build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6667686970 84>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #1341 Posted: 02-Sep-2010 at 23:13
ФАЗА 5 (2023-2025 година): Крајната фаза, во која би се граделе спојки помеѓу патните правци, како и поврзување со останатите важни градови и соседи. Сите делници во оваа фаза опфаќаат изградба на брзи патишта, не на автопати. Пак би нагласил дека оваа фаза би била како бонус, односно делниците можат да бидат поделени по следниве (според мене) приоритет:

ИЗГРАДБА: Радовиш-Струмица во должина од околу 20 километри, со можност за продолжување кон гп Ново Село, кое минува низ густо-населеното и развиено Струмичко поле.
Брзиот пат Охрид-Трпејца, од околу 20 км.
Брзиот пат Охрид-Ресен-Битола, од околу 75 километри.
За крај останува делницата Штип-Кочани, чија должина изнесува некои 35 километри.

ТРОШОЦИ: Доколку би се изградило се од планираното, тогаш тоа би значело изградба на брзи делници од околу 180 километри, по цена од околу 400+ милиони евра.





ТАКА ВКУПНИТЕ СРЕДСТВА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАЗИТЕ ИЗНЕСУВА ОКОЛУ 2,6 МИЛЈАРДИ ЕВРА, ПОДЕЛЕНИ ПРИЛИЧНО РАМНОМЕРНО ВО ТЕКОТ НА 15 ГОДИНИ, ИЛИ ВО ПРОСЕК ПО 175 МИЛИОНИ ЕВРА НА ГОДИНА. ФАЗИТЕ НАМЕРНО ГИ РАЗДЕЛИВ СПОРЕД ПРИОИТЕТНОСТА, НО И СПОРЕД ТОА БРОЈОТ НА ИЗГРАДЕНИ АВТОПАТИ, КАКО И БРОЈОТ НА СРЕДСТВА ПОТРОШЕНИ ВО ТАА НАМЕНА ДА Е РАВНОМЕРЕН. СЕКОЈА ФАЗА ОПФАЌА ОКОЛУ 150 КИЛОМЕТРИ АВТОПАТ И ОКОЛУ 500 МИЛИОНИ ЕВРА.

ВАКА, МАКЕДОНИЈА ОД СЕГА ПОСТОЕЧКИТЕ 220 КИЛОМЕТРИ АВТОПАТ И 20 КИЛОМЕТРИ БРЗ ПАТ (ТЕТОВО-ГОСТИВАР), БИ ДОБИЛА МРЕЖА ОД ОКОЛУ 600 КИЛОМЕТРИ АВТОПАТ И 245 КИЛОМЕТРИ БРЗИ ПАТИШТА, ВКУПНО ПРАВЕЈЌИ НЕШТО ПОД ИМПРЕСИВНИТЕ 850 КМ СОВРЕМЕНИ МАГИСТРАЛИ.

ЗА КРАЈ БИ НАГЛАСИЛ ДЕКА СИТЕ ОВИЕ ФАЗИ СЕ ЕДЕН ПРЕАМБИЦИОЗЕН ПРОЕКТ, ЗА КОЈ МАКЕДОНИЈА ОСВЕН СРЕДСТВА, НА ОВОЈ СТАДИУМ НЕМА НИ ПОТРЕБА. БИ РЕКОЛ ДЕКА СИТЕ ДЕЛНИЦИ ДО ФАЗАТА 3, КАКО И ДЕЛНИЦАТА ВЕЛЕС-ПРИЛЕП ОД ФАЗАТА 4 СЕ НЕОПХОДНИ ЗА МАКЕДОНИЈА ДА ДОБИЕ ПРАВО ПАТНО ПОВРЗУВАЊЕ. ОСТАНАТИТЕ БИ СЕ ГРАДЕЛЕ СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ КОИ БИ СЕ МЕНУВАЛЕ НИЗ ГОДИНИТЕ. ДАЈ БОЖЕ ДА ИМАМЕ ПОТРЕБА И СРЕДСТВА ЗА ИЗГРАДБА НА ЦЕЛОСНАТА МРЕЖА ДО 2025 ГОДИНА. ЗА КРАЈ БИ ВЕ ПРАШАЛ ШТО МИСЛИТЕ ВИЕ ОКОЛУ ПОСТАВЕНОСТА НА ДЕЛНИЦИТЕ, НИВАНАТА ПРИОРЕТИЗАЦИЈА, КАКО И ДАЛИ СРЕДСТВАТА ПОСОЧЕНИ ОД МЕНЕ СЕ БЛИСКИ ДО РЕАЛНОСТА.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #1342 Posted: 02-Sep-2010 at 22:59
ФАЗА 4 (2020-2022 година): До оваа фаза сите делници сметам дека се навистина приоритетни, а во фазата број 4 би издвоил една навистина приоритетна делница, останатите би биле според потребата, односно интензитетот на сообраќај. Таа фаза е автопатско решение на делницата Велес-Прилеп преку реката Бабуна, што би го скратило патувањето од Битола кон Скопје и градовите на Источна Македонија. Исто така опасниот планински превој Плетвар би постанал второстепен премин помеѓу Пелагонија и Повардарието.

