build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4950515253 68>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12090
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1001 Posted: 15-Feb-2015 at 20:23
Велес-Штип, пред Лозово (видеото е на фејсбук, и може да се види дел од новиот „експресен“ пат)

https://www.facebook.com/video.php?v=905225149510341&set=o.437002943097808&type=2&theater

Edited by Џоле - 15-Feb-2015 at 20:24
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Online
Posts: 1756
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1002 Posted: 16-Feb-2015 at 09:11
Колку само овој тип на патишта предизвикува забуни кај возачите...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #1003 Posted: 16-Feb-2015 at 10:56
Originally posted by alexsend

Колку само овој тип на патишта предизвикува забуни кај возачите...


Што е толку збунувачко?
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #1004 Posted: 16-Feb-2015 at 16:14
Убаво имаше еден коментар во Македонија кога возат сите возат на лева лента и никој не се престројува малку на десно за да го поминеш, а во Грција од километар се тргаш на страна. Се гледа дека сеуште немаме таква култура да отстапиме место на побрзите возила. Ок е да возат на лева лента кога нема никој, ама на побрзите возила може да се отстапи место и нема да има забуни и сообраќајки. Доволно е широк коловозот да се разминат возила и од двете страни.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Online
Posts: 1756
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1005 Posted: 16-Feb-2015 at 17:44
Епа вака. Сите луѓе со кои сум зборел не се на чисто како треба да се вози и обично идат како им дојде.

Имаме само една нормална лента во правец и нормално возиме по таа, дополнителната потесна е одделена со полна линија и тука се јавува проблемот. По правило не треба да се тргнеш на десно ако некој позади сака да претица но природно ти доаѓа да го направиш тоа и обично го правиш со што се доведуваш да возиш цик цак цело време и без континуитет во возењето.
Повеќе пати во годината возам за Солун и тој дел од патот ми е многу психички понапорен за возење одколку Демиркапија-Смоквица каде што знаеш на што си. Гледам во ретровизор повеќе одколку напред и се трудам да им олеснам на сите што се брзаат...барем мене така ми доаѓа фер.

Edited by alexsend - 16-Feb-2015 at 17:45
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #1006 Posted: 17-Feb-2015 at 20:15
Originally posted by alexsend

Епа вака. Сите луѓе со кои сум зборел не се на чисто како треба да се вози и обично идат како им дојде.

Имаме само една нормална лента во правец и нормално возиме по таа, дополнителната потесна е одделена со полна линија и тука се јавува проблемот. По правило не треба да се тргнеш на десно ако некој позади сака да претица но природно ти доаѓа да го направиш тоа и обично го правиш со што се доведуваш да возиш цик цак цело време и без континуитет во возењето.
Повеќе пати во годината возам за Солун и тој дел од патот ми е многу психички понапорен за возење одколку Демиркапија-Смоквица каде што знаеш на што си. Гледам во ретровизор повеќе одколку напред и се трудам да им олеснам на сите што се брзаат...барем мене така ми доаѓа фер.


Ок е тоа што го велиш за полната лента од десно, можеби е збунувачка за многу возачи (90% неискусни возачи) итн. Иако не гледам причина за тоа, но муабетот е на место.

Меѓутоа како може тој пат да ти биде психички понапорен кога е најдобриот дел од патот од Скопје до Солун. Ширината на патот едноставно ти дава чувство на сигурност и поголема контрола над возилото и на тоа што околу тебе.
Мене тој дел на патот ме одмара искрено, за разлика од рели автопатот СК-ВЕ, или уништениот автопат до Демир Капија вклучително и најужасната делница Демир Капија- Смоквица.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1007 Posted: 17-Feb-2015 at 23:28
Реално ваков формат тука одговара, повеќе од ова не ни може да се изведе.На други места можат барем да се потрудат да изградат ексресен пат според стандардните критериуми.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12090
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1008 Posted: 18-Feb-2015 at 10:46
Некаде во Македонија:



За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12090
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1009 Posted: 18-Feb-2015 at 16:41
Во источниот регион се асфалтирани само 35 отсто од локалните патишта
     
Само 35 отсто од локалните патишта во источниот регион од државата се асфалтирани, или на секој еден километар асфалт следуваат три километри со камења, дупки и кал

Од вкупно 2.180 километри локални патишта во овој дел од државата, асфалтирани се 414.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=217151626544&id=9&prilog=0&setIzdanie=23398
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12090
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1010 Posted: 18-Feb-2015 at 17:55
Што е сега ова? Или е дел од Коридор 8?

