build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6566676869>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 525
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1321 Posted: 28-May-2019 at 11:37
Па и Струмица има бенефит од автопатот, како и цела источна Македонија. Идејата за форсирање на Штип како регионален центар воопшто не е лоша, особено универзитетот кој задржува луѓе од околните градови во тој регион. Среќа професоров што не е во МТСП.
Back to Top
Joralemon View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 02-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 20
  Quote Joralemon Quote  Post ReplyReply #1322 Posted: 30-May-2019 at 16:55
На три од десетте најфреквентни патни правци во Македонија нема автопат

И покрај тоа што се вложуваат стотици милиони евра во изградба на патната инфраструктура, македонските граѓани ја немаат можноста да патуваат по автопат или експресен пат на најфреквентните правци. Државата моментално гради два автопати (Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип) и четири експресни патишта (Ранковце – Крива Паланка, Градско – Прилеп, Штип – Кочани и Штип – Радовиш), но ниту едниот, ниту другиот, не се на најфреквентните делници во земјава.

https://meta.mk/na-tri-od-desette-na-frekventni-patni-pravczi-vo-makedoni-a-nema-avtopat-infografik/



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1323 Posted: 31-May-2019 at 09:17
Според оваа статистика, меѓу Струга и Охрид слободно може да се изгради автопат со по три ленти, и онака има сообраќај со над десет илјади возила дневно. Фотката е преземена од линкот во горната објава. Пред некоја година зборувавме за експресен пат меѓу овие два града, но гледајќи ги статистикиве, и автопат би бил исплатлив.

За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1324 Posted: 31-May-2019 at 09:38
Тешко дека ќе има експресен пат или автопат помеѓу Охрид и Струга во следниве 10 години со оглед на тоа колку расплинаа со експресните во источна Македонија. Во меѓувреме го рехабилитираа R1208 (нецелосно, сеуште не е довршен) на мизерен начин, со еден куп нерамнини (селски пат е порамен од овој) и никакво подобрување во безбедноста. Истовремено на E-852 сообраќајот е со прекини кај ТИРЗ бидејќи градат натпатник, но не знам што бидна со најавената рехабилитација од Подмоље до Струга. Од Охрид до Подмоље исто така најавија рехабилитација (иако ме чуди тоа бидејќи тоа е дел од автопатот), но сеуште ништо не е чепнато.

Од друга страна за Охрид - Пештани уште помалку ќе се случи нешто со оглед на ситуацијата со УНЕСКО моментално. Всушност, Св. Стефан - Пештани е проблемот, а не од Охрид, но тој проектот од ВМРО предвидуваше комплетно нова траса што мислам дека никогаш нема да се оствари ако се следат препораките од УНЕСКО.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1325 Posted: 31-May-2019 at 10:56
Многу е интересно/чудно што кај нас многу бавно се пробива (у ствари не ни постои) идејата за регионални “агломерации“, односно групирање/добро поврзување на поголем број помали места како противтежа на природо големите центри (во случајот на Македонија еден центар - Скопје). По мое видување создавањето на вакви агломерати, мини регионални метрополи, значително ќе го подобри квалитетот на живот и ќе ги задржи луѓето во помалите места.

Идеални кандидати за регионални агломерации според мене се Струга-Охрид и Битола-Прилеп. Прв чекор секако треба да биде нивно целосно и квалитетно инфраструктурно поврзување, како со пат така и со воз, со тоа што возот ќе функционира како еден вид метро и би бил многу чест во денот.
Како пример, ете ги Тетово и Гостивар, одамна се поврзани со автопат и во рамки на истата котлина скоро навистина станаа еден град.


Edited by hcitrS - 31-May-2019 at 10:58
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1326 Posted: 31-May-2019 at 12:40
За такво нешто потребна е стратегија. Јас не знам ниту една работа да сме направиле стратешки како држава изминативе 30 години. Се е импровизација со идеи преку ноќ добивани.

