build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3839404142 68>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1878
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #781 Posted: 22-Feb-2014 at 16:22
Кичево - Охрид е дел од А2 и Е65 , а Скопје - Штип е дел од А4 ако не се лажам.

Едит: ме претрка


Edited by daci92 - 22-Feb-2014 at 16:23
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12103
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #782 Posted: 22-Feb-2014 at 17:36
Ви благодарам.
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #783 Posted: 25-Feb-2014 at 05:39
Дајте слики да видиме до каде е рехабилитацијата и проширувањето на делницата од А3 Велес-Кадрифаково?
Еве постара слика кај пазарот кај Сарамзалино

Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 690
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #784 Posted: 25-Feb-2014 at 22:39

Јавното претпријатие за државни патишта денеска ќе ја пушти во употреба делницата Арачиново-Никуштак-Ропалце.

pat-500

Делницата е дел од регионалниот пат Липково-Никуштак-Арачиново.

На свеченото пуштање во употреба ќе присуствува заменик-министерот за транспорт и врски Џелал Бајрами.

Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1597
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #785 Posted: 25-Feb-2014 at 23:00


a Grujo i Mile zosto gi nema na svecenoto pustanje?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #786 Posted: 26-Feb-2014 at 00:10
таму се некои други `батки`
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1878
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #787 Posted: 26-Feb-2014 at 00:14
море дај нека го реновираат веќе патот од Обиколница до Куманово преку Арачиново што оди ...
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #788 Posted: 26-Feb-2014 at 19:00
Пуштен во употреба реконструираниот пат од клучката Велес до Кадрифаково

Проширување на коловозот, осветлување на клучките, асфалтирање и нова сигнализација. Заврши првата фаза од реконструкцијата на делницата Велес кадрифаково. Целосно обновени се шест и пол километри.Денеска беа пуштени во употреба реконстуираните делници. Според градоначалникот на Лозово, рехабилитацијата ќе овозможи побезбеден сообраќај.Со реконструкцијата ќе бидат опфатени вкупно 26 километри. Во следните фази на оваа делница ќе се градат две дополнителни коловозни ленти. За оваа намена се предвидени 13 милиони евра. Целосната рехабилитација треба да заврши на крајот од следната година.

Зоран Јаневски

http://www.sitel.com.mk/mk/pushten-vo-upotreba-rekonstruiraniot-pat-od-kluchkata-veles-do-kadrifakovo

Има и видео од кој се гледа дел од патот и осветлувањето. 



Edited by Џоле - 26-Feb-2014 at 19:20
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12103
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #789 Posted: 26-Feb-2014 at 19:26
Работава со сечење ленти веќе преминува во комедија. Се наредиле и држат говори небаре пуштиле автопат од 250 км или некој тунел од 15 км, а не пат од 6,5 км. Мизерија.

Edited by Џоле - 26-Feb-2014 at 19:27
За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1597
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #790 Posted: 01-Mar-2014 at 15:30
Mene bi mi bilo sram kako Direktor na "Makedonija pat" da se dignam od Skopje i da odam vo nekoe stipsko selo da secam lenti za vakov pat.

http://sitel.com.mk/node/130615



Edited by Denko - 01-Mar-2014 at 15:38
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #791 Posted: 01-Mar-2014 at 16:00
Previous
Ова е пат? Жално е на што се радува овој скромен народ и како се манупулира со нивната неукост Suicide
23ka.wordpress.com
Back to Top
I.M. View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 60
  Quote I.M. Quote  Post ReplyReply #792 Posted: 02-Mar-2014 at 13:58
Наместо автопат, кон Бугарија ќе градиме експресен пат

Одлуката на македонската влада од пред две години и официјално се потврдува од Јавното претпријатие за државни патишта. Наместо планираниот автопат што требаше да ги поврзува Скопје и Софија, патниот Коридор 8 кон Бугарија ќе се надградува на ниво на експресен пат, со по две коловозни ленти во секој правец. Јавното претпријатие објави оглас за изработка, дополнување и прилагодување на проектната документација за државниот пат А2, на потегот Ранковце – Крива Паланка. Нејзиното комплетирање е влезено во Годишната програма за работа на оваа институција. Со ова промената на стратегијата за изградба на пат од понизок ранг се реализира и на дело.

 

* Магистралниот пат Куманово – Крива Паланка 

 

 

Во согласност со владината стратегија за развој на патната инфраструктура, реконструкцијата и надградбата на овој патен правец ќе се одвива во периодот 2014-2015 година, ако не се добијат прифатливи услови за концесија на целата делница од Романовце до Крива Паланка. Приоритет е ставен на делот од Ранковце до Крива Паланка бидејќи коловозот на оваа делница е во многу лоша состојба. За најмногу 18 месеци треба да се изготви проектната документација, по што би следувал градежниот зафат. Изработката на проектот е проценета на 30 милиони денари, без вклучен ДДВ. Одлуката за тоа која компанија ќе го изработи ќе се донесе на 22 април, датум кој е вметнат во објавениот оглас како краен рок за доставување на понудите и за нивно официјално отворање.



