build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кучиња скитници

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 12131415>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 12-Mar-2022 at 08:14
Во Мичурин кај Транспортен Центар ова е само дел вкупно се негде околу 12,најчесто се кај напуштената куќа отспротива и кај црквата.Многу лоша глетка и опасност за пешаци и велосипедисти секој ден.(од твитер)

Carpe diem
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 10-Jul-2022 at 12:16
До каде е новава градска власт со решение на овој проблем?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 18-Jul-2022 at 12:47
Originally posted by skopskodete

До каде е новава градска власт со решение на овој проблем?


Никој ништо не превзема,по сите градови ги има се повеќе.Некои се и доста агресивни особено кон велосипедисти и пешаци а се опасност и за целокупниот сообраќај.
Ова е во Битола(од твитер)



Нема решение и по другите градови ни во Скопје и покрај тоа што има ЈП Лајка сепак има премногу кучиња по населбите,а и принципот им е заловување и ако по 2-3 месеци не бидат од некого вдомени ги враќаат на истото место.
Уште долги години ќе биде присутен овој проблем.

-------------------------------
Кучиња скитници во Охрид и Струга



https://24.mk/details/kuchinja-skitnici-vo-okhrid-i-struga
Carpe diem
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 18-Jul-2022 at 19:47
Треба во општинска/градска зграда да им влезат кучиња-скитници, па може тек тогаш ќе им текне да го решаваат проблемов.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 22-Jul-2022 at 23:07
главен проблем се активисти за права на животни кои не превземаат ништо во врска со проблемот а се пенават кога општините треба да донесат било какво решение

исто, да го земеме фактот колку кучињава се нагувани, чувани и ранети од страна на граѓани додека се на улица... значи се има свест да ги галиш и да ги раниш наоколу и да ги чуваш по влезови од згради, ама не и да ги вдомиш или ако ништо друго да им најдеш дом
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 02-Nov-2022 at 08:02
Заробен стационар, заглавен закон - Скопје „врие“ од бездомни кучиња



Проценките се дека во Скопје има над 4.000 бездомни кучиња. Јавната свест за вдомување е ниска, јавното претпријатие кое треба да ги стерилизира е заглавено во долгови, а законот со кој треба да се „стегнат“ несовесните граѓани што фрлаат миленици три години е во процедура за донесување

Во Скопје „врие“ од бездомни кучиња. Ги има насекаде, по плоштадите, тревниците, на улиците. Дел од нив се стерилизирани односно им е одземена можноста да се размножуваат, за што сведочи ушната маркица. Поголемиот дел, ваква маркица немаат.

Граѓаните реагираат дека глутници кучиња се собираат во градот, па бараат од надлежните да преземат решенија. Душка, која е пензионерка од Аеродром неодамна имала лошо искуство со бездомните кучиња кои живеат близу трговскиот центар Капитол.

Едно од нив, инаку големо по раст, се пуштило по мало куче- домашен миленик, и ја турнало нејзината сосетка додека заедно чекале зелено светло на семафор.

„Кучињата треба да се отстранат“, децидна е пензионерката за која ова е еден од најголемите проблеми во општината.

И за нејзината сограѓанка, Јадранка Божиновска, бездомните кучиња се голем проблем во градот.

„Не може да се помине наутро кога се оди на работа, огромни кучиња има. Јас не велам сега да се уништат, туку да се приберат некаде. Тоа е најбитно“, вели Божиновска.

Кога во септември 2007 година, во Скопје беше отворен стационарот „Вардариште“ и воведена програмата „Залови, стерилизирај, вакцинирај, врати“, најавите беа дека за една деценија ќе се реши проблемот со бездомните кучиња во главниот град. Но 15 години подоцна, кучињата се уште се на улиците, голем дел од нив остануваат нестерилизирани, а тука се и тужбите од граѓаните за кои се плаќаат милионски отштети

Единствено што е променето е тоа што од пред две години, наместо „Вардариште“, Градот го формираше јавно претпријатие „Лајка“, кое ќе ја спроведува истата програма, во истиот стационар, но ќе се обврзе на похуман третман на животните, нешто за што многупати беше критикувано „Вардариште“.

Во април 2019 година стационарот „Вардариште“ беше затворен од Агенцијата за храна и ветеринарство поради појава на заразни болести и пропусти во работењето. Оттогаш скоро две година тој речиси и да не функционираше додека да се реновира и започне со работа како „Лајка“. Овој меѓупериод само дополнително ја влоши состојбата на теренот.

Има ли решение?

„Лајка“ од пред неодамна има нова директорка, која доаѓа од редот на активистите за заштита на животните. Радмила Пешева наследи долгови, блокирана сметка, или како што самата ќе каже - заробен стационар. Има визија што треба да се прави, ама и куп проблеми.

