build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Кучиња скитници
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кучиња скитници

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 891011>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 05-Jul-2010 at 13:10
Стварно ги забораивме. А што ќе праиме со уличните мачки?

Edited by toasumjas - 05-Jul-2010 at 13:11
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 13-Sep-2010 at 12:35

Внимавајте, агресивни кучиња напаѓаат на улица „Македонија“

 

Надлежните институции се оградуваат, граѓаните нека се спасуваат како умеат

Сања Наумовска


Глутницата кучиња што живеат во паркот пред Домот на армијата, во неделата вечер, само за половина час нападна двајца, а едниот од нив е странски турист. Кучињата, непредизвикани од ништо, со лаење се втрчуваа меѓу луѓето на улицата „Македонија“, која е преполна и со деца, а во еден момент влегоа и во едно од кафулињата. Петте огромни кучиња беа обележани со жолт патент на увото, доказ дека биле третирани во градскиот стационар „Вардариште“.

Зошто агресивните кучиња повторно ги вратиле на улиците, се прашуваа вознемирените скопјани што беа излезени на централното шеталиште. Очигледно е дека кучињата се третирани од беснило и од други заразни болести, но тоа не ги спречува да бидат агресивни кон луѓето, особено кога се во група. Граѓаните реагираа дека и по толку години интензивни третмани и кастрирање, сепак, бројот на кучињата-скитници незначително се намалува. Од друга страна, пак, евидентно е дека стануваат се' поагресивни и се непријателски расположени кон луѓето.

„Ништо нема да ми значи фактот дека кучето не е болно ако ме касне мене или детето“, коментираше една повозрасна скопјанка, заштитувајќи си го внучето од растрчаните и разбеснети кучиња.

Од Градот Скопје велат дека нивната надлежност почнува и завршува во стационарот „Вардариште“ каде што се должни да спроведат вакцинирање, кастрирање и обележување на кучињата. Заловувањето го прави јавното претпријатие „Комунална хигиена“, кое има обврска ако кучињата се мирни и здрави да ги врати на истото место од каде што се земени.

„Кучињата кои ги заловуваме ги прегледуваат ветеринарите во ’Вардариште‘ и тие одлучуваат каков третман ќе добијат. Ако се здрави и ако не се агресивни, ги враќаме на местото каде што се заловени. Тука завршуваат нашите ингеренции на кои сме обврзани со законите и со правилниците“, вели директорот на „Комунална хигиена“, Ракип Дочи.

На прашањето што ако третираните кучиња прават вакви проблеми, двете институции ги собираат рамениците. Нападите од многу организации за заштита на животните ги прави претпазливи, па како слеп за стап се држат до законот и до одлуките за хуман третман донесени од Советот на Скопје, со што, практично, ги оставаат граѓаните сами да се снаоѓаат во опасните ситуации. Ако некој биде каснато од куче-скитник, тој самиот ќе треба да оди на лекар, да го најде кучето што го каснало за да се утврди дали е бесно и на крај да си ги сноси трошоците за лекувањето. Стресот, коментираат скопјани, е бесплатен.

 
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3886
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 17-Oct-2010 at 17:58

Само психопат може да убие беспомошно животно

Фросина Ристовска Коментари (7)   
17.10.2010 16:49
Викторија Вујовиќ

 

Чинот на вчерашното брутално убиство на куче скитник во Драчево наведува на заклучок дека убиецот е психички растроено лице, вели за А1 психијатар кој го консултиравме.

„Екстремно однесување во кое вие убивате невино животно, а не сте нападнати од истото, го убивате на еден многу бизарен начин, тука мора да бараме психопатологија.

-Но, си поставуваме прашање, што ако во моментот тука минувал некој млад бунтовен адолесцент кој многу ги сака животните, кој во моментот во кучето ќе го препознаел своето милениче и ќе влегол во ситуација да се спротивстави и тогаш ќе се случел уште пострашен настан“, изјави Викторија Вујовиќ, психијатар.

Очевидци вчера во Драчево беа сведоци дека сторителот со континуирани убоди со нож усмртува куче скитник наводно затоа што претходно животното ги нападнало неговата сопруга и бебе.

Полицијата согласно Законот за заштита на животни направила увид на местото на масакрот но, иако го идентификувала сторителот против него засега не поднела никаква пријава за стореното дело.

