build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 636465
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11762
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1281 Posted: 14-Jun-2018 at 14:03
По Гостивар:



Пред Стража:

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11762
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1282 Posted: 22-Jun-2018 at 13:33
Реконструкција на магистралниот пат Кочани-Делчево. Фотографиите се од 11 јуни, преземени се од фејсбук профилот на Министерот за транспорт и врски.





За сè има вторпат
Back to Top
koska View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote koska Quote  Post ReplyReply #1283 Posted: 24-Jun-2018 at 10:11
Одлично што се работи на оваа катастрофална делница меѓутоа мое размислување е дека голем дел од проблемите нема да бидат разрешени и за некоја година повторно ке биде во катастрофална состојба.Мора да се зафатат со многу посериозна реконструкција од типот на одредени места и со пробивање на тунели и посериозна зштита на косините
Back to Top
Bakica View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 31
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #1284 Posted: 24-Jun-2018 at 21:08
Se raboti na proekt za avtopatsko povrzuvanje megu Gostivar i Kicevo. Taka da stom se napravi toj avtopat, a spored mene mora sto pobrzo da se pocne da se raboti na nego, postoeckiot pat preku straza znacitelno kje se rastereti
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11762
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1285 Posted: 01-Jul-2018 at 20:19
Неколку километри по Стража има нов слој асфалт. Фотките (несмасни се зашто е сликано при возење) се од вчера, тогаш се поставуваше, денес на враќање веќе се возеше по нов асфалт.



За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 680
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1286 Posted: 10-Jul-2018 at 20:08
Originally posted by Влатко

Еве и една по прегледна листа

http://www.brif.mk/usvoena-godishnata-programa-za-izgradba-i-rekonstruktsija-na-drzhavni-patishta-za-2018-godina/


Дали некој има негде најдено список на завршени проекти од оваа програма? Од ова што го знам, Јегуновце-Пршовце е завршено, патот кон Маврово (Гостивар-Колари) исто така, стариот пат за Катланово исто е завршен.

Сепак, забележав дека во програмата е ставен и патот Драчево-Зелениково, а токму завчера забележав дека патот е само гребен на одредени места за пополнување дупки, што ме разочара во целост, па затоа прашувам дали некој знае статус на сите овие работи.

Или пак, има негде објавено, нели најтранспарентна Влада во регионот
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #1287 Posted: 13-Jul-2018 at 20:50
Првите две видеа се од Демиркапија до Смоквица, третото од Неготионо до Гевгелија. Двете видеа се превземни од youtube и се од Јуни месец.

https://www.youtube.com/watch?v=9VBvMvITSoM
https://www.youtube.com/watch?v=E3O-p0ccr5A

https://www.youtube.com/watch?v=BeIsS8YIIKc
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1852
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1288 Posted: 15-Jul-2018 at 08:14
Од Логоварди до РЕК треба да е завршен, незнам до каде се стигнати на Кочани - Делчево и Берово - Струмица но и тие треба да се завршени или при крај.
После Стража тубро се работи така да добри вести може да очекуваме наскоро.

Мене ме чуди што заглави реконструкцијата на Катланово - Петровец  (автопатот) бидејќи таблата стои а ништо не е пипнато сеуште.

Вчера поминав ама доцна навечер Штип - Радовиш, таму турбо се работело изминатиов период на новата делница.

Реконструкцијата на средната лента према Тетово е завршена до Групчин ако не се лажам, вчера се работеше на клучката Сарај.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11762
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1289 Posted: 04-Aug-2018 at 09:20
Обезбедени 10 милиони евра за патот Крива Паланка – Деве Баир

Обезбедени се 10 милиони евра преку Европската банка за обнова и развој за рехабилитација и проширување на патната делница Крива Паланка – Деве Баир (граница со Бугарија), соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).

Дополнителни 2,6 милиони евра ќе бидат обезбедени како грант преку инструментот „Инвестициска рамка за Западен Балкан“ на Европската унија со што ќе се затвори финансиската конструкција за рехабилитација и проширување на 13 километри од Коридорот VIII.

