build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7071727374 84>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1421 Posted: 19-Nov-2009 at 00:08

За сообраќајната инфраструктура ќе се трошат 144 милиони евра

И Министерството за транспорт и Агенцијата за патишта в година ќе имаат помал буџет

Билјана Ангеловска

Над 8,5 милијарди денари е сумата со која ќе располага сегментот од државната управа задолжен за изградба и одржување на сообраќајната инфраструктура. Според предложениот буџет за наредната година, Агенцијата за државни патишта и Министерството за транспорт и врски ќе можат да трошат вкупно 144 милиони евра.

Агенцијата за државни патишта ќе има три пати поголем буџет од тој на Министерството, па во 2010 година ќе располага со 108 милиони евра, додека Министерството само со 36 милиони.

Овие првични буџетски проекции прилично се разликуваат од минатогодишните, кога во почетокот кога се кроеше буџетот за 2009 година, Министерството за транспорт имаше на располагање 4 милијарди денари, односно над 66 милиони евра, а Агенцијата дури 130 милиони. Но, и вака намалените буџети, исто како и лани ќе се трошат за изградба и одржување на патната сообраќајна мрежа, за железничка инфраструктура, за набавка на двокатни автобуси за јавниот превоз во Скопје, за изградба на водоводи, за изработка на детални урбанистички планови... „Предложениот буџет за наредната година не е помал, туку е дури и малку поголем од буџетот што го добивме по вториот ребаланс, а кој изнесуваше околу 104 милиони евра. Важно е што во текот на оваа година не стопиравме ниеден проект, напротив, моментално се во тек над 20 проекти. Меѓутоа, многу време одземаат подготвителните работи, како што е изработката на проектната документација и експропријацијата, на што често се трошат и по две-две и пол години“, вели директорката на Агенцијата за државни патишта, Наташа Волкановска.

Во наредната година Агенцијата ќе се фокусира на продолжување на започнатите градежни работи на патните правци Табановце - Куманово, Штип - Струмица, Градско - Прилеп, Коњско - Кожуф, обиколница на Охрид и Коломот - мост село Близанско. Истовремено, дел од средствата ќе се искористат и за започнување изградба на нови делници како што се Тетово -Јажинце, Кичево (Извор) - Дебар, Св. Николе - Пробиштип, Дебар - Бошков Мост - граница со Албанија и ќе се реконструира Катланово - Велес.

Агенцијата има обезбедено заем од Светска банка во висина од 68 милиони евра за изградба и рехабилитација на 11 регионални и локални патни правци. Овие пари иако се кредит, сепак, влегуваат како извор што се слева во касата на Агенцијата. Исто така, обезбедени се средства и од ЕБОР и тоа по 50 милиони евра за локалните и за регионалните патишта. Волкановска појаснува дека и во минатогодишниот буџет биле предвидени овие средства и оти локалните патишта веќе требало да бидат во тек на изградба, но поради неквалитетните проекти што ги доставиле општините, изгубена е градежната сезона и работата е пролонгирана, па затоа се префрла за наредната година.

За разлика од Агенцијата, Министерството за транспорт и врски своите 36 милиони евра во наредната година планира да ги потроши за набавка на автобуси за Скопје, за изградба на каскади во Вардар, на жичарница од Средно Водно до Милениумскиот крст, за продлабочување и реконструкција на пристаништата во Охрид, за санација на активните лизгања на земјиштето, модернизација на железничката инфраструктура, за изработка на проект за гасификациска мрежа во Македонија и друго. Речиси истите проекти беа предвидени и со буџетот планиран за оваа година, а кој во почетокот беше проектиран двојно поголем, дури над 4 милијарди денари. Сепак, како што се покажа, најголем дел од проектите останаа само на хартија, па сега се планираат за в година. Како ќе се направи тоа со преполовен буџет, останува да се види.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=EDC49A45BEED5C46B19382E9D544FB88


Edited by lslcrew - 19-Nov-2009 at 00:08
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #1422 Posted: 28-Oct-2009 at 14:08
очиглено...Laugh требаше на тој над овој ... само кој ќе го бара сеа Dunno
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1423 Posted: 27-Oct-2009 at 16:48
gorco, погрешен цитат?  Big%20smile
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #1424 Posted: 27-Oct-2009 at 10:33
Originally posted by lslcrew

