build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6667686970>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1341 Posted: 20-Jun-2019 at 14:14
Originally posted by AmyntA

Автопат Прилеп-Битола е целосна бесмислица. Проширување на постоечкиот до експресен е сосема доволно

Од кои причини автопат Прилеп - Битола е целосна бесмислица?
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1309
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #1342 Posted: 20-Jun-2019 at 14:32
Апсолутно погрешно и според мене, автопат Прилеп-Битола моментално е глупост, како прво автопатот ќе биди насредина неповрзан со друг автопатски коридор, протокот на возила не е толку голем за да се оправда таква делница, по логика ќе има две патарини, па најверојатно голем дел од граѓаните би го користеле стариот пат Битола-Прилеп(за кој е најавена реконструкција).

Проширување до експресен пат е идеално решение, би се вклопил во сликата експресен пат од Градско до Меџитлија. Поевтино и побрза реализација во секој случај, затоа што моменталната сосотојба на делницата е лоша на делови во катастрофална состојба.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
AmyntA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Nov-2011
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 63
  Quote AmyntA Quote  Post ReplyReply #1343 Posted: 20-Jun-2019 at 16:36
Originally posted by ironm

Originally posted by AmyntA

Автопат Прилеп-Битола е целосна бесмислица. Проширување на постоечкиот до експресен е сосема доволно

Од кои причини автопат Прилеп - Битола е целосна бесмислица?


Од елементарна причина што таму нема зачестеност на возила (https://meta.mk/na-tri-od-desette-na-frekventni-patni-pravczi-vo-makedoni-a-nema-avtopat-infografik/ не е ни во врвните десет во Македонија) ни за експресен пат, но сепак...
Back to Top
Théoden View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 80
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1344 Posted: 20-Jun-2019 at 18:24
Ако се распише повик за проектирање за автопат, не значи и дека ќе се изгради автопат. Ако воопшто се отпочне со реализација на овој проект, претпоставувам ќе биде налик на т.н. полуавтопати Штип-Кочани и Штип-Радовиш, со таа разлика што веројатно ќе може да се прошири сегашниот пат и нема да има пробивање на нова траса. Изјавата на министерот е во стандарден политички контекст.

Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 816
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #1345 Posted: 21-Jun-2019 at 01:26
Првото и најбитно прашање кон министерот треба да е кои се причините за подигање на патот од Прилеп до Битола на ниво на автопат наместо на проширен експресен пат со по две ленти во правец.
Јас лаички ако се прашам можам да претпоставам е дека има или предвидува поголема фрекфенција на луѓе и стоки помеѓу Прилеп и Битола како поголема стратешка определба за развој на пелагонискиот регион. Ако е тоа така сосема не е потребна инвестиција во проширување на патот до ниво на автопат туку едноставно воспоставување и субвенционирање на честа (секој пола саат во шпиц и секој саат преку ден) локална железничка врска Прилеп-Битола со 1-2 попатни стании како што се развиваат регионите во Германија.
Ем парите можат да се потрошат на друго побитно место, ем ова е во насока на помало загадување, ем се искуристува потенцијалот на постоечката инфраструктура и со тоа се вади многу повеќе дополнителна вредност него тоа што се прави сега.

