build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6061626364>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1815
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1221 Posted: 01-Jun-2017 at 16:10
Не сум сигурен дали имаат конкретен план што најпрво и како ,но имаат крупна замисла за создавање на ново претпријатие кое би имало почетен буџет од 300 милиони евра и кое би работело на одржување и изградба на патиштата. Планот им е за 10тина години да се вложеле 3 милијарди евра во инфраструктура.
Еве еден извадок од Нова Македонија
„МАКЕДОНИЈА МЕГАЛОПОЛИС“ - ЗА 90 МИНУТИ ДО СИТЕ ГОЛЕМИ ГРАДОВИ
Нивото на инвестиции во инфраструктурата во Македонија беше ниско 10 год, и Македонија стана инфраструктурно заостаната земја, со рурални средини без основни животни услови, без системи за снабдување со вода, фекални и атмосферски канализации, се вели во програмата на новата влада. 

- Патиштата станаа опасни и небезбедни, (дури 39 отсто крајно небезбедни според ЕУ), а со огромно задоцнување, се градат само неколку делници. Затоа новата влада ќе се фокусира на изградба на инфраструктура што ќе значи иднина за македонската економија. Владата ќе ги носи одлуките за големите инвестиции во инфраструктурата транспарентно и низ консултации со граѓаните и релевантните експерти. Владата како свои цели ги поставува реализацијата на проектите: „Македонија мегалополис“, инфраструктурно поврзување меѓу најголемите центри за не повеќе од 90 минути, „Македонија без црни точки“ и „Македонија без кал“ - се вели во програмата. 

Се најавува и дека Владата, во согласност со законот од акцизата од горивата, регистрација на возила и наплата на патарини транспарентно ќе ги искористи финансиите за инвестиции и одржување во патната инфраструктура. Владата ќе формира компанија со доминантна државна сопственост (51 отсто) преку која ќе се реализираат инвестициите во инфраструктурни проекти и во обновливи извори на енергија. Почетната големина на компанијата ќе биде 300 милиони евра. 
Владата најавува и иницирање преговори за финансирање на три приоритетни инфраструктурни проекти преку иницијативата 16 земји од Европа плус Кина „тешка“ над 10 милијарди долари. 

- Владата ќе усвои план за инвестиции во патната инфраструктура од 3 милијарди евра во следните 10 години со што ќе го зголеми сегашниот финансиски недостиг за одржување на патиштата. Преку овие инвестиции, Владата ќе обезбеди изградба на 600 километри автопатишта и експресни патишта, 550 километри магистрални и регионални патишта и 1.000 километри локални патишта - се вели во програмата.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%A0%D0%B5%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8-%D0%B8%D0%BB%D0%B8-%D0%BD%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%B6%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%B5%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B0&id=cba20b4f-d9ef-4e48-aa7d-c6d458f04053
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1815
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1222 Posted: 01-Jun-2017 at 16:34
Ова го извадив од нивната изборна програма и се однесува само за патната инфраструктура, Богами ако успеат за 4 години бар пола од ова да направат верувам дека и наредните избори би ги добиле.

Во делот на патната инфраструктура ќе усвоиме план за инвестициите во патната инфраструк- тура во Република Македонија. Тој ќе значи инвестиции од 3 милијарди евра во следните 10 години. Уште во првите 2 години од мандатот ќе вложиме 600 милиони евра за изградба на патишта. Воедно, ќе ги зголемиме средствата за одржување на патиштата, по кои денес сме на дното во регионот со само 3.300 евра по километар. Потребните инвестиции во патниот сектор во вредност од 3 милјарди евра за 10 години, ќе обезбедат изградба на:
- 600 километри автопатишта и експресни патишта;
- 550 километри магистрални и регионални патишта;
- 1.000 километри локални патишта.
Ова се поважните делници, во нашиот план за развој, на патиштата во Република Македонија:
- Миладиновци – Штип (во изградба);
- Демир Капија – Смоквица (во изградба);
- Кичево – Охрид (во изградба);
- Скопје – Блаце (Граница со Косово);
- Велес – Прилеп – Битола – Меџитлија;
- Штип – Радовиш – Струмица (во прва фаза експресен пат);
- Струмица – Граница со Бугарија;
- Штип – Кочани; n Кочани – Виница – Делчево;
- Охрид – Пештани – Св.Наум;
 Завршување на Коридор 8;
- (западен дел) Гостивар - Кичево, Требеништа – Струга – Ќафасан;
- (источен дел) Романовце – Крива Паланка – Граница со Бугарија (прва фаза експресен пат);
- Рехабилитација на неколку патни правци на Коридор 8 и 10;
- Рехабилитација на автопат Миладиновци – Куманово;
- Рехабилитација на автопат Неготино – Демир Капија;
- Реконструкција на целата делница Охрид – Битола ;
- Реконструкција на Тетово- Гостивар

