build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6869707172>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 555
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1381 Posted: 12-Nov-2019 at 13:21
Najdobrata varijanta spored mene bi bila , od Gradsko do Prilep ekspresen pat koj sto se gradi , a od Prilep do Bitola isto taka ekspresen pat so moznost vo idnina da prerasne i vo avtopat i isto taka od Bitola do granicen premin Medzitlija da se prodolzi so ekspresen pat , ama za ova da se sluci mislam deka treba mnogu godini , ima nekoj najavi a sto ke ispadne ostanuva da vidime.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1891
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1382 Posted: 12-Nov-2019 at 17:00
Чекајте малку, чекор по чекор во вистинска смисла на зборот. Прво да ги направат тие 2км накај Косово до 2024та па "отом потом"
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Bistro View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 34
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #1383 Posted: 12-Nov-2019 at 17:21
Битолчани ионака се мирни, не се бунат тие за ништо, не е хитно таму да се гради сега. Што ке им е нив автопат, не се учени тие на добри патишта.
Back to Top
AleksandarTheGreat View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Jul-2019
Online Status: Offline
Posts: 33
  Quote AleksandarTheGreat Quote  Post ReplyReply #1384 Posted: 13-Nov-2019 at 09:12
Изградбата на автопат Велес-Прилеп-Битола-Меџитлија треба да е врвен приоритет на ЈПДП и владата. Со тој автопат патувањето од Скопје до Кожани се скратува за околу 60ина километри, и истовремено ќе се растерети граничниот премин Богородица, а од друга страна ќе „проработи“ преминот Меџитлија. Но ние си имаме работа со премногу пасивна власт, независно која партија има формирано влада, и сите чекаат да дојдеме до процесот на преговори со ЕУ, за во тоа време да може да се повлечат пари од ЕУ за изградба на 10d.
Back to Top
Bistro View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 34
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #1385 Posted: 13-Nov-2019 at 11:54
За време на Груевски никнаа автопати насекаде околу Штип, према Велес, Према Скопје, сега гледам и према Радовиш и Струмица се гради, према Кочани нов пат, фали уште Штипските села автопатски да ги решат. Сега е време вероватно истото околу Струмица автопатски да се решат сите околни места. Нешто слично како кога Ѕинго беше на чело на ФСМ секоја година Силекс беше шампион, потоа Харалампие од Прилеп кога беше на чело на ФСМ Победа беше шампион. Така се владее кај нас.
Ок, се шо се гради е добро, макар и локалпатриотски.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1386 Posted: 24-Nov-2019 at 21:54
Реконструкција на локални и регионални патишта:

Р1302, Делчево-Пехчево, во должина од 10,8 km



Р1204, Кадрифаково-Штип, во должина од 7 km



Р1304, Берово-Виница, во должина од 11 km



Р2235, село Маврово-Никифорово, во должина од 6,6 km





Р2342, Тркање-Пишица, во должина од 9,8 km



Р1310, Берово-граница со Бугарија, во должина од 6,6 km



Р1107, Кавадарци-Росоман, во должина од 6,4 km







извор: фејсбук страницата на Јавно претпријатие за државни патишта

Edited by Џоле - 24-Nov-2019 at 21:56
За сè има вторпат
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 555
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1387 Posted: 25-Nov-2019 at 12:07
Dobro e sto se raboti na lokalnite patista niz drzavata , nekoj od niv ne se rekonstruirani duri od vremeto na Jugoslavija , da se nadevame deka vakviot trend na nivna rekonstrukcija ke prodolzi i ke nema poveke takov pat vo drzavata. Neznam samo zosto do sega seuste nema nikakva najava za rekonstrukcija na delot od Gradsko do Negotino na koridor 10 , i vo dvata pravci e mnogu osteten , ima udarni dupki , propadnat e , ispukan , mislam deka vladata pod itno mora da go sredi ovaa delnica od K10 ....
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1388 Posted: 03-Dec-2019 at 10:11
Реконструкција на регионалниот пат Старо Нагоричане-ГП Пелинце, инвестиција од 1,5 милиони евра. Патот ќе биде комплетно завршен до крај на овој месец.






Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1109, делница Фурка – Богданци - Гевгелија, со должина од 11 км. и вредност од 1,3 милиони евра. Средствата се обезбедени преку Светска Банка.




Рехабилитацијата на регионалниот пат Р1209, делница Тетово – Попова Шапка, со должина од 18,2 км и вредност од 1,7 милиони евра. Средствата се обезбедени преку Светска Банка.




Од фб страницата на Јавно претпријатие за државни патишта

Edited by Џоле - 03-Dec-2019 at 10:12
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1389 Posted: 08-Dec-2019 at 15:57
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1207, делница Младо Нагоричане - Пелинце, со должина од 10 км и вредност од 1,2 милиони евра.


