build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 84>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 29-Jul-2011 at 20:07


Прекрасна статија

Штета само што не е ископано малку подлабоко за консултантите и надзорите, ама мислам и вака е сосема јасно што се случува и кој е преводот за терминот „консултантски услуги“ во случајов.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 30-Jul-2011 at 14:21
Пуштен во употреба рекунструираниот регионален пат Илинден-Калуѓерец

Скопје, 30 јули 2011 (МИА) - Премиерот Никола Груевски денеска го пушти во употреба рекунструираниот регионален пат Илинден-Калуѓерец, во должина од 19 километри, со што ќе се подобри патната врска за жителите од општините Кисела Вода, Илинден и Сопиште.

Овој проект вреден околу 144,3 милиони денари е дел од Програмата на Владата на Република Македонија  за реконструкција на регионалните и локалните патишта.

- Во новата програма за работа на Владата 2011-2015 особено значење му е посветено на инвестирањето во нови патишта и на реконструкцијата на голем број делници, меѓу кои се Демир Капија - Смоквица за целосно автопатско заокружување на Коридорот 10, реконструкцијата на автопатот Велес-Скопје, автопатското поврзување на Скопје и Штип, Куманово и Крива Паланка, Гостивар и Охрид..., рече Груевски.

Премиерот додаде дека на изградбата и обновата на патиштата на Македонија и претстои богат период и времиња за паметење.

Директорката на Агенцијата за државни патишта Наташа Валкановска посочи дека во рамки на овој проект опфатена е реконструкција на вкупно 370 километри регионални патишта низ државата, од кои околу 300 километри се веќе завршени.

- Во завршна фаза е изградбата на новопробиениот пат во Поречието во должина од 10 километри, со кој се обезбедува претходно прекинатата патна врска кон Македонски Брод, истакна Валкановска.

Реконструкцијата на патната инфраструктура, како што додаде таа, е важен сегмент за развојот на економијата и значаен дел од Програмата на Владата.

Валкановска најави дека Агенцијата за државни патишта во следните неколку месеци ќе отпочне со подготовка на 40-тина нови проекти за изградба и реконструкција на патиштата, како и со обнова на сигнализацијата на патната мрежа во државата.

На пуштањето во употреба на рекунструираниот регионален пат Илинден-Калуѓерец присуствуваа потпретседателот на Собранието на Република Македонија Светлана Јакомовска, градоначалниците на Кисела Вода и на Сопиште и голем број граѓани. дма/цр/14:26

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=85708273&lId=1
Back to Top
Superman View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote Superman Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 30-Jul-2011 at 19:35
Инфраструктурата – меѓу врвните приоритети на новиот Владин кабинет

Никола Крстиќ
Вчера прва седница и сет-економски мерки за граѓаните и за стопанството, денеска на терен да се означи завршетокот на веќе сработен проект во претходниот мандат. Старо-новиот Владин кабинет почна да функционира со полн капацитет.

„Вчера беше првиот работен ден на новата Влада, со првиот ден продолжуваат да се реализираа ветувањата кои ги имаме дадено пред граѓаните на Република Македонија, како што ветивме, така и почнуваме, со засилен состав, нови сили и зголемен интензитет” изјави Никола Груевски, претседател на Владата.

Инвестициите во патната инфраструктура остануваат еден од врвните приоритети и на новиот Владин состав. Модернизација на коридорот 10 преку реконструкција на делницата Скопје – Велес и автопатско решение за Демир Капија – Смоквица. Во наредниве четири години ќе се работи и на Осумката – од Крива Паланка до Куманово и од Гостивар до Охрид.

„Не само што го подобруваат животот на граѓаните, даваат поголема безбедност, можност за побрзо стигнување, туку претставуваат и сериозна поткрепа на работењето на градежноиот сектор и на уште 26 поврзани стопански гранки” рече премиерот Груевски.

Продолжува и проектот за изградба и за реконструкција на локални и на регионални патишта. Во изминативе 3 години беа завршени 300 километри, а Агенцијата за државни патишта за наредниве месеци најавува почеток на реализација на 40 нови проекти.

„Континуирано работиме на подобрување на патната мрежа низ целата држава, нејзината изградба е важен дел од развојот на економијата, но и значаен дел од програмата на Владата” изјави Наташа Валкановска, директор на Агенцијата за државни патишта.

Реконструираната 19-километарска делница од Илинден до Калуѓерец беше пуштена во употреба. Проект вреден 2.3 милиони евра, дел од регионалниот патен правец Скопје - Македонски Брод, а во завршна фаза е и изградбата на новопробиениот 10 километри долг пат во Поречието којшто ќе ја воспостави претходно прекинатата врска поради изградбата на ХЕЦ “Козјак”.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/21675/infrastrukturata_%E2%80%93_megju_vrvnite_prioriteti_na_noviot_vladin_kabinet.aspx

Edited by Superman - 30-Jul-2011 at 19:35
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
Back to Top
bobipp View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 31-Jul-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote bobipp Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 31-Jul-2011 at 09:29
Здраво градежници

Ми треба мала помош, се надевам ја погодив темата. Спремам магистерска и ми требаат информации за некој тунел кај Демир Капија што е, не знам точно на кој пат е веројатно станува збор за тунелот на патот Демир Капија-Удово. Ако некој има технички информации во врска со овој тунел или пак слики многу ќе ми помогне. Однапред благодарам   
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 03-Aug-2011 at 01:30


Веројатно прашуваш за тунелите Демир Капија 1 и 2 кои се на М-1 (многумина го сметаат како еден тунел, бидејќи се речиси споени и ги дели само еден мал процеп овде:  41°24'24.47"N  22°15'35.87"E). Некои податоци има во табелата подолу, а слики најдов овде:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=26&PID=17829#17829

и овде:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=689&PID=12161#12161

Слики исто така можеш да најдеш и на панорамио...



