build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 78>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 23-Aug-2010 at 15:28
Пуштен во употреба реконструираниот патен правец Давидово-Раброво

Денес во Валандово беше пуштен во употреба регионалниот пат Давидово-Раброво во должина од околу 13,4 километри, и за кој беа инвестирани околу 67 милиони долари

Денари, долари, што има врска тоа, битно да се пише нешто  Roll%20eyes
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 23-Aug-2010 at 17:43

Почитувани,

 

Ве информираме дека денес Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и Потпретседателот на Владата на Република Македонија, Абдилаќим Адеми, заедно со градоначалникот на општина Боговиње Хазби Идризи остварија посета на локацијата каде во тек е изградбата на патот Боговиње – Жеровјане. Патот Боговиње – Жеровјане е со вкупна должина од 2.25 километри и градежните работи за негово комплетирање се во завршна фаза.

 

Овој патен правец, како и веќе изградениот пат Синичане – Горно Седларце во општина Боговиње претставуваат дел од проектот за рехабилитација на локалните патишта во сите општини во Република Македонија, кој Владата на Република Македонија го реализира во соработка со Светска Банка.

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2736
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 26-Aug-2010 at 09:15

Бродот не го спаси селото Клиново

Селото Клиново се удави во Тиквешко Езеро оти бродот кој требаше да го спасува е продаден, а ветениот пат покрај езерото и по 50 години не е изграден. Клиново, кое некогаш имало 1.000 жители, денес нема ниту еден. Причина е и тоа што и по половина век од изградбата на езерото се' уште не е реализирано ветувањето дека ќе се изгради пат до Клиново и дека ќе се обезбеди брод да го користат тие што живеат или потекнуваат оттаму. Пред изградбата на акумулацијата, клиновци од Кавадарци до ова најоддалечено село патувале по пат крај Црна Река, која сега го полни Тиквешко Езеро, кое ги покрило патот и нивите на луѓето што живееле таму.

- При изградбата на акумулацијата беше ветено дека Клиново ќе добие пат или брод како превозно средство. Навистина бил купен брод, кој останал во рамките на тогашното претпријатие „Тиквешко Поле“. Претпријатието потоа го продало бродот иако тој бил сопственост на Месната заедница Клиново. И луѓето останаа без ништо. А и кога не беше продаден, ако некој побараше превоз до селото, тие наплаќаа, иако бродот беше купен наменски, само за селото Клиново - тврди Мишо Митрев од Кавадарци, кој е роден во Клиново.



Некогаш немањето пат и струја биле главните причини за иселувањето, а денес тие се причини да не се вратат оние што размислуваат таму да најдат егзистенција.

- Најдобриот мермер во Македонија го има токму тука, под Клиново. Испитувањата беа направени уште пред половина век. Има и црн мермер. Огромно е и присуството на извори на вода. Словенци се заинтересирани да инвестираат тука. Но потребно е да се создадат услови за да може таквото богатство да се експлоатира - тврди бизнисменот Митрев.

Селото е „зад грбот Господов“, на околу 860 метри надморска височина. Од Кавадарци до Клиново има четириесетина километри, а дотаму стигнавме по лош шумски пат, возејќи два часа со џип, во еден правец. Од 186 куќи некогаш, денес има едвај неколку. Оние што се родени овде велат дека нивното село станало планина, оти нема ниту камен од некогашните домови и школо. Оние малку ниви што останале обраснати се со трње. Клиново живее само неколку дена во годината. Неколкупати годишно тие што се родени овде или потекнуваат од овој крај доаѓаат да прослават заедно. Се среќаваат по долги години. Но на веселбите доаѓаат и луѓе авантуристи, кои немаат ама баш ништо заедничко со ова село. И сите тие со години палат свеќи и се молат во црква под ведро небо, оти црквата изгорела пред педесетина години.

Постојат повеќе легенди за тоа како настанало името на селото. Според една од нив, Клиново го добило името оти селото е сместено помеѓу два рида, како во клин. Се прераскажува и приказната за тројцата браќа, Гале, Климе и Вите кои ги формирале селата Галиште, Клиново и Витолиште. Распослано на карпест терен, селото е едно од најголемите по површина во некогашната општина Конопиште. Граничи со Мариово и е сместено во пазувите на планината Козјак.