За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1390 Posted: 09-Dec-2019 at 21:28
За сè има вторпат
Back to Top
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 79
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #1391 Posted: 05-Jan-2020 at 12:29
Primetiv vcera na avtopatot Skopje-Tetovo deka so mashini se raboti na kosenje na trevata i sreduvanje na zelenoto po stranite na avtopatot. Se kornat onie grmushki sto mnogu go nagrduvaat avtopatot, a gi ima rechisi na site avtopatishta vo Makedonija. Znae nekoj dali konechno kje stane praksa ova kaj nas (niz drugive drzavi mnogu e normalno avtopatishtata da se sreduvaat) ili ova e nesto momentalno, a se sreduvaat samo tie nekolku km pred Tetovo?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1392 Posted: 05-Jan-2020 at 16:38
Па, би требало да е секојдневна пракса на службите за одржување на патиштата. Конкретно за ова што го зборуваш, мислам дека одговорна за одржување е компанија на луѓе блиски до власта (ДУИ) која зема пари, а не работи речиси ништо.
За сè има вторпат
Back to Top
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 79
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #1393 Posted: 06-Jan-2020 at 00:28
Neznam koj e odgovoren ama mislam deka mora da se poraboti na sreduvanje na zeleniloto okolu patistata. Momentalnata situacija e katastrofalna. Znam deka mnogu raboti falat za da zboruvame za zeleniloto no licno za mene ova e bitna rabota i se nadevam kje pochne da se obrnuva vnimanie na ova vo idnina pa koj saka neka e odgovoren i chiiv saka neka e tenderot. Mene licno zeleniloto i gubreto od strana epten mi bodat ochi na avtopatite kaj nas. A isto me nerviraat i onie divi drva koi niknuvaat na sredina na Avtopatot. Se nadevam nekogas kje vozime po ubavi i sredeni avtopatishta. Sreduvanjeto na zeleniloto bar ne bi trebalo da e problem, a i ne e nekoja ekstremno skapa rabota

Edited by Bakica - 06-Jan-2020 at 00:30
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 699
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1394 Posted: 06-Jan-2020 at 11:10
Дрвата на средина од автопатите не никнуваат самите туку се свесно посадени за заштита. Не гледам ништо лошо во садење зеленило околу автопатите или во зелената лента помеѓу коловозите. Едноставно треба редовно да се уредува.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1929
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #1395 Posted: 06-Jan-2020 at 12:09
Одржувањето на зеленилото на автопатите имав шанси да го забележам неколку пати во 2019, а и во 2018, најчесто беше на А1 , на другите патишта сликата беше жална.
Back to Top
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 79
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #1396 Posted: 07-Jan-2020 at 13:03
@ironm
Se e toa OK dokolku se odrzuva i izgleda pristojno. Kaj nas situacijata e druga. Tie drvja vo sredina iako mozebi namerno zasadeni izgledaat kako divo niknati. A pretpostavuvam deka i golem del od niv se divo niknati bidejkji na delnici gledas po edno drvo ili grmushka na sredina totalno ne sredena kako da stanuva zbor za planina kade sto pasat ovci, a ne avtopat na koj se plakjaat patarini.

Edited by Bakica - 07-Jan-2020 at 13:04
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 112
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #1397 Posted: 07-Jan-2020 at 15:58
македонија пат плаќа, македонски шуми садат, државата сама си помага, од една државна во друга државна фирма, секаде македонски шуми садат, најстар дрворед е од гоцева шума до градско 2002 година, другите се понови, исто и косините се садени од мак шуми, и некој ке рече грдо изгледа, можеби оти не се оформувале од страна на инвеститорот, мислам дека треба да се кастрат со машини до одредена висина и ширина и че изгледат убаво. Тие имат и друга функција освен естетска, навечер возиш слободно со долги светла
последната нарачка е на 50,000 садници од багрем, за косините на миладиновци Штип, ама садењето ке го вршат вработени во македонија пат.
Back to Top
AleksandarTheGreat View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Jul-2019
Online Status: Offline
Posts: 33
  Quote AleksandarTheGreat Quote  Post ReplyReply #1398 Posted: 08-Jan-2020 at 13:04
Originally posted by elnino

македонија пат плаќа, македонски шуми садат, државата сама си помага, од една државна во друга државна фирма, секаде македонски шуми садат, најстар дрворед е од гоцева шума до градско 2002 година, другите се понови, исто и косините се садени од мак шуми, и некој ке рече грдо изгледа, можеби оти не се оформувале од страна на инвеститорот, мислам дека треба да се кастрат со машини до одредена висина и ширина и че изгледат убаво. Тие имат и друга функција освен естетска, навечер возиш слободно со долги светла
последната нарачка е на 50,000 садници од багрем, за косините на миладиновци Штип, ама садењето ке го вршат вработени во македонија пат.


