build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5657585960 68>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #1141 Posted: 07-Jan-2016 at 20:18
а твитерџиите се такви незнајковци, косата ми се крева од нив, одамна од таму избегав
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1142 Posted: 10-Jan-2016 at 16:13
2016-Година на капитални инвестиции

Македонија / недела, 10 јануари 2016, 15:45

.




    








.


Градежниците годинава со полни раце работа. Во буџетот е предвидена рекордна сума пари за капитални инвестиции, 408 милиони евра, што претставува за 12,9 проценти повеќе средства од лани, пишува Лидер.

kapitalni-investicii

Интензивно ќе се вложува и ќе се работи на автопатското поврзување на земјава, со 42 милиона евра се очекува целосно да заврши изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица и Коридорот 10 да се комплетира на ниво на автопат. Ќе се инвестира во железницата, во гасификацијата на земјава, во изградба на друга патна инфраструктура, со што земјава ќе ја зајакне својата конкурентност, ќе се обезбеди раст и развој.

-Капиталните инвестиции претставуваат развојна компонента на буџетот и преку нив директно ќе се помогне за динамизирање на економската активност во 2016-та година. Инвестициите претставуваат значајни проекти во делот на патната инфраструктура, каде се планирани 250 милиони евра за патишта, за железничка инфраструктура, за енергетика, здравство, образование, за поддршка на општините, вели вицепремиерот Ставрески.





Во Министерството за финансии очекуваат градежништвото годинава да остварка стапка на раст од 5,6 проценти на реална основа, токму како резултат на реализацијата на планираните крупни инфраструктурни проекти, но и инвестициите во слободните и во индустриските зони, бидејќи ќе биде ангажирана домашната градежна оператива.

-За бизнис- заедницата е значаен развојниот сегмент, пред сè реализацијата на капиталните инвестиции, изградбата на автопатите, на регионални и локални патни правци, модернизацијата на железничкиот транспорт, инфраструктурното средување на слободните економски зони за привлекување нови инвеститори, објаснува претседателката на ССК, Данела Арсовска.

Нови и модерни патишта – приоритет за годинава

Годинава ќе се вложи рекордна сума пари за подобрување на патната инфраструктура. Продолжува работата на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, проекти од огромно значење за земјава. Преку првиот, главниот град се поврзува со економскиот центар на истокот, преку вториот проект конечно се реализира автопатско поврзување со најголемиот туристички центар во земјава. Автопатите се градат со кинески пари.

Миладиновци – Штип треба да биде готов до септември 2017-та година, а со него од Скопје до Штип ќе се стигнува за половина час. Инвестицијата е вредна 204 милиони евра.

Нешто подоцна треба да се заврши и делницата Кичево – Охрид, проект вреден 375 милиони евра, најголема инвестиција во патната инфраструктура во последните 50 години.

-Планот е до крајот на годинава дел од автопатот да биде завршен. 18 километри ќе бидат пуштени во употреба, а останатиот дел ќе заврши во предвидениот рок од четири години, вели премиерот Никола Груевски.

Македонија годинава треба целосно да го комлетира Коридорот 10 на ниво на автопат. Градежните работи на Демир Капија – Смоквица треба да завршат до септември, со што целосно ќе се затвори инвестицијата од 270 милиони евра.

Автопати, регионални и експресни патишта на агендата

Освен изградбата на новите, се вложува и во рехабилитација на постојната автопатска мрежа.

-Годинава активно ќе се работи на 24 регионални патишта и на седум автопати со вкупна должина од околу 600 километри. Ова досега се нема случено во Република Македонија, истовремено да се работни на толку голема патна мрежа, вели министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Во првиот квартал од годинава почнува изградбата на експресниот пат од Штип до Кочани, проект вреден 53 милиони евра. 28 километарската делница ќе биде со четири ленти и значително треба да ја подобри безбедноста во сообраќајот. Во исто време треба да почне и изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш, проект вреден 64 милиони евра, финансиран од ЕБОР. Владата се избори за исклучително поволни услови за заемот, со кој значително ќе се подобри транспортната мрежа во овој дел на Македонија.

-Досега вкупните средства кои ги даваме во форма на заеми за транспортната мрежа изнесуваат приближно 660 милиони евра. Оваа импресивна бројка е резултат на одличниот однос којшто го имаме со Владата, вели директорката за транспорт при ЕБОР, Сју Барет.

-На агендата на Владата е интензивна изградба на регионални патишта. ЕБОР ја поддржува и изградбата на патот од Раец до Дреново, Охрид – Пештани и Требеништа – Струга. Соработуваме и во делот на железничката инфраструктура, за изградбата на пругата кон Бугарија, а очекуваме и поддршка во енергетскиот сектор. Со крупните транспортни проекти се подобрува конкурентноста на македонската економија, вели првиот финансиер Ставрески.
http://denesen.mk/web/?p=391763
Back to Top
Antonov View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 10-Jan-2016
Online Status: Offline
Posts: 72
  Quote Antonov Quote  Post ReplyReply #1143 Posted: 11-Jan-2016 at 00:01
Има некој информации за патот Отешево - Трпејца преку Галичица? Дали е прооден? Каква е состојбата? кога е граден? Каде можам да најдам фотки?
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1144 Posted: 11-Jan-2016 at 00:08
Originally posted by Antonov

Има некој информации за патот Отешево - Трпејца преку Галичица? Дали е прооден? Каква е состојбата? кога е граден? Каде можам да најдам фотки?