За Охрид - Струга конкретно, никој не помислува на воз се додека не се пушти линијата од Кичево, иако воопшто не е потребна за да се реализира локално, да придонесе за локалните жители, за туризмот, а потоа и за индустријата. Од Радожда до Св. Стефан да ги поврзе селата и двата градови, плус крак накај Вевчани. Целата траса е рамнинска. Може да биде главна туристичка атракција како метро возовите во Шпанија покрај море што возат. Но... ни патот не е како што треба, а не пак пруга Big%20smile

За Битола - Прилеп и Тетово - Гостивар, воз има, исто како да го нема. А патот... Битола - Прилеп е идеален за кршење камења во бубрези.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1327 Posted: 31-May-2019 at 16:25
Во државава никогаш ништо не е направено со долгорочна визија. Да имаа некаков развоен план, тогаш ќе направеа една супер-агломерација на Скопје и Куманово, со врски со Велес, Тетово и Свети Николе и 4 регионални агломерации (Тетово+Гостивар, Битола+Прилеп, Охрид+Струга, Штип+Кочани). Еве како би можела да изгледа ОхридСтруга:
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
FiLo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 48
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #1328 Posted: 31-May-2019 at 19:36
Тој професор Слободан нека не паламуди дека не треба инвестиција во нови автопати бидејќи очигледно е дека не се возел во скоро време по некои патни делници кои се се магистрала со по една лента во правец па да види што е проблем во возење.

Еве ќе споделам едно искуство од минатиот викенд кога бев до Битола и за враќање душата ни излезе по патиштата за кој професорот смета дека се океј. Конкретно, патен правец Плетвар-Градско. Уште од Плетвар не фати колона од возила каде што на почетокот беше океј, возевме со по 80 км/ч.
Но како одминуваа километрите и веќе наближувавме кон Дреновска клисура, темпото се успори на 40 до 60 км/ч и се така со тоа темпо, со таа брзина возевме до клучката Градско и автопатот коридор 10.
Кај Росоман имаше и блокирање на нормалното возење од страна на дрвосечачко возило кое возеше со 35-40 км/ч.

Затоа нека не паламудат овакви професори за тоа дали требало автопати или не, бидејќи од такви "експерти" патната мрежа ни е ваква, сите до еден заглавени во некое бившо југословенско време каде што не било битно дали до дестинацијата ќе стигнеш за 4 или 5 часа, битно да се измориш што е можно повеќе за едни мочани 150 км патување.

Edited by FiLo - 31-May-2019 at 19:37
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1329 Posted: 31-May-2019 at 20:07
Не е проблемот дека нашите „експерти“ во областите како градежништво/инфраструктура и архитектура се заглавени во југословенско време туку тоа дека се заглавени во Скопје. Професорите на УКИМ се луѓето кои треба да ги образуваат најквалификуваните кадри, луѓе кои утре ќе планираат и изведуваат многу важни проекти, а истите тие професори не се мрднати со години од каде што се наоѓаат, немаат никаков апдејт стручен со децении и на нема карта да ги прашаш Струмица кај се наоѓа нема да знат да ти покажат.

Тука има големо влијание и академскиот фетишизам кој владее неприкосновоено кај нас, па ако имаш „проф. д-р“ пред името - инстант си Бог и нема потреба веќе ништо друго да правиш во животот за да го одржиш тој статус.

Edited by hcitrS - 31-May-2019 at 20:09
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1330 Posted: 31-May-2019 at 20:10
Мислам дека погрешно си ја интерпретирал изјавата на професорот. Тој не вели дека патишта како Плетвар - Градско се добри, туку вели дека во мнозинството ситуации во Македонија подобро е да се има квалитетен пат со две ленти отколку автопат што немаме пари да го изградиме, ниту одржуваме.

