build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 84>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 12-Jul-2010 at 15:11
МИНИСТЕРОТ ЈАНАКИЕСКИ ВЕТИ
Наскоро ќе биде познат концесионерот за Коридор осум

До крајот на оваа или до почетокот на идната година ќе се знае која компанија ќе стопанисува, односно ќе има обврска да ги изгради патните правци од Коридорот осум, кој земјава ја поврзува со Бугарија на исток и со Албанија на запад, најави Миле Јанакиески, министер за транспорт и за врски. Изградбата на автопат со должина од 380 километри чини околу 1,2 милијарди евра, а Владата ќе го субвенционира концесионерот со 200 милиони евра. Министерот тоа го најави откако бизнис-заедницата завчера побара државата, конечно, да одвои пари за патна и за железничка инфраструктура на коридорот, без оглед колку тоа ќе ја чини бидејќи само така ќе се овозможи поконкурентен и поефикасен транспорт на стоки. За да се доврши само делот од пругата кон Бугарија, требаат најмалку 400 милиони евра. Јанакиески, пак, потсети дека во тек е работата околу подобрувањето на локалната патна инфраструктура, со средствата обезбедени од Светската банка. - Досега се завршени десет патишта, а се реконструираат шеесетина локални правци низ земјата. До крајот на наредната година ќе биде реализирана реконструкцијата на сите 200 локални патни правци, а што се однесува на регионалната патна мрежа, 11. регионални патни правци ќе бидат завршени до крајот на оваа градежна сезона - изјави министерот Јанакиески.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=2066&ArticleID=144403
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 19-Jul-2010 at 18:21

Крива Паланка ќе добие 400.000 евра за патишта

Понеделник, 05 Јули 2010 12:54 

Околу 400.000 евра ќе добие Крива Паланка за изградба на локални патишта преку проектот за рехабилитација и подобрување на патната инфраструктура, кој го реализира Владата со кредит обезбеден од Европската банка за обнова и развој. 

Општината издвои неколку приоритетни патни правци во кои ќе бидат инвестирани овие пари, а кои се во најкритична состојба и со најголема бројност на месното население.

- Парите ќе се наменат за изградба на локалниот пат од Крива Паланка до село Мартиница, во должина од 1,5 км и 2 км кон селото Градец, како и 7 км од патниот правец Конопница - Мождивњак и 1,5 км од Длабочица до Баштево- истакнува Александар Ангелов, раководител на Одделението за изградба и одржување на комуналната инфраструктура.

 
Општината има добиено и 35 милиони денари за изградба на 5 км од патниот правец кон село Станци. Овие средства се обезбедени исто така од Владата, но преку проектот за изградба и одржување на локалните патишта, кредитиран од Светска банка

Извор: Дневник



Edited by Makedonij - 19-Jul-2010 at 18:24
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 24-Jul-2010 at 11:37

Пуштен во употреба локалниот пат од село Раштак до општина Бутел

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на локалниот пат од село Раштак до општина Бутел.

Локалниот пат Раштак - Бутел е во должина од три километри, а за него Владата преку Агенцијата за државни патишта издвои околу 11 милиони денари.

- Владата преку Агенцијата за државни патишта во изминатиот период реализираше бројни капитални инвестиции  во областа на патниот сообраќај и изградба на патишта. Таквите инвестиции се од големо значење за подобрување на бизнис климата и привлекување на домашни и странски инвестиции, но пред се изградбата на патиштата значи подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и непречена и брза комуникација меѓу населените места, рече Груевски.

Со овие средства, истакна премиерот, жителите на Раштак и околните населени места добиле пат кој за овој регион е од големо значење, пред се поради тоа што, посочи тој, преку него драстично ќе се намали времето кое е потребно да се стигне од Раштак до центарот Скопје.

Покрај свеченото пуштање во употреба на овој пат, денеска во Раштак се одбележа и пуштањето во употреба на филтер станицата со помош на која граѓаните добиваат чиста и проверена вода за пиење, инвестиција на Владата вредна околу осум милиони денари.

- Што се однесува до другите инвестиции во Гази Баба, преку Агенцијата за патишта веќе го завршивме и локалниот пат Јане Сандански - Инџиково, а за многу скоро ќе започне да се гради и патот Брњарци - Стајковци. Паралелно со овие проекти преку кредитите на Европската инвестициона банка и Европската банка за обнова и развој ќе се финансираат и повеќе проекти за санирање на водоводната и канализациска мрежа, а ќе се продолжи и со изградба на локалните патишта во Гази Баба, потенцираше премиерот.