Патот Македонски Брод - Скопје пократок за 150 километри



Македонија
По многу години исчекување поречанци го дочекаа почетокот на изградбата на патот што ќе го поврзува овој крај со Скопје. Првата делница од 89 километри од мостот Близанско до Коломот ќе ја гради АД „Бетон“. Оваа делница ќе биде со две сообраќајни ленти и ќе овозможи скратување на патот од Македонски Брод до Скопје, преку Кичево од сегашните 200 на 40 километри. Градежните работи треба да завршат за 18 месеци. Целиот проект ќе чини над половина милијарда денари. Патот ќе овозможи заживување на регионот, како и побрза и полесна комуникација на граѓаните од Македонски Брод и од Прилеп со Скопје.

Почетокот на работите го означи премиерот Никола Груевски со поставување на камен-темелникот на трасата кај мостот Белица на езерото Козјак. Тој воедно го најави и почетокот на владината програма за инвестиции од 8 милијарди евра во изградба на инфраструктурните објекти.

За годинава, рече тој, планирани се уште 16 делници на регионални патишта во земјава. Тој за две недели го најави почетокот на изградбата на делницата Радовиш - Струмица, Куклиш - Банско, на обиколницата кај Охрид и на патот до скицентарот Кожув.

- Ова е почеток на решавањето на најголемиот проблем на поречанци. Ова е реализација на едно наше ветување. Со овој пат почнува инвестицискиот циклус за изградбата на проекти што ќе бидат основна на висок и одржлив раст и подобрување на стандардот на граѓаните - рече премиерот Никола Груевски.

Изградбата на патот од Белица до Скопје се реализира со средства од Агенцијата за патиштата, а соинвеститор со 25 отсто учество е и АД ЕЛЕМ.

- Оваа делница ќе ја олесни комуникацијата и со неа се остварува сонот за изградба на патот Виа игнација. Тој ќе овозможи стопански и демографски развој на регионот - рече Влатко Чинговски, директор на ЕЛЕМ.

Наташа Волкановска, директорка на агенцијата, рече дека за реализација на сообраќајните проекти се обезбедени 120 милиони евра од заеми и 50 милиони евра од буџетот.





Милијардите ќе дојдат од концесии и кредити

Инвестициската програма од 8 милијарди евра е остварлива, пишува вицепремиерот Зоран Ставревски во колумна за „Дневник“. Тој вели дека за реализација на проектите, во текот на осум буџетски години ќе се издвојат околу 1-1,2 милијарда евра буџетски средства (или околу 150 милиони евра годишно). Околу 1,8-2,2 милијарди евра е предвидено да се обезбедат со задолжување кај меѓународните финансиски институции и средства од ЕУ фондовите, а околу 4,5-5 милијарди евра се средства од приватни инвеститори преку концесии и јавно приватно партнерство. Со програмата што ја објави премиерот Груевски се планираат инвестиции во вкупна вредност од 8 милијарди евра. Од тоа во енергетиката се предвидени околу 30 проекти во вредност од 3,8 милијарди евра. Во транспортот е предвидена изградба и модернизација на регионални и локални патишта и железнички пруги во вредност од 3,8 милијарди евра.

За изградба на водоводи и канализации во над 400 населени места предвидени се 100 милиони евра.

Во енергетскиот сектор, предвидено е целосно искористување на рудните богатства; ревитализација на постојните хидроелектрични централи и термоелектрични централи, како и изградба на нова термоцентрала; изградба на две комбинирани гасни централи; влегување во нуклеарна програма; изградба на 12 хидроцентрали со проектот Вардарска Долина (концесија); изградба на далноводот Штип-Ниш; изградба на ветерници во Штип, Свети Николе, Богданци и Кожув, по моделот на јавни приватни партнерства, изградба на околу 400 мали хидроцентрали; изградба на гасоводната мрежа, итн.

Во патната инфраструктура ќе се изградат и реконструираат над 950 километри патишта. Со буџетски средства кои се веќе обезбедени, ќе се изградат и реконструираат девет регионални делници, а со средства од Светска банка и ЕБОР во износ од 140 милиони евра (исто така веќе обезбедени), ќе бидат реконструирани 80 локални и 20 регионални патишта. Инвестициската програма предвидува доизградба на Коридорот 10 и Коридорот 8, како и пет други делници кои ќе бидат понудени на концесија. Во железничката инфраструктура, предвидена е доизградба и модернизација на пругата кон Бугарија и Албанија во должина од околу 300 км.

