build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 84>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 09-Nov-2010 at 03:39

Јанакиески го пушти во употреба патниот правец Мислешево - Струга


Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го пушти во употреба патниот правец од струшкото село Мислешево до магистралниот пат М4 кој што води кон Струга, во должина од 1,4 километри. Во неговата изградба државата инвестираше 200.000 евра.
- Овој патен правец, кој беше во крајно лоша состојба, е од големо значење за жителите на овој крај и е дел од проектот на Владата за изградба на 200 локални патишта низ територијата на Македонија - изјави Јанакиески.

Според него од предвидените патишта за реконструкција на локалната патна мрежа, досега се готови 50, а до крајот на годинава ќе заврши изградбата или реконструкцијата на уште 10. Проект ќе трае до 2012 година кога треба да бидат изградени вкупно 200 локални патишта во целата држава.
- Работиме на изградба и на регионални патни правци и во согласност со динамиката, до крајот на годината ќе бидат готови 10, од вкупно 11 регионални патишта, односно ќе бидат изградени вкупно 200 километри патна инфраструктура - најави Јанакиески и оцени дека со тие проекти ќе се обезбеди поквалитетен живот за граѓаните.
Министерот за транспорт информира дека наредната година ќе почне и проектот на Владата за изградба на водоводни и канализациски мрежи на целата територија на државата со цел обезбедување квалитетна и здрава вода за пиење.

http://vecer.com.mk/?ItemID=6188610B865BDA4687F601A4A693F48E
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 17-Nov-2010 at 01:55
Р-504

Затворен патот преку Галичица

Патниот правец од Трпејца до Отешево, преку планинскиот превој Галичица и оваа зима ќе биде затворен за сообраќај, затоа што не е ставен на приоритетната листата за одржување на патиштата во зимската сезона. Според АМСМ, сообраќајот на тој пат ќе биде забранет за сите патнички возила до 15 март.

Надлежните за одржување на патиштата велат дека без изградена инфраструктура, скијачки центри и конкретна туристичка понуда на Галичица не постои економска оправданост за одржување на овој патен правец во текот на зимата.

- Покрај економската неоправданост, патот не ги исполнува ни основните технички услови за одржување во зима. За да се обезбеди континуирана проодност потребен е посебен пункт на Галичица, во кој ќе се сместат механизацијата и алатот за одржување. Но и тоа не би било изводливо затоа што станува збор за високо планинско место, каде што во зима има големи наноси на снег - велат од охридската подружница на „Македонијапат“.

Тие објаснуваат дека овој патен правец не се користи многу често и спаѓа во групата на алтернативни патни правци.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4483DBC0797FB343A158C709F66C301B
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 22-Nov-2010 at 15:27

ВЕСТ ГИ ОТКРИВА ЦРНИТЕ ТОЧКИ НА ПАТИШТАТА

Каде се гине најмногу?

Во земјава има вкупно 169 т.н. црни точки од кои 53 црни точки на магистрални патишта, 63 на регионални, 2 на локални и 51 црна точка на улици во населени места

Годинава во земјава 139 лица го загубиле животот во сообраќајни несреќи. Дури 40 отсто од жртвите се деца или млади луѓе. Како главни причини за овие застрашувачки податоци е лошата состојба на патиштата, која од година на година е се полоша и полоша. Автопатиштата се далеку од европските стандарди, стари и дотраени, локалните патишта пак изрешетани со дупки и неосветлени а кривините лошо изведени. Речиси нема пат на кој нема т.н. "црни точка" чиј број е дури 169.и Иако овие т.н. "црни точки" од година во година земаат се поголем број човечки жртви, на ниту едно од овие места во моментов не е поставен знак со кој возачите би се предупредиле дека делницата е ризична и внимателно да возат. Ваквите знаци се тргнати од патиштата бидејќи во Европската конвенција за сообраќајна сигнализација не постои таков знак.
Големиот број сообраќајни несреќи со човечки жртви се резултат и на неприлагодена брзина со која се вози, недавањето на првенство на минување, возење под дејство на алкохол и неносење на сигурносни појаси. Минатата година за вакви сообраќајни прекршоци биле изречени 250 000 казни, а сличен а бројот и годинава.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи во изминативе десет месеци бројот на сообраќајни несреќи е помал од лани, но поголем е бројот на жртвите.
"Лани бројот од жртвите од сообраќајни несреќи во првите десет месеци беше 136, а оваа година имаме благо зголемување односно бројката е 139 жртви на патиштата. Нашата статистика покажува дека во најголем дел од сообраќајните несреќи каде има настрадани лица, процентот на млади луѓе кои настрадале е над 40 отсто. Гледајќи ги овие бројки, неопходно е сите да се мобилизираме и да се ангажираме, да работиме на планот на превентивното дејствување за да успееме во одредена временска динамика бројот на жртвите да го намалиме, односно да создаде побезбедни услови на патиштата во Република Македонија"рече вчера министерката Гордана Јакуловска, на одбележувањето на Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи.
Во светот годишно над 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни несреќи, од кои над 25 отсто од жртвите се деца или млади луѓе. (А.А.)

