build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градско шеталиште Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8952
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Градско шеталиште Битола
    Posted: 16-Mar-2008 at 14:50
Еве рендери од градското шеталиште во Битола. Тоа е делот каде се наредени и новите трафики што ни ги покажа гитардемон на една од неговите слики. А имаме и неколку други слики од шеталиштето. Сепак никогаш не сум го видел делот со фонаната. Дали е шеталиштево комплетно направено или има уште да се прави. Гитардемон?










Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 16-Mar-2008 at 15:12
Трафиките ме потсетија на една појава која е многу популарна кај нас. А тоа е вадење гајби со зарзават пред трафика!! Можеби ова е за во урбано дивјаштво ама тука пишав пошто ме потсетија трафиките. Слободно префрлете го постов во урбано дивјаштво.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 16-Mar-2008 at 16:25
тука е  местото кај шо треба да биди фонтаната


а ова е пак фонтаната и обележано е местото кајшо наводно требаше да има статуа од филип II ама пошто то е првото нешто шо се гледа во битола ко ќе идиш од грција се премислија, па во другиот парк (кај саат кулата) ќе се гради статуата


а не бев тука долго време појма немав за фонтаната а и за то нештото како мала саат-кула!? инаку имам и други слики од битола -од корзото- и ќе ги качам ако можам (стари се ама вршат работа).

иначе канделабрите се закон, ама многу се веќе скршени (крадат циганите за старо железо, и наркоманите кршат навечер-зато не се дрогирам појќе ) поефтино е 10 чувари да патролират него да се менват канделабрите на 2 месеци... ама градоначалникот сака да покажи какви свињи сме, ако не знајме сами да си чуваме тој нема зошто да ни наметнува... инаку појќе од 1/4 не се исправни веќе (десеттина се ОТСЕЧЕНИ за старо железо ееј!) а мислам дека и ко ги кастреле/сечеле дрвата како дел од проектот (на сликите видовте кастрени се дрвата) нашите „експерти“ имат суредено исто многу канделабри (сите шо се блиску до дрво се оштетени/искривени).
а клупите се најниска категорија, само ради то шо имаше порано убај (од ковано железо) - ги скршија сите и сега се бетонски блок градени... како и да просторот околу ивичниците не е уреден треба да се суреди за да можат нормално да се постават клупите.

ps бегам за пола сат за солун незнам дали ќе стигнам со сликите, а таму немам слики :( како и да за 3 месеци ко ќе дојдам битола, ќе ги имате и од црквата и од шеталиштето
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8952
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 16-Mar-2008 at 16:31


Среќен пат Smile. Поминувај на муабет и од Солун Cheers
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Apr-2008 at 13:14
Градското шеталиште е целосно реконструирано воведено водоводна, канализациска и електрична инфраструктура. Поставени се бехатон плочки и  тротоарски ивичници.
  На влезната страна од Градското шеталиште е поставен мозаик со димензии 10 х 3 метра согласно основниот проект. Исто така се поставени нови типизирани трафики со што грдаското шеталиште го доби својот нов изглед
  Во реализацијата на шеталиштето учествуваа  ЈП од градот, ЕЛМАК, Урбан инвест. 




преземено од: http://bitola.gordsys.net/?SetalisteRekonstrukcija
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-Apr-2008 at 14:18
За тие киосците кажав дека воопшто не ми се допаѓаат.

Втората слика изгледа одлично... Cheers
Ајде кога ќе бидеш во Битола, чекаме фотки во 800х600 резолуција Big%20smile
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 05-May-2008 at 08:48
Zosto ki presekole drvata?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 01-Apr-2010 at 20:15
Шеталиштето доби нови канделабри
ЧЕТВРТОК, 01 АПРИЛ 2010 18:31






Од денес нови канделабри ќе го осветлуваат градското шеталиште. Претходните канделабри целосно беа уништени, а веќе подолг период шеталиштето беше во темнина. Но со новото осветлување градоначалникот вели дека граѓаните сега можат да уживаат во вечерните прошетки.



