build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4748495051 67>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1095
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #961 Posted: 10-Nov-2014 at 19:57
Уште една животинска.Дива свиња на локалниот пат Охрид - Куратица.Да не е некој протест на животниве против патиштата?

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1867
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #962 Posted: 10-Nov-2014 at 20:12
На тој реон не би требало да има градежни активности за автопатот колку што знам !?
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1095
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #963 Posted: 10-Nov-2014 at 20:48
Далеку е ова (а и да имаме и таму градежни работи не е лошо), само онака ептен наезда на диви животни по патиштава.Или е само некој тренд сега баш да бидат сликани после мечката
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Online
Posts: 509
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #964 Posted: 12-Nov-2014 at 13:32
Нови 305 милиони евра од ЕБОР за Македонија за подобрување на патниот и железничкиот сообраќај

...

ЕБОР одобри и 160 милиони евра за Програмата за национални патишта. Овој проект е дел од политиката на Владата за подобрување на квалитетот на патната инфраструктура во Република Македонија. Проектот ќе го имплементира ЈП за државни патишта.

Реализацијата на Програмата за национални патишта ќе биде поделена во две транши.

Првата транша во износ од 74 милиони евра ќе се користи за изградба на експресен пат, делница мост на р. Раец – клучка Дреново и за реконструкција на патниот правец Штип-Кочани на ниво на експресен пат. Со реконструкцијата на постојаниот пат Штип-Кочани на ниво на експресен пат, постојаните проблеми ќе бидат решени, а брзината на движење од сегашните 50(60) км/час ќе се зголеми на 100 км/час. Ќе се изврши реконструкција и проширување на постојаната ширина на коловозот од 6,5 м на 12 м во должина од 26 км. Трасата започнува од Штип потоа продолжува меѓу населените места Чардаклија, Долни Балаван, Крупиште, Чифлик, Облешево и завршува во Кочани. Експресниот пат ќе биде од големо значање за економскиот развој на Источна Македонија, а особено за развој на земјоделието.

Втората транша во износ од 86 милиони евра ќе се намени за изградба на патните правци: експресен пат Охрид-Пештани и автопат Струга-Требеништа. Изградбата на новиот експресен пат Охрид – Пештани во должина од 14,5 км ќе се гради паралелно на постојаниот пат покрај плажите, а во понатамошниот период ќе биде меѓусебно поврзан со попречни локални патишта. Со изградба на оваа делница на ниво на експресен пат ќе се олесни протокот на сообраќајот низ населените места особено во летните месеци од годината. Автопатската делница Требениште – Струга е со должина од 8,5 км. Автопатското решение предвидува изградба на нова делница со коловоз од по 2 ленти со ширина од 3,75 м и по една застанувачка лента со ширина од 2,5 м во секој правец. Проектна брзина за движење на возилата ќе биде 120(130) км/час.

Нетпрес
Back to Top
alexr View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Nov-2014
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote alexr Quote  Post ReplyReply #965 Posted: 12-Nov-2014 at 15:13
Браво, браво. Автопат Струга-Требеништа, Гостивар-Кичево... А Битола, Прилеп, Струмица во тотална изолација.

Edited by alexr - 12-Nov-2014 at 15:14
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12042
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #966 Posted: 14-Nov-2014 at 20:28
17 обележја на најживописниот пат во Македонија, Маврово-Струга

Четири езера, пет планини, две реки, два града, села, манастири, мостови, неверојатна природа… Сето тоа е спакувано во само стотина километри, на патот Маврово-Струга, покрај западната граница на Македонија. Патот воопшто не е лесен, многу е кривулест, на места и тесен, со повремени одрони од камења или со оштетувања на асфалтот. Поради тоа возачите често го избегнуваат. Но ако сте совозач или патник, тогаш ќе уживате. Следете не`, километар по километар, низ 17 обележја на веројатно најживописната патна делница во Македонија.

