуни за прв пат ќе се поднови со ваква раса на мајмуни, кои според него ќе ги воодушеват постителите на градината.
Шимпанзото Коко пролетта замина на социјализација во Холандија. Тамошните зоолози треба да му помогнат на Коко да се ресоцијализара со поголема група шимпанза.
Во холандскиот институт престојуваат шимпанза од целиот свет, кои живееле во лоши услови.
Коко има 13 години и роден е во Скопската зоолошка градина. Кусо време по неговото раѓање мајка му починала од туберкулоза. Оттогаш Коко живее сам и поради осаменоста според зоолозите паднал во депресија. Депресијата ја покажуваше со тоа што си ги кубеше влакната на телото. Додека не замина во Холандија Коко немаше видено ниту една единка од неговиот вид.

ЗОО ќе добие 30 нови животни

Зоолошката градина во Скопје на крајот на јануари следната година ќе добие 30 нови животни. Според најавите на директорот Дане Кузмановски до следниот март скопската зоолошка ќе се обнови комплет.
"Од јануари до мај 2010 очекуваме во градината ќе донесам два нилски коња, неколку вида антилопи, волци, пауни, папагали, два кенгура, зебри, рисови и уште многу други нови животни. Очекувам дека зоолошката за кратко време ќе ги достигне стандардите на европските градини", рече Кузмановски.

(М.Ѓ.)


http://vest.com.mk/?ItemID=BC2C15F8CC5C3440B837F0C36150999D
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 15-Feb-2010 at 14:02
ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ЌЕ СЕ ПОДНОВИ
Пристигнуваат нови животни

Скопската Зоолошка градина деновиве ќе добие десетина нови животни, меѓу кои два риса и еден лав, кои ќе бидат сместени во новоизградените или веќе реконструирани живеалишта. Директорот на Зоолошката градина, Дане Кузмановски, не сакаше да открие од каде ќе бидат донесени животните, но, како што рече, тие со сигурност ќе пристигнат. Подновувањето на градината се случува со задоцнување од неколку недели затоа што, според надлежните, временските услови, односно невремето што ја зафати Европа било причина за одложување на транспортот на животните во Скопје. Првично беше најавено дека околу 30 животни ќе пристигнат во градината до крајот на минатиот месец. Тогаш се најавуваше дека од Загреб ќе бидат донесени три гнуа, три азиски антилопи, еден црн лебед и две зебри. Од Љубљана, пак, требаше да пристигнат два кенгура, од Белгија два мајмуна од расата гибон, а од Франција четири риса. Три мајмуни од видот лемори, кои се карактеризираат со прстенести опашки, требаше да пристигнат од Холандија, а од Србија четири волци, три којота, една лавица носител на бели гени, еден црн лебед, како и еден албино питон. Освен овие животни, од Зоолошката градина потенцираат дека во моментот се во преговори со Зоолошката градина од Белгија за донација на новородени фоки. 

Е.М.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1944&ArticleID=133936
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 16-Feb-2010 at 06:49
Пред еден месец бев во зоолошката во Скопје , жално е да се гледа како се мачат овие животни ! Одржувањето на хигиената на живеалиѓтата е на најниско ниво ! А некој за сето тоа треба да сноси дебела одговорност!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.154 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.