„Наша визија е да стерилизираме најмалку 75% од кучињата во многу краток рок, за да ја можеме под контрола да ја имаме ситуацијата, на улица да имаме кучиња кои понатаму нема да се размножуваат“, вели новата директорка.

Идејата е да се продолжи програмата таму кадешто се застана. Да се заловат кучињата, со хируршка интервенција да се оневозможи нивно размножување, да се вакцинираат и вдомат, или ако нема каде, да се вратат оттаму од кадешто се земени. Животниот век на кучињата на улица е околу три години, а кога се стерилизирани и нивното однесување е помирно.

Ама за тоа да се случи, проценката на „Лајка“ е дека во една година ќе треба да се стерилизираат околу 3000 животни само во Скопје. Тоа во моментов е невозможно поради финансиите. Од почетокот на годинава биле заловени 466 кучиња, што е шестпати помалку од планот кој би можел да помогне за помалку кучиња по скопските улици.

Па така, сега сите надежи се свртени кон градскиот совет. Пешевска појаснува дека во моментов на сметка имаат 0 денари, а за „Лајка“ има резерирано средства од 10 милиони денари кои мора да се изгласаат на Советот.

„Неопгходно е советниците да ја увидат важноста што Лајка ја има“, алармира таа.

Покрај градот, пари за „Лајка“ треба да дадат и општините кои е потребно да исплатат по два милиони денари на годишно ниво. Од вкупно 10 општини во 2022 година, редовно исплаќале само општините Аеродром, Центар и Гази Баба. Одредени исплати има и од Бутел и Ѓорче Петров, додека другите општини не платиле ништо.

Место за ефикасно работење, парите одат за отштети

Според статистиката која ја води „Лајка“, Градот во 2021 година им исплатил 23 милиони денари, а за годинава уште 20 милиони. Истовремено, на 30,5 милиони денари се проценети потенцијалните обврски кои можат да произлезат од постапките за штети на граѓани кои пријавиле каснување од куче. Пресметката која се однесува на крајот на минатата година ја констатирал независен ревизор во финансиски извештај за „Лајка“ за 2021 година.

Во принцип, секој граѓанин кој ќе биде каснат од улично куче има право на отштета од Градот и претпријатието кои ги делат трошоците. Поради високите суми, од оваа година Градот одлучи место на суд, ваквите спорови да се решаваат со директна спогодба.



Со законски измени до поодговорни сопственици

Честа е праксата на оставање штотуку родени кучиња во приградските населби или на Водно, за што честопати сведочат и граѓаните и активистите. Гизела Бошковска од Анима Мунди, живее во Аеродром и вели дека иако секојдневно е со бездомните кучиња, досега не наишла на штотуку породена женка. Сите мали кучиња кои ги сретнала биле оставени од поранешни сопственици.

„Значи ние и практично сите животни денес да ги тргнем од улица, еве Лајка да направи некоја магија и да ги собере сите и смести на едно место, утре некој пак ке фрли куче, задутре исто. Тие две ќе се спарат и ќе се родат шест, и тоа е најпростата логика. И тој циклус ке продолжи се дури тој еден не се санционира. И тука затајуваат институциите. Значи казни за неодговорно сопствеништво има многу малку , а и самата казна е премногу мала“, децидна е активистката.

Чипирањето на милениците на пример е задолжително и казната е 100 евра, додека напуштање миленик пак се санкционира со 500 евра. Ама АХВ работи со 4 инспектори за цело Скопје, а бездомните кучиња се само мал сегмент од нивната работа.

Лани, според одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животни АХВ во земјава направиле 26 контроли, донесени биле 6 решенија, а изречени исто толку мерки едукација и 2 глоби ( парични казни). Од почетокот на годинава според истиот Закон биле спроведени 14 контроли, донесени се 5 решенија и изречени 3 мерки едукација.

Законот за благосостојба на животните на пример предвидува казна за одгледувачниците на домашни миленици кои нема да се регистрираат, ама до овој момент во Агенцијата за храна и ветеринарство нема регистрирано ниту една одгледувачници на кучиња бидејќи Законот за измени и дополнувања на Законот за благосостојба е во процедура на донесување. Со измените кои се најавуваат повеќе од две години се предвидува казна од 100 евра ако сопственикот не го стерилизира домашниот миленик, не го однесе еднаш годишно на ветеринар, или ако не пријави леглото со мали кучиња во ветеринарна амбуланта.

И додека граѓаните чекаат да се реши проблемот со кучињата, активистите се обидуваат да ги залечат последиците, преку помагање на кучињата и обиди за нивно вдомување. Па така, околу 2000 кучиња веќе успеале да вдомат во странство изминатите години, бидејќи како што вели Бошковска, кај нас свеста за вдомување е ниска.