ИЗГРАДБА: Делницата Велес-Прилеп, низ тежок планински терени и за наши услови навистина долга траса од околу 60 километри. Следуваат правците Велес-Штип (прикажан со светло лилава боја на мапата) кој е замислен како 2по2 брз пат, во должина од околу 45 километри, како и делницата Штип-Радовиш од околу 40 км.

ТРОШОЦИ: Изградба на 100 километри класичен автопат, од кои 60 километри во тешки планински предели, како и изградба на 45 километри брзи патишта (кои да претпоставиме би чинеле 2 милиона евра на километар). Вкупната сума излегува дека е 525 милиони евра.



"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #1343 Posted: 02-Sep-2010 at 22:51
ФАЗА 3 (2017-2019 година): Главниот акцент повторно е ставен врз Коридорот 8, за конечно поврзување со патните правци на исток северо-запад и запад (барем две од трите соседни земји до тогаш планираат завршување на автопат до нашата граница). Следуваат две полесни делници, односно Скопје-Приштина и долгата, но рамничарска делница Битола-Прилеп, која ги поврзува нашите големи градови Битола и Прилеп.

ИЗГРАДБА: Делницата Страцин-гп Деве Баирво должина од 40ина киолметри, низ многу тежок планински терен.
Делницата Охрид-Струга-гп Ќафасан, низ прилично лесен терен, но веројатно со многу високи средства потребни за отуѓување на земјиштето.
Патниот правец Скопје-гп Блаце, кој е доста прометен и сега, а и од соседството се најавува изградба на автопат до нашата граница.
Последна делница за оваа фаза би била долгата пелагониска низина, односно правецот помеѓу Прилеп и Битола, долг 50 километри, но без некакви теренски потешкотии.

РЕКОНСТРУКЦИЈА: во оваа и следните фази реконструкции не се предвидени, поради фактот што отсега не би можело со сигурност да се предвиди како би се однесувале поединечните патни правци. Веројатно следни би биле делниците Велес-Градско и Скопје-ОКТА.

ТРОШОЦИ: Фазата предвидува изградба на 135 км автопати, од кои само 40 се низ тежок планински терен. Тоа значи дека средстцата наменети за оваа фаза би изнесувале приближно 485 милиони евра.

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #1344 Posted: 02-Sep-2010 at 22:42
ФАЗА 2 (2014-2016 година): Оваа фаза му посветува целосно внимание на Коридорот 8, кој не поврзува со нашиот најголем туристички центар и со соседите со најголем раст на трговијата (како и бројни други дискутирани поволности од аспект на диверзификација на можностите кои и се нудат на Македонија). Ударна делница во овој програмен период е делницата Гостивар - Мешеишта, која би одземала најмногу ресурс. Следува делницата Куманово - Страцин, како и реконструкција на брзиот пат Тетово-Гостивар, кој верувам дека по 5 години би бил зрел, та дури презреан за темелна реконструкција (ако не и проширување).

ИЗГРАДБА: Делницата Гостивар-Мешеишта со должина од околу 90 километри, низ тежок планински терен, со сосема нова траса и веројатно доста објекти од типот на потпорни ѕидови, мостови и тунели.
Делницата Куманово-Страцин со должина од околу 40 километри, низ помалку тежок терен.

РЕКОНСТРУКЦИЈА на делницата Тетово-Гостивар со должина од околу 20 километри. Освен отфрлање на патарините на овој сегмент (се надевам до тогаш ќе имаме Винетки или зошто да не сателитско плаќање на патарините), како и можно проширување.

ТРОШОЦИ: Се работи за нови делници од околу 130 километри, сите низ тежок географски терен, како и реконструкција на 20 километри автопат. Вкупните средства потреби за ова, според горната формула би изнесувале 680 милиони евра.

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #1345 Posted: 02-Sep-2010 at 22:31
Инспириран од една ваква слична карта, која ја видов во српската секција на ССЦ, направив една наша верзија за етапен развој на автопатската мрежа на Македонија, на средно-долг план. Планот е поделен во 5 фази, секоја од која трае по 3 години, започнувајќи од 2011 и завршувајќи соодветно 2025. Најпрво би започнал со тоа како мислам дека треба да се организира и нумерира автопатската мрежа. Слична е на онаа која ја поставив пред неколку месеи, но делумно корегирана.



А1 гп Табановце -Скопје- гп Богородица
А2 гп Деве Баир -Скопје- гп Ќафасан
А3 Охрид-Битола-Прилеп-Велес-Штип-Кочани-Делчево-гп Делчево
А4 гп Ново Село - Струмица - Штип - Скопје - гп Блаце

Втората слика ја прикажува проектираната автопатска мрежа во Македонија, до 2025 година. Со зелена боја се обележани веќе постоечките автопати, со црвена автопатите кои треба да се изградат и со лилава брзите патишта (2 по 2 ленти, без лента за запирање и ограничување на брзината на 110 км/ч).



