build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3738394041 69>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #761 Posted: 25-Jan-2014 at 12:34
Originally posted by Џоле

Изградба на пат од Дељадровци до манастирот „Свети Ѓорѓија“




МИА.мк
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #762 Posted: 02-Feb-2014 at 14:24

Асфалт до Зрзе

02.02.2014 13:53

По седумвековното постоење на зданието над бигорна карпа на работ на...

 
Ќе се гради пат до манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе. По седумвековното постоење на зданието над бигорна карпа на работ на Пелагонија ќе води асфалтен пат. Пат до спокојот и е и до зачуваните културни вредности, смета седумчленото братство во манастирот на близу илјада метри надморска височина.
 
-Секој пат кој поврзува значи многу за луѓето. А овој пат кој води до божјиот храм, до местото на мирот и спокојот, мислам дека вонредно ќе значи за секого. За секој човек со добра намера и добра волја, вели владиката Климент.
 
Се пешачи два и пол километри од селото Зрзе. Упорните посетители од земјава и странство знаат – тоа е местото на чудотворната икона на Богородица Пелагонитиса, на трагите од ранохристијанството, на првите монашки ќелии од 9-от век. И се уште се обновува.
 
-Овде човекот отсекогаш живеел цивилизирано, но и градел своја вертикала низ вековите. Поседува не само локална, регионална, туку и универзална димензија, објаснува владиката Климент.
 
Патот што ќе се гради до манастирското здание што ги крие почетоците на манастирскиот живот во земјава, случајно или не, ја има симболиката со Трескавец. Ќе биде долг колку и таму – седум и пол километри.
 
Министерството за транспорт и врски го распиша огласот за изведувач. Државата и локалните власти сакаат да им го олеснат животот на преку 200 жители и да го развиваат овој микрорегион.
 
-Доаѓаат од цела Македонија, а имам информации дека доаѓаат и од Србија и Бугарија. Со изградбата на овој патен правец секако ќе има услови за развој на тој селски туризам, вели Боше Милошески, градоначалник на општина Долнени.
 
Патот до манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе треба да биде готов за 18-ина месеци
http://www.mrt.com.mk/node/3551
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #763 Posted: 02-Feb-2014 at 20:57
Пуштен во употреба локален пат село Ерџелија-село Мустафино



mia.mk
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2368
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #764 Posted: 02-Feb-2014 at 21:05
Oва е кобајаги асфалт или нешто друго?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #765 Posted: 02-Feb-2014 at 22:01
убав е патот,што му фали?ова што се гледа како извалкано е од нанесувањето на тампонот покрај патот,и од него се извалкал асфалтот.првиот дожд ќе го направи чист

Edited by gjoko - 02-Feb-2014 at 22:02
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #766 Posted: 04-Feb-2014 at 14:03
Originally posted by gjoko

убав е патот,што му фали?ова што се гледа како извалкано е од нанесувањето на тампонот покрај патот,и од него се извалкал асфалтот.првиот дожд ќе го направи чист


па му фали од прв поглед уште 2-3 слоја мин. асфалт, пошто ова ми личи на преродбенски шљајм, со еден слој ...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #767 Posted: 06-Feb-2014 at 21:39
Осветлена клучка Три чешми кај Штип (130 светилки во должина од 5,5 км, цена на чинење: 27 милиони денари). Искрено, мене износов ми се чини претеран.













За сè има вторпат
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #768 Posted: 07-Feb-2014 at 21:45
a be 450000 evra za bezbednost i ubaini , neli treba do site struja da se dovede pa ova oni, ni trosime pari za sekakvi gluposti, ako se za ova ic ne gi zalime
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #769 Posted: 08-Feb-2014 at 18:43
На Интернет страницата кон која води наредниот линк е објавен и видео клип поврзан со конкретната статија.
 
http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=34761
 

ДУПКА ДО ДУПКА НА ПАТОТ МАВРОВИ АНОВИ-МАВРОВО

 
08.02.2014
 

 
Дупки и вдлабнатини а на повеќе места од коловозот две возила немаат можност ниту да се разминат. Во ваква состојба подолг период се наоѓа регионалниот патен правец Маврови Анови - Маврово. Возачите реагираат. Велат дека е крајно време институциите целосно да го реконструираат патот.
 
Превозниците велат дека поради лошите услови на патот, се случува туристите воопшто да не пристигнат до скијачкиот центар Маврово. Туризам не се промовира со катастрофална патна инфраструктура.
 
Превозниците велат дека поради лошите услови на патот, се случува туристите воопшто да не пристигнат до скијачкиот центар Маврово. Туризам не се промовира со катастрофална патна инфраструктура.
 
Од општина Маврово Ростуше велат дека е изработен проект за реконструкција на патот. Но, тендереската документација за негова изградба, ќе биде објавена после
одржувањето на изборите.
 
Патниот правец Маврови Анови - Маврово е во должина од 9 километри а целосната реконструкција според најавите, се очекува да заврши кон крајот на годинава.
 