„Какво и да е јавното мислење за активистите, ние практично со граганите ја делиме истата желба, да нема кучиња на улица. Да нема мачки на улица. Ние не сакаме да имаме животни на улица“, децидна е активистката.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/заробен-стационар-заглавен-закон---скопје-врие-од-бездомни-кучиња-/32105038.html
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 11-Nov-2022 at 18:33
НЕ Е ВО НАША НАДЛЕЖНОСТ, ОДГОВОР НА ИНСТИТУЦИИТЕ: Но, опасноста од уличните кучиња ги надминува сите граници

Проблемот со бездомните кучиња во Скопје, но и во останатите градови во Македонија не само што не се решава со години, напротив, во последно време станува сè посериозен. Голем е бројот на граѓаните кои секојдневно пријавуваат дека се каснати од куче, и тоа некои од нив се здобиваат со сериозни повреди. Освен тоа стравот и траумата стануваат долготрајни и кај оние кои досега воопшто не се плашеле од кучиња.

Фактор поразговара со некои скопјани кои сведочат дека без никаква причина биле нападнати од улични кучиња. 55-годишниот Димитар Н. вели дека во центарот на градот, односно на скопскиот плоштад бил каснат од куче додека возел велосипед.

-Секојдневно поминувам од таму, секогаш сум велосипед. Знам дека во тој дел на градот има многу, особено зошто во тој ред по кејот на Вардар има многу кафанчиња и ресторани и луѓето ги хранат. И тоа е во ред, зошто да се фрла храната, нека ги нахранат. Но, не можев да поверувам дека без никаква провокација оддеднаш ме касна куче во потколеницата. Веднаш бев на лекар, случајот беше документиран, земав оштета од град Скопје, но тоа не е решение. Мојата повреда не беше толку страшна, има луѓе кои се нападнати од по неколку кучиња. Навистина не знаеме каде веќе може да се обрати човек и овој проблем да се реши еднаш засекогаш, посочува Димитар.

Истовремено, граѓани од населбата Тафталиџе, односно од една од поновите згради (Импексел) извесно време пријавуваат дека во влезот има болно куче кое никако не може да го извадат, но од ЈП Лајка добиваат, како што велат „зачудувачки одговор“

-Кучето е болно, мириса цел влез и никој не може да го извади. Мирно е и не се плашиме дека ќе не повреди, но нехумано е така да се остави. Нема ден да не помине, а некој од нас да не се јави во „Лајка“. Од таму ни велат, „кучето не е на јавна површина, ние немаме ингеренции“. Тогаш кој има ингеренции ако не претпријатие кое е создадено и финасирано од градот. Навистина никој не си ја работи работата како што треба.

Уште еден проблем кои ни го посочија граѓани кои работат во фирми кои се наоѓаат меѓу Лисиче и Пинтија е тоа што во тој дел на градот гледаат како секојдневно се оставаат најмалку по три четири кучиња.

-Ги носат со пикапи, со комбиња. Ги вадат и ги оставаат. Од каде ги носат никој не знае. Има и големи и мали кученца туку што родени. Е така се создава проблемот со бездомните кучиња. Постојано пријавуваме со колегите. Никој не ги зема, да не зборувам за Лајка. Еднаш или до два пати ако се заангажираа. Ние самите ги носиме по прифатилишта, а за храна и за стерилизација не знам колку пари сме дале. Ова е проблем кој се повеќе станува алармантен, а сите остануваат глуви, вели Мила С. од Скопје

А за тоа дека податоците се навистина алармантини во однос на напднати граѓани од улични кучиња за Фактор говори и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

-Според податоците кои ги добивме од МВР, во 2020 госдина има 1 062 напади од бездомни кучиња врз луѓе, во 2021 година има 1 315 пријавени напади, во 2022 година до крајот на октомври 1 283 напади на кучиња. Или, вкупно 3 660 напади за последните три години.Од овие напади врз луѓе, 498 се деца. Ако на тоа додадеме дека има одредена бројка на напади кои ги немаме во систем тогаш состојбата е уште поалармантна. Најмногу напади има во Скопје, но и во другите градови. Во Скопје – 1 853 напади од кучиња, во Кичево – 439, Велес – 250, Струга – 177, Тетово – 170, Битола – 149, во Прилеп – 122, Гостивар – 98, Куманово – 75, Охрид – 50, вели Ангелов.

Од неформални информации, како што посочи, во одредени општини бројот на напади е значително поголем од пријавените напади.

Според него стерилизацијата е клучна за искоренување на овој проблем.

