build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5758596061 69>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #1161 Posted: 06-May-2016 at 08:48
kolku sto znam na toj pat pogolem problem e Ohrid Bukovo, dali tuka nesto ke se raboti?
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #1162 Posted: 06-May-2016 at 09:24
Не е планирано засега. А во што е проблемот со таа делница?
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 739
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1163 Posted: 29-May-2016 at 23:34
Не најдов посебна нишка за делницата Старо Нагоричане-Пелинце-ГП „Прохор Пчински“, па еве тука да го опишам моето денешно искуство.

Ова е мислам дека најлошата делница од македонските патишта некогаш што сум ја возел било со велосипеди, било со автомобил, а самиот факт дека со велосипед ми беше мака (и тоа со планински велосипед) да ја извозам делницава, ќе ви ја долови сликата за тоа каков е патот, иако за жал не успеав да сликнам. Овој асфалт не е сменет сигурно од кога е поставен, со големи и огромни дупки, реално нема мазен дел на делница од 20 км, иако патот води до меѓународен граничен премин и до еден од најважните музеи во Македонија, Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце.

Просто бев и сум се уште запрепастен
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 517
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1164 Posted: 30-May-2016 at 15:24
Никаде до сега не видов најава за реконструкција на тој пат , не сум го возел до сега ама од многу луѓе до сега ми рекле дека бил во катастрофална состојба , а и со ова што си го пишал можам да замислам каков е , незнам зошто сеуште никој не реагира за санирање ...
Back to Top
ja_licno View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 110
  Quote ja_licno Quote  Post ReplyReply #1165 Posted: 30-May-2016 at 22:19
Тој патен правец одамна плаче за реконструкција..Има мал дел кој беше саниран околу Пелинце тој дел мислам,али се на се во катастрофална состојба е.А и башка води кон граничен премин,иако не многу фрекфентен,ама сепак заслужува реконструкција.И поврзува многу села и убава природа.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 739
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1166 Posted: 30-May-2016 at 23:32
Обновениот дел за кој зборувап, завршува негде пред влезот на селото Старо Нагоричане, од каде започнува ужасот. И патот за Кокино не е во подобра положба, ама овој го „шие“ во секој поглед. Веќе реков, станува збор за пат кој води до граничен премин и до еден од најзначајните музеи во Македонија, а воедно и до манастирот „Св. Прохор Пчински“, кој нели се смета за темел на државава.

За преминот, исто така, не би сакал да коментирам.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1167 Posted: 05-Jun-2016 at 13:44
Патот за Свети Николе, кога се доаѓа откај Кадрифаково...









Ова веќе ми се чини е надвор од Свети Николе, кон блиските села (кон село Преод и другите села во близина)





По некое време патот се стеснува на само 3,5 метри. Асфалтот солиден, има и прописна нова вертикална сигнализација.











Ова е на враќање од Преод кон Свети Николе...





За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 739
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1168 Posted: 05-Jun-2016 at 21:50
Патот за наши услови, освен Трстеник-Преод, особено по новиот автопатот е лош, но севкупно гледано патувањето до Свети Николе од Скопје преку Горно Коњаре е задоволитен.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1169 Posted: 20-Jun-2016 at 11:37
Патот Ресен-Охрид се обновува во еден дел, а еден дел е веќе обновен и во одлична состојба. Неколку фотки...

Овде е 2+1, само што не е обележан со хоризонтална сигнализација, иако има табла што укажува на тоа:





Тука веќе мислам дека е 1+1:



Овде пак е 2+1 (се гледа на таблата):







Обележаниот дел (1+1):









За сè има вторпат
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 517
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1170 Posted: 20-Jun-2016 at 13:48
На ваквите делници само уште осветлување фали и ќе биде супер , добро е и вака ,но осветлување ако не на цела делница барем на некои места да биде осветлено, ќе изгледа многу по удобно и по безбедно посебно вака за ноќна вожња ,како и да е одлично сработено

Edited by WolfLeader - 20-Jun-2016 at 13:50
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1171 Posted: 20-Jun-2016 at 14:05
Нема странични столпчиња ти зборуваш за осветлување. Како и да е обележувањето на патиштата ни е на најмизерно можно ниво. Незнам зошто не се воведе пракса на вакви патишта да краевите да се обележани со полна линија, тоа многу го помага возењето особено во вечерните часови, а за звучни бели линии или топена пластика да не зборувам, кога уште се белажат патиштата со ваљак и некаква си боја како за белење ѕидови која излегува за помалку од месец дена. Според мене пат колку и да се добро направен ако не е квалитетно хоризонтално и вертикално обележан „тури му пепел„ што би се рекло.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 517
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1172 Posted: 21-Jun-2016 at 00:42
Тоа и сакав да го кажам , само не нагласив на странични столпчиња ,мора да биде пат обележан на било кој начин , и мора да се користи по квалитетен материјал , а не денеска фарбаат за 1 месец избледено е ништо не се познава , ваљда користат обичен поликолор штом толку брзо се губи ...Ако еден пат не е станично осветлен , хоризонтално и вертикално немаш никаква ориентација каде возиш , башка навечер или пак кога има магла линијата ти е единствено нешто по што треба да возиш .. Исто може и на нај фреквентните патишта да се постават ламбички на асвалтот , измеѓу секоја испрекината линија по една таква, тоа се ламбички кој што преку ден се полнат со сончева енергија а навечер светат , и се многу корисни и ефикасни , не се оштетуваат од газење на било какво возило , а се практикуваат во скоро секоја европска држава , ако најдам како се викаа ќе ги постирам.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1173 Posted: 21-Jun-2016 at 10:47
Пред две години возевме од Хрватска преку Унгарија према Романија. Прв пат во Унгарија и тоа ноќно време, патиштата не беа навистина како што треба но затоа беа добро обележани и тоа многу помогна. Дури мислам дека квалитетот на асфалтот е помалку битен отколку доброто обележување. А за Романија што да кажам тип топ сигнализација особено онаа вертикалната. Да не зборувам за звучни ленти пред секој пешачки во градовите, осветлени и обележани пешачки, звучни ленти кои обележуваат зони 30 или пак светилки вградени во асфалтот пред пешачки а ние уште со поликолор и рачно обележуваме патишта.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 517
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1174 Posted: 21-Jun-2016 at 13:05
А пази една Романија не помина гледано во инфраструктура , а пред да влезат во европа беа поголеми цигани и од нас нас ... ) Жално ама трагично
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #1175 Posted: 14-Jul-2016 at 20:02
Originally posted by Navigator