За Ставревски обезбедувањето на буџетски средства нема да претставува проблем, за што најдобра илустрација е буџетот за 2009 во кој веќе се издвоени околу 180 милиони евра за инфраструктурни проекти.

Ако е тоа можно во оваа кризна година, зошто не би можело во следните седум години, почнувајќи од 2010 кога се очекува да заврши економската криза, констатира Ставревски.

Истото се однесува за можноста за позајмување од странство. Според владата поволноста е што за разлика од други земји, Македонија има ниско ниво на јавен долг од 25,5 отсто од БДП, постигнато преку предвремена отплата на обврските во претходните години на добар економски раст.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=11&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=335&ArticleID=19706


Јас го возев патов зимоска, не е до Дебар, до Бошков Мост (делницата за Лазарополе, Могорче и Гари). До таму е супер после е крш-кршовски.

ИНаку паметно би било да го средат и Бошков мост Дебар како регионален, а да направат еден крак Бошков Мост - Извор (Кичевско) и да го спојат со магистралниот Е-65.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1425 Posted: 19-Oct-2009 at 20:03
Груевски во Берово: Почната реконструкција на патот Превалец-Смојмирово

За реконструкцијата, што треба да биде завршена до мај наредната година, Владата издвои 119 милиони денари

Премиерот Никола Груевски денеска го означи почетокот на градежните активности за реконструкција на регионалниот пат Превалец – Смојмирово во Берово, со вкупна должина од 13,6 километри. За реконструкцијата, што треба да биде завршена до мај наредната година, Владата издвои 119 милиони денари.

Обновата на патот Превалец - Смојмирово е дел од владиниот проект за реконструкција и рехабилитација на 11 регионални патни правци низ целата држава.

Според Груевски, во рамки на тој проект, но и претходно, преку Агенцијата за државни патишта, е почната реконструкцијата на неколку клучни патишта во источниот дел на Македонија.

- Сите овие патишта, но и голем број други регионални и локални патни правци чија реконструкција е дел од владината стратегија за долгорочен развој на земјата, говорат за нашата решеност да го надоместиме она што било пропуштено во минатото и да ставиме крај на долгогодишниот период во кој не беше инвестирано ниту еден денар за изградба и реконструкција на патните правци, рече Груевски.

Крајната цел на Владата, истакна Груевски, освен да обезбеди подобар живот на граѓаните, е на долгорочен план да изгради современа патна мрежа што ќе ја направи Македонија препознатлива кај инвеститорите. Подобрата транспортна инфраструктура за нивните бизниси е од особена важност, а за нас ќе значи нови инвестиции, нови фабрики, нови работни места и работа за многу домашни фирми што е од осебна важност во услови на голема светска економска криза, укажа премиерот Груевски.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=34743


Edited by lslcrew - 19-Oct-2009 at 20:06
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #1426 Posted: 08-Oct-2009 at 06:02
 

Се реконструираат два регионални пата

Интензивно се реконструираат двата регионални пата што го поврзуваат Прилеп со Македонски Брод и со Крушево. Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, информира дека работите на сообраќајниците ќе завршат до крајот на оваа или до почетокот на наредната година.

- Двата патни правца се многу битни за економскиот развој во регионот и ги опфаќаат општините Прилеп, Долнени, Македонски Брод, Кривогаштани и Крушево. Реконструкцијата ќе ја подобри меѓусебната комуникација на жителите од овој дел на Пелагонија и ќе го направи побезбеден патниот сообраќај - изјави Ристески.

Проектот е финансиран од Министерството за транспорт и врски. За патниот правец Прилеп-Македонски Брод, во должина од 32 километри се обезбедени 283 милиони денари, а за регионалниот пат Прилеп-Крушево се издвоени 141 милион денари.

Со работите на патиштата се оспособуваат и три сообраќајници на излезите од Прилеп.

- За патот кон Македонски Брод се поврзуваат две сообраќајници во вкупна должина од 2,5 километра, а со патот кон Кривогаштани и кон Крушево се поврзува сообраќајница од еден километар во индустриската зона на градот. Во тој правец секојдневно поминуваат околу 2.000 вработени до фабричките хали - посочи Ристески.

