build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6465666768 69>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 558
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1301 Posted: 22-Jan-2019 at 21:19





Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 743
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1302 Posted: 22-Jan-2019 at 22:28
Истите најавени проекти во 2018 преместени во 2019 г.
Back to Top
husejin View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Dec-2018
Location: Malmö
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote husejin Quote  Post ReplyReply #1303 Posted: 24-Jan-2019 at 13:19
Ne mi e jasno sto e toa rekonstrukcija na patot Stip Radovis.A veke se znae deka e vo tek na izgradba na ekspresniot pat na ista relacija.Nema smisla da ima paralelno dva pata vo ista relacija.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 558
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1304 Posted: 24-Jan-2019 at 16:52
Зависи... ако новиот на сегменти се движи по нова траса, а стариот на тие места поврзувал некои села, тогаш има потреба и од стариот.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1903
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1305 Posted: 24-Jan-2019 at 16:59
Новиот е целосно на нова траса и мислам дека има само две/три клучки освен крајните, додека стариот и како е потребен за интерна комуникација.
Најголемиот проблем е што во исто време додека се гради новиот ќе се реконструира стариот и наеднаш комуникацијата кон Радовиш и Струмица ќе биде кошмар.
Back to Top
husejin View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Dec-2018
Location: Malmö
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote husejin Quote  Post ReplyReply #1306 Posted: 07-Feb-2019 at 14:08
Tesko e da dokazes nesto sto e pravilno.Ekspresniot pat Stip Radovis se gradi na sosema nova trasa ama istata se naoga do stariot pat.Na noviot pat se izgradeni mnogu novi i visoki mostovi sto voopsto nema potreba zatoa rekickite se tolku mali i nema nikakva opasnost od poplava na patot.Toa se glede od postoeckiot pat iako ima samo mali mostcinja nikogas do sega ne e imala opasnost.Na vlezot na Lakavica se priprema ogromen most a pod mostot nema ni voda.Na postoeckata trasa so mali izmeni mozelo da bide sigurno poeftino da se prosiri vo ekspresn pat.Bez razlika od kade dovaga investicijata treba pametno da se trosi.Seto toa narodot ke go plati.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1307 Posted: 07-Feb-2019 at 15:17
Тоа е така затоа што во блиска иднина ќе прерасне тој дел во автопат (од Штип преку Струмица до граница со Бугарија).
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #1308 Posted: 08-Feb-2019 at 19:47
тука очигледно има и лаици што не слушнале за 100 годишни и 1000 годишни води, седи за тоа си има стручњаци и специјални формули со кои се пресметува дотокот на вода еднаш на сто години или на 1000, така се конструират и речни корита и слично, истото важи и за секое навидум суводолица или помало долче ама еднаш ако дотече маме ќе расплаче.
Back to Top
husejin View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Dec-2018
Location: Malmö
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote husejin Quote  Post ReplyReply #1309 Posted: 13-Feb-2019 at 11:28
Veke 50 godini go imam odeno patot Stip Radovis.Dali patot ke prerasne vo idnanina vo Avtopat toa voopsto ne e bitno.Postoeckite mostovi veke gi ima okolu 100 godini a dosega ne e imalo nikakov problem.A sega na isti dolcinja se gradat 10 pati pogolemi mostovi.A na nekoi mesta nema ni reka pa go podignale patot so pomos na mostovi nad zemjata.Toa e toa strucnacite od Makedonija se najpametni vo svetot.Zatoa patot Strumica Radovis se gradese celi 20 godini.I sega koga e zavrsen se zakluci deka ne e dovolen i eve sega ovaa godina pak pocnuva da se gradi sigurno so nova trasa.Kako sto slusnav kluckata Injevo-Konce pak si ostanuva po staroto.Treba prvo da vozis za Radovis da pokraj nekoja si Benzinska pumpa a posle prema Strumica.Samo poradi ovaa sitna greska da se ispravi mozelo da zima vreme okolu edna godina.
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #1310 Posted: 15-Feb-2019 at 12:28
нема простор за понатамошна дискусија
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 521
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1311 Posted: 24-Mar-2019 at 13:24
https://www.youtube.com/watch?v=mmvr9NRR9qs 8:45 na kraj od videoto , dali nekoj znae kakvi se tie elasticni ogradi koj sto gi najavuva direktorot ?
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #1312 Posted: 25-Mar-2019 at 01:23
Предпоставувам средишните метални бариери би се замениле со бетонски. Нешто слично има на автопатите во Грција. Или на “автопатот“ Тетово-Гостивар, со тоа што средишното зеленило останува во еден вид жардињера креирана од две бетонски огради помеѓу коловозите. Бетонот важи за материјал кој е еластичен и впива доста од ударот и истиот би ја спречил или ублажил трагедијата која се случи на автопатот Скопје-Тетово неодамна.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 816
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #1313 Posted: 25-Mar-2019 at 03:21
Еластични или флексибилни бариери се базираат на метални сајли и се најкористениот тип на бариери на автралиските автопатишта, иако на одредени делови има и класични банкини. Флексибилните бариери воглавно се инсталираат на релативно прави делници бидејќи само така се најефективни.
многу повеќе за нив на следниов линк: https://www.towardszero.vic.gov.au/news/articles/flexible-barriers-how-they-work-and-the-cheese-cutter-myth
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 521
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1314 Posted: 25-Mar-2019 at 15:47
Ako se misle na betonski barieri toa e dobra idea , no neznam kolku bi se realizirala so ogled na toa deka betonska gradba e skapa ... A za ovie so metalni salji imam videno takvi vo Amerika i tamu dosta gi ima na pravite delnici kaj sto nema krivini i se vo red od 2 ili 3 salji , mislam deka i dvete ovie opcii se mnogu po bezbedni od segasnite barieri sto gi ima na MKd patista.
Back to Top
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 64
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #1315 Posted: 25-Apr-2019 at 13:44
Катастрофални капитални инвестиции – за три месеци потрошени само 6%