-Со 75 отсто стерилизација на уличните кучиња нивниот број нагло ќе падне бидејќи нема да можат да се размножуваат, вели Ангелов.

https://faktor.mk/ne-e-vo-nasha-nadleznost-odgovor-na-instituciite-no-opasnosta-od-ulichnite-kuchinja-gi-nadminuva-site-granici
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 09-Jan-2023 at 18:12
ОПШТИНА СТРУГА СО 10.000 ЕВРА ЌЕ ГИ СТЕРИЛИЗИРА КУЧКИТЕ И КАСТРИРА КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ



Општина Струга во буџетот за 2023 предвиде 600.000 денари (10.000 евра) за решавање на проблемот со уличните кучиња. Следи постапка за избор на фирма која ќе врши хуман третман, заловување, кастрација и чипирање на бездомните животни и нивно повторно враќање на заловеното подрачје.

Од Општината велат дека првата работа што ќе се направи ќе биде фаќањето на кучките, потоа нивна стерилизација, што значително ќе влијае на наталитетот за најмалку 16 пати помалку. Следната активност ќе биде кастрација на мажјаците и поставување обетки или чипови за да се обележат како такви. Некои од тие кучиња ќе останат изолирани додека нивната агресивност не се намали или целосно не се изгуби, додека дел од кучињата ќе се третираат според важечките закони.

Градоначалникот Рамиз Мерко вели дека ова е единствениот начин да се намали агресивноста и популацијата на кучињата оти Општината нема капацитет да направи центар за нивно згрижување.

„Кучињата скитници се голем проблем со кој треба да се справуваме. Ние работиме во изнаоѓање на решение, со тоа што како локална самоуправа не можеме сами да се справиме со кучињата скитници“, вели Мерко.

Бројот на уличните кучиња низ Струга од година во година расте, а сè почести се и нападите врз граѓаните. Општината изминативе години исплатила милионски суми во денари за отштети кон нападнати жители од улични кучиња.

„Плаќаме големи отштети, поголеми се отштетите него да се справуваме со проблемот. Тие средства можеме да ги дадеме на институцијата која ќе се занимава со таа проблематика“, додава Мерко.

Од Општина Струга апелираат до граѓаните ако забележат дека се носат кучиња скитници од другите општини да ги сликаат возилата, автомобили, комбиња, камиони, кои вршат истовар и сликите итно да ги достават до Општината или до полиција.

Советот на Општина Струга пред шест месеци ја изгласа иницијативата за формирање посебно тело кое ќе се справува со проблемот со кој им е загрозена безбедноста на стружани, но до денес нема реализација.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-struga-so-10-000-evra-ke-gi-sterilizira-kuchkite-i-kastrira-kuchinata/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 15-Jan-2023 at 12:54
Последниве денови проблемов се актуелизира но чинам ќе биде само една фарса без некој успешен епилог.
Особено изразен е проблемот во Скопје,Струга,Кичево и Битола.
-------------------------------------------------------
ПОЛА БИТОЛА СЕ ЖАЛИ, А ПОЛА ГИ ХРАНИ УЛИЧНИТЕ КУЧИЊА, ЗА ПРИФАТИЛИШТЕТО ДОПРВА ЌЕ СЕ РАСПИШУВА ТЕНДЕР



Уличните кучиња кои се намножени во Битола, а дел во глутници го запоседнаа центарот, Широк Сокак и долниот дел од паркот, ги поделија битолчани. Едни се жалат дека не можат да прошетаат низ Битола, а уште помалку со себе да ги поведат миленичињата зашто глутниците бездомни животни ги напаѓаат, а други пак ги хранат.

„Некој нека ми каже како да го прошетам кучето до Шеталиште, а да не ме нападнат уличните кучиња на Широк Сокак во Битола? И со кое право се неприкосновени уличните кучиња и го имаат запоседнато Широк Сокак, за сметка на домашните, со кои што не можеме да поминеме поради агресивноста и навлегување во нивниот терен? Еве јас ќе го дадам кучето на некој доброволно што ќе се пријави да го прошета низ Широк Сокак, а да не го нападнат уличните кучиња“, коментира револтиран битолчанец.

Додека едните се жалат, другите ги хранат.

„Секој ден сретнувам битолчанец како им носи храна на кучињата во долниот дел од паркот. Таму се насобра цела глутница. На стотина метри погоре има детски парк. За да се качите на Тумбе Кафе потребно е да поминете покрај нив. Кај Безистенот им оставаат сомуни леб. Немам ништо против кучињата, но мора да се соберат во прифатилиште, да добијат потребна грижа, а и ние безбедно да се движиме низ улици“, вели битолчанка.

Кучињата ги закараа дури и соседите.