[ Зоран Димовски ]

Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 690
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #770 Posted: 09-Feb-2014 at 01:07
Реконструиран патниот правец Валандово-Струмица

Заврши реконструкцијата на Валандовско брдо. Стариот и дотраен коловоз на регионалниот пат кој ги поврзува Валандово и Струмица повеќе го нема. Најкритичните четири километри од оваа делница се комплетно реконструирани и рехабилитирани, со нов асфалт, неколку проширувања, нова сообраќајна сигнализација и еластична заштитна ограда.

,, Тоа што беше како голема забелешка поготово на граѓаните од Струмица и околните населени места се интервенираше. Стнува збор за некаде околу четири километри пат кој што беше навистина дотраен и небезбеден за одвивање на сообраќајот. Направено е исто и проширување на постојниот коловоз за безбедно разминување во границите кои се во профилот на појасот за експропријација на тој пат. Значи поставена е нова еластична ограда, нова сигнализација, ново бележење на патот, така да е во комплетна состојба за одвивање на сообраќај.,, рече Љупчо Георгиевски – директор на ЈП за државни патишта

За реализацијата на овој проект од страна на Јавното претпријатие за државни патишта беа одвоени 25 милиони денари буџетски средства. Претходно во периодот 2009 – 2011 година беше завршена рехабилитацијата на двата регионални патни правци, делницата Давидово – Раброво и делницата Струмица Костурино во должина од околу 30 километри со вкупна инвестиција од 170 милиони денари, средства обезбедени со заем од Светска банка. 

извор



Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 690
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #771 Posted: 12-Feb-2014 at 22:18

Пуштање локални патни правци во Демирхисарско 


Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски и градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски денеска ќе го пуштат во употреба локалниот пат село Стругово – село Загориче.

Пуштен ќе биде и локалниот пат од село Суводол до манастирот Пресвета Богородица во општина Демир Хисар.

Реконструкција на локалниот пат Волково – Орман

Во село Волково денеска ќе почне првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат Волково-Орман. За проектот се обезбедени 15.800.000 денари од Агенцијата за рурален развој и 7.200.000 денари од буџетот на општината Ѓорче Петров.

Улицата ќе биде широка седум метри и долга 1.560 метри. Ќе бидат изградени и тротоари со бекатон плочки во широчина од 1,5 метар, а ќе биде поставено и улично осветлување.

Поставена ќе биде и канализациска мрежа во должина од 950 метри.

извор

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #772 Posted: 13-Feb-2014 at 17:05
Започнува третата фаза од реконструкцијата на локалниот пат „Манастир с.Мокрени-м.в.Теовски уши“, проект кој започна да се реализира во 2011 година.



Проектот предвидува реконструкција на патот од манастирот во село Мокрени до регионалниот пат Велес-Богомила во должина од 11 км и 690 метри, а според најавите градежните работи треба да завршат најдоцна до месец јуни 2014 година.



Трасата на патот започнува од манастирот, продолжува низ селото Мокрени, по што свртува во правец на селата Ораов Дол и Габровник.











За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #773 Posted: 13-Feb-2014 at 17:29
А да им текнеше да го реконструираат самиот регионален пат Велес-Богомила не ќе беше лошо, особено делот после Чашка е во многу лоша состојба.
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 690
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #774 Posted: 14-Feb-2014 at 19:41

Ќе се гради нов, магистрален пат од Охрид до граничниот премин „Свети Наум“ со должина од 39 километри, со 4 коловозни летни, широк 12 метри.

magistralen-pat

Проектот се работи во две фази-првата е веќе дефинирана и ја опфаќа трасата од спортско-рекреативниот центар Билјанини извори до Пештани, објави Алфа.

Постоечкиот пат  кој е  во многу лоша состојба минува  долж охридското крајбрежјето и е изграден пред 45 години. Во иднина тој ќе им служи само на жителите на околните места кои гравитираат на овој потег. 

Најдоцна на почетокот од идниот месец ќе започне со изградба и автопатот Кичево-Охрид. 

извор

Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #775 Posted: 14-Feb-2014 at 21:44
Очигледно наредните две години (минимум) ќе слушаме за најавите на проектот, потоа уште една-две за најава за изградбата, па подоцна ќе се види и ќе се спроведе проектот.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #776 Posted: 15-Feb-2014 at 00:00
ова како и колекторскиот систем Пештани-св.Наум го гледам низ индиската призма
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2368
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #777 Posted: 15-Feb-2014 at 12:42
Originally posted by gjoko

ова како и колекторскиот систем Пештани-св.Наум го гледам низ индиската призма


Пази само низ призмата да не ја видиш индиската маја (илузија).
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #778 Posted: 15-Feb-2014 at 12:54
недај боже
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #779 Posted: 22-Feb-2014 at 15:07
Дечки, ме интересира дали новопланираните автопати (Скопје-Штип и Кичево-Охрид) имаат официјална нумерација?
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2368
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #780 Posted: 22-Feb-2014 at 16:19
Originally posted by Џоле

Дечки, ме интересира дали новопланираните автопати (Скопје-Штип и Кичево-Охрид) имаат официјална нумерација?


Oзнаката за Скопје-Штип е А4Н за делницата Миладиновци -Св. Николе и А4е за Св. Николе-Штип, а за Кичево-Охрид е А2е.

Повели
http://www.roads.org.mk/UserFiles/files/PatnaKarta_01.pdf
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3738394041 69>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.344 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.