 

 

„Институциите кај нас, за жал полицијата општо, затајува во секој можен случај кога се работи за загрозување на правата на животните. Ќе ја повикам министерката Јанкуловска, ова е во нејзин домен, тоа е се кривично дело.

-Не знам зошто затајуваат во секој поглед. Сфаќам дека кучињата, општо животните во Р.Македонија се многу маргинализиран проблем, меѓутоа кога се носи закон во одредена постапка, треба да се истера некој случај до крај“, рече Венера Петкоска, активист за заштита на животните.

Садистичкото убиство на животно вчера ги шокираше драчевчани но, мислењето на граѓаните е поделено околу проблемот со уличните кучиња.

„Многу сум гледал, обележани на увото со некои бројки, не знам да кажам дали се превземаат или не, мерки.

-Би сакала да се превземат повеќе мерки, за да ги нема повеќе“, велат граѓаните.

Според македонскиот Закон за заштита на животни за убиство на животно се предвидува и казна затвор до три години но таа мерка се уште не е изречена на ниту еден прекршител на Законот.

Во Велика Британија се предвидува казна затвор од седум години, во Словенија исто така се предвидува затворска казна и во Германија чиј закон е пресликан и во македонското законодавство.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=128871
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 14-Apr-2011 at 19:53

Уличните мрши завршуваат во „Дрисла“, а милениците по паркови

Поради недостиг од гробишта за миленици, сопствениците ги закопуваат умрените животни каде што ќе стасаат, а потоа ги откопуваат мачки и кучиња и ги разнесуваат на места на кои играат деца

Мршите од јавните сообраќајници ги собира „Комунална хигиена“, и завршуваат во депонијата „Дрисла“, а мртвите тела на домашните миленици насекаде во градот. Во недостиг од гробишта за миленици, сопствениците ги закопуваат каде што ќе стасаат, во паркови, на Водно или, пак, завиткани во кеси, ги фрлаат во контејнерите. На тој начин опасноста од зарази е поголема, затоа што мршите потоа ги откопуваат мачки и кучиња и ги разнесуваат на места каде што играат деца.

Но, и покрај ваквите факти, локација на гробишта за домашни животни с` уште-нема. Никој не се фаќа во костец за реализација на вакво нешто, иако тоа е карактеристично за многу европски метрополи.

- Имав куче Лаки кое го згази автомобил. Јас и мојата ќерка го закопавме на една чистинка веднаш до нашата куќа бидејќи немавме друг избор. Одозгора ставивме камења за да не го откопаат други животни, раскажува скопјанецот Киро Петров.

За идејата за оформување локација за погребување миленици се зборува со години. Таква иницијатива имаше и минатиот градоначалник Трифун Костовски, но с` остана само на зборови. Сегашните градски власти велат дека гробишта за домашни миленичиња треба да има, но рекоа дека законските можности ги ограничуваат. Воедно не располагаат со сопствено земјиште, а и немаат надлежност за вршење на таа дејност.

- Оваа идеја треба дополнително да биде регулирана во законите за да може да се иницира - изјавија од Одделението за односи со јавност.

И додека за мртвите домашни миленици решение с` уште нема, за уличните мрши кои пцовисуваат на улица - има. Тие се закопуваат во депонијата „Дрисла“, поточно во јама. Наскоро ќе се гради нова, според современи стандарди, затоа што капацитетот на постојната е истрошен.

- За да се спречат зарази, и досега мртвите тела од животни се одлагаа во јама, во рамките на санитарната депонија, но сегашната ќе биде поголема, велат од Градот.

Во новата јама, освен мрши од мачки, кучиња, кои се подигаат од скопските улици и паркови, ќе се закопуваат умрените коњи. Градските власти веќе распишаа оглас за јавна набавка на најповолна понуда за градежните работи, како дел од нивните комунални обврски. Пцовисаните животни, објаснуваат, како и досега ќе ги собира јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Според податоците, во јануари годинава, од улиците на Скопје се собрани 27 умрени животни, во февруари 32, а во март 38 мрши.

