build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 62636465>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1846
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1261 Posted: 14-May-2018 at 20:10
Поголемиот дел од овие подолго време се работат. За Гостивар - Колари немам зборови, тоа што е направени претходно (минатата година) има дупки, а сега овој дел што се работи доста брзо се работи ама се надевам дека ќе биде квалитетно.Само некој мостови што не се чепнати не ми е јасно.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11661
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1262 Posted: 30-May-2018 at 19:01
До крајот на годинава ќе почне реконструкцијата на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир

Нов чекор кон унапредување на патното поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Во третиот квартал од годинава треба да биде објавен меѓународниот тендер за избор на компанија што ќе го реконструира магистралниот пат од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Станува збор за рехабилитација и унапредување на трасата со должина од 13 километри, за која што е подигнат заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во висина од 12 милиони евра. Вкупната вредност на целиот проект е 16,4 милиони евра. Со проектот ќе се постави нов асфалтен слој на двете ленти од магистралниот пат, заедно со хоризонтална и вертикална сигнализација.

Изведбените работи за рехабилитација на оваа делница се очекува да започнат кон крајот на 2018 година или на почетокот од 2019 година, се наведува во општите информации за набавката објавени од ЕБОР. Проектната документација за рехабилитација на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир ја изработи фирмата „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др.“.

Информацијата за реконструкција на патот од Крива Паланка кон бугарската граница доаѓа неколку дена по финалниот избор на изведувачите за изградба на новиот експресен пат Ранковце – Крива Паланка. Земајќи го предвид актуелниот рок за изведба, Македонија и Бугарија би добиле современо патно поврзување за три години од денес.

http://build.mk/do-krajot-na-godinava-ke-pochne-rekonstruktsijata-na-magistralniot-pat-kriva-palanka-deve-bair/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11661
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1263 Posted: 01-Jun-2018 at 07:58
Малку сум збунет од последниот пасус. 100 милиони евра за реконструкција на експресниот пат? Или станува збор за некој друг патен правец? Многу пари се тоа. Или е печатна грешка, па да не се мисли на Гостивар-Кичево?

___________

Реконструкцијата на патот Гостивар – Кичево ќе заврши до крајот на август

Реконструкцијата на патот Гостивар – Кичево треба да заврши до крајот на август годинава, а на патот кон Тетово наредните 20 дена, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Одговорајќи на пратеничко прашање во Собранието, Сугарески истакна дека е многу важно проектите да се спроведат квалитетно, а не, како што нагласи, само да се фрли асфалт.

Според министерот, патниот правец Гостивар – Тетово е крупен проект кој треба да се реализира во неколку фази, а ќе чини над 100 милиони евра. Средствата ќе бидат обезбедени од ИПА и од Европската банка за обнова и развој. Веројатно со неговото спроведување ќе се почне во 2019 година.

https://plusinfo.mk/%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%B3%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%80-%D0%BA/

Edited by Џоле - 01-Jun-2018 at 07:59
За сè има вторпат
Back to Top
Théoden View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 31-May-2018
Online Status: Offline
Posts: 10
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1264 Posted: 01-Jun-2018 at 09:59
Previous

Во ред е напишано, на автопатот Тетово - Гостивар, на друг проект мисли, што допрва (2019) треба да почне да се реализира. Само не знам дали ќе се работи само на санација на автопатот или и негово проширување за уште една лента, затоа што сега има само по две во коловоз. Не знам дали 100 милиони би биле доволни за тоа...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11996
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1265 Posted: 01-Jun-2018 at 13:58

Мене спомнатата сума од над 100 милиони евра ми изгледа претерана. Сигурно се работи и за проширување на автопатот, но сепак...

Не знам колку натпатници и клучки ќе треба да се рушат и да се градат одново, а и колкав трошок ќе бие експропријацијата. Инаку самото додавање на лента за застанување не би требало да е ни приближно толку скапо, се работи за само 18 километри низ рамница.