 Сите останати инфраструктурни проекти кои се од витално значење за граѓаните на Република Македонија се нотирани на крајот од оваа програма и се поделени по Изборни единици. Покрај инвестирањето во изградба на патишта, ќе инвестираме и во многу други проекти кои ќе придонесат за модернизација на патната инфраструктура:
- Ќе направиме истражување и санација на свлечиштата во Република Македонија;
- Ќе воведеме електронски патарини и нивно поместување на излезите на автопатите, сè со цел да се намали времето на патување и да се зголеми протокот на сообраќај;
- Ќе ги модернизираме автопатиштата, експресните, магистралните и регионалните патишта во Македонија со најсовремена сигнализација;
- Ќе поставиме Интелигентен транспортен систем (ИТС) што е управувачка, информатичка и комуникациска надградба на класичниот систем на сообраќај и транспорт, што постигнува значително подобрување на безбедноста и ефикасноста на сообраќајот на патници и стока, на удобноста и безбедноста на патниците и предизвикува намалување на загадувањето на животната средина. Ќе изработиме проектна документација за делниците за кои сè уште се нема изработено таква документација и ќе пристапиме кон реализација со приоритетните делници, а при тоа ќе внимаваме на рамномерна изградба и санација по плански региони во Република Македонија. Сите нови проблематични делници ќе ги нотираме и дополнително ќе ги вметнеме во 10-годишната стратегија за работа.

http://zazivot.mk/wp-content/uploads/2016/11/Plan_za_zivot_vo_Makedonija.pdf
страна 74 и 75



Edited by daci92 - 01-Jun-2017 at 16:35
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 455
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1223 Posted: 01-Jun-2017 at 17:40

Пола од точкиве се во изградба или завршени, така да ќе треба малце повеќе од пола за да речеме браво.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1224 Posted: 01-Jun-2017 at 17:46
- Штип – Радовиш – Струмица (во прва фаза експресен пат);
- Струмица – Граница со Бугарија

Ova od 2011 go zborat, a na teren nema nitu edno kamce pomesteno.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8843
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1225 Posted: 01-Jun-2017 at 18:25
Јас би се посветил пред се на Скопје-Блаце од нови траси.

Евентуално би се обидел да почнам со реализација на Гостивар-Кичево.

Можеби се наметнува како побитно прашање темелна реконструкција на постоечките делници кои ги сметаме за автопат а или не се тоа или се многу оштетени.

Минатата влада отпочна доста проекти на таа тема, за жал доста доцна во целото нивно владеење.

Би ги разгледал надградба на Тетово-Гостивар во вистинско автопатско решение и на трасата Катланово-Велес.

Секако довршување на се што е веќе почнато.




