build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5051525354 66>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1021 Posted: 03-Mar-2015 at 17:45
Нова клучка на обиколницата кај Смилковци

http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/132536583/1?month=3&year=2015&day=3&desc=0
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1022 Posted: 04-Mar-2015 at 20:41
Велес-Штип (фотографии: Силвана Бонева, пратеничката) Преземено од фејсбук.











За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1023 Posted: 04-Mar-2015 at 22:26
Незнам зошто се „циганчат„ и за по еден метар од двете страни не направат 2х2 експресен пат.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1024 Posted: 04-Mar-2015 at 22:59
пошто е ова земјоделски крај,јас мислам дека десната трака ќе се користи за возење на земјоделска механизација која најмногу го успорува сообраќајот,а и е причина за најмногу од фаталните незгоди
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1025 Posted: 04-Mar-2015 at 23:01
Нели рекоа при крај се со делницава.Тука има уште многу работа според сликиве.
Да не има нешто и од автопатот од Штипска страна
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1572
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1026 Posted: 04-Mar-2015 at 23:04
Originally posted by jyvation

Нели рекоа при крај се со делницава.Тука има уште многу работа според сликиве.
Да не има нешто и од автопатот од Штипска страна


Токму така, останатите слики се од делницата Миладиновци - Штип
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 717
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #1027 Posted: 04-Mar-2015 at 23:20
Ај што страничните ленти (за застанување) се целосно непотребни, но зошто ли линиите се фарбани жолто?
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1572
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1028 Posted: 04-Mar-2015 at 23:23
Originally posted by stratus

Ај што страничните ленти (за застанување) се целосно непотребни, но зошто ли линиите се фарбани жолто?


Патот е уште во изградба и треба да се вози внимателно!
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #1029 Posted: 05-Mar-2015 at 15:34
Многу ризичен пат. Овде ќе се шиба 100тка ќе се претекнува. Стварно за по метар фали да биде 2х2...
Од чаламот си патиме!
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1565
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1030 Posted: 05-Mar-2015 at 16:35
Originally posted by Bojan10

Многу ризичен пат. Овде ќе се шиба 100тка ќе се претекнува. Стварно за по метар фали да биде 2х2...
Stotka...? Pa na stariot pat se sibase stotka, mozam samo da zamislam kolku ke se siba na ovoj!?
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1031 Posted: 05-Mar-2015 at 22:21
Originally posted by Denko

Originally posted by Bojan10

Многу ризичен пат. Овде ќе се шиба 100тка ќе се претекнува. Стварно за по метар фали да биде 2х2...
Stotka...? Pa na stariot pat se sibase stotka, mozam samo da zamislam kolku ke se siba na ovoj!?


За жал во право си.Мислам дека може и научно може да се докаже дека нашата возачка култура се води по дефиницијата „возам онолку колку што физички е возможно а ограничувањето на брзината и знаците на патот се само за декорација„.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 491
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1032 Posted: 06-Mar-2015 at 10:17
Ја возев делницава пред некое време и пријатно бев изненаден од квалитетот на асфалтот и од возачката култура. Сите поспори возила се тргаа на десно, слично како на Евзони-Солун, така да немаше проблеми со претекнување. За макс. брзина комотно може да одредат 100км/ч.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1033 Posted: 14-Mar-2015 at 19:10
Закрпите на патниот правец Кичево-Битола за кои пишував пред некое време(правени прв пат после градењето на патот во 1977) повеќе непостојат.Све што ставиле од асфлалт во закрпите,водата и мразот го однела.Нема ниту една дупка каде се задржал асфалтот.

Вака незнам до каде ќе се оди
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1565
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1034 Posted: 15-Mar-2015 at 00:08
Originally posted by gjoko

Закрпите на патниот правец Кичево-Битола за кои пишував пред некое време(правени прв пат после градењето на патот во 1977) повеќе непостојат.Све што ставиле од асфлалт во закрпите,водата и мразот го однела.Нема ниту една дупка каде се задржал асфалтот.

Вака незнам до каде ќе се оди
Vaka ke odi do kompletno obnovuvanje na asfaltot.