Edited by mirakuliks - 21-Jun-2019 at 01:30
Back to Top
Bistro View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Online
Posts: 28
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #1346 Posted: 21-Jun-2019 at 10:09
Значи испаѓа..
Зошто им е на Прилепчани и Битолчани автопат, не се навикнати они, главно Штип има, не ке се гради сеа и у провинција, пруга има Битола-Прилеп и доволно им е.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 547
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1347 Posted: 21-Jun-2019 at 10:27
Не, автопатот до Штип е врска за уште 8-9 града и 2 гранични премина со Скопје. Автопат до Прилеп-Битола во моментов нема поента.
Back to Top
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #1348 Posted: 21-Jun-2019 at 10:36
Avtopat Prilep-Bitola nema poenta bez Avtopat Gradsko-Prilep. ili bar avtopat Medjitlija-Bitola pa na toj nacin vo idnina da postoi avtopat Prilep-Kozani i od tamu do cela Grcija.
Back to Top
Bistro View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Online
Posts: 28
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #1349 Posted: 21-Jun-2019 at 11:59
Во Грција автопатот е до самиот премин Меџитлија, значи 12 километри до Битола, ако чинеше патот од Росоман до Битола, сите (Срби, наши) кои одат кон Јонско море одовде доста поблиску е, ама овој дел од Македонија е слепо црево и затоа никој не транзитира, вака како шо стојат работите секоја наредна сондажа на сообраќај во овој дел ке испаѓа со се помала фреквенција
Back to Top
Grunf View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Grunf Quote  Post ReplyReply #1350 Posted: 21-Jun-2019 at 15:36
Ако није проблем да се умешам, члан сам из Србије, овде сам већ годинама, али се нисам оглашавао...
Прошао сам кроз и боравио у Македонији много пута и нека моја оцена, као човека са стране, да вам је мрежа аутопутева у односу на величину земње, број становника, а највише у односу на саобраћај који циркулише вашим путевима прилично добра. Проблем, као и у Србији је стање и одржавање тих аутопутева, као и главних државних (магистралних, како су се некад звали).
Конкретно, последњих неколико година летујем на Јонском мору, често свратим по 2-3 ноћи у повратку или одлсаку на Охрид и увек идем преко Прилепа и Битоле (не волим чекање на ГП Гевгелија/Евзони), 50км је дуже, занимљивије је и лепше преко Битоле и даље ка А2 у ГР. Пут Прилеп-Битола би био одличан и само да се одржава подлога и сигнализација у одличном стању, ја увек ту возим на темпомат 105-110км/ч, а то је довољан показатељ да ту нема ни довољно саобраћаја за аутопут. Од Градског ка Прилепу је већ друга прича и нова траса је баш потребна и драго ми је што видим да се ту нешто ради, а свакако би било потребно уредити део од Битоле ка Меџитлији и од Ресена ка Охриду.
Поздрав и надам се да није проблем што сам писао на српском, ваш језик одлично разумем, али мислим да не бих могао да пишем на македонском а да не буде смешно, а вероватно ме не би ни разумели.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1351 Posted: 23-Jul-2019 at 14:04
Тетово-Гостивар ќе биде стандарден автопат со по три ленти во правец

Тетово-Гостивар ќе стане автопат со по три коловозни ленти во еден правец, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишат Зоран Китанов од Тетовско каде беше во посета за да изврши увиди како оди реконструкцијата на делницата од Тетово до Попова Шапка. Причината за проширувањето на патот од Тетово до Гостивар, како што рече, е големата фреквенција на возила.

– Делницата А2 Тетово-Гостивар веќе е претесна. Дадена е проектната задача на Градежен факултет од каде имаат две алтернативни решенија. Двете се многу убави и на ниво на стандарден автопат, но ќе ја кажам само едната. Според тоа решение, лентите ќе бидат широки 3,75 метри со 3,5 метри и 2,5 метри. Градежен факултет има една опција со која може да тендерираме за главен проект да се обезбедат средства, па да се размисли втората варијанта која е многу интересна, рече Китанов.

Тој најави целосна реконструкција на патарините долж коридор 8 и воведување електронско плаќање. Во тетовскиот регион освен Тетово-Попова Шапка, додаде, ќе се реконструираат и други патни правци.

-Во тек е проектирање и во септември ќе започне рехабилитација на патот Карпалак-Желино во должина од 16 километри, потоа следи тендерска документација за патот Желино-Јегуновце. Со средства на Јавно претријатие за државни патишта се работи на делница Непроштено-Пршовце предвидени се осум милиони денари, Вратница-Јажинце премин со два милиона денари и во двата случаи подразбира гребење и нов асфалт. За делницата Тетово-Порој чекаме прво атмосферска канализација и водовод, па ние да работиме со асфалтирање на тој пат. Грпките нема да останат после реконструкција, рече Китанов.

Досега е завршена делница Пирок-Боговиње-Врапчиште со инвестирање на 15 милиони денари.