http://balkon3.com/17-obelezhja-na-najzhivopisniot-pat-vo-makedonija-mavrovo-struga/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12042
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #967 Posted: 19-Nov-2014 at 10:23
ЧЕТИРИ ДЕЛНИЦИ ГОЛТААТ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ



Горан Адамовски

Делниците Куманово - Крива Паланка, Велес - Штип, Прилеп - Битола и Штип - Радовиш се четирите најопасни точки за возење на македонските патишта. На овие четири маршрути се случуваат најголем дел од сообраќајните несреќи, само во последните петнаесетина месеци се паметат стравотни судири кои проголтаа десетици животи. Дури и податоците на полицијата за првите девет месеци годинава, покажуваат дека во пелагонискиот регион има поголем број загинати (27) отколку на подрачјето од Скопје (26). На црната листа зад нив се Велес и Охрид со по 11 жртви, Куманово (9), Штип и Струмица по осум...

„Во првите девет месеци од 2014 година се случија 2.952 сообраќајни незгоди со потешки последици, при што загинаа 104, а се повредени 4.671 лица. Во истиот период лани, се евидентирани 3.140 сообраќајки со потешки последици, при што животот го загубија 139, а со повреди се здобија 4.830 лица“, велат од МВР.

Во Македонија се детектирани 169 црни точки на патиштата, експертите укажуваа дека е потребно отстранување на несоодветно поставените билборди крај патиштата, осветлување на раскрсниците низ населените места, регионални и магистрални патишта...

„Најзагрозени и натаму остануваат четири делници, иако не постојат правила, несреќи се случуваат насекаде. Зборуваме за т.н. ‘прилепска петља‘ кога се одвојува патот до угорнините кај Плетвар, таму постојано има интензивен и мешовит сообраќај, врват работни и градежни машини. Штип - Радовиш, таму постојано се случуваат несреќи, ете и пред некој ден имаше две жртви. Куманово - Крива Паланка, таму квалитетот на патот е релативно слаб и од Велес за Штип и добро е што таму сега се гради автопатот“, објаснува Зоран Ѓуроски од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Повеќе на http://www.utrinski.mk/?ItemID=04B242391993174FB6AB5476652B8B0F
За сè има вторпат
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 717
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #968 Posted: 19-Nov-2014 at 15:35
И после мојата теза за експресен или автопат на Битола-Прилеп не чиенла
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #969 Posted: 19-Nov-2014 at 19:17
Прилеп - Битола има сообраќајки поради возачка неодговорност, не поради опасност на самата делница
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 717
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #970 Posted: 19-Nov-2014 at 20:59
Реално, според мене две третините од сите сообраќајки во Мк, па и пошироко со поради возачка неодговорност. Но тоа, не значи дека овој пат не е за проширување. Радовиш-Штип добива експресен...
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #971 Posted: 19-Nov-2014 at 21:49
Пред два дена прегазиле едно девојче кај хемиско во лизиче. И едно момче вика откога го проширија булеварот 3 Мак Бригада многу е поопасно и почесто има опасни ситуации. Така да за „СТОКА„ не е ни проширување на улици. Само автопат може да не спаси иначе сите решенија кои немат зидови помеѓу лентите не гарантираѕ никаква безбедност.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #972 Posted: 20-Nov-2014 at 00:09
Originally posted by stratus

Реално, според мене две третините од сите сообраќајки во Мк, па и пошироко со поради возачка неодговорност. Но тоа, не значи дека овој пат не е за проширување. Радовиш-Штип добива експресен...
проширувањето на делницата нема да ја зголеми безбедноста, ќе има само побрз сообраќај, што дури и може и обратен ефект да даде... плус проблем прават и директните приклучувања, кај нас клучка е фантазија
убаво вика kultuzin, само автопат има влијание врз безбедноста, или барем прегради меѓу двете насоки доколку има повеќе ленти
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #973 Posted: 20-Nov-2014 at 16:33
Проектот за патот Тетово-Гостивар готов в година

Во изминатиот период, потсети Груевски, во овој регион целосно или делумно беа обновени уште два патни правца Јегуновце – Лешок и Тетово – Пирок – Гостивар.