„Еден ден сосетката ми вели: ‘Ти си тој што пишува на Фејсбук против кучињата? Поради тебе ќе ги застрелаат по улици и ги трујат’. И од тогаш престана да ми зборува, а не сака да чуе дека ќерка ми навечер дома не може да се врати од кучиња. Пред некој ден за да се спаси се качи на хауба од возило паркирано крај патот“, вели битолчанец.

Општината во 2020 исплатила 1,29 милиони денари (над 30.000 евра) по тужби на граѓани каснати или нападнати од кучиња, а во 2021 сумата уште повеќе се зголеми. Од 21 октомври до 16 ноември 2022 , за неполн месец, Апелациониот суд од Битола решавал дури по 12 случаи за надомест на нематеријална штета поради каснатини од кучиња. На оштетените им се доделуваат средства за претрпен физички бол и страв.

Едно од главните вертувања на сегашната локална власт беша изградба на прифатилиште. Минатата година имаше најави дека во дел ќе биде направено до Нова година. Сега велат дека не можат да прецизираат рокови зашто се врзани со тендерска постапка.

„За прифатилиштето, лоцирано во близина на Средното земјоделско училиште ‘Кузман Шапкарев’, во тек е подготовка на тендерска документација за адаптација на објектот. На почетокот на оваа година ќе биде распишана јавна набавка за адаптација, по што ќе започне изведбата на терен. Во меѓувреме, до објектот е донесена санитарна и техничка вода, како и одводна мрежа. Минатата година е направен проект и обезбедена е дозвола за градба“, соопштија од Општина Битола.

Дотогаш приватна ветеринарна установа веќе врши заловување, стерилизирање и кастрирање на кучињата.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pola-bitola-se-zhali-a-pola-gi-hrani-ulichnite-kuchina-za-prifatilishteto-doprva-ke-se-raspishuva-tender/
Carpe diem
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 353
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 15-Jan-2023 at 13:11
Тие лајнари што ги ранат џукеливе го прават цел проблем,континуирано,индиректно го загрозуват живото на сите други ! Неспособната власт и институции се само плус,сите заедно требит кривично да одговарат ! Не се трпи ова со џукеливе веќе !
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 19-Jan-2023 at 10:07
Наместо да се реши проблемот се прави лотарија

----------------------------------------------------------------

ТЕТОВЦИ ЌЕ ДОБИВААТ ПОЕНИ ЗА ТОА КОЛКУ ПАТИ И КАДЕ БИЛЕ КАСНАТИ ОД КУЧЕ СКИТНИК ВРЗ ОСНОВА НА КОИ ЌЕ ИМ СЕ ПРЕСМЕТУВА ОТШТЕТА



Ако ве касне куче скитник во Тетово, треба да го земете правилникот издаден од Општина Тетово и според него да утврдите колку поени ќе добиете врз основа на кои ќе ви се исплати надомест. За каснување се добиваат од пет до 15 поени, во зависност од тоа колку било силно. Ако ве каснало еднаш или повеќепати, повторно добивате од пет до 15 поени. Различен број поени се добиваат и за големината на претрпениот страв и за последиците на каснувањето.

Ова е само дел од правилникот што го издаде Општина Тетово, со кој се утврдуваат критериумите за висината на надоместокот што ќе го добијат граѓаните по каснување од куче скитник. Според него, секој каснат граѓанин ќе добие предлог-спогодба и можност за надоместок од минимум 30.000 до максимум 100.000 денари.

Исплатата ќе биде од буџетот на општината, а сумата ќе ја одредува посебна Комисија за надоместок на штета, во која, покрај вработени во општината, се и лекар трауматолог и лекар психијатар.

„Правилникот во кој е објаснета целата процедура е објавен на веб-страната на општината, заедно со барањето кое оштетеното лице треба да го пополни и достави преку архивата до Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета. Со ова, Општина Тетово им излегува во пресрет на граѓаните, со тоа што процедурата за вакви случаи се поедноставува и се намалуваат, односно избегнуваат судските трошоци, како и трошоците за извршители, адвокати и така натаму“, соопшти Милена Вучевска од канцеларијата за односи со јавност на Општина Тетово.

Од Општина Тетово не соопштуваат колку пари досега им биле исплатени на граѓаните кои ја тужеле општината зашто биле каснати од кучиња скитници. Таа исплата досега одела преку Јавното комунално претпријатие, кое подолг период е во финансиска криза и со блокирана жиро-сметка, па многумина тетовци чекаат на исплата, а за дел од нив сè уште траат судските рочишта.