Паралелно со овие проекти, според директорката  на Агенцијата за државни патишта Наташа Волкановска се започнува и со имплементација на нов проект за реконструкција на локални патишта, финансиран од Владата, преку заем од Европската банка за обнова и развој.

- Агенцијата досега има отпочнато реконструкција на 60 локални патишта низ целата земја, од кои дел се веќе заврешени и пуштени во употреба, рече Волкановска.

Груевски на денешниот настан беше придружуван од  скопскиот градоначалник Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски.

http://sitel.com.mk/
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 25-Jul-2010 at 14:16
Јанакиевски: Забрзано се подобрува патната инфраструктура во земјава

Патниот правец Прилеп - Кривогаштани е еден од 11-те регионални патишта во Македонија кои овој период се реконструираат за да се подобрат инфраструктурата и животот на населението. Работите се одвиваат според планираното, iизјави денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој кај Кривогаштани ги надгледуваше работите што ги изведува градежната компанија Алпине. Тој очекува до крајот на октомври да заврши реконструкцијата на сите патни правци.

Патот Прилеп - Кривогаштани е во должина од 22 километри и чини 2,3 милиони евра. Единаесетте регионални патишта во вкупна должина од 250 километри се едната фаза од изградба на инфраструктурата во Македонија со кредит од Светска банка. Заедно со општините ќе се реконструираат и 200 локални патишта што е другата фаза од проектот. Веќе 16 патишта од нив се завршени, уште на толку се работи, а на 60-тина ќе почнат активности во август и сите треба да бидат готови за две години. Меѓу нив е и патниот правец до прилепското село Канатларци.

- Во моментов има градежни работи на повеќе делници предвидени со програмата на Агенцијата за патишта, рече Јанакиески.

Тој појасни дека во тек е реконструкција на 5 регионални патишта како што е патниот правец до Порече, обиколницата околу Охрид која ќе заврши оваа година, патниот правец Струмица – Радовиш. Интензивно се работи на завршување на патниот правец Табановце Куманово кој е дел од коридорот 10. В година, најави Јанакиевски, главно вниманието ќе го привлекува коридорот 10.

- В година најголем акцент ќе ставиме на коридорот 10 и на негово целосно завршување. Во финална фаза се преговорите со Европската банка за обнова и развој и со европската инвестициска банка и дел од средствата од ИПА фондовите, вели Јанакиески. Засега ниту еден патен правец не е даден под концесија.

До крајот на август ќе се знаат компаниите кои ќе влезат во вториот круг, односно тие кои треба да дадат финансиска понуда.

-Се очекува концесионерот на македонските патишта да се знае до крајот на годинава. Тоа е инвестиција од една милијарда евра,вели Јанакиески.

Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески со реконструкцијата на регионалниот пат Прилеп - Кривогаштани ќе се уреди еден од четирите излези од Прилеп и ќе се подобрат врските со населените места. Паралелно се работи и на регионалниот пат Прилеп - Македонски брод. Интензивно се работи на локалните патишта во општината.


http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/janakievski-zabrzano-se-podobruva-patnata-infrastruktura-vo-zemjava
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 26-Jul-2010 at 00:20
Има една интересна работа во врска со овие регионални патишта. Има некое мислење дека регионалната патна мрежа е всушност клучната алка во комуникација на населението. Е сега има една работа, а тоа е што Македонија во својата територијална организација ги нема регионите како административни единици. Го имаме централното ниво и локалното со општините. Измеѓу некаде празнина. Ги имаме сепак за статистика и избори, но за функционално не. А во некои држави регионите ја играат клучната улога во економијата и развојот. Е сега регионите би биле степенот што треба да ја пази оваа регионална мрежа. Па затоа кај нас се под централната власт. На пример една соседна Грција што и не е којзнае колку многу пати поголема држава има мислам дури пет степени на децентрализација. Косово што по параметри е слично и мерливо со Македонија го има овој среден степен, всушност сите соседи наши ги имаат. Во Македонија по низа околности што политички, што поради тоа што сме мала држава се изоставени. И функцијата нивна е не само инфраструктурно, туку и културно и демографски и политички и по многу други основи. Така да регионалната патна мрежа обично во некои држави се става на пиедестал пред локалната и автопатната. Е сега новинарите малку мешаат локална, регионална, магистрална, автопатна, па и по профил како автопатна и најчесто се бара и спектакуларна бројка, така да оваа бројка од двесте е чудна. Како и да е, мора да се внимава на целокупната патна мрежа покрај автопатите за кои сите сме согласни дека треба да се направат, што да се изгради, што да се поправа.

