build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кучиња скитници

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 10-Oct-2021 at 13:44
ОПШТИНИТЕ САРАЈ, ЧАИР И ШУТО ОРИЗАРИ НЕ САКААТ ДА ДАДАТ ПАРИ НА „ЛАЈКА“ ЗА ЗАЛОВУВАЊЕ УЛИЧНИ КУЧИЊА

Општините Сарај, Чаир и Шуто Оризари не склучиле договор со Јавното претпријатие „Лајка“ за заловување на уличните кучиња. Град Скопје лани во декември донесе одлука со која и општините треба да се вклучат во финансирањето на јавното претпријатие за бездомни животни. Според одлуката која беше изгласана во Советот на Град Скопје, секоја општина треба годишно да дава на „Лајка“ по 32.000 евра, а Град Скопје за оваа намена ќе издвојува 160.000 евра.

Но, три општини таа одлука не ја почитуваат и досега, речиси цела година откако е стапена на сила, немаат склучено договор со претпријатието и не дале пари за заловување бездомни кучиња.

„Со Општините Аеродром, Ѓорче Петров, Центар, Гази Баба, Кисела Вода и Бутел склучени се договори за меѓуопштинска соработка за заловување на кучиња на 1 март. Со Општина Карпош договорот е склучен во август, додека Општините Сарај, Чаир и Шуто Оризари немаат склучено договор“, велат од ЈП „Лајка“.

На нашето прашање дали тоа значи дека во овие три општини кои не склучиле договор не се заловуваат бездомни кучиња, ни одговорија дека ЈП „Лајка“ од почетокот на своето работење постапува во сите општини од Градот Скопје, по претходно издадени решенија од официјалните ветеринари при Агенцијата за храна и ветеринарство, а во врска со каснувања од кучиња.

За уличните кучиња кои се заловуваат, од „Лајка“ најпрво бараат семејства кои ќе ги вдомат. Ако не бидат вдомени, откако ќе бидат чипирани и стерилизирани се враќаат повторно на улица.

Од самото отворање на прифатилиштето, „Лајка“ има отворено профили на социјалните мрежи, Фејсбук и Инстаграм на македонски и англиски јазик, каде што постојано се објавуват кучиња коишто се подготвени за вдомување. Досега се вдомени вкупно 150 кучиња. Покрај во земјава, „Лајка“ досега има вдомено околу 50 кучиња и во странство, односно во САД, Германија, Шведска и Белгија.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtinite-saraj-chair-i-shuto-orizari-ne-sakaat-da-dadat-pari-na-lajka-za-zalovuvane-ulichni-kuchina/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 10-Oct-2021 at 14:35
ЈП "Лајка" да се прекрсти во ЈП "Идриз"...


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 25-Dec-2021 at 17:51
МЕСТО ДА ПОЧНЕ СО РАБОТА, ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД ЈУГОИСТОКОТ СЕ ОТКАЖАА ОД ЗАЕДНИЧКО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО УЛИЧНИТЕ КУЧИЊА

Место да почне да функционира за десетте општини од југоистокот, регионалното јавно претпријатие за заловување и третман на кучињата скитници ќе се ликвидира, а основачките права ќе се префрлат на општина Струмица. Ваква одлука донесе Советот на градоначалници од југоистокот кој на неколку седници расправаше за и околу функционирањето на новоформираното регионално претпријатие ,,Астра луна’’ чија цел ќе беше решавање на проблемот со уличните кучиња од југоистокот. За таа цел изминативе години беа набавени возила за заловување а во општина Струмица беше изграден прифатен центар со боксови, стационар а сличен требаше да се гради и во Валандово со средства обезбедени од меѓународни фондови.

„Сметавме дека целиот проект е неиздржан и нефункционален за регионално ниво. Одлучивме секоја општина преку Советите да донесе одлука да се ликвидира ова регионално јавно претпријатие за да можеме да го префрлиме на општина Струмица која изрази интерес да го преземе. За возврат, Струмица треба да ги поврати основачките влогови на останатите општини“, ни изјави Андон Сарамандов, претседател на Советот на Југоисточниот плански регион.

Ова значи дека општините од југоистокот со исклучок на Струмица и понатаму проблемот со кучињата скитници ќе го решаваат индивидуално со ангажирање на приватни фирми преку тендери.

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов потврди дека како општина изразила подготвеност да ги презеде основачките права на регионалното ,,Астра Луна’’, а досегашните влогови преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион да ги врати на останатите општини.

„Сите општини од Југоистокот на наредните седници треба да донесат одлука за ликвидација на регионалното претпријатие, а ние да донесеме одлука за основање на наше општинско. Ова значи дека сами ќе го решаваме проблемот со кучињата скитници и се надевам дека во првите месеци од 2022 ќе отпочне со работа. Како градоначалник веќе имам планирано средства за таа намена во Буџетот на општината за идната година. Ќе настојуваме ова Јавно претпријатие да биде самоодржливо и да учествува на тендерите за заловување и хуман третман на кучињата од други општини“, вели градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов.

Годишно, општините од југоистокот за решавање на проблемот со уличните кучиња трошат по околу 40-тина илјади евра. За оваа година општините Дојран , Гевгелија, Богданци и Валандово имаа склучено договори со фирмата ,,Анри Вет’’од Стојаково. Согласно потпишаните договори Гевгелија третманот на кучињата скитници ја чини 9.500 евра, Богданци 5.500, Валандово околу 4.800 и Дојран 2.500 евра.

