build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Резиденцијални објекти
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Резиденцијални објекти

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 20-Oct-2008 at 23:20
супер куќа блејдск Thumbs%20Up
 
Колкава квадратура?
 
 
Иначе празниот ѕид не изгледа лошо али ако ти смета или ти изгледа премногу едноставно можеш да си ставиш вакво нешто Big%20smile Laugh
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 21-Oct-2008 at 14:58
Јас можеби би ставил и некоја тераса горе инаку е сосема коректен објектот.

Блејд ако не е тајна во кој дел од Скопје мислиш да го градиш ова?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 21-Jan-2009 at 13:50




Проектирање: ДСЦ Дизајн
Година: 2006
Иградба: Во тек
Локација: Водно
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 21-Jan-2009 at 14:11
Доста убава зграда.
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 21-Jan-2009 at 15:01
Previous многу отмена куќа! нешто слично веќе е изградено една или две улички подоле од Св Петка во Црниче. Малце наликува и на МЦМ од градски парк (која сирота куќа никогаш да се реновира). 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 07-Feb-2009 at 22:23
Ретко добар примерок на модерен резиденцијален објект во Скопје... Барем според мене. Се наоѓа на Водно веднаш над Тинекс


Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 08-Feb-2009 at 04:08
Искрено, бараката повеќе ми се допаѓаше. Тажно е на Водно да немаш асален двор! Ептен ја имаат изградено локацијата.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 08-Feb-2009 at 13:29
Originally posted by ArchiTechTone

Искрено, бараката повеќе ми се допаѓаше. Тажно е на Водно да немаш асален двор! Ептен ја имаат изградено локацијата.


Па добро во право си но мојот коментар пред се се однесуваше на дизајнот на куќата.

Генерално парцелите прилично се расцепкаа и во овој дел на Водно каде имаше каква таква ширина и се изградија големи куќи збиени помеѓу себе. Со толкава густина на население мислам дека Водно како населба дефинитивно го губи епитетот 'елитна' и како главен адут му останува близината до центарот и секако погледот на градот кај оние што го имаат.


Edited by pbanks - 08-Feb-2009 at 22:41
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 08-Feb-2009 at 22:46
Originally posted by pbanks

Па добро во право си но мојот коментар пред се се однесуваше на дизајнот на куќата.

Генерално парцелите прилично се расцепкаа и во овој дел на Водно каде имаше каква таква ширина и се изградија големи куќи збиени помеѓу себе. Со толкава густина на население мислам дека Водно како населба дефинитивно го губи епитето 'елитна' и како главен адут му останува близината до центарот и секако погледот на градот кај оние што го имаат.


Се слагам дизајнот е добар, нејќев да пишам само “еј да, топ е куќава“ Тоа и сакав да кажам, дека дури и добриот дизајн не мора да значи дека и целосното решение е добро. Водно ја губи својата елитност во смисла на квалитет на живеење, но затоа во правец на фрлени пари, населбата Водно очигледно претендира да стане стане Беверли Хилс. Не знам дали има, но но доколку нема, би требало да се воведе урбанистичка регулатива која не дозволува волкав процент на изграденост на парцела во зелен појас.

Немам фотографија, но куќата од карши е исто така многу добра, и како парцела и како објект. Повлечена, задскриена во сопственото зеленило, одлично дизајнирана...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 08-Feb-2009 at 23:08


Знам за која куќа збориш Оваа ја сликав во лет но некогаш сакам да прошетам убаво и да "евидентирам" некои куќи кои ми фаќаат око по добро или по лошо. Иако станува малку незгодно цела таа улица е начичкана со дипломатски резиденции и има камери на сите страни. И оваа што ја сликав е опремена со камери.

Што се однесува до "елитноста" на Водно. Дефинитивно како такво ќе остане уште некое време но неминовно цената некогаш ќе му падне. Беверли Хилс сигурно немаше да биде толку елитен доколку секој можеше да му гледа во дворот на комшијата. Водно е на добар пат да стане како Црниче или Козле кои се веќе унаказени. Особено Црниче.

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 14-Feb-2009 at 16:21

www.rado.com.mk

има некој абер дали ова станбениве објекти навистина се изградени во горно лисиче?