Незнам каква е сега состојбата поради времето. Но оваа лето го возевме и можам да кажам дека од страната на Охрид патот е добар нема многу дупки и не е многу оштетен. Од страна на Ресен состојбата е полоша но со малку повеќе внимание се вози не е проблем. Јас искрено очекував овој пат да биде многу полош.
Back to Top
krisp View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 25-Feb-2014
Location: Ресен
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote krisp Quote  Post ReplyReply #1145 Posted: 11-Jan-2016 at 17:44
Originally posted by kultuzin

Originally posted by Antonov

Има некој информации за патот Отешево - Трпејца преку Галичица? Дали е прооден? Каква е состојбата? кога е граден? Каде можам да најдам фотки?


Незнам каква е сега состојбата поради времето. Но оваа лето го возевме и можам да кажам дека од страната на Охрид патот е добар нема многу дупки и не е многу оштетен. Од страна на Ресен состојбата е полоша но со малку повеќе внимание се вози не е проблем. Јас искрено очекував овој пат да биде многу полош.


Моментално од Ресен се гледа снег на галичица. Најверојатно има мала подлога снег на патот бидејки никогаш не го чистат.И како дополнителна информација се плаќа 50ден од човек при влез/излез од охридската страна.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 512
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1146 Posted: 18-Jan-2016 at 02:18
http://www.unikalno.net/gledajte-kak-se-pravyat-patishta-v-holandiya-ami-tochno-kakto-i-v-balgariya-az-razlika-ne-vizhdam-video/ Чисто онака само да видите како се прават патишта во Холандија , асвалтот спие рамен е како на хартија да а правено Иначе тоа црвениот материјал што е знае ли некој по упатен ?
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1103
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #1147 Posted: 18-Jan-2016 at 10:22
Originally posted by Antonov

Има некој информации за патот Отешево - Трпејца преку Галичица? Дали е прооден? Каква е состојбата? кога е граден? Каде можам да најдам фотки?


Асфалтот на добар дел е доста зачуван, посебно од некој километар пред локалитетот Корита до пред спуштањето кон Отешево.Делот од Трпејца кон Корита и пред Отешево е со дупки и чести одрони поради неодржување.

Патот е тесен и тешко е две поголеми возила да се разминат и полн со нагли кривини за да ја пробијат висината, ама право уживање е возењето по него, без разлика дали лето или зима.




Патот веројатно е непрооден (како и години наназад во зимски период), бидејќи господата од Македонија Пат (зборувам за раководители и директори, не на возачите) се прогласиле ненадлежни за чистење на тој пат, по основа цитирам:

‘‘Од Македонија пат објаснуваат дека не постојат технички услови за одржување на овој патен правец, а според надлежните нема ниту економска оправданост за тоа, затоа што *на Галичица не постоле туристички содржини кои масовно се користат*‘‘ .
http://www.ohridnews.com/vesti/29257

За среќа во лето имаме hiking тури, планински велосипедизам, параглајдерство, па и не е страшно.А во зима дел од овие редовни посетители скоро секојдневно одат до врвот Магаро или нешто подолу, на пешачење, скијање (или комбинација од двете).
https://www.youtube.com/watch?v=W7GanJWwhZA



Во почетните минути и патот во зима
https://www.youtube.com/watch?v=KArK2BxjA9Y


Edited by Тркало - 18-Jan-2016 at 10:41
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1148 Posted: 02-Feb-2016 at 16:51
Клучката меѓу патот за ПОдареш и Штип/Радовиш. Преземена е од фејсбук профилот на Сашко Николов, градоначалник на Општина Радовиш.

За сè има вторпат
Back to Top
goranmitev View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 29-Jan-2015
Online Status: Offline
Posts: 10
  Quote goranmitev Quote  Post ReplyReply #1149 Posted: 02-Feb-2016 at 20:04
Според мене, подобро решение за оваа клучка би бил еден кружен тек, како во повеќето западноевропски држави.

Инаку, не знам дали е спомнато до сега, од оваа клучка (село Калуѓерица) до селото Подареш е започната изградбата на нов пат од 4 километри.

http://radovis.gov.mk/portfolio_page/%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%B5%D1%88-%D0%BA/


Edited by goranmitev - 02-Feb-2016 at 20:05
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1150 Posted: 10-Feb-2016 at 08:10
Доаѓа светло за темните тунели на македонските патишта

Тунелите долж македонските патишта ќе бидат реконструирани и осветлени. Јавното претпријатие за државни патишта денеска објави оглас за пронаоѓање на компанија што ќе изврши нивна санација, соодветно обележување и поставување на нова сигнализација. Зафатот подразбира безбедносно средување на тунелите со комплетна промена на осветлувањето, белење на ѕидовите и обележување со флуоресцентни бои. Тунелите треба да се осветлат на самиот влез и излез. Проценетата вредност на проектот изнесува 380.000 евра.

