build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Бит пазар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 11622
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 28-Mar-2018 at 08:26
Картон-тезгите заминуваат од Бит Пазар

Тротоарите околу Бит-пазар ќе се ослободат од импровизираните тезги направени од картонски кутии и од камп – масички, а ќе се ослободат и уличките од сите пречки што оневозможуваат нормално одвивање на сообраќајот. Оваа обврска ја преземаат Град Скопје и Општина Чаир со поддршка на еснафот од Старата скопска чаршија и Комората на трговци на Република Македонија.

Со години наназад овој простор беше пренатрупан со улични продавачи поради кои движењето по тротоарите и по уличките во пазарот е тешко за пешаците, а навечер по нивното заминување останува ѓубре, најлонски ќеси и остатоци од картонски амбалажи. Покрај тротоарите се паркира кој како ќе стигне па со тоа се отежнува и движењето на возилата и велосипедистите. Никој до сега не се реши да воведе ред околу најголемиот скопски пазар.

Акцијата која сега ја преземаат Градот и Општина Чаир се спроведува поради планот за урбанизирање на овој простор. Во иднина, тука треба да има нова такси-станица, а планирано е и да се засадат дрвореди, да се уредат зелените површини и да се постават заштитни столпчиња на тротоарите од двете страни на булеварот. За да може сето тоа да се спроведе, планирано е да се отстранат сите тезги што се незаконски поставени на површините во околината на Бит-пазар и Старата скопска чаршија. Целта е да се вратат купувачите во чаршијата и на пазарот и да се овозможи полесна пристапност до тезгите и до дуќаните.

– Градот Скопје има разбирање дека трговците кои работат на овие нелегално поставени тезги вложуваат многу труд за да заработат за основните средства за живот. Затоа, во соработка со „Скопски пазар“ на овие луѓе им обезбедивме да им бидат понудени на користење тезги во рамките на Бит-пазар под одредени поволни услови. За таа цел, овие лица треба да склучат договор со „Скопски пазар“ А.Д Скопје, но претходно да се јават на телефонскиот број 02/3111 880, најдоцна до 05 април 2018 година – рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Сите оние што нема да го сторат тоа и кои ќе продолжат да продаваат на улица или на тротоар, како што нагласи Салиху, ќе бидат казнети во согласност со Законот од надлежните инспекциски органи.

Покрај урбанизирањето на делот кај Бит-пазар, дополнително се планира да се уредат и да се осветлат и пасажите во Старата скопска чаршија. Салиху вели дека никој не треба да биде оштетен, ниту трговците, ниту учесниците во сообраќајот.

– Скопје е град за сите и затоа посветено работиме за доброто на сите наши сограѓани. Сите сме еднакви пред законите и сите заедно ќе ги искористиме предностите на оваа координирана акција на повеќе државни институции и трговски организации. Веруваме дека нашите сограѓани многу брзо ќе ги согледаат придобивките од ваквиот потег и ќе ја поздрават оваа иницијатива за конечно решавање на проблемите со кои повеќе години се соочуваат граѓаните на Скопје на овој потег – истакна портпаролот на Град Скопје.

Освен што ќе се уредува околината, наскоро започнува комплетна реконструкција на Бит пазар. „Скопски пазар“ кон крајот на јануари годинава добил одобрение за градење од Општина Чаир, а неговата правосилност стапи на сила на 21 март.

Проектот ќе се изведува во четири фази, со што ќе се овозможи поставување на 1.000 нови тезги, обновување на водоводот и канализацијата, целосно покривање на пазарот и изведба на нов деловен простор со површина од 600 метри квадратни. Планирана е и изградба на надземен паркинг со капацитет од 230 возила, со што треба да се реши проблемот со паркирање на пазарот, што е актуелен со години наназад.

http://plusinfo.mk/%D0%BA%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%BE%D0%BD-%D1%82%D0%B5%D0%B7%D0%B3%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B7%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BE%D0%B4-%D0%B1%D0%B8%D1%82-%D0%BF%D0%B0%D0%B7%D0%B0/
За сè има вторпат
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 28-Mar-2018 at 09:52
http://marh.mk/bit-pazar-pogreshen-urbanizam/
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 28-Mar-2018 at 09:55
Прочитејте и поинакви мислења за ова. Секако дека треба Бит пазар да се доведе во ред, но предложеното решение не е добро.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 01-Apr-2018 at 18:42
Проблемот на битпазар не бил никогаш тоа како изгледа, туку дивите тезгаџии и сообраќајните каубојци... а факт е дека тој проблем никогаш нема да се реши
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 654
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 18-Apr-2018 at 15:35

десет години подоцна со 20 години побајат проект за разлика од првиот [1] дали навистина сите наши архитекти се без осет или стопаните се без усул за каков и стил или намена да станува збор кај посттранзициониве објектите ...