Такви патишта би требало да има на отсечките Охрид-Трпејца, Охрид-Ресен-Битола, Велес-Кадрифаково, Радовиш-Струмица-гп Ново Село и Штип-Кочани.

Како што кажав, планот би се реализирал во 5 запоредни тригодишни фази, кои освен изградба на нови делници (отсега обележано со црвена боја), опфаќаат и реконструкција на сегашните правци во лоша состојба (натаму обележано со светло зелена боја).

ФАЗА 1 (2011-2013 година): Фазата вклучува изградба и целосна реконструкција на најприоритетните делници во републиката. Приоритет е целосното завршување на Коридорот 10 и негова реконструкција, како и конечно поврзување на Скопје со Штип, а со тоа и целата Источна Македонија (токму кај Штип знаеме се влеваат сите правци на истокот). Последен приоритет во фазата е изградба на автопатска делница од Охрид кон Гостивар, низ Охридското поле.

ИЗГРАДБА: Поставување на нови коловози на источната страна на автопатот Велес-Катланово во должина од 25 километри.
Изградба на автопатот од Демир Капија до Смоквица, односно конечно премостување на Демиркапијската клисура, во приближна должина од 30 километри.
Изградба на автопатот Петровец-Штип преку Свети Николе, во должина од околу 50 километри.
Започнување на автопатот Гостивар-Охрид, во најлесниот за изведба дел, помеѓу Охрид и Мешеишта, во должина од 15тина километри.

РЕКОНСТРУКЦИЈА: Две делници се вклучени долж коридорот 10. Тоа се ОКТА-Куманово (каде на западните коловози им треба целосно преслекување, а на источните дури и пробивање на трета лента за застанување) и Велес-Катланово, кој е во очајна состојба посебно по затворањето на другата паралелна делница, при реконструкцијата на мостовите.

ТРОШОЦИ: Затоа што трошоците се базираат над темелни и опсежни испитувања, кои јас ниту имам знаење ниту средства да ги направам, би ја поедноставил формулата за пресметување. Би рекол дека во Македонија трошоците за изградба на автопат низ лесен терен се 3 милиони евра на километар, а низ тежок терен 5 милиони евра на километар (склон сум оваа цена да варира и до 10 милиони, но на одредени делници). За крај темелна реконструкција би ја поставил на 1,5 милиони евра, при што тука се вклучени сите удобства на европските автопати (безбедностни системи, електронска сигнализација, обнова на зимските служби и службите за одржување на делниците)...

Во оваа фаза би се изградиле вкупно 120 километри патишта и би се реконструирале 50 километри од истите. 65 километри од новите делници минуваат низ лесен тере, додека останатите 55 низ тежок. Целосните трошоци на фазата 1 изнесуваат 545 милиони евра.

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1346 Posted: 02-Sep-2010 at 06:23
ДЕЛЧЕВО- Екипи на Македонија пат" од подружницата во Штип ја санираат делницата од селото Звегор до месноста Амамот во близина на граничниот премин кај Делчево.
Коловозот на оваа делница од меѓународниот пат кон македонско-бугарската граница беше оштетен, со многу ударни дупки поради што сообраќајот отежнато се одвивше.
Се поставува нов асфалт и по делот што минува низ село Звегор.
- Асфалтот го носиме од нашата асфалтна база од Штип, а во санацијата се вклучени и работниците од секцијата на Македонија пат" од Делчево со потребната градежна механизација, изјави раководителот Стојан Ризински.
По завршувањето на санацијата на меѓународниот пат кон Бугарија, работниците се селат на делницата кај месноста Умин Дол во близина на село Град, каде што треба да се санираа коловозот во должина од 250 метри на патниот правец М-543 од регионалниот пат Делчево - Берово.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C341339D6CF39742BBC73ECBE72CC44A
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1347 Posted: 01-Sep-2010 at 18:24
Р-604
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1348 Posted: 01-Sep-2010 at 17:40
Се реконструира регионалниот пат Струмица – Дојран strumica-dojran.jpgСтрумица – По поставувањето втор асфалтен слој на транзитната делница низ Струмица, односно на дел од булеварот „Климент Охридски“, градежното претпријатие „Пелагонија инженеринг“ продолжува со реконструкција на регионалниот пат Струмица – Дојран.
Согласно ппрограмата на Агецијата за државни патишта, годинава ќе бидат реконструирани вкупно 22 километра од овој патен правец со широчина на коловозната лента од шест метри.
- Моментално работиме на делницата Струмица – Костурино во правец кон Валандово. На 17,5 километри од вкупната траса вршиме отстранување на два асфалтни слоја, а на 4,5 километри на еден и веднаш по вадењето на стариот асфалт, километар по километар, поставуваме нов слој со дебелина од пет сантиметри. Со ваквата динамика настојуваме на овој фреквентен патен правец да нема речиси никакви застои во одвивањето на сообраќајот, изјави Чедо Стојковски од ГП „Пелагонија инженеринг“.
За реконструкција на оваа делница, која треба да заврши до октомври, ќе бидат потрошени околу 166 милиони денари од државниот буџет.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2570&Itemid=125
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1349 Posted: 30-Aug-2010 at 16:26

