build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Кучиња скитници
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кучиња скитници

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Block View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 18-Dec-2011
Location: Карпошово
Online Status: Offline
Posts: 377
  Quote Block Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 15-Jul-2012 at 05:59
Originally posted by Dragan

Big%20smile Мојата сликаааа, јас им ја пратив на мотика. Па стварно што е многу многу е, кучиња по тетово скитници вриее и самата слика кажува 7 кучиња на едно место 


Какви 7 бе
нели гледаш дека се 8 кучиња на едно место
те молам немој вакви грешкиCrazy
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7368
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 15-Jul-2012 at 17:44
шала на страна, ова се глутници, не се само рандом собрани кучиња, и не се баш најпријателски расположени секогаш...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 17-Jul-2012 at 18:42





и во Кичево `не е лошо`
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 19-May-2014 at 22:29
Д ДЕНЕСКА


Се пребројуваат кучињата-скитници


Акцијата за проценка на популацијата на кучињата скитници од денеска почнува на територијата на град Скопје, активност која Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ја спроведе во соработка со Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија (РСПЦА). Шесте волонтери распоредени во три тимови од утре ќе вршат пребројување на оваа популација животни во 24 реони во главниот град. Секој тим ќе врши пребројување во 8 реони. Од денеска во наредните десетина дена броењето на кучињата ќе се врши рано наутро од 5 и 30 до 9 часот. За реализација на оваа активност претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство на волонтерите им поделија мапи и чек листи кои волонтерите ќе треба да ги пополнат при евидентирањето на кучињата. Методологијата и начинот на извршување на проценката на популацијата кучиња скитници ќе се врши во согласност со упатството на Светското здружение за заштита на животни.

Со пребројувањето освен за бројната состојба за популацијата бездомни кучиња, волонтерите ќе вршат и проценка на телесната кондиција на кучињата, а ќе се евидентира и тоа дали животните имаат повреди на екстремитетите или на кожата. Ќе се соберат и податоци за полот на кучињата, за тоа дали се работи за куче-скитник или за куче кое има сопственик, но кое има пристап до улица и јавна површина, дали станува збор за куче кое веќе е заловено од страна на надлежното прифатилиште, односно дали истото е соодветно видливо обележано, што е потврда дека истото е стерилизирано и вакцинирано.
http://www.vecer.mk/?ItemID=867F0C2812F0C348967328DDCCB1A775
Back to Top
vanotino View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 29-Jan-2017
Location: kocani
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote vanotino Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 29-Jan-2017 at 21:17
kucinjata se za selo a ne za grad.cuvajte deca,tie se idninata a ne kucinja.decata ne mozat da odat na uciliste a lugeto po patot.
od denonoknoto laenje na kucinjata ne moze da se odmara nitu spije.toa ti koga seljaci ke napadnat u gradot,sakat da se custvuvat kako vo rodnoto selo.sramota.treba site kucinja da se otstranat od gradovite,posebno skitnicite.

Edited by vanotino - 29-Jan-2017 at 21:38
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 12-May-2020 at 07:34
Стационарот на ЈП „Лајка“ се уште не работи со полн капацитет

Мина повеќе од една година откако град Скопје ја презеде иницијативата за да смени работа на стационарот „Вардариште“ и одлучи објектот да прејде во надлежност на ново јавно претпријатие.

,,Јавното претпријатие „Лајка“ требаше да биде само една алка од синџирот хуман пристап и решавање на проблемот со уличните кучиња. Засега, ова претпријатие не функционира.

Градоначаникот Шилегов вели дека стационарот е во завршна фаза, но пандемијата го отежнала завршувањето на активностите. Најави оти на крајот на месецов „Лајка“ ќе работи со полн капацитет.

Претпријатието „Лајка“ се формираше на 28 февруари, минатата година, токму заради континуирано заловување на уличните животни, нивно времено сместување во прифатилишта и обезбедување соодветна заштита, контрола на популацијата, редовно хранење, како и ветеринарно-медицински третман.

