build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5455565758 68>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 509
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1101 Posted: 24-Sep-2015 at 15:05
Originally posted by daci92

волф јас не би бил сигурен во последното тврдење, бар во мојата работа можам да кажам дека кај нас материјалите се поквалитетни и подобри за работа отколку кај што фирмата потекнува (за Германија се работи), ама не станува збор за материјали за патишта. Инаку Германија колку патишта реновира и гради во моментов тоа е неверојатно.


р
Добро можеби и јас сум грешка , но не сваќај сериозно , тоа го дадов како моја претпоставка , ама штом си ти повеќе запознает сигурно е точно , и мило ми е што и ние имаме нешто добро македонско а квалитетно , па еве според тебе зошто патиштата да речеме во хрватска еве од пред колку време се изградени а не попуштаат , по издржливи се а знаеме преку лето низ хрватска како туристичка земја има голема фрекфенција да не речеме на пола европа која што летува на јадранско , а кај нас за неколку години и попуштаат , што мислиш според тебе причина ?
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1878
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1102 Posted: 24-Sep-2015 at 20:47
Тука се работи за неквалитетно изработена подлога во однос на стабилноста на земјиштето ,неквалитетен асфалт и фуш изработка воопшто, плус кај нас играат улога многу високите температури. 
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 509
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1103 Posted: 24-Sep-2015 at 21:44
Originally posted by daci92

Тука се работи за неквалитетно изработена подлога во однос на стабилноста на земјиштето ,неквалитетен асфалт и фуш изработка воопшто, плус кај нас играат улога многу високите температури. 



Ајде белки во иднина ќе се смени тоа и ќе се подобрува изработката на проектите , ... иначе да за температурите и тоа влијае на се то ова ..
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1878
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1104 Posted: 24-Sep-2015 at 21:52
Се додека се работи со претпоставки и се додека не се прави за секое земјиште соодветно нема да имаме квалитет. Се додека не се направат стручни кадри само за таа работа и ништо друго исто така ќе биде. Ние имаме стручњаци за патишта но или никој не ги слуша или се во странство.  Се додека цената игра поголема улога за изборот отколку квалитетот и гаранцијата ние ќе си имаме проблем со се. Не дека на пример Германската патна мрежа е многу подобра од нашата ама подобро се одржува. Тука во Германија исто има испукани патишта ,дупки, итн ,но тоа се санира и се одржува подобро од кај нас, пукнатините ги полнат ,за разлика кај нас сега почнаа и тоа само како тест.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1105 Posted: 01-Oct-2015 at 17:46

Започна реализацијата на проектот за проширување, ревитализација, реконструкција и асфалтирање на патот од Битола па се до Хотел Молика на Пелистер. Во моментов се работи на првата фаза која го опфаќа делот од Детското одморалиште па се до Хотел Молика, чиј изведувач е ЈП „Македонија пат“.

„Заедничката соработка меѓу локалната самоуправа, институциите и Владата на Република Македонија, се разбира пред се Јавното претпријатие за државни патишта, Македонија пат и Националниот парк „Пелистер“ придонесоа да направиме еден исклучителен зафат, а тоа е проширување, реватализација, реконструкција и асфалтирање на патот кој што води од Битола до Молика.“ истакна градоначалникот д-р Владимир Талески.

Веќе е извршена реконструкција, ревитализација и асфалтирање на дел од патот, а моментално се работи и на останатиот дел од патот со вкупна должина од 6 километри. Проектот го финансира Јавното претпријатие за државни патишта, а вредноста на истиот е околу 6 милиони денари.
http://lider.mk/2015/10/01/se-adfaltira-patot-od-bitola-do-hotel-molika-na-pelister/
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 509
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1106 Posted: 01-Oct-2015 at 19:58
Осветлена клучката за Кавадарци на магистралниот пат Градско ,Поставени се 20 кaнделaбри. Прoектoт е финaнсирaн oд Агенцијaтa зa држaвни пaтиштa нa Републикa Мaкедoнијa. Ова беше долгогодишна потреба на регионот, барања за осветлување на овој дел од општината континуирано пристигнуваа до нашата локална самоуправа. Осветлувањето е особено важно во периоди како сегашниот, кога заради гроздоберот, овде покрај огромен број на возила, се движат и многу трактори полни со грозје“ - рече Лазов.