Не е планирано засега. А во што е проблемот со таа делница?


- Тесно, не знам дали е до 6 метри коловозот, негде и потесно.

- непрегледно, остри кривини, блага угорница во правец Ресен и обратно удолница и несвесно забрзување со остри изненадни кривини во правец кон Охрид (многу возачи оставаа лер на тој дел)

- непрегледно и поради бујната вегетација која Македонија Пат ја сечат еднаш пред почеток на летото и толку, некогаш и воопшто не

- не постојат или се во голема мера оштетени безбедносните мрежи над патот, пред неполн месец возило удри во огромна карпа на патот, една жртва

- слаба сигнализација, на дел од патот без хоризонтална, а на добар дел и страничните светлечки столпчиња и безбедносни браници фалат или оштетени се после сообраќајка, па необновени

- Редовна појава е превртен албански шлепер на пат кон Ќафасан или некое возило (пред 6-7 години имаше страшна ообраќајка баш меѓу таков шлепер и патничко возило; загинаа двајца локални диџеи одејќи на настап,а третиот едвај преживеа.Поради тесниот коловоз шлеперот со задната приколка ја потфатил колата во левата страна, па возилото излетало во провалија).

- во зима на секој поозбилен снег патот е во прекин или поради неодржување или поради блокирани тешки возила.Лично сум бил сведок како возачите на Македонија Пат од пунктот Буково велат немаме исправно возило, одите на сопствен ризик

За некој кој прв пат е на патот е навидум нормално патување, ама со низа изненадувања.
Единствена предност, ако така ја гледаме е асфалтот кој е баш одамна (според постари некаде 50-60 год. на минатиот век) ама квалитетно среден.

Ако налеташ на автобус или уште полошо камион/трактор на Охридски Комуналец, бидејќи депонијата е точно на Буково, ќе се завлечите колона едно 40 мин. 25 км. зад него со многу малку шанси за престигнување, доживљај ).

Edited by Тркало - 14-Jul-2016 at 20:05
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1176 Posted: 28-Jul-2016 at 12:06
Отворен реконструираниот пат за Ресен



Патниците кои се упатуваат кон Ресен од денес повторно можат да сообраќаат по веќе реновираната делница, чија реконструкција започна минатото лето. Знаците кои беа поставени на патот кај Лук Оил беа отстранети, така што оние кои што ги забележаа се движеа по реконструираниот пат, а дел незнаејќи дека патот е пуштен во употреба, се се упатуваа по стариот пат. Градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски, ја потврди веста дека од денес првата реконструирана делница на патот Битола-Ресен до клучката кај Ротино е ставена во употреба.



На другиот дел од патот по кој што се движат возилата, веќе се поставуваат знаци за предупредување, така што се очекува во наредиот период да се работи и на останататата делница од регионалниот пат Битола – Ресен.

До крајот на годинава се очекува да завршат активностите за обнова на регионалниот патен правец Битола – Ресен, најави при увидот на градежните работи на лице место во месец мај министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Станува збор за инвестиција во вредност од шест милиони евра со која ќе бидат реконструирани 27 километри од патниот правец Битола – Ресен.

http://www.pelanet.mk/bs/tekstovi.php?id=1894
За сè има вторпат
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1177 Posted: 28-Jul-2016 at 12:24



битолскиот немоит та ресенскиот да ги израдува битолчани требало и Талевски да го побараат за изјава, да објасни каде запнала работата та толку долго клепаа десет километри од трасата, а ако тераат со исто темпо каде е крајот, но натака треба да оди побрзо реконструкцијата бидејки имаат само еден надвозник кај Кажани, а изгледа до таму ќе ја крпат следната етапа за на таа клучка да се исклучуаат и вклучуваат возилата заобиколно, да видиме, Кажани некогаш била главната постојка за одмор на пат кон Битола саде кафани на сите страни, изгледа зато место расадник за џандари на времето, а сега имет само една селска фурна и еден куп домашно кравјо сирење, да имаат акал тука успат концесионерот на езерото да кренеше рибен ресторан на Шемница евентуално рибарница ...


Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1178 Posted: 29-Jul-2016 at 08:03




Edited by jyvation - 29-Jul-2016 at 08:03
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3833
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1179 Posted: 31-Jul-2016 at 23:10
Кичево-гостивар


Edited by my Macedonia - 31-Jul-2016 at 23:11
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 739
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1180 Posted: 01-Aug-2016 at 20:47
Лабаво правење на мостов веќе два месеци во екот на туристичката сезона, а не се ни до пола стигнати, просто без коментар сум

Кој чекал барем еднаш на семафорите знае за што зборувам.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5758596061 69>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.