Edited by lslcrew - 26-Jul-2010 at 00:27
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 03-Aug-2010 at 02:17

Се реконструира патот Струмица - Дојран

По асфалтирањето на дел од транзитната делница низ Струмица, булеварот Климент Охридски, градежното претпријатие „Пелагонија инженеринг“ продолжува со реконструкцијата на регионалниот пат Струмица - Дојран. Како што е предвидено со програмата на Агенцијата за државни патишта, годинава ќе бидат реконструирани вкупно 22 километра од овој патен правец, со широчина на коловозната лента од 6 метри.

- Работиме на излезот од Струмица кон Валандово, на клучката кај Куклиш. На 17,5 километри од вкупната траса вршиме отстранување на два асфалтни слоја, а на 4,5 километри на еден. Веднаш по вадењето на стариот асфалт поставуваме нов слој со дебелина од 5 сантиметри. Со ваквата динамика настојуваме на овој фреквентен патен правец да нема речиси никакви застои во одвивањето на сообраќајот - изјави Чедо Стојковски од ГП „Пелагонија инженеринг“.

За реконструкцијата на оваа делница, која треба да заврши до октомври, ќе бидат потрошени околу 166 милиони денари од државниот буџет.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D89F97F45548484A9547A91909E978CF
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 04-Aug-2010 at 01:15

ПАТОТ ОД МАРКОВА СУШИЦА ДО ДОБРИ ДОЛ СО ОГРОМНИ ДУПКИ


До кога ќе чекаат жителите да се направи патот?


Патот е два метри и е претесен за две коли. За да се разминат две коли, едната треба да застане за да може да помине другата. А некогаш се случува и да мора да се врати едната кола во некоја уличка за да може да помине другата. Целиот пат е катастрофален. Од општината мораат под итно да најдат начин за негово поправање, а не само да ветуваат за време на избори, па после никаде да ги нема. Ниту еден проблем што го имаме не е решен од нивна страна. Се е празно ветување, вели жител


Патот што ги поврзува Маркова Сушица и Добри Дол е целосно во дупки. Жителите велат дека повеќе од пет години се движат по раскопан пат. Тие додаваат дека многу пати имаат реагирано во Општина Студеничани и покрај ветувањата дека патот набрзо ќе биде направен, се уште нема ништо. Тоа се само лажни ветувања, велат граѓаните кои секојдневно се движат по овој пат и си ги кршат колите.
- За време на поројните дождови не можеш да се движиш како што треба, бидејќи патот се рони пред наши очи. Дупките секојдневно се зголемуваат и колите ни пропаѓаат во нив. Пред извесно време кога беа дождовите, колата ми пропадна, па морав да викам шлеп-служба да ми ја извади. Предниот дел од колата ми беше оштетен, а нормално штетите самите си ги плаќаме. Не знам уште колку пати треба да ургираме во општината за да го направат патот за да можеме нормално да се движиме, рече еден жител.

Тој додава дека освен што патот е со огромни дупки тој е и претесен и не можат две коли да поминат.
- Патот е два метри и е претесен за две коли. За да се разминат две коли, едната треба да застане за да може да помине другата. А некогаш се случува и да мора да се врати едната кола во некоја уличка за да може да помине другата. Целиот пат е катастрофален. Од општината мораат под итно да најдат начин за негово поправање, а не само да ветуваат за време на избори, па после никаде да ги нема. Ниту еден проблем што го имаме не е решен од нивна страна. Се е празно ветување, вели жителот.

Се обративме и до Општината Студеничани за да ги прашаме за проблемот со патот за кој се жалат граѓаните. Но, оттаму не добивме никого за да добиеме каков било одговор. Останува само да видиме до кога ќе чекаат жителите да им се направи патот за да можат нормално да се движат и да не си ги кршат веќе колите.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=77E6A7443671894697F525F62F27EBE9
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 05-Aug-2010 at 05:24

КОЧАНСКИ РЕГИОН


Асфалтиран патот од Кочани до браната "Гратче"


Асфалтиран е патниот правец Кочани - брана Гратче" во должина од 6 километри. Активностите ги реализираше скопски Гранит", а патот е со проширена коловозна лента од 4,5 метри, со банкини и риголи. Асфалтиран е и делот од кај мостот на излезот од Кочани до паркинг-просторот на мотелот Гратче".
Финасиската конструкција за овој патен праверц ја обезбеди Агенцијата за државни патишта на Р М.
Со асфалтирањето на овој патен правец и патните правци Долни Подлог - Горни Подлог и магистралниот пат М 5 до село Тркање, целосно се искористени средствата од Агенцијата за државни патишта што ги доби Општина Кочани за оваа година, а во рамки на проектот на Владата 120 милиони евра за изградба на 200 кмилометри регионални патишта во Македонија.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5F1ABED612DF434487BB3FD07CEBA572
Back to Top
kocani. View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-May-2010
Location: нема
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kocani. Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 07-Aug-2010 at 10:31
патот до градче уште не е заврашен не е стигнато ни до пола а имало рок уте 1 ден да го завршат
Back to Top
nikola49 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 28-Jul-2010
Location: Strumica
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote nikola49 Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 07-Aug-2010 at 12:40
Originally posted by Мартин