Радовиш за ова намена во мај ја ангажираше фирмата ДПТУ ,,Ветеринарна станица’’ од Неготино за износ од 8.100 евра, додека Општина Струмица последна ваква набавка направила во јуни 2019 за период од една година за околу 13 илјади евра со кумановската ,,Тодор Велков’’.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/mesto-da-pochne-so-rabota-gradonachalnitsite-od-jugoistokot-se-otkazhaa-od-zaednichko-pretprijatie-za-reshavane-na-problemot-so-ulichnite-kuchina/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 07-Jan-2022 at 16:18
Порталб: Кучиња скитници постојано напаѓаат жители во Тетово, општината ветува решение

Само во текот на 2021 година во Секторот за внатрешни работи Тетово имало 112 пријави за каснувања од кучиња скитници, пишува Порталб.мк. Сепак, оваа бројка е поголема бидејќи не се сите случаи пријавени во полиција.

Во текот на јавната расправа за буџетот на општина Тетово за 2022 година граѓаните побара да се реши проблемот за Тетово да биде побезбедно, пред сé за децата.

„Со оглед на тоа што сите се будиме рано, секој ден се соочуваме со кучиња скитници. Скоро, минатиот месец и самиот се соочив со нив излегувајќи од дома, имавме и случаи на напади врз деца. Барам да се направи проект за решавање на овој проблем, за да немаме повеќе кучиња скитници на улица затоа што навистина е многу голем проблем и се надевам дека овој проблем ќе се отстрани. Пред неколку месеци имавме случај во Речица, па случајот во Гостивар, затоа што кучиња имаме секојдневно на улица“, рече еден граѓанин.

Мемет Јонузи, раководителот на секторот за комунални дејности рече дека за оваа година планираат изградба на прифатилиште за кучиња скитници, во вредност од 2 милиони денари.

„Истовремено ја имаме и програмата што треба да ја одобриме, тоа е предлог програма за решавање на проблемот со кучињата скитници на територијата на општина Тетово. Генерално во програмата се опишани сите активности, кои ние како општина треба да ги спроведеме, односно преземање одговорност за овој проблем кој е проблем на целиот регион и на државата. Ќе ги преземеме нашите мерки, но проблемот е поопшт. На последната средба на градоначалникот со другите градоначалници на Полог, се договорија дека со овој проблем треба да се носат сите општини и за истиот да се најде поиздржливо решение“, рече Јонузи.

Општината планира секој месец да лови по 20 кучиња за да ги засолни и да ги вакцинира.

„Во буџетот се предвидени средства за континуирано третирање на овој проблем, но во соработка со другите општини од Полог. Центарот за регионален развој веќе има предвидено проект за регионален центар за третман на кучињата скитници затоа што парцијалниот третман од страна на одредени општини е проблематичен бидејќи има појава на префрлување кучиња од една во друга општина“, рече градоначалникот Билал Касами.

Инаку, финансиските средства што општина Тетово ги издвои за овој проблем се пониски од лани, односно за годинава општината издвои 2 милиони денари, а лани беа издвоени 3,5 милиони денари. Да потсетиме дека во септември, кучиња скитници нападнаа четиригодишно дете од Мала Речица додека играло пред својата куќа и сериозно го повредија. Мораше да се хоспитализира.

https://meta.mk/portalb-kuchinja-skitnici-postojano-napagjaat-zhiteli-vo-tetovo-opshtinata-vetuva-reshenie/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 10-Jan-2022 at 11:30
Секој 5-ти ден напад од кучиња скитници во Тетово – општината издвоила 1.5 милиони денари, но не се доволни

66 граѓани биле каснати од кучиња скитници во Тетово во текот на 2021, покажуваат податоците од МВР. Ова значи дека секој петти ден се случувал по еден напад. Тоа се само случаите кои се пријавени во полиција, без да ги сметаме тие кои не се евидентирани. И покрај ова, во Тетово повеќе од 4 месеци не се третираат кучињата скитници. Еден месец пред почетокот на изборната кампања, на општината и завршил буџетот предвиден за кастрирање и вакцинирање на кучињата скитници. За 2022 велат дека се предвидени 1.5 милион денари.

„Општина Тетово за 2022, според Програмата за градежно земјиште предвидела 1.500.000,00 денари. Третманот ќе започне веднаш по завршување на постапките за јавни набавки според планот за 2022“, велат од општината.

Ветеринарот Рами Селмани кој има единствена ветеринарна амбуланта во регионот за кастрирање и операции, вели дека издвоените средства не се доволни за решавање на проблемот со кучињата скитници.

„1.5 милиони се толку малку што немам коментар. Оваа сума е доволна за еден и пол месец или два, и завршува, и ќе продолжи се како што беше, фаќањето и пуштањето, операција, вакцинирање и чување на кучињата во стационар“, посочи Рами Селмани.

За долгорочно решавање на проблемот со кучињата скитници сумата треба да се зголеми четирикратно, вели Селмани.

„Оваа сума е многу мала за градот Тетово, бидејќи се разговара во иднина да не биде исто, фаќањето на кучињата и нивното вакцинирање да се прави во стационар и да не се пуштаат кучињата на истата локација каде што биле заловени, туку да се чуваат постојано тука. Нормално достигнува три или четири пати повеќе“, додава Рами Селмани.