 
 
Dnevnik
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1427 Posted: 06-Oct-2009 at 23:04
Гранит ќе реконструира 17 патни правци


Агенцијата за државни патишта потпиша договор со скопската градежна компанија Гранит за реконструкција на локални патишта во западниот (полошки) и центалниот регион од државата. Наташа Валкановска, директор на Агенцијата за државни патишта, вели дека станува збор за договор вреден 2,6 милиони евра што треба да се реализира за 12 месеци.
- Овој договор е во рамките на проектот финансиран од Светската банка за реконструкција на локалната и регионалната патна мрежа. Целиот тендер опфаќа 28 патни правци, а Гранит ќе реализира 17 од нив, вели Валкановска.

http://vecer.com.mk/?ItemID=ED2518DBE821E342A067A005D0C32871

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1428 Posted: 05-Oct-2009 at 15:04
Bash Bash Bash

Мали кражби носат голем ризик

На автопатот Гостивар - Тетово лани беа регистрирани 15 сообраќајки што ги предизвикале животни кои излегле на коловозот на местата каде што нема жичена мрежа, а годинава има четири такви незгоди

Голем ризик за возачите е тоа што го прават крадците на заштитната мрежа од автопатот помеѓу Гостивар и Тетово. Непознатите крадци предизвикуваат голема опасност и штети. Возачите на еден од најпрометните патни правци во Македонија се соочуваат со опасност за животот кога со голема брзина налетуваат на кучиња-скитници и на други диви животни што излегуваат на коловозот токму поради украдената заштитна ограда.

Полицијата, за помалку од два месеца, регистрирала три кражби на жичена заштитна мрежа на делницата на автопатот од Гостивар до Жеровјане. На три различни локации, украдени се околу 120 метри од металната мрежа.

Според упатените, материјалната штета не е голема во споредба со штетите што се прават кога едно возило ќе налета на животно. Од гостиварската секција на „Македонија пат“ појаснуваат дека еден метар ограда со сите трошоци за поставување (материјал и работна рака) чини 642 денара. Од кражбите претрпеле директна штета која изнесува околу 1.300 евра. Но, нагласуваат дека возачите за претрпениот страв и за поправка на возилото на суд добиваат отштети кои изнесуваат и неколку илјади евра.

Од СВР Тетово ги потврдуваат кражбите.

- Од сознанијата до кои доаѓаме во истрагите, заштитната ограда, најчесто се краде за сопствени потреби. Неретко таа завршува за оградување дворови, за кокошарници и слични намени. Загрижува податокот што лицата кои ја крадат заштитната жица, не се свесни дека тоа директно ја нарушува безбедноста на сообраќајот на автопатот - вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Низ дупките на местата на кои ја нема оградата, на коловозот неконтролирано влегуваат кучиња и диви животни, претежно зајаци. Возачите, особено во вечерните часови, тешко ги забележуваат и при брзини кои често изнесуваат и над сто километри на час удираат во нив.

Од полицијата велат дека засега тешко оди расветлувањето на овој вид кражби, бидејќи обично се случуваат брзо и ноќе.

Лани, на автопатот беа регистрирани 15 „сообраќајки“ што ги предизвикале кучиња-бездомници и зајаци, а во првото полугодие на годинава, такви случаи имало четири.

Од вкупно 221 сообраќајна незгода на правецот од Сарај кон превојот Стража, 82 се директна последица на удирање во куче, зајак или лисица.

Зоран Г. Маџоски



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6AE5FE11DF750E4395B3F600EDE452AB


Edited by Cloverstack - 05-Oct-2009 at 15:06
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1429 Posted: 23-Sep-2009 at 19:40
лсл одлична тура Cheers

а сликите од претпоследниот пост личат на оние кои ги имаме постирано пред некое време на форумов, за најекстремниот пат на земјава
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1430 Posted: 23-Sep-2009 at 16:40
BOSS

А Citroenot е од истиот конвој така да затоа го има на доста слики фатено!
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #1431 Posted: 23-Sep-2009 at 16:33
Originally posted by pbanks

Убав серијал ЛСЛ

Спонзориран од BOSS
 
...& Citroen Big%20smile
 
 
Шала на страна одлична репортажа лсл Thumbs%20Up
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1432 Posted: 23-Sep-2009 at 16:31
Убав серијал ЛСЛ

Спонзориран од BOSS
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1433 Posted: 23-Sep-2009 at 16:10
Следниве слики се од регионалниот пат Р-414 односно патото кој почнува од Маврово (се одвојува од Р-413) и води до Галичник. Тешкиот дел од овој пат се само првите пар километри и после тоа се отвара една голема ливада. Проаѓа всушност позади скијачките терени. Преку лето честа гледка се стада овци и бачила, а и по некој шарпланинец што ги чува. Овој пат преки зима е претежно завеан и со по неколку метра снег па се случува да не е прооден и по цел месец. Повелете сликите...