ПРЕГЛЕД НА ТУНЕЛИТЕ НА ГЛАВНИТЕ И РЕГИОНАЛНИТЕ ПАТИШТА

Патна дестинацијаПатkmИме(Локалитет)Ширина на коловоз(m)Должина на тунел(m)Висина на тунелот(m)
Велес-КатлановоM145+487Кула8.407136.0
Катланово-ВелесM146+389Катланово8.403196.0
Катланово-ВелесM1164+571Басино Село 17.80666.0
Катланово-ВелесM1265+465Басино Село 7.801816.0
Демир Капија - УдовоM1124+943Демир Капија 18.05546.0
Демир Капија - УдовоM1125+420Демир Капија 28.03236.0
Скопје - БлацеM332+853Блаце7.01446.3
Охрид - РесенM523+783Опеница 16.0885.3
Охрид - РесенM5223+783Опеница 6.0405.3
Битола - ПрилепM573+028Баир-Битола7.71407.1
Демир Капија - УдовоR103112+050Демир Капија 13.5775.2
Демир Капија - УдовоR103120+346Демир Капија 25.6564.5
Градско - ПрилепR10623+648Фарис6.5666.8
Маврово - ДебарR40943+930Скудриње5.0324.9
Охрид - Св. НаумR5017+803Св. Стефан6.0324.9
Макази - ЦаринаR50315+585Отешево6.01114.9

Вкупна должина на тунелите на главните патишта (магистрални) 2568 m

Вкупна должина на тунелите на регионалните патишта 358 m

Вкупно (магистрални и регионални) 2926 m




Edited by Cloverstack - 03-Aug-2011 at 01:32
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 10-Aug-2011 at 09:01
Гранит потпиша четири нови договори
Петре Димитров -  10 август 2011   09:32 GMT

Градежната компанија „Гранит“ АД ќе ја изведува реконструкцијата на локалните патишта Лот 2 Вардарски и Југоисточен регион (фаза 2), каде инвеститор е Агенцијата за државни патишта, за што ќе заработи 263,3 милиони денари. Рокот на изведба е 10 месеци.

Компанијата ќе ги реконструира и локалните патишта Лот 1 Североисточен и Југоисточен регион (фаза 2), кој исто така е финансиран од Агенцијата за државни патишта. Вредноста на овој договор е 158,2 милиони денари, а рокот на изведба е 10 месеци.

„Гранит“ ќе извршува и асфалтерски работи на аеродромот „Александар Велики“ за 500,3 илјади евра. Инвеститор на овој зафат е HADI ŞAHIN INTEPE подружница Скопје, а рокот на изведба е 2 месеци.

Компанијата за изградба, реконструкција и санација на локални патишта и улици во скопската населба Илинден ќе заработи уште 42,5 милиони денари. Инвеститор во овој проект е Илинден, а рокот на изведба е 1 месец./крај/пд

http://www.makfax.com.mk/#264910%2Fgranit_potpisha_chetiri_novi_dogovori
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 19-Aug-2011 at 23:26
Реконструкцијата на патот Пробиштип - Плешенци



Започнаа градежните работи за реконструкција на патниот правец Пробиштип - с.Плешенци.
Должината на патниот правец изнесува 3,3 км, а финансиските средства се обезбедени од ЕИБ преку Агенцијата за државни патишта во износ од 225.086 евра.

На тендерот кој беше распишан од страна на Агенцијата за државни патишта како најповолен изведувач се јави фирмата “Алпине“ а за надзор се избрани IRD и Геинг.

Овој патен правец е дел од група на локални патишта за кои рокот на завршување на работите е 18 месеци. Со оглед на тоа што овој пат е меѓу првите започнати патни правци, се очекува реконструкцијата да заврши за околу 2-3 месеци.


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 09-Sep-2011 at 13:17

Продолжува изградбата на патот Старо Нагоричане-Никуљане

 Од наредната недела ќе продолжи изградбата на патот што ги поврзува селата Старо Нагоричане и Никуљане. Во втората фаза е предвидено да се асфалтираат уште 1800 метри со што целосно ќе се заврши патот.

Овој пат е од особено значење не само за жителите на двете села, туку на целата општина, бидејќи претставува директна врска со општината Куманово. Патот се гради по сите стандарди за современи сообраќајници и треба да биде завршен до 1 декември- вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

Сретствата ги обезбедува Агенцијата за патишта. Првиот дел од патот од селото Старо Нагоричане беше изграден мината година во иста должина. 

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/prodolzuva-izgradbata-na-patot-staro-nagoricane-nikuljane.html
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 12-Sep-2011 at 17:36

Почна реконструкцијата на дел од патниот правец Раштак–Сингелиќ

На потегот Раштак–Булачани почна реконструкцијата на дел од патниот правец Раштак–Сингелиќ.