Општина Тетово во т екот на 2021 издвоила 3 милиони денари за т ретирање на кучињата скитници но дури ни тие средства не биле доволни.

На 19 септември минатата година во Тетово глутница кучиња нападнаа 5 годишно дете и му нанесоа тешки повреди, а општина Тетово во 2021 изгуби околу 6 судски процеси за нетретирање кучиња скитници, но ниедна од оштетените страни до сега не успеала да добие оштета во врска со ова прашање.

https://mk.tv21.tv/sekoj-5-ti-den-napad-od-kuchina-skitnitsi-vo-tetovo-opshtinata-izdvoila-1-5-milioni-denari-no-ne-se-dovolni/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 16-Jan-2022 at 14:47
Ако се намали бројот на агресивни кучиња на улиците, ќе се намали и бројот на каснати граѓани

Речиси и да нема населба во Скопје во која дел од локалното население не стравува од глутници кучиња кои се шетаат низ улиците, парковите, детските игралишта…

И покрај бројните обиди од страна на надлежните институции, но и од организациите посветени за заштита на животните, и покрај стотиците посвојувања направени од страна на хумани граѓани од земјава, но и од странство, сепак бројот на бездомни кучиња кои талкаат низ Скопје е огромен. Речиси и да нема населба во градот во која дел од локалното население не стравува од глутници кучиња кои се шетаат низ улиците, парковите, детските игралишта. За среќа, огромен број од кучињата скитници се мирни и не напаѓаат, но за жал постојат и агресивни кучиња кои претставуваат сериозна закана за случајните минувачи кога ќе се најдат во нивна непосредна близина. Причина за дополнителен страв кај дел од скопјани е и групирањето на бездомните кучиња. Според познавачите, токму глутниците на кучиња се проблем, иако и изолираните единки знаат да нападнат.

Во обид да се надмине или барем да се намали ваквиот проблем со бездомните кучиња, кои оправдано или помалку оправдано претставуваат причина за страв кај населението, од ЈП „Лајка“ излегоа со апел до граѓаните да пријават доколку забележат глутница на кучиња или агресивно куче во нивна непосредна близина или во непосредна близина на местото на кое што живеат.

Доколку се соочувате со проблем од глутница кучиња или агресивно куче во вашето населено место, ве молиме пријавете на нашата електронска адреса prijavi@lajka.com.mk, како би можела екипата на ЈП „Лајка“ да постапи на терен по вашата пријава. Вашата пријава потребно е да содржи фотографии или видео од кучето или глутницата од кучиња – информираат од ЈП „Лајка“.

Според информациите добиени од ова јавно претпријатије, во моментов во прифатилиштето има околу 70 кучиња кои се комплетно здрави и кои чекаат хумани граѓани да ги посвојат и на тој начин да им обезбедат топол дом, соодветни услови за живот и редовни оброци.

Во моментот во прифатилиштето на Лајка има околу 70 здрави единки кои го имаат поминато целиот хуман третман и за кои активно бараме дом. Доколку сте во можност и имате желба да вдомите куче испратете меил на vdomi@lajka.com.mk. Вдомувајќи бездомно куче од Лајка ќе добиете миленик кој за возврат ќе ви подари многу љубов и живот полн со забава – децидни се од ЈП „Лајка“.

Од ова јавно претпријатие во обид да им олеснат на новите сопственици на кучиња, на сите оние кои првпат се соочуваат со улогата дома или во двор да чуваат куче, но и за сите хумани граѓани кои сакаат да започнат да им даваат храна на кучињата кои на овие ниски температури се наоѓаат надвор и талкаат, излегоа со низа совети околу типот на храната и начинот на грижа која треба да им се пружи на животните.

Правилната и урамнотежeна исхрана е важна за среќен и здрав живот на вашето куче. Здравата исхрана кај кучињата е исклучително важна за нивната здравствена состојба бидејќи дел од здравствените проблеми може да произлезат токму од несоодветниот начин на исхрана. Во таа насока препорачуваме сува дехидрирана или влажна храна за кучиња. Секој производител на сува храна има пропишана таблица за дневно потребно количество на сува храна изразено во грамови. Ваквата храна за кучиња е најчесто на база на говедско, пилешко, јагнешко, зеленчук или риба. Количеството на храна кај кучињата на дневна основа зависи од неколку фактори: возраст на кучето, здравствена состојба на кучето и нивото на активност на кучето – објаснуваат надлежните од ова јавно претпријатие.

Според нив, во зависност од возраста и килажата на кучето, потребно е за кучиња до 4 месеци да се даваат 4 до 5 помали оброци, за кучиња од 6 до 12 месеци по 2 оброка на ден, а за кучиња над 12 месеци по 1 или по 2 оброци на ден.

Покрај препораките за користење на посебна храна наменета за кучиња, некои сопственици се одлучуваат за готвена храна, па доколку се одлучите за овој начин на исхрана препорачуваме да одбегнувате многу зачинети и солени, запршки и мрсна храна, благи производи, особено чоколадо, пилешки коски, сувомеснати производи кои содржат многу конзерванси, јаткасти плодови, авокадо и др. Човечка храна која е безбедна за кучињат е морков, брокула, јаболко, бел ориз, риба, пилешко, варено јајце, путер од кикирики и др. Ако самите готвите за вашето куче, мора да обезбедите разновидна и урамнотежена исхрана. Кучешката храна, како што е сувата или влажната храна, веќе ги содржат сите важни хранливи материи кои му се потребни на секое куче на дневна основа – објаснуваат „Лајка“.

https://www.slobodenpecat.mk/ako-se-namali-brojot-na-agresivni-kuchinja-na-ulicite-kje-se-namali-i-brojot-na-kasnati-gragjani/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 17-Jan-2022 at 15:30
Недостига соодветен системски пристап за оваа појава.Во ред е да има во градот по некое куче скитник но не во огромни глутници конкретно во Мичурин ги има по 12-13 минимум и треба соодветно да се заловат и третираат.