Edited by pbanks - 01-Jun-2017 at 18:26
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1226 Posted: 02-Jun-2017 at 12:34
На коридор 10 комплетна реконструкција , на делови кај што не е со 3 ленти да се доизгради на ниво на автопат, проширување на наплатните станици да се избегнува гужвата , исто така модернизација на сигнализацијата долж целиот коридор со поставување на електронски табли за известување на состојбата на самиот автопат,поставување камери и радари за мерење на сообраќајот,проток на возила кој што поминале,исто и брзината да се мери со радари, казни за сите оние кој што ќе летаат со 200 туку ќе се вози со 120,осветлување на целиот автопат во неколку етапи ако не наеднаш, не само на клучките што е лоша пракса до сега,изградба на барем 1 или 2 модерно место за одмор/пауза , со WC,паркинг за камиони,автобуси и коли.Исто ова што го набројав да се направи и на коридор 8 , се ова е изводливо и може да се постигне , е тогаш кога ќе го добиеме ова може да зборуваме за модерни ,сигурни и убави автопатишта.Нормално тука да не се заостават и експресните ,магистралите и регионалните патишта.На некој од градовите да се направат обиколници каде што товарни камиони нема да влегуваат во градовите и да ги оштетуваат општинските патишта туку би го заобиколил градот.Модернизација , проширување и доградба на постоечките гранични премини , осебено ,Табановце,Богородица,Меџитлија,Деве баир.Кога веќе зборуваме за изградба на нови патишта,Прилеп-Битола изградба на експресен пат , постоечките да се прошири и да се доведе на ниво на експресен,или пак комплетно нова траса ако старата неможе да се надградува а подоцна ако има потреба и на ниво на автопат,Битола до граничен премин Меџитлија исто така изградба на нов пат,Од битола до Охрид исто така проширување на постоечкиот на ниво на брз експрсен пат.Тоа што го најавуваат Велес-Прилеп-битола нема потреба,Веќе се гради експресен пат од Градско до Прилеп , и само би се побрзал натаки како што кажав до Битола и Охрид ,и онака тој експресен пат почнува од патарина Градско така да .. И другите веќе се споменати за изградба.
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 47
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #1227 Posted: 02-Jun-2017 at 23:30
Од она што го имам слушнато лично, сега веќе премиерот, на 2 месеци пред изборите лично интервенирал во програмата и висок приоритет за реконструкција добил регионалниот пат Струмица - Берово - Пехчево - Делчево во должина околу 90 киломтери. Оваа информација е од луѓе членови на партијата во Берово каде додаваат дека се работи на подготовка за преговори со Бугарија за отварање на граничниот премин кај Берово а дека за сретствата заедно со Бугарија ќе се аплицирало во ЕУ фондовите. Дополнитело во програмата е изградба на регионален пат Берово - Радовиш кој беше во владата на СДСМ од 2002 до 2006 и почнаа некои активности, локалниот пат - Берово - с.Владимирово  стана регионален. Неофицијално сумата би била околу 22 милиони евра за должина од 39 км и ширина од 6,5 метри.

Од истите извори добив информација дека трите автопати владата ќе си ги продолжела, а сомневањата за корупција ќе си ги терале обвинителствата СЈО и ОЈО. По барање на помалите партнери во владата но и согласност од СДСМ (бидејќи проектот го има и во нивната програма) за почетокот на следната се планира почетокот на изградбата на 18 километарската автопатска делница Скопје - Блаце. Наводно рокот за изградба би бил 9 месеци. Покрај овој автопат, владата планира студија во најкраток рок за студија за делницата Куманово - Крива Паланка, а наводно тоа прашање ќе било дискутирано на првата средба помеѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија. Главното прашање било дали има потреба од Автопатско решение, односно дали истото е исплатливо или ќе се оди на алтернативното решение - автопат од Куманово до с. Страцин ( клучката за накај Кратово и Пробиштип )и реконструкција на магистралниот пат од с.Страцин до граница со Бугарија. За крај, од истите извори ми беше кажано дека луѓето во раководството од Битола жестоко лобирале уште до крајот на оваа година да почне реконструкција на сите влезови на градот Битола и регионалниот пат Битола - Меџитлија. Наводно некои пратеници по потекло од Битола се залагале и за Автопат Велес - Прилеп - Битола, но најверојатно овој проект нема да биде во план за следните 2-3 години...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11392
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1228 Posted: 20-Jun-2017 at 18:23
Налетав на мапава, па да ја споделам...

За сè има вторпат
Back to Top
kokimih View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Jan-2017
Online Status: Offline
Posts: 9
  Quote kokimih Quote  Post ReplyReply #1229 Posted: 03-Jul-2017 at 13:15
Некаде прочитав дека почнувајќи од 27.06.2017 се изведуваат градежни работи на патниот правец А2 Гостивар - Кичево, делница од Гостивар до село Колари.
Дали има некој повеќе информации за што се работи, какви градежни работи се изведуваат и до кога ќе траат?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11888
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1230 Posted: 03-Jul-2017 at 17:53


Санација

http://build.mk/granit-ke-go-rekonstruira-magistralniot-pat-gostivar-kichevo/


„Гранит“ ќе го реконструира магистралниот пат Гостивар – Кичево

Објавено на 18.01.2017 во категорија Вести.