Анела Петрова


Дежурен телефон за подигање умрени животни

Граѓаните кои ќе забележат пцовисано животно на улица, може да ги повикаат службите на „Комунална хигиена“. Телефонот на кој може да го сторат тоа е 3-216 -644, а според надлежните во јавно претпријатие, тој е дежурен и отворен 24 часа. Екипите, велат, по повикот ќе дојдат и ќе ја подигнат мршата. Воедно, потенцираат оттаму, не се надлежни да доаѓаат на повик за подигање мртви животни по приватни домови.

Портпаролот Ана Марија Бранѓолица изјави дека според досегашното нивно искуство имаат малку јавувања од граѓани кои пријавуваат подигање мрши од јавни површини. #
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E29233411C57194997497E71B22387DD
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 17-Apr-2011 at 22:48

       Би сакал сопствениците на кучиња, кои толку многу се повикуваат на Западот да ми одговорат:

      - Кога, кој било од нив, го собрал изметот од своето куче со хигиенска ракавица, кога истото ќе изврши нужда во паркот?
 
      Јас досега таков случај немам видено. Ако некој друг има, нека постира слика.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 17-Apr-2011 at 23:34
Кучињава се испотепаа добар дел завршија по стационари. Намален е бројот од пред 2-3 години ама уште може да се видат по цели глутници. Ама ипак мислам дека не е како порано.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 17-Apr-2011 at 23:41
Јас познавам луѓе кои редовно доколку кучето изврши нужда на јавна површина, веднаш ја собираат. Дури го имаат кучето научено надвор да не врши голема нужда. Но бројот на таквите луѓе е редок. Проблемот со скитнициве е тоа што после стационар пак ги враќаат на улица. Ова лесно може да се реши, малце поголем стационар и сите внатре да ги збутаат. Ама тогаш се јавуваат т.н. заштитници на животинските права и затоа иаме толку скитници.
Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 18-Apr-2011 at 01:07
Порано имаше на некои места и корпи каде што би го фрлиле изметот ама Македонска работа не издржаа ни пола година ги испокршија. Иначе такви корпички не се нешто ново и би требало да ги има во сите паркови каде што се шетаат кучиња, а и зошто да не и на други места.

Инаку незнам може на е баш за тука ама добро е да размисли градот за правње на off leash парк во Скопје.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 18-Apr-2011 at 03:25
Евидентно мора да се повторува суштината на проблемот дека не доаѓа само по себе бројот на кучиња туку дека е пропорционален со ратурената јхрана по улиците. Кучињеата што се вратени на улиците само ги уништуваат дел од условите на оние кои се способни да оставаат потомство така да треба да се враќаат зашто учествуваат во намалувањето на рбројот. Кој го интересира го имам поназад разглабано ова и може да го чита да не се повторувам сега одново.
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 28-Apr-2011 at 16:37
Ретко кој во Скопје ,особено во парковите го собира изметот од кучињата.Тоа е реалност за нас граѓаните.И највеќе од све ме нервираат тие така наречени борци за правата на кучињата кој слободно можам да кажам дека само "лаат'' од својте канцеларии и се глупираат со својте ставови.Најдобро би било кучињата штом ќе се фатат од улиците да се однесат право во тие здружение кој многу многу многу се грижат за нив.И друго нормално е секој човек доколку забележи агресивно куче како напаѓа  некој друг секако дека ќе го збрка или утепа.Незнам што му е и приказнава горе на А1 па дури и псиголози викаат.Глупости 
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 28-Apr-2011 at 16:51
   Е, се нема раат од глупавото и изопачено човештво. Ако веќе се грижиш за правата на кучињата, зошто не се грижиш за правата на свињите, кои се ПОИНТЕЛИГЕНТНИ животни. Или убаво ти е кога кркаш пршута и увијачи. Дозволуваш да ги заколат, лицемеру низаеден! Наместо да се ангажираш и да бараш затворање на сите кланици и месарници, тебе ич око не ти трепнува.
Зашто никаде те нема во одбрана на правата: на кокошките, на мисирките, на рибите, на дивечот? Наместо тоа, усните пени ти фатија, лигавејќи се во одбрана на припитомените волци.
Зашто таква селективност, о лицемеру! Како што сите луѓе се еднакви пред Господ, така и сите животни се еднакви. Или според тебе, некои животни се поеднакви од другите, како во Животинска фарма.
Таму една од последнати реченици гласеше, ако се сеќавам добро,
ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ЗНАЕШЕ КОЈ Е СВИЊА, А КОЈ Е ЧОВЕК.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3886
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 28-Apr-2011 at 17:02
Originally posted by phenomenon