Тој нагласи дека сo oвoј прoект ќе се згoлеми безбеднoстa нa учесниците вo сooбрaќaјoт.

Осветлувањето на клучката за Кавадарци во овој дел на патот Градско-Прилеп кај Росоман, беше дамнешна желба на возачите кои транзитираат во овој дел на Македонија.

За да се подобрат сообраќајот и безбедноста при патувањето во овој дел на државата, каде не ретко се случуваат сообраќајни незгоди, ќе се гради и брзиот пат кон Прилеп. http://www.kavadar4e.com/index.php?option=com_content&view=article&id=13319%3A2015-09-30-16-18-32&catid=37%3Atikvesijavesti1&Itemid=80

Edited by WolfLeader - 01-Oct-2015 at 19:59
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12098
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1107 Posted: 04-Oct-2015 at 13:10
Ќе се реконструира и правецот Кочани-Делчево на магистралниот пат А3

Јавното претпријатие за државни патишта најавува дека ќе започне постапка за реконструкција на магистралниот пат А3 на делницата од Кочани до Делчево, за што претходно треба да се добие стручна оценка за влијанието врз животната средина и да се изготви технички проект.

Според образложението, главна причина поради која треба да се реализираат планираните градежни активности е што постоечката сообраќајна делница во моментот не ги задоволува барањата за брза и безбедна конекција на локалното население, како и на другите учесници во сообраќајот.

Оштетувања од голем обем се забележани на овој дел од патот, вклучувајќи остри мрежести пукнатини, надолжни и попречни пукнатини како и многу дупки.

Реконструкцијата на патот се планира да биде поделена на два подделници, при што првата е од месноста Превалец до браната Калиманци, со должина од 14,5 километри, а втората е од Македонска Каменица до почетокот на рехабилитираниот дел пред Делчево, со должина од 15,5 километри.

Според проектот ќе се напарви целосна реконструкција на коловозот, без завземање на ново земјиште. Притоа, постоечкиот пат ќе се санира во три нивоа: јакнење на коловозната конструкција за задоволување на бараната носивост и изградба на долен и горен слој.

Во Основниот проект ќе бидат проектирани и дополнителни сообраќајни објекти како потпорни ѕидови и заштита од лизгање на земјиштето, ерозија, како и замена на хидроизолацијата за мостовски конструкции. Мостовите на реката Брегалница по должина на трасата исто така ќе бидат опфатени во проектот за рехабилитација.

За изработка на техничката документација за реконструкција на делницата во ЈП за државни патишта планира да се потрошат околу 27 милиони денари, а крајниот рок за нејзино завршување е до август идната година.

Финансирањето на целиот проект пак, се планира да се да се обезбеди со средства од меѓународни финансиски институции, односно со кредит од Светска Банка, според чии барања треба да се подготви и Извештај за процена за влијанието врз животната средина и за социјалните аспекти од реконструкцијата на патот.

http://kanal8.mk/index.php/mk/3387-ke-se-poprava-patot-kon-delcevo
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1108 Posted: 04-Oct-2015 at 13:29
Letovo go vozevme patot od Strumica kon Berovo. Patot PLACE za rekonstrukcija ako nisto drugo barem na nekoj kriticni mesta i udarni dupki. Na moe ogromno iznenaduvanje vecerta koga se vrakavme ne od Berovo kon Strumica vo sportiven pravec pominaa poveke od 10 sleprei so turka registracija. Pojma nema od kade doagaa i kade odat no toa me navede na pomisla deka ovoj pat moze da ima pokraj turisticka i industrisla eksploatacija taka da veruvam vo brzo vreme ke dojde na dneven red da se napravi nesto slicno kako so patot Strumica Valandovo.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1109 Posted: 13-Oct-2015 at 11:48
Приодот кон Езеро Младост за годинава остана најава