Поради немањето услови за живот во Клиново, засега многумина што доаѓаат овде со носталгија или ентузијазам имаат направено викендички долу кај вливот на реката Блашница во Тиквешкото Езеро. Стотина куќи веќе има таму. Некои од нив имаат и постојани жители. Има направено и леса (висечки мост), па кога Блашница е надојдена, луѓето што сакаат да одат накај викендичките и Клиново поминуваат по неа.

Секоја година во Клиново доаѓа Јован Митров, кој е роден тука, а долги години е на работа во Шведска.

- Често се сеќавам на мачниот живот што го имавме тука, но со задоволство му се враќам на родниот крај оти нема поубаво место на светот од ова. Корените ме влечат - ни рече тој со насмевка.

На родното огниште, по 20 години, беше дојден и Сашко Трајков, кој работи во Швајцарија.

- Имам куклен театар и сум го прошетал половина свет. Ама не би го менувал Клиново за ниедно друго место на планетата - ни рече додека со своите деца палеше свеќи.

Директорот на кавадаречки „Бор“, подружница на „Македонски шуми“, Стојан Иванов, кој исто така потекнува од ова село, ни зборуваше за своите перспективи.

- Доколку се реализира проектот за хидроцентралата „Галиште“, идеално ќе биде ако овој пат се пробие до централата. Тоа е најблискиот пат од Кавадарци дотаму. „Галиште“ ќе биде на околу 10 километри од Клиново. Ако се случи тоа, ова ќе биде рајот на земјата. Триесет години работам во шумарство и тврдам дека ова е едно од најживописните места во Македонија. Спој на континентална и медитеранска клима. Долу кај Блашница може да се види дрвото „гол човек“, кое е ендемит, медитерански вид. Местово е идеално за туризам со езеро и со планина. Сите знаат дека Тиквешијата е позната по виното и грозјето, а никој не знае дека шумите во Тиквешко се број еден во Македонија по однос на површини и квалитет. Македонија е прекрасна и штета што ниту Македонците не ја познаваат доволно - вели Иванов.

Со носталгија и солзи зборува и 79-годишната Велика Трајковска. Таа вели дека животот и' поминал со молби до Бога да се врати животот во нејзиното родно Клиново.

- Е, синко, за Југославија некогаш воа беше ѓоа некоа ба (болва). Ама не се застана здраво за да не се дозволе селото да се испусте. Едно време тука ни пиле не идеше, а камоли човек. И стварно кога решив да се враќам тука за да се обнове манастирчето од 14 век, ми викаа улава кај одиш таму со мечките. Ама мене на сон ми дојде да го возобновам родниот крај. Кога првпат дојдов тука по многу години, шо да кажувам, мечкарник. Воа нашето е сега како да сакаме мртов човек да оживиме - емотивно говореше жената.

Сепак, иако Тиквешкото Езеро било причина за иселувањето на Клиново, нашите соговорници, додека разговаравме, не можеа да го оттргнат погледот од прекрасната глетка од ридот кон езерото.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=296BC904026642469FAE6D85FB60030B
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 30-Aug-2010 at 16:26

Пуштен во употреба новиот изграден мост во н.м. Миладонвци


Градоначалникот на Општина Илинден г-дин. Жика Стојановски во присуство на Претседателот на Совет на Општина Илинден г-дин.Марјан Милошевски, Претставници од Советот на Општина Илинден, Претседателот на Месна Заедница Миладиновци г-дин.Марјан Марковски , претставници на Месната заедница Миладиновци и жители од околните места на ден 29.07.2010 година свечено ги пуштија во употреба новиот мост и новоизградената улица во населенто место Миладиновци.

Вкупната инвестиција за реализацијата на овој инфраструктурен проект изнесуваше 7.000.000,00 денари, кои беа целосно обезбедени од Буџетот на општина Илинден.