Пуштен во употреба новиот изграден мост во н.м. Миладонвци


Градоначалникот на Општина Илинден г-дин. Жика Стојановски во присуство на Претседателот на Совет на Општина Илинден г-дин.Марјан Милошевски, Претставници од Советот на Општина Илинден, Претседателот на Месна Заедница Миладиновци г-дин.Марјан Марковски , претставници на Месната заедница Миладиновци и жители од околните места на ден 29.07.2010 година свечено ги пуштија во употреба новиот мост и новоизградената улица во населенто место Миладиновци.

Вкупната инвестиција за реализацијата на овој инфраструктурен проект изнесуваше 7.000.000,00 денари, кои беа целосно обезбедени од Буџетот на општина Илинден.

Со проектот беше опфатено изградба на мостот со тротоари со ширина од 6 метри и должина на мостот од 10 метри, како и целосно пробивање, тампонирање и асфалтирање на севисна улица во вкупна должина од 600 метри.

Реализицијата на овој проект беше во всушност идеја на граѓаните на населеното место Миладиновци, се со цел да се подобри комуникацијата, како и да се олесни движењето на граѓаните.


http://www.ilinden.gov.mk/nastani/pushten-vo-upotreba-noviot-izgraden-most-vo-nm-miladonvci
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1350 Posted: 26-Aug-2010 at 09:15

Бродот не го спаси селото Клиново

Селото Клиново се удави во Тиквешко Езеро оти бродот кој требаше да го спасува е продаден, а ветениот пат покрај езерото и по 50 години не е изграден. Клиново, кое некогаш имало 1.000 жители, денес нема ниту еден. Причина е и тоа што и по половина век од изградбата на езерото се' уште не е реализирано ветувањето дека ќе се изгради пат до Клиново и дека ќе се обезбеди брод да го користат тие што живеат или потекнуваат оттаму. Пред изградбата на акумулацијата, клиновци од Кавадарци до ова најоддалечено село патувале по пат крај Црна Река, која сега го полни Тиквешко Езеро, кое ги покрило патот и нивите на луѓето што живееле таму.

- При изградбата на акумулацијата беше ветено дека Клиново ќе добие пат или брод како превозно средство. Навистина бил купен брод, кој останал во рамките на тогашното претпријатие „Тиквешко Поле“. Претпријатието потоа го продало бродот иако тој бил сопственост на Месната заедница Клиново. И луѓето останаа без ништо. А и кога не беше продаден, ако некој побараше превоз до селото, тие наплаќаа, иако бродот беше купен наменски, само за селото Клиново - тврди Мишо Митрев од Кавадарци, кој е роден во Клиново.



Некогаш немањето пат и струја биле главните причини за иселувањето, а денес тие се причини да не се вратат оние што размислуваат таму да најдат егзистенција.

- Најдобриот мермер во Македонија го има токму тука, под Клиново. Испитувањата беа направени уште пред половина век. Има и црн мермер. Огромно е и присуството на извори на вода. Словенци се заинтересирани да инвестираат тука. Но потребно е да се создадат услови за да може таквото богатство да се експлоатира - тврди бизнисменот Митрев.

Селото е „зад грбот Господов“, на околу 860 метри надморска височина. Од Кавадарци до Клиново има четириесетина километри, а дотаму стигнавме по лош шумски пат, возејќи два часа со џип, во еден правец. Од 186 куќи некогаш, денес има едвај неколку. Оние што се родени овде велат дека нивното село станало планина, оти нема ниту камен од некогашните домови и школо. Оние малку ниви што останале обраснати се со трње. Клиново живее само неколку дена во годината. Неколкупати годишно тие што се родени овде или потекнуваат од овој крај доаѓаат да прослават заедно. Се среќаваат по долги години. Но на веселбите доаѓаат и луѓе авантуристи, кои немаат ама баш ништо заедничко со ова село. И сите тие со години палат свеќи и се молат во црква под ведро небо, оти црквата изгорела пред педесетина години.

Постојат повеќе легенди за тоа како настанало името на селото. Според една од нив, Клиново го добило името оти селото е сместено помеѓу два рида, како во клин. Се прераскажува и приказната за тројцата браќа, Гале, Климе и Вите кои ги формирале селата Галиште, Клиново и Витолиште. Распослано на карпест терен, селото е едно од најголемите по површина во некогашната општина Конопиште. Граничи со Мариово и е сместено во пазувите на планината Козјак.