-------------------------------------------------------
Муцунски во ЈП „Лајка“: Системски ќе го решиме проблемот со кучињата скитници

„Денеска имаме чест и задоволство да разговараме за проблемот со бездомните кучиња, кој претставува предизвик за сите жители на нашата општина од гледна точка на нивно безбедно живеење. Бездомните кучиња во одредени делови од нашата општина претставуваат сериозен безбедносен ризик за граѓаните од сите возрасни категории“, изјави градоначалникот Муцунски по посетата на ЈП „Лајка“.

Тој посочи дека Општина Аеродром бара во периодот што доаѓа во соработка со Градот Скопје и со ЈП „Лајка“ системско решение што ќе биде долгорочно и во интерес на граѓаните.

„Свесни сме дека новиот директор го стекна претпријатието во една тешка состојба, како финансиска, така и организациска и техничка, но според тоа што го видов денеска, тој е апсолутно амбициозен и има вистинска намера да ја претвори „Лајка“ повторно во сервис на граѓаните“, додаде Муцунски со уверување дека во најбрз можен рок и овој проблем на аеродромци ќе биде решен.

В.д. директорот на „Лајка", Димитровски, рече дека му ја претставил на градоначалникот целокупната работа на прифатилиштето.

„Разговаравме за можност за понатамошна дополнителна соработка, да видиме кои точно локации во Општина Аеродром се приоритетни, а исто така разговаравме и за стратегија за решавање на проблемот со бездомните кучиња во рамки на самата општина“, изјави Димитровски.

Безбедноста на аеродромци е на прво место, порачаа Муцунски и Димитровски.

https://kanal5.com.mk/mucunski-vo-jp-lajka-sistemski-kje-go-reshime-problemot-so-kuchinjata-skitnici/a512233
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 18-Jan-2022 at 01:19
Само прееска видов шест кучиња-скитници надвор.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 22-Jan-2022 at 17:39
ШТИП ГО УКИНА СТАЦИОНАРОТ ЗА КУЧИЊА СКИТНИЦИ ОТИ НЕ Е ПО СТАНДАРД, А НЕМА НИ ОПЕРАТОР ЗА ЗАЛОВУВАЊЕ

Општина Штип го укина стационарот за кучиња скитници оти нема водоводна мрежа и не е по стандардите, а на тендер ќе бира нов оператор за заловување кучиња затоа што договорот со постојната Ветаринарна станица е прекинат. Но, и операторот сакал да ја откаже соработката со Општината, поради отштетите што ги плаќала на граѓани кои биле каснати од кучиња скитници.

Градоначалникот на Штип Иван Јорданов вели дека тој пред неколку дена го потпишал планот за јавни набавки, во кој влегува и изборот на оператор за згрижување кучиња скитници и во текот на наредната работна недела може да се распише тендер, а смета дека за кратко време проблемот ќе биде решен.

„За стационарот што пред 4 години беше отворен во месноста Новакова Чешма во близина на Штип добивме укажувања од организациите за заштита на животните, затоа што немал вода и навистина е вон сите потребни стандарди. Вода нема затоа што во тој реон нема водоводна мрежа, па затоа одлучивме да го раскинеме договорот со Ветеринарната станица која го имала тендерот за заловување кучиња и нивно сместување во импровизираниот стацинонар. Ќе бараме новиот оператор да обезбеди друг адекватен стационар за кучиња скитници“, вели Јорданов.

Ветеринарната станица во Штип која беше оператор неколку години, исто така не била задоволна од работата и имала намера да ја прекине соработката со Општината за заловувањето и стационирањето на кучињата скитници.

„Имавме многу трошоци околу заловувањето на кучињата, нo капак на сè беа високите трошоци што ги плаќавме по тужби на граѓани кои биле каснати од кучиња скитници. Не можевме да го издржиме плаќањето по 1.000 евра од случај, па затоа сакавме да го раскинеме договорот“, вели Крсте Митев од Ветеринарната станица.

Трајче Ристов од општинската правна служба вели дека Општината лани била тужена од девет граѓани кои барале отштета поради тоа што биле каснати од кучиња скитници. И во изминатите години имало од 5 до 10 такви тужби. Граѓанските здруженија сметаат дека бројот на каснати граѓани ќе се зголеми, затоа што времето без оператор за заловување кучиња ќе придонесе повторно во целиот град да има глутници кучиња кои и досега најмногу беа присутни во центарот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shtip-go-ukina-statsionarot-za-kuchina-skitnitsi-oti-ne-e-po-standard-a-nema-ni-operator-za-zalovuvane/
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 23-Jan-2022 at 21:40
Originally posted by stef4o

Недостига соодветен системски пристап за оваа појава.Во ред е да има во градот по некое куче скитник но не во огромни глутници конкретно во Мичурин ги има по 12-13 минимум и треба соодветно да се заловат и третираат.