На почетокот од годинава, ЈП за државни патишта најави дека езерото Младост ќе биде поврзано со автопатот Велес - Скопје. И тоа до почетокот на туристичката сезона. Но надежите на туристички работници дека дел од гостите кои минуваат покрај Велес, ќе останат покрај езерото летово пропаднаа. Ниту започна ниту се гради приодниот пат до него. Од ЈП за државни патишта објаснија зошто работите не започнаа иако беа најавени

Од страна на ЈП за државни патишта изработена е техничката документација за трајна измена на режим на сообраќај за приклучок од автопатската делница Велес-Скопје до локалниот пат до езерото Младост. Истата е во постапка на добивање на одобрение - изјавија од ЈП. Според најавите од почетокот на годинава, освен што ќе беше изграден приоден пат, требаше да се асфалтира и приодниот од патниот правец на автопатот Скопје - Велес. Во месец март, беше најавено дека наскоро ќе започнат работите и до почетокот на сезоната да бидат завршени.

На овој начин ќе беше премостен недостатокот на врска од автопатот кон езерото, кое е на дофат на илјадниците туристи, но не е достапно. Туристите не можеа да го посетат, оти немаше приклучок, можеа само да го видат и да продолжат кон граница. Така само ќе минеа покрај него а со тоа и можноста за дополнителен економски ќар и за хотелиерите покрај езерото, но и за државата

Изградба на приоден пат   беше реакција од повеќе субјекти,жителите од Месните заедници Сујаклари, Мамутчево,Новачани, Отовица, како и од Регионалната Про Кредит Академија, Хотелот Романтик, мотелот На Велешко, Бродот Панини, сопствениците на насадите со лозја М-шест и Шапо сопот, кои тоа писмено го бараа од Министерството за транспорт и од ЈП за државни патишта.

Во тек е изработка на техничко решение за трајна измена на режим на сообраќај за приклучок од автопатот Велес - Скопје со локалниот пат до езерото Младост. Во завршна фаза е изработката на проектната документација и подготовката за отпочнување на градежните работи. Очекуваме градежните активности да завршат во првата половина на оваа година - изјавија пред половина година од ЈП за државни патишта.

извор
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1110 Posted: 14-Oct-2015 at 23:52
Распишан тендер за изградба на патот Кочани-Делчево во должина од 30км

Распишан е тендер за изградба на патот Кочани-Делчево, во должина од 30 километри. Во изградбата на патот ќе бидат вложени 10 милиони евра, а градежните работи ќе почнат кон крајот на годината, информира министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при денешната посета на Кочани.

Мисајловски и директорот на Агенцијата за државни патишта Александар Стојановски извршија увид на градежните работи и на асфалтирањето на клучката на влезот во Кочани од Подлошка раскрсница до хотел „Национал“ во градот.

Министерот Мисајловски истакна дека во првата половина на следната година ќе започне изградбата на патните делници од Штип до Радовиш и од Штип до Кочани. - До крајот на годината очекувам да заврши постапката за распишување на тендерот за градба и во првата половина од 2016 година ќе започнеме со градба, рече министерот Мисајловски и додаде оти се гради и делницата Велес-Кадрифаково, автопатот Миладиновци - Штип.

Во тек се и активности за обнова и асфалтирање на делницата од влезот во Кочани во должина од 1.200 метри во вкупна вредност од 8,5 милиони денари. Работите ги изведува „Македонија пат“.

Градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски за наредната година најави реконструкција и асфалтирање на патниот правец од Кочани до Пониква.

Одговарајќи на новинарско прашање Стојановски информира дека во кочанско-виничкиот регион целосно се осветлени клучките кај Оризари и за влез во Виница од магистралниот пат Кочани- Делчево.