Вкупно низ Северна Македонија се работи на 400 километри регионални и магистрални патишта кои се реконструираат, но пари има и за други локални патиша, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

-Владата станува стратешки партнер на општините. Подготвуваме како Влада проект од 70 милиони евра од Светска банка поврзан со локалните патишта што ќе даде уште поголем бенефит за општините. Тие средства од наредна година ќе може да се користат не само за регионални и магистрални, туку и за локални патишта, рече Сугарески.

Дополнително ќе се работи и на новите експресни патишта, како и на интензивирање на градбата на автопатот Кичево-Охрид.

https://lokalno.mk/tetovo-gostivar-ke-bide-standarden-avtopat-so-po-tri-lenti-vo-pravets/

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1831
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1352 Posted: 23-Jul-2019 at 16:54
Одлично, полн профил
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 547
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1353 Posted: 23-Jul-2019 at 21:37
Што би можело да биде втората варијанта?
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #1354 Posted: 23-Jul-2019 at 21:50

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ТЕТОВО-ПОПОВА ШАПКА

Врз делница Тетово-Попова Шапка се прави „жолт фидинг“ што подразбира санирање на дупки па поставување асфалт над целиот коловоз.

-Овој е еден од основните патишта кои минатата година веднаш го ставивме за проектирање и рехабилитација бидејќи сакаме да развиваме туризам, сакаме да ги развиваме нашите туристички места. Тетово-Попова Шапка е еден од дванаесетте патишта ставен преку проект на Светска банка преку „жолт фидинг“ да се гради и рехабилитира. Иако начелно компанијата треба да го направи до нова година, јас гарантирам дека до септември ќе биде готово, изјави Китанов.

Градоначалничката Арифи потенцира дека е значајно што се соработува со Владата за вакви поголеми зафати.

-Ове значаен пат како за општината, така и за цела околина, имајќи го во предвид туристичкиот аспект и големиот број места кои се поврзуваат. Тоа е инфраструктурна придобивка согласно концептот на децентрализација и партнертство на општини и Владата. Со средства на ИПА и на Светската банка од 1,5 милион евра ние и во викенд населбата ќе инвестираме во патната инфраструктра. Имаме информации дека првата фаза е прифатетна. Ќе се постават пропратно фекална и атмосферска канализација, рече Арифи.

Министерите Сугарески и Бектеши на новинарски прашања дали се размислува за градба на нова жичарница, истакнаа дека во момнтов се размислува што треба приоритено да се направи.

-Владата сериозно размислува и она што во моментов се случува е првиот показател. Минатиот период многу се зборувало дека се сака да се инвестира, но тоа треба да се случи на дело. Владата инвестира во делот на патот и не само во делот на патот и секаде каде е потребно, бидејќи Попова Шапка е еден од клучните туристички центри во нашата држава и тоа ќе се случи, рече Сугарески.

Министерот Бектеши посочи дека во моментов се прават две анализи за економска оправданост за инвестирање во иднина што се под надлежност на Елем Турс.

-До октомври консалтинг агенција треба да ја достави анализата по што ние како Влада ќе одлучиме дали ќе биде под концесија или преку јавно приватно партнерство. Мора да има детална анализа, рече Бектеши.


https://glas.mk/2019/07/%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%BE/?fbclid=IwAR3C2AzxKeLiKQEnalv_mEt3AKcdqDGyU8AqhqlatOUpxsTjARkr1FGUTUc

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1914
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1355 Posted: 26-Jul-2019 at 18:53
Ги забележал ли некој индуктивните сензори кој се поставени на повеќе патишта низ Македонија. Деновиве возејќи на повеќе патни правци забележав индуктивни сензори поставени во асфалтот и куќарки покрај нив.
Дали конечно во државава се бројат возилата на еден пат без користење на работна сила по патишта?!
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 534
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1356 Posted: 26-Jul-2019 at 19:42
Da na mnogu mesta se postaveni takvi induktivni jamki za merenje na intenzitetot na vozilata niz drzavata ...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2999
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1357 Posted: 01-Aug-2019 at 10:31
Здуњската крстосница – нерешлив сообраќаен јазол