Главниот град речиси цела година е без стационар, бездомните кучиња неконтролирано се размножуваат, а и инцидентите предизвикани од нив се сè почести.

Од 1 јануари до 2 мај, во полиција , на територијата на Скопје се пријавени 250 каснувања од улични кучиња



https://kanal5.com.mk/stacionarot-na-jp-lajka-se-ushte-ne-raboti-so-poln-kapacitet/a421587


Edited by stef4o - 12-May-2020 at 07:35
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4745
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 12-May-2020 at 10:39
Originally posted by stef4o




https://kanal5.com.mk/stacionarot-na-jp-lajka-se-ushte-ne-raboti-so-poln-kapacitet/a421587


Боже мили поужасен новинарски глас и „изгувур“ немам слушнато во животот.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 489
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 29-May-2020 at 05:21
ТОТАЛНО ПОГРЕШЕН ПРИСТАП!!! Бројот на кучиња скитници е правопропорционален со количината на растурена крана по улици! Отворените контејнери, диви депонии и растурена храна по улици се директниот услов за живот на кучињата по улиците. Тоа што некои активисти, дали вака преку организации, или па поединци самостојно растураат растураат храна низ маалата, е само емоционално делување, не гледање на целата слика и директна стимулација кон покачување на бројот на кучиња. Количината храна е причина за постоењето на кучиња скитници. Овој навидум хуман пристап е тотално погрешен! Себично е кога заради сопствен мир на душа и лично чувство дека ете прават добро всушност прават обратен ефект. Кучињата се последица на прљавиот град, а не причина да се растури повеќе храна по улиците. Мора да се секнат извори на храна по улици, да се укинат условите за живот на цело животинско царство по скопските улици, едноставно да се создадат услови да почне одумирање на цел тој ланец на исхрана од мачки, глувци, бубачки, лебарки, кучиња. Зашто купуваме затворени контејнери ако после растураме храна?? Кој ја ссмисли оваа глупост?! Треба да се забрани со закон хранење на улични животни, не е ова зоолошка на отворено!

Една добра работа има само, а тоа е дека овие самопрајски хранилики од канализациони цефки брзо ќе се испокршат и нема да се обноват. Малку добро у лошото на ова општество.

Објавата од општината е и за кај "грандиозни зафати", ама пошто е врзано со проблемот со кучиња, затоа овде.


Хранилки за бездомни кучиња поставени во општина Кисела Вода

Со дозвола и поддршка од Општина Кисела Вода, здружението Шепасти Ентузијасти-Скопје, на пет локации во Кисела Вода постави хранилки за бездомните кучиња.

Секоја од хранилките собира по пет килограми храна. Се користи ситна (puppy) или medium големина на храна, за покрај кучињата да можат да ја јадат и бездомните мачиња. Истата е обезбедена од страна на Шепасти Ентузијасти.

Потоа, хранилките ќе бидат дополнувани од активисти и граѓани. Локациите на кои се поставени хранилките се следниве:

1. Спроти бензинската Макпетрол (Мечкаров, позади зградите, кај клупите)

2. Од Get Caffe, надолу, на крајот на паркингот, позади Quatro Caffe на плочникот

3. Кај салата Расадник, на површината кај ливадите

4. Кај општината, позади автобуската станица

5. На патеката накај Seavus

Дополнително, во рамки на акцијата, би требало да се постават и на две дополнителни локации, во Драчево и во Пинтија.