Со проектот беше опфатено изградба на мостот со тротоари со ширина од 6 метри и должина на мостот од 10 метри, како и целосно пробивање, тампонирање и асфалтирање на севисна улица во вкупна должина од 600 метри.

Реализицијата на овој проект беше во всушност идеја на граѓаните на населеното место Миладиновци, се со цел да се подобри комуникацијата, како и да се олесни движењето на граѓаните.


http://www.ilinden.gov.mk/nastani/pushten-vo-upotreba-noviot-izgraden-most-vo-nm-miladonvci
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 01-Sep-2010 at 17:40
Се реконструира регионалниот пат Струмица – Дојран strumica-dojran.jpgСтрумица – По поставувањето втор асфалтен слој на транзитната делница низ Струмица, односно на дел од булеварот „Климент Охридски“, градежното претпријатие „Пелагонија инженеринг“ продолжува со реконструкција на регионалниот пат Струмица – Дојран.
Согласно ппрограмата на Агецијата за државни патишта, годинава ќе бидат реконструирани вкупно 22 километра од овој патен правец со широчина на коловозната лента од шест метри.
- Моментално работиме на делницата Струмица – Костурино во правец кон Валандово. На 17,5 километри од вкупната траса вршиме отстранување на два асфалтни слоја, а на 4,5 километри на еден и веднаш по вадењето на стариот асфалт, километар по километар, поставуваме нов слој со дебелина од пет сантиметри. Со ваквата динамика настојуваме на овој фреквентен патен правец да нема речиси никакви застои во одвивањето на сообраќајот, изјави Чедо Стојковски од ГП „Пелагонија инженеринг“.
За реконструкција на оваа делница, која треба да заврши до октомври, ќе бидат потрошени околу 166 милиони денари од државниот буџет.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2570&Itemid=125
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 01-Sep-2010 at 18:24
Р-604
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 02-Sep-2010 at 06:23
ДЕЛЧЕВО- Екипи на Македонија пат" од подружницата во Штип ја санираат делницата од селото Звегор до месноста Амамот во близина на граничниот премин кај Делчево.
Коловозот на оваа делница од меѓународниот пат кон македонско-бугарската граница беше оштетен, со многу ударни дупки поради што сообраќајот отежнато се одвивше.
Се поставува нов асфалт и по делот што минува низ село Звегор.
- Асфалтот го носиме од нашата асфалтна база од Штип, а во санацијата се вклучени и работниците од секцијата на Македонија пат" од Делчево со потребната градежна механизација, изјави раководителот Стојан Ризински.
По завршувањето на санацијата на меѓународниот пат кон Бугарија, работниците се селат на делницата кај месноста Умин Дол во близина на село Град, каде што треба да се санираа коловозот во должина од 250 метри на патниот правец М-543 од регионалниот пат Делчево - Берово.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C341339D6CF39742BBC73ECBE72CC44A
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 02-Sep-2010 at 22:31
Инспириран од една ваква слична карта, која ја видов во српската секција на ССЦ, направив една наша верзија за етапен развој на автопатската мрежа на Македонија, на средно-долг план. Планот е поделен во 5 фази, секоја од која трае по 3 години, започнувајќи од 2011 и завршувајќи соодветно 2025. Најпрво би започнал со тоа како мислам дека треба да се организира и нумерира автопатската мрежа. Слична е на онаа која ја поставив пред неколку месеи, но делумно корегирана.



А1 гп Табановце -Скопје- гп Богородица
А2 гп Деве Баир -Скопје- гп Ќафасан
А3 Охрид-Битола-Прилеп-Велес-Штип-Кочани-Делчево-гп Делчево
А4 гп Ново Село - Струмица - Штип - Скопје - гп Блаце

Втората слика ја прикажува проектираната автопатска мрежа во Македонија, до 2025 година. Со зелена боја се обележани веќе постоечките автопати, со црвена автопатите кои треба да се изградат и со лилава брзите патишта (2 по 2 ленти, без лента за запирање и ограничување на брзината на 110 км/ч).



Такви патишта би требало да има на отсечките Охрид-Трпејца, Охрид-Ресен-Битола, Велес-Кадрифаково, Радовиш-Струмица-гп Ново Село и Штип-Кочани.