Продолжува катастрофалната реализација на капиталните инвестиции. Во првиот квартал биле потрошени само 6.21% од планираните пари за цела година. За да се оствари проекцијата реализацијата би требала да биде над 20% или четири пати повеќе.

Владата во првите три месеци потрошила само 26.2 милиони евра од 422 милиони предвидени во буџетот за инфраструктурни проекти односно за изградба на патишта, железници, водоводи, болници, училишта.


https://denar.mk/203440/ekonomija/katastrofalni-kapitalni-investicii-za-tri-meseci

Edited by Bakica - 25-Apr-2019 at 13:44
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1602
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1316 Posted: 28-Apr-2019 at 15:43
Generalnata slika za makedonskite patista e mnogu matna. Patistata, so isklucok na retki primeri, se vo ocajna sostojba.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12267
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1317 Posted: 13-May-2019 at 12:40
Реконструкција на државниот пат Младо Нагоричане-Пелинце (фото: од фб профилот на Горан Сугарески)

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2662
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1318 Posted: 17-May-2019 at 14:31
Подготвителни работи за реконструкција на патен правец Маврово-Никифорово(од фб)







Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2662
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1319 Posted: 28-May-2019 at 07:09
Намалете со емоции кога зборувате за автопатишта

Македонија има добра изграденост на патна мрежа. Нема потреба од нови автопатишта, ама постојните мора подобро да се одржуваат. И недостига организација за да се завршуваат патните проекти со предвидената динамика, вели професорот Слободан Огњеновиќ, од Катедрата за патишта на Градежниот факултет во Скопје. Тој забележува дека Полска е на дното во ЕУ според километри автопатишта во однос на територија, но затоа е на врвот според раст на БДП.

„Она што недостасува е да се догради уште Катланово-Велес, а ова што сега го сметаме за автопат, да биде алтернативен пат на постојниот, а од Велес кон Катланово треба да му се изгради уште една лента. Не може да кажете дека од Скопје до Велес е автопат, кога на делови има ограничување на 50 километри на час. Пред тунелот стои знак 50. Тоа не е автопат, минимум за автопат е да биде 80 на час. Треба да се догради од Велес до Катланово другата половина, што не е направена 40 години. Потоа Миладиновци-Куманово има две ленти, нема лента за застанување. Се правеше рехабилитација, не знам зошто не сe доврши, за да биде и таа делница со полн профил на автопат, кога веќе другата кон Скопје е автопат. Од Катланово, кон патниот јазол Петровец, сега ќе се шири, а овој од Скопје кон Куманово не. Зошто?“ кажува дел од недоумиците професор Огњеновиќ, кога говори за она што треба да се догради во делот на автопатската мрежа.