Поради немањето услови за живот во Клиново, засега многумина што доаѓаат овде со носталгија или ентузијазам имаат направено викендички долу кај вливот на реката Блашница во Тиквешкото Езеро. Стотина куќи веќе има таму. Некои од нив имаат и постојани жители. Има направено и леса (висечки мост), па кога Блашница е надојдена, луѓето што сакаат да одат накај викендичките и Клиново поминуваат по неа.

Секоја година во Клиново доаѓа Јован Митров, кој е роден тука, а долги години е на работа во Шведска.

- Често се сеќавам на мачниот живот што го имавме тука, но со задоволство му се враќам на родниот крај оти нема поубаво место на светот од ова. Корените ме влечат - ни рече тој со насмевка.

На родното огниште, по 20 години, беше дојден и Сашко Трајков, кој работи во Швајцарија.

- Имам куклен театар и сум го прошетал половина свет. Ама не би го менувал Клиново за ниедно друго место на планетата - ни рече додека со своите деца палеше свеќи.

Директорот на кавадаречки „Бор“, подружница на „Македонски шуми“, Стојан Иванов, кој исто така потекнува од ова село, ни зборуваше за своите перспективи.

- Доколку се реализира проектот за хидроцентралата „Галиште“, идеално ќе биде ако овој пат се пробие до централата. Тоа е најблискиот пат од Кавадарци дотаму. „Галиште“ ќе биде на околу 10 километри од Клиново. Ако се случи тоа, ова ќе биде рајот на земјата. Триесет години работам во шумарство и тврдам дека ова е едно од најживописните места во Македонија. Спој на континентална и медитеранска клима. Долу кај Блашница може да се види дрвото „гол човек“, кое е ендемит, медитерански вид. Местово е идеално за туризам со езеро и со планина. Сите знаат дека Тиквешијата е позната по виното и грозјето, а никој не знае дека шумите во Тиквешко се број еден во Македонија по однос на површини и квалитет. Македонија е прекрасна и штета што ниту Македонците не ја познаваат доволно - вели Иванов.

Со носталгија и солзи зборува и 79-годишната Велика Трајковска. Таа вели дека животот и' поминал со молби до Бога да се врати животот во нејзиното родно Клиново.

- Е, синко, за Југославија некогаш воа беше ѓоа некоа ба (болва). Ама не се застана здраво за да не се дозволе селото да се испусте. Едно време тука ни пиле не идеше, а камоли човек. И стварно кога решив да се враќам тука за да се обнове манастирчето од 14 век, ми викаа улава кај одиш таму со мечките. Ама мене на сон ми дојде да го возобновам родниот крај. Кога првпат дојдов тука по многу години, шо да кажувам, мечкарник. Воа нашето е сега како да сакаме мртов човек да оживиме - емотивно говореше жената.

Сепак, иако Тиквешкото Езеро било причина за иселувањето на Клиново, нашите соговорници, додека разговаравме, не можеа да го оттргнат погледот од прекрасната глетка од ридот кон езерото.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=296BC904026642469FAE6D85FB60030B
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1351 Posted: 23-Aug-2010 at 17:43

Почитувани,

 

Ве информираме дека денес Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и Потпретседателот на Владата на Република Македонија, Абдилаќим Адеми, заедно со градоначалникот на општина Боговиње Хазби Идризи остварија посета на локацијата каде во тек е изградбата на патот Боговиње – Жеровјане. Патот Боговиње – Жеровјане е со вкупна должина од 2.25 километри и градежните работи за негово комплетирање се во завршна фаза.

 

Овој патен правец, како и веќе изградениот пат Синичане – Горно Седларце во општина Боговиње претставуваат дел од проектот за рехабилитација на локалните патишта во сите општини во Република Македонија, кој Владата на Република Македонија го реализира во соработка со Светска Банка.

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2736
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1352 Posted: 23-Aug-2010 at 15:28
Пуштен во употреба реконструираниот патен правец Давидово-Раброво

Денес во Валандово беше пуштен во употреба регионалниот пат Давидово-Раброво во должина од околу 13,4 километри, и за кој беа инвестирани околу 67 милиони долари

Денари, долари, што има врска тоа, битно да се пише нешто  Roll%20eyes
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1353 Posted: 23-Aug-2010 at 15:19
Вест од 3-ти Август.

Р-110
Пуштен во употреба реконструираниот патен правец Давидово-Раброво

- Изградбата на оваа патна делница е дел од програмата на Владата на РМ за реконструкција и рехабилитација на голем број регионални и локални патишта низ нашата држава што се спроведува заедно со Агенцијата за државни патишта, истакна Груевски

Денес во Валандово беше пуштен во употреба регионалниот пат Давидово-Раброво во должина од околу 13,4 километри, и за кој беа инвестирани околу 67 милиони долари.

На отаврањето присуствуваше премиерот Никола Груевски, кој го означи почетокот на употребата на патот.