169 критични места

Во земјава има вкупно 169 т.н. црни точки од кои 53 црни точки на магистрални патишта, 63 на регионални, 2 на локални и 51 црна точка на улици во населени места.
Во Скопје црни точки се мостот кај Катланово, каде годинава се случија неколку сообраќајни несреќи со човечки жртви и крстосницата кај Католичка црква, каде поголемиот број несреќи за среќа завршиле со матријални штети.
На регионалниот пат Градско-Прилеп постојат дури шест црни точки.Поради лошите и остри кривина на оваа делница за една година се случуваат повеќе од 50 несреќи.
Толкав е бројот на несреќи на магистралниот пат Струмица-Ново Село, кај т.н. Робовска раскрсница. Кај местото Камендолска Спирка за една година се случуваат по петнаесетина несреќи. Голем број човечки животи зема и патот Велес-Штип, како и регионалниот пат Велес-Кочани кај велешкото село Сарамзалино.
Позната по голем број сообраќајки е и т.н. кривина на смртта кај селото Калиманци, кај Македонска Каменица. Тешки сообраќајки се чести и кај Зајас, Тајмиште, Камендолска спирка и Ботун.

ЕКСКЛУЗИВНА ПАТНА КАРТА СО ЦРНИТЕ ТОЧКИ МОЖЕТЕ ДА НАЈДЕТЕ САМО ВО ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА ВЕСТ В ПОНЕДЕЛНИК

http://vest.com.mk/?ItemID=02A699A450CCB642A7E2B70A333F67E8
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 06-Dec-2010 at 21:49

Понеделник, 06 Декември 2010 09:41

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, го најави отпочнувањето на рекострукција на локалниот пат за селото Пчиња.

pcinja240
Патниот правец е со вкупна должина од 9,5 километри. Реализацијата на овој проект е со средства обезбедени од Светската Банка преку Фондот за изградба на локални и регионални патишта. Вкупната сума што е предвидена за овој проект е 36 милиони денари.

Патниот правец е на приоритетната листа на локалната самоуправа и ќе се изврши негова коплетна реконструкција и проширување.

Ќе биде поставен тампон со висина од 25 см и асфалт од 7 см. Ширината на патниот правец ќе биде 7 метри со одводнување. Во изработката и во изведбата на проектот се запазени и ќе се запазат сите критериуми и стандарди кои се наложени од страна на Светската Банка.

http://kurir.mk/republika/proekti/10503-Rekonstrukcijata-na-patniot-pravec-kon-seloto-Pcinja

Edited by Cloverstack - 06-Dec-2010 at 21:49
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 06-Dec-2010 at 23:22

ОПШТИНА ИЛИНДЕН


Изградба на локален пат


Општина Илинден деновиве го реализираше својот капитален проект ,,Изградба на локалниот пат Ајватовци - Мршевци", со средстава од Светска банка и со поддршка на Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за државни патишта.
- Со градежните активности се изврши целосно тампопнирање, асфалтирање и обележување на локалниот пат во должина од 3,9 километри. Овој локален пат е од исклучетелно значење за граѓаните на општината, бидејќи поврзува шест месни заедници со административниот дел на општината, како и со Градот Скопје. Изградбата на овој локален пат ќе придонесе до овозможување на сосема нов концепт за рамномерен развој во општината пред се во насока на реализизрање на дополнителни нови проекти, отворање на простор за изграба на нови економски зони, развој на земјоделството како и пред се намалување на тошоците при секојдневното движење на граѓаните, велат од одговорните од општината.
Вкупната инвестиција за реализација на овој инфраструктурен проект изградба на локалниот пат изнесува 12.750.000,00 денари.