Во конкретната ситуација (според него) подобро е да се изгради пат со две ленти што нема големи висински разлики и нема остри кривини, бидејќи нема сообраќај што ќе го направи логичен (економски) избор експресниот пат или автопатот. Ако нема толку непрегледни кривини и качи се/спушти се на Плетвар - Градско, тогаш мнозинството возила ќе можат навреме да претекнат и да се расчистува сообраќајот.

Ако одиме според моите желби и твојата логика тогаш цела држава ќе треба автопат да ја направиме Big%20smile

Инаку не се согласувам дека патната мрежа ни е лоша заради лоши професори, туку заради лоши политичари. Тоа што на прсти можат да се избројат патишта кои се пробиени после 1991 и тоа што најголем дел од патиштата не се рехабилитирани 30 години зборува многу за политиката на водење на државата, а не за професорите од градежен факултет.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1888
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1331 Posted: 01-Jun-2019 at 11:22
Непознавајќи го професорот ,ниту неговата стручност и познавање на тематиката, а уште помалку разбирајќи што сака тој да каже му наредивте епитети, браво!!

Човекот колку добро ја познава патната мрежа на Македонија и во каква состојба е, вие не сте извозеле ни пола од тоа.
Back to Top
FiLo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 48
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #1332 Posted: 01-Jun-2019 at 16:06
Ахам, океј, нека биде патната мрежа во Македонија одлична состојба, не ви требаат автопати, возете со 50 км/ч по магистрали во колона по саат време за растојание од 30 км каде што таквото возење предизвикува нервоза, па доста возачи одлучуваат да престигнуваат со ризични потези од типот на макази, па мораш не само да мислиш на тој пред тебе, туку и да гледаш во ретровизор да не има некој таков, па да му оставаш место да ти се упика затоа што покрај него и ти ќе загинеш.

Супер ни се патиштата, океј, така нека биде.

Edited by FiLo - 01-Jun-2019 at 16:07
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1333 Posted: 01-Jun-2019 at 17:58
Ажурирана карта на земјите од поранешна Југославија

За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4461
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1334 Posted: 02-Jun-2019 at 03:14
Богами Св. Никола е име на место откако Св. Никола му изгради автопат на селото.

Туку дека Црна Гора и Србија не се поврзани со автопат? Не сум знаел.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Bistro View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 25
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #1335 Posted: 03-Jun-2019 at 06:56
A Bitola i Prilep ne se poveke mesta
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1336 Posted: 19-Jun-2019 at 06:14
Гостивар-Кичево, некаде пред преминот Стража:





по преминот:









Edited by Џоле - 19-Jun-2019 at 06:14
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1337 Posted: 19-Jun-2019 at 08:53
Патарините се мал дел од инвестициите – патиштата ги градиме од кредити (инфографик)

Најголем дел од средствата што се инвестираат во патната инфраструктура во земјава се средства добиени од кредити. Дури 57,4% од средствата во годинешниов буџет на Јавното претпријатие за државни патишта се позајмувања од кинеската Ексим банка, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Светската банка (СБ) и Европската инвестициона банка (ЕИБ). Наспроти нив, само 15,4% од вкупните приходи планирани за 2019 година доаѓаат од плаќањето патарина од возачите, се наведува во годишната програма за работа на ЈП за државни патишта.

Вкупниот буџет на ова јавно претпријатие за 2019 година изнесува 289,1 милиони евра. Од нив, приливите од кредити учествуваат со 165,8 милиони евра, додека приходите од патарина, патна такса и акциза за нафтени деривати изнесуваат 123,3 милиони евра. Сопствените средства учествуваат со помалку од половина во вкупните приливи на финансии што ќе ги оствари ЈП за државни патишта годинава.

Во изјава за „Мета“, директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, посочува дека без кредитни задолжувања тешко ќе може да се гради и реконструира патната инфраструктура во постојниот забрзан обем.

– Ако не се кредитите од Светската банка и од Европската банка за обнова и развој, ние ќе можеме тука и таму да направиме некаква рехабилитација, нов пат да се изгради еднаш во 5 години бидејќи тоа се огромни средства – посочува Китанов.