Реконструкцијата, соопштуваат од општина Гази Баба е предивдена со проект на Владата и Агенцијата за државни патишта, финансиран со заем од Европска банка за обнова и развој.

Од општината ги известуваат граѓаните од населеното место Раштак следните неколку дена како алтернатива да го користат патниот правец Раштак–Бутел.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 14-Sep-2011 at 11:55

Коридорите колатерална корист од грЧката криза


Во услови кога солунското пристаниште е единствено и скапо решение, кое сé почесто станува проблематично поради кризата во Грција, Коридорот 8 можеби конечно ќе се активира. Коридорот 10 има уште една незавршена делница, од Демир Капија до Смоквица, а Коридорот 8, кој е во фаза на мирување, засега е најбараното и најитно решение

 
 
%20  
Македонија мора да се врзе во европскиот сообраќаен јазол и да се вклопи во транспортната мрежа доколку сака да си загарантира економски напредок и секакво друго вмрежување со светот. Коридорите 8 и 10 со тоа стануваат неопходност, која мора што побрзо да се реализира. Коридорот 10 има уште една незавршена делница, од Демир Капија до Смоквица, решение што не е ни малку едноставно и евтино, бидејќи се работи за изградба на сосема нова траса паралелна со веќе постојната, во должина од 28,2 километри и вредност од околу 250 милиони евра. Коридорот 8, пак, засега е во мирување, иако тој е најбараното и најитно решение, кое на македонските фирми треба да им даде алтернатива во преносот на стоки, што сега се одвива претежно во насока север - југ. Во услови кога солунското пристаниште е единствено и скапо решение, кое сé почесто станува проблематично поради кризата во Грција, Коридорот 8 можеби конечно ќе се активира.

Немањето сопствени пари за вака големи потези и за тие што побрзо да се изградат наметнува решение што опфаќа нивно доделување под концесија. Експертите коментираат дека наредниов период нашите власти треба да се изборат и да излобираат кај европските партнери повеќе пари за инфраструктурата во државава, бидејќи сепак ние сме центарот на Балканот, што, пак, нé прави наједноставно и најевтино решение за поврзување помеѓу север и југ и исток и запад. Важноста од квалитетно сообраќајно поврзување ја сфатија нашите соседи, кои во голем дел и ги изградија делниците на нивните територии што влегуваат во маршрутата на коридорите. Историјата и сегашноста покажале дека изградбата на инфраструктура во една држава е од суштинско значење за економски пораст и засилена урбанизација на сите населени места на таа територија. Модерните автопати освен што нам ќе ни ги олеснат транспортот и сообраќајот, отвораат и многу можности за друг вид заработка од странците што ќе ги користат.

Коридор 10

Табановце - Куманово

Со изградбата на делниците Табановце - Куманово што заврши пред десетина дена и Демир Капија - Смоквица, за чија изградба веќе има распишано тендерска постапка, на територијата на Република Македонија Коридорот 10 ќе биде целосно изграден како автопат.

Делницата Табановце - Куманово е долга 7,5 километри, а коловозот е широк по 11 метри во секоја насока.

Коловозните ленти се разделени меѓу себе со зелен појас и ограда во широчина од 4 метри. Проектот предвидува и нов пристап за управување со сообраќајот во пристапувањето кон граничниот премин Табановце. Вкупната вредност на проектот е 15,5 милиони евра, а средствата се обезбедени од Светска банка и од буџетот на Република Македонија.

Должина: 7,5 километри
Вредност: 15,5 милиони евра
Статус: пуштен во употреба

Демир Капија - Смоквица

Делницата Демир Капија – Смоквица е клучниот дел од Коридор 10 што ќе го олесни и ќе го забрза протокот на луѓе и стока во јужниот дел од државава, кој сега се одвива по лошо решение надвор од европските стандарди. Токму поради ова ќе се прави сосема нов автопат во овој дел, во согласност со европските барања.

- Два двојни тунела (со посебни тунелни ленти во различни насоки на движење) со над 1 километар должина,
- шест моста, од кои три имаат засилен бетонски систем со долги држачи и високи столбови,
- две крстосници,
- пет надвозници,
- седум подвозници.

Европската инвестициска банка (ЕИБ) и одобри 130 милиони евра на Македонија за изградба на дел од автопатот на Коридорот 10, односно патниот правец Демир Капија - Смоквица. Според нашите државни претставници, парите се одобрени под исклучително поволни услови, со каматна стапка од 1,3 отсто, со рок на отплата од 15 години, со вклучени пет години грејс-период. Покрај ЕИБ, во финансирањето ќе учествуваат и ЕУ со грант од 45 милиони евра преку ИПА-програмата и ЕБОР со заем од 107 милиони евра, од кои 90 милиони евра се наменети за изградба на автопатот, а остатокот за модернизација на системот за наплата на патарина и наплатните станици по должината на автопатот на Коридорот 10. Македонија учествува во проектот со околу 6 милиони евра обезбедени од буџетот на државата.

Должина: 28,2 километри
Вредност: 250 милиони евра
Статус: распишан тендер за понуди за концесија
Рок: 2012-2018 година

Коридорот 8
- мост меѓу Јадранско и Црно Море

Коридорот 8 е всушност трансферзала што ќе ги поврзува најбрзо и најкратко Црно и Јадранско Море, и тоа од Бургас, преку Софија и Скопје, до пристаништето во Драч.