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1035 Posted: 17-Mar-2015 at 16:30
ЌЕ СЕ ГРАДИ ПРИСТАПЕН ПАТ ОД АВТОПАТОТ ДО ЕЗЕРОТО „МЛАДОСТ“

Велес - Во првата половина на годинава, автопатот Велес - Скопје треба да биде поврзан со езерото „Младост“. Од Јавното претпријатие за патишта најавуваат дека се почнати активностите за решавање на проблемот, за кој со години имаше реакции и од туристите и од туристичките работници.

„Во тек е изработка на техничко решение за трајна измена на режимот на сообраќај за приклучок од автопатот Велес - Скопје со локалниот пат до езерото „Младост“. Во завршна фаза е изработката на проектната документација и подготовката за отпочнување на градежните работи. Очекуваме градежните активности да завршат во првата половина на оваа година“, изјавија од ЈП за државни патишта.

Така ќе биде премостен недостатокот на врска од автопатот кон езерото, кое беше на дофат на илјадниците туристи, но не беше достапно. Тие не можеа да го посетат зашто немаше приклучок директно од автопатот, па можеа само да го видат и да продолжат кон граница.

Што се однесува на проблемот со асфалтирањето на приклучокот од автопатот Скопје – Велес, кај наплатната рампа „Сопот“, од ЈП велат дека тоа ќе траба да го изврши локалната самоуправа Велес. Решавањето на проблемот доаѓа откако со години имаше реакции од различни страни дека е потребно да се изгради приклучок, кој беше неопходен и за жителите на околните села да можат побргу и полесно да стигнат до дома. Последната реакција беше при крајот на минатата година, кога жителите од месните заедници Сујаклари, Мамутчево, Новачани, Отовица, како и од Регионалната „Про кредит академија“, хотелот „Романтик“, мотелот „На Велешко“, бродот „Панини“, сопствениците на насадите со лозја и „Шапо сопот“ писмено се обратија до Министерството за транспорт и до ЈП за државни патишта. Неколку месеци подоцна, стигна и позитивната реакција.

„Добро е што конечно ќе биде решено ова прашање. Се надевам дека ќе се заврши во најавениот рок, за да можат многубројните туристи од Европа, но и од Србија да имаат можност да се одмараат попатно кон дома“, вели еден велешки стопанственик.

Минатиот месец на електронска аукција беа продадени четири од вкупно шест парцели наменети за изградба на мотели. Локалната власт на Велес минатата година го изгради водоводниот систем со кој конечно се решава прашањето со вода за пиење на околината на езерото „Младост“. Во тек е изградбата на канализациската мрежа. Езерото „Младост“, иако е вештачка акумулација, има голема посетеност во летните месеци, не само од велешани, туку и од жителите на Скопје и блиските градови од источна Македонија, па претставува голем туристички потенцијал за Велес. Таму е и сателитската населба, со 30-ина плацови, каде што веќе се завршени неколку домови за велешани, кои избегаа од градската врева.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=9D267A7D7B0413409091A4C60B86327F
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1036 Posted: 17-Mar-2015 at 17:11
Има еден приклучок поред село Отовица излегуваш директно пред наплатната.Јас го користам тој преку лето кога има километарски гужви пред наплатната.
Во суштина постои клучката, само би требало да се среди и да се нанесе нов слој асфалт.

Edited by jyvation - 17-Mar-2015 at 17:12
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1037 Posted: 28-Mar-2015 at 14:30
Српско-македонска граница-Миладиновци



Скопска обиколница



Скопје-Тетово



Тетово-Гостивар



Возење низ Национален парк Маврово

За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1038 Posted: 07-Apr-2015 at 20:49
Ќе се обновува дел од патот помеѓу Kавадарци и Неготино



Градоначалникот на Kавадарци, Александар Панов, информира дека деновиве ќе почне реконструкција на дел од патот од Kавадарци за Неготино.

- Се работи за дел од владиниот проект за целосна реконструкција на патот од Kавадарци до Неготино. За почеток целосно ќе се реконструира патот од кавадаречката општа болница до населбата Глишиќ во Kавадарци. Всушност, овој дел од делницата што ги поврзува двата града е и најоштетен и има големи дупки што го отежнуваат сообраќајот - рече Панов.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=AC663F5528ED8F44AA91E4E8867A4858
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1039 Posted: 10-Apr-2015 at 09:41
СЕ РЕКОНСТРУИРА ПАТОТ ОД АВТОКАМПОТ „ЕЛЕШЕЦ“ ДО ОХРИДСКОТО СЕЛО ЕЛШАНИ

Како дел од најавените активности за реализација на проектот поддржан од Светска банка и Владата, денеска започна асфалтирањето на локалниот пат од селото Елшани до Автокампот „Елешец“ делница долга 2.258 метри.