-------------------------------------------------------
Муцунски во ЈП „Лајка“: Системски ќе го решиме проблемот со кучињата скитници

„Денеска имаме чест и задоволство да разговараме за проблемот со бездомните кучиња, кој претставува предизвик за сите жители на нашата општина од гледна точка на нивно безбедно живеење. Бездомните кучиња во одредени делови од нашата општина претставуваат сериозен безбедносен ризик за граѓаните од сите возрасни категории“, изјави градоначалникот Муцунски по посетата на ЈП „Лајка“.

Тој посочи дека Општина Аеродром бара во периодот што доаѓа во соработка со Градот Скопје и со ЈП „Лајка“ системско решение што ќе биде долгорочно и во интерес на граѓаните.

„Свесни сме дека новиот директор го стекна претпријатието во една тешка состојба, како финансиска, така и организациска и техничка, но според тоа што го видов денеска, тој е апсолутно амбициозен и има вистинска намера да ја претвори „Лајка“ повторно во сервис на граѓаните“, додаде Муцунски со уверување дека во најбрз можен рок и овој проблем на аеродромци ќе биде решен.

В.д. директорот на „Лајка", Димитровски, рече дека му ја претставил на градоначалникот целокупната работа на прифатилиштето.

„Разговаравме за можност за понатамошна дополнителна соработка, да видиме кои точно локации во Општина Аеродром се приоритетни, а исто така разговаравме и за стратегија за решавање на проблемот со бездомните кучиња во рамки на самата општина“, изјави Димитровски.

Безбедноста на аеродромци е на прво место, порачаа Муцунски и Димитровски.

https://kanal5.com.mk/mucunski-vo-jp-lajka-sistemski-kje-go-reshime-problemot-so-kuchinjata-skitnici/a512233


Пред недела дена на кејот на потегот од Холидеј Ин до Три Бисери имаше 2-3 групи од по 5-6 комада. Не знам од кај излегоа претходно не сум ги забележал. Не беа агресивни и претежно со помал раст ама ми сметаше тоа што ја имаа окупирано патеката, а тоа е ризик за секој на точак.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 24-Jan-2022 at 14:12
Во последно време, освен што има цели глутници, станати се и многу агресивни, многу е опасно да поминеш покрај нив. Пред Нова година кај МАНУ ми се пушти глутница, лаеја по колата, морав да закочам да не ги прегазам, среќа немаше многу сообраќај зашто беше доцна навечер, инаку можеше да настане поголема незгода. Минута-две не можев да тргнам, морав да преминам во друга лента за да продолжам. Е сега, замислете да не бев во кола туку на велосипед.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 24-Jan-2022 at 17:50
Originally posted by Џоле

Во последно време, освен што има цели глутници, станати се и многу агресивни, многу е опасно да поминеш покрај нив. Пред Нова година кај МАНУ ми се пушти глутница, лаеја по колата, морав да закочам да не ги прегазам, среќа немаше многу сообраќај зашто беше доцна навечер, инаку можеше да настане поголема незгода. Минута-две не можев да тргнам, морав да преминам во друга лента за да продолжам. Е сега, замислете да не бев во кола туку на велосипед.


Во Мичруин(околу напуштената куќа и црквата),ги има околу 12-13 во глутници од по 5-6 шпартаат дење ноќе за малку пред некој ден ќе паднеше еден велосипедист во обид да ги избегне,исто така трчаат по речиси секое возило особено на авто школите кои возат побавно.Никој не се зафаќа со посериозен пристап кон проблемов од кој може да произлезат голем број други незгоди,сообраќајки и слично.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 24-Jan-2022 at 20:43
Проблемов мора под итно да се реши!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 25-Jan-2022 at 16:41
ИНТЕРВЈУ СО В.Д. ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „ЛАЈКА“, ВОЈИСЛАВ ДИМИТРОВСКИ: Ќе го спречиме приливот на нови бездомни кучиња

Главната цел ни е контрола на бездомните кучиња на територијата на Град Скопје, со што ќе ги гарантираме здравствената заштита и јавната безбедност на населението, а со тоа ќе го спречиме приливот на нови кучиња по градските улици – вели директорот на јавното претпријатие „Лајка“, Војислав Димитровски, за весникот ВЕЧЕР

Контролата на популацијата на бездомните кучиња првенствено се постигнува со стерилизација/кастрација, вакцинација, обележување со ушни маркици и повторно враќање на матичната локација каде што биле заловени, смета в.д. директорот на јавното претпријатие „Лајка“, Војислав Димитровски, кој за весникот ВЕЧЕР зборува за воведувањето новитети во работењето и настојувањето да се постигне контрола на популацијата на бездомните кучиња

Почнавте со воведување неделен извештај за тоа колку кучиња се заловени, колку се вдомени, колку се евтаназирани, колку се стерилизирани, кастрирани, итн. Уште какви други новини планирате да воведете во работењето на ова јавно претпријатие?

– Воведувањето на неделниот извештај го сторивме бидејќи сакаме да бидеме транспаренти во јавноста и да ги информираме граѓаните на неделно ниво за нашите активности. Секако дека планираме новитети во работењето, во насока на вклучување волонтери во секојдневната работа на претпријатието, воспоставување дежурна служба за заловување кучиња во случај на инцидент. Ќе го водиме претпријатието во насока на активно спроведување зелена политика и заштита на околната средина, како и заштеда на ресурси.