Во април годинава беше потпишана заедничка декларација меѓу министрите за транспорт на Македонија, Албанија, Бугарија и на Италија, посветена на овој коридор за побрзо иницирање и заеднички настап на земјите за доизградба и подобрување на патниот и на железничкиот дел од оваа траса што минува низ Република Македонија.

Комплетирањето на овој коридор е особено важно и е сé почесто барано од најголемите домашни извозни компании, кои трпат големи загуби кога има проблеми со транспортот на стока преку Грција од солунското пристаниште, нешто на што сме сведоци деновиве поради штрајкот на грчките царински работници. Скапото „солунско решение“ ги прави нашите производи неконкурентни, не во делот на производството, не во делот на реализирање на нарачките, туку во стигнувањето на стоките до купувачот, што би се изменило доколку би бил комплетно изграден Коридорот 8, што, пак, со пристаништата во Драч и во Бургас ќе претставува поевтино и алтернативно решение.

Автопат меѓу Куманово и Крива Паланка и Романовце и Крива Паланка

Патниот правец Крива Паланка - Романовце треба да биде автопатско решение со вкупна должина од 60 километри. Поделен на две делници, и тоа: од Романовце до Страцин со должина од 35 километри и од Страцин до Крива Паланка со должина од 25 километри. Според планот, кој сега е актуелен, трасата на автопатот на овој потег почнува од западниот влез на Крива Паланка и продолжува кон север сé до Страцин, потоа кон југ и исток од Куманово за да се сретне со постојниот автопат со патарина.

Автопатското решение предвидува изградба на коловоз со по 2 ленти со широчина од 3,75 метри и по една застанувачка лента со широчина од 2,5 метри во секој правец. Вредноста на проектот е близу 273 милиони евра. Изградбата на овој патен правец на ниво на автопат е дел од проектот за давање на патиштата под концесија. Во случај во постапката за концесија, која е во тек, да не се добијат прифатливи финансиски понуди, ќе се разгледа варијантата тој само да се реконструира, при што вредноста на зафатот се планира да биде околу 35 милиони евра. Од тоа со какво решение ќе се оди ќе зависи и времето на почнување и завршување на проектот.

Должина: 60 километри
Вредност: 273 милиони евра
Статус: не е распишан тендер за понуди за концесија
Рок: 2013-2018 година
Гостивар - Охрид, ТребениШте - Струга - Подмолје

Од Коридорот 8 ќе остане уште изградбата на квалитетен автопат, кој ќе ги поврзе Гостивар и Охрид, со крак кон Албанија кај Ќафасан, вклучувајќи ги и делниците Требениште - Охрид, Требениште – Струга и Струга – Подмолје.

Трасата на наведените делници од Коридорот 8 поминува преку Букојчани, Кичево, до Требеништа. Понатаму се издвојуваат патни краци од Требениште кон Охрид и кон Струга, како и поврзување на Струга со Подмолје. Вкупната должина на овој патен правец е 128 километри. Европските критериуми бараат изградба на коловоз со по две ленти со широчина од 3,75 метри и по една застанувачка лента со широчина од 2,5 метри во секој правец. Вредноста на проектот е околу 490 милиони евра. Изградбата и на овој патен правец е дел од проектот за давање на патиштата под концесија. Доколу се оди по планот и се добијат прифатливи понуди, тогаш најрано може да се почне со изградба дури во 2013 година, со претпоставки работата да се заврши во 2018 година.

Должина: 128 километри
Вредност: 490 милиони евра
Статус: не е распишан тендер за понуди за концесија
Рок: 2013-2018 година

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91411910198&id=9&prilog=0&setIzdanie=22380
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 15-Sep-2011 at 22:32
Со Предлог-ребалансот на Буџетот, ставката за изградба и реконструкција на патиштата се намали за цели 2,3 милиона евра.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=70D7E27505C8A5439B133C5EF143D5D5
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 210
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 25-Sep-2011 at 17:33
Ни фалат 80 километри за да се поврземе со виа игнација


       
Во рамките на европската рута, која се протега од Лисабон до турско-ирачката граница, во еден дел во Грција практично е возобновена римската Виа Игнација. Фали само делот од 80 километри за од Меџитлија да се поврземе на рутата преку Кожани. Има и политичка волја и интерес тоа да биде финансирано од европските фондови


      
      
Егнатија Одос е пат што ја поврзува Грција од Игуменица до грчко-турската граница кај граничниот премин Кипои. Станува збор за пат долг 670 километри, кој беше направен со пари од европските фондови и е завршен во 2009 година. Трасата е речиси иста како онаа на Виа Игнација. Грците често овој пат и го викаат Виа Игнација, но, работејќи на него, ја заборавиле Македонија, низ која и минувала трасата.

Некогашната траса Виа Игнација во денешна Македонија влегувала кај Меџитлија преку Битола, Охрид до границата кај Ќафасан и ја поврзувала земјава со албанското пристаниште Драч. Волја за вакво поврзување на Македонија постои и сега, а и предностите за македонскиот транспорт се големи, особено во оваа ситуација кога излезот на море и транспортот главно се одвива преку пристаништето во Солун, каде што поради кризата постојано има штрајкови и блокади. Некои фирми веќе се пренасочија кон Драч и со тоа ги намалија трошоците. Со приклучувањето на Македонија на Виа Игнација и поврзувањето со Албанија со нов модерен пат, освен на фирмите, ќе им се олесни патувањето и на македонските граѓани.
Виа Игнација во суштина е дел од европскиот пат Е 90 и се протега од Лисабон, Португалија, на запад, па сé до турско-ирачката граница на исток, но иако патот е речиси ист како римската траса, Македонија остана надвор од неа. Но постои политичка волја, но и желба да се финансира приклучокот на Македонија на новата Виа Игнација, која ќе нé поврзе и со Албанија.