<p id="ArticleTitle" ="WB_DNEVNIK_Naslov">Се реконструира патот Струмица - Дојран

По
асфалтирањето на дел од транзитната делница низ Струмица, булеварот
Климент Охридски, градежното претпријатие „Пелагонија инженеринг“
продолжува со реконструкцијата на регионалниот пат Струмица - Дојран.
Како што е предвидено со програмата на Агенцијата за државни патишта,
годинава ќе бидат реконструирани вкупно 22 километра од овој патен
правец, со широчина на коловозната лента од 6 метри.- Работиме
на излезот од Струмица кон Валандово, на клучката кај Куклиш. На 17,5
километри од вкупната траса вршиме отстранување на два асфалтни слоја,
а на 4,5 километри на еден. Веднаш по вадењето на стариот асфалт
поставуваме нов слој со дебелина од 5 сантиметри. Со ваквата динамика
настојуваме на овој фреквентен патен правец да нема речиси никакви
застои во одвивањето на сообраќајот - изјави Чедо Стојковски од ГП
„Пелагонија инженеринг“.За реконструкцијата на оваа делница,
која треба да заврши до октомври, ќе бидат потрошени околу 166 милиони
денари од државниот буџет.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D89F97F45548484A9547A91909E978CF
Да улицата Климент Охридски е реконструиран али остана со две ленти поради дрскоста на владата која што несакаше да ја отстапи на општина Струмица,таа улица требаше да биде проширена и наместо сегашните две ленти требаше да има четири со тротоари од двете страни.
Струмица најубав град     
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 10-Aug-2010 at 20:50

Заврши санацијата на регионалните патишта во Липково

published - 10/08/2010 17:28:00
Големина на текст: Decrease%20font Enlarge%20font
image

Во општина Липково заврши санирањето на регионалните патишта кои ја поврзуваат општината со Арачиново. Санирањето на патиштата чинеше 200 илјади евра, а работите ги изврши јавното претпријатие „Македонија пат“. Градоначалникот на општина Липково, Садула Дураку рече дека следниот проект на општината и на „Македонија пат“ ќе биде проширување на патиштата.

„Направивме санирање на патиштата, пополнување на дупките, со што  за првпат во овој дел се прави санирање со инвестиции од власта. Санирањето е од седиштето на општината до село Оризаре, не е тоа сè што се прави бидејќи во иднина ќе направиме проширување на патот, ова е само санирање на регионалниот пат, 102“, рече Дураку.

„Имајќи во предвид дека во оваа општина не е инвестирано неколку години, ние како јавно претпријатие видовме дека е потребно на почетокот од 2010 – та година да направиме проекти и конкретни планови за инвестирање во овие патишта. Ние како претпријатие направивме инвестиции и одржување на сите патишта во општина Липково кои се во наша надлежност, како регионалните патишта, тука е и патот 102 и други поврзувачки патишта со општина Куманово и Арачиново“, изјави Ејуп Халими – заменик директор на претпријатието „Македонија Пат“.

 
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 16-Aug-2010 at 14:04
Државата сама да ги гради патиштата
Рада И. Маневска