-После една година од отпочнувањето на градежните работи денеска го пуштаме во употреба регионалниот патен правец Давидово-Раброво кој повеќе од 20 години не беше реконструиран, рече премиерот.

Реконструкцијата на регионалниот патен правец е од осоебно значење за регионот бидејќи претходно делницата беше една од најоштетените, а сега по реконструирањето како што нагласи стана една од најубавите во овој дел од државата.

-Изградбата на оваа патна делница е дел од програмата на Владата на РМ за реконструкција и рехабилитација на голем број регионални и локални патишта низ нашата држава што се спроведува заедно со Агенцијата за државни патишта, истакна Груевски.

Наташа Волкановска, директорка на Агенцијата за државни патишта истакна дека програмата за реконструкција и рехабилитација на регионалните и локалните патишта во целост ќе се реализира до крајот на 2012 година.

- Владата обезбеди средства како поддршка за општините за развој на локалната патна инфраструктура. На Општина Гевгелија и се додели 456 илјади евра за реконструкција на патот на потегот од Р-112 до село Ума и од Понов мост до селото Богородица додека на општина Валандово и се доделни околу 373 илјади евра кои во најголем дел ќе бидат искористени за реконструкција на локалниот пат Валандово-Пирава, истакна Волкановска.

Градоначалникот на општина Валандово Николче Чурлиноски кажа дека во минатото општина Валандово целосно беше заборавена и додаде дека оваа Влада не само што вети туку и прави се за да ја подобри патната инфраструктура и животот на валандовчани.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=53954


Edited by lslcrew - 23-Aug-2010 at 15:48
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1354 Posted: 20-Aug-2010 at 07:28
Се асфалтира дел од патот Градско-Прилеп кај Росоман

Кавадарци, 19 август 2010 (МИА) - Се асфалтира дел од регионалниот пат Градско-Прилеп кај Росоман, во должина од еден километар.

Нов асфалт доби и паркингот кај познатиот росомански пазар, со површина од 400 метри квадратни.

Од почетокот на годината во општина Росоман се асфалтирани седум километри локални патишта и улици.

Дел од средствата се обезбедени од Владата, а останатите од локалната самоуправа.

Општина Росоман со штедливи сијалици го осветлува и делот од раскрсницата што води кон Кавадарци, до излезот од Росоман. бн/сс/12:51

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76263394&lId=1&pmId=
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1355 Posted: 20-Aug-2010 at 07:26
Се гради патот за дебарското село Коњаре

Дебар, 19 август 2010 (МИА) - Дебарското погранично село Коњаре ќе добие асфалтен пат што го поврзува со градот. Работите околу изградбата се одвиваат со забрзана динамика, а ги реализира градежното претпријатие „Илинден“ од Струга.

За оваа цел се обезбедени 220.000 евра, средства што Општината ги доби од Агенцијата за патишта.

Патот е долг 3,3 километри, широк 3,5 метри, а од двете страни на коловозната лента ќе има по еден метар тампониран тротоар.

Коњаре некогаш беше еден од главните снабдувачи на Дебар со зеленчук, кравјо млеко и сирење. По осумдесеттите години од минатиот век во селото нема постојан жител, но добар дел од оние кои сега живеат во градот, обработуваат дел од плодното земјиште, а имаат и пчелни семејства кои произведуваат квалитетен мед од костенов цвет.

Како што најави градоначалникот Аргетим Фида, во приоритетната листа активности за подобрување на патната инфраструктура во руралните средини, е и изградбата на патните правци за селата Бомово, Бањиште, Могорче и Долно Косоврасти

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76272832&lId=1&pmId=
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #1356 Posted: 18-Aug-2010 at 13:07
Пред неполн 1 месец бев накај Китка, навистина е жалосно толку убава природа да не има пристапен пат,ги забележав камионите и багерите од гранит како го прошируваат патот,се надевам дека ке го завршат до крај,навистина има прекрасни пејсажи натаму тече и кадина река, навистина вреди да се поправи тој дел се надевам до година летоска.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1357 Posted: 18-Aug-2010 at 01:56

Китка не процвета од лошиот пат

Шумското стопанство „Караџица“ го уништува патот со тешките камиони натоварени со дрва, се жалат жителите од регионот на Китка

Жителите од регионот на Китка се жалат дека патот дотаму е преполн со дупки и дека е крајно време да се поправи. Според нив, главен виновник за тоа е шумското стопанство, чии тешки возила со години го руинираат. Пред нецели четири години, граѓаните дури и го блокираа патот на камионите, кои натоварени со дрва тежеа и повеќе од 30 тони. Сега по него може да сообраќаат само возила тешки до пет тони.

- Шумското стопанство „Караџица“ го уништи патот, а досега ништо не инвестира во него. Никој 30 години не се обиде да направи нешто за негова реконструкција. Автомобилите ни се искршија. Викендичките ги посетуваат само оние што имаат џипови, бидејќи само нив безбедно се стигнува. Поради лошиот пат, дд 100 викендички, посетени се само околу 30 - вели Ленче С., која има викендичка во населбата Мала Река.