МАКЕДОНИЈА ВО НОВАТА ВИА ИГНАЦИЈА?

Како и да е, повеќе од потребно е вклучувањето или поврзувањето на Македонија со новата грчка Виа Игнација, која е повеќекратно важна за македонската историја, сегашност и иднина, особено во новите геополитички околности.

Зошто била важна и зошто е потребно обновување? Виа Игнација директно влијаела на создавањето нови градови и на нивниот развој во секоја смисла. Од неа почнувале или се надоврзувале речиси сите римски патишта на Балканот, така што Македонија со право се сметала за една од главните крстосници на Римската Империја. Благодарение на Виа Игнација, сите новини носени од Стамбол до Рим или обратно, поминувале тука, оставајќи материјални и други траги. Делницата на Виа Игнација низ Македонија интензивно била користена сé до Првата светска војна, за сега да се претвори во заборавен антички експонат.

Кога Виа Игнација почнала да се гради, идејата била да се поврзат два краја на една империја, а денес на тој простор се протегаат повеќе држави со различни интереси. Токму државите со различни интереси се причина тој пат да биде оживеан само во одредени делови, а Македонија да се заборави.

Но како сега да се приклучиме? За да се поврзе Македонија со овој европски пат што поминува во Грција, потребно е да се направи делница во грчкиот дел од Кожани до македонската граница кај Меџитлија, потег што изнесува околу 80 километри. Потоа земјава би се поврзала и со Албанија со пат што би одел од македонско-грчката граница преку Битола, Ресен, Охрид, Струга и Ќафасан со должина од 120 километри. Она, пак, што би требало да се поврзе во Албанија е патот од македонско-албанската граница кај Ќафасан, па преку Елбасан и Тирана до Драч со должина од 180 километри.

Интересот на Албанија е многу поголем за поврзување со Хрватска преку јадранската магистрала. Значи, има и политичката волја кај официјална Тирана за поврзување со Хрватска, односно да се добие трасата Дубровник - Херцег Нови - Бар - Скадар - Тирана - Елбасан, што би било околу 300 километри.

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИМПУЛС

Инфраструктурата е главна тема на средбите на претседателите на Македонија, Албанија, Црна Гора и на Косово. Главно на оваа тема тие разговараат на средбите, кои од 2009 година станаа вообичаена практика. Првата беше во 2009 година во Валона, втората во Призрен минатата година, а сега тие се среќаваат во Охрид. Според најавите од кабинетот на претседателот Иванов, се очекува во Охрид да бидат присутни претседателот на Црна Гора, Филип Вијановиќ, првиот човек на Албанија, Бамир Топи и косовската колешка Атифете Јахјага.

- Бидејќи станува збор за средби на највисоко политичко ниво, главно се разговараше, а и ќе се разговара на претстојната средба за инфраструктурната поврзаност меѓу земјите, поточно за генералните правци, а не и за деталите, што пак е важно за граѓаните и за бизнис-секторот - велат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.

Притоа често се слушаат и различни мислења. На пример, Албанија го форсира поврзувањето со Хрватска преку јадранската магистрала. Тоа е интерес и на македонската страна зошто, доколку се средат патиштата во Албанија, тоа ќе значи поврзаност и на Македонија со Хрватска. По должината на Коридорот 8 планирана е реконструкција на патот Стенковец - Блаце (граница со Косово - Гостивар - Ќафасан - граница со Албанија) и на делницата Гостивар - Кичево - Охрид - Струга - Ќафасан.

- Европската Унија ја финансираше европската рута Е 90, па зошто не би финансирала и дополнително приклучување на Македонија? Станува збор за мал потег. Доколку има проект за поврзување на вашата земја со Егнатија Одос, би имало волја тоа да се финансира од европските фондови - велат во Брисел.
Ако Македонија се поврзе со Албанија, односно излезе на море кај Драч, тоа ја поврзува и со Италија. Интересот на Италија за тоа е исто така голем, бидејќи во земјава неа речиси и ја нема, во споредба со традиционално големото присуство во Албанија. За реализација на интересите на оваа линија, потребно е обновување на врската исток - запад, која речиси е прекината.

ПОЛИТИЧКИТЕ БАРИЕРИ ПОЛЕКА ПАЃААТ

На Македонија, освен поврзувањето со Албанија, потребна и е врска и со Бугарија или реализација на Коридорот 8 (Бугарија - Македонија - Албанија). Тоа е практично еден од десетте трансевропски коридори дефинирани за регионите во транзиција од страна на паневропските транспортни конференции (Крит, 1994 година и Хелсинки, 1997 година). Реализацијата на овој коридор видно би ги динамизирала транспортот на луѓе, стока, нафта, гас, електрична енергија и телекомуникациските услуги во Југоисточна Европа. Тој треба да ги поврзе каспискиот регион, Црно Море, Југоисточна и Јужна Европа. Практично, овој коридор ќе воспостави комплетна врска меѓу Касписко Море, Црно Море и јужниот Јадран, односно јужна Италија. Од источна страна коридорот почнува од Варна и Бургас, поминува преку Софија и Скопје и завршува во пристаништата Драч и Валона и потоа продолжува низ морскиот коридор преку јужниот Јадран и Јонско Море и се поврзува со италијанските пристаништа Бари и Бриндизи.