ТЕСНИТЕ ГРЛА ЛОШИ ЗА ИМИЏОТ НА ДРЖАВАТА

Домашни гости, странски туристи и други патници што со возило се враќаат од Охрид или од Струга кон Скопје се револтирани од долгото чекање, застојот што се создава во сообраќајот и од тесните грла на магистралниот пат Кичево – гостиварска обиколница, што секако фрла лоша слика и за државата воопшто. Возачите велат дека за толку време, изгубено во чекање, се стигнува до која било дестинација, односно дека повеќе време потрошиле во чекање отколку во патување до Скопје или до Солун на пример

Неколку стотини возачи и нивните сопатници во неделата во доцните попладневни и вечерни часови беа нервозни чекајќи во неколкукилометарската колона што се создаде пред здуњската крстосница на западната магистрала Кичево – гостиварска обиколница. Тесното грло се создало уште кај церската крстосница со вклучувањето на возилата од регионалниот пат Дебар – Маврови Анови – Гостивар. Ова ни го потврдија неколкумина гостиварци што се вклучиле во сообраќајот во неделата навечер и долго чекале за да се вклучат во сообраќајот на магистралниот пат, а чекањето потоа дополнително се развлекло уште еден час и повеќе за да ја минат крстосницата.

Домашни гости, странски туристи и други патници, кои се враќаат од Охрид или од Струга, се револтирани од долгото чекање и од застојот што се создава во сообраќајот што, секако, фрла лоша слика и за државата воопшто. Велат за толку време, изгубено во чекање, се стигнува до која било дестинација, односно дека повеќе време потрошиле во чекање отколку во патувањето до Скопје на пример.
Жителите од гостиварските населби Здуње, Равен, Вруток и Речане со овој проблем, пак, се соочуваат секој ден.

– За да се вклучиме во сообраќајот на магистралниот пат од нашите села чекаме по десетина минути, а во шпицовите на денот, особено во овие летни месеци кога печалбарите се дојдени во родниот крај и двојно повеќе – ни објаснуваше Асан Реџепи од селото Равен.

Ако се земе предвид дека има денови кога по овој пат минуваме по неколкупати, може да замислите колку време губиме непотребно. За да се надмине овој сообраќаен проблем, треба да се проектира ново сообраќајно решение, што ќе обезбеди побрзо и побезбедно движење на возилата, велат нашите соговорници.
Токму утрово, од Скопје телефонски ми се јави пријателот Стево Јошески и револтиран ме замоли да напишам текст (без да знае дека веќе работам на темата) за хоророт што неколку стотини граѓани го доживеале пред два дена, во неделата навечер, чекајќи во долга, непрегледна колона за да го минат семафорот на магистралниот пат Кичево – гостиварска обиколница.

Крајно време е да се разбуди свеста на надлежните и на актуелната власт. Жалосно е да се чека по час-два да се мине еден семафор, а потоа во Скопје да се стигне за двојно помалку време – искоментира мојот соговорник Јошевски. Но како да се надминат овој сообраќаен проблем и хаос, кои особено се присутни во празничните и викенд-деновите, во летниов период кога за неколкупати е зголемена фреквенцијата за разлика од другите месеци од годинава. Во овој период од годината во родниот крај присуствуваат и неколку илјади нашинци, кои се наоѓаат на привремен престој и работа во западноевропските држави и претежно од нив доаѓаат со автомобили.
Во потрага по одговори од надлежните институции и органи за посочениот проблем добивме објаснување од урбанисти и архитекти, на кои оваа проблематика им е добро позната, и кои велат дека уште многу години семафорот на здуњската крстосница, на западната магистрала – гостиварска обиколница – Кичево ќе биде проблем.