- Останува да се осветлки клучката кај Кочани кон Зрновци. Договорот е потпишан со изведувачот и очекуваме да се пристапи кон осветлување и на оваа клучка, рече Стојановски

http://grid.mk/read/news/511121705/10594148/raspishan-tender-za-izgradba-na-patot-kochani-delchevo-vo-dolzhina-od-30km
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 509
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1111 Posted: 16-Oct-2015 at 12:42
Гледано со оваа година и 2 претходни , во 2016 се очекува многу по голем обем на работа , ќе има рекордно градење на нови автопатски делници а исто така и реконструкција и обнова на постоечките ,и тоа ќе се работи буквално низ цела држава ,а со вакво континуирано градење и обнова на постоечки почна некаде 2013 година и ќе пролжи и во наредните, се додека не добиеме комплетно ново лице на македонските патишта, искрено мило ми е што на оваа влада им текна да обрнат поголемо внимание во инфраструктурата и да се вложува многу повеќе од колку што беше во претходните години ,и со другата влада каде што знаеме дека ама баш ништо не направи во овој дел , 1 километар нов асвалт не смениа а не па да изградат комплетно нов автопат,некој можеби ќе ме критикува ама тоа што е така е така и тоа е суровата реалност и мислам дека не треба да бегаме од тоа , а знаеме дека до пред неколку години имаше патишта кој што не беа чепнати уште од време на СФРЈ,и ако поранешната влада кога беше на власт почна да гради во тоа време и да пружи поголемо внимание за изградба и сега оваа влада да си продолжеше со исто темпо сега верувам дека немаше да бидеме вака назад и малце заостанати за разлика од другите држави , а сега таа слика комплетно се менува ,сведоци сме што моментално се гради и што допрва ќе почни така да ... мада тоа требаше да почне уште пред едно 5 години но ете поради некој икс причини не се случи нешто такво , но добро сепак убаво е што се гради и што се работи ,искрено верувајте ми имаме министер за транспорт и врски кој што има визија македонија да добие и да има модерни,опремени патишта какви што заслужува секој граѓанин на ова држава и се надевам дека тоа ќе се оствари ,имам само една забелешка за оваа влада каде што наместо финансии да се вложуваат во патишта владата ги дава на некој си тркала и бродови низ вардар што нема логика , тоа им е многу голема грешка и баш ми е криво што тие пари одат за такви непотребни работи не сакам да изгледам дека мешам политика ама мислам повеќето ќе се сложат со мене и ако некаде грешам исправете ме ...

Edited by WolfLeader - 16-Oct-2015 at 12:43
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 74
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #1112 Posted: 16-Oct-2015 at 20:44
Точен си освен што не си спомнал или си заборавил да спомнеш за скандалите со автопатските делници за кои веќе се водат меѓународни истраги а има и луѓе во притвор.Во поглед на рекунструкцијата на магистрални патишта според сите европски закони и стандарди ,,експресен,, пат е пат со две ленти за возење во секој правец со иста широчина и двојна неиспрекината линија на средина или физичко разграничување.Според тоа Велес - Кадрифаково и магистралите за кои е најавено дека ќе има реконструкција Штип - Кочани и Куманово - Деве Баир не спаѓаат во групата експресни патишта.Покрај тоа постои и полемики и дебати за форматот односно две брзи ленти за возење и ленти за бавно возење кои се широки 2 метри, односно автобус или камион не би можел да се движи со целата своја широчина во ваква лента што пак доведува до намалување на безбедноста.Кога веќе се реконструира од 7 на 11 метри широчина, зошто не се идеше на 12 метри и да се добијат целосни 2x2 ленти односно класичен експресен пат по европски стандарди во кој безбедноста ќе беше поголема. Некои ќе кажат подобро и ваков формат отколку до сега, се согласувам во голем дел меѓутоа кога веќе нешто се прави требе истото и квалитетно да се направи т.е сработи...Искрено барем според мене постот не е целосн објективен затоа што за ваквата ситуација денес не е виновна само предходната влада,, која пак ги изгради делниците Тетово-Гостивар и Градско-Демир Капија туку и ,,моменталната влада'' за која требаше да поминат добри7-8 години за да се сетат дека инфраструктурата е во катастрофална ситуација...За нас граѓаните најбитно е да добиеме инфраструктура која ќе биде пристојна и многу подобра од сегашната и увид во трошењето на нашите пари...