Планираме и активности за зголемување на јавната свест на граѓаните за одговорно сопствеништво, со крајна цел да се запре изворот на бездомни кучиња кои доаѓаат од домашните кучиња. Сепак, главната цел ни е контрола на бездомните кучиња на територијата на Град Скопје, со што ќе ги гарантираме здравствената заштита и јавната безбедност на населението, а со тоа ќе го спречиме приливот на нови кучиња по градските улици.

Кое е Вашето основно мото за намалување на бројот на бездомните животни?

– Контролата на популацијата на бездомните кучиња првенствено се постигнува со стерилизација/кастрација, вакцинација, обележување со ушни маркици и повторно враќање на матичната локација каде што биле заловени. Секако, сакаме и целиме кон тоа да му најдеме на секое куче топол дом, и засега добро ни оди. Декември ни беше рекорден месец во однос на вдомувањето на кучиња. Беа вдомени 45 кучиња од ЈП „Лајка“, што претставува 25 проценти од вкупно вдомените од почетокот на функционирањето на претпријатието во 2020 година. Секако, овие вдомувања беа реализирани и во соработка и со несебична помош од здруженијата и активистите за заштита на животните и граѓаните на цела Македонија. Успешно го спроведуваме процесот на вдомување бездомни кучиња и многу ми е мило што со тоа ја подигнуваме свеста кај граѓаните за одговорно сопственишто.

Имате ли бројка колку бездомни животни сега има низ улиците на Скопје, а колку во моментов се наоѓаат во стационарот на „Лајка“?

– Според броењето на Факултетот за ветеринарна медицина Скопје, во градот, за 2021 година, се изброени околу 1.800 бездомни кучиња. При користењето на оваа методологија, статистички не се вметнати домашните миленици, што нè води до заклучокот дека бројката е поголема од утврдената од Факултетот за ветеринарна медицина. Здруженијата располагаат со бројка од 6.000 до 8.000 единки, според статистичка методологија за броење бездомни кучиња. Според мене, бројката е некаде на половина. За 2022 година имаме проектирано дека со хуман третман ќе бидат третирани 2.500 единки, со што сметаме дека на ваков начин би биле третирани барем 75 проценти од популацијата на бездомни кучиња во рамките на градот, што е основа за контролирање на проблемот со бездомните кучиња во иднина.

Нашиот стационар е секојдневно исполнет, динамична ни е работата. Едно куче се заловува, друго или се вдомува или се враќа на матичната локација, каде што било првично заловено, но бројката на кучиња кои се секојдневно во ЈП „Лајка“ од 180 во декември 2021 година ја намаливме на 120, при што ниту едно не е евтаназирано.

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бара итен инспекциски надзор на ЈП „Лајка“ и констатирање на фактичката состојба, ревизија на сите продуцирани документи кои се однесуваат на работата на претпријатието во време на мандатот на директорката Тина Петрушевска, на годишните програми и проверка на точноста на годишните извештаи за работа. Тие сметаат дека таа лажирала провала во стационарот, со цел да исчезнат документи од работењето на јавното претпријатие „Лајка“ за, како што велат, да се скријат податоците за евтаназираните кучиња. Кој е Вашиот став околу ова?

– Јавното претпријатие „Лајка“ работи транспарентно и е отворено за јавноста во однос на сите активности што се спроведуваат во негови рамки. Во изминатиот период, по иницијатива на здруженијата за заштита на животните, имавме инспекциски надзор од Агенцијата за храна и ветеринарство, при што се утврдија определени неправилности во работењето од изминатиот период, по кои постапуваме во моментот. Исто така, по иницијатива на Управниот одбор на претпријатиетo беше спроведена ревизија од Секторoт за внатрешна ревизија на Град Скопје, која, исто така, посочи на определени нерегуларности во работењето, по кои постапуваме и работиме во моментот, за да не се повторат во иднина. Во однос на процесот на евтаназија на кучиња, во ЈП „Лајка“ се води евиденција за секое евтанизирано куче и постојат записи за причината и под кои услови е евтанизирано тоа. Доколку утврдиме определени нерегуларности во однос на оваа процедура, со сигурност ќе пријавиме кај надлежните органи. Причините и мотивот за полицискиот надзор во ЈП „Лајка“, за мене, се непознати. Не би можел да избрзувам со заклучоци во однос на ова.

Дали во Програмата на ЈП „Лајка“ се остава можност, освен третман и задржување на бездомни кучиња, да се задржуваат и загубени, односно оставени коњи, бидејќи сме сведоци дека секојдневно можат да се видат на градските јавни површини без сопственици и доколку е наведено, може ли да ни ја објасните постапката?

– Да, за жал, континуирано сведочиме за такви немили настани, но нашиот стационар е исклучиво наменет за бездомни кучиња на територијата на Град Скопје. Сконцентрирани сме на хуманиот третман на животните, односно на спроведување на активноста „Залови, стерилизирај, вакцинирај врати“, со цел да се намали популацијата на уличните кучиња, бидејќи оваа активност е единствената ефикасна стратегија што е востановена и од Светската здравствена организација (СЗО) до која ние се придржуваме. Исто така, ЈП „Лајка“ подготвува и ќе учествува во активности во однос на зголемување на јавната свест за одговорното сопствеништво на домашни животни кои ќе бидат во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство и со Зоолошката градина. За благосостојбата на коњите е задолжена Агенцијата за храна и ветеринарство, која во минатото реализира кампања за подобрување на состојбата на коњите во државата, и се надевам и во иднина ќе се посвети на овој голем проблем од гледна точка на благосостојбата кај животните.

