build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 697071
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 773
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1401 Posted: 09-Jan-2020 at 20:13
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12467
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1402 Posted: 10-Jan-2020 at 10:01
Ај, баш да видиме...

Годинава ќе се возиме по првите километри од Кичево – Охрид и по експресниот пат Штип – Крупиште

Околу 25 километри нови експресни патишта и автопати ќе можат да се користат од македонските возачи годинава, доколку се остварат планираните проекти од Годишната програма за работа на Јавното претпријатие за државни патишта. Пролетва како прва фаза од изградбата на новата патна врска меѓу Штип и Кочани ќе бидат пуштени во употреба 14,3 километри од експресниот пат Штип – Крупиште. Воедно, десетина километри од автопатот Кичево – Охрид годинава треба да бидат отворени за сообраќај, во делот меѓу Врбјани и Охрид.

Постојат различни проценки за тоа колкав дел од автопатот Кичево – Охрид ќе биде пуштен во употреба во 2020 година. Реалистичкото сценарио вели дека ќе може да се вози по околу 10 – тина километри, додека министерот за транспорт и врски Горан Сугарески деновиве изјави дека ќе направат сѐ за да се стави во функција целокупната делница од Врбјани до Охрид, долга 30 километри.

Годинава ќе биде значајна за комплетирање на клучните проекти од патната инфраструктура во земјава. Инвестиционата програма на ЈП за државни патишта за 2020 година предвидува вложување на 195 милиони евра во патиштата. Лани ова претпријатие исполнило речиси 85 отсто од планираните инвестиции во неговата Годишна програма за работа, односно околу 180 милиони евра.



Од новите проекти на кои ќе треба допрва да почне да се работи, 2020 година ќе ја одбележи изведбата на првите 2 километри од автопатот Скопје – Блаце. Изградбата на почетната фаза од овој автопат треба да стартува во првиот квартал од годината, а паралелно на неа ќе се работи и на довршување на проектната документација за втората фаза од целокупната траса долга 13 километри. Во периодот април – јуни треба да се распише и тендерската постапка за избор на компанија што ќе ја гради втората фаза. За проектот вреден 110 милиони евра целосно се обезбедени финансиските средства, а се очекува градежната механизација до крајот на 2020 година да работи паралелно на изведбата на двете етапи од автопатот Скопје – Блаце.

Годинава ќе биде значајна за распишувањето на новиот тендер за изведба на делницата меѓу Фаришката и Дреновската клисура на експресниот пат Градско – Прилеп, каде што има позначајно доцнење на изведбата на проектот, меѓу другото, и поради минатогодишното раскинување на договорот меѓу ЈП за државни патишта и шпанскиот изведувач. Месецов ќе биде објавена нова постапка за избор на фирма, која што ќе треба да продолжи со изградбата на преостанатите 65 отсто од идниот пат долг 10 километри.

Годинава треба да се распише и тендерот за изградба на првата фаза од автопатот Гостивар – Кичево. Станува збор за делницата од Кичево до селото Букојчани, со должина од 12,7 километри. Проектот е во вредност од 105 милиони евра, од кои 20 милиони евра се обезбедени како неповратен грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан, 79,2 милиони евра преку кредит од ЕБОР, додека од државниот буџет би се обезбедиле 6 милиони евра.

Меѓу позначајните проекти што треба да продолжат со изведба во следните 12 месеци е и втората фаза од експресниот пат Штип – Кочани (делница Крупиште – Кочани), втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп (делница Градско – Дреново), како и двете фази од експресните патишта Ранковце – Крива Паланка и Штип – Радовиш. Сите овие проекти треба да се пуштат во сообраќај во текот на 2021 година.

