build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 67686970>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Bistro View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #1361 Posted: 22-Aug-2019 at 06:40
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12332
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1362 Posted: 06-Sep-2019 at 09:14
Завршивме со рехабилитација на регионалниот пат Р1207, делница Младо Нагоричане – Пелинце, инвестиција од 1,2 милиони евра.









фото: фб профилот на Горан Сугарески
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 756
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1363 Posted: 06-Sep-2019 at 18:22

Ако е навистина до граничниот премин, тогаш браво.

Инаку, ова на фотографиите и пред оваа реконструкција беше во добра состојба. Ужасот почнуваше по селото Старо Нагоричане.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 756
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1364 Posted: 11-Sep-2019 at 20:05
Завршена е и обновата на регионалниот пат Драчево-Зелениково, односно до кракот кон селото Таор. Патот беше во катастрофална состојба, па така конечно доживеа обнова. За жал слики немам, ама е добар за возење.
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 77
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #1365 Posted: 12-Sep-2019 at 08:38
Завршена е реконструкцијата на 15км од патот Делчево - Пехчево и на патот Берово - Клепало (граничен премин). Извршена е реконструкција на најоштетените 15км од вкупно 40 од патот Виница - Берово. Во сите три случаи се гребеше асфалтот па се нанесоа 2 нови слоја, беше извршена замена на еластичните огради и беше поставена нова сигнализација.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1366 Posted: 12-Sep-2019 at 12:31
Реконструкција на патот Маврово-Никифорово(од фб)





Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12332
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1367 Posted: 12-Sep-2019 at 13:51
И патот кон Леуново е во очајна состојба, треба да се обнови.
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 756
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1368 Posted: 12-Sep-2019 at 19:24

Во веста од денес беше наведено дека наредната година ќе се продолжи со обнова на кракот Бунец-Леуново, а исто така беше споменато и дека ќе се работи на Маврово (брана)-Жировница
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1369 Posted: 18-Sep-2019 at 16:41
Од фб на ЈПДП

Куманово-Опае





...

Берово-Граничен премин Клепало



Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1370 Posted: 24-Sep-2019 at 07:02
Распишан тендерот за реконструкција на патот Куманово – Страцин на Коридорот 8

Јавното претпријатие за државни патишта догодина планира да ја комплетира реконструкцијата на магистралниот пат Куманово – Ранковце, како еден сегмент од проектот за модерно патно поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Распишан е тендерот за реализација на втората фаза од санацијата на делницата меѓу Куманово и Страцин долга 16,6 километри, која што е дел патот Куманово – Ранковце долг 31,8 километри.

Понудите од градежните компании ќе се собираат до крајот на октомври, по што ќе се избере најповолниот понудувач што ќе ја изведува втората фаза од реконструкцијата на патниот правец меѓу Куманово и Страцин.

Преостанатите километри од оваа траса ќе се санираат преку посебен тендер на Делегацијата на ЕУ, бидејќи станува збор за проект финансиран од ИПА средства. Во насока на целосна санација на патот меѓу Куманово и Крива Паланка, ЈП за државни патишта веќе ја финишира обновата на патот од Ранковце до Крива Паланка со должина од 21 километар.

Во претстојните недели треба да биде познат и изведувачот на проширувањето на патот меѓу Крива Паланка и граничниот премин Деве Баир, каде во должина од 13 километри треба да се реконструира коловозот и да се изгради трета коловозна лента.

Целта на македонските државни власти е до крајот на 2021 година да биде целосно модернизирано постојното патно поврзување со Бугарија, како и да биде изграден новиот експресен пат меѓу Ранковце и Крива Паланка.