Да ми каже некој поупатен,што точно е "'експресен пат''. Пат со по две ленти од кое што крајните ленти се со помала ширина и без физичка преграда меѓу лентите од една и друга насока..?
И второ,гледам се потенцира делницата од Ранковце до К.Паланка..а што е со делницата од Куманово до Ранковце,таа делница 80% е во очајна состојба,посебно пределот Куманово-Мл.Нагоричане.Лани баш на оваа  делница имаше скоро 10 жртви во сообраќајни незгоди.



Edited by I.M. - 02-Mar-2014 at 13:59
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1878
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #793 Posted: 02-Mar-2014 at 14:25
Кај ескпресен пат лентите се со помала ширина ,често имаат физичка преграда (види Тетово- Гостивар) но може и да немаат. Кај нив ретко има лента за застанување односно ја нема, а нивната одлика на нашиве простори е дека се ограничени на 100-110 км/ч.

И мене не ми е јасно , овој пат до Паланка го возев секој понеделник и сабота пред неколку години и можам да кажам дека според мене Ранковце - К.Паланка е во подобра состојба отколку Куманово до Ранковце. А ако не се лажам еден дел од делницата беше реновиран пред неколку години.

Него јас мислам дека идејата за експресен пат не им е лоша бидејќи засега нема потреба од автопат на таа делница, кој би чинел навистина многу пари (погледнете железницата колку чини), мислам дека ова го дискутиравме тука на форумов.

Едит: мислам дека има уште една спецификација која е поинаква кај експресниот пат од автопатот ,а тоа е квалитетот и дебелината на асфалтните слоеви ,но тоа кај нас мислам дека и онака во последно време не се гледа.


Edited by daci92 - 02-Mar-2014 at 18:19
Back to Top
I.M. View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 60
  Quote I.M. Quote  Post ReplyReply #794 Posted: 02-Mar-2014 at 17:32
Реално гледано според протокот на возилата,автопат би била неисплатлива инвестиција на среден рок,за долгорочно кој би знаел..Не ја сфаќам потенцираноста дека прво треба да се гради Ранковце-Паланка,ја би ја оставил оваа делница за на крај.Предимство би дал на Куманово-Мл.Нагоричане затоа што 1.патот е во полоша состојба 2.Протокот на возила е поголем како на возила што транзитираат кон Бугарија така и кон Кумановските села.
Исто и Кр.Паланка - Деве Баир е во полоша состојба.



Edited by I.M. - 02-Mar-2014 at 17:34
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 690
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #795 Posted: 02-Mar-2014 at 18:43

Асфалтиран пат до штипското село Горачино

асфалтиран%20пат%20до%20село%20горачино_resize
Асфалтираниот пат до штипското село Горачино долг 3,8 километри, конечно е пуштен во употреба.
Проектот чини околу 17 милиони денари, од кои 80 отсто обезбеди Агенцијата за финансиска подршка за руралниот развој, а останатите од самата општина.

Градоначалникот на Штип Илчо Захариев, информира дека на наредниот повик од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој Општина Штип ќе аплицира за изградба на пат и до селата Танатарци и Трогерци, а втор проект ќе биде асфалтирањето на патот до селата Пухче и Суво грло. Секое село во лакавичкиот регион, истакна градоначалникот, ќе има асфалтиран пат.

извор

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12103
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #796 Posted: 03-Mar-2014 at 00:15






За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3823
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #797 Posted: 08-Mar-2014 at 17:54
Автопатот во Скопје, кон Скопје не знам како се викаше
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #798 Posted: 08-Mar-2014 at 18:43
Originally posted by my Macedonia

Автопатот во Скопје, кон Скопје не знам како се викаше


Е-65 се викаше у патна ознака.
Пост-комунистички се викаше автопат Скопје-Тетово ор вајс верса, додека преродбеничкото име му е автопат Ањес Гонџа Бојаџиу...
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1597
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #799 Posted: 09-Mar-2014 at 01:22
A sto majka bara znameto na sred avtopat?
Ova samo u Makedonija go ima!?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #800 Posted: 09-Mar-2014 at 01:30
Така изгледа од сликата,двете траки на тоа место се доста разделени каде што започнува мостот за обиколницата.десно се врти за Скопје.

Овде го ставиле мислам бидејќи освен тоа место неконтролираат ништо друго во просторот Сарај-Кондово.На друго место ќе им го фрлат во вардар `со се плачки`
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3839404142 68>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.