Како што кажав, планот би се реализирал во 5 запоредни тригодишни фази, кои освен изградба на нови делници (отсега обележано со црвена боја), опфаќаат и реконструкција на сегашните правци во лоша состојба (натаму обележано со светло зелена боја).

ФАЗА 1 (2011-2013 година): Фазата вклучува изградба и целосна реконструкција на најприоритетните делници во републиката. Приоритет е целосното завршување на Коридорот 10 и негова реконструкција, како и конечно поврзување на Скопје со Штип, а со тоа и целата Источна Македонија (токму кај Штип знаеме се влеваат сите правци на истокот). Последен приоритет во фазата е изградба на автопатска делница од Охрид кон Гостивар, низ Охридското поле.

ИЗГРАДБА: Поставување на нови коловози на источната страна на автопатот Велес-Катланово во должина од 25 километри.
Изградба на автопатот од Демир Капија до Смоквица, односно конечно премостување на Демиркапијската клисура, во приближна должина од 30 километри.
Изградба на автопатот Петровец-Штип преку Свети Николе, во должина од околу 50 километри.
Започнување на автопатот Гостивар-Охрид, во најлесниот за изведба дел, помеѓу Охрид и Мешеишта, во должина од 15тина километри.

РЕКОНСТРУКЦИЈА: Две делници се вклучени долж коридорот 10. Тоа се ОКТА-Куманово (каде на западните коловози им треба целосно преслекување, а на источните дури и пробивање на трета лента за застанување) и Велес-Катланово, кој е во очајна состојба посебно по затворањето на другата паралелна делница, при реконструкцијата на мостовите.

ТРОШОЦИ: Затоа што трошоците се базираат над темелни и опсежни испитувања, кои јас ниту имам знаење ниту средства да ги направам, би ја поедноставил формулата за пресметување. Би рекол дека во Македонија трошоците за изградба на автопат низ лесен терен се 3 милиони евра на километар, а низ тежок терен 5 милиони евра на километар (склон сум оваа цена да варира и до 10 милиони, но на одредени делници). За крај темелна реконструкција би ја поставил на 1,5 милиони евра, при што тука се вклучени сите удобства на европските автопати (безбедностни системи, електронска сигнализација, обнова на зимските служби и службите за одржување на делниците)...

Во оваа фаза би се изградиле вкупно 120 километри патишта и би се реконструирале 50 километри од истите. 65 километри од новите делници минуваат низ лесен тере, додека останатите 55 низ тежок. Целосните трошоци на фазата 1 изнесуваат 545 милиони евра.

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 02-Sep-2010 at 22:42
ФАЗА 2 (2014-2016 година): Оваа фаза му посветува целосно внимание на Коридорот 8, кој не поврзува со нашиот најголем туристички центар и со соседите со најголем раст на трговијата (како и бројни други дискутирани поволности од аспект на диверзификација на можностите кои и се нудат на Македонија). Ударна делница во овој програмен период е делницата Гостивар - Мешеишта, која би одземала најмногу ресурс. Следува делницата Куманово - Страцин, како и реконструкција на брзиот пат Тетово-Гостивар, кој верувам дека по 5 години би бил зрел, та дури презреан за темелна реконструкција (ако не и проширување).

ИЗГРАДБА: Делницата Гостивар-Мешеишта со должина од околу 90 километри, низ тежок планински терен, со сосема нова траса и веројатно доста објекти од типот на потпорни ѕидови, мостови и тунели.
Делницата Куманово-Страцин со должина од околу 40 километри, низ помалку тежок терен.

РЕКОНСТРУКЦИЈА на делницата Тетово-Гостивар со должина од околу 20 километри. Освен отфрлање на патарините на овој сегмент (се надевам до тогаш ќе имаме Винетки или зошто да не сателитско плаќање на патарините), како и можно проширување.

ТРОШОЦИ: Се работи за нови делници од околу 130 километри, сите низ тежок географски терен, како и реконструкција на 20 километри автопат. Вкупните средства потреби за ова, според горната формула би изнесувале 680 милиони евра.