Edited by Cloverstack - 01-Jun-2018 at 13:58
Back to Top
Bakica View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #1266 Posted: 01-Jun-2018 at 14:33
I mene mi izgleda preterano.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1545
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1267 Posted: 02-Jun-2018 at 12:04
Mene, pak, mi se cini djabe frleni tolku mnogu pari. Ne deka delnicata e ok, ama 100 milioni se i te kako poveke potrebni na drugi mesta!?
Back to Top
Joralemon View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 7
  Quote Joralemon Quote  Post ReplyReply #1268 Posted: 02-Jun-2018 at 21:14
Патот Тетово-Гостивар е меѓу најфреквентините во државата, затоа додавањето на лента за застанување е неопходно. Сепак, цената од 100 милиони евра изгледа превисока.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1846
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1269 Posted: 03-Jun-2018 at 04:50
Ако се работи за тој пат и се работи за автопатско решение тогаш не се премногу пари.
Да земеме во предвид дека сета земја околу постојниот пат е приватна и пазарната вредност не и е ниска бидејќи е во најплодниот дел од тој дел на државата.

Постојниот пат не исполнува никвакви стандарди за автопат, туку за експресен пат, па за да стане автопат треба комплетно да се срамни со земја и одново да се прави, односно да има средишно и странично заштитно зеленило, 3x3 профил со поголеми димензии на лентите од сегашните (ако не се лажам сега се 3,25м и затоа е ограничувањето на 80км/ч) . Постојните клучки исто така треба да се срамнат со земја и одново да се изградат. Нови канали за одводнување, нови мостови, нови насипи.

Сето ова чини многу пари ,па затоа би рекол дека не е многу кога ќе земеме во предвид дека патишта како Скопје-Штип не чинат по 6-7 милиони за км, а нема никакво рушење.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1545
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1270 Posted: 03-Jun-2018 at 11:10
Originally posted by daci92

Ако се работи за тој пат и се работи за автопатско решение тогаш не се премногу пари.Да земеме во предвид дека сета земја околу постојниот пат е приватна и пазарната вредност не и е ниска бидејќи е во најплодниот дел од тој дел на државата.Постојниот пат не исполнува никвакви стандарди за автопат, туку за експресен пат, па за да стане автопат треба комплетно да се срамни со земја и одново да се прави, односно да има средишно и странично заштитно зеленило, 3x3 профил со поголеми димензии на лентите од сегашните (ако не се лажам сега се 3,25м и затоа е ограничувањето на 80км/ч) . Постојните клучки исто така треба да се срамнат со земја и одново да се изградат. Нови канали за одводнување, нови мостови, нови насипи.Сето ова чини многу пари ,па затоа би рекол дека не е многу кога ќе земеме во предвид дека патишта како Скопје-Штип не чинат по 6-7 милиони за км, а нема никакво рушење.

Kakov i da e sepak e vo mnogu podobra sostojba od nekoi magistrali koi se poznacajni a se vo katastrofalna sostojba.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1846
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1271 Posted: 04-Jun-2018 at 20:00
Денко ,јас не коментирав дали треба да се прави тој или не, и каде треба да биде приоритетот. Само дадов појаснување зашто цената изгледа превисока а всушност не е и може да порасне при работата на патот.

Ако некоја магистрала треба под итно да се санира тоа се Куманово - Војник и Прилеп - Битола, можеби и некој други кој што сега не ми се на памет.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11661
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1272 Posted: 05-Jun-2018 at 14:55
Мислам дека веќе се разјасни, претходната вест/изјава беше поконфузна

Половина милијарда евра за изградба и реконструкција на патниот Коридор 8

Фреквентноста на делницата Тетово–Гостивар причина автопатот да добие дополнителна лента. Се подготвува и проектна документација за целосно нов автопат од Гостивар до Кичево, изјави министерот за транспорт Сугарески.

„Покрај оваа рехабилитација што се прави на делницата Скопје – Тетово, планирано е во втората половина од 2018 година да се распише тендер за проектирање на автопатската делница од Тетово до Гостивар, дополнително се работи на државниот пат Гостивар – Кичево со инвестиција од 6 милиони евра, а паралелно се работи и на проектот за изградба на нов автопат Гостивар – Кичево. Покрај бројните рехабилитации, интензивно се работи и во делот на автопатот Кичево – Охрид.“

Од Скопје до Тетово по една коловозна лента ќе се вози уште овој месец. Како дел од оваа делница, се финализира реконструкцијата на патот Сарај – Групчин во должина од 17 километри. За него се одвоени 70 милиони денари.