-Првата фаза беше добра донација, но се искршија, малку до квалитетот, повеќе заради несовесноста на граѓаните. Набавивме нови канделабри кои ќе ги обезбедува видео надзор, вели градоначалникот на Битола, Владимир Талески.



Ќе се постават вкупно 107 канделабри. Набавката и поставувањето на канделабрите чини околу 3 милиони денари.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=19769&Itemid=106


Старите канделабри траеја едно 3 месеци пред да бидат скоро сите украдени/скршени/свиткани. Овие новите се исти како на Широк Сокак.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 07-Apr-2010 at 00:20

Светна битолското шеталиште

За Велигден битолското шеталиште доби 107 нови канделабри. Со нив се заменети старите, кои речиси сите беа демолирани од несовесни граѓани, па делови од шеталиштето во вечерните часови беа во мрак. Новите канделабри се со подобар квалитет, а од Општината најавија дека ќе бидат обезбедени со видеонадзор. Набавката и работната рака чинат 3 милиони денари. (Ж.З.)

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 04-Oct-2010 at 12:17

Она што го вети локалната самоуправа и градоначалникот Талески дека есенва ќе има нови клупи на Градското шеталиште, деновиве почна да се реализира.

Поставени се дел од предвидените клупи на Шеталиштето, а полека ќе се поставуваат и останатите.



Клупите се направени од железо и дрво, а според првите информации се доста цврсти и ќе можат да одолеат на хулиганските удари од несовесните битолчани кои континуирано ги кршат.

Но колку и да се цврсти ќе се уништат ако не внимаваме, па затоа треба да знаеме да ги зачуваме зашто како ќе бидат третирани зависи од сите битолчани кои дел од времето го поминуваат во Паркот, во било кое годишно време.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 734
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 27-Oct-2017 at 14:24

во моментов мезам кафе до фонтаната на скверчето кај НМБ на крајот од шеталиштето, и што да кажам вмро се навистина закон ...

прво ќе почнам од паркингот од спротива кај салата, каде туристичките автобуси ги пречекуваат тапаџија и гарнетџија, наместо тоа да го прави чалгиски или изворен оркестар на скварчето, но изгледа заради буката од булеварот па мора хардкор хм и тука не е лошо еден ама долг подвозник да направат [1] ем за да се решат од сообраќајната бука ем за да го спотераат битолчани шеталиштето се до Хералеја ... ко што личи и треба за еден жив антички град ко Битола, а таа и ни ет единствен град во Слободна Македонија кој не врзува за славното минато кога токму битолци го обединиле светот, нели фалангата на Пела тренила ептен в Пелагонија ...

нејсе, паркингот пред сала со асфалт од пред транзицијата, а ко за беља државната сувенирница баш пред влезот паркирана, изгледа намерно оти истата е сама по себе сувенир за Битола онака затворена веројатно чекајќи на нов општински директор за пак да отвори, а и така на бегање никој не купвит сувенири та и оправдано ... бреј да ја ставеа пред порти на музејот немаше да згрешеа ...
него вмро, да видиш да неверуваш, наместо во Скотје минимализам тие го истуриле тука на скверчево пред класичната зграда на Народниот Музеј, та остај друго баш каде навистина треба споменик него и го нема, можеби е астрално изненадување стокмено за оние со отворени духовни очи ... хм, што да кажам и ко минималистички контраст старата убистичка фонтана беше и белег и фора за оваа урбаНА ТОЧКА бар за скејтери ако не друго, а сега нека дремат тука на ачик да ги видам ... инаку за поздрав е дека имаат оставено од минатото и една олдскул корпа за отпадоци која патем е и единствена на скверов, а ко единствен добар момент би го навел партерното решение со појаси од камена коцка, но наместо ко такво да е дел од партерот в дворот на музејот, уште веднаш е ресечено од бекатонска патека измеѓу, претпоставувам пост-транзициона ...

исто тука би било добро да стават и инфо паноа, и тоа мултијазични, бидејќи на е-страницата на музејот освен абер на македонски нема друго ... http://muzejbitola.mk/




Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.