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 02-Sep-2010 at 22:51
ФАЗА 3 (2017-2019 година): Главниот акцент повторно е ставен врз Коридорот 8, за конечно поврзување со патните правци на исток северо-запад и запад (барем две од трите соседни земји до тогаш планираат завршување на автопат до нашата граница). Следуваат две полесни делници, односно Скопје-Приштина и долгата, но рамничарска делница Битола-Прилеп, која ги поврзува нашите големи градови Битола и Прилеп.

ИЗГРАДБА: Делницата Страцин-гп Деве Баирво должина од 40ина киолметри, низ многу тежок планински терен.
Делницата Охрид-Струга-гп Ќафасан, низ прилично лесен терен, но веројатно со многу високи средства потребни за отуѓување на земјиштето.
Патниот правец Скопје-гп Блаце, кој е доста прометен и сега, а и од соседството се најавува изградба на автопат до нашата граница.
Последна делница за оваа фаза би била долгата пелагониска низина, односно правецот помеѓу Прилеп и Битола, долг 50 километри, но без некакви теренски потешкотии.

РЕКОНСТРУКЦИЈА: во оваа и следните фази реконструкции не се предвидени, поради фактот што отсега не би можело со сигурност да се предвиди како би се однесувале поединечните патни правци. Веројатно следни би биле делниците Велес-Градско и Скопје-ОКТА.

ТРОШОЦИ: Фазата предвидува изградба на 135 км автопати, од кои само 40 се низ тежок планински терен. Тоа значи дека средстцата наменети за оваа фаза би изнесувале приближно 485 милиони евра.

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 02-Sep-2010 at 22:59
ФАЗА 4 (2020-2022 година): До оваа фаза сите делници сметам дека се навистина приоритетни, а во фазата број 4 би издвоил една навистина приоритетна делница, останатите би биле според потребата, односно интензитетот на сообраќај. Таа фаза е автопатско решение на делницата Велес-Прилеп преку реката Бабуна, што би го скратило патувањето од Битола кон Скопје и градовите на Источна Македонија. Исто така опасниот планински превој Плетвар би постанал второстепен премин помеѓу Пелагонија и Повардарието.

ИЗГРАДБА: Делницата Велес-Прилеп, низ тежок планински терени и за наши услови навистина долга траса од околу 60 километри. Следуваат правците Велес-Штип (прикажан со светло лилава боја на мапата) кој е замислен како 2по2 брз пат, во должина од околу 45 километри, како и делницата Штип-Радовиш од околу 40 км.

ТРОШОЦИ: Изградба на 100 километри класичен автопат, од кои 60 километри во тешки планински предели, како и изградба на 45 километри брзи патишта (кои да претпоставиме би чинеле 2 милиона евра на километар). Вкупната сума излегува дека е 525 милиони евра.



"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 02-Sep-2010 at 23:13
ФАЗА 5 (2023-2025 година): Крајната фаза, во која би се граделе спојки помеѓу патните правци, како и поврзување со останатите важни градови и соседи. Сите делници во оваа фаза опфаќаат изградба на брзи патишта, не на автопати. Пак би нагласил дека оваа фаза би била како бонус, односно делниците можат да бидат поделени по следниве (според мене) приоритет:

ИЗГРАДБА: Радовиш-Струмица во должина од околу 20 километри, со можност за продолжување кон гп Ново Село, кое минува низ густо-населеното и развиено Струмичко поле.
Брзиот пат Охрид-Трпејца, од околу 20 км.
Брзиот пат Охрид-Ресен-Битола, од околу 75 километри.
За крај останува делницата Штип-Кочани, чија должина изнесува некои 35 километри.

ТРОШОЦИ: Доколку би се изградило се од планираното, тогаш тоа би значело изградба на брзи делници од околу 180 километри, по цена од околу 400+ милиони евра.