Целосно средување на тунелите на македонските патишта беше најавено уште од септември 2012 година, но до денешен ден единствено се реконструирани тунелите на автопатот помеѓу Скопје и Велес. Според податоците од Бирото за јавни набавки, времетраењето на претстојниот договор со најповолниот понудувач ќе изнесува 36 месеци. Компаниите заинтересирани за учество на тендерот треба да ги поднесат своите понуди најдоцна до 4 март.

http://www.build.mk/?p=48478
За сè има вторпат
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 512
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1151 Posted: 25-Feb-2016 at 23:21
Убави вести пристигнаа денеска.Иако беше најавено за во 2017 година , сепак денеска и официјално се објави дека Јавното претпријатие за државни патишта објави тендер и ќе трае до 29 март годинава за реконструкција на делницата Неготино - Деми Карпија во должина од 10 километри и се предвидува да се започне со работа летото.Инвестицијата за овој проект е околу 8 милиони евра.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1152 Posted: 25-Feb-2016 at 23:37
Sepak cudno deka ke se restavrira 18 meseci. Malku mnogu za 10 km rekonstrukcija. No ajde barem neka go napravat uzas bese delnicata.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 512
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1153 Posted: 20-Mar-2016 at 15:30
Од Понеделник 21.03. 2016 ќе биде воведена времена измена на режим на сообраќај на делницата Катланово – Велес заради изведување на градежни работи, осветлување на тунелите Солиште и Бел Камен. Сообраќајот ќе се одвива наизменично по една коловозна лента за што е поставена соодветна сигнализација. Само некој по упатен тунел Солиште е тој од Скопје накај Велес , а овој Бел камен кој е ?
Back to Top
цилаков View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote цилаков Quote  Post ReplyReply #1154 Posted: 20-Mar-2016 at 18:18
тоа се двата мали тунели пред Велес
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 512
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1155 Posted: 21-Mar-2016 at 15:37
Така и мислев дека се тиа двата
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 512
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1156 Posted: 22-Mar-2016 at 14:43
На патниот правец А1 автопат Велес – Скопје пред наплатната станица Отовица ќе се извршуваат градежни работи на пат – изградба на краци за приклучување и исклучување на автопатот. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и се препорачува крајно внимателно управување со возилата, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1157 Posted: 08-Apr-2016 at 18:09
Ќе се гради комплетна инфраструктура на седум улици во златен рид (Битола)

Преку Меѓународен тендер финансиран од Светска банка, избран е најповолниот понудувач кој ќе изврши изградба на 7 улици во поранешната касарна. Вкупната должина на улиците кои ќе се изградат со овој проект изнесува 2км и 800 метри. Денес, општина Битола потпиша договор со најповолниот понудувач односно изведувачот ГП Гранит.
„Старата касарна или Златен рид е еден од најзначајните наши проекти. Во изминатиов период таму општина Битола инвестираше и веќе големата инфраструктурна мрежа е скоро финализирана, но побаравме задолжување од Владата на Република Македонија, Светска банка, односно од Министерството за финансии. Задолжувањето е до 2,5 милиони евра. Имавме среќа во текот на тендерската постапка таа цена да се спушти. Постапката е завршена. Тендерот го доби ГП Гранит, а цената е над еден и пол милион евра и подразбира реализација на водоводна мрежа, атмосферска канализација, асфалтирање итн. Се работи за седум улици.

Од профилот на крадоначалнико

Edited by hcitrS - 08-Apr-2016 at 18:16
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 512
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1158 Posted: 14-Apr-2016 at 00:04
http://www.porta3.mk/infrastruktura/ Вреди да се прочита ...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1159 Posted: 22-Apr-2016 at 01:04
Новоизградениот мост кај Пишица, инвестиција вредна 21 милион денари. Фото: МИА

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1160 Posted: 06-May-2016 at 06:56
До крајот на годината ќе биде готов патот Битола-Ресен-Буково, најави Мисајловски

Со инвестиција од шест милиони евра ќе бидат реконструирани 27 километри од регионалниот патен правец Битола – Ресен – Буково, рече денес министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски при увидот на градежните работи.

Според него, се очекува првите седум километри да бидат завршени за еден месец до два и дел од патот Битола – Ресен да биде пуштен во употреба.

Паралелно се работи на патот од Ресен кон Битола со што ќе се исполнат моите очекувања до крајот на годината комплетни да бидат рехабилитирани и санирани овие 27 километри, рече Мисајловски.

За општините Битола и Ресен реконструкцијата на патот е од огромо значење бидејќи значително ќе ја подобри комуникацијата. Ќе се зголеми безбедноста и ќе придонесе за зголемување на туризмот во овој регион.

http://setaliste.com.mk/194483/
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5657585960 68>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.