Одрони, лизгари, дупки по патиштата и револтирани возачи е секојдневна слика на патиштата, која говори за лошата состојба на патната инфраструктура во земјава. Ваквата состојба ќе потрае бидејќи државата ги скрати парите за таа намена од државната каса и најави, но не обезбеди кредити и инвеститори за нивна изградба и реконструкција. Запрени се работите и на двата коридора, 8 и 10 бидејќи Владата се уште не обезбеди концесионери за нивна изградба. Место да чека странските компаниите да конкурираат за концесија за патиштата, подобро би било Владата да ја финансира нивната изградба од државната каса, предлагаат бизнисмени и стручњаци. За тоа, велат тие, потребно е годишно да се издвојуваат по 300 милиони евра од државната каса или да се обезбедат со кредити. Поволностите што ќе се добијат од тоа е ангажирање на целокупната градежна инфраструктура во државава и работа за околу 30.000 луѓе. Економските ефекти од ваквата инвестиција се прилив на странски инвеститори, поголем проток на стока услуги и луѓе и повисок прилив на средства во државната каса. - Државата е способна и самата да ги гради патиштата за кои веќе долго чека странци. Во подобрите години државава можеше да издвои и до 500 милиони евра за таа намена, но во кризен период со штедење на непродуктивната потрошувачка може да обезбеди до 300 милиони евра. Од тоа, 100 милиони евра се доволно да се издвојат од државната каса, а преостанатото да се обезбеди со кредити од банките, кои многу лесно кредитираат проекти во инфраструктурата - вели Горан Рафајловски, претседателот на скопската регионална комора. Со овие пари, вели Рафајловски, а тоа го потврдуваат и градежниците, со целата потребна инфраструктура би можело да се изградат околу 30 километри пат годишно, би се обезбедила работа за целокупната домашна градежна оператива и би се активирале дејностите што ја следат и би вработиле околу 30.000 луѓе. Техничките планови за реализирање на изградбата, според него, се остварливи за неколку месеци и со наредниот буџет би можело да се почне со градбата. -Тоа е реално остварливо бидејќи државата може да издвои сопствени средства и да земе заеми од странските банки. Но, Владата до овој период воопшто не инвестираше во подготовка на терен за тоа. Се уште не е подготвена техничката документација, не е експроприрано земјиштето и не се завршени низа работи, кои би овозможиле градба без застои - вели Џевад Хајредини, економски аналитичар. За нашето економско функционирање и привлекување странски инвеститори мора да се поврземе со Косово, Албанија и со Бугарија, но и да се заврши Коридорот 10, се согласуваат бизнисмените и стручњаците. - Ако не може да се обезбеди добар концесионер, Владата не треба да се плаши да ја задолжи државата со кредити за изградба на патната инфраструктура, но и на другата бидејќи ваквата инвестиција неколкупати ќе се зголеми и ќе се почувствува во сите сегменти од животот - вели професорот Христо Карталов. Изградбата на инфраструктурата, било да е патна, железничка, воздушна, енергетска, вели тој, треба да се реализира многу брзо за да и се овозможи на државата да се одлепи од епитетот слепо црево на Европа, за на економијата да и се даде можност за развој. - Како синдикат го поддржуваме секое вложување, било да е со домашни пари или кредити, кое би ја поттикнало градежната оператива, а со тоа и другите дејности и би овозможило вработување на што поголем број работници, а поволно би влијаело и на економијата и на државниот буџет - вели Павел Трендафилов од Синдикатот на градежниците. За разлика од Македонија, пак, во соседството се градат автопатишта. Така, во последниве неколку години Албанија изгради 170 километри автопат, во изминатиов период интензивно се гради и во Косово, автопат од Приштина кон Пеќ и кон Албанија, додека Србија ја завршува изградбата на своите делници по Коридорот 10. Овој наш сосед не застанува тука. Владата на Србија планира в година да почне шест нови патни правци, сите од рангот на автопати, за што ќе бидат издвоени 1,5 милијарда евра.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=2096&ArticleID=146588

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 17-Aug-2010 at 10:24
Р-604
Затворен патот меѓу Валандово и Струмица

Патниот правец Валандово – Струмица и обратно поради изведување работи на пат, денес ќе биде целосно затворен за сообраќај.

Од Авто-мото сојуз на Македонија соопштуваат дека патот ќе биде затворен за сообраќај во два временски термини, од 11.00 до 13.00 часот и од 15.00 до 17.00 часот.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=75659&kategorija=1
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 17-Aug-2010 at 10:25
Р-514
ПРОТЕСТ ВО БОГОМИЛА

Камионите ни го уништија патот

Со трактори и други возила вчера пред стариот Римски мост во Богомила жители од неколку населени места од регионот на Азот го блокираа патот и не им дозволија на камионите на Шумското стопанство "Бабуна" од Велес да пренесуваат дрва. Велат возилата на Шумското стопанство целосно го уништиле патот, што ги поврзува со цивилизација.
- Камионите на Шумското стопанство целосно ни го уништија патот. Години на ред пренесуваат дрва, а досега не дале ниту денар за негова поправка. Од тежината на камионите попушти и стариот Римски мост. Ако падне ние ќе останеме отсечени. Тој ни е единствената врска со светот, вели Трајче Димовски, претседател на месната заедница од селото Нежилово.
Жителите од Богомила, Нежилово, Папрадиште, Ореше... кои ги поврзува оваа сообраќајница, бараат од Шуското стопанство веднаш да обезбеди средства за реконструкција на патот и да изгради нов мост на реката Бабуна, веднаш до над 2.000 години стариот Римски мост. Градоначалникот на општина Чашка Горанчо Пановски им даде целосна поддршка на жителите од овој регион.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=75659&kategorija=1
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 17-Aug-2010 at 11:58