1

2



Edited by beTon - 14-Feb-2009 at 16:26
Back to Top
moto View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 04-Sep-2010
Location: Veles
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote moto Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 04-Sep-2010 at 11:35
Zdravo na site !!!
Jas sum nov na ovoj forum a sum od onie koi ke pochnat da si zboruvaat sami koga odat po ulica- planiram da kupam plac od 450 kvadrati i da gradam neshto... Zatoa shto imam mal semeen biznis planiram dolniot sprat (prizemjeto )da bide deloven, a prviot da bide za ziveenje. Ve molam site da dadete vashe mislenje, predlozi, foto i linkovi, zatoa shto nemam nikakvo poznavanje i iskustvo. Nie sme 5 chleno semejstvo i sekakva pomosh i informacii ke ni bidat od korist pri donesuvanjeto na odluki i gradenjeto.
Pozdrav do site...
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 04-Sep-2010 at 14:05
Originally posted by moto

Zdravo na site !!!Jas sum nov na ovoj forum a sum od onie koi ke pochnat da si zboruvaat sami koga odat po ulica- planiram da kupam plac od 450 kvadrati i da gradam neshto... Zatoa shto imam mal semeen biznis planiram dolniot sprat (prizemjeto )da bide deloven, a prviot da bide za ziveenje. Ve molam site da dadete vashe mislenje, predlozi, foto i linkovi, zatoa shto nemam nikakvo poznavanje i iskustvo. Nie sme 5 chleno semejstvo i sekakva pomosh i informacii ke ni bidat od korist pri donesuvanjeto na odluki i gradenjeto. Pozdrav do site...
Пријателу драг, најверојатно ќе се разочараш од сознанието дека можеби никој од форумџииве нема да ти испрати „предлози, фотографии, линкови и останати потребштини...”. Во тој контекст, пред да го прогласиш форумов за самобендисан, добро е да се знаат некои работи.
Прво, речиси сé има на форумов. За трииполовина дена може да се прочита целиот, барем мене толку време ми требаше. Откако ќе утврдиш што ти недостасува како инфо, пожелно е да отвориш нова, или дискусија во веќе постоечка тема. Е тогаш гарант ќе те бомбардираат со мислења.
Има и друг начин - ангажман на консултантски фирми, градежни developer-и, ама тие чинат пари. Искуствата од форумов се бесплатни.
П.С. Додека читаш, едно бруцошко прашање: Зошто терен баш од 450м2!?




Edited by OKA - 04-Sep-2010 at 15:25
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
moto View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 04-Sep-2010
Location: Veles
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote moto Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 04-Sep-2010 at 20:00
Thumbs%20UpTI BLAGODARAM ZA BRZIOT ODGOVOR-KAKO PRVO...
VTORO ZA PRASHANJETO-TOA BESHE PARCELA OD 1150 M2 PA JA PODELIJA NA DVE.
I TRETO -SUM NAPRAVIL LAPSUS- PLACOT E 540 M2 I SPORED DUP IMA MARKICA ZA GRADBA I TRANSFORMIRANA SOPSTVENOST.
Back to Top
Mr.Edmund View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 23-Jul-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mr.Edmund Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 05-Sep-2010 at 01:30
Moto, па ти имаш идеја што сакаш да правиш. Она што треба да го направиш е да одбереш добар архитект, па тој ќе те води низ целата работа. Ако не знаеш кому да се обратиш, еве еден предлог: прошетај по градот во кој живееш, и малку повнимателно гледај ги куќите од понов датум....ако во некоја од нив препознаеш куќа во која би сакал да живееш, обиди се да дознаеш кој ја проектирал....и ете...Cool
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 08-Feb-2011 at 17:32

СЕ ПРОДАВА ДРЖАВНА ПАРЦЕЛА ЗА ИНДИВИДУАЛНО ДОМУВАЊЕ


Село Петровец ќе стане град


На јавно наддавање за почетна цена од 290 денари за квадрат се продаваат околу пет илјади квадратни метри спроти училиштето "Кочо Рацин", а се предвидува изградба на осум станбени куќи на два ката


Селото Петровец ќе добие градски лик. Одговорните од Општината Петровец информираат дека поголемиот дел од територијата е урбанизиран и празните локации државно земјиште добија нова намена која ќе придонесе за да се подигне квалитетот на живеење. Деновиве преку Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање ќе се продаваат околу пет илјади квадратни метри спроти училиштето "Кочо Рацин", каде што се предвидува изградба на осум станбени куќи на два ката.
- Станува збор за осум парцели на коишто ќе се градат типски објекти со намена за индивидуално домување, информираше Панче Ковачев од Секторот за урбанизам на Општина Петровец.