НОВ ПАТ ОД РАНКОВЦЕ ДО БУГАРСКА ГРАНИЦА

Комплетно нова траса на потегот од Ранковце до границата со Бугарија ќе се гради со средства од Светска банка.

Владата е веќе во разговори со оваа меѓународна финансиска институција и се очекува проектот да биде одобрен наесен. Во првата фаза ќе се гради патот од Ранковце до Крива Паланка, а во втората фаза од Крива Палакна до гранцата со Бугарија. Ова го најави министерот за финансии Зоран Ставревски кој додаде дека истовремено ќе се интензивира градбата на железничката пруга кон Бугарија.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=013C88A96B8BD2428556BE58EACF0BD5
За сè има вторпат
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #1011 Posted: 18-Feb-2015 at 19:23
Originally posted by Џоле

Што е сега ова? Или е дел од Коридор 8?

НОВ ПАТ ОД РАНКОВЦЕ ДО БУГАРСКА ГРАНИЦА

Комплетно нова траса на потегот од Ранковце до границата со Бугарија ќе се гради со средства од Светска банка.

Владата е веќе во разговори со оваа меѓународна финансиска институција и се очекува проектот да биде одобрен наесен. Во првата фаза ќе се гради патот од Ранковце до Крива Паланка, а во втората фаза од Крива Палакна до гранцата со Бугарија. Ова го најави министерот за финансии Зоран Ставревски кој додаде дека истовремено ќе се интензивира градбата на железничката пруга кон Бугарија.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=013C88A96B8BD2428556BE58EACF0BD5


Како што разбрав трасата ќе си е нова, но ќе си остане планираниот експресен пат. Претпоставувам дека ќе е нова од неколку причини. Прво експресниот пат нема да поминува низ населени места, како што се Крива Паланка и Ранковце. Друго битно е што пред и по Крива Паланка има повеќе кривини, па со новиот пат би ги елиминирале или намалиле кривините. На тој начин ќе се зголеми брзината на возењето и намали времетраењето на патувањето. И на крај најверојатно овој пат би прераснал во автопат, доколку има зголемена фреквенција. Мене ме изненадува што Ставревски воопшто не го спомна делот Куманово - Ранковце, кој е пофреквентен од овие две делници.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1012 Posted: 18-Feb-2015 at 23:30
"Очекуваме некаде наесен Светска банка да го одобри тој проект и да се исфинасира комплетно нова траса на патот од Ранковце до Крива Паланка во првата фаза, а во втората фаза да следи рекнострукција на патот од Крива Палакна до гранцата со Бугарија и да се интензивира градбата на железничката пруга кон Бугарија, истакна Ставрески..."

faktor.mk
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1013 Posted: 18-Feb-2015 at 23:43
`Ова` го сликав кога ќе се спушта од превојот Барбараснад М.Брод према Прилеп.Овде секогаш ги има овие друмски патници,и се од селото Дебреште.Око не им трепнува дека претставуваат опасност .Сум ги сретнал многу пати досега



Edited by gjoko - 18-Feb-2015 at 23:43
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1014 Posted: 19-Feb-2015 at 01:29
Previous
кога ова е веќе чест случај а ништо не се превзема околу тоа, може барем знаци да се постават... ама кога кај нас нема соодветна сигнализација на главните правци, тогаш воопшто не ни се надевам на такво нешто

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1015 Posted: 19-Feb-2015 at 20:05
Изградбата на патот Градско – Прилеп ќе го заживее росоманско Сирково



Изградбата на брзиот пат Градско – Прилеп ќе го заживее росоманското село Сирково кое ќе биде најблиску до оваа нова делница која е предвидена да се гради, рече денеска градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов.

Поради изградбата на патот, појасни, малку е променет планот за комунална изградба во општината и наместо реконструкција на предвидениот пат од Росоман кон селата Манастирец и Трстеник, прво ќе биде реконструиран патот кон селото Сирково, па потоа тој кој води до двете села.

Експресниот пат, според Лазов, треба да донесе и побрз развој на економијата на општината. – Брзиот пат кон Прилеп ќе се прави за да се подобрат сообраќајот и безбедноста при патувањето во овој дел на државата, каде не ретко се случуваат сообраќајни незгоди, наведе Лазов.

