build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 676869
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Bistro View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 26
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #1361 Posted: 22-Aug-2019 at 06:40
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12252
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1362 Posted: 06-Sep-2019 at 09:14
Завршивме со рехабилитација на регионалниот пат Р1207, делница Младо Нагоричане – Пелинце, инвестиција од 1,2 милиони евра.









фото: фб профилот на Горан Сугарески
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1363 Posted: 06-Sep-2019 at 18:22

Ако е навистина до граничниот премин, тогаш браво.

Инаку, ова на фотографиите и пред оваа реконструкција беше во добра состојба. Ужасот почнуваше по селото Старо Нагоричане.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1364 Posted: 11-Sep-2019 at 20:05
Завршена е и обновата на регионалниот пат Драчево-Зелениково, односно до кракот кон селото Таор. Патот беше во катастрофална состојба, па така конечно доживеа обнова. За жал слики немам, ама е добар за возење.
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 77
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #1365 Posted: 12-Sep-2019 at 08:38
Завршена е реконструкцијата на 15км од патот Делчево - Пехчево и на патот Берово - Клепало (граничен премин). Извршена е реконструкција на најоштетените 15км од вкупно 40 од патот Виница - Берово. Во сите три случаи се гребеше асфалтот па се нанесоа 2 нови слоја, беше извршена замена на еластичните огради и беше поставена нова сигнализација.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2643
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1366 Posted: 12-Sep-2019 at 12:31
Реконструкција на патот Маврово-Никифорово(од фб)





Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12252
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1367 Posted: 12-Sep-2019 at 13:51
И патот кон Леуново е во очајна состојба, треба да се обнови.
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1368 Posted: 12-Sep-2019 at 19:24

Во веста од денес беше наведено дека наредната година ќе се продолжи со обнова на кракот Бунец-Леуново, а исто така беше споменато и дека ќе се работи на Маврово (брана)-Жировница
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2643
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1369 Posted: 18-Sep-2019 at 16:41
Од фб на ЈПДП

Куманово-Опае





...

Берово-Граничен премин Клепало



Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2643
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1370 Posted: 24-Sep-2019 at 07:02
Распишан тендерот за реконструкција на патот Куманово – Страцин на Коридорот 8

Јавното претпријатие за државни патишта догодина планира да ја комплетира реконструкцијата на магистралниот пат Куманово – Ранковце, како еден сегмент од проектот за модерно патно поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Распишан е тендерот за реализација на втората фаза од санацијата на делницата меѓу Куманово и Страцин долга 16,6 километри, која што е дел патот Куманово – Ранковце долг 31,8 километри.

Понудите од градежните компании ќе се собираат до крајот на октомври, по што ќе се избере најповолниот понудувач што ќе ја изведува втората фаза од реконструкцијата на патниот правец меѓу Куманово и Страцин.

Преостанатите километри од оваа траса ќе се санираат преку посебен тендер на Делегацијата на ЕУ, бидејќи станува збор за проект финансиран од ИПА средства. Во насока на целосна санација на патот меѓу Куманово и Крива Паланка, ЈП за државни патишта веќе ја финишира обновата на патот од Ранковце до Крива Паланка со должина од 21 километар.

Во претстојните недели треба да биде познат и изведувачот на проширувањето на патот меѓу Крива Паланка и граничниот премин Деве Баир, каде во должина од 13 километри треба да се реконструира коловозот и да се изгради трета коловозна лента.

Целта на македонските државни власти е до крајот на 2021 година да биде целосно модернизирано постојното патно поврзување со Бугарија, како и да биде изграден новиот експресен пат меѓу Ранковце и Крива Паланка.

Средствата за реконструкција на патот од Куманово до Страцин се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта и од ИПА програмата на ЕУ. Дополнително, за проширувањето на последната делница од Крива Паланка до Деве Баир е земен кредит од ЕБОР во висина од 10 милиони евра.

https://meta.mk/raspishan-tenderot-za-rekonstrukcziјa-na-patot-kumanovo-straczin-na-koridorot-8/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2643
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1371 Posted: 24-Sep-2019 at 12:51
Пречекорен рокот за асфалтирање на последниот километар Тетово – Попова Шапка



Иако на 5 септември годинава, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека во рок од две недели последниот километар од патниот правец Тетово-Попова Шапка ќе се асфалтира, ова ветување не е одржано и патот до денес остана неасфалтиран.

Од министерството известуваат дека министерот Бектеши во текот на неделата ќе ја посети Попова Шапка за да ги следи работните активности на реконструкцијата на патниот правец, пренесува „Порталб.мк“.

Патот Тетово-Попова Шапка требаше да се асфалтира во должина од 18 километри, меѓутоа последниот километар од истиот остана не асфалтиран. После неколку недели нејаснотии околу тоа под чија надлежност е овој правец, министерот Бектеши рече дека делот кој е регионален пат ќе се асфалтира во целост во рок од две недели од датумот 5 септември, но истиот се уште не е асфалтиран. Од министерството за економија велат дека за идните активности министерот ќе известува лично во текот на увидот на градежните работи.

„Министерот Бектеши во текот на оваа недела ќе врши увид врз градежните работи за реконструкција на патниот правец Тетово -Попова Шапка и ќе ве информира за следните активности“, велат за „Порталб.мк“, од министерството за економија.

Рехабилитацијата на патот Тетово-Попова Шапка започна во мај годинава и треба да заврши во септември. Патот до сега е асфалтиран до еден километар од влезот во ски-центарот. Од Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ побараа додека машините стојат на место, да се продолжи патот за уште еден километар.

https://meta.mk/prechekoren-rokot-za-asfaltiraњe-na-posledniot-kilometar-tetovo-popova-shapka/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12252
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1372 Posted: 15-Oct-2019 at 09:40
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 676869

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.