Задржан ли е досега некој коњ во стационарот и што мислите за нивното присуство во урбаните средини?

– Од вработените добив информација дека со претходното раководство е задржан еден коњ, кому, според условите во прифатилиштето, местото не му е во ЈП „Лајка“. Потребно е добро осмислен проект, кој ќе биде наменет само за коњи и нивни третман.

https://www.vecer.press/ќе-го-спречиме-приливот-на-нови-бездом/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 01-Feb-2022 at 10:16
Остра дебата за кучињата скитници во Кичево, општината без рокови и конкретен план за изградба на стационар

Решавањето на проблемот со кучињата скитници во Кичево беше тема на остра дебата во општинскиот совет. Претставничката на Општината за третирање кучиња скитници, Емилија Петреска, презентирајќи ја програмата кажа дека се издвоени 1 милион денари за третирање на кучињата, 600 илјади денари з а кампања за подигање на свеста и 20 милиони донација за кучињата скитници. Но од сите овие обезбедени средства за 2022 не е објавен ниеден конкретен план за проблемот со кучињата скитници освен за нивно третирање.

Советниците го кренаа гласот барајќи конкретен рок за изградба на стационар бидејќи, според нив, ваквата состојба го оштетува општинскиот буџет, бидејќи оштетите што ги добиваат граѓаните кои биле каснати од кучиња скитници достигна висока сума. Податоците на СВР Охрид покажуваат дека во текот на 2021 имало 237 напади од кучиња скитници и минималната оштета што ја добиваат граѓаните изнесува 500 евра. Базирајќи се на овие бројки, советникот на АА, Абдула Сејдини рече дека општината за 2021 дала 120 илјади евра оштета.


Ако ги погледнеме овие издвоени средства поради недостиг на стационар, тогаш тоа е товар за буџетот на општината и од друга страна граѓаните не се безбедни.
Советничката од СДСМ, Олгица Попоска вели дека бројот на каснувања од кучиња скитници е многу повисок.

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека потребно е да се има рок за изградба на стационар а не само да предвидуваме како да читаме хороскоп.

Седницата на советот беше прекината бидејќи претседателот на Советот си замина без да образложи зошто. Советниците од опозицијата рекоа дека ова се случува поради немањето мнозинство гласови за следните точки.

https://mk.tv21.tv/ostra-debata-za-kuchinata-skitnitsi-vo-kichevo-opshtinata-bez-rokovi-i-konkreten-plan-za-izgradba-na-statsionar/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 04-Feb-2022 at 09:48
Битола врие од улични кучиња - Општината плаќа годишно над еден милион денари отштета

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски рече дека по тужби на граѓани каснати или нападнати од кучиња во 2021 година Општината исплатила над милион денари. Општината за годинава одвоила пари за подготовка на проектна документација за решавање на проблемот со бездомните животни.

Битола е преполна со кучиња скитници. Можат да се сретнат во чопор на Широк Сокак, старата чаршија, по градските паркови, во тревниците на државни институции и низ улици. Има повеќе граѓани кои биле каснати, а останатиот дел од битолчани мака мачат да изберат улица кога се движат пеш, а да не налетаат на кучиња.

„Опасни се, мене ме имаат каснато.“

„Ова е голем проблем, посебно кога се збираат во глутници можат да ве нападнат“, велат битолчани.

За проблемот се дискутираше и на седница на Совет.

„Колку тужби од лица кои биле каснати од кучиња имало за Општина Битола во 2021 година? И колку пари по тој основ биле исплатени во 2021 година?, праша советникот Ѓорги Ѓоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Советничката Жаклина Наумовска од СДСМ, пак праша:

„Колку ќе чини одржувањето на годишно ниво на стационар за кучиња и дали буџетот на Општина Битола би можел да го издржи тој товар“.

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски рече дека по тужби на граѓани каснати или нападнати од кучиња во 2021 година Општината исплатила над милион денари.

„Во однос на тужбите од каснати граѓани или нападнати, Општината Битола платила отштета 1. 129 000 денари во 2021 година, а се водат уште десетина премети кои не се дојдени до завршна фаза. Ова е горлив проблем на сите нас, кој во изминатиот период нашите претходници воопшто не се обидоа или не најдоа решение“, рече Коњановски.

Тој оствари средба со здруженијата за заштита на животните на која ги информира дека во буџетот на Општина Битола за 2022 година предвидени се средства за подготовка на проектна документација за решавање на проблемот со бездомните животни и дека тоа ќе биде институционално.

За да се реши проблемот најпрво треба да се започне со примена на стратегија за масовна стерилизација, како и да се воведе одговорно сопствеништво на миленици и контролирана трговија со истите, спроведување на кампања за заштита на животни, ограничување и контрола на слободната продажба на високотоксични материи, кои се злоупотребуваат за труење на животни и поголем инспекциски надзор низ градот во откривањето на мачењето на животни.