Edited by Vasilij - 16-Oct-2015 at 20:49
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1113 Posted: 16-Oct-2015 at 20:53
Тракалата, бродовите и вртелешките можи да ги спречат само подржувачите на оваа влада и пастирот, а никако противниците.

само тогаш пастирот ќе свати дека е тоа грешка
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 509
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1114 Posted: 16-Oct-2015 at 22:32
Originally posted by Vasilij


Точен си освен што не си спомнал или си заборавил да спомнеш за скандалите со автопатските делници за кои веќе се водат меѓународни истраги а има и луѓе во притвор.Во поглед на рекунструкцијата на магистрални патишта според сите европски закони и стандарди ,,експресен,, пат е пат со две ленти за возење во секој правец со иста широчина и двојна неиспрекината линија на средина или физичко разграничување.Според тоа Велес - Кадрифаково и магистралите за кои е најавено дека ќе има реконструкција Штип - Кочани и Куманово - Деве Баир не спаѓаат во групата експресни патишта.Покрај тоа постои и полемики и дебати за форматот односно две брзи ленти за возење и ленти за бавно возење кои се широки 2 метри, односно автобус или камион не би можел да се движи со целата своја широчина во ваква лента што пак доведува до намалување на безбедноста.Кога веќе се реконструира од 7 на 11 метри широчина, зошто не се идеше на 12 метри и да се добијат целосни 2x2 ленти односно класичен експресен пат по европски стандарди во кој безбедноста ќе беше поголема. Некои ќе кажат подобро и ваков формат отколку до сега, се согласувам во голем дел меѓутоа кога веќе нешто се прави требе истото и квалитетно да се направи т.е сработи...Искрено барем според мене постот не е целосн објективен затоа што за ваквата ситуација денес не е виновна само предходната влада,, која пак ги изгради делниците Тетово-Гостивар и Градско-Демир Капија туку и ,,моменталната влада'' за која требаше да поминат добри7-8 години за да се сетат дека инфраструктурата е во катастрофална ситуација...За нас граѓаните најбитно е да добиеме инфраструктура која ќе биде пристојна и многу подобра од сегашната и увид во трошењето на нашите пари...