„Лани во февруари, кога излегував од работното место, за нога ме касна куче скитник. Имаше цела глутница кучиња. Ја тужев општината, но сè уште нема конечно решение за исплата. Спорот го добив, беше пресудена отштета од околу 90.000 денари, но општината се жалеше и сега спорот е на апелација“, вели Ана Марија Блажевска, жителка на Тетово

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/tetovtsi-ke-dobivaat-poeni-za-toa-kolku-pati-i-kade-bile-kasnati-od-kuche-skitnik-vrz-osnova-na-koi-ke-im-se-presmetuva-otshteta/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 19-Feb-2023 at 14:11
НА ГРАД СКОПЈЕ И „ЛАЈКА“ ИМ ДАВАМЕ ПАРИ, А ТИЕ НИШТО НЕ РАБОТАТ, ВЕЛИ МУЦУНСКИ ОТКАКО ГЛУТНИЦА НАПАДНА ЖИТЕЛ НА АЕРОДРОМ И МУ ГО РАСТРГНА КУЧЕТО

Градот Скопје и градското претпријатие „Лајка“ немаат стратегија за справување со уличните кучиња, вели градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, откако вчера глутница кучиња нападна човек и неговиот миленик. Десетина улични кучиња го нападнаа и растргнаа кучето кое неговиот сопственик го шеташе на поводник.

„Ние, како локална самоуправа, во изминатиот период одвојуваме значителни средства од сопствениот буџет кои се префрлаат во буџетот на Градот Скопје, со цел ефикасно справување со овој проблем. Во неколку наврати, од моја страна е побарано градската администрација да преземе мерки за решавање на овој проблем. За жал, секојдневните коментари, фотографии и снимки од теренот покажуваат дека тие не успеваат да најдат решение за овој проблем кој целосно е во нивна надлежност“, вели Муцунски.

Муцунски вели дека Општина Аеродром ќе ја преиспита одлуката со која се одвојуваат средства за оваа намена, ако актуелното раководство на Град Скопје во следниот период не успее да најде решение,

„Искрено жалам за сите непријатности со кои се соочуваат граѓаните и токму поради тоа уште еднаш барам Градот Скопје итно да преземе мерки за соодветно решавање на овој проблем, кој за жал секојдневно ескалира“, вели Муцунски.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/na-grad-skopje-i-lajka-im-davame-pari-a-tie-nishto-ne-rabotat-veli-mutsunski-otkako-glutnitsa-napadna-zhitel-na-aerodrom-i-mu-rastrgna-kucheto/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 07-Mar-2023 at 18:21
(ВИДЕО) Ланскиот „есап“ од напади од кучиња: Скопје 400 илјади евра, Кичево 110 илјади евра, Велес 96 илјади евра…



https://360stepeni.mk/video-lanskiot-esap-od-napadi-od-kuchina-skopje-400-iljadi-evra-kichevo-110-iljadi-evra-veles-96-iljadi-evra/
Carpe diem
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 732
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 08-Mar-2023 at 10:26
tolku napadi od kučinja skitnici e znak deka državnite službi (ili opštinskite ne e važno) voopšto ne si ja rabotat svojata rabota. Vo pokulturni državi vakov problem voopšto ne postoi
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15136
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 08-Mar-2023 at 17:26
Originally posted by nenad

tolku napadi od kučinja skitnici e znak deka državnite službi (ili opštinskite ne e važno) voopšto ne si ja rabotat svojata rabota. Vo pokulturni državi vakov problem voopšto ne postoi


Е да, таму речиси и воопшто нема ни кучиња скитници, па нема ни проблем
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 05-Apr-2023 at 17:31
СКОПЈАНИ ИСКАСАНИ САМИ БАРААТ ЧАРЕ ЗА БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА: Во Лајка или никој не крева телефон или со недели ги чекаш да те контактираат

Според билтените на Министерството за внатрешни работи, само во последните 24 часа пријавени се четири каснувања од кучиња скитници и тоа во Градски парк, Карпош, Кисела Вода и во Аеродром. Но, оваа бројка не е конечна, односно во пракса е многу поголема, со оглед дека голем број граѓани не пријавуваат или не знаат што треба да направат во случај да се каснати од куче.

Речиси и да нема населба во Скопје каде нема кучиња скитници. Во помали или поголеми групи кучињата се собираат по паркови, пред влезови на згради, детски игралишта, продавници…

Дел од нив на ушите имаат чипови, што значи дека поминале ветеринарна контрола и се евидентирани во системот и условно не се сметаат за закана по граѓаните. Но, огромен е бројот и на кучиња кои немаат вакви чипови, кои се агресивни и често знаат да напаѓаат.

За проблемот признаваат и од Град Скопје од каде велат дека секој ден расте бројот на кучиња и се бележат нови случаи на луѓе каснати или нападнати од куче.