http://vecer.com.mk/?ItemID=2DCD35D8652A1149A7BA8EC7329333A0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 14-Dec-2010 at 11:53
Овој патото за Кожуф Р-112 кај треба да почнува од Гевгелија. Дали се за размислува да се поврзе со централниот булевар тука (41° 8'35.93"N 22°29'27.71"E) или ќе си биде како сега. Или па можеби се работи веќе? Ако може Гевгеличани или некои што патува натаму да ми одговори.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 21-Dec-2010 at 00:55
Од интервјуто на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, дадено за МИА - 19.12.2010

Вчера во Прилеп го пуштивте локалниот пат Прилеп-Канатларци, изграден во соработка со Агенцијата за државни патишта. До каде е изградбата и реконструкцијата на регионалните и локални патишта низ државата?

- Проектот за рехабилитација и реконструкција на регионалните и локалните патни правци е финансиран во соработка со Светска Банка за што Владата на Република Македонија обезбеди средства во висина од 70 милиони евра. За реконструкција на регионалните патишта се обезбедени 34 милиони Евра. Со средствата од оваа компонента од Проектот се градат, односно рехабилитираат 11 најоштетени регионални делници со вкупна должина од 288 км.  Во 2010 година е целосно завршена реконструкцијата на 5 од овие делници, а останатите 6 делници се очекува да бидат завршени до крајот годинава односно почеток на 2011 година.

Завршени регионални патни правци со проектот со Светска Банка се патните правци Давидово-Раброво, Струга-Дебар, Лакавица-Неготино, Прилеп-Кривогаштани и Превалец (врска со М-5)- Смојмирово, а дополнително на овие, во 2010 година завршени се градежните работи и на уште два регионални патни правца, опфатени со Програмата на Агенцијата за државни патишта, а тоа се патните правци Куклиш – Банско и Обиколницата на Охрид.

Во 2010 година започна и реализацијата на Проектот за реконструкција и рехабилитација на регионални и локални патишта во соработка со Европската банка за обнова и развој во висина од 50 милиони евра, од кои 25 милиони евра се обезбедени со цел реконструкција на регионалните

Владата на Република Македонија и дава безрезервна поддршка и на локалната самоуправа, во делот на реконструкцијата на локални патишта и оттука, во рамките на Проектот за реконструкција на локалните патишта со Светска Банка, обезбедени се 34 милиони евра. Во мометов потпишани се договори со изведувачи за реконструкција на 97 локални патишта низ целата држава во вкупна должина од 220 км. Од нив веќе се завршени 51 локален пат со вкупна должина од повеќе од 100 километри.

Исто така, за реконструкција на локалните патишта во рамките на Проектот за реконструкција и рехабилитација на регионални и локални патишта со средства од Европската банка за обнова и развој се обезбедени средства во висина од 25 милиони евра. Во моментов во тек аплицирање на општините со приоритетни проекти и комплетирање на целокупната потребна документација.

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3000
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 21-Dec-2010 at 14:16
Originally posted by Cloverstack

Од интервјуто на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, дадено за МИА - 19.12.2010 Вчера во Прилеп го пуштивте локалниот пат Прилеп-Канатларци


Според министеров иди дека пуштиле пат од 25 км,што нормално нема врска,патов што е наведен се дели од магистралниот пат Прилеп-Битола и е околу 6-7км,кој колку што знам и досега беше асфалтиран но многу оштетен.



build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 22-Dec-2010 at 16:01
Ке се градат делниците Коњско-Кожув и Кавадарци-Мушов Гроб

