build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6768697071 84>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #1361 Posted: 03-Aug-2010 at 02:17

Се реконструира патот Струмица - Дојран

По асфалтирањето на дел од транзитната делница низ Струмица, булеварот Климент Охридски, градежното претпријатие „Пелагонија инженеринг“ продолжува со реконструкцијата на регионалниот пат Струмица - Дојран. Како што е предвидено со програмата на Агенцијата за државни патишта, годинава ќе бидат реконструирани вкупно 22 километра од овој патен правец, со широчина на коловозната лента од 6 метри.

- Работиме на излезот од Струмица кон Валандово, на клучката кај Куклиш. На 17,5 километри од вкупната траса вршиме отстранување на два асфалтни слоја, а на 4,5 километри на еден. Веднаш по вадењето на стариот асфалт поставуваме нов слој со дебелина од 5 сантиметри. Со ваквата динамика настојуваме на овој фреквентен патен правец да нема речиси никакви застои во одвивањето на сообраќајот - изјави Чедо Стојковски од ГП „Пелагонија инженеринг“.

За реконструкцијата на оваа делница, која треба да заврши до октомври, ќе бидат потрошени околу 166 милиони денари од државниот буџет.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D89F97F45548484A9547A91909E978CF
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1362 Posted: 26-Jul-2010 at 00:20
Има една интересна работа во врска со овие регионални патишта. Има некое мислење дека регионалната патна мрежа е всушност клучната алка во комуникација на населението. Е сега има една работа, а тоа е што Македонија во својата територијална организација ги нема регионите како административни единици. Го имаме централното ниво и локалното со општините. Измеѓу некаде празнина. Ги имаме сепак за статистика и избори, но за функционално не. А во некои држави регионите ја играат клучната улога во економијата и развојот. Е сега регионите би биле степенот што треба да ја пази оваа регионална мрежа. Па затоа кај нас се под централната власт. На пример една соседна Грција што и не е којзнае колку многу пати поголема држава има мислам дури пет степени на децентрализација. Косово што по параметри е слично и мерливо со Македонија го има овој среден степен, всушност сите соседи наши ги имаат. Во Македонија по низа околности што политички, што поради тоа што сме мала држава се изоставени. И функцијата нивна е не само инфраструктурно, туку и културно и демографски и политички и по многу други основи. Така да регионалната патна мрежа обично во некои држави се става на пиедестал пред локалната и автопатната. Е сега новинарите малку мешаат локална, регионална, магистрална, автопатна, па и по профил како автопатна и најчесто се бара и спектакуларна бројка, така да оваа бројка од двесте е чудна. Како и да е, мора да се внимава на целокупната патна мрежа покрај автопатите за кои сите сме согласни дека треба да се направат, што да се изгради, што да се поправа.

Edited by lslcrew - 26-Jul-2010 at 00:27
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #1363 Posted: 25-Jul-2010 at 14:16
Јанакиевски: Забрзано се подобрува патната инфраструктура во земјава

Патниот правец Прилеп - Кривогаштани е еден од 11-те регионални патишта во Македонија кои овој период се реконструираат за да се подобрат инфраструктурата и животот на населението. Работите се одвиваат според планираното, iизјави денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој кај Кривогаштани ги надгледуваше работите што ги изведува градежната компанија Алпине. Тој очекува до крајот на октомври да заврши реконструкцијата на сите патни правци.

Патот Прилеп - Кривогаштани е во должина од 22 километри и чини 2,3 милиони евра. Единаесетте регионални патишта во вкупна должина од 250 километри се едната фаза од изградба на инфраструктурата во Македонија со кредит од Светска банка. Заедно со општините ќе се реконструираат и 200 локални патишта што е другата фаза од проектот. Веќе 16 патишта од нив се завршени, уште на толку се работи, а на 60-тина ќе почнат активности во август и сите треба да бидат готови за две години. Меѓу нив е и патниот правец до прилепското село Канатларци.

- Во моментов има градежни работи на повеќе делници предвидени со програмата на Агенцијата за патишта, рече Јанакиески.