Ги замолуваме сите граѓани да се однесуваат хумано и со почит спрема поставените хранилки, како што и секоја нација треба да се однесува спрема урбаната опрема во еден град. Воедно, ги замолуваме сите активисти и општествено одговорни жители на општината да внимаваат на безбедноста на истите, и да реагираат доколку некој не го почитува ова.











https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/novosti/2699-2020-05-12-10-15-31


Edited by user8642 - 29-May-2020 at 05:25
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 07-Jun-2020 at 13:49
Во последните 4 години, 1.454 граѓани пријавиле каснување од куче, обесштетувањето достигнува и до 2.000 евра

Во периодот 2017-2020 година на територија на Град Скопје, вкупно 1.454 граѓани пријавиле каснување од куче во Министерството за внатрешни работи. Најмногу од нив се однесуваат на минатата година, кога се евидентирани 618 пријави. За првите пет месеци од годинава, МВР регистрирало 310 пријави по овој основ.

Секој граѓанин кој што ќе биде нападнат или каснат од бездомно куче има можност да спроведе приватна тужба против Град Скопје, каде може да добие надомест на штета настаната како резултат на каснувањето. Од општината велат дека висината на надоместокот на штетата ја утврдува судот, а таа е различна од случај до случај, во зависност од степенот на настаната штета.

„Според некои просечни вредности, годишно околу сто граѓани поднесуваат тужба бидејќи биле нападнати, каснати и повреди од улични кучиња. Речиси сите тужби завршуваат со полза на граѓаните, а обесштетувањето кое потоа им го плаќа Градот се движи од 1.000 до 2.000 евра“, велат од Град Скопје за Мета.мк.

Но проблемот со бездомните кучиња е горлив проблем со кој скопјани се соочуваат одамна. Во минатото постојано се критикуваше за нехуманиот однос врз бездомните кучиња во стационарот Вардариште, за кој сведочеа сликите од условите каде што беа чувани животните. Минатата година, Агенцијата за храна и ветеринарство конечно стави клуч на стационарот Вардариште. При извршена контрола, Агенцијата утврди појава на заразни заболувања кај бездомните животни и непостапување по дел од утврдените пропусти во работењето.

Извештаите за работењето на ЈП „Комунална хигиена“ покажуваат дека Службата за третман на бездомни кучиња заловила најмногу, 1.662 кучиња во 2016 година, додека пак во 2017 година регистрирани се 1.444 и 1.274 заловени кучиња во 2018 година.

Во јуни минатата година започна и реконструкцијата на стационарот Вардариште. Град Скопје донесе одлука за формирање јавно претпријатие „ЛАЈКА“ за улични кучиња со кое ќе се подобри нивниот третман. Но една година подоцна, од главниот град веќе некое време го најавуваат отворањето на ЈП „ЛАЈКА“.

„Реконструкцијата и доградбата на стационарот во Вардариште е во финална фаза и треба да започне со работа во кратко време, а истото се одложи за краток период поради пандемијата со корона вирусот“, велат од Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека со новиот стационар ќе се зголеми капацитетот од 81 внатрешен бокс на 100 внатрешни апартмани за кучиња со подно греење.

„Дополнително се во изградба и 60 надворешни боксови за кучиња со што капацитетот е дуплиран. Во моментов се вршат финалните градежни работи и се работи на добивање на потребните дозволи, по што ќе започне работата на новиот стационар“, појаснуваат од градската администрација.

Секој граѓанин кој што ќе биде нападнат или каснат од бездомно куче има можност да спроведе приватна тужба против Град Скопје, каде може да добие надомест на штета настаната како резултат на каснувањето. Од општината велат дека висината на надоместокот на штетата ја утврдува судот, а таа е различна од случај до случај, во зависност од степенот на настаната штета.

„Според некои просечни вредности, годишно околу сто граѓани поднесуваат тужба бидејќи биле нападнати, каснати и повреди од улични кучиња. Речиси сите тужби завршуваат со полза на граѓаните, а обесштетувањето кое потоа им го плаќа Градот се движи од 1.000 до 2.000 евра“, велат од Град Скопје

https://meta.mk/vo-poslednite-4-godini-1-454-gragjani-prijavile-kasnuvanje-od-kuche-obesshtetuvanjeto-dostignuva-i-do-2-000-evra/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 14-Jul-2020 at 12:56
Реконструкцијата и доградбата на новиот Стационар за бездомни животни Лајка е во завршна фаза.