Средствата за реконструкција на патот од Куманово до Страцин се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта и од ИПА програмата на ЕУ. Дополнително, за проширувањето на последната делница од Крива Паланка до Деве Баир е земен кредит од ЕБОР во висина од 10 милиони евра.

https://meta.mk/raspishan-tenderot-za-rekonstrukcziјa-na-patot-kumanovo-straczin-na-koridorot-8/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1371 Posted: 24-Sep-2019 at 12:51
Пречекорен рокот за асфалтирање на последниот километар Тетово – Попова Шапка



Иако на 5 септември годинава, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека во рок од две недели последниот километар од патниот правец Тетово-Попова Шапка ќе се асфалтира, ова ветување не е одржано и патот до денес остана неасфалтиран.

Од министерството известуваат дека министерот Бектеши во текот на неделата ќе ја посети Попова Шапка за да ги следи работните активности на реконструкцијата на патниот правец, пренесува „Порталб.мк“.

Патот Тетово-Попова Шапка требаше да се асфалтира во должина од 18 километри, меѓутоа последниот километар од истиот остана не асфалтиран. После неколку недели нејаснотии околу тоа под чија надлежност е овој правец, министерот Бектеши рече дека делот кој е регионален пат ќе се асфалтира во целост во рок од две недели од датумот 5 септември, но истиот се уште не е асфалтиран. Од министерството за економија велат дека за идните активности министерот ќе известува лично во текот на увидот на градежните работи.

„Министерот Бектеши во текот на оваа недела ќе врши увид врз градежните работи за реконструкција на патниот правец Тетово -Попова Шапка и ќе ве информира за следните активности“, велат за „Порталб.мк“, од министерството за економија.

Рехабилитацијата на патот Тетово-Попова Шапка започна во мај годинава и треба да заврши во септември. Патот до сега е асфалтиран до еден километар од влезот во ски-центарот. Од Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ побараа додека машините стојат на место, да се продолжи патот за уште еден километар.

https://meta.mk/prechekoren-rokot-za-asfaltiraњe-na-posledniot-kilometar-tetovo-popova-shapka/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12332
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1372 Posted: 15-Oct-2019 at 09:40
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1373 Posted: 24-Oct-2019 at 16:35
ЗАГЛАВЕНА ПОПРАВКАТА НА ПАТОТ НА ИСТОЧНИОТ ВЛЕЗ НА ВЕЛЕС



Ако до пред три месеци Велешани се потсмеваа, сега се крајно револтирани што и по година и пол од одронот на десетици тони камења, оштетениот пат на источниот влез на Велес сеуште не е поправен. За тоа е свесен и градоначалникот Аце Коцевски, но се правда дека патот не е општинска надлежност. Вели дека единствено што можел да направи, е да инсистира кај јавното претпријатие за државни патишта, во еден проект да го санира и патот, но и опасната карпа, која повторно се заканува да се урне врз него.

Од Јавното претпријатие за државни патишта уште пред четири месеци изјави дека санацијата била предвидена во планот за јавни набавки за годинава, а во постапка била изработка на техничка документација, по што требаше да се распише тендер за изведувач. Но, на два месеци пред крајот на годината, градежни работи сеуште нема.

„Јавното претпријатие за државни патишта објави јавна набавка за избор на изведувач за санација на предметното свлечиште (одрон). Во тек е евалуација на доставените понуди.“

Луѓето кои живеат во близина на ова место коментираат дека со падот на температурите, во опасност од мрзнење се главните доводни цевки за вода, кои ја снабдуваат блиската фабрика за кожи и уште неколку куќи, а кои од оштетувањата на патот, се изложени на секакво атмосферско влијание. Во меѓувреме и сообраќајот на оваа делница се одвива отежнато, посебно во вечерните часови.

Одронот се случи во март минатата година, а оваа делница беше во прекин повеќе од еден месец, бидејќи толку време се чекаше да се исчистат карпите од патот. Оттогаш до денес помина една и пол година, а државата сеуште ја чека документацијата.

https://24.mk/details/zaglavena-popravkata-na-patot-na-istochniot-vlez-na-veles
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1374 Posted: 28-Oct-2019 at 17:46
До крајот на ноември ќе биде комплетно реконструиран патот Гостивар – Кичево

Последната нереконструирана делница од патот Гостивар – Кичево ќе биде готова во текот на ноември. Трасата од Здуње до Гостивар е со должина од 4,6 километри, за чија обнова од Јавното претпријатие за државни патишта имаат издвоено 520.000 евра.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, денеска извршија увид во реконструкцијата на оваа делница. Тие информираа дека во наредните десет дена ќе биде комплетно затворен за користење патот меѓу Здуње и Гостивар, со цел побрзо да се постави нов асфалт на овој патен правец.