Океј за тие малверзации не сум баш запознаен и нема да навлегувам во нешто што не сум сигурен а да коментирам без врска стварно не доаѓа во обзир ,иначе такви скандали има колку што ти душа сака и низ бугарија , низ босна еве сега моментално некоја словенска фирма направила некакви глупости со парите па им откажале проект и што уште не, така да како и да гледаш низ секоја држава се случуваат такви работи кога се работи за големи суми на пари ,верувам дека тоа не е само кај нас , Да нормално кога веќе нешто се прави треба да се направи да биде квалитетно потполно се согласувам ,да таа влада можеби ги изгради тие неколку делници што на прсти се бројат , и не направи кој знае што ,во патната инфраструктура од 2006 година до сега изградени, реконструирани и рехабилитирани се повеќе од 1.000 километри патишта. Како никогаш досега, во моментов се градат околу 150 километри нова автопатска мрежа , а од 2016 ќе почнат и уште да се прават , еве кажими кога во нашата држава се инвестирало толку многу и се градело истовремено ,патна , железничка и воздухопловна мрежа , никогаш ама никогаш , Една милијарда и 300 милиони евра е вкупната инвестиција во патната и железничката инфраструктура , е сега единствено е тоа што сите овие работи се одвиваат споро или пак се касно почнати , и да како што и јас кажав единствена лоша мана е што на владава и текна многу касно да се инвестира во инфраструктурата од тоа нема бегање и нема изговор , тоа е факт , но како и да гледаш моментално сега и порано има голема разлика , така да тоа е тоа , да се надеваме на уште по добро времиња.Јас верувам ако се ова што е сега ветено да се исполни граѓаните ќе добијат модерна и убава инфраструктура.А таа влада буквално нас како граѓани не ни остави ама ништо посебно што можеме да бидеме благодарни барем според мене , сега нормално нивните подржувачи ќе речат еј не е така но тоа е што е се ни е на слика гледаме сите и знаеме како било и како ќе биде,јас сум секогаш реален и не бегам од вистината кажувам тоа што е така не измислувам ништо ако некој мисле дека сум грешка слободно нека ме исправи , мислам дека се разбираме ..А ако таа влада тогаш оставеше нешто убаво јас со цело срце ќе кажев браво за тоа и алав да им е што го направиле , но за жал што и да кажеш е сувишно ,Каде се железниците низ државата да ги реновирале , па железничките страв ти е да влезеш во нив кровот ќе ти падне врз глава ,а сега еве се поправаат сите низ државата ,каде беше реновирање на аеродромот ,и да и срамота е да се каже дека една влада што владеела 6 години (од 2001 па до 2006) успеале да изгради 2 автопати ,а каде се сали , стадиони , аеродроми , железници , да не набројувам уште што не ,мислам дека е понижувачки срамота и греота да се каже дека во тоа време биле на власт ,али тоа е биче боље да се надеваме )

Edited by WolfLeader - 16-Oct-2015 at 22:44
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 509
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1115 Posted: 16-Oct-2015 at 22:56
Originally posted by gjoko

Тракалата, бродовите и вртелешките можи да ги спречат само подржувачите на оваа влада и пастирот, а никако противниците.

само тогаш пастирот ќе свати дека е тоа грешка


А пази најако е што сите викаат а бе тркала, бродови ,глупости се тоа , а утре ги гледаш кога одат у скопје обавезно селфие прават на нив , тука е ударот
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1116 Posted: 16-Oct-2015 at 23:39
кај повеќето што го подржуваат проектот ск2014 е застапено мислењето дека овие работи се вишок, ама изгледа ги фаќа инатот што на другите све им смета. и што чини и што нечини
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 428
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #1117 Posted: 17-Oct-2015 at 00:07
Originally posted by Vasilij


Точен си освен што не си спомнал или си заборавил да спомнеш за скандалите со автопатските делници за кои веќе се водат меѓународни истраги а има и луѓе во притвор.Во поглед на рекунструкцијата на магистрални патишта според сите европски закони и стандарди ,,експресен,, пат е пат со две ленти за возење во секој правец со иста широчина и двојна неиспрекината линија на средина или физичко разграничување.Според тоа Велес - Кадрифаково и магистралите за кои е најавено дека ќе има реконструкција Штип - Кочани и Куманово - Деве Баир не спаѓаат во групата експресни патишта.Покрај тоа постои и полемики и дебати за форматот односно две брзи ленти за возење и ленти за бавно возење кои се широки 2 метри, односно автобус или камион не би можел да се движи со целата своја широчина во ваква лента што пак доведува до намалување на безбедноста.Кога веќе се реконструира од 7 на 11 метри широчина, зошто не се идеше на 12 метри и да се добијат целосни 2x2 ленти односно класичен експресен пат по европски стандарди во кој безбедноста ќе беше поголема. Некои ќе кажат подобро и ваков формат отколку до сега, се согласувам во голем дел меѓутоа кога веќе нешто се прави требе истото и квалитетно да се направи т.е сработи...Искрено барем според мене постот не е целосн објективен затоа што за ваквата ситуација денес не е виновна само предходната влада,, која пак ги изгради делниците Тетово-Гостивар и Градско-Демир Капија туку и ,,моменталната влада'' за која требаше да поминат добри7-8 години за да се сетат дека инфраструктурата е во катастрофална ситуација...За нас граѓаните најбитно е да добиеме инфраструктура која ќе биде пристојна и многу подобра од сегашната и увид во трошењето на нашите пари...