Дел од студијата за преструктуирање на патниот сектор во Македонија е и потегот кон Бугарија. За Коридорот 8 има повеќе делници со два пакети. Првиот е Крива Паланка - Романовце: делници Крива Паланка - Страцин и Страцин - Романовце, Кочани - Штип, потоа Миладиновци - Штип, делница Миладиновци - Штип преку Свети Николе и Миладиновци - Скопје, обиколница на Скопје. Вториот пакет се делниците за поврзување кон Албанија.

Политичките бариери сепак остануваат и често се пласираат информации за немање волја на официјална Софија за поврзување на некои кратки делови до границата меѓу Бугарија и Македонија, кои практично се сосема мала инвестиција.

СТРАНСКИТЕ ФИРМИ И НАШИТЕ ПАТИШТА

За поднесување на понудите од петте конзорциуми (што ќе стопанисуваат со патните правци), кои кон крајот на 2010 година влегоа во трката за концесионирање на државните патишта, владата го одложи првиот рок предвиден за крајот на април. Причините за одложувањето на јавниот повик, кој официјално требаше да заврши на 26 април, прецизно не се обелоденети. Новиот термин за прибирање на понудите завршува на 25-ти овој месец.

Постапката за давање под концесија на дел од државните патишта, покрај Коридорот 8, трае веќе три години. Во првата фаза на претквалификација по шест неуспешни обиди, конечно, лани во ноември беа избрани пет меѓународни конзорциуми што добија право да поминат во следната фаза. Меѓу кои „Шиком бинуи“ од Израел, француските „Буик траво“, австрискиот „Штрабаг“, грчкиот конзорциум „Актори акто консешнс“, како и австриската „Алпине бау“.http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7121191487&id=9&prilog=0&setIzdanie=22328

Edited by Cloverstack - 25-Sep-2011 at 18:07
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 25-Sep-2011 at 17:56
Ајде пак геостратегија малку околу коридорите и Балканските глупоштарии. Егнатија Одос и автопатот од Албанија со Косово се едни од Балканските патишта кои отстапуваат од европските долгорочни планови за патни мрежи и како такви тешко издвојуваат пари од европските фондови (освен нели доколку и некоја бирократија во ЕУ има желба да биде соучесник во такви фалсификати на плановите кои сама ги донела) па така сега Егнатија Одос е извитоперување на вековните природни тенденции на човековото движење, а Виа Егнација е баш таква траса уште од Римско и неможе туку така да се измести па без разлика колку пари се фрлиле за некој автопат. Исто како што Хрватска беше одбиена од Европска Унија за пари за Пељешац мостот. Егнатија Одос се поклапа со Виа Егнација во делот од Кожани до Турска граница, другиот дел навака према Гуменџа е вон било каков Европски коридор или вековен природен тек на стоки, луѓе или останато. Како таков може да биде актуелен додека околните патишта не се изградени. Ако има пат од Драч до Охрид, доколку има експресен од Охрид до Битола преку Ресен и доколку Македонија се поврзе со Кожани без разлика колкав е тој профил и дали е автопат, тој ќе одлее голем дел од стоките и економијата што циркулира низ пристаништето во Гуменџа. Целата стока што од Турција и земјите од тој блиски исток регион што идат кон европа од Гуменџа ќе се пренасочи кон Драч. Грција има интерес да одложува такво поврзување за да му дава на значење на пристаништето во Гуменџа. Тој пат (Велес, Прилеп Битола, Лерин, Кожани) иако е дел од кракот D на коридорот 10, не сум сигурен дали е планиран да е автопат, мислам дека е експресен со 4 ленти исто како што е од Битола до Ресен (за воља на објективноста и овој е државен односно не е европски туку Македонска потреба, но пак е дел од историската Виа Егнација која е сама по себе природен коридор од историски, географски и секакви други природни тенденции со што му се дава дополнително легитимитет, сличен таков пат вон европските коридори, а за Македонски потреби е Скопје - Штип). Така да не очекувајте дека Грција би си ја фрлила во вода иневстивција и би си го оставила насукано едно пристаниште, а да не збориме за другите проблеми кои ја оптоваруваат нормалната комуникација, па еден премин Маркова Нога неможеме да го отвориме, а не такво инвестирање. Тоа се тие Балкански играрии кога се цели повеќе да изгуби комшијата одколку што јас ќе добијам и сопствениот "напредок" (ова наводите се заради кризата во која е западната Грција и се однесува на нејзиниот напредок) се "развива" на сметка на изолирање и извитоперување на природните коридори и поврзувања, внатрешно и со соседите. Кајшто нема пари во регионов, па и тие што ги има идат за задоволување исклучиве вантрешни потреби, едноставно гледање до прагот, а сит еполна уста регионално поврзување дури и ИПА има посебна компонента за таа основа, а и тамо па нема некоја енергија и иницијатива да се постигне некој договор дека додека не се комплетираат коридорите нема зафркавњњ со локални глупости. А секако дека таков пат само ќе има даде на значење на Битола и Охрид. Едноставно ние во ситуација на некогаш изградени коридори можеме да го изградиме експресниот Охрид, Ресен, Битола и со ПГДС да ја притискаме Грција да го изгради патот од Кожани до кај нас, ако и веќе за Лерин имаат некој добар пат за внатрешна употреба.