Во изминатиов период беше извршена етапна реконструкција на патот меѓу Гостивар и Кичево, а беа санирани и мостовите долж оваа траса.

Министерот Горан Сугарески посочи дека активно се работи на изградба и реконструкција на патната мрежа во земјава.

– Досега изградивме и реконструиравме 770 километри патна мрежа со вкупна вредност од преку половина милијарда евра. Годинава ќе ја завршиме со преку 500 километри реконструирани патишта, од кои најголем дел биле заборавени и не беа реконструирани со децении – изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

https://meta.mk/do-kraјot-na-noemvri-ќe-bide-kompletno-rekonstruiran-patot-gostivar-kichevo/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 756
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1375 Posted: 28-Oct-2019 at 18:00

Единствената пофалба е дека годинава удрија на асфалтирање на стари делници, особено на регионални патишта, кои не добиле обнова од првиот асфалт
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1376 Posted: 04-Nov-2019 at 17:06
Сѐ уште се возиме по илјадници километри локални патишта од земја и макадам (инфографик)



И во дваесет и првиот век, постојат стотици патишта во земјава по кои граѓаните сѐ уште возат по земја и макадам. Асфалт, бетон или коцка како коловоз имаат само 62,6 отсто од македонските патишта. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2018 година имало 4.191 километар земјени и непросечени патишта, додека на 1.251 километар се возело по макадам.

Станува збор првенствено за споредни патишта од локално значење, кои водат до руралните населени места низ општините во земјава. И покрај тоа што по нив сообраќаат незначителен број на возила, во статистичките податоци тие заземаат значајно место. Од вкупно 14.559 километри патишта низ земјава, на дури 5.442 километри не се вози по асфалт.

Дека состојбата со патната инфраструктура не е сјајна во нашата земја, не покажува единствено видот на коловозот на патните правци. До крајот на 2018 година, само 287 километри од патиштата во земјава биле издигнати на ниво на автопат. „Мета.мк“ веќе ги објави податоците за 10 – те најфреквентни патишта низ земјава, кои покажуваат дека три од делниците на кои имало најмногу сообраќај во 2017 година не се проширени во автопатски профил.

https://meta.mk/sѐ-ushte-se-vozime-po-ilјadniczi-kilometri-lokalni-patishta-od-zemјa-i-makadam-infografik/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 756
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1377 Posted: 04-Nov-2019 at 21:22
Освен оваа година што Владата конечно по неколку години најави на проекти за регионални и локални патишта, останатите години не се мрдаше со прст.

Како страствен велосипедист и шетач на Македонија службено со проектот „Викиекспедиции“ и посетени над 500 села од државава, можам да кажам дека ситуацијата е особено очајна во најсиромашните делови на Македонија, а тоа се Североисточниот дел (Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане), средишниот дел (Општина Чашка) и Мариово.

Инаку, еден куриозитет е дека постојат десетина примери на кои сме наишле и се феномен е да почне асфалт, да прекине, и по 3-4 километри земја пак да се појави асфалт. Македонска логика
Back to Top
alexr View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Nov-2014
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote alexr Quote  Post ReplyReply #1378 Posted: 10-Nov-2019 at 01:18
Значи тотално несфатливи ми се тврдењата дека не треба да има автопат Битола-Прилеп. Оваа работа не треба ни да се дебатира, бидејќи делницата е дел од пан-европскиот коридор 10d, којшто нормално, треба да биде автопат. Иако не е за дебата, ќе наведам неколку причини зошто треба да има:

- Како што напишав погоре, делницата е дел од коридорот 10d кој се поврзува со Виа Игнација и треба да биде автопат. Кај нас тоа што прават измислици во стилот на експресните патишта е друга работа. Грците направија автопат кај Лерин до граничниот премин Меџитлија. Која е логиката Грците да направат, а од наша страна да нема автопат? Грците будали, ние паметни.
- Тотална глупост е дека не е фреквентен тој правец. Сообраќај има и тоа како. Покрај автомобили има и доста камиони кои го кочат сообраќајот. Тие што патуваат по правецот Битола-Скопје знаат добро каква катастрофа е патот Битоола-Прилеп и Плетварот... неверојатно малтретирање.
- Оваа делница е една од најцрните точки во Македонија. Имаше некаде на форумот постирано мапа со статистики за црните точки. Колку што се сеќавам, Битола-Прилеп беше на врвот. Ако успеам да ја најдам сликата, ќе ја постирам.
- Битола е втор град по големина и важност во државата, а постојано игнориран и дискриминиран. Голем дел од градовите во Македонија имаат пристап до автопат и во поново време експресен, додека Битола нема во ниеден правец пристап до автопат. На која страна и да тргниш од Битола, нема здрав пат.

Освен ова, има и еден друг многу важен аспект за кој никој не дискутира. Сте запнале во фреквентноста. Ај пробајте малку обратно да размислите - дека треба прво да се изгради автопат, па тоа да привлечи и поттикни поголема фреквенција на сообраќај. Како најпопуларен пример ќе го наведам Меѓудржавниот автопатен систем во САД (Interstate Highway System), кој беше инициран од претседателот Ајзенхауер во 50те години. Овој систем е еден од најважните проекти во историјата на Америка, проект кој ѝ донесе неверојатен развој и буквално го смени нејзиниот лик. Со самото градење на овој систем, се поттикна огромен економски раст, се зголеми мобилноста, се поттикна градењето на карактеристичните амерички предградија, се иницираа инвестиции и вработувања на самите коридори (бензински станици, хотели, трговски центри и сл.). За тие што ги интересира подетално за овој систем, посетете го линкот: The Interstate Highway System

Значи самото градење на автопати носи развој и ја зголемува фреквенцијата на сообраќајот и мобилноста. Така што, сите тези дека нема потреба од автопат се тотално погубни. Затоа сме на ова дереџе каде што сме - наместо да бараме да се градат што повеќе автопатишта, ние имаме луѓе со типично македонско размислување - противење на нешто за кое што не треба ни да има дебата дали да се прави или не.





Edited by alexr - 10-Nov-2019 at 01:50
Back to Top
FiLo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 51
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #1379 Posted: 10-Nov-2019 at 08:38
Си треба автопат Прилеп-Битола.
Исто како што си треба автопат и Прилеп-Градско (а не експресен или со додадена лента пат).

И кај Плетвар да се пробие тунел, а не да се губи време во искачување (зборам за камиони и други големи возила кои губат значително време во искачување и симнување на превојот.

И се сложувам со тебе alexr, имањето на автопат значи побрзо и побезбедно стигнување до одредена дестинација, а тоа придонесува да се патува почесто бидејќи ако знам дека од излез на Скопје до влез на Битола можам константно да возам 120-130 км/ч, реално за максимум 1.5 часа би бил во Битола, а не сегашните 2.5 часа.

Како што кажа, дури и на Прилеп-Битола, на таков рамен и прав пат можеш да заглавиш позади камион, особено 2 камиона, автобус.
Летоска имав ситуација и два-тројца со нормални коли да возеа со 60-70 км/ч на таков прав пат

Edited by FiLo - 10-Nov-2019 at 08:48
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 571
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1380 Posted: 10-Nov-2019 at 13:29
Според најавите на владата изминативе година дена планот е да се направи проект за автопат Битола - Прилеп. Засега уште нема ништо.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 67686970>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.