„Малку поќе“ се од 50.000 садници, еве ти линк: https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/mtvjpdp_-_prezentacija.pdf
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 816
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1399 Posted: 09-Jan-2020 at 20:13
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1400 Posted: 10-Jan-2020 at 10:01
Ај, баш да видиме...

Годинава ќе се возиме по првите километри од Кичево – Охрид и по експресниот пат Штип – Крупиште

Околу 25 километри нови експресни патишта и автопати ќе можат да се користат од македонските возачи годинава, доколку се остварат планираните проекти од Годишната програма за работа на Јавното претпријатие за државни патишта. Пролетва како прва фаза од изградбата на новата патна врска меѓу Штип и Кочани ќе бидат пуштени во употреба 14,3 километри од експресниот пат Штип – Крупиште. Воедно, десетина километри од автопатот Кичево – Охрид годинава треба да бидат отворени за сообраќај, во делот меѓу Врбјани и Охрид.

Постојат различни проценки за тоа колкав дел од автопатот Кичево – Охрид ќе биде пуштен во употреба во 2020 година. Реалистичкото сценарио вели дека ќе може да се вози по околу 10 – тина километри, додека министерот за транспорт и врски Горан Сугарески деновиве изјави дека ќе направат сѐ за да се стави во функција целокупната делница од Врбјани до Охрид, долга 30 километри.

Годинава ќе биде значајна за комплетирање на клучните проекти од патната инфраструктура во земјава. Инвестиционата програма на ЈП за државни патишта за 2020 година предвидува вложување на 195 милиони евра во патиштата. Лани ова претпријатие исполнило речиси 85 отсто од планираните инвестиции во неговата Годишна програма за работа, односно околу 180 милиони евра.



Од новите проекти на кои ќе треба допрва да почне да се работи, 2020 година ќе ја одбележи изведбата на првите 2 километри од автопатот Скопје – Блаце. Изградбата на почетната фаза од овој автопат треба да стартува во првиот квартал од годината, а паралелно на неа ќе се работи и на довршување на проектната документација за втората фаза од целокупната траса долга 13 километри. Во периодот април – јуни треба да се распише и тендерската постапка за избор на компанија што ќе ја гради втората фаза. За проектот вреден 110 милиони евра целосно се обезбедени финансиските средства, а се очекува градежната механизација до крајот на 2020 година да работи паралелно на изведбата на двете етапи од автопатот Скопје – Блаце.

Годинава ќе биде значајна за распишувањето на новиот тендер за изведба на делницата меѓу Фаришката и Дреновската клисура на експресниот пат Градско – Прилеп, каде што има позначајно доцнење на изведбата на проектот, меѓу другото, и поради минатогодишното раскинување на договорот меѓу ЈП за државни патишта и шпанскиот изведувач. Месецов ќе биде објавена нова постапка за избор на фирма, која што ќе треба да продолжи со изградбата на преостанатите 65 отсто од идниот пат долг 10 километри.

Годинава треба да се распише и тендерот за изградба на првата фаза од автопатот Гостивар – Кичево. Станува збор за делницата од Кичево до селото Букојчани, со должина од 12,7 километри. Проектот е во вредност од 105 милиони евра, од кои 20 милиони евра се обезбедени како неповратен грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан, 79,2 милиони евра преку кредит од ЕБОР, додека од државниот буџет би се обезбедиле 6 милиони евра.

Меѓу позначајните проекти што треба да продолжат со изведба во следните 12 месеци е и втората фаза од експресниот пат Штип – Кочани (делница Крупиште – Кочани), втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп (делница Градско – Дреново), како и двете фази од експресните патишта Ранковце – Крива Паланка и Штип – Радовиш. Сите овие проекти треба да се пуштат во сообраќај во текот на 2021 година.

За годинава е планирана реконструкција на три автопатски делници од Коридорите 8 и 10 со должина од 28 километри. Во овој пакет се вклучени делниците Хиподром – Миладиновци, Миладиновци – Петровец и Петровец – Хиподром. Во наредните 12 месеци ќе продолжи реконструкцијата на главните патни врски кон Бугарија и Албанија, кои се составен дел од Коридорот 8. Во март треба да заврши реконструкцијата на делницата Ранковце – Крива Паланка. Истовремено, треба да отпочнат градежните работи на Куманово – Страцин и Крива Паланка – Деве Баир. Кон Албанија, во 2020 година конечно ќе стартува со изведба на долгогодишното ветување – рехабилитацијата на патот Струга – Ќафасан.

https://meta.mk/godinava-%d1%9ce-se-vozime-po-prvite-kilometri-od-kichevo-ohrid-i-po-ekspresniot-pat-shtip-krupishte/
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6869707172>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.438 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.