Пензионерот Чедо Петровиќ, кој исто така има викенд-куќа во овој крај, вели дека за 25 години колку што доаѓа, никој од надлежните не мрднал со мал прст за да се поправи.

- Јас имам џип, но сум стар 67 години и кога возам до викендичката, од големите дупки главата ми удира во таванот. Тоа е неиздржливо, патот е дупка до дупка. Многу пати сме реагирале до „Караџица“, но од таму не сакаа ништо да помогнат, а и од Општината Студеничани - истакна Петровиќ.

По 30 години, конечно почна да се реконструира дел од патот Драчево - Китка. Првата фаза, која е почната пред 1,5 месец, е од манастирот Пеленица до селото Долно Количани, во должина од околу 4 километри. Градоначалникот на Општина Студеничани, Фати Исени, објасни дека во моментов се вади стариот асфалт, по што ќе се постави комплетно нов. Патот на оваа делница и ќе се проширува во зависност од теренот, во некои делови до околу 3 метри, а во некои делови и до четри метри. Главен носител е Општина Студеничани, а поддржувачи општините Зелениково и Кисела Вода.

- Последен пат асфалт на овој пат е ставен во 1981 година. Ќе им помогнеме на жителите од овие села да си ја олеснат комуникацијата со градот, но и со другите соседни села - објасни Исени.

Градежните работи ги врши фирмата „Гранит“, а ќе чинат 356.000 евра, кои се обезбедени од Светската банка. Се очекува реконструкцијата на оваа траса да заврши до првата половина на ноември.

Жителите од селото Горно Количани, а ги има околу 500, се благодарни што е почната изградбата на патот, но сепак се скептични до каде ќе одат ветувањата на општинската власт.

- Ветија дека ќе се прави патот, нешто почнаа, но кога ќе биде готов, никој не знае - изјави Неџати Рамадани од Горно Количани.

Месното население од Долно Количани вели дека до пред распадот на Југосавија овој пат го одржувала војската, но од 90 години откако Македонија се осамостои, тој е оставен на милост и немилост.

- Од 1990 ниту денар не е потрошен на асфалт за овој пат. Ги кршиме колите, а плаќаме за нивна регистрација. До Драчево поради руинираниот пат се стигнува дури за 40 минути, да не можеш болен човек да однесеш на лекар, а бремена жена би се породила додека да пристигне во болница. Во ова село не' има околу 2.000 жители. Воедно, и оние што сакаат да одат на излет до Кадина Река се откажуваат токму поради лошиот пат - се жали Рамиз Абдиовски, жител на селото Долно Количани.

В година реконструкција на остатокот од делницата

Одобрени се 9,5 милиони денари од Бирото за регионален развој и уште 118.000 евра од Светската банка за реконструкција на уште еден дел од оваа делница. На ред е патот од село Долно Количани до Горно Количани, во должина од 1.300 метри, за што ќе бидат искористени парите од Бирото за развој. Откако ќе биде направен и тој дел, ќе се продолжи се' до комплетна рехабилитација и реконструкција на целиот патен правец Драчево - Китка. Според градоначалникот Исени, втората и третата фаза ќе се реализираат наредната година.

Овој пат е долг 26 километри и ги поврзува селата Долно и Горно Количани, Црвена Вода, кои спаѓаат под Општината Студеничани, Палиград кое припаѓа на Општината Зелениково, Алдинци кое е на територијата на Студеничани, се' до викенд-населбата Мала Река и планинарскиот дом „Караџица“, а понатаму продолжува до врвот Солунска Глава.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D19413D6792E85429EBE3AF9EB4463B6
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1358 Posted: 17-Aug-2010 at 11:58