Но, од друга страна, дополнува тој, приходите од патарини, патни такси и акцизи за нафтени деривати се неопходни за навремена исплата на ратите од кредитите за патиштата што се веќе изградени.

Предвидениот буџет на ЈП за државни патишта годинава ќе се полни и од нова наплатна рампа кај Гевгелија, која ќе се пушти во употреба за 10 – тина дена. Од неа ќе се собира патарината за користење на автопатот Демир Капија – Смоквица, по кој се вози повеќе од една година без плаќање на задолжителниот надоместок.

До наредната пролет ќе бидат изградени наплатните рампи кај Демир Капија, заедно со наплатните рампи „Кадрифаково“ и „Преод“ на автопатот Миладиновци – Штип. Патарината кај селото Арбиново на идниот автопат Кичево – Охрид ќе се пушти во употреба заедно со неговото отворање до 2021 година.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1338 Posted: 20-Jun-2019 at 08:59
Можеби треба и нова нишка да се отвори...

Сугарески најави автопат од Прилеп до Битола

Рехабилитацијата на патниот правец Битола – Демир Хисар се одвива со забрзано темпо и се очекува да заврши до август, најавија денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов кои извршија увид на градежните активности.

Станува збор за инвестиција вредна еден милион евра. Покрај ова, во моментот се работи и на изработка на проектната документација за изградба на експресниот пат Битола – Меџитлија која се очекува да биде готова следната година, а јавниот повик за изработка на проектната документација за автопатот Прилеп-Битола треба да биде распишан годинава.

– Развојот на пелагонискиот регион е многу значаен за целата држава и заради тоа во овој момент инвестираме преку 18 милиони евра во рехабилитација на патиштата. Периодов нашиот фокус е ставен на подготовки за изградба на експресен пат од Битола до Меџитлија и изградба на автопат од Прилеп до Битола – изјави Сугарески.

Тој очекува сериозен скок во реализацијата на капиталните инвестиции во вториот и третиот квартал од годинава.

– Капиталните инвестиции се врвен приоритет. Во ресорот транспорт тие се реализираат со добра динамика. Имаме над 30 проценти реализација во патиштата, над 36 проценти во гасоводот, а во делот на комуналната сфера исто така има силен интензитет на реализација така што реално очекувам вториот и третиот квартал да имаме голем скок на капиталните инвестиции – изјави Сугарески.

Според Сугарески, со забрзано темпо се одвива и изградбата на магистралниот гасовод од Неготино до Битола кој се очекува да биде завршен до крајот на годината.

Од Јавното претпријатие за државни патишта најавуваат дека оваа есен ќе продолжи рехабилитацијата на останатиот пат од Битола до Кичево, а ќе се реконструира и постоечкиот пат од Битола до Меџитлија.

– Исто така, ќе се реконструира уште еден многу значаен патен правец за овој регион – регионалниот пат Битола – Тополчани – Прилеп, а во тек е и јавен повик за поставување на заштитна ограда на обиколницата на Битола. Генерално, можам слободно да кажам дека оваа Влада досега најмногу вложува во Пелагонискиот регион – изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта.

Одговорајќи на новинарско прашање за железничката пруга Битола-Кременица, кон Грција, министерот рече дека градежните работи се завршени, се инсталира оптички кабел и дека очекува да биде наскоро пуштена за сообраќај.

https://plusinfo.mk/%D1%81%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B8-%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%82-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BF-%D0%B4%D0%BE/
За сè има вторпат
Back to Top
bakigvg View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 03-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote bakigvg Quote  Post ReplyReply #1339 Posted: 20-Jun-2019 at 09:10
Back to Top
AmyntA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Nov-2011
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 54
  Quote AmyntA Quote  Post ReplyReply #1340 Posted: 20-Jun-2019 at 09:36
Автопат Прилеп-Битола е целосна бесмислица. Проширување на постоечкиот до експресен е сосема доволно
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6566676869>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.248 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.