Со овој зафат се прави целосна реконструкција на двата објекти, со демонтажа на веќе постојните метални боксови и елементи, реконструкција на кровот, поставување на изолација и фасада која воопшто ја немало досега. Со реконструкцијата и проширувањето на стационарот во Вардариште, покрај подобрувањето на условите, дуплиран е и капацитетот завдомување на улични кучиња.

Во новиот објект има ветеринарна амбуланта, како и административен дел за кадарот да може во достоинствени услови да одговори на своите работни задачи. Околината околу објектот се расчистува и тука е предвиден парк за кучиња, терени за ресоцијализација на трауматизирани кучиња како и нов пристапен пат.







https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 10-Aug-2020 at 13:57
422 ГРАЃАНИ КАСНАТИ ОД КУЧЕ ОД ЈАНУАРИ ДО СЕГА, СКОПЈЕ ЕДНА ГОДИНА Е БЕЗ СТАЦИОНАР ЗА УЛИЧНИ КУЧИЊА

Од почетокот на годинава до сега 422 граѓани се каснати од куче во Скопје. Според податоците на Министерството за внатрешни работи во просек дневно по двајца граѓани пријавуваат дека биле каснати од куче на улиците или парковите низ главниот град.

Во дневните билтени на МВР зголемен број пријави на лица нападнати од улични кучиња имаше во месеците март и април кога беше воведен полицискиот час, а кафулињата и рестораните не работеа. Немаше ден а да нема пријава за каснат граѓанин од куче.

Во моментов Скопје нема стационар за улични кучиња бидејќи тој сѐ уште се реновира. Во април лани откако беше формирано новото претпријатие на Град Скопје за улични животни „Лајка“ стационарот во Вардариште беше затворен поради појава на заразни болести и пропусти во работењето. Оттогаш почна комплетно реновирањето на објектот, кое сѐ уште трае.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека стационарот за бездомни животни наскоро ќе биде пуштен во употреба.

„Градежните работи малку се одложија поради пандемијата на ковид-19. Финишираме и за многу кратко тој ќе биде пуштен во употреба. Кучињата ќе имаат подно греење, вентилација, комплетно реновирани боксови, но и надворешен дел односно услови како што не било случај до сега. Градот изминатиот период работеше и на програмата за третман на уличните кучиња, за решавање на овој проблем“, вели Шилегов.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/422-gragani-kasnati-od-kuche-od-januari-do-sega-skopje-edna-godina-e-bez-statsionar-za-ulichni-kuchina/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 25-Aug-2020 at 14:31
Во Скопје преброени околу 2500 кучиња скитници, Шилегов очекува Лајка да проработи во септември

Стационарот Лајка очекувам да биде отворен кон првата половина на септември. Двете оперативни сали за животни веќе се целосно опремени и тоа ќе биде предмет на анализа на Агенцијата за заштита на храна и ветерина. Кога ќе почне да работи, ќе почне во полн капацитет, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

После подолго време, посочи Шилегов, мапирани се и пребројани кучињата скитници и станува збор за неофицијална бројка не поголема од 2.500.

Прашан за тоа колку е запознаен и задоволен со работата на директорката на јавното претпријатие Лајка, Шилегов рече дека капацитетот е при самиот крај и треба да се пушти, така што не може да зборуваме за реален квалитет или неквалитет во извршувањето на функцијата.

– Секако работата на секој еден раководител, во било која градска институција е под опсервација и се санкционира. Веројатно сум и еден од ретките којшто разрешува луѓе или повикува на нивна одговорност, изјави Шилегов.

За тоа дали има субјективни слабости во односи во релација со здруженијата за заштита на животните, Шилегов рече дека ги следи реакциите и дека ќе поразговара на таа тема.
– Она што го знам, ако тоа е предмет, е дека дел од намештајот којшто е во директорската канцеларија на Лајка е приватен намештај на директорката, кој што го има донесено таму. Не е намештај за којшто се потрошени јавни пари, изјави Шилегов.