БО­ГО­МИЛ­ЧА­НИ НА БЛО­КА­ДА

"Ма­ке­дон­ски шу­ми" ни ги униш­ти па­тиш­та­та

Жи­те­ли­те од се­ла­та Не­жи­ло­во, Бо­го­ми­ла, Пап­ра­диш­те, Оре­ше и Цреш­но­во вче­ра го бло­ки­раа Рим­ски­от мост во Бо­го­ми­ла со трак­то­ри и со зем­јо­дел­ска ме­ха­ни­за­ци­ја и не им доз­во­ли­ја на ка­ми­о­ни­те на ЈП "Ма­ке­дон­ски шу­ми" да стиг­нат до се­чи­те.
"Ка­ми­о­ни­те на шум­ско­то сто­пан­ство 'Ба­бу­на' це­лос­но ни го униш­ти­ја па­тот. Го­ди­ни по ред по­ми­ну­ва­ат пре­то­ва­ре­ни, а до­се­га не да­ле ни­ту де­нар за нив­на поп­рав­ка. Од те­жи­на­та на ка­ми­о­ни­те по­пуш­ти и Рим­ски­от мост во Бо­го­ми­ла, а ни­кој не ре­а­ги­ра", ре­че Трај­че Ди­мов­ски, прет­се­да­тел на Мес­на­та за­ед­ни­ца во Не­жи­ло­во.
Бо­го­мил­ча­ни ве­лат де­ка ка­ме­ни­от мост, стар две ил­ја­ди го­ди­ни, не­ма уш­те дол­го да ги из­др­жи пре­то­ва­ре­ни­те ка­ми­о­ни со др­ва и се пла­шат де­ка тој мо­же да се ур­не и да ги от­се­че од све­тот.
Во мо­мен­тов во Азот има око­лу 10 ил­ја­ди лу­ѓе, би­деј­ќи го­лем број жи­те­ли кои жи­ве­ат во Скоп­је или во Ве­лес се вра­ти­ја во род­ни­те ку­ќи. Си­те се ка­те­го­рич­ни де­ка до­де­ка не се поп­ра­ви ло­кал­ни­от пат до Не­жи­ло­во, долг 3,5 км, не се ис­кр­пат си­те дуп­ки од Ста­ри град до Бо­го­ми­ла и "Ма­ке­до­ни­ја пат" не из­гра­ди нов мост до Рим­ски­от, не­ма да доз­во­лат да по­ми­не ни­ту еден ка­ми­он на "Ма­ке­дон­ски шу­ми". Жи­те­ли­те ја има­ат под­дрш­ка­та на гра­до­на­чал­ни­кот на Оп­шти­на Чаш­ка Го­ран Па­нов­ски. Тој ве­ли де­ка ба­ра­ња­та на гра­ѓа­ни­те се оп­рав­да­ни, заш­то сос­тој­ба­та со ош­те­те­на­та пат­на мре­жа во Оп­шти­на­та би­ла очај­на.
"Оп­шти­на­та е нај­го­ле­ма по те­ри­то­ри­ја во др­жа­ва­та, а па­ри­те за пат­на ин­фрас­трук­ту­ра се ог­ра­ни­че­ни. Не мо­же­ме да го са­ни­ра­ме се­то она што ед­наш сме го из­гра­ди­ле, а не­кој ни го униш­тил. Мис­лам де­ка ќе се до­го­во­ри­ме со ЈП, заш­то има­ме со­ра­бот­ка", ре­че Па­нов­ски.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=8884675A56C21844A97A33E1E2DCB18F


Се дуплира овеста, ама малку смешно ми падна. Изјавиве во комбинација делуваат како Си направивме ние пред две илјади години, нема сега секој ден да го поправаме. Smile

Мостов го имам возено. Доста е тесен, две возила не се разменуваат, а и некако непрегледен е, како тумба е и нема прегледност од другата страна. Штета е што е споменик, а вака се уништува. Обавезно треба нов мост, ако треба и малку подесно од овој (гледано при доаѓање) да се намалат и вибрациите од евентуален нов мост, а и да се остави простор да се гледа овој мост, не веднаш залепено до него. А под мостот има и едно заезерување длабоко на Бабуна и скокаат преку лето. А нема ни ограда.




Edited by lslcrew - 17-Aug-2010 at 12:00
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1359 Posted: 17-Aug-2010 at 10:25
Р-514
ПРОТЕСТ ВО БОГОМИЛА

Камионите ни го уништија патот

Со трактори и други возила вчера пред стариот Римски мост во Богомила жители од неколку населени места од регионот на Азот го блокираа патот и не им дозволија на камионите на Шумското стопанство "Бабуна" од Велес да пренесуваат дрва. Велат возилата на Шумското стопанство целосно го уништиле патот, што ги поврзува со цивилизација.
- Камионите на Шумското стопанство целосно ни го уништија патот. Години на ред пренесуваат дрва, а досега не дале ниту денар за негова поправка. Од тежината на камионите попушти и стариот Римски мост. Ако падне ние ќе останеме отсечени. Тој ни е единствената врска со светот, вели Трајче Димовски, претседател на месната заедница од селото Нежилово.
Жителите од Богомила, Нежилово, Папрадиште, Ореше... кои ги поврзува оваа сообраќајница, бараат од Шуското стопанство веднаш да обезбеди средства за реконструкција на патот и да изгради нов мост на реката Бабуна, веднаш до над 2.000 години стариот Римски мост. Градоначалникот на општина Чашка Горанчо Пановски им даде целосна поддршка на жителите од овој регион.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=75659&kategorija=1
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1360 Posted: 17-Aug-2010 at 10:24
Р-604
Затворен патот меѓу Валандово и Струмица

Патниот правец Валандово – Струмица и обратно поради изведување работи на пат, денес ќе биде целосно затворен за сообраќај.

Од Авто-мото сојуз на Македонија соопштуваат дека патот ќе биде затворен за сообраќај во два временски термини, од 11.00 до 13.00 часот и од 15.00 до 17.00 часот.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=75659&kategorija=1
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6667686970 84>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.375 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.