   Е, се нема раат од глупавото и изопачено човештво. Ако веќе се грижиш за правата на кучињата, зошто не се грижиш за правата на свињите, кои се ПОИНТЕЛИГЕНТНИ животни. Или убаво ти е кога кркаш пршута и увијачи. Дозволуваш да ги заколат, лицемеру низаеден! Наместо да се ангажираш и да бараш затворање на сите кланици и месарници, тебе ич око не ти трепнува.
Зашто никаде те нема во одбрана на правата: на кокошките, на мисирките, на рибите, на дивечот? Наместо тоа, усните пени ти фатија, лигавејќи се во одбрана на припитомените волци.
Зашто таква селективност, о лицемеру! Како што сите луѓе се еднакви пред Господ, така и сите животни се еднакви. Или според тебе, некои животни се поеднакви од другите, како во Животинска фарма.
Таму една од последнати реченици гласеше, ако се сеќавам добро,
ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ЗНАЕШЕ КОЈ Е СВИЊА, А КОЈ Е ЧОВЕК.


Ne se soglasuvam so tebe.Kucinjata se domasni zivoti a svinjata ne mozes da go cuvas doma, svinja e svinjaLOL

Koga site ovie drzavi imaat skoro poseben zakon za kucinjata zosto bi nemale nie?
Znaci site se glupi samo nasata drzava neNuts
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 28-Apr-2011 at 17:05
   Зарем никогаш досега не си видел прасе како домашно милениче?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3886
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 28-Apr-2011 at 17:07
Originally posted by phenomenon

   Зарем никогаш досега не си видел прасе како домашно милениче?


Da a potoa koga kje raste?Pak na farma pak na mesarnica, a kuceto ne se jadi, osven vo Kina.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 28-Apr-2011 at 17:11
   Не се работи само за свињата. И куниќите (питомите зајаци) се домашни миленици, па завршуваат в тенџере. Чинчилите се прекрасни и преубави животни, но на крај ќе им ја одерат кожата.
Ако ти не јадеш кучешко месо, има луѓе кои јадат (Кина, Кореја). Како би ти било тебе да донесат закон да не смее да се коле свиња, теле или кокошка и ти присилно да мораш да прејдеш во вегетаријанци?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3886
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 28-Apr-2011 at 17:42
Originally posted by phenomenon

   Не се работи само за свињата. И куниќите (питомите зајаци) се домашни миленици, па завршуваат в тенџере. Чинчилите се прекрасни и преубави животни, но на крај ќе им ја одерат кожата.
Ако ти не јадеш кучешко месо, има луѓе кои јадат (Кина, Кореја). Како би ти било тебе да донесат закон да не смее да се коле свиња, теле или кокошка и ти присилно да мораш да прејдеш во вегетаријанци?


Vegetarijanec sumRock
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 14-Jul-2012 at 14:47
од Драган Богдановски

Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1164
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 14-Jul-2012 at 14:58
Big%20smile Мојата сликаааа, јас им ја пратив на мотика. Па стварно што е многу многу е, кучиња по тетово скитници вриее и самата слика кажува 7 кучиња на едно место 
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 14-Jul-2012 at 16:38
па можеше и овде да ја ставиш,за да немора да прекопувам по сајтови
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1164
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 14-Jul-2012 at 16:50
Добро нема врска, алии уште една напомена треба нешто да се превземе со овие кучиња скитници, значи пред неколку години бев сведок се враќав од чаршија - и видов камион внтаре во кој имаше кучиња можеби преку 20 и ги ослободиуваше по тетовските улици , во лгавно тие кучиња се фатени уловени од другите градиви  иг пуштаат кај нас. Општините терба да превземат некој мерки, знам дека не е човечки да се убиваат али нема друго решение, и човечки не е да се фрлаа атомски бомби, али го правиме, и за кучињата не треба совест, тоа куче кој сака да е нема да ти го земе после како домашно милениче. Така да нивните животи се безвредни.

Edited by Dragan - 14-Jul-2012 at 16:51
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 891011>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.