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески појасни дека патот ќе се асфалтира во просечна ширина од 4 метри, а предвидена е и реконструкција на банкините.

- Ќе биде ставен висококвалитетен асфалт со дебелина од седум сантиметри. Со реконструирањето на овој пат значајно ќе се подобри квалитетот на животот на жителите во Елшани и сите кои гравитираат кон овој дел од општината, рече Бакрачески изразувајќи уверување дека подобрената инфраструктурна поврзаност ќе придонесе и кон развој на туризмот на местата на тој дел од Охридската ривиера.

Локалното население благодарно што се обезбедени средства за обновa на патот кон селото што брои 700 жители, а од кои голем дел живеат од туризам.

Патот беше со големи оштетувања, со асфалтирањето и проширувањето многу ќе е подобро за сите. Елшани е доста посетено и од страна на странските туристи, рече претседателот на месната заедница, Игор Шопоски.

Вкупната вредност на проектот е 7 милиони и 610.000 денари. Изведувач е акционерското друштво „ Илинден“ од Струга. Градежните активности се очекува да завршат за триесеттина дена.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=04D99A378BBF5C4695198B975642475A
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1040 Posted: 22-Apr-2015 at 09:10
ПАТОТ ОД КРУШЕВО ЗА ДЕМИР ХИСАР НА ПОПРАВКА

Парите за реконструкцијата се обезбедени од Министерството за транспорт и врски и за годинава ќе бидат потрошени 7 милиони денари, или 114.000 евра

Моника Талеска

Крушево - Проблемите на возачите и патниците на релација Крушево – Демир Хисар и обратно конечно ќе завршат, зашто веќе започнаа градежните активности за санирање на оваа сообраќајница. Парите се обезбедени од Министерството за транспорт и врски и за годинава ќе бидат потрошени 7 милиони денари, или 114.000 евра.

„Проектот кој ќе се реализира во две фази предвидува гребење на постојниот асфалт на најоштетените делови од коловозот и поставување нов слој. Со реализација на проектот ќе се подобри патната инфраструктура како основен предуслов за развој на туризмот, а ќе се олесни и комуникацијата на нашиот град со другите туристички места како Битола, Охрид и Струга“, изјави градоначалникот на Крушево, Ѓорѓи Дамчески, соопштувајќи и други бројни проекти кои ќе го подобрат животот на Општината.

Така, околу 2.000 жители кои гравитираат на потегот од селото Норово кон селото Бучин наскоро ќе добијат непречено водоснабдување. Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се обезбедени 14 од вкупно потребните 18 милиони денари за изградба на цевковод којшто ќе води од Регионалниот водовод „Студенчица“ преку пумпната станица до селото Норово кон Бучин. Преостанатите четири милиони денари ќе ги обезбеди локалната самоуправа.

„Цевководот се гради во должина од 9,5 километри. Овие жители во моментов се снабдуваат со вода за пиење од пумпната станица во село Бучин, за што се трошат значителни финансиски средства. Снабдувањето со вода по природен пат ќе овозможи финансиски заштеди на ЈП ’Комуна‘ од Крушево од 3.000 до 4.000 евра месечно, колку што сега се трошат за електрична енергија на оваа пумпна станица“, потенцира Дамчески.

Локалните власти очекуваат дека овие и другите инфраструктурни проекти ќе имаат свој придонес и за економски и туристички развој на Крушево.

Според податоците, во последнава зимска сезона во градот престојувале за 20 отсто повеќе туристи во однос на истиот период минатата година. Оценките се дека последната е најуспешна сезона, а зголемен број туристи се очекуваат и во текот на летниот период.

Инаку, вчера во Крушево престојуваше делегација од околу 20 аташеа на странските амбасади во Македонија, кои посетија многу културно-историски споменици во градот.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=576F044002B43C4DA6467D6BF4E0C1C6
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5051525354 66>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.