Тој појасни дека во тек е реконструкција на 5 регионални патишта како што е патниот правец до Порече, обиколницата околу Охрид која ќе заврши оваа година, патниот правец Струмица – Радовиш. Интензивно се работи на завршување на патниот правец Табановце Куманово кој е дел од коридорот 10. В година, најави Јанакиевски, главно вниманието ќе го привлекува коридорот 10.

- В година најголем акцент ќе ставиме на коридорот 10 и на негово целосно завршување. Во финална фаза се преговорите со Европската банка за обнова и развој и со европската инвестициска банка и дел од средствата од ИПА фондовите, вели Јанакиески. Засега ниту еден патен правец не е даден под концесија.

До крајот на август ќе се знаат компаниите кои ќе влезат во вториот круг, односно тие кои треба да дадат финансиска понуда.

-Се очекува концесионерот на македонските патишта да се знае до крајот на годинава. Тоа е инвестиција од една милијарда евра,вели Јанакиески.

Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески со реконструкцијата на регионалниот пат Прилеп - Кривогаштани ќе се уреди еден од четирите излези од Прилеп и ќе се подобрат врските со населените места. Паралелно се работи и на регионалниот пат Прилеп - Македонски брод. Интензивно се работи на локалните патишта во општината.


http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/janakievski-zabrzano-se-podobruva-patnata-infrastruktura-vo-zemjava
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1364 Posted: 24-Jul-2010 at 11:37

Пуштен во употреба локалниот пат од село Раштак до општина Бутел

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на локалниот пат од село Раштак до општина Бутел.

Локалниот пат Раштак - Бутел е во должина од три километри, а за него Владата преку Агенцијата за државни патишта издвои околу 11 милиони денари.

- Владата преку Агенцијата за државни патишта во изминатиот период реализираше бројни капитални инвестиции  во областа на патниот сообраќај и изградба на патишта. Таквите инвестиции се од големо значење за подобрување на бизнис климата и привлекување на домашни и странски инвестиции, но пред се изградбата на патиштата значи подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и непречена и брза комуникација меѓу населените места, рече Груевски.

Со овие средства, истакна премиерот, жителите на Раштак и околните населени места добиле пат кој за овој регион е од големо значење, пред се поради тоа што, посочи тој, преку него драстично ќе се намали времето кое е потребно да се стигне од Раштак до центарот Скопје.

Покрај свеченото пуштање во употреба на овој пат, денеска во Раштак се одбележа и пуштањето во употреба на филтер станицата со помош на која граѓаните добиваат чиста и проверена вода за пиење, инвестиција на Владата вредна околу осум милиони денари.

- Што се однесува до другите инвестиции во Гази Баба, преку Агенцијата за патишта веќе го завршивме и локалниот пат Јане Сандански - Инџиково, а за многу скоро ќе започне да се гради и патот Брњарци - Стајковци. Паралелно со овие проекти преку кредитите на Европската инвестициона банка и Европската банка за обнова и развој ќе се финансираат и повеќе проекти за санирање на водоводната и канализациска мрежа, а ќе се продолжи и со изградба на локалните патишта во Гази Баба, потенцираше премиерот.

Паралелно со овие проекти, според директорката  на Агенцијата за државни патишта Наташа Волкановска се започнува и со имплементација на нов проект за реконструкција на локални патишта, финансиран од Владата, преку заем од Европската банка за обнова и развој.

- Агенцијата досега има отпочнато реконструкција на 60 локални патишта низ целата земја, од кои дел се веќе заврешени и пуштени во употреба, рече Волкановска.

Груевски на денешниот настан беше придружуван од  скопскиот градоначалник Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски.

http://sitel.com.mk/
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #1365 Posted: 19-Jul-2010 at 18:21

Крива Паланка ќе добие 400.000 евра за патишта

Понеделник, 05 Јули 2010 12:54 

Околу 400.000 евра ќе добие Крива Паланка за изградба на локални патишта преку проектот за рехабилитација и подобрување на патната инфраструктура, кој го реализира Владата со кредит обезбеден од Европската банка за обнова и развој. 

Општината издвои неколку приоритетни патни правци во кои ќе бидат инвестирани овие пари, а кои се во најкритична состојба и со најголема бројност на месното население.