За автопатот од Скопје до Блаце, вели дека тие 20-ина километри не се многу и треба да се изградат.

„’Коридор 8’ е европски коридор кој поминува низ Македонија со 330 километри должина и ќе се гради на ниво на автопат, ама само од Гостивар до Охрид (со тоа што треба и кракот од Подмоље до Струга да се изгради). Значи, планиран е автопат од Куманово до границата со Албанија, ама не и од Куманово до границата со Бугарија, туку тоа ќе биде експресен пат. Би сакал некој да ми објасни кој и како го одлучил тоа. Зошто не се предвидува по целата должина автопат?“ укажува професорот, додавајќи дека треба подобра врска од Струмица до Ново Село, за што во фаза на проектирање е експресен пат. Сега се гради Штип-Радовиш експресен, ќе се проектира и од Радовиш до Струмица, како експресен пат.

„Не ми се допаѓа што автопат е само од Миладиновци до Штип, а кон Кочани се гради експресен, како и кон Радовиш. Не ми е јасно зошто во овој момент од Градско до Прилеп сега се гради експресен пат, со четири ленти, а од Прилеп до Битола е планиран автопат, додека од Битола до Меџитлија, пак експресен пат. Се согласувам дека толкави се можностите, ама зошто не довршува автопатот до грчка граница“, посочува Огњеновиќ.

Последната посебна стратегија за развој на патната мрежа во Македонија била направена во поранешна Југославија, за до 2000 година.

„Економска оправданост за градење нови автопати нема“, тврди професор Огњеновиќ. „Дури немаме ни за овие што веќе ни се направени. Според економска оправданост, треба да имаме 12 000 возила на ден по насока. Освен на делниците Глумово-Тетово и Тетово-Гостивар, каде што достигнува до 13000 ама во двете насоки, на сите други делници сообраќајното оптоварување е под 10 000 возила на ден, во двете насоки. Тоа е економскиот критериум – дали автопатот може сам себе да се одржува. Значи, не може. Но, при одлуката за градење автопат не се зема само тоа како критериум, туку и подобра поврзаност, поголема брзина и безбедност, а понекогаш одлучувачки момент е политиката или барањата од ЕУ. Но, на крајот останува дека не е важно само да се направи автопат туку тој мора и да се одржува. Ние земаме кредити за рехабилитација на патишта, што не треба. Треба да се обезбедат од буџет. Имаше обид да се дадат автопатиштата под концесија, концесионерите дојдоа, го видоа бројот на возила и си отидоа. Затоа што не им се исплати“, дециден е професор Огњеновиќ.

Вели дека кај нас не е полоша состојбата со автопатишта отколку во регионот.

„Тоа што Србија го има направено од Суботица до Табановце, ние го имаме пред нив направено. Тоа што нивниот автопат е подолг, и државата им е поголема. Ако го гледаме квалитетот, нашите автопати се постари и градени според постари прописи, чисто од причина да штедиме. Ние немаме лоши патишта поради тоа што не ни е изградена мрежата, туку имаме лоши патишта затоа што не се одржуваат. Годинава, ЈП за државни патишта ќе вложи 4.200 евра по километар патна мрежа, што е далеку под парите кои се издвојуваат во земјите во регионот, а во однос на развиените европски земји, ситуацијата е неспоредлива.

Реално, на терен, тоа значи дека одржувањето на автопатиштата опфаќа само крпење ударни дупки, интервентно чистење одрони, косење трева од банкините и од средната разделна лента и нередовно, обнова на хоризонтална сигнализација. Значи, нема ни збор за примена на некоја од мерките за превентивно одржување. Имено, залевање пукнатини или пак примена на некој вид површинска обработка на патиштата во Македонија не се изведуваат“, објаснува професорот.



