build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4445464748 69>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #901 Posted: 17-Oct-2014 at 14:12
Започна изградбата на регионалниот пат Р 1402

Деновиве се започнаа градежните активности на дел од регионалниот пат од прва категорија Р1402 кој се движи од Куклиш – Банско – Колешино-Борисово-Мокриево-Мокрино-Смоларе во продолжение кон Ст. Коњарево – Ново Коњарево, спојка со магистрален пат А4 кон граничен премин кон Република Бугарија.



Градежните активности се одвиваат на потегот од населено место Мокрино кон Смоларе во должина од 580м во Општина Ново Село, дел кој остана да се догради како би се добила една целина на патот. Во тек е изведбата на земјените работи а ќе се заврши со асфалтирање на овој потег. Изведувач на градежните активности е ЈП “Македонијапат”. Инвеститор е ЈП за Државни патишта. Вредноста за оваа делница е околу 5 милиони денари.



Значењето на овој пат за граѓаните на општина Ново Село е огромно. Ќе се добие побрзо и побезбедно движење на луѓето и стоките што поволно ќе се одрази на квалитетот на живеење и на развојот на локалната економија. Од аспект на развојот на туризмот ќе се добие брз и безбеден пристап до Мокринските извори, природна убавина и омилено место за одмор и рекреација на бројни посетители но секако и со поврзувањето на Мокрино со Смоларе се добива и една целина од побрз пристап кон туристичките локалитети во општината: Смоларски водопад – Мокрински извори – археолошки локалитет Пирго и Колешински водопад.



Со овој регионален пат ќе се доврши со изградбата на последната делница која се движи од населбите Старо Коњарево кон Ново Коњарево и спојка со магистралниот пат А4 кој оди кон граничениот премин со Бугарија. За оваа делница изработена е техничка документација и се очекува наскоро да отпочнат и градежните работи со што после долги години ќе се добие нова, модерна и брза врска на населените места во подбеласичкиот регион.

http://strumicadenes.mk/zapocna-izgrabta-na-regionalniot-pat-r-1402/
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #902 Posted: 17-Oct-2014 at 19:03
каков е овој `регионален пат` кој поминува низ бавчи како селски сокак?
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 286
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #903 Posted: 17-Oct-2014 at 20:25




Od Stip-Veles, slikano kaj lozovo, na nekoi mesta ima posteveno i nov sloj na asfalt nekade se tamponira, nekade uste se probiva nemozev da najdam tema za taa delnica ako ima premestete
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #904 Posted: 17-Oct-2014 at 20:45
И мене ми е чудно ова.Сепак треба да исполнува некои услови како 2 ленти по 3 метри ширина и брзина од 60-70km/h.
Ама ајде нека се направи барем инфраструктурата.Има таму што да се види посебно водопадите, прекрасни се.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #905 Posted: 21-Oct-2014 at 14:12
Кружниот тек на влез до Велес состојба 26.09.2014












Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #906 Posted: 21-Oct-2014 at 14:22
Делницата од Велес кон Лозово. Состојба 26.09.2014. Квалитетот на фотографиите е таков каков што е. Но мислам дека колку толку ја доловува моменталната состојба од пред месец дена.

















Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #907 Posted: 21-Oct-2014 at 14:23
















Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #908 Posted: 21-Oct-2014 at 14:26
Осветлена клучката Кадино, инвестиција вредна 4,5 милиони денари

Јавното претпријатие за државни патишта ја осветли клучката Кадино, која е дел од автопатот „Александар Македонски“. Со ова од почетокот на годинава се осветлени вкупно околу 10 километри патишта за што се инвестирани околу 35,5 милиони денари.

Клучката Кадино е осветлена со 22 канделабри, од кои 10 се двокраки и 12 еднокраки, а осветлувањето е изведено со систем на намалување на електричната енергија. За овој зафат се вложени 4,5 милиони денари.

- Станува збор за осветлување во вкупна должина од 1.100 метри за што се инвестирани 4,5 милиони денари. Планирано е и осветлување на клучката кај Куманово, за која се очекува активностите да почнат кон крајот на оваа година, како и осветлување на клучката пред влезот во Радовиш – изјави денеска директорот на ЈП за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Од почетокот на годинава осветлување добијаја и клучката Тетово – Југ, клучките на влезовите во Прилеп и во Штип, раскрсницата пред Вевчани и влезот во Гостивар, по наплатната станица.

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, од 2013 година досега се инвестирани три милиони евра за осветлување на вкупно 30 километри автопатишта, магистрални и регионални патишта.

http://republika.mk/?p=332620

Овие па "Република" една слика од терен немаат а владин портал се   
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #909 Posted: 21-Oct-2014 at 21:41
Originally posted by kultuzin

Кружниот тек на влез до Велес состојба 26.09.2014




од 15.10.




Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #910 Posted: 21-Oct-2014 at 22:10
Ова како во Кина да е.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #911 Posted: 21-Oct-2014 at 22:45
Гледам само малце копнале по асфалтот нагоре.Останува уште овој дел нереконструиран ако не го средат нека се утепаат.

700-800 метри се во прашање.