- Парите ќе се наменат за изградба на локалниот пат од Крива Паланка до село Мартиница, во должина од 1,5 км и 2 км кон селото Градец, како и 7 км од патниот правец Конопница - Мождивњак и 1,5 км од Длабочица до Баштево- истакнува Александар Ангелов, раководител на Одделението за изградба и одржување на комуналната инфраструктура.

 
Општината има добиено и 35 милиони денари за изградба на 5 км од патниот правец кон село Станци. Овие средства се обезбедени исто така од Владата, но преку проектот за изградба и одржување на локалните патишта, кредитиран од Светска банка

Извор: Дневник



Edited by Makedonij - 19-Jul-2010 at 18:24
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1366 Posted: 12-Jul-2010 at 15:11
МИНИСТЕРОТ ЈАНАКИЕСКИ ВЕТИ
Наскоро ќе биде познат концесионерот за Коридор осум

До крајот на оваа или до почетокот на идната година ќе се знае која компанија ќе стопанисува, односно ќе има обврска да ги изгради патните правци од Коридорот осум, кој земјава ја поврзува со Бугарија на исток и со Албанија на запад, најави Миле Јанакиески, министер за транспорт и за врски. Изградбата на автопат со должина од 380 километри чини околу 1,2 милијарди евра, а Владата ќе го субвенционира концесионерот со 200 милиони евра. Министерот тоа го најави откако бизнис-заедницата завчера побара државата, конечно, да одвои пари за патна и за железничка инфраструктура на коридорот, без оглед колку тоа ќе ја чини бидејќи само така ќе се овозможи поконкурентен и поефикасен транспорт на стоки. За да се доврши само делот од пругата кон Бугарија, требаат најмалку 400 милиони евра. Јанакиески, пак, потсети дека во тек е работата околу подобрувањето на локалната патна инфраструктура, со средствата обезбедени од Светската банка. - Досега се завршени десет патишта, а се реконструираат шеесетина локални правци низ земјата. До крајот на наредната година ќе биде реализирана реконструкцијата на сите 200 локални патни правци, а што се однесува на регионалната патна мрежа, 11. регионални патни правци ќе бидат завршени до крајот на оваа градежна сезона - изјави министерот Јанакиески.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=2066&ArticleID=144403
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #1367 Posted: 02-Jul-2010 at 07:04
Едно што не покажува репортажата од „Валандовско Брдо“ е тоа колку камиони има и колку е опасна таа линија некогаш. Тука дефинитивно треба барем уште една лента.
А инаку за квалитет на патот... хммм незнам Валандово-Дојран е доста лош кај селото Дедели... но и патот веднаш пред Дојран не е нешто сјаен.

Патот преку Валандово: Имаш една разрушена кула над Пирава и Валандово која е тешко достапна само пеш преку Манастирот Св. Ѓорѓи (до него има пат). Околу Св. Ѓорѓи има „света вода“ која е често посетувана и во самиот манастир има плоча од Римски легионер. Потоа имаш Грчки Гробишта и Ирски Крст на кој пишува „загинаа за одбрана на пријателската Србија“ од Првата Светска Војна. Потоа до Дојран скоро и да нема ништо, освен неколку села (некои Турски).

Преку Гевгелија: Имаш локалитет во Гевгелија (Вардарски Рид) но овде треба да скршнеш од својот пат едно 100м. Потоа преку Богданци (или Богданскиот Бајпас LOL) доаѓаш до Паљурци каде наводно Св. Павле поминал (сега нема многу освен вештачко езеро). Потоа има еден интересен предел со „шумичка“ што е доста добар проследен со некогашната Фурска брана. Од таму ти е право Дојран.

Сега што сакаш тоа.

Мој предлог: Користи ја најкратката релација.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #1368 Posted: 29-Jun-2010 at 21:08

A  Beton firmata dali ima aktivni proekti?
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1369 Posted: 29-Jun-2010 at 14:35
ЗА ПАТИШТА
„Гранит“ доби тендер

„Гранит“ а.д. го доби тендерот на Агенцијата за патишта, вреден 2,5 милиони евра, за реконструкција на 17 патни правци во полошко-кумановскиот регион, соопшти компанијата.
Тендерот на Агенцијата за патишта е дел од проектот на Светска банка за рехабилитација на локалната и на регионалната патна мрежа во Македонија, кој опфаќа вкупно 28 патни правци низ земјава.
Градежната компанија сега гради 145 спортски сали, новата зграда на Уставниот суд, патот Смрдлива вода - Кожув, пристапните патишта до зоната „Бунарџик“.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=2056&ArticleID=143588
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1370 Posted: 29-Jun-2010 at 10:30
Originally posted by Grunf