ТАКА ВКУПНИТЕ СРЕДСТВА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАЗИТЕ ИЗНЕСУВА ОКОЛУ 2,6 МИЛЈАРДИ ЕВРА, ПОДЕЛЕНИ ПРИЛИЧНО РАМНОМЕРНО ВО ТЕКОТ НА 15 ГОДИНИ, ИЛИ ВО ПРОСЕК ПО 175 МИЛИОНИ ЕВРА НА ГОДИНА. ФАЗИТЕ НАМЕРНО ГИ РАЗДЕЛИВ СПОРЕД ПРИОИТЕТНОСТА, НО И СПОРЕД ТОА БРОЈОТ НА ИЗГРАДЕНИ АВТОПАТИ, КАКО И БРОЈОТ НА СРЕДСТВА ПОТРОШЕНИ ВО ТАА НАМЕНА ДА Е РАВНОМЕРЕН. СЕКОЈА ФАЗА ОПФАЌА ОКОЛУ 150 КИЛОМЕТРИ АВТОПАТ И ОКОЛУ 500 МИЛИОНИ ЕВРА.

ВАКА, МАКЕДОНИЈА ОД СЕГА ПОСТОЕЧКИТЕ 220 КИЛОМЕТРИ АВТОПАТ И 20 КИЛОМЕТРИ БРЗ ПАТ (ТЕТОВО-ГОСТИВАР), БИ ДОБИЛА МРЕЖА ОД ОКОЛУ 600 КИЛОМЕТРИ АВТОПАТ И 245 КИЛОМЕТРИ БРЗИ ПАТИШТА, ВКУПНО ПРАВЕЈЌИ НЕШТО ПОД ИМПРЕСИВНИТЕ 850 КМ СОВРЕМЕНИ МАГИСТРАЛИ.

ЗА КРАЈ БИ НАГЛАСИЛ ДЕКА СИТЕ ОВИЕ ФАЗИ СЕ ЕДЕН ПРЕАМБИЦИОЗЕН ПРОЕКТ, ЗА КОЈ МАКЕДОНИЈА ОСВЕН СРЕДСТВА, НА ОВОЈ СТАДИУМ НЕМА НИ ПОТРЕБА. БИ РЕКОЛ ДЕКА СИТЕ ДЕЛНИЦИ ДО ФАЗАТА 3, КАКО И ДЕЛНИЦАТА ВЕЛЕС-ПРИЛЕП ОД ФАЗАТА 4 СЕ НЕОПХОДНИ ЗА МАКЕДОНИЈА ДА ДОБИЕ ПРАВО ПАТНО ПОВРЗУВАЊЕ. ОСТАНАТИТЕ БИ СЕ ГРАДЕЛЕ СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ КОИ БИ СЕ МЕНУВАЛЕ НИЗ ГОДИНИТЕ. ДАЈ БОЖЕ ДА ИМАМЕ ПОТРЕБА И СРЕДСТВА ЗА ИЗГРАДБА НА ЦЕЛОСНАТА МРЕЖА ДО 2025 ГОДИНА. ЗА КРАЈ БИ ВЕ ПРАШАЛ ШТО МИСЛИТЕ ВИЕ ОКОЛУ ПОСТАВЕНОСТА НА ДЕЛНИЦИТЕ, НИВАНАТА ПРИОРЕТИЗАЦИЈА, КАКО И ДАЛИ СРЕДСТВАТА ПОСОЧЕНИ ОД МЕНЕ СЕ БЛИСКИ ДО РЕАЛНОСТА.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 02-Sep-2010 at 23:16
Previous
Одлична анализа! Јас сум лаик во однос на чинењето, потребата од некои правци и слично, ама сепак би додал дека освен овие делници би сакал да ги видам и:

1. Кичево-Крушево-Прилеп-Кавадарци-Неготино-Радовиш.
2. Крива Паланка-Македонска Каменица-Делчево-Берово-Струмица (исклучително тежок терен поради Осоговските Планини, но според мене потребен како леб за источна Македонија) или како поверојатна варијанта преку Кратово и Кочани, заобиколувајќи ги планините.
3. Гевгелија-Богданци-Валандово-Струмица (ова би требало да е доста лесна делница со оглед на рамничарскиот терен)