Експресниот пат Градско - Прилеп преку Росоман и Дреново ќе биде во должина од 33, 5 километри. Ќе се гради во три дела. Првиот дел,од Градско до Росоман до клучката за Кавадарци, е долг 16 километри, вториот ги опфаќа фаришката и дреновската клисура со должина од 10 километри и третиот од проширувањето кај Тројаци-Плетвар до влезот во Прилеп со 7,5 километри. Финансиите се обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој, од буџетот на Република Македонија и ИПА фондовите.

- Со изградбата ќе се стартува во втората половина на оваа година и тоа најпрвин со вториот дел од делницата кој ги опфаќа клисурите, бидејќи тоа е најтешката фаза од проектот. Потоа ќе се гради првиот, па третиот дел, велат од Јавното претпријатие за државни патишта.

http://www.porta3.mk/izgradbata-na-patot-gradsko-prilep-kje-go-zazhivee-rosomansko-sirkovo/
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1016 Posted: 19-Feb-2015 at 20:06
Originally posted by jyvation

Почна санација на прекинатиот пат кон село Балталија, Штипско



Општина Штип со ангажирана механизација започна со санацација на патот до село Балталија кој е во прекин. Како резултат на доаѓањето на Балталиска река, се случи поголем одрон на брегот покрај кој е делница на патот, по што сообраќајот беше во прекин. Во овој момент направена е заобиколна лента за да нема прекин на сообраќајот. Се прават напори и за воспоставување на сообраќај до селата Пухче и Суво Грло, како и Танатарци каде водата ги однесе времените премини.



Во Лакавичкиот регион, штетите се големи. Земјоделците останаа без се што посадија, настрадаа пластеници, ниви со ран зеленчук, овоштарници како и имоти, викендици и домови на луѓе кои се лоцирани непосредно до реката од 20.тиот километар па се до 4.тиот, кај штипско Софилари.
Формирани се три комисии за проценка на штети од локалната самоуправа кои веќе се на терен, а граѓаните можат да пријават штети и во Општина Штип со пополнување на формулар.





http://www.porta3.mk/pochna-sanacija-na-prekinatiot-pat-kon-selo-baltalija-shtipsko/


Општина Штип го санираше уништениот дел од патот кон село Балталија



Општина Штип го санираше патот кон село Балталија кој претпре штети од поплавите. Како резултат на врнежите од дожд, се појави свлечиште на 20.тина метри од локалниот пат при што беше уништен асфалтот а сообраќајот беше во прекин, пренесува ТВ „Стар“. Привремено се направи заобиколна рута на истата делница а локалната самоуправа презеде активности за санирање на штетата:

- Инвеститор е Општината а механизацијата на „Коле Инжинеринг“ изминатите десетина дена работеше на поставување на нанос од земја и утврдување на брегот од Балталиска река. Поставен е тампон на овие 20.тина метри, така што сообраќајот сега се одвива без проблем и нема опасност од нов одрон. Со подобрување на временските услови, ќе следи и поставување на асфалт со што комплетно ќе се санира штетата на овој пат – изјави Драган Ристов, портпарол на Општина Штип.

Претходно, општината го пренасочи текот на водата низ коритото на Балталиска река, така што избегната е можноста водата повторно да поминува покрај брегот каде е патот и да предизвика ново лизгање на земјиштето. Исто така, се оспособуваат и премините кон селата Суво Грло и Степанци кои исто така беа уништени за време на поплавите на почетокот на февруари.

http://www.porta3.mk/opshtina-shtip-go-sanirashe-unishteniot-del-od-patot-kon-selo-baltalija/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1017 Posted: 20-Feb-2015 at 01:15
попрофесионална санација, немам видено
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2364
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1018 Posted: 20-Feb-2015 at 18:36
Свлечиште на патот за Злетово:

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1019 Posted: 21-Feb-2015 at 02:11
Скопски „Бетон“ ќе реконструира локални патишта во земјава



Јавното претпријатие за државни патишта склучи два нови договори со градежната компанија „Бетон“ од Скопје за рехабилитација на локални патни правци во скопскиот, северниот, полошкиот и југозападниот регион од земјава. Според објавеното известување на веб страницата на Македонска берза, станува збор за четвртата фаза од договорите за реконструкција на локални патишта од ЛОТ 1 и ЛОТ 2 програмите. Од државниот буџет за подобрување на македонската патна инфраструктура во овие региони се предвидени 191.714.135 денари или околу 3,1 милиони евра, без вклучен ДДВ.

http://www.build.mk/?p=43205
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12090
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1020 Posted: 01-Mar-2015 at 20:31
Пуштен во употреба нов локален пат с.Страгово-с.Крњево



фото: mia.mk
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4950515253 68>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.