„Скопски пазар“ доби градежна дозвола и ќе почне да го реконструира Бит – пазар - http://build.mk/skopski-pazar-dobi-gradezhna-dozvola-i-ke-pochne-da-go-rekonstruira-bit-pazar/

дури и вака како го скоцкале на ваков симетричен објект уште кога ќе видиш асиметрично растурени дрва, не треба понатака за останатите елементи човек да се чуди! иако ред е да се напомене дека се испушта приликата над пазарот да се добие надземен сквер та дури и со овој проект оделе бар тераса за идните слаткарници кафетерии и чајџилници во објектот, да има каква таква визура кон чаршија и Кале а не само паркинг и крш кровчиња ...

веројатно се плашеле да не наидат на археолошки локалитет, та затоа се пишманиле околу подземна гаража, како не би заглавиле, но доколку во Општината имале тро акал ќе им го одбиеле ако ништо друго ваквото касапење на оваа локација! да беа паметни, само едно ниво на паркинг ќе ставеа подземно, а пазарот полувкопан да го истераа како објект, како би добиле нов убав сквер одозгора ...


Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 397
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 08-May-2018 at 13:40
lele kako ke se naredat ubavo ovije so kutiitte tezgi okolu fontanata na plostadot pa ke se zamijat i od nea, tije ke bidat naj naj skapite mesta, posle od tuka ke prodolzuvaat kon priklucokot se nagore po parkingot i normalno okolu.

Istijot haos ke ostane samo ke si napravat use nekoj market za rentanje ke si praat uste paricki od toa dukanite okolu sto gi gledam od tvrda gradba, i ovije so kutiite okolu dukanite...
stvarno mislite na ovije sto go praat bitpazar im e gajle za haosot sto ke prodlzi da funkcionira taka ubavo i sovrseno??

naravno deka ne oni gledaat kako poise pari da karat vo odnos na vlozenotoo

Edited by Portal - 08-May-2018 at 13:43
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 11622
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 13-Jul-2018 at 18:07
Инаку, речиси половина Бит Пазар веќе е урнат и се работи нешто. Еве фотка од денес, со мобилен телефон.

За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 518
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 14-Jul-2018 at 11:04
Како малку гнаса во градот да има па уште под ауспух зеленчукот ќе се продава, да можи дизелот слободно да паѓа од паркингот кровен. Идеално решение навистина.
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 328
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 14-Jul-2018 at 11:37
mala kontra od mene: Haosot go pravese Bit Pazar edno od najinteresnite mesta vo Skopje  (od turisticki aspekt) 
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 11622
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 14-Jul-2018 at 15:50


Да, ама концептот на пазари од отворен тип веќе е претежно напуштен во Европа, на Блискиот Исток можеби уште функционираат на тој начин. Мислам дека пазари од затворен тип, климатизирани, заштитени од временски неприлики, се далеку подобри и за самите продавачи и за самите купувачи.

Еве, погледнете каков градски пазар има Вуковар во Хрватска, град со околу 30.000 жители.

https://architizer.com/projects/city-market/
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 25-Jul-2018 at 00:26

мора да се мисли и на културното значење на Битпазар како најстар пазар во градов и тоа како да се вклопи во чаршијата естетски и функционално, а не само да се фукне некаква транзициона лименка на локацијата
идеално ќе беше да се задржи пазарот, да се стандардизираат тезгите, а паркингот да оди под земја
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 11622
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 25-Jul-2018 at 07:58
Ако толку се мислеше на културното значење, ќе изградеа безистен во византиско-османски стил што ќе се вклопеше во остатокот од чаршијата. Ама на кој да му текне на тоа.
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 654
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 25-Jul-2018 at 10:31

незнам дали и Бит Пазар влегува во рамки на Чаршијата урбанистички, може го повлекле во линија со околните Згради и Арка и Мавровка, та затоа и волку опуштено, иако од дамна в Чаршија многу работи се отпуштени, а ова може да се каже е цреша на чаршискиот шампитлук, бар да беа слаткарџии а не пазарџии инвеститорите та и некако

можеби ако одат со дрвена дограма и фасаден камен та малку од малку то велишда ја дотераат до визнатиски стил, но без керамопластика тоа и нема да биде, а сеуште немам видено фаукс камени панели со керамопластика посреди, заради што единствено што можат и останува да интервенираат е озбилно пејсажно, она во случај дз се опаметат или некој ги опамети дека тука гаража на кров немоит да оди од таа платформа да направат тераса за кафиќите чајџилниците и слаткарниците дола во комплексот а сходно за таква панорамска тераса кон чаршијата да ја накитат со жардињери кои би имале ето и изобилство на ползавци та да се компензира некако модерниот стил со екстра зеленило ...