Јас комплетно те разбираш што сакаш да кажем, но ти треба да сфатиш дека нема сиромашен политичар, туку сите се екстремно богати. Политиката е најслатка професија на лесен начин со народни пари да станеш богат и да имаш огромни привилегии и бенефиции. Затоа и таа крволочна битка кој да дојде на власт.

Нема политичар што не крадел и што нема да краде, што не земал провизии и што нема да зема провизии и тенедери. Во Македонија за 20 години ниту еден политичар не падна за криминал и корупција што доволно кажува колку си го штитат газот едните на другите.

Разликата е тоа што сите сме свесни дека оваа гарнитура пере големи пари преку се, но барем народните пари ги гледаш преку многу проекти коишто се реализирани или се реализираат. Порано парите не ги гледавме никаде.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1118 Posted: 21-Oct-2015 at 02:04
Ќе се изготвува проект за патот од Крива Паланка до Деве Баир

Јавното претпријатие за државни патишта допрва ќе ја оформува проектната документација за реконструкција и надградба на патната делница од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. За изготвување на проектот за овој сегмент од патниот Коридор 8 ќе бидат неопходни 15 месеци. Јавното претпријатие денеска го распиша огласот за пронаоѓање проектантско биро што ќе ја изработи документацијата, која е со проценета вредност од 22.880.000 денари, односно околу 370.000 евра без вклучен ДДВ. Заинтересираните субјекти треба да ги достават своите понуди за учество на огласот најдоцна до 9 декември.

Наместо автопатска делница, делницата од Крива Паланка кон границата со Бугарија ќе се доведе единствено на ниво на експресен пат. За овој патен правец, кој минува низ сложен планински предел, допрва ќе се трага по финансиски средства од меѓународни институции. Пред неколку дена, македонските власти потпишаа договор со Светска банка за заем од 83 милиони евра, средства наменети за изградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.

http://www.build.mk/?p=46823
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12098
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1119 Posted: 23-Oct-2015 at 18:10
Некаде пред Стража (на патот Гостивар-Кичево)















фото: HoverProduction (фејсбук)
За сè има вторпат
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1103
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #1120 Posted: 01-Nov-2015 at 15:00
‘Реконструкција‘ на делот Ново Село - Струмица.Ама само 2 километри.Од планираните дури 10.Кои не се ни пола од километражата меѓу НС и Ср.Оти проектот бил повеќегодишен

НОВ СЛОЈ АСФАЛТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПАТ КОН ГРАНИЦАТА СО БУГАРИЈА



Почнаа градежните работи за надградба на регионалниот пат Струмица - Ново Село - граница Бугарија. Директорот на ЈП за државни патишта, Александар Стојанов, и градоначалникот на општината Ново Село, Блажо Велков, направија увид во градежните работи на делницата што минува низ ова населено место.Меѓународниот пат се надградува во должина од два километра, во населеното место Ново Село, каде што беше најмногу и уништен, а инвестицијата во вредност од 15 милиони денари е од ЈП за државни патишта.
Активностите за надградба на овој пат почнаа минатата година, а проектот е повеќегодишен и треба да се реконструира во должина од 10 километри, со средства од Програмата за одржување на патишта на Владата на РМ. Вкупно ќе бидат инвестирани околу 60 милиони денари за неколку години за надградба на овој пат.      
       
Автор: С.Џ.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=103015196342&id=9&prilog=0&setIzdanie=23602

Edited by Тркало - 01-Nov-2015 at 15:01
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5455565758 68>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.233 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.