http://www.ktv41.com.mk/images/stories/onopiste.jpg
Завршување на автопатската делница Табановце - Куманово, продолжување со изградба и реконструкција на регионалните и локалните патишта, воведување интегриран електронски систем за наплата на патарина на Коридорот 10, се дел од приоритетите на Агенцијата за државни патишта за 2011 година. Со изградбата на автопатската делница од Коридорот 10, Табановце-Куманово, ке остане неизградена само уште една делница од овој Коридор на потегот од Демир Капија до Смоквица.АДП во 2011 година ќе располага со буџет од 5.728.900.000 денари.Во приоритетите за следната година се најавува и целосно завршување на изградбата на регионалните делници Коњско - Кожуф, Коломот - мост с. Близанско (патот за Порече), како и изградба на делницата Радовиш - Струмица.Со изборот на концесионер за дел од патиштата, постапка која треба да заврши во текот на следната година Македонија ќе добие нова автопатска инфраструктура.Од наплата на патарина заклучно со ноември годинава Агенцијата за државни патишта инкасирала над милијарда денари. Моментално се преговора со меѓународни финансиски институции за набавка на нов електронски интегриран систем за наплата на патарина. Се планира во текот на идната година на наплатните станици на Коридорот 10 да почне поставувањето и воведувањето на новиот систем, додека на Коридорот 8, кој е дел од проектот за концесија на патиштата, е предвидено идниот концесионер да воведе таков интегриран систем.Наплатата на патарините ќе биде контролирана од Агенцијата за државни патишта преку централен систем со кој ќе бидат поврзани сите наплатни станици. Со Годишната програма на АДП за одржување и заштита на патиштата се предвидени 970 милиони денари, кои се реализираат преку ЈП Македонија пат. Овие средства се користат за тековно, инвестициско и зимско одржување на патиштата низ целата држава. Со Проектот за реконструкција и рехабилитација на регионалните и локалните патишта, кој се реализира со заеми од Светска банка и од ЕБОР во вкупен износ од 120 милиони евра, се финансира реконструкцијата на 11 најоштетени регионални делници, со вкупна должина од 288 километри. Досега е завршена реконструкцијата на пет делници, а до крајот на годината се планира да бидат реконструирани уште три.Истовремено се работи на подобрување и на локалната патна мрежа. Во согласност со динамиката за оваа година завршени се 50 локални патишта во повеќе општини, а во зависност од временските услови се очекува таа бројка да достигне 60.Реализацијата на овој проект ќе продолжи и во текот на 2011 година. Генерално со оваа компонента од проектот се очекува да се реконструираат околу 200 локални патишта низ целата држава. Инаку, паралелно со реализација на заемот од Светска банка веќе почна и реализацијата на вториот дел од заемот финансиран од ЕБОР. Од овие средства 25 милиони евра ќе се користат за реконструкција на регионалните делници Ангелци - Вељуса, Радовиш - Конче - Лубница, Струга - Дебар, Демир Капија - Крњево и Кавадарци - Мушов Гроб. Веќе се потпишани договори за изведба на градежни работи на делниците Анегелци - Вељуса и Радовиш - Конче - Лубница, а до крајот на годинава ќе се објават тендери за рехабилитација на регионалните делници Струга - Дебар и Кавадарци - Мушов Гроб .Во текот на следната година Агенцијата за државни патишта ќе работи и на други проекти за сигнализација на патиштата, изградба на приклучоци, реконструкции и рехабилитации, мостови како и изработка на проекти за изградба на нови делници.

http://www.ktv41.com.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 22-Dec-2010 at 16:23


Оние 7 километри Табановце-Куманово им се „приоритет“ секоја година барем откако постои форумов (2007).


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 22-Dec-2010 at 16:30
Зашто упорно никој не ја кажува делницата Скопје-Велес која сега се вози по пренаменет регионален пат и така привремено е тоа со децении пренаменет. Кога веќе ќе ја убацат во таа листа воопшто на делници кои треба да се градат. Не мора одма да ја прават, барем да ја вртат по весници. Нестандардни радиуси, тесни ленти, трета лента нема, асфалтот од пред којзнае колку години, знаци и тунели под стандард.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 22-Dec-2010 at 16:39
Новиот пат помеѓу селата Добрушево, Мусинци и Мојно, направен со средства од кредитот на Светска Банка кој го обезбеди Владата е мошне значаен за локалното население, зашто неприфатливо е во 21 век селата да се без соодветна патна инфраструктура истакна денеска градоначанилникот на општина Могила при свеченото пуштање во употреба на завршениот дел од патот.

,,Констатирано беше дека точно оваа делница беше во многу лоша состојба,,-вели Славко Велевски, градоначалник на општина Могила.

Од кредитот од Светска Банка во износ од 34 милиони евра за Могила се наменети 281.000 евра. Патот свечено го пушти во употреба Министерот за одбрана кој истакна дека активностите се фокусирани кон решавање на реалните проблеми на граѓаните.