„Веќе ми е навистина страв. Кај и да се свртам на секој чекор улични кучиња. Децата не ги пуштам да играат надвор затоа што може да ги нападнат, само со кола ги носам до каде што треба, бидејќи сакам да бидам сигурна дека се безбедни. Пред зграда имам само 7 кучиња кој што се цел ден пред нашиот влез, а навечер целиот паркинг е исполнет со кучиња. Ние како станари потпишавме петиција за да се соберат кучињата, но од ‘Лајка’не добивме никаков повратен одговор. Викенд беше, се враќав од маркет, двете раце ми беа со кеси, тој ден решив пешки да одам воздух да ме фати, кога дојдов до паркингот од мојата зграда, се затрча едно мало куче и почна да лае, мало беше па само мрднав со кесата да го избркам но потоа од негде дојдоа уште 2 кучиња и рипнаа над мене, јас паднав и тие ми ја гризнаа и раката и ногата. Едвај успеав да се истргам, со помош на комшиите кои дојдоа да ги избркаат кучињата, влегов дома одма да ги дезинфицирам раните. Потоа отидовме до амбуланта да ме боцнат тетанус, па од амбуланта отидовме до полицијата во Кисела Вода каде што ми кажаа да извадам извештај за случајот и да го пријавам во општина. Со извештајот отидов во општината каде само дрско го земаа листот и ми кажаа дека деновиве ќе ме контактираат. И еве помина една недела, а никој не ми се јавил‘‘, раскажува В.М. од населбата Кисела Вода.

„Таа вечер бев излезена со друштво, седевме до 5 сабајле. Затоа што живеам преку улица, решив да одам пешки за да не ги замарам моите другарки. Пред Рептил маркетот на мене се затрчаа 5 големи кучиња, ме фатија за јакна и пробуваа да ме бутнат, несвесно борејќи се со нив, успеав некако да се тргнам. Јакната ми беше цела искината, со трчање стигнав до дома, и утрото одма се обратив во општина Бутел. Од таму ми кажаа дека не можат ништо без доказ дека сум била нападната, а доказот требало да биде некоја модрица или гризнување од куче. Изреволтирана се обратив директно кај градоначалникот кој ми кажа да соберам мои докази и од други луѓе и да ги однесам во Град Скопје, бидејќи тие со Лајка го средуваат проблемот. И нормално како и се во државава и тоа не го средија, јас и мајка ми секој ден ѕвоневме во Лајка, но или не креваа или ни кажуваа за брзо време ќе ги земат кучињата, ама џабе, ништо не направија. Сега каде и да одам другарка ми ме носи до врата со кола, затоа што не можам никаде сама пешки да искочам, и кога одам до маркет гледам да сме барем тројца за да не нѐ нападнат‘‘, кажува за своето искуство Н.Б од населбата Бутел.

Од Град Скопје и неговото претпријатие за згрижување бездомни кучиња „Лајка“, не добивме многу конкретни одговори во врска со овој проблем.

На прашањето дали „Лајка“ има одредена стратегија за надминување на се почестиот проблем со кучињата во главниот град, како и наводите дека во Скопје се носат кучиња од други градови, па и земји, оттаму велат:

„ЈП Лајка работи според програмата залови, стерилизирај, врати. Истовремено ЈП Лајка е вклучена во работни групи од страна на релевантни институции во кои се вклучени Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за надворешни работи каде што постојано се апелира да се превземат дополнителни мерки и контрола врз општините со цел да се спречи секаков друг обид за несоодветна дислокација на кучињата од други општини во Скопје“.

Според „Лајка“, приближната бројка на бездомни кучиња во Скопје изнесува пет до шест илјади, а нивна груба проценка е дека речиси половина од нив се веќе третирани т.е. се репродуктивно неспособни.

За тоа дали има шанси во скора иднина да се среди проблемот со кучињата, од јавното претпријатие не се оптимисти.

„Стратегијата на ЈП Лајка е да истретира најмалку 2000 кучиња во тековната година, но ‘Лајка’ сама по себе не би можела да го реши проблемот доколку не се воспостави силна контрола врз сопствениците на домашни миленици и нерегистрираните одгледувачници од страна на надлежните институции. Стратешки се приоѓа на проблемот, се работи со живи единки, и брзо решение на проблемот нема. Работата на спроведување на програмата во континуитет, реалните резултати ќе ги даде за 2 години кога очекувано е овој проблем ќе биде ставен под контрола и кучињата на градските улици да бидат многу поретка појава. Во меѓувреме во рамките на нашите можности работиме на афирмација на проблемот во јавноста, работиме на зголемување на јавната свест со цел да не се оставаат кученца на улица и на таков начин да спречиме прилив на нови“, објаснуваат од претпријатието.

https://091info.mk/2023/04/05/скопјани-искасани-сами-бараат-чаре-за
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 17-Apr-2023 at 14:01
Жална глетка кај Железничка, бездомни кучиња умираат од глад и жед и се опасност за сите



Речиси секој ден се регистрирани нови напади од бездомни кучиња низ улиците на Град Скопје. На некои места се забележани и цели глутници кучиња, а тоа предизвика бурни реакции од граѓаните на социјалните мрежи.