Почетната цена за метар квадратен е 290 денари и право на учество на јавното наддавање имаат физички лица и правни лица кои ќе поднесат пријава за учество и ќе уптатат депозит од 10 % од почетната цена. Пријавите можат за да се доставуваат најдоцна до 17 февруари на адресата на Министерството за транспорт и врски или непосредно во архивата на Министерството. Јавното наддавање ќе се одржи на 25 февруари во просториите на Министерството за транспорт и врски, а со почеток во 11.00 часот.

Јавната објава е објавена и на интернетската страница на Министерството за транспорт и врски: www.mtc.gov.mk.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0DD0CC696A755143A7D15D13E4EB4C72
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 06-Apr-2011 at 10:19
Во Штип објавен оглас за јавна лицитација на плацови за изградба на индивидуални куќи

stip.jpgШтип - Во три штипски населби ќе се продава градежно земјиште по пат на јавна лицитација за изградба на индивидуални куќи. Министерството за транспорт и врски го објави огласот за вкупно 15 плацови, во населбите Сењак 4, Баби и Блок 2000.

Градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов вели дека оваа е одлична можност граѓаните да купат плац за цена од едно евро за метар квадратен.

- Доколку плацот за изградба на куќа е 500 метри квадратни, во тој случај заинтересираното лице го купува за 500 евра, или пак ако има надавање за цената која е најповолна. Но сметам дека оваа мерка на Владата е поволна, бидејќи на овој начин граѓаните добиваат плац по ниска и поволна цена, а комуналиите за изградба на куќата изнесуваат околу 35 евра по метар квадратен. Што значи еден плац на кој ќе се гради куќа од 100 метри квадратни пресметано заедно со комуналиите ќе чини околу 4 000 евра, појаснува Алексов.

Директорот на Јавното претпријатие „Штип -проект", Тони Јовев вели дека заинтересираните граѓани по купувањето на плацовите по пат на лицитација можат да склучат договор за исплата на комуналиите на рати, во рок од една година.

- По исплаќањето на комуналиите, сопственикот добива градежна дозвола за изградба на индивидуалната куќа, која што согласно законот треба да се изгради во рок од четири години, рече Јовев. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2934&Itemid=125
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 27-Oct-2011 at 14:27
Голем интерес за локациите за изградба на куќи во општина Илинден - 27.10.2011

 

Почитувани,

 

Ве информираме дека по распишаната јавна објава отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба нa објекти за семејно  домување, односно  станбени куки  во Општина  Илинден е забележан голем интерес кај граѓаните.

 

Имено, за вкупно 24 градежни парцели, согласно крајниот рок- 19.10.2011 година, до Министерството за транспорт и врски се доставени вкупно 302 пријави за учество во јавното наддавање. Станува бор за градежни парцели со површини од 331 m² до 507 m². Почетната цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели изнесува 61,00 денар од метар квадратен.

 

Јавната објава за отуѓување на овие локации по пат на јавно наддавање беше распишатна на 24.09.2011 година во печатеите медиуми и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски, а јавното наддавање ќе се оддржи по електронски пат 31.10.2011 година

 

Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица, и тоа: државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија, како и правни лица, и тоа: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен  регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

http://mtc.gov.mk/new%5Fsite/mk/storija.asp?id=3461
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 11-Nov-2011 at 13:32

Земјиште во Козле за 1.800 евра квадрат

Три државни парцели во Козле, наменети за индивидуално домување, вчера беа продадени за близу 2.000 евра по квадратен метар на електронска аукција на која почетната цена беше 1 евро за квадрат. Највисока цена што беше постигната за една од парцелите достигна 1.800 евра за квадрат, друга се продаде за околу 1.600 евра, а за трета беа понудени 1.000 евра за квадратен метар.

Постигнатите високи цени на аукцијата, според еден од учесниците, воопшто не биле изненадување, ако се има предвид интересот што владеел за продажбата на атрактивните парцели, односно бројот на учесниците.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DF3790971755E847A9F386F3D14267FE
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 17-Jan-2012 at 14:03
Ќе се продава државно земјиште во Дојран за изградба на викендици

Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на државно градежно неизградено земјиште по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на викенд куќи во општина Дојран.

Станува збор за 15 градежни парцели кои се со различни површини помеѓу 357 и 494 м2, наменети за изградба на викенд куќи.

Почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 10-ти февруари 2012 година.

Право на учество во јавните наддавања имаат физички и правни лица кои ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава. Целосниот текст на јавната објава може да се прочита на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски.

http://kajgana.com/kje-se-prodava-drzhavno-zemjishte-vo-dojran-za-izgradba-na-vikendici


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.070 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.