,,Ние министрите често доаѓавме на терен. Така ги осознаваме проблемите. Врз основа на сето тоа изградивме план како да помогнеме во малите места. Уште 20 милиони евра Владата ќе инвестира во реконструкција на локалните патишта во РМ затоа што знаеме дека голем дел од општините немаат соодветен финансиски капацитет сами да го направат тоа.,,-изјави денеска Зоран Коњановски, Министер за одбрана на РМ.

....

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=68894
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 27-Dec-2010 at 15:02
Пуштен во употреба дел од локалниот пат Црничани - Богданци - 27.12.2010

 

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески заедно со министрите за транспорт и врски и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Миле Јанакиески и Љупчо Димовски, денеска во селото Црничани, општина Дојран, свечено пушти во употреба дел од локалниот пат Црничани - Богданци.

Делницата во должина од 1,75 километар и ширина од 5 метри, чија изградба чинеше 135 илјади евра, е реализирана со средства од кредитот на Светска банка во износ од 120 милиони евра за изградба на локалната патна инфраструктура во Македонија, а нејзината доизградба треба да се дореализира со средствата од новата кредитна линија на ЕБОР.

- Дојран е една од општините во Република Македонија која има услови да биде една од најразвиените, но долги години беше запоставувана и не го оствари својот развој. Сега тоа не е случај и се прават напори да се подобрат економските услови во општината, рече вицепремиерот Ставрески во поздравниот говор.

Тој истакна дека дел од напорите да се подобрат економските услови во општина Дојран е изградбата на бунари, пешачка патека околу Езерото, спортски игралишта, но секако и изградбата на добри патишта кои ќе ја поврзуваат општината и ќе го поддржат локалниот економски развој.

Вицепремиерот вети пуштањето во употреба на локалниот пат кај Црничани нема да биде последната инвестиција во патната инфраструктура и оти Владата ќе продолжи со реконструкцијата и изградбата на локалните патишта во општината.

Министерот за транспорт и врски Јанакиески истакна дека подобрувањето на патната инфраструктура е еден од главните приоритети на Владата на Република Македонија.

- Покрај овој регионален пат, во јуни во општина Дојран ќе биде пуштен во употреба и регионалниот пат до Стар Дојран, а се очекува пред почетокот на сезоната да биде готова и пешачката патека околу Дојранското Езеро. Има и ветувања од концесионерите дека ќе бидат доуредени и плажите во Дојран, рече министерот Јанакиески, нагласувајќи дека тоа ќе придонесе за развој на туризмот.

Тој вети дека заедно со Општина Дојран, Владата ќе реализира и други проекти кои ќе придонесат за подобрување на животот на граѓаните на општината.

Градоначалникот на Општина Дојран Глигор Чабулев нагласи дека подобрувањето на локалната инфраструктура е еден од основите за развој на општината.

- Со локалниот пат се намалува растојанието до соседните населби и општината Дојран, а тоа се надеваме ќе придонесе за забрзан развој на општината, рече Чабулев.


http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3008
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 02-Jan-2011 at 16:39
Асфалтен пат од пробиштип до Злетово zletovo_probistip.jpg

Пробиштип - Градежна механизација на „Гранит“ АД Скопје РЕод Делчево работи наизградбата и асфалтирањето на патниот поравец од Пробиштип до Злетово.

Патот е во должина од 3.720 метрисо широчина од 5,5 метри. 

Се очекува многу да го скрати патното поврзување меѓу овиедве населени места во општината.

Патот кој беше со дотраена коловозна лента сега ќе биде современа сообраќајница со рабници, со пропусти за атмосферска вода, а на одредени места од патот се градат и потпорни ѕидови.

Средствата потребни за негово целосно завршување се обезбедени од Бирото за регионален развој и општина Пробиштип и се очекува да биде готов во февруари наредната година. (МИА)


http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2792&Itemid=125
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 04-Jan-2011 at 13:44
В ГОДИНА ЌЕ СЕ ПОЧНЕ САМО ЕДЕН ПАТЕН ПРАВЕЦ
Патиштата во слеп колосек