БО­ГО­МИЛ­ЧА­НИ НА БЛО­КА­ДА

"Ма­ке­дон­ски шу­ми" ни ги униш­ти па­тиш­та­та

Жи­те­ли­те од се­ла­та Не­жи­ло­во, Бо­го­ми­ла, Пап­ра­диш­те, Оре­ше и Цреш­но­во вче­ра го бло­ки­раа Рим­ски­от мост во Бо­го­ми­ла со трак­то­ри и со зем­јо­дел­ска ме­ха­ни­за­ци­ја и не им доз­во­ли­ја на ка­ми­о­ни­те на ЈП "Ма­ке­дон­ски шу­ми" да стиг­нат до се­чи­те.
"Ка­ми­о­ни­те на шум­ско­то сто­пан­ство 'Ба­бу­на' це­лос­но ни го униш­ти­ја па­тот. Го­ди­ни по ред по­ми­ну­ва­ат пре­то­ва­ре­ни, а до­се­га не да­ле ни­ту де­нар за нив­на поп­рав­ка. Од те­жи­на­та на ка­ми­о­ни­те по­пуш­ти и Рим­ски­от мост во Бо­го­ми­ла, а ни­кој не ре­а­ги­ра", ре­че Трај­че Ди­мов­ски, прет­се­да­тел на Мес­на­та за­ед­ни­ца во Не­жи­ло­во.
Бо­го­мил­ча­ни ве­лат де­ка ка­ме­ни­от мост, стар две ил­ја­ди го­ди­ни, не­ма уш­те дол­го да ги из­др­жи пре­то­ва­ре­ни­те ка­ми­о­ни со др­ва и се пла­шат де­ка тој мо­же да се ур­не и да ги от­се­че од све­тот.
Во мо­мен­тов во Азот има око­лу 10 ил­ја­ди лу­ѓе, би­деј­ќи го­лем број жи­те­ли кои жи­ве­ат во Скоп­је или во Ве­лес се вра­ти­ја во род­ни­те ку­ќи. Си­те се ка­те­го­рич­ни де­ка до­де­ка не се поп­ра­ви ло­кал­ни­от пат до Не­жи­ло­во, долг 3,5 км, не се ис­кр­пат си­те дуп­ки од Ста­ри град до Бо­го­ми­ла и "Ма­ке­до­ни­ја пат" не из­гра­ди нов мост до Рим­ски­от, не­ма да доз­во­лат да по­ми­не ни­ту еден ка­ми­он на "Ма­ке­дон­ски шу­ми". Жи­те­ли­те ја има­ат под­дрш­ка­та на гра­до­на­чал­ни­кот на Оп­шти­на Чаш­ка Го­ран Па­нов­ски. Тој ве­ли де­ка ба­ра­ња­та на гра­ѓа­ни­те се оп­рав­да­ни, заш­то сос­тој­ба­та со ош­те­те­на­та пат­на мре­жа во Оп­шти­на­та би­ла очај­на.
"Оп­шти­на­та е нај­го­ле­ма по те­ри­то­ри­ја во др­жа­ва­та, а па­ри­те за пат­на ин­фрас­трук­ту­ра се ог­ра­ни­че­ни. Не мо­же­ме да го са­ни­ра­ме се­то она што ед­наш сме го из­гра­ди­ле, а не­кој ни го униш­тил. Мис­лам де­ка ќе се до­го­во­ри­ме со ЈП, заш­то има­ме со­ра­бот­ка", ре­че Па­нов­ски.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=8884675A56C21844A97A33E1E2DCB18F


Се дуплира овеста, ама малку смешно ми падна. Изјавиве во комбинација делуваат како Си направивме ние пред две илјади години, нема сега секој ден да го поправаме. Smile

Мостов го имам возено. Доста е тесен, две возила не се разменуваат, а и некако непрегледен е, како тумба е и нема прегледност од другата страна. Штета е што е споменик, а вака се уништува. Обавезно треба нов мост, ако треба и малку подесно од овој (гледано при доаѓање) да се намалат и вибрациите од евентуален нов мост, а и да се остави простор да се гледа овој мост, не веднаш залепено до него. А под мостот има и едно заезерување длабоко на Бабуна и скокаат преку лето. А нема ни ограда.