01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.


11.


12.


13.


14.


15.


16.


17.


18.


19.


20.


21.


22.


23.


24.


25.


26.


27.


28.


29.


30.


Овде веќе се пристигнува во Галичник, се гледаат куќите од страна, а во далечина се гледа Дебарско езеро и мостот на него.

31.




Edited by lslcrew - 23-Sep-2009 at 16:12
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1434 Posted: 23-Sep-2009 at 15:59
Следниве слики се од регионалниот пат Р-413 поточно патот кој всушност го обиколува Мавровско Езеро. Сликите поточно се на потегот од браната (каде што започнува патот односно се одвојува од Р-409) до раскрницата каде што почнува патот Р-414 (за Галичник).

Катарзата во ПГДС овде се случува преку зима зашто овој пат води и до скијачнкиот центар и доголем дел од викендиците и капацитетите на Маврово. Единствена замерка имам за делот преку браната. незнам што може да биде проблемот но на онаа коцката стварно не и место тука.

01.


02.


05.


06.


07.


08.


09.


10.


Edited by lslcrew - 23-Sep-2009 at 22:34
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1435 Posted: 23-Sep-2009 at 15:47
Ова е регионалниот крак на регионалниот пат, Р-415к1, односно од патот Р-415 до Лазарополе. Се работи за исклучиотелно ризичен пат долг 5км, неисчистен од одрони, аслфатот на доста места е оштетен, со пет опасни свиоци и со доста голем нагиб.

01.


02.


03.



Edited by lslcrew - 23-Sep-2009 at 15:48
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1436 Posted: 23-Sep-2009 at 15:44
Следниве слики се од регионалниот пат Р-415, од потегот од Бошков Мост(врска со R409) до раскрницата каде што се врти за Лазарополе (41°30'56.06"N 20°41'6.17"E)...

01.


02.


03.


04.


Еве и две слики од повисоко како се гледа патот низ долината...

05.


06.



Edited by lslcrew - 23-Sep-2009 at 15:49
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1437 Posted: 20-Sep-2009 at 11:52

Стартува изградбата на патот Струмица - Дојран

Започна да се реконструира регионалниот пат Струмица - Дојран. За неговата изградба Владата одвои близу 3 милиони евра. Градежните работи за реконструкција на патот долг 31 километар треба да завршат за 8 месеци. Обновувањето на регионалниот пат Струмица - Дојран ќе ја зголеми фреквенцијата но и безбедноста на патиштата во овој дел на земјата.

Наредната година најавено е завршување на патот Струмица - Радовиш, како и реконструкција на повеќе патни мрежи во државата до 2012 година

Денешната посета на Струмица Премиерот Груевски ја искористи и за обиколка на локалитетот римски терми во Бања Банско.
19.09.2009, 19:12


http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=53444
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1438 Posted: 04-Sep-2009 at 15:44
И јас имам чуено дека постои таква обврска. Само не знам дали е одредено што може да „помине“ како алтернативен пат. Да се одреди алтернативен пат чисто како формалност не е воопшто тешко.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1439 Posted: 04-Sep-2009 at 14:00
Па тоа е случај со автопатот М-1 по голем дел од неговата должина. Од Каталново до Велес е така, а и од демиркапија до смоквица. Голем дел од должината на Р-103 е во функција на М-1. А за законски обврски и слично не ми е логично да постои.
Back to Top
micko_v View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote micko_v Quote  Post ReplyReply #1440 Posted: 04-Sep-2009 at 13:41
Ако не се лажам има законска обврска дека мораима алтернативен бесплатен пат на секоја автопатска делница.
Најголем апсурд е тоа што на некои делници мора да платите патарина затоа што државата го има надградено патот во автопат и нема направено(оставено) алтернативен пат.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7071727374 84>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.352 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.