Најдоцна до март следната година ќе заврши проектирањето на патот Тетово – Чегране – Брвеница – Гостивар, по што ќе следи избор на изведувач на градежните работи, информира премиерот Никола Груевски.

- Проектирањето треба да заврши во март следната година и потоа да почнат процедурите за избор на изведувач. Светската банка го поддржува овој проект поддржува овој проект на Република Македонија, така што очекувам во текот на следната година да почне изградбата, односно реконструкцијата и рехабилитацијата на овој патен правец -изјави денеска Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по одбележувањето 13 години од основање на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово.

Во изминатиот период, потсети Груевски, во овој регион целосно или делумно беа обновени уште два патни правца Јегуновце – Лешок и Тетово – Пирок – Гостивар.

Она што сме го зацртале го спроведуваме и она што сме го ветиле ќе биде целосно сторено- рече премиерот Никола Груевски.

http://www.telegraf.mk/aktuelno/ekonomija/217106-proektot-za-patot-tetovo-gostivar-gotov-v-godina
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1594
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #974 Posted: 20-Nov-2014 at 16:52
Toa se makedonskite novinari. Pisuvaat za patniot pravec Tetovo-Gostivar, a stavat fotografija, ako ne se lazam, od delnicata Miladinovci-Kumanovo!?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12042
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #975 Posted: 20-Nov-2014 at 16:54
Во право си, ама не им е првпат. Понекогаш ставаат слики од странски автопати, а во написот се зборува за некој наш патен правец.
За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1594
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #976 Posted: 20-Nov-2014 at 17:33
Originally posted by Џоле

Во право си, ама не им е првпат. Понекогаш ставаат слики од странски автопати, а во написот се зборува за некој наш патен правец.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2363
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #977 Posted: 21-Nov-2014 at 13:50
Originally posted by Џоле

ЧЕТИРИ ДЕЛНИЦИ ГОЛТААТ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ



Горан Адамовски

Делниците Куманово - Крива Паланка, Велес - Штип, Прилеп - Битола и Штип - Радовиш се четирите најопасни точки за возење на македонските патишта. На овие четири маршрути се случуваат најголем дел од сообраќајните несреќи, само во последните петнаесетина месеци се паметат стравотни судири кои проголтаа десетици животи. Дури и податоците на полицијата за првите девет месеци годинава, покажуваат дека во пелагонискиот регион има поголем број загинати (27) отколку на подрачјето од Скопје (26). На црната листа зад нив се Велес и Охрид со по 11 жртви, Куманово (9), Штип и Струмица по осум...

„Во првите девет месеци од 2014 година се случија 2.952 сообраќајни незгоди со потешки последици, при што загинаа 104, а се повредени 4.671 лица. Во истиот период лани, се евидентирани 3.140 сообраќајки со потешки последици, при што животот го загубија 139, а со повреди се здобија 4.830 лица“, велат од МВР.

Во Македонија се детектирани 169 црни точки на патиштата, експертите укажуваа дека е потребно отстранување на несоодветно поставените билборди крај патиштата, осветлување на раскрсниците низ населените места, регионални и магистрални патишта...

„Најзагрозени и натаму остануваат четири делници, иако не постојат правила, несреќи се случуваат насекаде. Зборуваме за т.н. ‘прилепска петља‘ кога се одвојува патот до угорнините кај Плетвар, таму постојано има интензивен и мешовит сообраќај, врват работни и градежни машини. Штип - Радовиш, таму постојано се случуваат несреќи, ете и пред некој ден имаше две жртви. Куманово - Крива Паланка, таму квалитетот на патот е релативно слаб и од Велес за Штип и добро е што таму сега се гради автопатот“, објаснува Зоран Ѓуроски од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Повеќе на http://www.utrinski.mk/?ItemID=04B242391993174FB6AB5476652B8B0F


И по тој повод, ќе направат - што? Уште неколку споменици на кои главниот јунак е на коњ.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12042
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #978 Posted: 01-Dec-2014 at 21:43
Пуштен во употреба патот Ресава -Бегниште



http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/132402522/1?month=12&year=2014&day=1&desc=0