Елена Костовска


Македонија станува слепо црево на Балканот иако се наоѓа во централниот дел на полуостровот и низ неа поминуваат два паневропски коридори. Додека нејзините соседи градат и по 100 километри автопат годишно, земјава и по дваесет години самостојност се уште ја нема почнато изградбата на Коридор 8, а Коридорот 10 во најголем дел е во лоша состојба. Следна година Владата не планира да почне изградба на ниту еден километар автопат или пруга со исклучок на патниот правец Демир Капија - Смоквица, за кој се чека одобрение од Европската комисија. Наместо да гради, државата ќе бара концесионер за изградба на патните правци од Коридор 8, а ќе прави и проекти за железничко поврзување со Албанија и со Бугарија. И додека концесионерите и консултантите не си ја завршат својата работа, превозниците си ги кршат возилата по македонските магистрални и регионални патишта, стопанството ќе трпи загуби превезувајќи стока по заобиколни патишта, а опозицијата ќе обвинува дека власта нема изградено ниту еден километар автопат. Државата ветуваше осум милијарди евра во изградба на инфраструктура. Но, наместо тоа, единаесет регионални и локални патишта се реконструираат со кредит од Светската банка, а само четири магистрални и регионални делници се градат со пари од Буџетот. Во четири години единствен автопат што се гради, а се уште не е завршен, е делницата Табановце - Куманово, која се очекува да биде завршена во текот на следната година, а доцни поради проблеми на изведувачот „Алпине“, за кои државата наплаќа пенали. Стопанствениците многу пати повторија дека приоритет на Владата треба да биде Коридорот 8 како заради соработката со Бугарија и со Албанија, така и заради потребата од алтернатива на солунското пристаниште и грчките железници, кои од минатата година штрајкуваат.
- Рудникот „Бучим“ ја пренесува рудата за топење од Радовиш во Бугарија. Патот што го користи е единствената калдрма на Балканот. Во Бугарија е друга приказна, тие од пред две-три години почнаа интензивно да ја поправаат инфраструктурата. Кај нас почнаа да работат на десет километри од патот, но тоа оди многу бавно. Да имаме добра инфраструктура, тоа значи безбеден транспорт, заштеда навреме, пари и поконкурентни цени - вели Николајчо Николов, директор на „Бучим“. Според претседателот на Унијата на превозници, Страшо Јованов, државата од Буџетот треба да ја гради инфраструктурата и тие да бидат во нејзина сопственост, а не да ги дава под концесија. - Изградбата на инфраструктурата е неприкосновено барање и олеснување за македонските превозници. Тие може да се изградат со средства од нафтените деривати за да може државата да ги ужива придобивките од нивното управување. Железницата треба да биде приоритет за да можеме да ги добиеме албанските и бугарските пристаништа - вели Јованов. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во својот отчет ги повтори истите приоритети од минатата година. - Завршени се студијата за оправданост и идејниот проект на пругата кон Албанија, а обезбедени се и средства од 500.000 евра за консултант кој ќе ја изработи студијата за пругата кон Бугарија. Треба да почне изградбата на делницата Демир Капија - Смоквица, со што ќе се комплетира Коридорот 10 - вели Јанакиески.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=2208&ArticleID=154133
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 14-Jan-2011 at 18:42

Патот Струмица- Дојран полн со дупки и нерамнини

За десет месеци десетина километри. Вака се гради регионалниот пат Струмица-Дојран. Наместо европски пат како што се најавуваше, новиот пат е полн дупки и нерамнини. Механизацијата со месеци е тука, а патот никако да се заврши.

Жителите на Костурино бараат одговорност од надлежните. Стариот асфалт што минуваше низ селото е изгребан втор месец, патот е претворен во огромни кратери каде секојдневно животот го ризикуваат илјадници патници.

Од државната Агенција за патишта велат дека изградбата е одложена поради процедури со документацијата кои агенцијата требала да ги заврши со Светската банка. Но, најавуваат дека патот ќе се доврши во најбрзо време.

Регионалниот пат Струмица- Дојран почна да се гради во март минатата година. Рокот за изградба беше осум месеци. Патот долг 31 километар државата ја чини околу три милиони евра. Досега се изградени само десет километри.