Според нив, овој проблем е предочен уште пред дваесетина години кога учествувале во објаснување со надлежните на тогашниот Фонд за патишта на Македонија, кога на населението им ги претставиле трите варијанти, односно трите можни проектни решенија за изградба на автопатот Гостивар – Кичево. Поради немањето средства не се пристапило кон изградба на автопат на гостиварската обиколница. На проектното решение според кое требало да се гради автопатот, на трасата се изградени објекти за бизнис и за домување и гробишта. Според мислењето на поранешните архитекти и урбанисти вработени во Секторот за градежништво на општината Гостивар, кои се вклучени во оваа проблематика, проблемот ќе се реши кога ќе започне да се гради автопатот Гостивар – Кичево.

– Се планираше да се изгради кружен тек и на тој начин да се реши здуњското патно тесно грло, а дотогаш овој проблем ќе биде уште поизразен. Возачите ќе се нервираат, залудно непотребно ќе губат време, пари. Дали надлежните министерства, институции, агенции, ќе го согледаат проблемот и ќе се преземат активности или ќе чекаат да започне изградбата на автопатот Гостивар – Кичево останува нејасно – велат нашите соговорници. Сите тие се согласни дека тесното сообраќајно грло негативно се одразува врз стопанството, во развојот на езерскиот, планинскиот, зимскиот и бањскиот туризам во овој дел на Македонија.

Секој викенд физичка регулација на сообраќајот
Од СВР-Тетово побаравме одговор што преземаат за побрз протокот на сообраќајот на оваа крстосница. За „Нова Македонија“, Марјан Јосифовски, портпарол на СВР-Тетово, даде одговор за проблемот.

– Од почетокот на летната туристичка сезона, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи – Тетово, полициска станица Гостивар, секој петок, сабота и недела редовно се присутни на здуњската крстосница и вршат физичка регулација на сообраќајот од 18 часот и 30 минути до 23 часот и 30 минути, со давање предност на минување на возилата што се движат од Кичево кон Гостивар, а потоа повремено се пропуштаат и другите возила, кои кон крстосницата наидуваат по улицата ЈНА. Истото е практика и во другите денови, доколку има поголема фреквенција на возила.Во текот на викендите, исто така, посебно внимание ѝ се посветува и на забраната за движење на тешки товарни возила, во согласност со важечките знаци и прописи. Меѓутоа, како резултат на значително зголемениот број возила по магистралата кон Охрид и Маврово и обратно, повремено се создаваат застои во одвивањето на сообраќајот, посебно во доцните попладневни и вечерни часови.

Секторот за внатрешни работи – Тетово вложува максимални напори да обезбеди непречено и безбедно движење на возилата на целото подрачје, особено и на оваа крстосница – велат од СВР-Тетово.

За привремено, брзо и евтино ублажување на овој проблем, за намалување на времето на чекање пред здуњската раскрсница, според мислењата на стручњаците, потребно е да се направи реконструкција на стариот пат, кој се одделува од близината на мостот на реката Вардар, кај селото Здуње и по него би се движеле возилата за Гостивар, а со тоа ќе се растовари од возила обиколницата.

Инаку, за целосно решавање на овој сообраќаен проблем се потребни огромни парични средства, време и ќе се реши со изградбата на автопатот на гостиварската обиколница од наплатната рампа кај Гостивар, до здуњската крстосница, од каде што треба да се гради автопатот Гостивар – Кичево.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/здуњската-крстосница-нерешлив-сообр/?fbclid=IwAR35I2AfZpNEFzxaqC3L1ofmXobJVyA5SFVYXS9g_dNKkE10cg2R3R7jiXk
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12387
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1358 Posted: 21-Aug-2019 at 19:35
Реконструкција на патот Богданци-Фурка (извор: фб профилот на Горан Сугарески)





За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1359 Posted: 21-Aug-2019 at 19:52
Ова мене како нов пат ми изгледа, а не реконструкција.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1914
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1360 Posted: 21-Aug-2019 at 22:46
Мислам дека се работи за темелна реконструкција. Овој пат беше многу оштетен ,а веројатно и никогаш не бил саниран од неговата изградба (односно не вака реновиран). Лани често минував по него (додуша не до Фурка бидејќи не ме водел патот таму, ама Валандово и Дојран ), не беше премногу лош за возење но сепак налик Гевгелија - Богданци, односно лоша состојба, со многу оштетена подлога.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6667686970>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.