Со овие автопати секој град во Македонија би имал барем основна патна инфраструктура која ќе го поттикне развојот.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 02-Sep-2010 at 23:29
Се сложувам со тебе околу тие патни правци, кои јас малку би ги изменил и би ги интегирал во еден и би додал уште еден. Точно на картите се забележуваат дупките во покриеност на патната мрежа. Сепак доколку населението на Македонија не стане некои 6 милиона, како и стандардот да се крене едно минумум 5 пати, тоа го гледам како утопија и дааалечна иднина. Покрај фактот што сите овие патни правци минуваат низ исклучително тежок планински терен, навистина во догледна иднина (3 декади), ние немаме потреба за АВТОПАТСКО поврзување на овие правци. Еве како тоа би го извел јас, под утопистички околности:

СО ПОРТОКАЛОВО: гп. Дебар - Дебар -Кичево -Крушево - Кривогаштани(Прилеп) -Конопиште - Миравци -Валандово -Струмица -Берово -Кочани -Кратово -гп нов со Србија.

СО ВИОЛЕТОВО: Скопје - Мак. Брод- Кичево (за што постоел првичен план за поврзување со Охрид, не преку Тетово и Гостивар).



Edited by Andrej_LJ - 02-Sep-2010 at 23:29
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 03-Sep-2010 at 08:17
Одлична анализа Андреј. И јас немам големо искуство кога станува збор за проектирање на патната мрежа. Сепак како учесник во сообраќајот кој неретко патува низ Македонија, сметам дека е добро дополнувањето од Алексгиж, особено поврзувањата на Крива Паланка-Каменица, Прилеп преку Мариово-Конопиште со коридорот 10, Депар-Кичево, и секако Скопје-Македонски Брод. Сепак мислам дека во догледно време доволно е овие патишта да се пробијат на ниво на брзи магистрани патишта, бидејќи нема преголема економска оправданост во овој момент за нив.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 03-Sep-2010 at 08:44
Јас би бил и пресреќен кога би била ревизираната варијанта на мојата идеја од страна на Андреј. Имам само неколку забелешки и предлози:

1. Не ми ја чепкајте Мијачијата со автопати Гледам дека од Дебар има права линија кон Кичево, но директно преку Лазарополе. Со оваа делница не би се сложил. Како варијанта може од дебар да се оди малку на југ, па да се спои некаде кај Белчишта. Ова е и поверојатно бидејќи автопат преку Бистра, Крчин и Стогово е повеќе од утопија.

2. Можен ли е граничен премин таму некаде кај Конопиште, во правец кон Воден?

3. На Кавадарци му се скратува брзиот пат кон Прилеп. Можеби е добро оваа делница да остане.

4. Немам четири )
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 03-Sep-2010 at 08:56
Прашања и дополнувања
1. Конопиште - Миравци (или Удово) е доста неизводливо. Барем јас колку што го знам теренот. Навистина не мислам дека ова делница може да се направи. Сигурно може, но не верувам дека е исплатливо за Македонија... а и не верувам дека има потреба таму да се гради.

Според мене подобро би било да се користи (некако) патот од Кривогаштани да оди до Прилеп, па после преку Плетвар да оди до Кавадарци, па до Неготино.  Така од Неготино да се поврзува по „брз пат“ и до средината помеѓу Радовиш и Штип.

2. Валандово - Струмица не е лесен пат, бидејки овде е Валандовско Брдо и клисурата по Костурино. Многу лоша делница е таа која тешко дека може да се направи во Автопат без голема интервенција.

Исто така треба да се надополни дека многу камиони поминуваат преку Струмица (по валандовско брдо) до Дојран... значи некаков зафат треба и овде да се направи. Немора голем ама нешто дефинитивно ќе треба.

Последен проблем е тоа што Луѓето што се симнуваат по валандовско брдо (насочени кон преминот Богородица или Гевгелија) најчесто одат преку Валандово низ селата Брајковци, Балинци и Марвинци... значи некојпат тешки возила минат низ овие мали населени места низ кој поминува овој мал регионален пат. Најверојатно ќе треба некоја забрана за движење по овој правец и инсистирање да се кориси патот Валандово, Пирава, Јосифово, Удово за излез на Е-75 наместо горенаведениот. Преку инсистирање мислам да покажуваат знаци Гевгелија, Грција но преку Удово (кој е подолг пат).