„Веднаш ќе почнеме да работиме барајќи некаков преоден модел. Понатаму и системски преку стационар за згрижување на бездомни животни. Тоа мора да го сработиме зашто сите сме сведоци дека градот од Широк Сокак, па понатаму е преплавен со кучиња ,а побарувањата се огромни од луѓето кои претрпеле штета“, рече Коњановски.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/31684864.html
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 15-Feb-2022 at 10:44
ГЛУТНИЦА КУЧИЊА ВЛЕВА СТРАВ ВО РАДИШАНИ Гризнати три жени и девојче



Најмалку три жени и едно девејче биле гризнати од кучиња скитници во скопската населба Радишани, се пожалија жители од населбата во редакцијата на Плусинфо.

Тие сведочат дека кучињата се агресивни, дека најчесто се движат во група по неколку и претставуваат страв и трепет за жителите во секое доба од денот.

– Се јавивме во Лајка, во МВР, но нема никаква реакција. Не знаеме веќе кому да се обратиме. Еве ги сега седат пред мојата куќа и страв ми е да излезам надвор, а камоли децата да ги пуштам – се пожали Александар од Радишани.

https://plusinfo.mk/glutnica-kuchi-a-vleva-strav-vo-radishani-griznati-tri-zheni-i-devo-che/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 15-Feb-2022 at 14:54
Тетовци на мака со кучињата скитници, на секои 34 часа нападнат по еден граѓанин, општината разгледува план

Од први јануари во Тетово од кучиња скитници биле каснати 13 граѓани. Дветнина биле нападнати и се здобиле со повреди во последните две недели. Минатиот месец на 11 тетовци им била пружена лекарска помош во Клиничката болница, соопштуваат од СВР Тетово. Дали Општината презела некаква мерка за кучињата скитници?

„Во текот на неделата се очекува да се објави проектот. Го очекуваме планот според кој што ангажиравме претпријатие, но чекаме и приватни компании да ги достават нивните планови за одржливо решение. Кој ќе биде најдобар план, тој ќе се спроведе“, велат од Општина Тетово.


Ветеринарот Рами Селмани оствари средба со градоначалникот Биљал Касами кому му понудил модел за долгорочно решение на ова прашање.

Имавме средба со градоначалникот и му го објаснивме најдобриот можен план за Тетово. Треба да се дејствува поинаку и да биде првиот град во Македонија за да се направи нешто посебно и тоа да биде успешно. Тоа е собирање на кучињата од улица и нивно сместување во стационари. Ова е единствен модел кој би бил успешен“, вели Селмани.


Градот Тетово во моментов е преполн со кучиња скитници а во судовите многу граѓани имаат започнато судски процеси и се уште не добиле никаков надомест. Пред неколку недели, во Тетово за еден час беа нападнати 3 граѓани.

https://mk.tv21.tv/tetovtsi-na-maka-so-kuchinata-skitnitsi-na-sekoi-34-chasa-napadnat-po-eden-graganin-opshtinata-razgleduva-plan/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 04-Mar-2022 at 11:50
Агресивни улични кучиња напаѓаат во Сопиште, граѓаните бараат помош оти не смеат да излезат на улица



Група од десетина улични кучиња ги плашат, но и ги напаѓаат жителите на скопско Сопиште. Граѓаните велат дека на улица не смее да помине ниту возрасен, а уште помалку децата будејќи во глутницата има и големи кучиња кои се агресивни и може да повредат. Жителите апелираат овој проблем да се реши и надлежните да реагираат додека некој сериозно не настрадал.

Пред неколку месеци дел од овие кучиња беа мали оставени во пакети, а сега пораснале и се големи и агресивни и напаѓаат.", вели жител на улицата со број 37 во ова место каде се наоѓаат уличните кучиња.

Жителите пријавувале во општина Кисела Вода, но од таму добиле одговор дека не се надлежни. Се обратиле и до Јавното претпријатие за третман на улични кучиња „Лајка“, но и од таму добиле одговор дека и тие не се надлежни.

Сликата со улични кучиња е секојдневие речиси секаде во главниот град. Во Билтенот на МВР речиси секојдневно има пријави од граѓани кои се каснати од улични кучиња. Голем број улични кучиња има и во Драчево, Долно Лисиче, Аеродром, Ѓорче Петров...

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/ulichni-kuchinja-napagjaat-vo-sopishte-gragjanite-baraat-pomosh-oti-ne-smeat-da
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 08-Mar-2022 at 18:00
ЈП „Лајка“: Заловени се кучињата кои беа посочени дека нападнале жители од Аеродром

На заловените кучиња кои веќе го имаат поминато хуманиот третман, ќе им бидат направен тест за социјализација од страна на стручно овластено лице за спроведување на овие тестови во ЈП „Лајка“

Откако граѓани пријавиле дека биле нападнати од бездомни кучиња во Аеродром, екипи на ЈП „Лајка“ веднаш излегле на терен и ги заловиле.

– По пријава од граѓани за напад од бездомни кучиња во скопската населба Аеродром позади објектот на трговскиот центар Капитол, заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ беше да интервенира на терен и ги залови кучињата кои беа посочени дека нападнале жители од оваа населба, во изминатиот период. На заловените кучиња кои веќе го имаат поминато хуманиот третман, ќе им бидат направен тест за социјализација од страна на стручно овластено лице за спроведување на овие тестови во ЈП „Лајка“- информираат од ова јавно претпријатие.

https://www.slobodenpecat.mk/jp-lajka-zaloveni-se-kuchinjata-koi-bea-posocheni-deka-napadnale-zhiteli-od-aerodrom/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.