Еден скопјанец со објава на Фејсбук алармираше дека бил сведок на жална глетка на Железничката станица во Скопје.

-Пред саат време на Железничка, жална гледка, гладни, жедни и истоштени од дивеење на Скопските улици, болни, пополека умираат. Мислам дека е многу поразумно и похумано, ако веќе не планираат да ги згрижат (од градов/државните институции, или пак невладиниве организации за права/заштита на животните, кои што зимаат еден куп пари од донации за таа намена, а само знаат да ни попуваат како да се однесуваме со животните, а не прават ништо суштински, ниту за заштита и подобрување на правата и условите на животните, ниту пак за луѓето), подобро ќе биде барем да се умртват, односно еутаназија на дивите кучиња во градов, зошто вака се стварно греота, a уште поважно и пострашно се сериозна опасност, не само за деца и жени, туку дури и за возрасни мажи (и ова го кажувам од искуство), бидејќи пред некое време, лично бев каснат за нога од диво куче додека возев со велосипед низ градов и благодарен сум Му само на Бог што не завршив со посериозна повреда, исто неколку пати имам дојдено во ситуација сам со неколку диви кучиња за време на пешачење и е стварно застрашувачки, па и за возрасен маж, особено ноќно време (верувам дека голем дел од Скопјани имаат слични искуства и можат да се поистоветат со мене) и може само да замислам што ќе се случело доколку на мое место било некое мало дете, и не можам да им се изначудам на умот на тие што носат одлуки во институциите задолжени за оваа работа и зошто не преземаат никакви мерки во врска со овој сериозен проблем со кој се соочуваат секојдневно голем дел/па можеби и мнозинството од Скопјани!? (затоа што тоа мало дете може да биде и детето на директорот на некоја од овие институции, али тој веројатно заслепен од себичност и алчност за богатење и како да се намести некој коруптивен тендер, не ни размислил за тоа, дури ни за своето дете, а не пак за нас обичните смртници).
Срамота е, у 21 век, дојдовме или поточно се донесовме у ситуација да му е страв на човек да се прошета низ градов! (Само Господ нека ни е на помош! И ова го мислам најсериозно.)

Иначе баш ме интересира, кои се вашите мислења/ставови и како вие размислувате во врска со ова? Граѓани, невладините организации, а особено институциите задолжени за оваа работа, кои што се најодговорни и должни да го решат овој проблем, бидејќи се платени за тоа од нас граѓаните (преку нашиот данок, иако сме најсиромашна држава во Европа [секако после Молдавија, Косово и Босна, ако ги рачунаш за држави, да не ме обвинат за фејк њуз/лажни вести], сепак плаќаме највисок данок, околу една третина од нашата бруто плата иде за државните институции, а од нив мизерна услуга, и чисто се сомневам дека ќе ми ја укажат таа чест да го слушнам нивното мислење.), напиша скопјанецот.

https://skopjeinfo.mk/zhalna-gletka-kaj-zheleznichka-bezdomni-kuchinja-umiraat-od-glad-i-zhed-i-se-opasnost-za-site
Carpe diem
Back to Top
UROS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 28-Mar-2023
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote UROS Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 17-Apr-2023 at 14:53
Kon krajot na mesec April vo Kavadarci ke se zapocne so gradba na stacionar za bezdomni kucinja.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02r685UJwVbnWg7XpQo7mqkW4WR26wLZzuN3bhXiJfTurp1QPSvvYxA9Rkgn4VeHQxl&id=733427823503600&mibextid=Nif5oz
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 04-May-2023 at 17:27
од фб,во Мичурин од Лајка немаат надлежност и можност да ги заловуваат бидејќи веќе поминале процес на стерилизација и кастрација.Немаат доволни капацитети за да ги вдомат сите така што градов како и за многу други работи така и за ова нема било каков долгорочен концепт и стратегија.



Ни во Тетово не е ништо подобро



https://telma.com.mk/2023/05/04/stvarno-ni-e-strav-jas-odam-so-chador-ama-tie-koga-kje-te-napadnat-5-6-pa-i-10-ima-ti-ne-mozhesh-da-se-odbranish-tetovchani-nikako-da-kurtulat-od-ulichnite-kuchinja/

Carpe diem
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 353
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 04-May-2023 at 18:41
Тури и пепел на та држава во која анима мунди и група твитер/фејсбук баба-девојки и бета беќари решават кој е добар а кој зол,за смета на животот на сите останати во име на џукели.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 12131415>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.