За годинава е планирана реконструкција на три автопатски делници од Коридорите 8 и 10 со должина од 28 километри. Во овој пакет се вклучени делниците Хиподром – Миладиновци, Миладиновци – Петровец и Петровец – Хиподром. Во наредните 12 месеци ќе продолжи реконструкцијата на главните патни врски кон Бугарија и Албанија, кои се составен дел од Коридорот 8. Во март треба да заврши реконструкцијата на делницата Ранковце – Крива Паланка. Истовремено, треба да отпочнат градежните работи на Куманово – Страцин и Крива Паланка – Деве Баир. Кон Албанија, во 2020 година конечно ќе стартува со изведба на долгогодишното ветување – рехабилитацијата на патот Струга – Ќафасан.

https://meta.mk/godinava-%d1%9ce-se-vozime-po-prvite-kilometri-od-kichevo-ohrid-i-po-ekspresniot-pat-shtip-krupishte/
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 599
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1403 Posted: 10-Jan-2020 at 11:23
Кога ќе речат дека ќе се објават тендери во "текот на годината" обично бидува на 20ти декември да ги објават.

Што треба да значи тоа дека ќе се пуштат првите 10 километри од Кичево - Охрид? На таа делница се вози по нов асфалт после Врбјани (во насока на Охрид) веќе 2 години и должината е повеќе од 10 километри. Како што имам спомнато на темата за автопатот тоа се најмизерните километри некогаш изградени во МК. На кој начин ќе ги пуштат во употреба или ќе ги отворат за сообраќај? Друг пат и нема. Тие веројатно ќе бидат комплетно руинирани (со оглед на квалитетот) додека се пушти комплетно автопатот. Па пишува и дека тоа е реалистично сценарио, а е фактичка состојба веќе подолго време.

Во однос на Кичево - Букојчани пишува дека ќе се распише тендер за градба, додека во програмата за 2020 пишува изработка на основен и инфраструктурен проект. Кога ќе успеат едното, кога другото?

Што бидна со проширувањето на Тетово - Гостивар? Го најавуваа од крајот на 2018, во програмата за 2019 беше вклучен како реконструкција и рехабилитација на ниво на стандарден автопат, а во програмата за 2020 го нема никаде.

Исто така информација што не е спомната во текстот од Мета.мк - ако се најдат средства наводно ќе се изработела техничка документација за автопат Прилеп - Битола, автопат Струга - Ќафасан, експресен пат Струмица - граница со Бугарија. Fun fact: најавена документација за трите делници имаше и во 2019, но ништо не напредуваше во меѓувреме. Имаше најавена документација и за автопат Велес - Прилеп?? која сега повеќе ја нема во програмата за 2020.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 547
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1404 Posted: 11-Jan-2020 at 12:03
Gledam vo programata za 2020 godina planirana e rekonstrukcija na delnica Stobi - Gradsko , i na Tec negotino - Negotino , a izostaven e delot pomegju Negotino i Stobi , neznam zosto taka , isto taka i sanacija na desen kolovoz na klucka Gevgelija so granicen premin Bogorodica , a i tuka ne vidov nikade sanacija na voznite lenti na samiot granicen premin , dali nekoj vo skoro koj sto pominal nakaj grcija primeti dali se popraveni lentite ili seuste ne se cepnati ?
Back to Top
AleksandarTheGreat View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Jul-2019
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote AleksandarTheGreat Quote  Post ReplyReply #1405 Posted: Yesterday at 12:45
Гостување на Зоран Китанов во Сител од 15.01.2020, со неколку апдејти за дел од патната мрежа. Мислам дека во врска со патарините е потполно во право, но тешко му оди објаснувањето на аргументите зошто во Севернава се плаќаат најниски патарини.


Edited by AleksandarTheGreat - Yesterday at 12:48
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 547
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1406 Posted: Yesterday at 13:37
Originally posted by AleksandarTheGreat




Гостување на Зоран Китанов во Сител од 15.01.2020, со неколку апдејти за дел од патната мрежа. Мислам дека во врска со патарините е потполно во право, но тешко му оди објаснувањето на аргументите зошто во Севернава се плаќаат најниски патарини.


Ova e se ubavi najavi na direktorot , daj boze da ispadne se kako sto kazuva , posebno mi privlece vnimanie toa deka ovaa godina Svetska banka ke odobrela proekt za izgradba na toaleti niz koridor 10 i 8 , toa ke dojde nesto kako parking za polnenje na elektricni vozila so toalet , kako mesto za odmor , bas da vidime koj tocki se opredeleni za toa vo videoto ne gi spomna , i konecno delot od Katlanovo do Petrovec da se napravi so 3 lenti...

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 697071

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.