Спорд МФ до крајот на годината треба да биде објавен меѓународниот тендер за избор на компанија што ќе го реконструира патот.

Министерството за финансии изготви предлог закон за гаранција на заемот од ЕБОР, кој е влезен во собраниска процедура. По усвојување на законот од Собранието, ќе се склучи договор за заем помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и ЕБОР.

– Заемот е под исклучително поволни услови. Каматната стапка е шестмесечен ЕУРИБОР плус еден отсто, додека рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години, информира МФ.

https://plusinfo.mk/%D0%BE%D0%B1%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B8-10-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B2/
За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1547
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1290 Posted: 04-Aug-2018 at 13:05

Znaci nema avtopat kon Bugarija
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 201
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1291 Posted: 04-Aug-2018 at 14:46
Автопат не е во план. Експресен пат од Куманово до Крива Паланка и рехабилитација и проширување со трета лента од Крива Паланка до Деве Баир.

Од експресниот пат моментално во градба е Ранковце - Крива Паланка, а допрва треба да се проектира Романовце - Ранковце. Ранковце - Крива Паланка е проектиран на начин што овозможува лесно проширување во автопат, но јас би рекол да почекаме прво воопшто да го изградат експресниот Big%20smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1292 Posted: 04-Aug-2018 at 20:10
Originally posted by ironm

допрва треба да се проектира Романовце - Ранковце

Оваа делница ќе овозможи солидно кратење на километри долж К8 и мислам дека треба(ше) да и се даде поголем приеоритет. Ако добро памтам, треба да почнува од  42° 4'50.26"N  21°42'9.73"E  и да излегува директно кај Страцин (мада можно е да се во игра повеќе варијанти за трасата).

И не само што треба да биде приоритет, туку не ќе е лошо барем оваа делница веднаш да се изгради на ниво на автопат, наместо таканаречен „експресен пат“. Ако не друго, па барем до кај Клечовце на пример. До таму теренот е полесен, а претпоставувам дека во тој дел може да се генерира и поголем сообраќај, но исто така до таму веројатно ќе бидат и грото од надвозниците и клучките, па ќе избегнеме ситуација да ги плаќаме по 2 пати.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11762
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1293 Posted: 07-Aug-2018 at 09:13
Од Дојран до Ниш. Опфатена е и новата делница Смоквица - Демир Капија...

За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 201
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1294 Posted: 07-Aug-2018 at 09:35
Така ми изгледа или третата лента на Демир Капија - Смоквица е колку велосипед да возиш во неа?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1295 Posted: 07-Aug-2018 at 23:44

2 метри ширина, тој податок циркулираше официјално.
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #1296 Posted: 08-Aug-2018 at 16:19
Заврши асфалтирањето, нов асфалт од Дулието до РЕК “Битола“





https://bitolanews.mk/2018/08/08/%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%B8-%D0%B0%D1%81%D1%84%D0%B0%D0%BB%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%B0%D1%81%D1%84%D0%B0%D0%BB%D1%82-%D0%BE%D0%B4-%D0%B4%D1%83/
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1297 Posted: 31-Aug-2018 at 00:41
Кичево-Гостивар







Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11762
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1298 Posted: 25-Nov-2018 at 23:54
Од фејсбук профилот на Министерот за транспорт и врски:

Во изминатиот период заедно со Зоран Китанов, директорот на ЈП за државни патишта, посебно се посветивме на изградба и реконструкција на патната инфраструкура во земјава. Влеговме во еден силен инвестициски циклус во подобрување на целокупната патна мрежа. Македонија ја направивме едно големо градилиште.