„Сите кернови што се извадени го исполнуваат квалитетот според сите стандарди. Дополнително сме мотивирани бидејќи овој пат е многу фреквентен. Од кога ќе се заврши, а ќе се заврши до 30. Јуни Сарај – Групчин, се префрламе од другата страна каде има големи оштетувања и ќе одделиме 10 милиони денари за Групчин – Карпалак, на оштетените места во должина од 2 километри да бидат санирани.“, Зоран Китанов, директор на ЈП Државни патишта.

https://kanal5.com.mk/articles/337189/polovina-milijarda-evra-za-izgradba-i-rekonstrukcija-na-patniot-koridor-8
За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1545
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1273 Posted: 05-Jun-2018 at 18:00
Originally posted by daci92

Денко ,јас не коментирав дали треба да се прави тој или не, и каде треба да биде приоритетот. Само дадов појаснување зашто цената изгледа превисока а всушност не е и може да порасне при работата на патот.Ако некоја магистрала треба под итно да се санира тоа се Куманово - Војник и Прилеп - Битола, можеби и некој други кој што сега не ми се на памет.
Ima nekolku klucki magistrali koi se vo ocajna sostojba. Pokraj posocenive bi gi dodal i Strumica-granicen premin Novo Selo, sto e so delnicata Kumanovo-Deve Bair, isto taka i Gostivar-Kicevo...
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1846
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1274 Posted: 07-Jun-2018 at 00:24
Од Куманово до Војник е во лоша состојба патот, од Војник натаму не е во толку лоша состојба би рекол и во многу добра состојба за разлика од многу други, бар до Ранковце бев сега скоро.
За разлика од Прилеп- Битола со нерамнините и фреквентноста Струмица - ГП Ново Село е во прекрасна состојба, незнам кога последен пат си бил ама јас ги возев и двете делници пред многу скоро време (првата два пати во изминативе две недели, а другата два пати пред 2 месеци) .
Гостивар - Кичево во голема мера веќе се реконструира и би требало до крајот на летото да биде готова, со тоа што во еден дел тоа што е реконструирано ќе треба да се поправи.


Едит:
Многу време поминувам по патиштата низ Македонија ,доколку некој има камерче за во кола или знае некое ефтино со добра снимка нека каже ,ако можам да си го дозволам ќе снимам патишта ,само ќе треба некој да ги преработува видеата и да ги закачи на интернет бидејќи навистина немам време за тоа.


Edited by daci92 - 07-Jun-2018 at 00:31
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1545
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1275 Posted: 07-Jun-2018 at 10:47
daci92, ako Strumica-GO Novo Selo e vo prekrasna sostojba, togas djabe gubime vreme tuka. Toj pat e graden vo sredinata na seesettite godini i taka e ostaven do denes.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1276 Posted: 08-Jun-2018 at 01:07
https://youtu.be/aW7T6orAigI

https://youtu.be/5c3iyRDR_v4
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 162
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1277 Posted: 08-Jun-2018 at 09:06
Одлични видеа, трагедија е што тазе асфалтиран коридор 10 веќе почнал да се распаѓа... Квалитет 0
Back to Top
Jedah View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 05-Jan-2016
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Jedah Quote  Post ReplyReply #1278 Posted: 09-Jun-2018 at 00:43




Нормално ли е да се остава толкава неасвалтирана површина од страните?
Ќе поминат два шлепери на тоа растојание или господ на помош на тие што ќе ја качуваат и слагаат Стража
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11661
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1279 Posted: 09-Jun-2018 at 18:50
Да не е оставен простор за одвод за атмосферски води?
За сè има вторпат
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1509
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #1280 Posted: 09-Jun-2018 at 18:57
Originally posted by Џоле

Да не е оставен простор за одвод за атмосферски води?


Овој дел е реконструиран од лани уште - често возам натака, и не сум приметил некој сериозни забелешки како овие од сликата...
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 62636465>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.