Previous
Немам посебан разлог да идем преко Валандова, једноставно ми је ближе и логичније, него да идем варијантом Гевгелија - Р 111 Богданци - Дојран, која је мени дужа 20-25км ... Али, ако је Р 111 бољи пут (мада и варијанта Р 110 изгледа заиста пристојно) зашто да не, размислићу о твом савету. Хвала!


Во принцип нема некоја разлика, и двете рути се кратки така да која и да ја одбереш нема да згрешиш Thumbs%20Up
Back to Top
Grunf View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Grunf Quote  Post ReplyReply #1371 Posted: 29-Jun-2010 at 09:24
Previous
Немам посебан разлог да идем преко Валандова, једноставно ми је ближе и логичније, него да идем варијантом Гевгелија - Р 111 Богданци - Дојран, која је мени дужа 20-25км ... Али, ако је Р 111 бољи пут (мада и варијанта Р 110 изгледа заиста пристојно) зашто да не, размислићу о твом савету. Хвала!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1372 Posted: 28-Jun-2010 at 22:10
Originally posted by Grunf

Поздрав свима.
Овог лета планирам да на путу за Грчку у одласку идем преко Дојрана, вероватно и преноћим тамо, па ме интересује у каквом стању је пут од Удова преко Валандова (Р 110) до Дојрана (Р 604) и да ли гранични прелаз Дојран ради 24 часа. Унапред захвалан на информацијама.


Битно прашање. Дали сакаш да одиш преку Валандово заради прошетка или...?

Бидејќи доколку ти е чисто заради транзит подобра варијанта ти е да свртиш кон Дојран доле кај Гевгелија преку Богданци.

Инаку и во двете варијанти (преку Валандово или преку Богданци) патиштата се сосема пристојни особено што како што и сам заклучи се работи за регионални патишта.
Back to Top
Grunf View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Grunf Quote  Post ReplyReply #1373 Posted: 25-Jun-2010 at 13:16
Захваљујем Thumbs%20Up
Пут делује сасвим ок, а када се узме у обзир да је регионални, у ствари делује одлично.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1374 Posted: 25-Jun-2010 at 02:33
Grunf,
Успеав да пронајдам слики од Р-110 и Р-604 од април 2007 (ако е точна EXIF информацијата). Оние од Р-604 не се за сегментот кој те интересира, туку се према Струмица, но сигурно се солидна индикација за тоа што може да го очекуваш и према Дојран.

pbanks,
Дали може да разграничиш кои слики се направени меѓу Удово и Раброво, а кои понатака накај Струмица (кои се од Р-110, а кои од Р-604), па да издвоиме посебни нишки за овие патишта. Исто така, дали април 2007 е веродостоен податок?

Еве ги сликите:

1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12


13


14


15


16

Back to Top
Grunf View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Grunf Quote  Post ReplyReply #1375 Posted: 22-Jun-2010 at 20:08
Поздрав свима.
Овог лета планирам да на путу за Грчку у одласку идем преко Дојрана, вероватно и преноћим тамо, па ме интересује у каквом стању је пут од Удова преко Валандова (Р 110) до Дојрана (Р 604) и да ли гранични прелаз Дојран ради 24 часа. Унапред захвалан на информацијама.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #1376 Posted: 19-Jun-2010 at 22:24

Ребалансот ќе ги дораскопа дупките по патиштата

Со корекцијата на буџетот, Агенцијата за државни патишта ќе остане покуса за околу 18 милиони евра

Билјана Ангеловска



Очајната состојба со магистралните патишта во Македонија уште извесен период ќе им ги кине нервите на граѓаните, бидејќи државата се' помалку е во можност да се грижи за нивно одржување и за реконструкција. На изградба на нови патни правци, пак, се чини ќе се изначекаме, бидејќи за такво нешто, пари или има се' помалку или едноставно нема. Со најавениот ребаланс на буџетот, касата на Агенцијата за државни патишта ќе остане покуса за приближно 18 милиони евра. Поточно, наместо првично проектираните нешто повеќе од 6,5 милијарди денари, сега, до крајот на оваа фискална година ќе има на располагање околу 5,4 милијарди, или 1,1 милијарди денари помалку.