Ги завршивме патните правци:

- Изградба на автопат Демир Капија – Смоквица
- Рехабилитација на возната лента на автопат Петровец – Миладиновци и - Кадино – Хиподром
- Реконструкција на левиот коловоз на автопатот Куманово – Миладиновци
- Рехабилитација на регионалниот пат од мост Близанско – Калуѓерец
- Рехабилитација на трета лента на Валандовско брдо
- Рехабилитација на регионален пат Дебар – ГП Блато
- Рехабилитација на регионален пат Петровец – Катланово
- Рехабилитација на регионален пат пат Пршовце – Јегуновце
- Рехабилитација на делница Охрид кај Билјанини извори
- Рехабилитација на регионален пат Берово – Струмица
- Рехабилитација на регионален пат Сарај – Гупчин
- Рехабилитација на регионален пат Битола – Новаци
- Рехабилитација на регионален пат Кочани – Делчево
- Обиколница на Битола
- Обиколница на Скопје
- Реконструкција на регионален пат Гостивар – Колари
- Поставивме осветлување и сигнализација на клучка Скопје Запад, на делница Катланово -Велес, на делница Велес – Петровец, Осветлување на 6 клучки на делница Тетово – Гостивар како и дел од автопатот А2 и А4

Во тек се градежни активности на патните правци:
- Автопат Кичево – Охрид
- Автопат Миладиновци – Св.Николе – Штип
- Експресен пат Штип – Радовиш - 1 фаза
- Експресен пат на делница Градско – Дреново
- Експресен пат на делница Дреново – Фариш
- Еспресен пат делница Штип – Крупиште
- Експресен пат Ранковце - Крива Паланка
- Реконструкција на регионален пат Ропалце – Матејче
- Реконструкција на регионален пат Колари – Кичево
- Реконструкција на автопатска делница Велес -Градско
- Реконструкција на регионален пат Кочани – Пониква
- Реконструкција на регионален пат Тркање – Пишица
- Реконструкција на регионален пат Подмоље – Охрид
- Реконструкција на регионален пат Радовиш – Подареш
- Реконструкција на Транзитен дел Кавадарци
- Реконструкција на регионален пат Берово – Клепало
- Реконструкција на регионален пат Злетово – Пробиштип
- Реконструкција на регионален пат Негорци – Гевгелија
- Реконструкција на транзитен дел кон Охрид
- Во тек се и реконструкции на мост на река Вардар кај Удово, нов мост на река Пчиња кај Коњаре, на река Бабуна кај Богомила, нов мост на река Луда Мара кај с.Ваташа , нов мост на река Коселска кај Охрид, мост кај Сарај, мост на река Вардар кај Пепелиште како и санација на 5 моста на делница од Здуње до Колари.

Во следниот период ќе започнеме со:

- Изградба на експресен пат делница Крупиште – Кочани -2фаза
- Изградба на експресен пат делница Бучим до Радовиш -2 фаза
- Изградба на експресен пат делница Прилеп-мост на Леништа река.
- Доизградба на една лента Крива Паланка – Деве Баир
- Рехабилитација на патен правец Куманово – Страцин
- Рехабилитација на патен правец Младо Нагоричане – Пелинце
- Рехабилитација на патен правец Куманово – Свети Николе
- Рехабилитација на патен правец Тетово-Попова Шапка
- Рехабилитација на патен правец Јурумлери – Драчево
- Рехабилитација на патен правец Битола- Демир Хисар
- Рехабилитација на патен правец Драчево – Орешани
- Рехабилитација на патен правец Делчево – Звегор
- Рехабилитација на патен правец Делчево – Пехчево
- Рехабилитација на патен правец Берово-Виница
- Рехабилитација на патен правец Струмица – Ново Село
- Рехабилитација на патен правец Кавадарци – Росоман.
- Рехабилитација на патен правец Фурка-Богданци – Гевгелија

За многу кратко време ќе се започнеме со реконструкција на:

- Обиколница на Кочани
- Пробиштип – Круппиште
- Штип – Радовиш
- Крива Паланка Ранковце
- Куманово – Свети Николе
- Куманово – Опае
- Куманово – Никуштак

Оваа година ќе се распишат тендери за реконструкција на патните правци:

- Катланово – Петровец
- Маврови Анови – Жировница
- Карпалак – Желино
- Катланово – Велес
- Велес – Демир Капија
- Македонска Каменица – Саса
- Узем - Тораница

ЈП за државни патишта работеше и на реконструкција на друг регионални патишта во соработка со Макеоднија пат. Со исто темпо и силна посветеност ќе продолжиме и во следната година. Тоа што го ветивме на граѓаните, ќе го исполниме. Тие го заслужуваат тоа.

За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 636465

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.