Во однос на реакциите од здруженијата за заштита на животни дека тие ги прават операциите, а стационарот иако не работи зема пари, Шилегов рече дека пред почетокот на пандемијата се издвоиле средства со цел да им се дадат на здруженија да ги вршат тие операции за коишто зборуваат.

– Мора да бидеме сите вклучени инклузивни во тој процес за да го решиме проблемот со кучињата скитници, изјави Шилегов.

https://alsat-m.tv/mk/во-скопје-преброени-околу-2500-кучиња-ски/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 13-Sep-2020 at 11:39
Кучињата касаат, „Лајка“ се подготвува да се справи со 2.500 улични животни

Двајца скопјани вчера биле каснати од куче скитник. Двата настани се случиле во саботата приквечер. Едниот бил каснат од куче движејќи се по булеварот „Трета Македонска бригада“, а вториот на улица „Васко Карангелевски“ и истите ги пријавиле во полициската станица Аеродром.

Според градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, мапирани се и пребројани кучињата скитници низ градот и станува збор за неофицијална бројка не поголема од 2.500. Тој очекува оваа бројка во наредниот период да се намалува со профункционирањето на стационарот „Лајка“ што треба да се случи набрзо.

– Стационарот уште во старт ќе почне да работи со полн капацитет. Двете оперативни сали за животните се веќе опремени – вели Шилегов.

Секторот „Канализација“ при јавното претпријатие „Водовод и канализација” – Скопје изработи нова канализациска мрежа за потребите на „Лајка”. Се работеше на одводнување и приклучување на отпадните води на објектот.

– За оваа цел се направени 16 приклучоци на санитарни јазли за тоалети и одводи за боксови за кучиња. Во текот на работните активности беа изведени три шахти, беа сменети и вградени осум капаци за шахти (тежок тип) и еден бетонски капак. Истовремено беше изведена и мрежа со големина на цевка ф200мм и ф160мм, во должина од околу 100 метри – се наведува во соопштението.

Од Градот ги повикуваат здруженијата за заштита на животните да се вклучат во процесот за да се реши повеќедеценискиот проблем со кучињата скитници кои секојдневно ги полнат полициските билтени со информации за пријави на граѓани кои биле каснати од улично животно.
(С.Бл.)

https://www.vecer.press/кучињата-касаат-лајка-се-подготву/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6813
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 14-Oct-2020 at 11:01
Денес во употреба се пушта Јавното претпријатие за грижа за заштита на бездомните животни - ЛАЈКА.
ЛАЈКА е комплетно нов стационар, уреден и опремен по сите светски стандарди, кој располага со 200 засебни апартмани обезбедени со подно греење.
Во рамките на ЛАЈКА се спроведува тестирање, вакцинирање, стерилизирање/кастрирање и чипирање на секое од кучињата.
ЛАЈКА располага со две операциони сали, оддел за интензивна нега, тријажен дел и постоперативен простор со 20 легла, салон за нега на кучињата, СОС линија, како и специјално изградениот Парк за интеракција, преку кој кучињата кои биле жртви на траума низ игра и забава добиваат прилика да стекнат навики за ресоцијализација.
Дополнително, во рамки на стационарот овозможивме и едукативен центар во кој најмладите ќе можат да добијат едукација, како и прилика за вдомување на некое од кучињата во ЛАЈКА.
Со овој проект, наша цел е ЛАЈКА да прерасне во првото место на кое ќе помислат граѓаните кои сакаат да вдомат куче,
и истовремено да се потрудиме сите здрави и способни кучиња да најдат дом кој го посакуваат, затоа што секое куче заслужува втора шанса.







https://www.facebook.com/p.shilegov

Edited by stef4o - 14-Oct-2020 at 11:01
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.