Најголемо зафаќање ќе има токму во делот на изградба и реконструкција на патиштата, каде што сумата со која сега ќе располага Агенцијата е за близу 800 милиони денари, или за 12,7 милиони евра помала отколку што беше предвидено со првата верзија на буџетот. Агенцијата ќе може да купува опрема и машини во вредност од само 26.000 евра, бидејќи наместо првично предвидените 4 милиони денари, сега за оваа намена и' се даваат 1,6 милиони, а многу се намалува и ставката договорни услуги и тоа од 190 на 45 милиони денари.

Скусувањето на парите, особено на оние предвидени за изградба и за реконструкција на патиштата, ќе влијае врз динамиката на реализација на проектите. Така, голем дел од активностите што беше планирано да финишираат до крајот на оваа година, сега поради намалениот буџет ќе бидат пролонгирани за во наредната година, па ќе бидат комплетно завршени во текот на 2011 година.

„Според оваа динамика, во текот на следната година е предвидено да биде целосно завршена изградбата на регионалните делници Коњско - Кожуф, Коломот - мост с. Близанско (патот за Порече) и изградбата на делницата Радовиш - Струмица“, велат во Агенцијата за државни патишта.

Инаку, моментно во тек е реализацијата на проектот за реконструкција на 11 регионални делници од кои три се веќе готови, и тоа делниците Лакавица -Неготино (33,40 км), Давидово - Раброво (13,40 км) и Струга - Дебар (24,20 км), а останатите осум делници се планира да бидат завршени до октомври годинава. Станува збор за околу 200 километри регионални патишта. Исто така, до октомври треба да заврши и изградбата на делницата Табановце - Куманово, која е дел од Коридорот 10, а при крај е и обиколницата на Охрид.

Ребалансот ќе ја подиспразни и касата на Министерството за транспорт и врски, која до крајот на годинава ќе биде полесна за цели 6,5 милиони евра. Така, буџетот на Министерството сега ќе изнесува малку над 1,3 милијарди денари, или околу 21,3 милиони евра.

Големо намалување има во ставката социјални станови, каде што првично проектираната сума од 215 милиони денари сега е речиси преполовена на 128 милиони, а двојно се скусени и парите наменети за изградба на жичарницата во Скопје од Средно Водно до Милениумскиот крст, и тоа од 358 милиони, на 178 милиони денари. За 80 милиони денари, пак, или за 1,3 милиони евра е намалена и ставката за набавка на автобуси за јавниот градски превоз во Скопје за оваа година.

Што, практично, ќе значат сиве овие намалувања во буџетот на Министерството и како тие ќе се одразат на веќе започнатите проекти, дали ќе се забави или можеби ќе се пролонгира нивната реализација, засега не е јасно. Од Министерството накусо ни беше одговорено само дека распределените средства што се однесуваат на проектите кои се веќе започнати нема да влијаеле на нивната реализација, туку само ќе била изменета динамиката на нивната исплата. Дали тоа значи дека, на пример, ќе се пролонгира испораката на првата тура автобуси што скопјани толку долго ги чекаат, останува да се види. Бидејќи договорот предвидува исплатата да се изврши веднаш штом ќе биде извршена испораката.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1377 Posted: 16-Jun-2010 at 18:14

Автопатот Табановце готов до ноември

 Изградбата на автопатот Куманово-Табановце ќе заврши до ноември годинава,а целиот Коридор 10 до 2014 година, најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, при денешната посета на градилиштето на клучката кај Речица. Министерот лично дојде да види како одат работите на терен и да се уведри дали се спровдува утврдената динамика во изградбата.

Автопатот%20Табановце%20готов%20до%20ноември

 Од Агенцијата на патишта и градежната компанија добив гаранција дека во ноември ќе биде отворен овој патен правец. Го имаме и финалниот проект за патниот правец Демир Капија- Смоквица, кој ќе го пратиме до Европската комисија и финансиските институции и полека ќе ја затвараме финансиската конструкција. Очекуваме наредната година да започне изградбата и овој патен правец со што Македонија за 2-3 години целосно ќе го изгради коридорот 10 - рече министерот Јанакиевски.