Дури може и помала должина да е.Пред да се исклучиш за Гевгелија/Атина го средија пред една година.





Edited by jyvation - 21-Oct-2014 at 22:49
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #912 Posted: 21-Oct-2014 at 23:54
Ресен – Буково, Битола – Макази
Овие два патни правци ќе се реконструират со заемот од ЕБОР само не ми е јасно дали и двата правци се всушност истиот патен правец Е65 или А3 помеѓу Ресен и Битола?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12245
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #913 Posted: 22-Oct-2014 at 06:36
Македонија позајмува 52 милиони евра за рехабилитација на патишта

Македонија ќе добие нов заем од 52 милиони евра за реконструкција на магистралните и на регионалните патишта, со кој ќе се финансира санацијата на патните правци Ресен – Буково, Битола – Макази и Бошков Мост – Дебар. Договорот за подигање на кредитот денеска го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски и директорката на канцеларијата на Светска банка во Македонија Татјана Проскурјакова. Покрај обезбедувањето на финансисии, во моментов се привршува и со изработка на неопходната документација за најавената рехабилитација на патиштата. Конкретните градежни активности на терен треба да почнат веќе во 2015 година.

Заемот од Светската банка е со варијабилна каматна стапка која во моментов изнесува 0,6%, со шест години грејс период и рок на отплата на кредитот од 23 години. Покрај веќе потпишаниот договор, Светската банка во текот на наредната година ќе одобри 100 милиони евра за изведба и санација на дополнителни патни правци, меѓу кои се: Пробиштип – ски центар Пониква, Тораница – Саса, Старо Коњарево – Ново Коњарево, Гарски мост – Извор и Ранковце – Крива Паланка. Со Стратегијата за партнерство со Светска банка во наредните четири години во нашата земја ќе се инвестираат вкупно 400 милиони евра.

http://www.build.mk/?p=39935
За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #914 Posted: 22-Oct-2014 at 10:11
Originally posted by kultuzin

Ресен – Буково, Битола – Макази
Овие два патни правци ќе се реконструират со заемот од ЕБОР само не ми е јасно дали и двата правци се всушност истиот патен правец Е65 или А3 помеѓу Ресен и Битола?
Да, за истиот правец се работи, само е поделен до и од Ресен.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #915 Posted: 23-Oct-2014 at 21:42
Во тек е реконструкција и проширување на патот од Маврово(започнато е од крајот кај големиот паркинг) па се иде према браната кај Маврови Анови.Се ставаат ивичњаци,канделабри,се поставуваат тротоари и нормално коловозот е поширок него прано.








Edited by gjoko - 23-Oct-2014 at 21:43
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #916 Posted: 23-Oct-2014 at 22:29
Ауууу кога ги изградиле оние две викендици на првата слика од десната страна горе, па тука имаше пристапен пат до оние од втор ред викендици.Иначе јас сум одма позади нив тука во близина.
Значи решени се тотално да го упропастат Маврово.Ниту плански се гради ниту се мисли за останатите околу тебе.

Иначе gjoko гледам поставуваат и канделабри и ги заменуваат старите.По целата должина ги поставуваат или?

Edited by jyvation - 23-Oct-2014 at 22:30
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #917 Posted: 23-Oct-2014 at 23:06
каде што се работеше се поставуваа.а за другиот дел-незнам
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #918 Posted: 24-Oct-2014 at 23:36
Скијачкиот центар Маврово со подновен пат ќе ја дочека новата сезона



Активно се работи на реконструкцијата на патниот правец Маврово – Маврови Анови, и покрај неповолните временски услови. Во изминатиов период целосно се завршени градежните работи на 2,5 километри од трасата, поставено е осветлување во должина од 4 километри и изведена е пешачка патека од околу 3 километри. Во моментов се врши испитување на свлечиштето кај Белички канал, каде е планиран потпорен ѕид долг 35 метри. Заедно со рехабилитацијата, на одделни сегменти од патот се врши и негово проширување, и тоа онаму каде што истиот е потесен од шест метри.

#Обновата на коловозот се очекува да заврши до крајот на ноември. Според зборовите на директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски, доцни реализацијата на останатите делови од проектот за рехабилитација на патот, но сепак се очекува истиот да биде комплетиран до пропишаниот краен рок – февруари 2015 година. Проектот има финансиска тежина од 76 милиони денари (околу 1,2 милиони евра), обезбедени со заем од Светска банка. Покрај овој патен правец, ЈП за државни патишта има план за обнова и на патот од Бунец до селото Леуново, со што целосно би се реконструирал обиколниот пат околу Мавровското езеро.

http://www.build.mk/?p=40074

Добро е што барем ќе има и пешачка патека, а не како до сега што се одвиваше движењето на самиот коловоз.

Edited by jyvation - 24-Oct-2014 at 23:40
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #919 Posted: 25-Oct-2014 at 13:01
Делница Велес-Штип




















23ka.wordpress.com
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #920 Posted: 25-Oct-2014 at 13:13
Само ние можеме да правиме ваков формат на патишта како во Грција кои се градени пред 30-40 години
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4445464748 69>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.