 

Започнува реконструкцијата на магистралниот пат Гостивар – Кичево. Јавното претпријатие за државни патишта ја избра фирмата „Гранит“ од Скопје за изведувач на градежните работи, кои треба да се завршат во рок од 40 месеци. Заедно со рехабилитацијата на коловозот во должина од 30 километри, со претстојниот зафат ќе се санираат и петте мостови од оваа делница на потегот од селото Здуње до селото Колари. За реализација на проектот со компанијата „Гранит“ се склучени два договора со вкупна вредност од над 387 милиони денари, односно околу 6,2 милиони евра.

 

 

Магистралниот пат Гостивар-Кичево е една од најфреквентните делници во земјава. Некои делови од патниот правец не се санирани веќе неколку децении, а најголем проблем за возачите во моментов претставува лошата состојба во која се наоѓаат мостовите. Паралелно со претстојната реконструкција на магистралниот пат, од Јавното претпријатие за државни патишта ја изработуваат и проектната документација за идниот автопат Гостивар-Кичево.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11392
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1231 Posted: 31-Jul-2017 at 07:18


Да се надоврзам и јас со фотографија од патот Гостивар-Кичево. Само еден мал дел има добиено нов асфалт, се работи на одредени места, главно на почетокот од делницата.

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11392
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1232 Posted: 08-Aug-2017 at 23:22
Патот Ресен-Битола.

фотографиите се направени на 2 август годинава. автор: јас.













За сè има вторпат
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11888
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1233 Posted: 09-Aug-2017 at 02:12



Одлично изгледа
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 363
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #1234 Posted: 19-Oct-2017 at 00:09
Ме интересира дали некој возел за Велес по регионалниот пат Р1102, за овој пат скоро и да не се спомнува никаде па сакам да знам дали може да се вози по него или не е во функција, и ако се вози колку поспоро се стигнува до Велес спрема автопатот?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11392
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1235 Posted: 19-Oct-2017 at 08:32
Јас возев летово Велес-Стоби преку овој пат, во пристојна состојба е, можеш да го користиш. Всушност, многу возачи (претежно камионџии) го користат за да ги избегнат патарините.
За сè има вторпат
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 363
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #1236 Posted: 20-Oct-2017 at 00:07
Originally posted by Џоле

Јас возев летово Велес-Стоби преку овој пат, во пристојна состојба е, можеш да го користиш. Всушност, многу возачи (претежно камионџии) го користат за да ги избегнат патарините.




Џоле а си возел од Идризово, Петровец, Катланово па до Велес, знаеш ли во каква состојба е таа делница и одприлика колку подолго време се вози во однос на автопатот?
Back to Top
FiLo View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 35
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #1237 Posted: 20-Oct-2017 at 01:45
Катланово-Велес по стариот пат не, не се лажи, на неколку км после Катланово веке почнуваш да се качуваш по планината и патот тера према автопатот Велес-Скопје, али има неколку км што се без асфалт, дупки, земја.
Со обична кола немој да се лажеш да возиш.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11392
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1238 Posted: 27-Oct-2017 at 16:57
Одрон (предизвикан од минирање во каменоломот) на патот Гостивар-Кичево. Инаку, патот Гостивар-Кичево има обновен коловоз, почнувајќи од некаде по Гостивар до првиот мост пред клучката за Маврово.



мислам дека станува збор за мостот на линков (и мостовите се во фаза на реконструкција):

https://www.google.mk/maps/@41.7338261,20.832616,3a,75y,179.03h,80.88t/data=!3m7!1e1!3m5!1sd7uO0bg5CroSyboyPMaMLA!2e0!6s%2F%2Fgeo0.ggpht.com%2Fcbk%3Fpanoid%3Dd7uO0bg5CroSyboyPMaMLA%26output%3Dthumbnail%26cb_client%3Dmaps_sv.tactile.gps%26thumb%3D2%26w%3D203%26h%3D100%26yaw%3D126.018684%26pitch%3D0%26thumbfov%3D100!7i13312!8i6656?hl=en
За сè има вторпат
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1239 Posted: 31-Oct-2017 at 19:57
https://www.youtube.com/watch?v=wcwca3yQiGY
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1240 Posted: 20-Dec-2017 at 14:40
Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за поднесување на Апликација за инвестициски грант за изградба на Автопат А2 Гостивар - Кичево делница Букојчани - Кичево, како и за Апликација за инвестициски грант за градежни работи за рехабилитација и проширување на државниот пат А2 Крива Паланка - Деве Баир (граница со Бугарија), како дел од Коридор 8, во рамки на отворениот повик на Инструментот за инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF) за 2017 година.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6061626364>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.