Edited by lslcrew - 17-Aug-2010 at 12:00
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 18-Aug-2010 at 01:56

Китка не процвета од лошиот пат

Шумското стопанство „Караџица“ го уништува патот со тешките камиони натоварени со дрва, се жалат жителите од регионот на Китка

Жителите од регионот на Китка се жалат дека патот дотаму е преполн со дупки и дека е крајно време да се поправи. Според нив, главен виновник за тоа е шумското стопанство, чии тешки возила со години го руинираат. Пред нецели четири години, граѓаните дури и го блокираа патот на камионите, кои натоварени со дрва тежеа и повеќе од 30 тони. Сега по него може да сообраќаат само возила тешки до пет тони.

- Шумското стопанство „Караџица“ го уништи патот, а досега ништо не инвестира во него. Никој 30 години не се обиде да направи нешто за негова реконструкција. Автомобилите ни се искршија. Викендичките ги посетуваат само оние што имаат џипови, бидејќи само нив безбедно се стигнува. Поради лошиот пат, дд 100 викендички, посетени се само околу 30 - вели Ленче С., која има викендичка во населбата Мала Река.

Пензионерот Чедо Петровиќ, кој исто така има викенд-куќа во овој крај, вели дека за 25 години колку што доаѓа, никој од надлежните не мрднал со мал прст за да се поправи.

- Јас имам џип, но сум стар 67 години и кога возам до викендичката, од големите дупки главата ми удира во таванот. Тоа е неиздржливо, патот е дупка до дупка. Многу пати сме реагирале до „Караџица“, но од таму не сакаа ништо да помогнат, а и од Општината Студеничани - истакна Петровиќ.

По 30 години, конечно почна да се реконструира дел од патот Драчево - Китка. Првата фаза, која е почната пред 1,5 месец, е од манастирот Пеленица до селото Долно Количани, во должина од околу 4 километри. Градоначалникот на Општина Студеничани, Фати Исени, објасни дека во моментов се вади стариот асфалт, по што ќе се постави комплетно нов. Патот на оваа делница и ќе се проширува во зависност од теренот, во некои делови до околу 3 метри, а во некои делови и до четри метри. Главен носител е Општина Студеничани, а поддржувачи општините Зелениково и Кисела Вода.

- Последен пат асфалт на овој пат е ставен во 1981 година. Ќе им помогнеме на жителите од овие села да си ја олеснат комуникацијата со градот, но и со другите соседни села - објасни Исени.

Градежните работи ги врши фирмата „Гранит“, а ќе чинат 356.000 евра, кои се обезбедени од Светската банка. Се очекува реконструкцијата на оваа траса да заврши до првата половина на ноември.

Жителите од селото Горно Количани, а ги има околу 500, се благодарни што е почната изградбата на патот, но сепак се скептични до каде ќе одат ветувањата на општинската власт.

- Ветија дека ќе се прави патот, нешто почнаа, но кога ќе биде готов, никој не знае - изјави Неџати Рамадани од Горно Количани.

Месното население од Долно Количани вели дека до пред распадот на Југосавија овој пат го одржувала војската, но од 90 години откако Македонија се осамостои, тој е оставен на милост и немилост.

- Од 1990 ниту денар не е потрошен на асфалт за овој пат. Ги кршиме колите, а плаќаме за нивна регистрација. До Драчево поради руинираниот пат се стигнува дури за 40 минути, да не можеш болен човек да однесеш на лекар, а бремена жена би се породила додека да пристигне во болница. Во ова село не' има околу 2.000 жители. Воедно, и оние што сакаат да одат на излет до Кадина Река се откажуваат токму поради лошиот пат - се жали Рамиз Абдиовски, жител на селото Долно Количани.

В година реконструкција на остатокот од делницата

Одобрени се 9,5 милиони денари од Бирото за регионален развој и уште 118.000 евра од Светската банка за реконструкција на уште еден дел од оваа делница. На ред е патот од село Долно Количани до Горно Количани, во должина од 1.300 метри, за што ќе бидат искористени парите од Бирото за развој. Откако ќе биде направен и тој дел, ќе се продолжи се' до комплетна рехабилитација и реконструкција на целиот патен правец Драчево - Китка. Според градоначалникот Исени, втората и третата фаза ќе се реализираат наредната година.