Edited by lslcrew - 25-Sep-2011 at 18:16
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 210
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 25-Sep-2011 at 20:05
Јас мислам дека од ова ништо нема да биди, Македонија уште ги нема доизградено 8 и 10 коридорите, а за да ги доизгради треба да се задолжи со милијарди евра, плус има ветено експресен пат( мислам дека беше штип-струмица) и уште многу многу патни правци,(пр, во манифестот има ветување за пат Битола-Гевгелија преку мариово фалат уште 17 км. мислам) и уште многу други, за да се изгради и ова нешто ке треба дополнително длабоко да се задолжи, со што фактички ке се презадолжи,( нешто како хрватска), а реално македонската економија неможи да го издржи тоа, а во меѓувреме има и други приоритети за кои што се поребни огромни средства(енегетски), така да за ова тешко дека некогаш ке биде реалност, јас не верувам
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 26-Sep-2011 at 17:49

еконструиран патот Струмица - Добрашинци

По речиси педесет години повторно реконструиран патот Струмица -Добрашинци. Локалниот пат долг 5,5 километри го реши проблемот со поврзувањето на две ипол илјади жители од трите населени места, Добрашинци, Висока и Нова маала.

Средствата за реконструкција ги обезбеди Бирото за рамномерен развој, Центарот за развој на југоисточниот плански регион и општина Василево.

Патот води и до регионалната депонија Шапкар, која треба да го собира отпадот од десетте општини од југоисточниот плански регион. Шапкар ќе биде модерна депонија изградена по највисоки стандарди, а изборот на концесионер треба да заврши до крајот на годината. /С.М.

http://daily.mk/cluster3/e556da058978dafea94260f62b59805f/918271
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 27-Sep-2011 at 12:53
Прилично конфузен и бескорисен овој текстов за Егнација Одос од Нова Македонија и се добива впечаток дека новинарката не ни погледнала мапа. Но излишно е да се коментираат небулозите од текстот, туку ако е вистина тоа што го тврди:
Има и политичка волја и интерес тоа да биде финансирано од европските фондови
, тогаш се разбира нема причина да не ја искористиме можноста, и покрај тоа што ефектите ни приближно нема да бидат такви какви што се претставени во текстот.


@ lslcrew

Сигурен ли си дека Гуменџа = Игуменица? Јас знам за друга Гуменџа/е (Goumenissa), во Егејска Македонија, ама Игуменица никаде не сум сретнал да се нарекува поинаку, ниту на македонски, ниту на било кој друг словенски јазик.

Што се однесува до Игуменица VS. Драч, се согласувам со тебе дека Драч има многу подобри природни врски со регионот, но треба да се земат во предвид многу други фактори пред да се заклучи дека само да имаше пат од Драч до МК или до не знам каде, Драч ќе ја закопал Игуменица. Драч не е прикладно пристаниште за посериозни операции и за поголем обем на стока. Мало пристаниште е, слабо е заштитено и плитко е. Пристаништето Игуменица е поголемо и подобро заштитено, а според околниот релјеф верувам дека е и доста подлабоко. Албанија веројатно е на крстопат, дали во иднина да вложи големи средства за продлабочување, проширување и редица други обемни надградби на пристаништето Драч или за стратешко пристаниште да се фокусира на некоја друга локација долж својот брег. Во секој случај навивам Албанија што поскоро да добие респектибилно пристанише кое ќе биде и добро поврзано. Тоа ќе биде од огромен бенефит и за Македонија.


Originally posted by lslcrew


Тој пат (Велес, Прилеп Битола, Лерин, Кожани) иако е дел од кракот D на коридорот 10, не сум сигурен дали е планиран да е автопат, мислам дека е експресен со 4 ленти исто како што е од Битола до РесенРесен
Од каде излезе ова за експресни патишта  Question
Досега сите документи и официјални информации за овие делници недвојбено покажувале дека тие се зацртани како идни автопати.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 27-Sep-2011 at 14:54
пред кризата се појави информација дека канадско-америчка корпорација ќе инвестира во пристаништето во Валона 1.2 милијарди долари!!!!!!бидејќи тоа е подлабоко од тоа во Драч,а и нафтоводот `АМБО` тука завршува.фати светската криза и од тогаш немам чуено ништо за тој проект
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 27-Sep-2011 at 23:27
Кловер како и да е не викам дека ќе го стави на страна пристаништето во Игуменица но ќе му земе голем дел од стоката што циркулира. Тоа само ќе ја зголеми физибилноста на, не Драч туку било кое да е пристаниште во Албанија. Тоа само нас ни ја зголемува геострашката позиција да имаме на наш терен де факто трет коридор.

За кракот D не знаеме многу освен тоа што се почнат да се гради автопат од Отовица и е застанат, така да стварно незнам и кажав предходно, за профилот на тој пат. Тоа со експресните патишта (магистрален со 4 ленти) го има многу оддамна само кај нас досега е неспроведувано решение, ние имаме магистрални со 2 и 3 ленти. Така да ако ништо друго е една добра етапа во постепено проширување од обичен магистрален со 2 до профил на автопат. Ова ја прави уште "понеправедна" позицијата на Грција, така што ќе биде наведена за звоја потреба да саботира европски автопат за да даде значење на домашно пристаниште, сепак као да вртиш тоа се политиките каде помалку каде повеќе, знаеме кои се точките.