Кој ќе направи 500 километри автопат?

За големи инвестиции во патна инфраструктура, Македонија нема капацитет во техничка смисла, во струката, вели професорот Огњеновиќ. – „И тоа е проблем. Може политичарите да кажат дека ќе направиме 500 километри автопатишта, но сега се поставува прашањето кој ќе ги направи. Го имаме ‘Гранит’, уште еден ‘Штрабаг’, другото се помали фирми. Проектантски фирми имаме 5-6, сè на сè. Тоа значи дека за големи проекти мора да ангажираме странски фирми.“



Миладиновци-Штип не требаше да се гради како автопат

Политиката креира лоши одлуки. Лошите патишта се последица на лошите одлуки, посочува професор Огњеновиќ. „Многу често изборот на тоа што и кога ќе се гради е дневна политика – да се добијат избори, да се даде ветување. Миладиновци – Штип не требаше да го градиме како автопат. Таму нема ни транзитен сообраќај. Нема ни да има. Главниот сообраќај ни се одвива по Коридор 10. Ние треба да привлечеме транзитен сообраќај. А Миладиновци-Штип нема да има транзитен сообраќај во голем обем. Имаше физибилити- студија за автопатот, направена во 2009 година, која покажа дека на таа делница ќе има потреба од автопат во 2037 година. Ако постои добар пат со две ленти, тој ја завршува истата транспортна работа како автопат, со 40 отсто од цената. Да, автопатот може да е инвестиција која треба да донесе додадена вредност, во туризмот, транспортот и слично, но тој бара одржување, ние тоа не го правиме и му паѓа вредноста. Должината на автопатиштата се мери, како што е усвоено, според 100 квадратни километри површина на државата. Должината на автопатската мрежа во Македонија ја пласира Македонија во средината во Европа. Полска е речиси на нула, со најмалку автопатишта и е една од земјите со највисок раст на БДП во Европа. Автопатот не е основен услов за да добиете странски инвестиции. Други работи се исто така важни.“



Политиката не слуша наука

Политиката воопшто не ја консултира науката кога се носат одлуките за патната мрежа, укажува професор Огњеновиќ. „Појава што е карактеристична за средно развиените држави во Европа, не само за Македонија, е емотивната склоност на политичарите, стручњаците и јавноста речиси секогаш потполно да се посветуваат на новоградбите и на големите проекти како што се автопатиштата, а притоа да се изгубат од вид дека исти, а можеби и поголеми економски ефекти државата може да оствари со квалитетно одржување и рационална реконструкција на сите категории постојни патишта, сразмерно со потребата од нив.“

Автопатот Загреб-Риека со загуба од 37 милиони евра годишно

Ни регионот не стои подобро со исплатливоста на патната мрежа. Во Србија, само околу Белград има нешто повеќе сообраќај. Ни во Хрватска. Таму е направена студија за автопатот Загреб-Риека, пред неколку години и тогаш имале 16 000 возила дневно и тој автопат прави загуба од 37 милиони евра годишно, посочува професорот Огњеновиќ.

Анита Салтировска

Фото: Борис Грданоски

https://nezavisen.mk/namalete-so-emocii-koga-zboruvate-za-avtopatishta/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4474
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1320 Posted: 28-May-2019 at 10:08
Ова беше јасно уште пред 10 години, кога факултетите во Битола беа затворени а беше отворен универзитет во Штип, кога не се инвестираше ништо во Битола (и Охрид дека на СДСМ), а се инвестираше во Штип и Ново Село и некое друго свирипичино. Ќе градеја карго-аеродром во Штип... Ем географски, ем економски најпаметна опција беше Струмица, ама знаеме што ги болеше.

Тоа што Грујо, Мијалков и останатата селска банда се од тие штипски села нема никаква врска, нели?

Автопат паралелен на постоечкиот, за градче со 50.000 жители, кој не е поврзан со ниту еден друг меѓународен коридор. Аеродром, и универзитет. Апсолутно никаква смисла, и без разлика колку се форсира, нема да го биде. Just because you want something to be true, doesn't make it true.

Edited by гитардемон - 28-May-2019 at 10:11
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6465666768 69>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.320 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.