Постара вест за патот:

„Деновиве интензивно се работи на реконструкција на преостанатата делница Ресава – Бегниште во должина од 4 километри и широчина од 5,5 метри.“

http://www.duma.mk/kavadarci/12696-2014-09-19-12-49-12

Edited by Џоле - 01-Dec-2014 at 21:51
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #979 Posted: 12-Dec-2014 at 14:45
Јанакиески бара крак од новиот „пат на свилата“ да минува низ Македонија
Време: 14:16

Датум: декември 12, 2014

Категорија: ЕКОНОМИЈА



FacebookTwitterGoogle1EmailGoogle
mile kina 345

Македонскиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески ги претстави актуелните инфраструктурни и транспортни проекти во Македонија на меѓународната конференција „Патишта на свилата: инспирации и можности“, која се одржува денеска во Истанбул.

Ја поздравил иницијативата за воспоставување на новиот пат на свилата како сет од транспортни коридори кои целат кон обединување на евроазиската инфраструктура и олеснување на пристапот и транспортот и повикал еден крак да поминува низ Македонија.

„Македонија длабоко ја цени добрата регионална поврзаност и решенијата за добра регионална мрежа. Како крстопат на Балканот, повикувам еден крак од новиот „Пат на свилата“ да поминува низ Македонија, потпирајќи се на новата и подобрена инфраструктура. Ги повикувам сите држави чии претставници се денес овде, особено оние во регионот на југоисточна Европа да соработуваат на сите нивоа, имплементирајќи проекти кои се од корист за нашите граѓани и кои ќе овозможат подобар економски развој и подобра поврзаност“, навел во обраќањето Јанакиески.

Македонија, нагласил Јанакиески, со својата географска позиција отсекогаш била стратешка точка за транспорт на Балканот, од причина што се наоѓа на крстопатот на многу рути кои водат од Европа до Азија и Блискиот Исток.

„Моментно сме посветени и фокусирани на изградбата на нови автопати, нови железнички пруги и модернизација на старите, долж паневропските коридори кои поминуваат низ нашата земја“, навел министерот Јанакиески, и потенцирал дека тие проекти се реализираат во соработка со најголемите меѓународни финансиски институции, како што се Светската банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, како и Експорт­импорт банката на Кина.

На меѓународната конференција „Патишта на свилата: инспирации и можности“ се предвидени обраќања и на претставници од Турција, Србија, Црна Гора, Албанија, Хрватска, Азербејџан, Кина, Шпанија и Пакистан, како и на различни меѓународни научни, политички и економски институции, меѓу кои и Советот за развој и истражувања на Кина, Центарот за стратешки студии, Фондацијата за политички, економски и социјални истражувања и Универзитетот Кембриџ.

„Патот на свилата“ е историска мрежа на меѓусебно поврзани рути во Евроазаија, преку кои се одвивал транспортот на стока од работ на Азија до центарот на Европа во период од речиси 3.000 години.
http://denar.mk/66741/ekonomija/janakieski-bara-krak-od-noviot-pat-na-svilata-da-minuva-niz-makedonija
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #980 Posted: 17-Dec-2014 at 13:03
http://dnevnik.mk/?ItemID=434EB7164B777745B286CF8384097AF6

Македонија ќе прави проект за поврзување со Албанија преку Дебар. Овој пат навистина е многу пократок од оној преку Ќафасан, ама не разбирам зашто најпрвин правиме автопат од Кичево до Охрид, а не од Гостивар до Кичево. На тој автопат да има крак за патот за Дебар. Албанците дефинитивно ќе го тераат тој проект за автопат до Дебар, а не до Лин. Мислам дека тука имало лоша комуникација помеѓу нашите и Албанија. Друго нешто што е значајно за ова поврзување преку Дебар е што нас би не чинело многу. Целиот дел е планински, а поминува и низ национален парк, што може и дополнително да ги усложни работите.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4748495051 67>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.313 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.