А за името може да сум грешка да се работи за друга Игуменица, барем така до сега имав слушнато прочитано дека тоа е името од Словенско говорно подрачје, ок нева врска офтопик.



Edited by lslcrew - 27-Sep-2011 at 23:31
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 29-Sep-2011 at 12:37
Експресен пат со 4 ленти не може едноставно да се надгради во автопат, ако уште во старт не бил граден според автопатски стандарди. А ако се гради според автопатски стандарди, тогаш нема логика на подолг период да се изостави само лентата за застанување, освен доколку цените за експропријација не се енормно високи. Исто така досега никаде немаме сретнато дека Велес - Прилеп и Битола - Охрид се планираат како експресни патишта, туку како што кажав сите документи и официјални информации за нив недвојбено покажуваат дека тие се зацртани како идни автопати.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 03-Oct-2011 at 11:14

Ако нема автопат, барем да има трета лента од Велес кон Штип


По сé почестите сообраќајки, градоначалниците од источна Македонија се „самоорганизираа“ и побараа подобрување на безбедноста во сообраќајот со повеќе мерки, од кои и трета лента на патот Велес - Штип

 
 
%20  

Најкритично на патот за Штип е кај Крива Круша и кај Сарамзалино

Нови сообраќајници, изградба на трета лента на патот Велес - Штип и подобрување на вертикалната и на хоризонтална сигнализација се мерките што единаесетмина градоначалници од источна Македонија викендов ги побараа по сé почестите сообраќајни несреќи во нивниот регион. Најкритично е на патот Велес - Штип, кај Крива Круша и кај Сарамзалино. За само една недела тука во три сообраќајни несреќи загинаа три лица. Не помалку опасна е и делницата меѓу Штип и Радовиш, на три места, на 23-от, на 25-от и на 29-от километар.

Небезбедните патишта, зголемениот интензитет на сообраќај и честите морничави слики од сообраќајки со жртви ги мобилизираа градоначалниците да се „самоорганизираат“ и да побараат итно решавање на овој проблем. Тие очекуваат итна средба со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и со надлежните во Владата.

- Верувам дека со нашата заложба црниот биланс од патиштата во источна Македонија во целост ќе биде избришан - вели Дарко Митевски, градоначалникот на Македонска Каменица.

Дека изградба на трета лента во голем дел може да придонесе за подобрување на сликата со сообраќајните несреќи во Македонија, да ја зголеми безбедноста и да придонесе за подобра комуникација добар пример е реконструкцијата на патот на превојот Плетвар, меѓу Прилеп и Градско.

- По доизградувањето на третата лента на Плетвар, за 70 проценти е намален бројот на сообраќајките.
Исто така, намален е бројот на загинати и на тешко и лесно повредени лица. Од 2008 година наваму, кога беа регистрирани 47 несреќи со тројца загинати и петмина тешко повредени, од година во година бројката на сообраќајки, но и на загинати и повредени перманентно се намалува. Во 2009-та се случија 37 незгоди, во кои имаше двајца загинати и шест повредени, во 2010-та едно лице загина, а пет беа повредени. Годинава во првото полугодие, меѓу јануари и јуни, од 35 несреќи, во една загина едно лице и едно беше тешко повредено, другите беа со материјална штета - ни изјавија од полициската станица во Прилеп, од секторот за безбедност во сообраќајот.

Продолжување на третата лента до Росоман и да се освежат коловозите, бараат и прилепските бизнисмени од Регионалната стопанска комора.

Во Македонија има 169 опасни места по безбедноста во сообраќајот. Од нив, 53 црни точки се на магистралните патишта, 63 се на регионалните, две се на локалните патишта, а 51 се во градовите. Причина за половина од сообраќајните несреќи се тесните и непрегледни коловози и немањето осветлување, раскопаниот асфалт и уништените сообраќајни знаци, непочитувањето на сообраќајната сигнализација.

Статистички, по неприспособената брзина, главните причини за несреќите се непрописното престигнување, непочитувањето на сообраќајните правила и пијаните возачи. Процената на Европската асоцијација за безбедност на патиштата е дека состојбата на патната мрежа во Македонија е алармантна.
Владата пред неколку години најави обнова на постојните 500 километри патна мрежа, како и изградба на една патна лента од магистралниот пат Кочани - Штип - Велес - Скопје, преку Миладиновци. Во меѓувреме, институциите си ги префрлаат надлежностите една на друга. Министерството за внатрешни работи, велат оттаму, ги брои само сообраќајните несреќи и нема евиденција каде и колку лица загинале. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата само можел да укаже на недостатоците, а пак од Министерството за транспорт и врски и од „Македонија пат“ изјавија дека прават сé што е во нивна моќ за надминување на ситуацијата.

За шест месеци 1.973 незгоди

Годинава во Македонија, меѓу јануари и јуни, се случиле 1.973 сообраќајки. Во нив 67 лица загинале, додека 3.044 се потешко или полесно повредени. Поголемиот број несреќи се случиле на места што се обележани како црни точки.

%20
Проширувањето на коловозот ги намали несреќите и жртвите на Плетвар


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10311916184&id=12&prilog=0&setIzdanie=22396
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 84>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.313 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.