но, чек да видиме може и за овие плитки темели ќе удрат на нешто археолошки битно, та главејќи тука проектно, да побараат и добијат нова локација, може ако наидат на некакви интересни темели, а не сакаат нов простор СП да трампаат со државата, да се случи да одат со нов проект во кој ќе има стаклени подови за архео-презентација, а во кој случај и државата ќе наметне поздрави смерници околу таков нов проект кој бидејќи логично државата во долниот дел ќе го има како музеј и ќе го кофинансира ето бар стилски архаично ова новиво трговски-пазар!? да почекаме, може и Серава да ги сардиса натака ако насила си ја тераат, чинам баш тука некаде поминува подземно!?

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 654
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 25-Jul-2018 at 18:12

хм, овие не одат со темели, бев денес да пазарам и потпрашав еден од градежниците, ќе оделе со стопи за столбовите и само нулта плоча на површина и една горе за паркингот, значи монтажен објект ќе биде проектот, што може не е толку зијан доколку утре се бара некое посодветно решение за оваа локација, иако ламарина пристап е најсклет што можеа да истераат, евентуално и ова фасадно да го накинџурат со камена фасада дури била и со керамопластика посреди (ко тоа влезниот портал на Хотел Истанбул карши УКИМ во Гази Баба кој на фоткава од '15 го нема)

интересно женски пазар не е ограден може покасно ќе го креваат, а може и нема, исто тоа продавниците од внатре ќе да остануваат, се на се ќе добиеме нов ламарина безистен ко ни во Шутка што не би му било место а не пак во Центар ...

тука некогаш низ историјата на местото на пазаров врвела Серава [1] а од тука вртела кон Вардар, додека пазарот некогаш бил од нејзина десна страна спроти Кале, кај т.е. веднаш под Вергинскиот Манастир денес Султан Муратова Џамија [2][3] значи пазарот бил некаде кај булеварот а подоцна е вовлечен кон чаршијата ...
Според зачуваната Виргинска грамота од 1277 год., бугарскиот цар Константин Тих Асен му дал одобрение на манастирот Св. Ѓорѓи Горгос (Скоропостижник) да организира годишен панаѓур на празникот „Воведение на Богородица“ на 21 ноември секоја година, со право да наплаќа одредени такси заради негово издржување, како и неделен пазар најнапред во секој петок, а подоцна и во вторник. Овие, пред се, трговски манифестации започнале да се одржуваат во периодот меѓу 1028 и 1034 год. на манастирската ливада, која се наоѓала на периферијата на тогашното скопско подградие Доленград, крај десниот брег на реката Серава
...
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=158&PID=4612#4612

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 654
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 25-Jul-2018 at 19:24

нема да биде лошо доколку Бит Пазар го преместат кај амбулантата од карши, така ќе се врати и поизворна автентичност, но и ќе има пристап директно до урбан автопат пазарот ем има простор за поголем паркинг во близина, а нормално во кој случај ќе треба нова Поликлиника другде можеби спроти о.Чаир кај то стоковната сега чинам КАМ маркет, додека кај постојниот пазар да направат сквер ...

http://www.build.mk/Forum/forum_posts.asp?TID=268&PID=18229#18229

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=846&PID=168873#168873

исто доколку одат со денивелирана клучка кај Мавровка можат и овој дел кај битпазар да го денивелираат булеварски и покријат ко пешачка зона [1] или пак доколку клучката не е соодветна за симнување, тогаш можат ука да одат на столбовиво продолжение на неа, а како би се добило сообраќајна но и пешачка проодност, иако заради нивелирање со Цветан Димов кај Гази Баба полочигно е да се оди со денивелација кај Бит Пазар но што ќе бара спуштање или подигнување бул. Никола Карев во ниво со клучката кај континентал, што пак таман ќе ја рипне и пластичарската улица како урбан автопат кој ќе нема никаков застој ...

патем вака би се отворило простор за булевар кон тунелот под Кале токму кај ѐбит ѐпазар доколку навистина Шилегов решил да го турка, со оглед дека за да не заглави во Дуќанџик каде сега е плева од згради единствена послобдна рута би му било низ пазар сетне кујунџиската улица и покрај Куршумли Ан да излезе кај Кале каде попат има помали само помали куќи, денес кога минав од таму ова и навистина има логика бидејќи се друго во Дуќанџик се зградурини, но би било жалосно да се сотре булеварски Чаршија нели заради нечиј сообраќаен фикс, а може да се компензира тунелот посодветно [1][2] во спротивно и она мирно катче ко Чаршија ќе бидне натоварено со брмчење во недоглед, освен ако тоа не е некој вело и трамвај коридор ...


Edited by Zelenikovo - 25-Jul-2018 at 19:25
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 25-Jul-2018 at 23:37
Originally posted by Џоле

Ако толку се мислеше на културното значење, ќе изградеа безистен во византиско-османски стил што ќе се вклопеше во остатокот од чаршијата. Ама на кој да му текне на тоа.
не збориме за никакво радикално решение, доволно ќе беше да се уреди и стандардизира пазарот
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.