 Делницата Куманово-Табановце чини 13 милиони евра, а проценетата вредност на целиот проектот е околу 270 милиони евра. Сумата е висока заради лошиот терен на делницата помеѓу Демир Капија и Смоквица, каде треба да се изградат десет тунели и исто толку мостови. Коридорот 10 ќе се гради по сите европски стандарди и се очекува да се заврши до 2014 година.

Министерот потврди дека ребалснсот на буџетот ја одсликува економската состојба во државата, поради што реализацијата на дел од проектите може да се забави, но никако да престане.

Наша приоритетна цел е реализација на програмата на Агенцијата за државни патишта.Досега имаме завршено 8, а до крајот на годината треба да завршиме уште шеесетина локални патишта и 11 регионални патишта. Владата инвестира во инфраструктурата и ќе пробаме преку позајмици и помош со банките да ги реализираме овие проекти. Ќе комбинираме помеѓу буџетските можности и помош од меѓународни финансиски институции, но ниту еден проект нема да се укине- рече министерот.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/avtopatot-tabanovce-gotov-do-noemvri.html

Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #1378 Posted: 16-Jun-2010 at 14:38
До 2014 –та година ќе заврши изградбата на автопатот од Табановце до Гевгелија. Коридорот 10 кој ќе ја чини државата околу 270 милиони евра ќе биде по сите европски стандарди.

,,Агенцијата за државни патишта и градежната компанија денеска ме уверија дека автопатот од Куманово до Табановце ќе биде завршен во ноември годинава. За овој патен правец ќе се потрошат 13 милиони евра од буџетот и од Светската банка. Од друга стана пак финалниот проект за патниот правец Демир Капија -Смоквица деновиве ќе го испратиме до Европската Комисија и финансиските институции и очекуваме дека наредната година ќе започне реализацијата,,- вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

Делот помеѓу Демир Капија и Смоквица е доста тежок терен,станува збор за десетина мостови, десетина тунели, цело време е во карпа затоа и вредноста е толку голема и очекувам дека наредната година ќе започне изградбата, а ќе се заврши за две до три години.“- вели Јанакиевски.

И покрај неодамнешните обиди на месното население да ја запре изградбата на делницата кај Табановце поради незадоволството од висината на обесштетувањето на нивниот имот градежните работи продолжуваат, а жителите на кои не им одговара понудената сума по судски пат ќе ги остварат своите побарувања.

Инаку вкупната должина на коридорот 10 изнесува 180 километри.

Снежа Петковска
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=61706
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1379 Posted: 12-Jun-2010 at 02:38
Започна изградбата на локалниот пат “ Р 302 - Теферич”
11.06.2010

Во Општина Кисела Вода започнаа градежните работи за изградба на локалниот пат “Р 302 – Теферич”, кој е дел од проектот “Реконструкција и рехабилитација на локални патишта во Република Македонија”, што е всушност дел од пошироката програма за поддршка финансирана од Меѓународната банка за обнова и развој во Република Македонија. Моментално се врши тампонирање на патот, кој според проектот ќе биде во должина од 952 метри со асфалтирање на две коловозни ленти од 2,5 метри и поставување на тротоари поплочени со бекатон плочки по двете страни на патот со широчина од 1 метар. Градежните работи ги изведува ГД “Гранит” А.Д. Скопје. Овој проект, како и претходниот со кој се поплочија тротоарите на ул. Драчевска во с. Драчево, се добиени преку заедничка соработка помеѓу Агенцијата за државни патишта и Општина Кисела Вода, за што е потпишан Протокол за соработка.

  

http://www.kiselavoda.gov.mk/mak/aktuelno.asp?id=860



Edited by lslcrew - 12-Jun-2010 at 02:39
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1380 Posted: 10-Jun-2010 at 02:38
http://iris.ftpaccess.cc/index.php/vesti/lokalnivestimeni/1758-2010-01-18-15-13-39
Се гледаат некои клучки и дел од некои скици за автопатот Скопје-Штип.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6768697071 84>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.363 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.