Овој пат е долг 26 километри и ги поврзува селата Долно и Горно Количани, Црвена Вода, кои спаѓаат под Општината Студеничани, Палиград кое припаѓа на Општината Зелениково, Алдинци кое е на територијата на Студеничани, се' до викенд-населбата Мала Река и планинарскиот дом „Караџица“, а понатаму продолжува до врвот Солунска Глава.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D19413D6792E85429EBE3AF9EB4463B6
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 18-Aug-2010 at 13:07
Пред неполн 1 месец бев накај Китка, навистина е жалосно толку убава природа да не има пристапен пат,ги забележав камионите и багерите од гранит како го прошируваат патот,се надевам дека ке го завршат до крај,навистина има прекрасни пејсажи натаму тече и кадина река, навистина вреди да се поправи тој дел се надевам до година летоска.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 20-Aug-2010 at 07:26
Се гради патот за дебарското село Коњаре

Дебар, 19 август 2010 (МИА) - Дебарското погранично село Коњаре ќе добие асфалтен пат што го поврзува со градот. Работите околу изградбата се одвиваат со забрзана динамика, а ги реализира градежното претпријатие „Илинден“ од Струга.

За оваа цел се обезбедени 220.000 евра, средства што Општината ги доби од Агенцијата за патишта.

Патот е долг 3,3 километри, широк 3,5 метри, а од двете страни на коловозната лента ќе има по еден метар тампониран тротоар.

Коњаре некогаш беше еден од главните снабдувачи на Дебар со зеленчук, кравјо млеко и сирење. По осумдесеттите години од минатиот век во селото нема постојан жител, но добар дел од оние кои сега живеат во градот, обработуваат дел од плодното земјиште, а имаат и пчелни семејства кои произведуваат квалитетен мед од костенов цвет.

Како што најави градоначалникот Аргетим Фида, во приоритетната листа активности за подобрување на патната инфраструктура во руралните средини, е и изградбата на патните правци за селата Бомово, Бањиште, Могорче и Долно Косоврасти

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76272832&lId=1&pmId=
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 20-Aug-2010 at 07:28
Се асфалтира дел од патот Градско-Прилеп кај Росоман

Кавадарци, 19 август 2010 (МИА) - Се асфалтира дел од регионалниот пат Градско-Прилеп кај Росоман, во должина од еден километар.

Нов асфалт доби и паркингот кај познатиот росомански пазар, со површина од 400 метри квадратни.

Од почетокот на годината во општина Росоман се асфалтирани седум километри локални патишта и улици.

Дел од средствата се обезбедени од Владата, а останатите од локалната самоуправа.

Општина Росоман со штедливи сијалици го осветлува и делот од раскрсницата што води кон Кавадарци, до излезот од Росоман. бн/сс/12:51

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76263394&lId=1&pmId=
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 23-Aug-2010 at 15:19
Вест од 3-ти Август.

Р-110
Пуштен во употреба реконструираниот патен правец Давидово-Раброво

- Изградбата на оваа патна делница е дел од програмата на Владата на РМ за реконструкција и рехабилитација на голем број регионални и локални патишта низ нашата држава што се спроведува заедно со Агенцијата за државни патишта, истакна Груевски

Денес во Валандово беше пуштен во употреба регионалниот пат Давидово-Раброво во должина од околу 13,4 километри, и за кој беа инвестирани околу 67 милиони долари.

На отаврањето присуствуваше премиерот Никола Груевски, кој го означи почетокот на употребата на патот.

-После една година од отпочнувањето на градежните работи денеска го пуштаме во употреба регионалниот патен правец Давидово-Раброво кој повеќе од 20 години не беше реконструиран, рече премиерот.

Реконструкцијата на регионалниот патен правец е од осоебно значење за регионот бидејќи претходно делницата беше една од најоштетените, а сега по реконструирањето како што нагласи стана една од најубавите во овој дел од државата.

-Изградбата на оваа патна делница е дел од програмата на Владата на РМ за реконструкција и рехабилитација на голем број регионални и локални патишта низ нашата држава што се спроведува заедно со Агенцијата за државни патишта, истакна Груевски.

Наташа Волкановска, директорка на Агенцијата за државни патишта истакна дека програмата за реконструкција и рехабилитација на регионалните и локалните патишта во целост ќе се реализира до крајот на 2012 година.

- Владата обезбеди средства како поддршка за општините за развој на локалната патна инфраструктура. На Општина Гевгелија и се додели 456 илјади евра за реконструкција на патот на потегот од Р-112 до село Ума и од Понов мост до селото Богородица додека на општина Валандово и се доделни околу 373 илјади евра кои во најголем дел ќе бидат искористени за реконструкција на локалниот пат Валандово-Пирава, истакна Волкановска.

Градоначалникот на општина Валандово Николче Чурлиноски кажа дека во минатото општина Валандово целосно беше заборавена и додаде дека оваа Влада не само што вети туку и прави се за да ја подобри патната инфраструктура и животот на валандовчани.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=53954


Edited by lslcrew - 23-Aug-2010 at 15:48
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 84>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.277 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.