Сузана Мицева
13.01.2011, 15:08
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=69835
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 15-Jan-2011 at 18:17
eden od mnogute primeri na nestrucno zavrsena rab(a vo ovoj slucaj i ne moze da se narece zavrsena)

Проширен автопат-оштетени домови

сабота, 15 јануари 2011, 17:39

Заштитени од бучавата на автомобилите, но со оштетени куќи. Жителите на населбата Ѓорче Петров 2 се жалат дека проширениот автопат од Тетово кон Скопје им нанел големи штети. Поради лошо изведениот одводен канал при најмали врнежи куќите постојано им биле поплавени. Стравуваат дека дел од објектите кои претрпеле штети и од градежната механизација за време на проширувањето на патото можат во секој момент да се урнат. Вината ја лоцираат кај Агенцијата за патишта:

Агенцијата за патишта признава дека има проблем. Случајот бил во фаза на решавање, но проблемот била висината на паричната отштета која според локалното население била премногу ниска, за што во тек е судски спор. Инаку ова не е единствениот проблем за овие луѓе.

Доколку не им се решат проблемите, локалното население се закани со блокада на влезот на Скопје.

http://www.time.mk/read/NONE/0a092c7327/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 17-Jan-2011 at 20:51
Општина Струмица ќе гради заобиколен пат од Баница до Велјуса strumica_obikolen_pat.jpgСтрумица – Поради преоптовареност на регионалниот асфалтен пат Баница – Велјуса, општина Струмица во текот на оваа година планира изградба на заобиколен пат меѓу овие две населени места. Патот ќе биде тампониран и ќе служи претежно за локален сообраќај со запреги, што значително ќе придонесе за релаксирање на асфалтната сообраќајница која води до Водоча и Велјуса и до средновековните манастирски комплекси „Свети Леонтиј“ и „Света Богородица Елеуса“, односно до седиштето на Струмичката епархија. - Реализацијата на oвој проект е планирана со програмата за 2011 година. Од страна на општинската администрација тој е веќе комплетиран со потребната документација, која е поднесена до Бирото за регионален развој со барање за одобрување финансиски средства за неговата реализација, велат во локалната самоуправа.
Со отворањето на овој алтернативен патен правец значително ќе биде олеснет и пристапот на жителите од околните населени места до нивните имоти, односно до обработливите земјоделски површини во овој дел од општината.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2799&Itemid=125
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 25-Jan-2011 at 15:43
Пак слична вест за патот Струмица-Дојран, но да ја изрегистраме

Обновата на патот оди како желка

Наместо за седум месеци да биде комплетно реконструиран регионалниот пат Струмица - Дојран, како што беше најавено, досега, за 17 месеци, се реконструирани нешто повеќе од 10 километри. Почетокот на изградбата беше во септември 2009 година, а целата реконструкција на асфалтниот слој во должина од 31 километар требаше да заврши за седум месеци. Наместо тоа, повеќе од една и пол година граѓаните од овој дел на државата честопати се сведоци на застои во сообраќајот, а најпогодени се жителите на Костурино, единственото село низ кое поминува овој патен правец. Стариот асфалт од патот што минува сред село два месеца е изгребан, а до неодамна патот беше полн со дупки, по кои движењето на возилата се одвиваше со проблеми.

- Речиси цела зима не можевме како луѓе да поминеме од едната на другата страна на селото. Механизацијата пред повеќе од два месеца го изгреба стариот слој асфалт и наместо да постават нов, се отворија големи дупки. Пред неколку дена ги пополнија дупките и сега возилата се движат побезбедно. Досега, дневно да се асфалтираше по еден метар, патот ќе го завршеа - се жалат жители на Костурино, на кои патниот правец им е и главна селска улица.

На бавното реконструирање на овој патен правец се жалат и возачите што секојдневно го минуваат.

- Додека се работеше секојдневно, чекавме по неколку часа. Сега не се работи, но на новиот асфалт има многу нерамнини на споевите од една делница со друга, а една делница воопшто не е асфалтирана, туку само е изгребена. Не знаеме зошто толку се одолжува асфалтирањето на овој патен правец бидејќи тој за нас е и порта за излез кон Грција преку Дојран и Богородица - велат возачите.

Првата фаза од реконструирањето на овој патен правец во должина од 17 километри, според најавите, требаше да заврши во октомври лани. За реконструирање на целата делница во должина од 31 километар, државата треба да потроши околу 3 милиони евра.

Ристо Тасев

 
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 02-Feb-2011 at 02:48
Го имаме постирано написот за овој пат еве некои слики. Релативно добро за она што го знаеме за локален пат во македонија.
РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ ВО ЦРНИЧАНИ ЗАВРШИ
































http://www.dojran-info.com/index.php?option=com_content&view=article&id=134%3A2010-08-06-11-34-06&Itemid=4&lang=mk#
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 84>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.262 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.