3. Инаку да стане Кичево главна зона за Автопатите мислам дека е навистина добро. Бидејки со сегашната мрежа тој регион се запоставува додека Охрид, Дебар, Гостивар навистина некако не делува како што треба. Вака многу работи ќе се расчистати со Приоѓање на делницата околу Кичево што се вика цела Македонија ќе ти е во дланка.

Како и да е, браво за трудот.Applause

Прашање:
Ако некој доаѓа од Бугарија и сака да оди до Албанија, дали ќе му биде предложено да оди Скопје - Тетово - Гостивар - Кичево или Скопје - Кичево? Гледам каде е црвената линија, али на карта вака оваа делница изгледа побрза. Какво е вашето размислување околу овој „проблем“?





Edited by theMac3donian - 03-Sep-2010 at 09:01
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 03-Sep-2010 at 09:06
Originally posted by alexgizh

Јас би бил и пресреќен кога би била ревизираната варијанта на мојата идеја од страна на Андреј. Имам само неколку забелешки и предлози:

1. Не ми ја чепкајте Мијачијата со автопати Гледам дека од Дебар има права линија кон Кичево, но директно преку Лазарополе. Со оваа делница не би се сложил. Како варијанта може од дебар да се оди малку на југ, па да се спои некаде кај Белчишта. Ова е и поверојатно бидејќи автопат преку Бистра, Крчин и Стогово е повеќе од утопија.

2. Можен ли е граничен премин таму некаде кај Конопиште, во правец кон Воден?

3. На Кавадарци му се скратува брзиот пат кон Прилеп. Можеби е добро оваа делница да остане.

4. Немам четири )


Извини не го видов постот, гледам дека имаме слични забелешки...
1. Немам појма, не го знам тој дел.
2. Таму граничен премин од Око не ми се фаќа... кога терав по тие планините бајааги остро е... незнам... штом можат до ски центарот на кожуф да направат пат зошто да не и таму... само кој ќе го користи? Дали Кавадарци и Неготино се доволно капацитет за да тргуваат со Воден? Може ќе има ќар не викам не...
3. Да и јас со ова се согласувам. Нема потреба патот да оди од долу, нека оди преку Плетвар.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 06-Sep-2010 at 22:53
Асфалтиран патот Текија - Дељадровце


Во согласност со Програмата за санација и реконструкција на локалните патишта Општина Илинден ги започна градежните работи за надградба, санирање и асфалтирање на патната инфраструктура на територија на Општината. Според предвидените градежни активности целосно се асфалтираше патот Текија - Дељадровци во должина од 800 метри почнувајќи од влезот кај населеното место Миладиновци, кој претставуваше проблем за жителите од овој дел на општината. Средствата за асфалтирање на овој патен правец се обезбедени од буџетот на Општина Илинден во заедничка соработка со приватното претпријатие Кен", односно 4 милиони денари се обезбедени од општината, а пак 500.000 денари обезбеди претпријатието Кен". Општина Илинден продолжува со активностите за подобрување на Локалниот економски развој заедно со партнери, поддржувачи, донатори и инвеститори коишто се дел од локалната самоуправа.

Со ова значително ќе се подобри состојбата на локалните патишта и ќе им се овозможи на граѓаните на Општина Илинден подобра и побезбедна комуникација.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=AB7839EA50718342A7B83097990F5ED1
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 13-Sep-2010 at 14:51
Дечки, за потребите на ССЦ, сакам да изработам една карта, на која би биле обележани сите патни делници кои се моментално во изградба и реконструкција. Би било пожелно и ако знаете, да кажете колкава е нивната должина и финанскиска тежина. Јас ги знам само:

Куманово-Табановце, Штип-Радовиш-Струмица, Ресен-Битола...? Се работи ли нешто околу удово и Смоквица, пред патот да навлезе во Демиркаписката клисура, или тоа е дел од останатиот сегмент, од околу 25км? Ајде ви благодарам однапред.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 78>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.277 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.